IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Медицина
  Активни теми Активни теми RSS - Лекови од нашите бабички и лекови од природата
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Лекови од нашите бабички и лекови од природата

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:34

Руски народен рецепт - Како да ги излекувате болките во грлото и крајниците со кутлача


Ова не е шега, туку стар и проверен народен рецепт.

Имате болки во грлото, крајниците? Лижете голема лажица за сервирање на супа!

Ова не е шега, туку стар и проверен народен рецепт, со помош на кој можете да излекувате ангина (воспаление на крајниците). Овој стар руски народен метод навистина делува, има дури добиено и “научно објаснување”. Постои и се применува со децении. И покрај апсурдноста, овој метод навистина функционира. Тоа е проверено!

Занчи, како да ги излекувате болките во грлото со голема лажица за сервирање супа.

Доколку имате болки во грлото, па дури и температура, замете лажица за сервирање супа.

Завртете ја округлата (испакната)старана кон себе.

Во другата рака земете ноже и нацртајте крст на лажаицата. Цртајте внимателно, за да не ја изгребете површината од лажицата.

Нацртаниот крст полека излижете го од лажицата. Наместо да нацртате крст, можете да ја намачкате лажицата и со малку мед.

Направете така три пати – три пати нацртајте крст (или намачкајте ја лажицата со мед) и три пати излижете ја.

Повторувајте ја постапката три пати на ден: наутро, попладне и навечер.

Постои уште една варијанта на оваа постапка, која е подеднакво ефикасна.

На една мала тацна ставете 1 лажичка мед и почнете да ја лижете тацната.

Во текот на денот повторете ја постапката 3-4 пати.

Како резултат на тоа, болката во грлото и температурата ќе исчезнат за еден ден.

Целата на овие процедури: со таквите движења на јазикот (лижење на лажица или чинија со мед) значително се зголемува протокот на крв до крајниците, се намалува воспалението, отокот и како последица на тоа и температурата се намалува.

На овој начин можете да ја лекувате не само ангината, туку и обичните болки во грлото во случај на настинка.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:12

Ефикасен чај против циститис


За да биде лековита, пченкарната свила треба да се исече пред опрашувањето..

Пченкарната свила многу долго се користи како природен народен лек, и тоа не само кај нас, туку и во многу други земји во светот.

За да биде лековита, пченкарната свила треба да се исече пред опрашувањето.

Таа се суши нагло, во сенка и многу внимателно, на умерена температура. Исто така, таа е добра во време кога пченката е млада (млечна).

Зрелата, сува и темна пченкара свила е сосема безвредна и не содржи никакви лековити својства. Таа е природен лек, кој не дава несакани, штетни последици.

Од пченкарната свила се прави чај  кој помага при болести на бубрезите и мочните патишта, при воспаление на мочниот меур (цистит), ја подобрува циркулацијата и функцијата на црниот дроб.

Ја смирува болката, спазмите во бубрезите. За чајот против циститис потребна е само свилата или косата од пченката. Чајот од овие влакна е еден од најмоќните диуретици.

ЧАЈ

Една лажица добро исушена пченична коса (ако не е сосема сува се губи ефектот) се полива со чаша топла,но таа не треба да биде провриена, се остава да отстои неколку минути и се процедува.

Се конзумира по една лажица од чајот на секои 2 часа. Ако имате посериозни проблеми чајот може да се пие во поголеми количини. Потребни се 25 гр сува пченична коса и еден литар вода, а чајот пијте го наместо вода во текот на денот.




Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 16:12
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 16:08

Чај од бреза за реума


Бидејќи чајот од бреза ја зголемува функцијата на бубрезите, односно елиминацијата на водата од организмот, тој помага и во исфрлањето на штетните отрови од телото. Според тоа, брезата е природен „чистач“ на организмот. Воедно, чајот од бреза врши и дезинфекција на мочните патишта.

Чајот од брезовите лисја не треба често да се пие, бидејќи има и други лековити билки со слично дејство во поглед на излачувањето на урината, но тој посебно се препорачува за растварање на бубрежните каменчиња и за нивно побезболно исфрлање.

Брезовите лисја се користат многу успешно и за лекување на кожни заболувања, лишаи, ги отстранува белковините од урината, ја исфрла кислеината од организмот, па се користи како природен лек за грозница, ревматски заболувања и водена болест.

Во пролет, кога ќе почнат да циркулираат соковите, се пробушува дупка во брезовото стебло. После тоа , дупката се затвара со дрвен клинец. Од едно стебло може дневно да се собере околу 4- 5 литри сок, а околу 170 литри во сезона. Честото бушење на едно исто стебло штетно делува на дрвото, му се намалува отпорноста према габичните инфекции. Брезовиот сок е богат со шеќер, па доколку го загреваме до вриење, се добива брезово вино.

Сокот и виното од бреза се одличен природен лек за лекување на атеросклероза, гојазност, бубрежни каменчиња и други бубрежни заболувања.

Природни рецепти од бреза

Чај против водена болест:

5 g листови од бреза, 5 g рузмарин, 5 g листови коприва, 10 g коњско опавче (equisetum arvense) и 10 g листови од боровинка. Една лажица од оваа мешавина се прелива со 2 децилитри врела вода. Оладениот чај може да се заслади со мед.

Чај против ревматизам и гихт:

Применете иста количина на листови од бреза, листови коприва и кора од крушина (Rhamnus frangula). Чајот пригответе го и пиете го исто како и во претходно наведениот рецепт.




Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 16:08
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 11:26
Домашен лек против грчеви

Доколку ви се случи за време на вежбањето или брзото одење да добиете грчеви во мускулите, значи дека на вашето тело не сте му обезбедиле доволно хидрација.

Хидрацијата е неопходна за пренос на електролити, како натриум и магнезиум до клетките во телото. Во тоа може да ви помогне сокот од 4 состојки кои веројатно ги имате во фрижидерот.

Ова е рецептот за пијалокот кој ќе им помогне на вашите мускули да се опуштат:

*2 моркова

*2 стебленца целер

*1/2 свежа краставица

*1 брокула

Измиксајте ги овие 4 состојки во блендер и уживајте во пијалокот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:44
Природни лекови против несоница

Доколку барате начин да се изборите со несоницата, а не сакате да користите апчиња за спиење, пробајте ги овие природни лекови.

Мускантно оревче

Мускантното оревче е зачин кој може да ви помогне да се опуштите доколку сте под стрес. Доколку имате проблем со спиењето напијте се чај од мускантно оревче пред спиење.

Камилица

Чајот од камилица е стар познат лек во борабата против несоница. Меѓутоа, за да делува вистински, потребно е да биде малку појак.

Лаванда

Маслото од лаванда се користи во ароматерапијата како третман против несоница. Опушта и делотворно делува во борбата против мигрена.

Хмељ

Хмељот е многу добар природен седатив, па токму поради тоа се користи за смирување на нервите и како природен лек против несоница. Ова растение ја ублажува нервозата, немирот и стресот, го поттикнува сонот и ги зајакнува нервите.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:40
Лек против артритис

Артритис е воспаление на еден или повеќе зглобови, а се манифестира со болка и оток на зафатениот зглоб. Иако постојат повеќе од сто облици на заболувања кои се нарекуваат артритис, праксата покажува дека зад болката и отоците на зглобовите најчесто се крие ревматоиден артритис, гихт и остеоартритис, но не смее да се занемари ни фактот дека и некои други, поозбилни болести можат да се кријат зад оваа состојба.

Со обзир на тоа дека причинители на артритисот се бројни, штом се појават симптоми, треба да се посети доктор кој по прецизната дијагностика ќе ја открие причината за болеста и ќе припише соодветно лекување. Но, помош може да побарате и во природата:

Чудотворен сок од компири

Сокот од компири се врзува со уричната киселина, затоа се советуба употреба на свежо цеден сок од еден компир од средна големина дневно, и тоа наутро, пред доручекот. За подобар вкус може да се измеша со лимонов сок или супа.

Сок од ротквица

Свежо исцеден сок од ротквица може значајно да ги ублажи болките во зглобовите, а се пие три пати дневно по една супена лажица.

Јадете елда

Оваа житарка содржи рутин и аскорутин, супстанции кои лековито делуваат на многу заболувања, вклучувајќи го и артритисот. Елдата го намалува крвниот притисок и маснотиите во крвта, го забрзува работењето на бубрезите, а се советува за дијабетичарите. Каша од елда, како и производи од брашно од елда,секој дијабетичар би требало да ги има на своето мени.

Чај од кора од врба

Овој чај содржи салицилна киселина која ги ублажува болките и воспаленијата.

Чај: три дела сушена кора од врба, два дела сладунец и еден дел изгмечен бел лук се преливаат во зовриена вода и се оставаат да отстојат 15 минути. Процедете го, оставете да се олади и додадете сок од лимон. Салицилна киселина има и во свежи и суви сливи, ананас, грозје, рибизли, кајсии, бадеми, тикви, тиквици, пиперки, маслинки, кисел купус, К*ркуми…

Кантарион и мајчина душичка

Две лажици од мешавина на овие растенија се преливаат во пола литар зпвриена вода, се покрива и се остава да стои 10 минути. Се процедува и се пие во текот на денот во голтки.

Мед и цимет за масажа

Се меша лажица мед и две лажици млака вода па се додава малку цимет. Се прави лесна маса и се масираат болните зглобови.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:37

Домашен лек за лекување воспаление на јајниците

Воспалението на јајниците се манифестира со отежнато мокрење, тапа болка во пределот на еден или двата јајника, слабост и надуеност на стомакот, крварење и зголемена температура.

Оваа бактериска инфекција може да ја зафати и матката и често се поврзува со воспаление на бешиката.

За да го започнете лекувањето на воспалението на јајниците, потребно е најпрво да добиете точна дијагноза.

Денеска ќе ви прикажеме еден навистина делотворен начин за лекување на воспалението на јајниците со облоги од коприва и јаболков оцет.

  • Исецкајте ги свежите листови и врвови од коприва и добро истолчете ги.
  • Испрскајте ги со јаболков оцет.
  • Завиткајте ги во повќе слоеви од газа и во текот на ноќта држете ги на долниот дел од стомакот.
  • Повторувајте ја процедурата два до три пати во текот на неделата.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:32

Народни лекови кои можат да се прават од јогурт


Може да се користи за различни намени како природен лек..

Јогуртот е еден од најчестите продукти во исхраната. За многумина тоа е само освежителен пијалок кој ја враќа енергијата и освежува во текот на топлите денови или само додаток во јадењата. Но, јогуртот има и други лековити својства. Може да се користи за различни намени како природен лек.

Маска за сјајно лице

Малку К*ркума и две лажици јогурт се мешаат со цеден сок од половина лимон. Маската се нанесува на целото лице и во пределот на вратот. Се плакне со млака вода.

Лек за изгореници и нискокалоричен појадок

Измешајте јогурт и каша од праски или јагоди и по свој вкус додадете мед. Заедно измешајте ги убаво. Овој оброк е добар за слабеење. Доколку имате изгореници од сонце или оштетена сува кожа нанесте од миксот на кожата.

Балсам за коса

Нанесте јогурт на врвовите од косата и полека со нежни движења масирајте ја кожата на главата со јогурт. Откако ќе нанесте секаде, косата треба да се измие после 30 минути. Косата ќе добие сјај и поголем волумен.

Ги чисти дамките од кожата

За да ги отстраните дамките од кожата потребно е редовно чистење. Ставете 1 лажичка мелени ореви и додадете јогурт. Треба да добиете густа смеса. Се нанесува на соодветните места и се трие со раце околу 2 минути, по што јогуртот ќе се впие во вашата кожа. Се плакне со топла вода.

Помага за мозолчиња и акни

Јогуртот содржи цинк кој има антивоспалително дејство. Измиксајте рендана краставица или морков со јогурт и нанесте на местата каде имате мозолчиња или акни. Воспалението ќе се намали, а со редовен третман ќе имате чисто лице.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:30

Лек за дијабетичари


Подгответе:.

 Земете еден грст МАГДАНОС само измијте го и ставете го во тенџере со 3 литри вода, 2 ЛИМОНА измијте ги и пресечете ги на 4 добивате 8 парчиња со се кора, ставете ги во тенџерето и уште само две главици ЛУК само измејте ги и ставете ги во тенџерето. Ставете го тенџерето на огнот и штом почне да проврива тргнете го од огнот и само по себе да се олади. Исцедете ја течноста во стаклени шишиња и ставете ги во фрижидер. Пијте три пати во денот по една чаша како вода. За месец дена ќе осетите голема промена во намалувањето на шекерот во крвта.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 09:27

Како да им помогнете на нервозните црева?

Растенијата се голема помош за луѓето.

Болки во стомакот, поддуеност и гасови, наизменично добивање пролив и запек се главни симптоми за нервозни црева. Растенијата се голема помош за луѓето, кои ги имаат овие проблеми, бидејќи тие дејствуваат нежно и ефикасно и имаат одлична способност да балансираат, за да се смири пореметувањето на  работата на дигестивниот тракт.

Не се знае, што точно ја предизвикува оваа болест. Таа преставува честа појава на нарушување, од која страдаат 15 до 20 отсто од населението на северната хемисфера . Тоа е во суштина болест, која ја нарушува  флората на цревните бактерии. Некои научници веруваат дека пречувствителноста на одредени видови на храна (првенствено лактоза) предизвикува нервоза кај цревата.

Можно е дека синдромот, нервозно дебело црево е  поврзан со секојдневниот стрес. Исто така, со нередовниот живот се предизвикуваат овие симптоми.  Многу е важно, секојдневните лоши навики да ги смените. На пример , обидете се да ги отстраните од вашата исхрана газираните пијалаци со многу шеќер, вештачки засладувачи како аспартам и сорбитол, вештачки бои, мириси и се разбира  многу кофеин. Обидете се исто така ,да ги  исфрлите од употреба производите од месо и млечни производи (освен acidophilic јогурт кој содржи активни корисни бактерии ). Овошјето и зеленчукот пред употреба се мијат под млаз вода и се оставаат да отстојат во сад со вода, половина час пред употреба.Чаевите содржат вредности, кои се корисни  за нервозните црева.

Невен  се препорачува за оние кои освен нервозни црева, имаат и хемороиди кои крварат. Сепак, важно е да се каже дека ако забележите крв во вашата столица, контактирајте го вашиот лекар. Чај  од нелупен овес е многу корисен, затоа што е богат со слуз и микроелементи. Во овој чај , можете да додадете  каранфилче или цимет .  Со овие зачини ќе се подобри вкусот на чајот и ќе дејствува како антисептик. Компот од диви јаболка, суви сливи, шипки , исто така се вкусни и корисни.

Против цревни иритации предизвикани од вознемиреност и стрес:
валеријана ( Valeriana officinalis) 100g
камилица ( Matricaria chamomilla ) 100g
маточина ( Melissa officinalis) 100g
ленено семе ( Linni семиња) 100g
мента ( Mentha piperita ) 100g
мајчина душица ( Thymus serpillum )

Сите овие билки се мешаат, и од таа мешавина се земаат 5 лажици чај, се преливаат со еден литар врела вода, се промешуваат, се покриваат и се остава да стои половина час. Се пие во текот на целиот ден, во мали голтки .




Изменето од Valerija - 31.Март.2014 во 09:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 08:53
Уникатен лек од лук и масло за болки во зглобовите

Еве еден лесен и ефективен начин, да ја подобриме подвижноста на зглобовите во домашни услови.

Рецептата содржи само лук и сончогледово масло.

Таа ќе ви овозможи нормално движење и ќе ја отстрани болката од нив.

За подготовка на оваа рецепта, излупете 300-400 грама лук и сомелте го (во блендер или ситно изрендајте го). Смесата ставете ја во тегла и додадте сончогледово масло. Оставете да отстои две недели на темно место поврмено мешајќи. Потоа смесата исцедете ја неколку пати.

Начин на употреба : мачкајте на болното место додека маслото почне да упива во кожата. Звиткајте се со топол шал и останете така цела ноќ. Следното утро истуширајте се со топла вода. Уште по првата процедура ќе почувстувате олеснување. Лекувањето продолжува 2 месеци.

 

Уникално лекарство от чесън и олио за болки в ставите и артрит

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2014 во 08:49
Најефикасен лек до сега-лекува кашлица,бронхитис и ларингитис

Оввој пијалок може да ја излекува дури и најкомплицираната кашлица, која не успева да се лекува со модерната медицина.

За подготовка на пијалокот  за кашлица, прво треба да се провриете  чаша (250 мл) млеко.

Потоа додадете лажица путер (маргарин ) и една лажица мед.

Измешајте и додадете во  чашата  добро изматено јајце и 1/4 лажичка сода бикарбона.

Ова е многу ефективен народен лек не само за кашлица, успешно третира бронхитис, ларингитис и traheitis кај децата и возрасните.

Лекот се зема пред спиење, најмалку 5 дена.

Наместо путер (маргарин), за подобар ефект, во млекото може да се стави ова- чудо-мелем.

За возрасни 1 лажичка, за деца 1/2 лажичка.

Ова е одлично средство и за исфрлање на секретот:

Загрејте ги следниве состојки и испијте ги во текот на денот – половина наутро и половина навечер :

2 лажици маслиново масло

Сок од лимон 2 лажици

2 лажици вода

1 лажица мед

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2014 во 16:41

Рецепти за ишијас, болки во крстот, реума


Имате проблеми со исчашени зглобови, болки во крстот, реума, ишијас...? Следете ги нашите совети и испробајте ги рецептите за природни лекови кои се наоѓаат во продолжение.

ПРОТИВ ИШИЈАС

Кај појавата на јаки болки долж нервот ишијатикус, пред сè под крстот, на надворешната страна на бутовите и на надворешната страна на нозете, во народната медицина одамнина се подготвуваат разни растителни облоги. 

Кашеста облога од зелка: Листовите од зелка се натопуваат во стопена свинска маст во која е додаен мелен црн пипер. Со ова се мачка заболеното место и се покрива со ленена крпа. 

Масло од јоргован: 300 гр. цветови и листови се ставаат да отстојат 4 недели во литар маслиново масло, на сонце, а потоа се цеди и се мачкаат болните места. 

- Болните места може и да се удираат со голема свежа коприва, а потоа да се намачкаат со малку бело вино и оцет. 

БОЛКИ ВО КРСТОТ

Надворешна терапија:

- Кашести облоги од попарени, изгмечени листови од зелка;

- Кашести облоги од свежа мајчина душица, загреани на шпорет;

- Кашести облоги од попарени свежи листови од вербента, на што се додава една белка или се варат со чаша оцет, па содржината се става меѓу две ленени крпи, што е можно потопли. 

Внатрешна терапија:

- Чај од змиска липа: 30 гр. од лушпата се вари на тивко 15 минути во литар вода, се изладува малку, се процедува и се пие во рок од два дена.

ПРОБЛЕМИ СО ЗГЛОБОВИ


Масажи

Болниот зглоб се масира со средство што секогаш може да се има во резерва:

- Масло од врес: 100 гр. сечкани млади врвови во цвет се оставаат да отстојат 8 дена во половина литар маслиново масло. Секојдневно се меша, а потоа се цеди. 

Облоги, купки и компреси

- На зглоб се става многу густа каша од листови на голем трн, кои се варат во вода, или листови од зелка, свежи резанки кромид и загреана ливадска или градинарска мајчина душичка. 

- Облога од црн сенф во прав или рен.

- Заболена рака или нога се става во перниче наполнето со свежи листови од бреза. 

ПРОБЛЕМИ СО ИСЧАШУВАЊЕ

- Кај исчашување на зглоб: Лажиче арника се прелева со 2, 5 дцл топла вода и се остава да отстои најмалку половина час, а потоа од таа смеса се прави облога за исчашениот зглоб.

- Исчашеното место нежно се трие со масло од кантарион, кое што се прави на следниот начин: 200 гр. мали врвови во цвет три часа се варат во маслиново масло, а потоа се лади и се процедува. Се чува во добро затворено шише на темно место.



- Кашеста облога од рендан свеж корен од коњско опавче: се посипува со маслиново масло.

- На исчашен зглоб се става компрес натопен во тинктура од рузмарин и жалфија: по 50 гр. од исушените растенија се оставаат да отстојат две недели во половина литар алкохол.

- Се гмечат свежи листови од маргаритка или подбел и компресите се натопуваат со нивниот сок. 

Воспалени зглобови

- Се прави мешавина од три лажички листови од бреза, малку тегавец, цветови од арника и листови од жалфија. Десет грама од мешавината се прелева со 2 дцл жешка вода, се остава да отстои половина час, а потоа се процедува и се пие.

- 30 грама корен од артичока се потопува во 1 литар вода. Се загрева водата до точка на вриење, а потоа се вари на истата температура 1 час. Напитокот во оваа количина е доволен за 2 недели. Се пие по неколку лажици пред јадење, 2- 3 пати дневно. Напитокот е одлично средство против воспаление на зглобовите. 

ЗА ПОЦВРСТИ КОСКИ

Еден дцл лимонов сок, 50 гр. прав од коњско опавче и 30 гр. мелена лушпа од јајце, добро се меша и се остава да отстои 48 часа. Се консумира по три лажици дневно, заедно со оброкот. 

БОЛКИ ВО КОСКИТЕ

Се прави мешавина од по две лажички мајчина душица, листови од дива јагода, кора од липа, цветови од портокал и малку цветни ливчиња од роза. Мешавината се става да проврие во 3, 5 дцл вода, се изладува малку, се цеди и се пие по еден филџан дневно.



РЕУМА

Доколку патите од реума, следните неколку рецепти ќе ви помогнат да се изборите со непријатните болки.

Чај против реума

Во 1 литар вода се варат 40 гр. свежи листови од целер. Чајот се остава покриен се додека не се олади. Се цеди и пие млак повеќе пати дневно и тоа неколку недели. Истото дејство го има и сокот од коренот на целер, кој се консумира еден час пред јадење, по една супена лажица. 

Маст против реума

Во дрвен или порцелански аван се гмечат 20 бобинки од ловор (мора да се зрели). Се варат 15 минути во еден литар зовриена вода. Добиениот сок се цеди преку платнена крпа. Кога ќе се излади со лажица се собира маслото од површината и се меша со лажица свинска (несолена) маст. Се меша добро и се чува во стаклен или пластичен сад. Оваа маст е идеална за намалување на реуматичните тегоби, болки во мускулите и зглобовите. 

Против реума и болки во коските

Се меша 30 гр. исушен корен од ова растение и 10 гр. корен од глуварче. Се сипува во литар бело вино, се остава да отстои 5 дена и се процедува. Се пие 10 дена по 2 чаши после појадок и пред спиење. 

Масло од камилица

Една тегла од литар наполнете ја со свежи цветови од камилица и прелејте со ладно цедено маслиново масло, така што нивото на маслото да биде над нивото на камилицата. Теглата се остава на сонце 15-20 дена со секојдневно протресување, а потоа се втрива во ревматичните зглобови.

Пијалак против реума

Секое утро нагладно пијте чист сок од кадрава мента во вино. Овде мора да се употреби токму таа мента сродна на лутото нане и никоја друга. Од тој сок земете половина лажичка и измешајте со половина филџан квалитетно вино. Со ова може да се ублажи реумата. Секогаш кога повторно ќе се појави, земајте неколку дена пред јадење по една голтка од виното додека не се чувствувате подобро. Тогаш направете пауза се додека трае успехот на лекувањето.

УБЛАЖУВАЊЕ НА БОЛКИТЕ ВО НОЗЕТЕ

Прво кренете ги ноѕете под агол од 45 степени и олабавете се неколку минути. Потоа 15-тина минути држете ги во леген со топла вода во која сте додале 1-2 лажици морска сол. Потоа исплакнете ги со топла вода и подгответе купка за нозе со топла вода во која сте ставиле 6 капки масло од еукалиптус, 6 капки масло од рози и 1 лажица сок од лук. Во легенот држете ги нозете 5 минути и потоа исплакнете ги со студена вода. Болните нозе ќе бидат само далечно минато!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2014 во 14:31

Природни лекови против полесни здравствени тегоби

т

Полесните здравствени тегоби како, главоболката, воспалението на грлото и отечените нозе не мора секогаш да се смируваат со помош на лекови. Понекогаш е доволно да се употреби и нешто од она што го препорачуваат приврзаниците на народната медицина.

prirodni lijekovi

Против главоболка се препорачува стариот испробан лек во облик на шолја јако црно кафе со малку лимонов сок. Вака приготвениот напиток ја подобрува циркулацијата на крвните жили во главата и ја сече главоболката во корен. Истото дејство се постигнува и со масажа на челото и слепоочниците, под услов таа да се прави со помош на етерично масло од ментол или кинеска тигрова маст.

За воспаление и болки во грлото се препорачуваат билни таблети од еукалиптус, мента или исландски лишај. Овие таблети го смируваат воспалението на слузницата на грлото и усната празнина, а истовремено се ефикасни и за болки во грлото и зарипнат глас.

На акутните болки во грлото благотворно делува и гаргара со топол чај од камилица и жалфија на секои два часа.

И традиционалното инхалирање со камилица ги отстранува болките во грлото. Доволно е главата покриена со пешкир да ја наведнете врз сад со врел чај од камилица и длабоко да ја вдишувате пареата.

Против сува кашлица се препорачува сируп од мајчина душица. Истовремено, мачкањето на градите и грбот со масти врз база на еукалиптус и рузмарин исто така делува благотворно врз ублажување на кашлицата.

За прочистување на носот е важно да внесувате повеќе течности отколку обично. Испирањето на носот со спрејови со морска вода или солен раствор е втор важен чекор во олеснувањето на работата на душните патишта. Ако е настинката во почетен стадиум, терапијата со високи дози на ехинацеја ќе ги ублажи симптомите и ќе го забрза лекувањето. И внесувањето доволни количини на витамин Ц е важно за јакнење на одбранбениот систем во текот на опоравувањето. Вистински ризници на овој витамин се јужното овошје, киви, пиперки и чај од шипки.

Против менструалните тегоби во билните аптеки постојат повеќе чајни мешавини за нивно ублажување. Народните лекари советуваат да се користат превентивно во текот на последната недела пред почетокот на менструацијата. Во текот на таа недела секој ден пијте две до три шолји чај од ајдучка трева и маточина во еднакви количини. За болки во половината и стомакот проследени со грчеви се препорачува чај од мента и маточина. Смирувачко дејство има и кружното масирање на стомакот, како и на грбот со масло од кантарион. При масирањето на грбот движењата треба да бидат во правец од бубрезите кон р’бетот.

За отечени нозе и чувство на тежина по напорниот ден се препорачува масажа со ракија заради воспоставување на подобра циркулација. Ова особено се однесува на жените кои поради слабата мускулатура се склони кон вакви проблеми. Заради вродената слабост на сврзното ткиво и недостаток од физичка активност, циркулацијата на крвта станува проблематична, особено ако во текот на денот се поминува доста време на нозе. Ако не се преземе нешто на време, доаѓа до застој во протокот на крв и до појава на болни проширени вени. Освен ракијата, добар е и препаратот со екстракт на див костен.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 18>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,313 секунди.