![]() |
|
QUR'AN-от ЈА ПРИЗНАВА БИБЛИЈАТА |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 192021 |
Автор | |
чаир ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Јануари.2007 Статус: Офлајн Поени: 950 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Пред да ставиш некој пост проверија неговата веродостојност а не да мелеш како празна воденица Старозаветниот текст скоро во целост е напишан на староеврејски јазик, освени некои мали делови кои се напишани на арамејски јазик, јазикот на кој се говорело во месопотамија, јазикот на кој говорел и нашиот Спасите Господ Исус Христос. Новиот завет скоро во целост е напишан на говорен грчки јазик односно ја јазикот кои го говореле обичните луѓе. Местото на грчкиот јазик во тој периот е на сразмена висина со англискиот јазик денес, значи грчкиот јазик е универзален јазик кој се говорел во Римската империја. Првиот превод на старозаветниот текст се нарекува "Септуагинта " односно преводот на седумдесетмината кој бил направен за потребире на онеи евреи кои живееле во Александрија и во други места каде доминантен јазик бил грчкиот, зошто младото еврејско население почнало да го заборава својот јазик. "Септуагинтата" е настаната во 275 година пред Христа, а по неја се настанати и ддругите древни преводи на Светото Писмо како на пр. "Пешитото" во 2 век по христа, латинскиот превод "Вилгата", Грузиските, Готските преводи од 4 век по Христа, а на Еврпскиве простори најстар превос на Светото Писмо е преводот на Светите браќа Кирил и Методиј од 10 век. Одни од најстарите зачувани текстови од Светото Писмо се Кумранските ракописи кои не ме фаќајте за збор мислам дека се од 2 век по Христа, но ќе проверам,а денеска Библијата е преведена на повеќе од 3300 јаици |
|
Нова заповед ви давам да се љубите еден со друг како што Јас ве возљубив така и вие да се љубите еден со друг.По тоа ке ве познаат сите дека сте мои ученици, ако имате љубов меѓу себе (Јов. 13-34,35)
|
|
![]() |
|
aladin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2043 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ako sumnjaš u ono što ti objavljujemo, upitaj one (Židovi i kršćani) koji čitaju Knjigu (Stari i Novi zavjet), prije tebe objavljenu. (k*ran 10, 94)NI PROROKOT NE SI GO SLUSAAT VEKE ! |
|
![]() |
|
coolio ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 13.Февруари.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 129 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Da se povrzam so temava, Ku`ranot gi priznava site bozji knigi , istaknati se Zebur, Tavrat, Indzil i Ku`ran, a zosto vie ne go priznavate k*r`anot ?
cim se slozuvas so toa, zosto ne se slozis i so ova?
nego vo biblijata ima 50.000 greski, zarem da priznaeme deka taa biblija e istata i od togasno vreme ?
patem nema orginalna biblija zacuvano od vremeto na isus, najstariot zapis e od 15-ti vek , zarem mala li e razlikata od 1500 godini ?
malku da razmislite ke svatite, ali samo pametnite svakaat za zal.. pozdrav
|
|
Sega znam deka nisto ne znam (sokrat)
|
|
![]() |
|
belichka ![]() Сениор ![]() Регистриран: 30.Октомври.2006 Статус: Офлајн Поени: 2023 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
nekoi clenovi ednostavno poluduvaat....zashto |
|
Blagosloven e Onoj Koj ide vo imeto Gospodovo
|
|
![]() |
|
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
se izvinuvam poradi pecatnite greski, osobeno ona: K*ranot, normalno treba da bide k*r'anot, neznam zosto mi izleguva zvezdicka hm
|
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
![]() |
|
EvAngelos ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Doulos Evangelos Регистриран: 28.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 9913 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ку'ранот и го признава авторитетот на Библијата Самиот Ку'ран, највисокиот авторитет на сите муслиманите, и го признава авторитетот на Библијата. Да го разгледаме тоа низ следниве сури (глави): Сура Ел-Бекара 2:136 посочува на тоа дека нема разлика помеѓу предходните книги и оние на Ку'ранот, вели: " Ние веруваме во Аллах, и во она што ни е објавено, и во она што му беше објавено на Ибрахим(Авраам), и на Исмаил, и на Исхак(Исак), и на Јакуб(Јаков), и на внуците; и во она што му е дадено од Господарот нивни на Муса(Мојсеј), и на Иса(Исус), и на пејгамберите(пророците) пред нив. Меѓу нив ние не правиме никаква разлика. И на Аллах сме Послушни!" Сура Ал-И-Имран 3:2,3 продолжува, " Аллах! Нема друг бог освен Него! Жив и Постоен! Тој ти објави Книга, со Вистина и со Потврда за она што беше: Тој објави и Теврат(Мојсеевиот Закон) и Инџил(Евангелието, за Исус) пред тоа, Патоказ за луѓето " Сура Нисаа 4:136 оди уште подалеку предупредувајќи ги Муслиманите да " О верници, верувајте во Аллах, и во пејгамберот Негов и во Книгата која ја објави на пејгамберот Свој и во секоја книга која ја објави порано." Во Сура Ма-ида 5:46, 47, 68 ние наоѓаме директен повик до Христијаните да веруваат во своите книги: " По трагите нивни го испративме Иса, синот на Мерјем, Потврда за она што беше меѓу нив од Теврат, и му објавивме Инџил. Во него има Патоказ и Светлина, и Потврда за она што беше меѓу нив од Теврат, Патоказ и Ука за богобојазливите! " - Сура 5:46 " И следбениците на Инџилот нека судат според она што го објави Аллах во него. Оние кои не судат според она што го објави Аллах-та, расипани се! " - Сура 5:47 " О следбеници на Книгата, вие не сте ништо додека не се придржувате кон Теврат и кон Инџил и кон она што ви е објавено на Господарот ваш. Она што е објавено од Господарот твој ќе го засили сигурно, кај многу од нив, насилството и неверувањето, но, тогаш, не задавај си грижи за народот невернички!" - Сура 5:68 За да се зацврсти оваа идеја, за авторитетот на Новиот и Стариот Завет ние читаме во Сура 10:94 дека муслиманите се советувани да се обратат кон овие книги ако се сомневаат во нивните книги. " Ако си при сомнение во она што Ние ти го објавивме, тогаш, прашај ги оние кои ја читаат Книгата пред тебе. Веќе ти дојде Вистината од Годподарот твој, никако немој да бидеш меѓу сомневачите!" - Сура 10:94 И за да се нагласи оваа точка, советот е повторен во Сура 21:7. " И пред тебе Ние испраќавме луѓе на кои им објавивме. Па, прашај ги Следбениците на Опомената ако вие, навистина, не знаете." - Сура 21:7 Конечно во Сура Анкабут 29:46 на Муслиманите им е наредено да не ги оспоруваат книгите на Христијаните, велејќи: "И не расправајте се со Следбениците на Книгата, освен на најдобар начин, а не и со оние меѓу нив кои зулум направија. И кажете: ,,Веруваме и во она што ни се објавува и во она што ви се објавува. И нашиот и вашиот Бог е еден Бог; ние сме само Нему Послушни. " - Сура 29:46 Ако нешто е јасно од овие Сури, тоа е дека Ку'ранот ги потврдува Стариот и Новиот Завет како автентични и авторитетни Божји откровенија. Ова се совпаѓа со она што веруваат и христијаните. Во основа, никаде во Ку'ранот нема било какво предупредување дека предходните книги биле изменети, ни па дека биле противречни. Ако Ку'ранот навистина бил конечното и комплетното откровение, и ако тој бил, како што тврдат муслиманите, печатот на сите предходни откровенија, тогаш сигурно авторот на Ку'ранот би предупредил и би посочил на тоа што евентуално би било променето во предходните свети книги. Но таква изјава во Ку'ранот нема! Никаде во Ку'ранот не наоѓаме ниту еден стих кој вели дека Библијата си противречи или пак дека била изменета. Има некои муслимани кои тврдат дека според Сура 2:140, евреите и христијаните ги измениле нивните книги. Овој стих вели: (обраќајќи се на евреите) Или зборувате: ,,Ибрахим, и Исмаил, и Исхак, и Јакуб, и внуците беа Евреи или христијани. Кажи: ,,Вие знаете повеќе или Аллах?,, Има ли некој полош од оној кој го крие изразувањето на верата која доаѓа од Аллах? А Аллах не е невнимателен кон она што го работите! - Сура 2:140 Меѓутоа, никаде овој стих не укажува на тоа дека евреите или христијаните ги измениле нивните книги. Само се спомнува дека некои евреи го криеле изразувањето на верата која доаѓа од Алах. Со други зборови, изразувањето т.е. сведоштвото на верата била сеуште меѓу нив, но некои од нив одлучиле јавно да не ја изразуваат својата вера. Нешто слично како во времето на комунизмот, кога лесно се губеше работа ако некој јавно исповеда дека е христијанин, па некои одлучуваа да си ја притајат својата вера во кругот на своето семејство. Ако нешто овој стих потврдува, тоа е дека верата која доаѓа од Аллах веќе постоела меѓу евреите. И уште една работа за која муслиманите мора добро да размислат пред да ја обвинуваат Библијата за противречна е фактот што и христијанските книги и муслиманскиот к*ран се држат до една иста премисата дека Бог не го менува Својот Збор. Тој не ги менува Своите откровенија. Сура Јунус 10:64 вели: "Не може да има промена во зборовите на Аллах. " Ова е повторено и во Сура Ал Анам 6:34: "Не постои никој кој може да ги промени зборовите на Аллах". Истото го наоѓаме и во Сура Ќаф 50:28,29. Во Библијата, исто така, има многу стихови кои зборуваат за непроменливоста на Божјиот Збор, како на пример: Второзаконие 4:1,2; Исаија 8:20; Матеј 5:17,18; 24:35; Откровение 22:18-20 итн. Заклучок: Ако Ку'ранот и го признава авотитетот, Богоинспираноста и веродостојноста на Библијата, и ако Мухамед не предупредил за некоја евентуална промена на светите книги од страна на христијаните и евреите (а воедно предупредувал и ги критикувал за многу други поневажни работи), и најпосле, ако Ку'ранот тврди дека не е можно да има промена во зборовите на Алах и уште повеќе дека никој не може да ги промени зборовите на Алах, ТОГАШ од каде таа идеја на муслиманите дека Библијата е полна со контрадикции и дека христијаните ги менувале. Зарем со оваа изјава тие не си противречат со самите себе и со нивниот Ку'ран? Зарем не е тоа меч со две острици? Изменето од EvAngelos - 16.Ноември.2007 во 01:59 |
|
Посветен на изворното христијанство проповедано од Христос и апостолите.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 192021 |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |