IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Археолошките откритија во Македонија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Археолошките откритија во Македонија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
Автор
Порака
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Археолошките откритија во Македонија
    Испратена: 19.Мај.2007 во 11:45

големо откритие при АРХЕОЛОШКИТЕ ИСКОПУВАЊА во охрид

Дедал пред 24 века слетал на Плаошник

Човекот е потпрен со двете раце на бутните коски, едната нога му е потпрена на вид постамент, а на грбот има крилја

Бронзена фигура на Дедал, таткото на Икар, висока 20 сантиметри, од 3 и 2 век пред новата ера, откриле археолозите на ископувањата на локалитетот Плаошник над Охрид. Ова е единствен ваков артефакт во земјава, а според првичните анализи, веројатно и во светот, објаснува археологот Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Предметот е пронајден во земјата среде големата ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, под мозаиците што се извадени и однесени на конзервација. Под слојот земја каде што лежела фигурината, археолозите пронашле бокалчиња и сатчиња кои припаѓаат од групата наречена македонски, односно пајонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Засега најстарите артефакти откриени на локалитетот се фрагментирана геометриска керамика, од 8 и 7 век п.н.е.

- Покрај керамиката, излезе исклучителен наод. Човекот на фигурата со двете раце е потпрен на бутните коски, а едната нога му е потпрена на вид постамент. На грбот има крилја. Тој е стар, ќелав на средината на главата, со коса околу. Тоа е Дедал, научникот, архитектот, таткото на Икар. Засега нема друга аналогија. Барав податоци и во стручната литература и на интернет. Слично, со крилја бил претставуван и Аполон, но тој секогаш има лик на млад човек - објаснува Кузман.

На локалитетот се работи на големо. Околу 330 луѓе ги покриваат сите простори под археолошкиот комплекс Плаошник. Целта на археолозите е да дојдат до податоци каде се наоѓале темелите на Светиклиментовиот универзитет. Земјиштето на локалитетот се спушта каскадно. Северно од реконструираната црква „Свети Климент“ археолозите ги пронашле најновите хоризонти на живеење - од шеесеттите години.

- Откопавме калдрми, каналчиња, куќи... Ова беше турско маало, се' уште ги паметам. Потоа луѓето се преселија во Турција, некои во градот. Интересно е за туристите да ги видат калдрмите од минатиот век - вели Кузман.

Ископувања се вршат околу црквата, која се наоѓа во огромна, трибродна ранохристијанска базилика од 5 и 6 век, која имала и крстилница и во своето време била еден од најголемите храмови на Балканот. Таму на ископувањата во претходните години археолозите пронајдоа мозаици што сега се кренати и однесени на конзервација.

- Го искористивме овој момент за да ги „фатиме“ постарите хоризонти. Почна да излегува керамика од периодот на македонскиот хеленизам, околу 3 и 2 век п.н.е и мат сликана керамика, околу пет века постара, од геометрискиот период во медитеранскиот културен круг. Наоѓаме фрагменти, нема цели садови. Слични предмети излегуваа и на ископувањата на Самуиловата крепост, во изминатите години. Тоа значи дека во тоа време тука имало развиена населба која се протегала од Самуиловата тврдина до Плаошник - објаснува археологот.

Тој вели дека многу се значајни предметите што се вбројуваат во групата македонски бронзи, од 7 и 6 век п.н.е. Археолозите пронашле бокалче и сатче, кои веројатно имале култна намена.

- Досега ги пронаоѓавме само на локалитетите во источниот дел на Македонија, каде што порано се простирала Пајонија. Македонските бронзи се типични за старомакедонската културна група. Ова покажува дека се протегала и на овие простори - категоричен е Кузман.

Археолошките ископувања на Плаошник, ги финансира Владата, во рамките на проектот „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет во Охрид“.

Научник, архитект, првиот митолошки летач

Приказната вели дека Дедал, Атињанинот, бил вешт ковач. Занаетот го научил од боговите Атина и Хефест. Дедал морал да побегне од Атина зашто го убил својот внук. Се засолнил на островот Крит и се вработил кај кралот Минос. Таму се оженил и го добил синот Икар. На кралот му правел секакви скулптури, мебел, машини, оружје, оклопи и играчки за децата од палатата. По неколку години работа од Минос побарал одмор, но кога владетелот го одбил, решил да побегне. Знаел дека е залудно да украде брод и да отплови, зашто брзите бродови на Минос веднаш ќе го стигнеле. Затоа, за себе и за Икар направил по еден пар крилја. Перјата ги споил со восок. Пред да тргнат, Дедал го предупредил синот да не лета премногу ниско за да не се намокри, ниту премногу високо поради Сонцето. Но, Икар се вивнал толку близу до Сонцето што крилјата почнале да му се одлепуваат. Почнал да паѓа и се удавил во морето. Кога морето го исфрлило неговото мртво тело, Дедал го погребал на мал остров, кој подоцна е наречен Икарија.



Изменето од Boogie - 19.Мај.2007 во 11:45
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Мај.2007 во 12:01

Премиерот го виде Дедал

Македонската археологија полека станува салонска. За неа се заинтересирани највисоките политички структури во земјава, изјави вчера археологот Паско Кузман, откако на премиерот Никола Груевски му ја претстави бронзената фигура на митолошкиот летач Дедал, пронајдена пред две недели на Плаошник, во Охрид. Премиерот најмногу се интересирал за околностите во кои е најдена фигурата, висока 20 сантиметри, датирана во 3 и 2 век пред новата ера.

- Праша и колку би чинела. Одговорив дека нема цена, особено кога и' припаѓа на државата, а ние, археолозите, работиме за државата. Но кога лично би ја поседувал и би отишол на аукција, не би стартувал со помалку од еден милион евра - рече Кузман.

На прашањето дали во Грција досега бил пронајден сличен предмет, Кузман одговори:

- Засега ова е единствен археолошки експонат. Не знам колку ова ќе им се допадне на нашите соседи, но мене многу ми се допаѓа - рече Кузман.

Кон врв
postariot brat Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 20.Мај.2007
Статус: Офлајн
Поени: 491
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај postariot brat Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јуни.2007 во 22:42
Odlicno, prv pat slusam za ova otkritie iako sum od Ohrid, sekoja cest za informacijava, i Brrraaavvvooo za pocituvaniot Pasko Kuzman, a najgolemi pofalbi za neznajniot umetnik kogo bog go obdaril so navistina isklucitelna darba i uste vo 2-3 vek p.n.e. bez posebno akademsko skulptorsko obrazovanie ja pretocil svojata opsesija so premudriot Dedal, vo realno besceneto skulpturce, koe trae do denes.  

Изменето од postariot brat - 02.Јуни.2007 во 22:43
Od iskona, do denes, a i vo vecnosta sekogas so nas e postariot brat Hristos, zosto se smiluva na nas i ni dade sansa da poveruvame, i da se nareceme ceda bozji.
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јули.2007 во 11:26
Населба на Водно во 6 век била напојувана со огромна цистерна
Цистерната со огромни димензии 22 на 11 метри, досега ископана до длабочина од 8 метри, ги возбудува археолозите што работат на локалитетот Марково Крувче, на падините на Водно.
- Вообичаените цистерни за тој период биле со должина од 6 метри и широчина од 2,3 метри. Оваа е навистина со огромни димензии што упатува дека напојувала и голема населба - вели Кире Ристов, археолог од Музејот на градот Скопје, кој учествува во работите.
Во потрага по населбата на источната страна на локалитетот се поставени сонди и откриени се делови од градски бедеми, монети, керамика, клучеви, оружје и накит.
- Прерано е да зборуваме за градот, но повеќе од јасно е дека тука во 6 век имало активен живот - вели Ристов.
Тој не сака да се впушта во познатите претпоставки дека бедемите на Водно потекнуваат од Јустинијаново време.
- Се што ќе откриеме од 6 век не мора да е поврзано со Јустинијан, навистина е рано за такви претпоставки - воздржан е Ристов.
Истражувањата почнаа минатата недела и ќе траат до 18 јули. Тие се резултат на досегашната 3-годишна соработка на Музејот на град Скопје со Комјунити колеџот од Сент Луис, Мисури во САД. Двајца американски археолози, фотограф и 12 американски студенти работат заедно со екипа на Музејот на град Скопје и десет македонски студенти од Катедрата за археологија при универзитетот „Свети Климент Охридски“.
- Ова е трета година како трае оваа наша соработка. Буџетот е американски, а се што ќе биде откриено при истражувањата останува кај нас. Бенефицијата на американските партнери е во искуството - вели Јован Шурбановски, директор на Музејот на град Скопје.
Кон врв
MoNiKa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 197
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MoNiKa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Јули.2007 во 23:24
BAJAGI SE  
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јули.2007 во 11:57

Од извори кои директно се инволвирани на ископувањето на скопското Кале разбрав дека минатата седмица на локалитет се најдени остатоци од ѕидни фрески. Откритието предизвикало внимание сред екипата која раководи со ископувањата и веднаш се повикани стручни лица од Заводот за заштита на спомениците кои треба да ги превземат натамошните активности во врска со наодот.

 Мојот извор потврдува дека минатиот петок на скопското Кале биле и високи претставници од МПЦ предводени лично од г.г. Стефан кои имале прилика да видат дел од наодите.

 Според средновековните извори, но и оние од подоцнежниот период, на скопското Кале се наоѓале три цркви:

  1. Св.Богородица Троручица каде што бил крунисан царот Душан и објавен душановиот законик;
  2. Св.Прокопиј - заштитникот од замјотреси; и
  3. Св.Јован Крстител - активна црква се до 17 век која важела за соборен храм во градот.

Досега ниту една од трите цркви не беше точно убицирана на теренот. Истите, најверојатно, датираат од крајот на 13 и почетокот на 14 век. 

За точно да се каже за кој од трите споменати црковни храма станува збор ќе треба да се најде натпис. Според мене ова е најголемиот наод во последниве години. Можеби еднаков на златните маски најдени при ископувањата на Голема Порта во Охрид.



Изменето од Boogie - 14.Јули.2007 во 11:58
Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2007 во 10:07

КАЈ ГРАДИШТЕ ВО ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА АТРАКЦИЈАТА ПОД ОТВОРЕНО НЕБО

Музеј на вода на платформа од 2.000 колци

Нема да се прави реконструкција на целата населба, туку само на дел од неа - на платформата ќе бидат подигнати седум куќарки

На 2.000 колци, долги 6 метри, забиени во дното на Охридското Езеро ќе биде поставена дрвената платформа на која ќе биде изграден музејот на вода, во Заливот на коските, кај кампот „Градиште“. Најтешкиот дел од задачата е завршен - набавени се 600-те кубици дрво. Градењето на малиот праисториски град на вода ќе почне кога ќе се зајакнат стеблата, за да бидат поиздржливи.

Изградбата на музејската атракција под отворено небо треба да заврши за две години. Сега се распишува меѓународен јавен конк*рс за да се пронајде фирма што располага со опрема што ќе може да го подобри квалитетот на дрвото.

Иницијатор на проектот за делумна реконструкција на праисториската наколна населба е охридскиот археолог Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство. Владата го поддржа и за почеток одобри 500.000 евра.

Според проектот, нема да се прави реконструкција на целата населба, туку само на дел од неа. На платформата ќе бидат подигнати седум куќарки.

- Во минатото имало најмногу 24 куќи. Седум се доволно за да му покажеме на светот како изгледала таа населба и како се живеело во тоа време. Сите предмети, најмногу грнчарија, што сме ги нашле за време на подводните истражувања, ќе ги вратиме во куќите. Тие ќе имаат ентериер, огниште, рогозина за спиење. Ќе наредиме разни грнчиња, некои ќе бидат обесени на кожички. Така планираме да го презентираме музејот на вода - објаснува Кузман.

Според него, завршена е најтешката задача - обезбедено е доволно дрво за дрвената населба. Кузман ангажирал професори од Шумарски факултет. Тие заедно ја разгледале Македонија и заклучиле дека во Кичевско, на планината Турла има високи дабови дрвја што може да се искористат за наколната населба. Од тој регион се набавени 2.000 стебла, високи околу 6 метри. Таа висина била неопходна поради нивото на водата каде што ќе биде населбата.

- Кај Градиште од јужната страна е до три метри длабоко. Ние работевме на 5 метри длабочина, таму се сите неолитски колци. Околу еден метар од секое дрво ќе биде набиено во вода, три метри ќе бидат во вода и уште два метра над вода. Така ќе може да направиме платформа, на која ќе ги изградиме куќите. Сето тоа со дрвен мост ќе биде поврзано со копното. Мостот ќе биде подвижен, како во минатото. Ноќе мостот ќе се крева. Така населбата ќе биде издвоена од копното - објаснува Кузман.

Најпроблематично било како ќе се однесува дрвото во две атмосфери (дел под вода, а дел ќе излегува на суво) и колку долго ќе трае. Експертите направиле анализи и укажале дека откако ќе се набави, дрвото треба да се модифицира за да биде појако. Иако во повеќе земји во Европа има опрема за модификација на дрво, малку било проблематично процесот да се спроведе на 600 кубици дрво, чија должина не смее да се крати. Фирмата „Лопушник“ од Кичево ја добила задачата да пронајде странска фирма што ќе им ја зголеми силата на дрвата за наколната населба.

Во музејскиот комплекс ќе биде вклучена и тврдината на ридот Градиште. Локалитетот треба да биде истражен, конзервиран и надграден, за да се гледа. Патеката што ќе се спушта од ридот ќе влегува во праисториската населба.

- Но, пред да се влезе во градот од бронзено време, мора да се изгради некаков пристапен објект, во кој ќе има две канцеларии за луѓето што ќе работат таму. Туристите треба да влезат во објект во кој ќе може да седнат, да се одморат, да се напијат кафе, да си купат некој сувенир. Таму ќе може да седат, да уживаат во погледот кон езерото и музејот на вода. Но, ако сакаат да појдат на платформата, ќе мора да си купат билет кога ќе поминуваат низ дрвената капија - објаснува Кузман.

Нуркачка база до музејот

Недалеку од музејскиот комплекс, од камен ќе биде изграден уште еден објект - нуркачка база.

- Ако дојде турист и сака да нурка, ќе си плати и во придружба на професионален нуркач ќе разгледа се' што го интересира. Тоа значи дека на увид на сите ќе бидат и подводните, вистинските остатоци од археолошкиот локалитет. На тој начин ќе ја промовираме и подводната археологија - вели Кузман.

Кон врв
Boogie Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Слобода или Смрт

Регистриран: 26.Октомври.2005
Статус: Офлајн
Поени: 10652
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boogie Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2007 во 10:11
ИСТРАЖУВАЊЕ НА ЦАРЕВИ КУЛИ
Континуитет од праисторијата до 15 век

Праисториска населба, која датира од периодот на енеолитот и раната бронза, откриена е завчера на археолошки локалитет Цареви кули, над Струмица. За тоа сведочат пронајдените фигурини и другите елементи што се откриваат со истражувањето на јужниот влез на оваа средновековна тврдина, вели Зора Рујак, раководител на истражувањето. Елементи од енеолитот и раната бронза, кој временски е поврза со крајот на 4 и почетокот на 3 милениум пр.н.е., пронајдени се и во некрополата на која се истражуваше со почетокот на работите. Досега е истраже северниот влез на тврдината, каде што минатиот викенд се откриени црква од средниот век и фрагменти од богат фрескоживопис. Средновековната црква била еднокорабна, а подоцна била додадена и капела на јужниот дел. Околу неа се пронајдени гробови, кои се зачувани во нивниот оригинале облик, монети и бронзе накит, за кои археолозите претпоставуваат дека датираат од средниот век. Пронајдени се и темелите на двете кули што биле поставени на предниот дел од тврдината, ко градот Струмица. Во моментот се истражува јужниот влез на тврдината Цареви кули, а потоа ќе се истражува и западниот бедем, каде што се очекува откривање на уште еде влез, кој уште патеписецот Евлија Челебија го споменува во своите записи, па некрополата, донжонот и источниот бедем, за да се дефинираат сите елементи на тврдината. Пронајдена е и садовна керамика, за која се претпоставува дека може да го потврди присуството на царот Самуил во тврдината, во текот на 11 век. Дали ќе се потврди легендата дека до Царевите кули водел тае тунел, до еде од влезовите?
- Дефинитивно ова е само легенда, зашто кулите се изградени врз цврсти карпи, кои тешко можат се пробијат и не верувам дека и во минатото можело, за да се направи тунел - вели Рујак. Неизвесно е, вели тој, истражувањето на западниот бедем, поради двете свлечишта на падините што го пресекуваат бедемот и се опасни за работа. - Ова е богато археолошко наоѓалиште. Откриени се артефакти од доцната антика, а на некрополата се пронајдени докази и од хеленистичкиот период, од 2 век пр.н.е. Тие, заедно со доказите од подоцнежните векови, се до 15 век, кога тврдината била во употреба, ја потврдуваат богатата историја, духовна и културна, на овие простори - вели Рујак. Истражувањето ќе трае до октомври, а ќе продолжи и наредната година. Археолошките истражувања на Царевите кули се вршат првпат по педесет години.

Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2007 во 16:31
MOZAM DA KAZAM SAMO BRAVO ZA KUZMAN I NEGOVITE KOLEGI!

Изменето од moira - 21.Јули.2007 во 16:31
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2007 во 16:56
a,da ne beshe toj ,..shto go upropasti kameniot most?!,....ili ne...Confused
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
морски Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Август.2006
Статус: Офлајн
Поени: 178
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај морски Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јули.2007 во 18:21
Најновото археолошко откритие
Во Струмица на Цареви кули откриена средновековна црква



Најновото археолошко откритие во ископувањата на легендарните Цареви кули во Струмица се остатоците од средновековната црква од 13 век со фрагментиран фрескоживопис. Ова откритие претставува големо изненадување за археолозите, бидејќи не очекувале таа да се појави на северниот влез на тврдината кој гледа токму кон градот Струмица


„Моментно се врши дефинирање на оваа црква од која се извади богат фрескоживопис, а излезе и една монета, која, најверојатно, е имитација на латинска или бугарска монета, што значи дека црквата најрано може да биде од 13 век, иако лично мислам дека е од 12 век, всушност, од времето кога била подигната тврдината од комненовскиот период”, изјави Зоран Рујак, археолог во Завод и музеј во Струмица.
Со средновековната црква, како и со црквата „Свети Петнаесет”, под Орта-џамија и со други објекти околу Струмица, дефинитивно, се потврдува дека овој регион бил препознатливо место во југоисточниот дел на државата како еден од главните верски и религиозни центри во Македонија од средниот век.
Во целокупната реконструкција на Царевите кули откриената црква може да биде токму оној детаљ кој ќе помогне Струмица да го добие изворниот контекст на средновековието над самиот град. Засега единствена пречка за тоа е изградениот предавател на МРТВ од пред триесетина години врз темелите на црквата и, според археолозите, ќе биде најдобро тој да се дислоцира.
Според првите сознанија, црквата има еднокоробна основа, северен трем и со јужна капела од некоја подоцнежна фаза.
„Црквата што ја откривме е со нарушување на ѕидната структура, што укажува дека еден дел е урнат со поставување на трафостаницата, а на другиот дел од црквата имаме констатирано траги од палење”, изјави Живко Велковски, историчар на уметноста. Според него, фрескоживописот откриен во црквата ја потврдува богата сликарска традиција која во Струмичко бележи континуитет од 1.600 години, почнувајќи од лапидарните форми во Римската терма во Банско, преку црквата „Свети Петнаесет”, Орта-џамија и манастирите во Водоча и во Вељуса.
На најпрепознатливиот белег на Струмица - Цареви кули се работи повеќе од еден месец. Со пари од европските фондови и од касата на Струмица во вкупен износ од 455 илјади евра, треба се изврши реконструкција на двете кули, изградба на пристапен пат, туристичка презентација и понатамошно археолошко истражување.
Кон врв
moira Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...The Goddess... Administrateur adjoint

Регистриран: 06.Јуни.2007
Статус: Офлајн
Поени: 26016
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај moira Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2007 во 04:07
Originally posted by brza brza напиша:

a,da ne beshe toj ,..shto go upropasti kameniot most?!,....ili ne...Confused

TI BRZA OD MNOGU BRZANJE RABOTITE TI POMINUVAAT TAKA, MOSNE BRZO PA NAJVEROJATNO NE SI VO MOZNOST DA GI ZAPAMETIS! PASKO NE E TOJ STO GO UPROPASTI KAMENIOT MOST, VASIL ILJOV E KREATIVECOT NA KORITOTO STO NI SE PLASIRA KAKO AVTENTICEN IZGLED NA KAMENIOT MOST. ISTOTAKA TOJ E I VINOVNIKOT NA URNUVANJETO NA STRAZARSKATA KULA I NOSITEL NA IDEJNIOT PROEKT ZA NOVIOT IZGLED NA KAMENOTO KORITO.
Кон врв
brza Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај brza Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јули.2007 во 08:50
Originally posted by moira moira напиша:

Originally posted by brza brza напиша:

a,da ne beshe toj ,..shto go upropasti kameniot most?!,....ili ne...Confused

TI BRZA OD MNOGU BRZANJE RABOTITE TI POMINUVAAT TAKA, MOSNE BRZO PA NAJVEROJATNO NE SI VO MOZNOST DA GI ZAPAMETIS! PASKO NE E TOJ STO GO UPROPASTI KAMENIOT MOST, VASIL ILJOV E KREATIVECOT NA KORITOTO STO NI SE PLASIRA KAKO AVTENTICEN IZGLED NA KAMENIOT MOST. ISTOTAKA TOJ E I VINOVNIKOT NA URNUVANJETO NA STRAZARSKATA KULA I NOSITEL NA IDEJNIOT PROEKT ZA NOVIOT IZGLED NA KAMENOTO KORITO.
   eeehh,...djabe si mi ti tolku bavna,...koga ne si sfatila deka ne rekov deka e ,..tuku da ne e toj,...ima razlika,..Big%20smile
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
Кон врв
MoNiKa Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 06.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 197
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај MoNiKa Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јули.2007 во 12:24
Originally posted by морски морски напиша:

Најновото археолошко откритие
Во Струмица на Цареви кули откриена средновековна црква



Најновото археолошко откритие во ископувањата на легендарните Цареви кули во Струмица се остатоците од средновековната црква од 13 век со фрагментиран фрескоживопис. Ова откритие претставува големо изненадување за археолозите, бидејќи не очекувале таа да се појави на северниот влез на тврдината кој гледа токму кон градот Струмица


„Моментно се врши дефинирање на оваа црква од која се извади богат фрескоживопис, а излезе и една монета, која, најверојатно, е имитација на латинска или бугарска монета, што значи дека црквата најрано може да биде од 13 век, иако лично мислам дека е од 12 век, всушност, од времето кога била подигната тврдината од комненовскиот период”, изјави Зоран Рујак, археолог во Завод и музеј во Струмица.
Со средновековната црква, како и со црквата „Свети Петнаесет”, под Орта-џамија и со други објекти околу Струмица, дефинитивно, се потврдува дека овој регион бил препознатливо место во југоисточниот дел на државата како еден од главните верски и религиозни центри во Македонија од средниот век.
Во целокупната реконструкција на Царевите кули откриената црква може да биде токму оној детаљ кој ќе помогне Струмица да го добие изворниот контекст на средновековието над самиот град. Засега единствена пречка за тоа е изградениот предавател на МРТВ од пред триесетина години врз темелите на црквата и, според археолозите, ќе биде најдобро тој да се дислоцира.
Според првите сознанија, црквата има еднокоробна основа, северен трем и со јужна капела од некоја подоцнежна фаза.
„Црквата што ја откривме е со нарушување на ѕидната структура, што укажува дека еден дел е урнат со поставување на трафостаницата, а на другиот дел од црквата имаме констатирано траги од палење”, изјави Живко Велковски, историчар на уметноста. Според него, фрескоживописот откриен во црквата ја потврдува богата сликарска традиција која во Струмичко бележи континуитет од 1.600 години, почнувајќи од лапидарните форми во Римската терма во Банско, преку црквата „Свети Петнаесет”, Орта-џамија и манастирите во Водоча и во Вељуса.
На најпрепознатливиот белег на Струмица - Цареви кули се работи повеќе од еден месец. Со пари од европските фондови и од касата на Струмица во вкупен износ од 455 илјади евра, треба се изврши реконструкција на двете кули, изградба на пристапен пат, туристичка презентација и понатамошно археолошко истражување.




E NA BELASICA SE TERE GRAT DA SE OTKRIE OT POD ZEMJATA
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123 4>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.