IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 102103104105106 113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:54

кратка содржина на драмата Парадоксот на ДиогенПАРАДОКСОТ НА ДИОГЕН, Томе Арсовски, Судска драма во два делаПо наведените лица во делото постои напомена: Дејството се одигрува за време на представата во театарскиот салон.Сцената, заедно со театарскиот салон, ја представува судската сала. Значи дека имаме инсталација на судница на театарската сцена, а со тоа публиката директно присуствува на судскиот преоцес. Тоа дава модернистички тон на самата представа.Првиот чин го најавува судијата, укажувајќи кон човекот кому што се суди, наречувајќи го човек кој заборавил на животот како на лош другар. Побарајте го во себе, и судете му строго и праведно, како што Таа (покажува на Јустиција) суди.Се дознава дека обвиенетиот е крив за уривањето на хотелот Сплендид, при кое загинале еден техничар и еден работник во претпријатието. Тоа го дознаваме од разговорот на судијата со Борски, кој е директор на Заводот за висока градба. Од разговорот дознаваме за амбициозноста на инжинерот Драшко, кој се дрзнел/осудил да гради високи и масивни градби. Тој е на 25 год. возраст, сака да живее и да создава. Од Борски дознаваме дека за време на војната, неговиот брат му умрел на раце, и дека тој потоа се завземал за него, но тој станувал некако дрзок, така што подоцна дури му го побарал и станот. На прашањето од судијата дали ја познава жената на Драшко, тој одговара негативно, но дека познавал други што ја познавале.Драшко рамнодушно го следи процесот. Нему му е сеедно. Пред неговите очи се одвива животна драма која што го засега неговиот живот. Сведоците започнуваат со славопојки пред него, а потоа, под притисок на судиските директни прашања, нивната дволичност се преобразува во непријатни искази што се однесуваат до него. На пример кога сведокот Данчо, отпрвин рака дава за него, ја сече до рамото, а отпосле се утврдува дека тој пишувал клевети против него, признава дека Драшко не доаѓал редовно да го надгледува објектот и дека е неодговорен.Од представите внатре во представата, кои се реминисценции на настаните кои се случиле, узнаваме дека инжинерката Борика Корда е првата љубов на Драшко, со која се запознале во текот на студиите во Словенија.Пополека судскиот преоцес се расплетува, како сведок е повикана Даница, т.е. Драшковата сопруга, и бранителот ја напаѓа, односно дека и таа треба да сноси дел од одговорноста. Пред нас се прикажуваат семејните проблеми на Драшко, неговата сопруга не се согласува со неговите родители, таа му кажува дека таа е нападната од неговиот татко.Процесот започнува да се плетка во приватниот живот на Драшко, за што тој е неволен, се напаѓа чесноста на неговата жена, нешто за што публиката може, за сега, само да наговестува.Во вториот чин продолжува процесот, во една ретардација изведена на сцената Драшко и го кажува својот сон на Борика, во кој освен тие се наоѓа и Борски кој му удира тупаница, и како набргу потоа го напаѓаат глутницата песови. По ова Драшко ја кажува репликата: Диоген го барал човекот надвор од себе, јас го барам во мене, овде  Не го најдов. Понатаму во разговорот со Борика, узнаваме дека тој замел девојка од улица, сакајќи да ја спаси, да направи човек од неа. Тој повторно е човекот со вистинските особености овојпат најден лице во лице со системот кој сака да го осуди поради неговите добронамерни постапки.При испитувањето на универзитетскиот професор Кондорко, тој напоменува дека  сеуште имаат неквалификувана работна сила, дека во бетоните се ставаат искривени арматури, што е недозволиво.Драмата завршува повторно со зборовите на судијата:Овде видовте човек што се обидел да заборави на животот...

Изменето од Andjelina - 02.Март.2011 во 01:07
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:39
ВИТЕЛ, Коле Чашуле
Пиеса во три дела

Првиот дел започнува со мрачна одаја во која се поигрува снопот со светлина. Во неа е, лежејќи на дното од ќелијата, затвореникот склопчен. Доаѓа Иследникот. Неговиот диск*рс е носител на дејствието. Од неговите зборови узнаваме дека затвореникот е револуционер, и дека Иследникот е тој што треба да ја дознае сета вистина. Но тој нема да се користи со обичните техники што се користат во таквите случаи како што е на пример мачењето. Тој постапува сосема поинаку, сакајќи да допринесе дружината подлабоку да биде раздрмана. Значи започнуваат апсурдните испитувања, на затвореникот му угодуваат. Писмата се средствп на комуникација со останатите надвор од тие ѕидини, а со модерна техника, забележувајќи ги режисерските досетувања за тоа, се појавуваат и другарите кажувајќи ги своите мислења. Затвореникот е издигнат до легенда, вистински херој. Тој, инаку главен проповедач за храброто држење во затворот и создавател на упаствата за нив, сега е во рацете на остроумниот и досетлив Иследник. Тој ќе го издигне до највисоката точка, за да потоа го направи шпиун, непријател на организацијата токму нејзиниот најголем заштитник.

Во дејствието присутни се дежурниот полицаец, потоа двојникот на затвореникот користен за остварување на намерата на Иследникот што се однесува до создавањето представа за затвореникот. Неговата ќелија е преуредена во барокен стил, од сива и влажна одаја е престорена во топол и светол салон. Останатите затвореници не им веруваат на очите, го слушаат јадот на нивниот херој. Во крајна линија и Иследникот и Затвореникот се слични во своите карактери, тие слепо ја подржаваат својата идеологија, тие и робуваат на својата цел.

Но сепак, на крај, затвореникот победува. Иако неговите од надвор мислат за него дека е тој предавник и чекаат тој да излезе за да го ликвидираат, тој сепак излегува, бидејќи тој не е предавник, нему не му треба никој за да го разбере, неговите другари нема да стрелаат во него, туку во предавството. Значи сепак тие не се исти со Иследникот, нивната цел е вистинската, позвишената. Иследникот почнува да го дави затворениот, не успевајќи да го воздржи полицајскиот ѕвер во него. Затвореникот умира со полседните зборови: Благодарам, благодарам... култот на херојот останува негибнат, недостижен и нерушлив.

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:38
ВЕЈКА НА ВЕТЕРОТ, Коле Чашуле

Оваа драма за прв пат е поставена во прилепскиот Народен театар и представува прва македонска модернистичка драма. Структуирана е во три чина, по углед на современата америчка драматургија. Дејството се одигрува во хотел за живеење какви во Америка ги има многу, некаде во 1954 година.

Кога се крева сцената во собата е Магда сама загледана низ прозорот. Во внатрешноста на собата владее монотона и мрачна, излитена атмосфера.
Ѕвони телефонот, а Магда се двоуми дали да се јави. Од разговорот дознаваме дека нејзиниот маж е љубоморен, и дека тој не дозволува таа да зборува со никој. Од другата страна на линијата е некој Џими. Потоа кога се јавува мажот и, таа го лаже. Не му кажува за предходниот разговор. Доаѓа собарката Мејбл. Таа и кажува дека е платена од мажот и да ја шпиунира, па ако и таа и плати, таа ќе застане на нејзината страна. Таа е млада, а нејзиниот маж е во години, таа затоа не треба да биде везден затворена. Мејбел кажува:

„Жените секаде се исти, не ли им го дадеш нивното, тие сами ќе си го земат. “

Однос Америчка жена- балканка, современ свет- патријахална балканштина и оставштина.

„Луѓето, според мене, имаат само лушпи, лушпи и ништо повеќе. Разликата е само во тоа: едните подебели- другите потенки. И тоа е – се.“

По Мејбл во собата доаѓа Џими. Магда отпрвин не го пушта внатре. Но тој успева да ја надитри и да влезе. Таа се плаши да не биде убиена ако дознае нејзиниот маж. Џими веќе три месеца не ја остава на мира Магда, секој ден и телефонира. Тој е година дена постар од неа, и сака таа да престане со тој нејзин беден живот, секидневно затворена во мрачната хотелска соба. Тој всушност, како што самиот кажува, сака да им ги отвара очите на луѓето да го здогледат очајот на нивното секидневие и потоа да ги онеспособи да ги затворат, а тој занает му е научен од баровите, патиштата и салоните. Континуирано и постепено дознаваме/откриваме, дека Џими е во некаква врска со Велко, кого го критикува за неговото држење дека е рај да се живее во Америка.
Магда и е предадена на судбината, за неа излез од ситуацијата не постои, таа останува до крај Велкова. На тоа Џими додава:

„Овдешните жени знаат да живеат. Мажот за нив си е маж, а младоста младост. Овде тоа сите го разбираат и не го сметаат дури ни за грев. Дури ни- мажите (..)“

За него тоа што таа го доживуваа не личи ниту на живот, ниту на смрт. На крајот од сцената Џими кажува дека Велко му е татко и дека не може да ги заборави сликите како тој ја тепал мајка му, а потоа ги принудувал да му зборуваат дека го сакаат. Велко во очите на Џими е насилен и окрутен човек.

Во вториот чин доаѓа Велко во собата и Магда веднаш како негова робинка му удоволува се. Таа не седнува покрај него, правејќи се дека има главоболки. Велко е крајно љубоморен, тој не ги кани пријателите на гости, откако ја има донесено Магда. За него тие и онака, претходно, не го посетувале, а сега пак, сакаат. Тој, во љубомора, ја омаловажува Магда во разговорот со неа, па дури и ја фрла на софата. На тоа Магда се бунтува, таа не е негова играчка која е купена и која сега треба да пее кога нему му се пее.
Велко е спремен да ја гледа неа дури и мртва, но негова, отколку да е жива, а туѓа. И се заканува. Магда е на крај сили. Таа е сотрена и исцрпена од животот. Потоа Велко и кажува за предходната жена, дека многу ја сакал и дека таа се изживувала со него. Еден ден почнал да ја тепа, а поради тоа и ден денес пека за некој да му каже дека е сакан. Тоа е неговата верзија.  
Магда поради бедниот живот во Македонија е согласна да се омажи со многу постар господин од неа којшто ќе ја однесе што подалеку, и надевајќи се притоа дека со времето во неа ќе се роди љубовта кон него. Но таа се измамила. Таа сега се чуствугва само како вејка на ветерот, задржана за гранката само со корката. Во секој момент може да се откине. На крајот од сцената Велко заплакува.

Наредната сцена се случува една година подоцна. Од разговорот помеѓу Мејбел и Велко узнаваме дека Магда е во болница. Според Мејбел тие требало да живеат некаде далеку во некоја куќичка, подалеку од лошите погледи. Магда се има фрлено од прозорот. Доаѓа Џими. Му кажува на Велко да сторат нешто, бидејќи Магда самата одбива да живее. Тој му кажува на Велко дека порано сакал да ја обесчести, но кога ја осознал нејзината верност, тој е покорен од неа. Таа на постела му има кажано дека е вејка на ветерот, и дека некогаш посакала тој да дувне, да ја откине, но тој тоа никогаш не го сторил. За неа тој представувал силен ветер. Џими е на 27 години. Се расправа со татко му. Велко му кажува за маката печалбарска, дека тие сите со тело се тука, но со душата во својата родна земја. Тој сакал Џими да застане на свои нозе, да стане човек. Тогаш Џими дознава дека неговиот татко, кого толку го мрази, е всушност слаб човек. Решава да почне пак од почеток, нешто што неговиот татко толку пати го правел. На тоа Велко му кажува за чувството кога сопственот дете не го разбира мајчиниот јазик на таткото, чувството кога тие не се разбираат, кога некој засекогаш останува не разбран.

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:35
ЧЕСТ, Васил Иљоски
Драма во четири чина

Драмата се случува во Охрид во почетокот на втората половина од 19 век. Дадена е и белешка за времето, односно дека првиот и вториот чин се случуваат во еден ден - попладне, третиот - истиот ден вечерта, а четвртиот - утредента во раната зора.

Дејствието започнува во куќата на Милка кадешто таа преде со своите веќе капнати раце и сето тоа за да побргу и мине времето, бидејќи таа е осамена, нејзиниот маж Стефан е веќе 17 години на печалба во Америка.
Со сцената помеѓу Милка, Анѓа (мајката на Стефан) и Пандорка (нивна роднина), кога Пандорка бара некоја пара, авторот не запознава со добрината на Анѓината душа која не може, а да не помогне, и покрај тоа што мисли дека повеќе не треба да даде пари, таа сепак, се сожалува и попушта.
Пандорка ја критикува Милка зошто не оди никаде и полека разговорот се префрла за тој напасник во владичка руба поради кој таа веќе толку време и в црква не оди.
Кај Милка доаѓа баба Менда за да и гледа на кафе. Таа е лик кој ги остварува заплетите помеѓу останатите ликови. Таа знае дека Милка се што сака е да се врати нејзиниот маж, па таа го исмислува муабетот дека помеѓу нив се вовлекол поп, мислејќи дека така, нејзиниот Стефан љубоморен веднаш ќе се врати во Македонија.  Милка откако е заминат нејзиниот маж секоја вечер го сонува и и се причинува како го гледа во чун на езерото.

Вториот чин се случува во меаната на Ставре. Од разговорот на присутните ги дознаваме чаршиските маабети, тие малограѓански пристапуваат кон анализа на секојдневието, приказната за попот кој е обричен токму поради тоа од владиката и за Милка, приказна која во градот е тема број еден. Преку ликот на Никола, вратен печалбар, дознаваме за животот на печалбарите по негов терк, потоа дека во влашко имало човек кој имал книги кои пишувале за слободата, за човекот на човека да не му робува, и секој еден да работи за сите и сите да работат за еден. Симпатија кон комунизмот, кога би се земало предвид времето на пишувањето на драмата. Никола е лик во кој авторот ни го олицетворува никулецот, зачетокот на македонската слобода, тој е гневен кон турските аги и бегови, тој не се плаши тоа јавно да го спомене.
Од разговорот дознаваме дека Стефан е единствениот кој не клекнал пред нозете на закупците и заминал дури во Америка. По неговото заминување, за него и Милка, дури и песни се опеале.
Се појавува Стефан но не се преставува. Момент на Одисеовото враќање меѓу својата дружина. Тие не го препознаваат. Кажува за маката печалбарска и дека ако би сакал да спечалиш требало кушешки да живееш и многу време да не си доаѓаш. Со останатите разговара за верноста на печалбарските жени, како тие со години им остануваат верни на своите мажи. На тоа, дофрла еден од присутните, како сето тоа не е вистина, како ниту тврдината на верноста и честа- Стефаница не се додржа. Стефан љубоморно ги слуша муабетите, сакајќи да ја дознае вистината.
Стефан му се представува на Никола и го прашува за жена му. Никола го убедува во спротивното. Никола на тоа, ја додава реченицата, која проникнува длабоку во сржта на печалбарскиот ксмет: Телото тамо, душата овде.
Стефан сега сосема изменет, со брчки на неговото лице воскликнува:
Јас не се најдувам крив што сум ја оставил!... Не сум јас крив, не!

Третиот чин е во куќата на Анѓа и Милка, Стефан доаѓа но се преставува како другар негов. Тие не го препознаваат и тој пополека започнува да се распрашува за животот во минатите години кај нив. Вечерта без да и се открие сака да ја обљуби Милка на што таа жестоко се противи и таа љубовна игра прераснува во свирепо убиство, по кое Анѓа и Милка го сокриваат телото на убиениот, за нив, сеуште натрапник и туѓинец, во визбата. Остануваат само неколкуте лочки крв, во одајата, каде што се случи тој грозоморниот настан.

Во четвртиот чин, кога доаѓаат Магда (сестра на Стефан) и Наум, го бараат Стефан и се чудат зошто сеуште нема веселба во куќата. Тогаш се случува препознавањето, незнаењето преминува во кобна вистина од која Милка полудува гледајќи ги лочките крв на својот сопруг, кои како две очи ја гледаат од земјата. Мајката сака да ја однесат долу во визбата, да издивне над телото на синот, а Милка јадосано воскликнува:

„Црна!.. Црно!.. Темно!..
Само честа свети како сонце... Свети- заслепува!... Честа! “

Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:34
На сите оние на кои им треба раскажана драмата Чорбаџи Теодос , еве ви кратка содржина:

ЧОРБАЏИ ТЕОДОС
, Васиљ Иљоски
Комедија во три чина

ЛиЦа: ТЕОДОС, богат трговец и лихвар; КЕВА, неговата жена; ТОМЧЕ, негов син; СПИРО И НАЦА, маж и жена, слуги на Теодос; СТОЈАНКА, сиромашна девојка; АРСО, бакал...

Во дидаскалиите автрот подробно ги опишува ситуациите и состојбата на ликовите.

Драмата започнува во простор исполнет со ред и чистота, рано изутрина пред да изгрее сонцето. Но и покрај сиот склад и гламур во домот, со самото појавување на Кева, се чуствува зачмаеноста. Таа е покорна, остарена, се плаши да го разбуди својот маж. Нивниот однос е сосема подреден, таа робува на неговата бесчуствителност. Во разговорот со Спиро и Наца, узнаваме за проблемите на тогашниот живот. Се провлекува проблематиката на материјалното со она на љубовното, односно проблемот на патријахартот преку однапред склучените бракови без прашање на главните ликови во него. Судбината се поигрува, како што ниту Теодос не е прашан во младоста дали би сакал да се ожени со Кева, а ниту пак таа, така сега ниту Томче не се прашува за неговата иднина. Од разговорот помеѓу Ефка, тетката на Стојанка, и Кева, узнаваме дека тие се вљубени, но дека нивната љубов не му годи на Теодоса, за него таа е Циганка, со црнки под ноктите. Ефка и Кева имаат намера да наместат средба на нивата помеѓу Теодоса и Стојанка, сакаат таа со нејзиното воспитание малку да го омекние, за да се предомисли.
Комиката е присутна, Спиро е како еден вид нејзин стожер, неговиот поглед на сетот е низ призмата на смеењето, а тоа се гледа најдобро во ситуациите околу стравот да се разбуди газдата. И Томче е исплашен. Доцнат со будењето, со што откако Теодос станува ги куди сите.

Вториот чин се одвива на отворено. Најпрвин Разговараат Ефка, Стојанка и Томче за настаните. Стојанка е понижена од однесувањето на теодос, а нејзиниот сакан не може да ја одбрани. Ефка го советува Томчета да се опијани пред разговорот, нешто по кое овој ќе ја изговори репликата:
„Или да се опијам, или да се убијам...“

Потоа на сцената се појавува Арсо, кој го чека Теодоса и ги приметува циганите. Тие бараат нов кум, а адетот е да им биде кум тој што прв ќе налета на нив. Арсо, поигрувајќи се со останатите, ги мести настаните така што Теодос прв доаѓа. Тој најпрво се противи, но Арсо успева да го убеди. Теодос се опива од ракијата притоа гадејќи се од шишето и од навиките на циганите. Тој не може да се помири со несреќата.

Третиот чин продолжува во лозјето на Арсо, тој всушност иако му е борч на Теодос, не сака да му го достави лозјето, сака, за парите, Теодос да го почека уште малку, но Т. Не се согласува. Но сега Теодос е во други маки, а доаѓа и Томче. Тогаш на Арсо му текнува како да ќари од настаните, како да ги прескокне нечовечкото во чорбаџијата. Се договараат Томче да го преземе кумството ако му биде дозволено да се ожени со Стојанка, а и лозјето да остане не гибнато. Теодос се согласува, тој ги прекршува своите принципи поради своите недостатоци, нему му е пречка сликата на граѓаните за него, тој по микоја цена не смее да биде цигански кум. Доаѓа до прекин на патријахалното кобно однесување- за љубовта да одлучува третиот, неискрениот и нељубениот.


Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Октомври.2010 во 16:29
За да им се најдеме во пресрет на сите оние кои сакаат да читаат книги, а ги мрзи да идат до библиотека, еве еден линк од каде можете да го спуштете фолдерот со следниве книги

Македонски книги


На вас останува само да читате среќа

- 11 Октомври- Антица книга
- Бегалци
- Бегалка
- Чест книга
- Чорбаџи Теодос
- Денови
- Гладна кокошка просо сонце
- Каталог
- Лазар Личеноски
- Macedonia – Warlords + Re*els in the Balkans (на Англиски )
- Македонска лирика
- Милиони џинови
- Милиони маченици
- Мое Село
- На Исток
- Од Борбата
- Огинот
- Парите се отепувачка
- Печалбари
- Песни конески
- Песни Рачин
- Песни од Славко Јаневски
- Македонски Правопис
- Слеј се со тишината
- Тиквешка легенда
- Тутуноберачите
- Творби
- Вардар
- Виорно ѕнаме
- Македонскиот Литературен Јазик
- За новата пролет
- Зборник
- За Македонцките работи
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 20:24
Originally posted by toaletpapir toaletpapir напиша:

dali ke moze da mi pomogne nekoj imam pismena po makedonski jazik ponedelnik temite se za Cudbinata na covekot; Smrtta vo Venecija; Bodler so negovata zbirka Cvekinja na zloto i Cehov so osvrt na nekola analiza na pesna od negovata zbirka poezija. dokolku imate nekoi informacii koi bi odele vo priliog na mooeto baranje bi vi bila blagodarna



Woooow  кај ти текна  никот тоалет папир  ?збунетост  хахахахахах :))))

Еве ти линк за Смртта во Венеција Кликни тука

Ако ти иде англиски читај тука Кликни и тука Кликни
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 20:03
Originally posted by Naum94 Naum94 напиша:

Ako imas kratka sodrzina od kletnici pisi



Кликни на линкот, имаш објаснето се на македонски јазик

Клетници
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 20:00
А во случај да ти треба кратка содржина од книгата Чичко Горио еве:

Стар човек кој во минатото бил многу богат а се збогатил на нечесен начин користејки ја револуцијата во Франција. По смртта на неговата жена целосно се посветува на своите ќерки кои ги обожава ги размазува давајќи им ја неговата љубов и се што ке посакаат. Тој прави се за своите ќерки откако ќе остари неговите ќерки ќе ги омажи едната за гроф,а др за влијателен банкар. Се што има ќе им даде ним а тој ќе се всели во еден мизерен пансион. Прво ќе живее на првиот кат каде се сместуваат најбогатите и ќе носи убава чиста облека, ќе излегува да јаде надвор но неговите ќерки кои го барат само за пари ке му земат се и тој на крај ќе биде принуден да живее на последниот кат заедно со студентот де Растињак кој сфаќа дека единствен начин да се успее во француското општество е преку лаги, криминал или да си најде своја заштитничка. тој дури ке се сплетка со една од ќерките на Горио, но ќе се разочара кога ќе дознае дека таа веќе има љубовник, на почеток ќе се сомнева дека и Горио е нејзин љубовник и неговиот однос многу ќе се промени но кога ќе ја дознае вистината ќе станат пријатели.Накрај чичко Горио умира сам покрај него единствено ке биде студентот де Растињак тој ке му го плати и погребот а никоја од неговите ќерки нема да се појави. Додека тој е на смртна постела зборува за тоа колку ги сака своите ќерки ги повикува нивните имиња и умира со надеж дека барем една од нив ќе дојде. Романов не е за љубовта која чичко Горио им ја дава на своите ќерки него за трулоста на француското општество за единствениот начин на кој може да се успее, самиот пансион во кој е сместен Горио го претставува Париз на првиот кат најбогатите вториот оние кои имаат доволно за пристоен живот и на третиот оние кои неможат да си дозволат ни едно достоинствено јадење.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Октомври.2010 во 19:53
Originally posted by littleangel littleangel напиша:

Дали ке можите да ми помогнете во врска со лектирата "Страдањата на Младиот Вертер",да ја објавите барем дела или цела книга или да раскажете дел од неа зошто мн ми е итно...Фала однапред..


Страданието произлегува од тагата. Тагата пак произлегува од несреќата. Има два вида на несреќа: нашата несреќа и туѓата среќа. Несреќата ја наоѓаме доколку се стремиме кон неа. Човекот може да ја сфати несреќата и страданието до одреден степен, но ако го надмине тој степен се уништува или станува рамнодушен. Главниот извор на страданието е недостиг на љубов. Лик кој е осуден на страдание, мака, тага е ликот на Вертер.Преку Вертер, Гете го претставил вистинскиот романтичарски лик. Лик кој ја сака природата, единственото нешто кое го исполнува и го прави среќен. Чувствува омраза кон општеството. Го доживува како место во кое постојат лажни и неправедни односи меѓу луѓето: "блескава" беда, тиња меѓу тој гнасен свет, каде секој секого навредува.

Тој е разочаран од таквиот свет, од хиерархијата која постои, која ја уништува индивидуалноста... Не сака ни да работи, се гуши, постојано патува и се чувствува неразбран од другите, скитник, патник. Но неговото вистинско страдание започнува кога се заљубува во девојка која поради моралот не му ја возвратува љубовта.

Но тој сè повеќе ја сака и се измачува, води борба со самиот себе и се наоѓа во конфликт меѓу разумот и срцето. И нормално, што мислите, за што ќе се одлучи? Ајде, лесно е!!! Па станува збор за романтичарски лик.

Срцето има свои причини кои разумот не ги разбира. Разумот може да ни каже што не треба да правиме, а срцето секогаш ни кажува што треба да правиме. Но силните чувства можат да надвладеат со личноста. Да го уништат и да го остават без спокојство. Вертер чувствувајќи се ниту жив, ниту мртов, нема сила со која ќе продолжи понатаму. Како завршува книгата? Каде ќе го пронајде спасот младиот Вертер? Верувајте дека романтичарските ликови секогаш имаат крај кој никого не остава рамнодушен.

Комплетно цела книга за читање на англиски јазик


Ако разбираш англиски, слободно кликај на линкот за да ја прочиташ целата книга среќа
Кон врв
sulejman cakr Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Октомври.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sulejman cakr Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Октомври.2010 во 20:46

mi treba esej na tema Литературата како учител ve molam pomognete mi mi treba za u skolo za utre barem dajte mi nekoa ideja kako da zapocnam ako ne drugo
Кон врв
djbocka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 03.Септември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај djbocka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Септември.2010 во 11:10
Еве еден сајт каде што даваат бесплатно , семинарски , состави и есеи . Тука

Погледенете дел само од тоа што го даваат

Есеи
   1. Деградација на човекот во романот Чичко Горио од Оноре Де Балзак
   2. Чичко Горио
   3. Барок и класицизам
   4. Божествена комедија – Пеколот
   5. Божествена комедија-Воведна песна
   6. Декамерон
   7. Дон Кихот
   8. Избор раскази од „Декамерон“ (Увод, Босилокот на Изабета, Форезе и Џото, Славејчето, Франческа и огледалото, Приказна за соколот, Маркизот од Салуцо)
   9. Канцониерот
10. Лозарите
11. Хамлет
12. Злосторство и казна
13. Белата долина
14. Вујко Вања
15. Гавранот
16. Данте А.Франческо П. Споредба
17. Пустина-Горги Абаџиев
18. Крпен живот
19. Ликот на Велика
20. Ликот на Неда во поемата Сердарот
21. Тартиф-Молиер
22. Осамениот Хамлет и неговата упорност
23. Панонски легенди
24. Споредба меѓу љубовта на Александар и Клеофила и Аксијана и Пор
25. Цвета во драмата Македонска Крвава Свадба
26. Црно семе
27. Црноризец Храбар
28. Чорбаџи Теодос
29. Оплакувањето на мртвиот јунак во поемите “Крвава кошула” и “Сердарот”
30. Неспоивоста во карактерот на Татјана и Евгениј Онегин
31. Гилгамеш
32. Клетници
33. Македонска Крвава Свадба
34. Печалбари
35. Пиреј
36. Волтер
37. Сид
38. Смрт во Венеција
39. Сердарот
40. Тга за Југ
41. Шагринска Кожа
42. Две Марии – Славко Јаневски
43. Кантарион
44. Разделбата со Динго
45. Александар Македонски – Жан Росин
46. Басни – Доситеј Оградовиќ
47. Гуливеровите Патувања – Џонатан Свифт
48. Кандид – Волтер
49. Пеколот-Данте Агилери
50. Анализа на Ромео и Јулија
51. Гете – Вертер
52. Малечката Фадета
53. Ана Каренина
54. Кафка -Процес-целосна обработка на делото
55. Силијан Штркот
56. Сонот на летната ноќ
57. Сто години самотија
58. Цар Едип
59. Скржавоста како негативна особина во творештвото кај Плаут


1.1Состави – општа тема-македонски јазик и литература


   1. Убавините на зимата
   2. Среќа
   3. Словенска писменост
   4. Романтизмот во Македонија
   5. Реализам
   6. Модернизам
   7. ПЕРИОДИЗАЦИЈА НА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПИСМЕН
   8. ЈАЗИК И НЕГОВАТА СТАНДАРДИЗАЦИЈА ВО ДВAЕСЕТТИОТ ВЕК
   9. Младите не читаат книги ни кога мораат
10. Македонската литература мегу Првата и Втората Светска војна
11. Љубов
12. Љубов или хемија
13. Еден народ е вреден колку и неговото духовно богатство
14. Другарството на денешната младина
15. Тајната на младоста и љубовта – Внатрешниот мир и насмевката-донацијаcausevd
16. Упорната добрина го победува и најтврдото срце-
17. Македонска Народна поезија
18. Агресивноста честа појава кај младите-
19. Еден народ не ичезнува..
20. Светот во кој што живеам
21. Запрено Време
22. Охридска книжевна школа
23. Македонското јазично прашање на преминот од 19 век
24. Неколку зборови за македонскиот литературен јазик
25. Општествено-политичките прилики во Македонија во втората половина на 19. век
26. Појава на ренесансата
27. Резиме на темата историски развој на македонскиот јазик
28. Другарството

Семинарски
1. Криминалистика


   1. -Tактика на поставување заседа
   2. -Анализа на случај од пракса


2. Информатика


   1. -Симулации
   2. -Внатрешна меморија(Српски)
   3. -Предмет на зголемена реалност
   4. -Вовед во Програмирање
   5. -Звукот кај денешните сметачи
   6. -Дигитален Печатач ДТП
   7. -Adobe-InDesign-CS2(македонски)
   8. -Алгоритми и структури на податоци-Тема Покажувачи
   9. -NP – completeness
10. -Дебагирање во Dev C


3.Право


   1. -Административно право
   2. -Трговско право -Меница
   3. -Поим на Граганско право
   4. -Римско семејство(Српски)


4. Политика


   1. -Европски монетарен систем
   2. -Европска Унија
   3. -Дипломатија(Српски)
   4. -Етика и политика
   5. -Изборни системи
   6. -Корупција и транспарентнст
   7. -Изборни системи
   8. -Претседателски систем на САД
   9. -Војна
10. -Политички систем на Германија
11. -Иницијативи за проекти во Е.У
12. -Европа учи од Данска политика на вработување

И многу други , проверете , мислам дека се најдобри во регионот, и во изработка на семинарски , јас сум презадовлна.

Се надевам дека малце ви помогнав на сите кои вас на кои ви треба помош..

поздрав!!

Изменето од djbocka - 02.Септември.2010 во 11:10
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јуни.2010 во 13:52
Originally posted by davidov davidov напиша:

го пребарав цел форум ... ќе може ли да дојбијам есеи за :
1.избор - Радован Павловски
2.улица - Славко Јаневски
3.чекајќи го Годо

ви благодарам однапред ...


Улица - Славко Јаневски

Кога станува збор за македонската литература по Втората св.војна,може да се забележи дека е радикално сменет нејзиниот ритам или интензитетот на развиток на македонската литеретура.Таа влегува во широка,целовита акција на надомест на пропуштеното,нестореното.
Еден од најпознатите писатели од овој период е Славко Јанески.
Неговата повест(а според некои роман) 'Улица' над се' ја актуелизира мислата на почетоците на македонската раскажувачка проза во радикално изменети услови на својот слободен развој по Револуцијата.
Улица е имплицитна критика на југословенското општество во времето на гибелот на крал Александар Караѓорѓевиќ.Тоа е едно општество кое ја преживуваше траумата на Обзнаната,економски кризи,нееднаквости,класни противречности.
Возбудливо се развива драмата во литературен поглед на скопската улица,на тој човечки лавиринт,кадешто доминираат две бои:црна и сива.Сепак тоа е еден мравјалник во кои постои извесен ред:секој во него има свое место и своја улога во докомплетирањето на општата слика на состојбата.
Во претпоставките на овие јунаци од детството една сосем одредена слика на животот и општеството,слика можеби понекаде и понекогаш нејасна и неприфатлива како состојба и избор-но што се може тука?
Светот е таков,животот е таков,улицата е таква,а таа е мочуриште,таа е глиб,колку и да сакаш неможеш ништо да промениш.
Кон врв
Mindy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Искрена, поискрена здравје

Регистриран: 14.Ноември.2005
Локација: United Arab Emirates
Статус: Офлајн
Поени: 14599
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Mindy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2010 во 12:02
Originally posted by филип ск филип ск напиша:



слободната тема е

. Пороците во сопствениот живот - за дрогата треба да се пишува

па ви бе замолил ако може некој од вас да ми најде за матура ми се и многу ми се брза благодарам однапред чекам,          



Jas bi te sovetuvala da kliknes na linkot kade ima cela seminarska na tema NARKOMANIJA , pa od tamu ke sklopis nesto za drogata намигнување

КЛИКНИ ТУКА





Изменето од CST - 08.Јуни.2010 во 12:02
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 102103104105106 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.