IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 157>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Февруари.2016 во 15:47

ОВА Е НАЈСЕБИЧНИОТ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ВО ЗОДИЈАКОТ!

4
И покрај тоа што е голем пријател, добар човек, како партнер е ужасен затоа што мисли само на себе.

И покрај тоа што важи за најдобра, најпозитивна личност и најголем пријател, овој Хороскопски знак е многу себичен во интимните односи. Секогаш прво ќе мисли како да ги задоволи сопствените потреби и ќе се грижи само за своите чувства.

Дали е добар избор за партнер? Заклучете од следните редови.

Станува збор за стрелец!

Стрелецот секогаш сам себе си си е на прво место. Ќе ви се заколнат на вечна љубов и посветеност, но припадниците на овој знак, постојано ќе гледаат што е она што ним им одговара и како ситуацијата да ја свртат во сопствена корист.

Ако направите грешка, очекувајте дека ќе „ви соли памет“, но никако немојте да се обидувате да го направите истото во обратна ситуација, бидејќи Стрелецот тоа ќе го доживее како една од најдлабоките емоционални навреди.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Февруари.2016 во 09:23

Како реагираат хороскопските знаци кога ќе им кажете дека не се во право?


Никој не сака да го налутите и да почувствува бес, тоа е точно. Но, секој од нас различно реагира кога некој го критикува, го налути или едноставно му каже дека е лоша личност.

kako-reagiraat-horoskopskite-znaci-koga-kje-im-kazete-deka-ne-se-vo-pravo-01.jpg

Секој хороскопски знак има свој механизам на прифаќање или негирање на критиките и додека едни само ќе мавнат со раката и ќе си заминат, други ќе застанат со вас да се расправаат, а некои дури и ќе добијат желба да го удрат соговорникот.

Некои знаци се импулсивни, други мирни, стрпливи и сталожени, а трети бесни и спремни за кавга:

Овен

Овните сакаат да знаат сè и да се мешаат во сè. Даваат многу и го очекуваат истото и од другите. Кога ќе им кажете дека не се во право и дека грешат тие продолжуваат по свое, а ако сте упорни ќе ги доведете до солзи и бесно ќе реагираат на секој ваш коментар.

Очекувајте викање, дерење и паника. Ако искрено во лице им кажете дека не ви се допаѓаат како личности, ќе ја ценат вашата искреност и едноставно ќе ја свртат главата и никогаш повеќе нема да проговорат ни збор со вас.


Бик

Биковите се лојални и трпеливи, но за само еден момент стануваат спремни за напад и жестоки противници.

Ако само се обидете да им ја наметнете сопствената волја и ги критикувате дека не се во право, тие ќе продолжат по свое, макар и со тоа да си наштетат себеси, но сепак да им контрираат на другите.

„Јас не чинам, сега ќе видиш што ќе направам“ – тоа е нивното мото.


Близнаци

Што и да кажат или мислат другите за нив, Близнаците воопшто не ги засега. Полни со самодоверба веруваат дека се најдобри и непогрешливи, а оние на кои не им се допаѓаат може слободно да продолжат по својот пат.

Нив нема да ги повреди ни кога ќе им кажете во лице сè што ви лежи на душата. Дури може да се случи и да ве исмејат за тоа.


Рак

Раковите се нежни, добри и отворени личности и ќе ви дозволат да ги критикувате сè додека не им пукне филмот. Во тој момент ќе сфатите дека и тоа како умеат да бидат осветољубиви и да ве казнат на најлошиот можен начин, и тоа таму каде најмногу ве боли.

Бидете внимателни со Раковите доколку често им зборувате дека не се во право, бидејќи тоа може скапо да ве чини.


Лав

Лавовите се територијални, но и многу суетни. Ако има кажете дека грешат, не се во право и дека заради некој причина не се баш најдобри личности, очекувајте дека тоа ќе ви го запамтат и дека ќе ви вратат со трипати повеќе.

Тие нема воопшто да се двоумат во лице да ви кажат најлоши навреди и пцовки.


Девица

Тешко на оној кој ќе се најде во конфликт со Девица. Доволна им е мала критика за тие засекогаш да ви го запамтат тоа.

Може да ви бидат лути и со години, и иако нема да го покажат тоа, тајно ќе ви се одмаздат кога најмалку очекувате. Најдете начин како суптилно ќе им објасните на Девиците дека не се во право и дека грешат.


kako-reagiraat-horoskopskite-znaci-koga-kje-im-kazete-deka-ne-se-vo-pravo-1.jpg

Вага

Вагите во поглед на ова прашање се малку слични со Близнаците. Воопшто не им е гајле што мислите за нив сè додека не почувствуваат дека се работно или емотивно загрозени.


Скорпија

Скорпиите се јаки, борбени но и многу праведни личности. Нема да се налутат ако им укажете на грешките и дека не се во право.

Наместо да се караат, тие ќе дадат сè од себе и ќе работат на себеси за да не се најдат во иста ситуација повторно кога би ги критикувале и би има кажале повторно дека не се во право.


Стрелец

Кажете му на Стрелецот дека не е во право и ете би бура. Тој ќе се налути и ќе ве „удави“ со аргументи дека вие сте всушност тој кој греши. Ако немате нерви, не впуштајте се во расправа со Стрелците.


Јарец

Јарците се независни и полни со самодоверба, па кога ќе им кажете дека не се во право само ќе одмавнат со раката и слатко ќе се насмеат. Ако премногу ги критикувате нема да поминете добро, бидејќи ќе направат сè за да зажалите за секоја лоша претпоставка или кажан збор.


Водолија

Навистина мора да имате многу силни аргументи за да им кажете на Водолиите дека не се во право, во спротивно ќе посмилат дека сте шарлатан и дека залудно си го трошат времето на вас.


Риби

Знак кој најемотивно реагира на критики. Всушност на оние кои се оправдани. Ако ги навредите и им кажете дека не се во право, ќе почнат да плачат, длабоко ќе ги повредите и ќе прекинат секаков контакт со вас. Засекогаш!

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2016 во 16:13

СТРАВ ОД НЕПОЗНАТОТО: СЕКОЈ АСТРОЛОШКИ ЗНАК СЕ ПЛАШИ ОД СВОЈОТ ПРЕТХОДНИК

6

Секој знак се плаши од својот претходник, бидејќи на некој начин му дише во врат, го има на око. Тоа всушност укажува на една човечка особина – сите многу повеќе се плашат од минатото, од она што го направиле, отколку од она што допрва ќе се случи. Можеби звучи чудно дека Лавот се плаши од Ракот, но така е. Еве го редоследот…

Припадниците на знакот Овен се рационални, реални, секогаш имаат некоја своја математика, изгледаат неуништиво, но се плашат од знакот Риба, од нивната интуиција, нивниот свет кој нема правила и граници, можат секому да му пријдат од зад грб, а никој да не ги забележи.

Знакот Бик се плаши од знакот Овен поради неговата пробивност, експлозивност, Бикот сеуште не се поместил, а Овенот може да заврши работа и да го однесе пленот пред нос.

Знакот Близнаци се плаши од Бикот зошто Бикот може да ја чека цела вечност и да се придвижи во вистинскиот миг, додека тие ја губат целата сила поради недостиг на енергија трпение и лоша организација.

Припадниците на знакот Рак се плашат од Близнаците поради нивното брзо учење, собирање информации, разумно заклучување, Раковите не можат да го издвојат рациото од емоциите.

Припадниците на знакот Лав се плашат од емоциите на Ракот, бидејќи колку и да е Ракот послаб од Лавот, со емоциите може да го загрози егото на секој лав и да му покаже на Лавот дека само си замислува дека Лавот е центар на светот, центар на светот се емоциите.

a86e1146fd20990c1ce63287169f6c46

Знакот Девица се плаши од Лавот поради неговата дипломатија , глума и не му е јасно како Лавот знае да живее во раскош, а да не биде оптоварен со пари, како Девиците.

Знакот Вага се плаши од логиката на Девицата, нејзината точност, прецизност. Кога нешто ќе испланира Девицата тоа е точно до крајност, а додека Вагата измери, Девицата е во голема предност.

Знакот Скорпија се плаши од шармот на Вагата, интелектот и дипломатијата. Додека Скорпијата реши да се отвори, Вагата веќе ги свртела сите околу себе.

Знакот Стрелец  се плаши од мистичната Скорпија, бидејќи Стрелците се деца, не сакаат она што е темно и проткаено со мистерија.

Знакот Јарец се плаши од оптимизмот на Стрелецот, среќата која ги следи и никогаш со нив не се впуштаат во костец.

Знакот Водолија се плаши од времето бидејќи стално трча пред времето, а не е подготвен да се избори со она што бил некогаш. Господар на кармата и минатото е знакот Јарец.

Знакот Риба се плаши од непредвидливоста на Водолијата, начинот на размислување и знае дека ако ја изнервира Водолијата таа ќе го уништи концептот за две секунди и повеќе тоа нема да може да се состави.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2016 во 16:12

ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ И СЕКСУАЛНАТА ПРЕДИГРА

7

Се обидувате да ги „загреете“ страстите помеѓу вас и вашиот партнер за обострано да уживате во претстојната ноќ? Астрологијата и овој пат ќе ви помогне да сфатите што е тоа кое вас двајца ве возбудува и ќе ви обезбеди незаборавно сексуално доживување под чаршавите?

Земјени знаци: Бик, Девица и Јарец

Дел од предиграта на овие знаци се вкусна храна и квалитетно вино. Тие обожаваат масажа, прегратки, допири и еден куп нежности. Земјените знаци се страсни и сензуални типови луѓе, кои брзо ќе се возбудат и ќе се препуштат на милувањата под чаршавите, но само доколку сите нивни сетила, се комплетно задоволени.

Совет: Доколку вашиот партнер е земјен знак, ви советуваме да го нагостите со гурманска храна, добра музика, пријатен мирис и безброј нежни допири. Ако и понатаму се двоумите дали вашиот партнер е подготвен да ја помине вечерта со вас и „да оди до крај“, пробајте со масажа на стапала, притоа употребувајќи лосион со свежа арома или масло.

Огнени знаци: Овен, Лав и Стрелец

Страст, возбуда и опасни, авантуристички доживувања ги „палат“ огнените знаци. Овие личности посакуваат креативност и спонтаност во спалната соба и сакаат да испробуваат нови секс-пози и да експериментираат со повеќе различни партнери. Искусни и по малку диви, огнените знаци ценат кога личноста со која се во кревет, ќе ја покаже својата „дива страна“.

Совет: Доколку се спремате да излезете на состанок со некој огнен знак, изберете некоја невообичаена локација и облечете се во примамлива секси облека. Изненадете ги со некоја интересна играчка или некој специјален подарок. Заземањето улоги или некои други авантуристички сексуални игри, дефинитивно ќе го возбудат вашиот партнер, кој е огнен астролошки знак.

par-123

Воздушни знаци: Близнаци, Вага и Водолија

Овие остроумни и интелигентни личности ќе се возбудат во оној момент кога нивниот ум ќе биде стимулиран. Со добар разговор, разменување интересни идеи и кажување досетки, ќе го одведете вашиот воздушен знак во кревет побрзо отколку што сте очекувале. Бидејќи бакнежите, милувањата и гушкањата не се дел од нивниот заводнички репертоар, пробајте да ги освоите со одбрани интелигентни реченици.

Совет: Ако вашиот партнер припаѓа во астролошката категорија воздушни знаци, неколку часа пред да излезете на состанок со него, испратете му секси СМС-порака или имејл, бидејќи тој неверојатно многу ужива во сексот преку телефон. Пронајдете некои еротски приказни и книги и испратете им ги на вашиот партнер, пред да се видите, за да му ги „подгреете“ страстите.

Водни знаци: Рак, Скорпија и Риби

Романтичните и чувствителни водени знаци, сакаат прво да се почувствуваат емотивно поврзани со партнерот, пред да се поврзат на други начини. Ним им е потребно да мислат дека нивниот партнер можеби е нивната животна судбина или дека нивната врска има некаква цел и води кон нешто или пак да осетат обострана магнетска сексуална привлечност, пред да се „претопат“ во прегратките на својот партнер. Целосно ги вклучуваат нивните емоции во секоја ситуација, па ако не сте доволно внимателни со нив во своите постапки, тие ќе се премислат во врска со вас и ќе го вратат односот кој го градите, за неколку чекори наназад.

Совет: Магнетизирајте го вашиот партнер кој спаѓа во категоријата водни знаци, со долготраен, непрекинат контакт со очи, бидејќи тој ќе го „прочита“ она што го чувствувате за него преку вашиот поглед. Кога им се обраќате на овие знаци кажете малку, но одбрани зборови кои ќе имаат подлабоко значење за нив. Водните знаци ценат нежна, но истовремено длабока и страсна ноќ под чаршафите и еден куп бакнежи.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Февруари.2016 во 16:14

ХОРОСКОП: ЅВЕЗДИТЕ ЌЕ ВИ ПОКАЖАТ КОИ ОД ЗНАЦИТЕ СЕ ЗА ВРСКА, А КОИ САМО ЗА АВАНТУРА

28

Што велат ѕвездите: Кој хороскопски знак ви одговара за врска, а кој за луда авантура?

Овен

За врска: Одличен однос можете да остварите со Лавот, бидејќи сте емоционално компатибилни. Лавот ќе ве разбере и поддржува во сè, а водено ќе биде и одличен пријател и љубовник.

За авантура: Вагите се идеални ако сакате со некого да имате незаборавна авантура. Со овој знак покрај страста ќе почувствувате и неодолива сексуална привлечност.


Бик

За врска: Со Девицата можете да имате складен однос, бидејќи одлично се разбирате и имате слични сфаќања и ставови за многу работи.

За авантура: Со Скорпијата страстите никогаш нема да ви недостасуваат – штом ќе ви се сретнат погледите, желбата ќе биде обострана.


Близнаци

За врска: Вагата е вашиот идеален партнер со кој можете да делите буквално сè. Никогаш нема да ви биде здодевно, а вашиот однос ќе биде полн со разбирање и внимание.

За авантура: Стрелецот знае како да ја разбуди страста во вас, а друга страна нема да ве гуши и да ви создава притисок.


Рак

За врска: Со Скорпијата можете одлично да се согласувате, толку многу што ќе ви биде доволен само еден поглед за да се разберете.

За авантура: Јарецот може да ви го помати умот, а истовремено и да ви влее самодоверба и сигурност иако тоа не води никаде.


Лав

За врска: Со Стрелецот совршено се вклопувате. Ви одговара неговиот слободен дух, но и заштита која ви ја овозможува.

За авантура: Бурен и незаборавен однос можете да имате со Водолијата, бидејќи и двајцата сакате возбуда и добра забава.


Девица

За врска: Со Јарецот одлично се разбирате, си давате еден на друг сигурност, двајцата сте нежни и постојано си покажувате љубов.

За авантура: За некоја кратка авантура, Рибата е идеален партнер. Со неа ќе имате незаборавни моменти исполнети со страст.

Вага

За врска: Со Водолијата можете да имате прилично интересен однос полн со возбудливи моменти. Со сигурност ќе уживате во заедничките моменти. И двајцата сакате предизвици и патувања.

За авантура: Никој не може да ги разгори страстите во вас, како Овенот. Знае како вистински да ве задоволи.


Скорпија

За врска: Со Рибата можете да уживате во однос исполнет со нежности и романтика. Во сè се надополнувате.

За авантура: Страствени моменти можете да имате со Бикот, уште при првата средба ќе почувствувате силна привлечност кон него.


Стрелец

За врска: Со Лавот можете да остварите динамична и складна врска. Нему ќе му давате простор да се развива, а Лавот ќе знае како да ве заштити.

За авантура: Незаборавни моменти во креветот можете да имате со Близнаците. Колку сте во другите полиња различни, толку се вклопувате во ова.


Јарец

За врска: Со Бикот можете да имате стабилна врска. Верни сте еден на друг и се поддржувате во сè.

За авантура: Со Ракот страстите можат да пламнат во секунда – еден на друг никогаш нема да си досадите.


Водолија

За врска: Со Близнаците можете да имате однос кој никогаш не е монотон. И двајцата сте друштвени и слично размислувате.

За авантура: Лавот е тој кој може да ви овозможи незаборавни моменти. Кога ќе се најдете во иста просторија, зрачите со привлечност еден кон друг.


Риби

За врска: Со Ракот можете да имате однос полн со разбирање и почит, а водено и врска во која нема да ви недостасува романтика.

За авантура: На Девиците не можете да им одолеете, помеѓу вас постои хемија која веднаш ви го поматува умот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2016 во 08:49

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП: НАЈНЕСРЕЌНИ ЗНАЦИ ВО ЉУБОВТА ОВАА ГОДИНА, А НАЈСРЕЌНИ?

4

Овен
Самиот почеток на 2016 ќе биде добар за љубовта посебно за оние слободните. Ќе имате неколку прилики за нова љубовна врска од кои барем една сигурно ќе остварите. Пролетниот период ќе почувствувате мала стагнација и највероватно на ова поле нема ништо да се случува се до месец мај, која состојбата одеднаш станува исклучително поволна. Планетата на љубовта, Венера, ќе биде во вашиот знак преку целиот овој месец и ќе биде добро аспектирана од вашиот владетел Марс. Позитивниот период ќе трае се до јуни, па така и доста овнови во овој период можеби ќе влезат во посериозна љубовна врска, а некои и во брак. Неповолноста на работното место за среќа ќе ја компензирате во љубовта, а тоа и ќе ве прави среќни. Првите проблеми кои ќе ги почувствувате ќе бидат во јуни. Можни се нагли прекинувања кои како причина би биле тајните љубовни врски дали од ваша страна или од страна на партнерот. Највероватно летниот период ќе бидет сами во смисла без љубовен партнер, но затоа пак комуникациите дружењата и патувањата ќе ви бидат особено нагласени. Крајот на летото се појавуваат и некои посериозни проблеми во семејството кои како причина ќе бидат проблемите од работното место или можеби вашата финасиска состојба. Месец август е особено критичен за љубовта, додека пак септември за бракот. Исто така и во октомври продолжува нехармоничноста во семејството и бракот додека првото разведрување и малку посмирена состојба може да очекувате дури во втората половина од декември. Во целост 2016 е позитивна за љубовта особено првата половина, па затоа искористете го овој период за зацврстување на врската.

Бик
Цел јануари и дел од февруари, планетите се одлично поставени за љубов. Единствено мала пречка ќе биде динамичниот деловен живот кој нема да ви даде доволен простор слободно да уживате во љубовта. Ќе имате доста прилики за страствени врски и возбудливи настани. Ќе имате и такви кои ќе бараат од вас да донесете сериозни одлуки. Бидете мудри послушајте го малку и разумот, а не само срцето. Во втората половина на февруарии почнуваат да владеат променливи аспекти, ќе ве зафати делумно љубомоирата и преку целиот период ќе ви биде главен напријател. Ваквата состојба ќе потрае се до Мај, кога вашиот владете, Венера, ќе влезе во вашиот знак. Летниот период ќе ви биде исклучително интересен за слободните Бикови на кои ќе им се овозможи една прилика за воспоставување на повебен однос со необична личност од нивната деловна средина. Оние кои се во врска, летниот период ќе го поминат заедно со партнерот, со многу излегување, патување и сл. Пад на енергијата, а со тоа и зголемена нарвоза, се појавува во август. Одненадеж ќе станете незадоволни од партнерот и неговите постапки, а можеби и ќе се појави на видик и некоја нова љубов па ќе сакате да раскрстите со старата. Монотонијата некако ќе ве гуши па затоа во овој период често ќе излегувате со пријателите кои во последно време сте ги запоставиле. Есенскиот период повторно ќе биде под позитивно влијание, слободните ќе имаат уште неколку нови прилики за влегување во врска, но овој пат ќе има многу поголемо разбирање отколку во летниот период. Ќе бидете полни со разбирање, внимане, љубов и страсти. Зголемената агресивност и желбата за промени можат да бидат критични за вашата врска во октомври и ноември. Постојано ќе бидете во некакво исчекување со разбудени страсти кои тешко ќе се вклопат кај вашиот партнер. Декември ќе успеете да ги надминете сите проблеми па 2017-та ќе ја дочекате со многу позитивна енергија.

Близнаци
Иако ќе бидете помалку меланхолично расположени, сеак може да се каже дека во јануари, ќе бидете исполнети на љубовен план. Добрата комуникација и можните кратки патувања би можеле да ви донесат средби и се разбира љубовни врски, меѓутоа од краток рок. Мала љубовна криза и несогласувања со партнерот, може да се појават доколку сте во врска, меѓутоа сето тоа брзо ќе се надмине во февруари, кога планетата на љубовта поволно ќе се постави за вас и ќе остане во таква положба се до почетокот на јуни. Значи, во целиот пролетен период ќе имате многу прилики за нови љубовни врски и хармонија во љубовта доколку сте заљубени. Првите кризи ќе ви се појават во втората декада од јуни, посено кај Близнаците кои се во долги врски. Слободните, своето незадоволство, ќе се обидат да го решат со бурни и страствени авантури или пак со бегање од љубовта, а како изговор ќе им се најде работата и многуте обврски. Бидете внимателни во овој период околу донесувањето на некои одлуки, бидејќи, голема е веројатноста погрешно да ја процените ситуацијата и да направите катастрофална грешка. Планетите повторно се поставуват во ваша корист во месец јули, кога Венера ќе бидат во вашиот знак. Периодот е особено поволен за љубов во поседната декада од месецот. Во август помалку ќе се оладите од сите тие бурни настани, се некако ќе ви биде здосадено, па повеќе ќе ве интресира дружењето со пријателите отколку љубовта. Од друга страна, како пречка можат да се јават и деловните обврски, па многумина од вас ќе имаат малку време за љубов и романтика. Би било добро да избегнувате секакви расправии во овој период посебно со оние кои ги сакате. Во септрември и октомври ќе бидете особено шармантни и привлечни за околината меѓутоа и многу кобни за туѓите срца. Ова е интересен период за вас, меѓутоа не и за другите, на кои со вашата непосотојаност можете да им нанесете штета. Последните два месеци од 2016 ќе имате периодични кризи во љубовниот живот, но позитивно е тоа, што точно ќе сознаете што сакате од луѓето и дали сте доволно здрели за нешто посериозно во врската. 2016 е поволна година за љубов за Близнаците, посебно за време на летниот период.

Рак
Планетите се одлично поставени за љубов во јануари и би било добро да го искористите овој период за средување на емотивните односи или нови љубовни врски за слободните. Би било добро, овие зимски денови, да ги поминете во магијата на љубовта и страстите, додека оние кои се во брак да уживаат во слаткото помирување со партнерот или пак да остварат некои нови односи кои повеќе ветуваат. Искористете го јануари, бидејќи февруари, ќе се соочите со првите љубовни проблеми, кои ќе се појават поради вашата нагласена агресивност и раздразливост. Ваквата состојба ќе ве прати подолго време, поточно преку целиот пролетен период, во кој постојано ќе имате несогасувања и расправии со партнерот. Ќе го обвинувате за невнимтелност и индиферентност, а неговата воздржаност од расправии уште повеќе кај вас ќе предизвикува бес, па врската може да ја доведе до крај. Слободните може да влетаат во нејасни авантури или пак љубовни врски со агресивни партнери. Како и да е, ќе бидете незадоволни. Новите бранови на љубов и страст, а и романтични приказни, можете да ги очекувате во јуни. Летниот период може да биде многу интересен за Раковите кои се во врска, поточно оние кои го издржале негативниот уплив во пролетниот период. Ќе имате доста хармонични односи со партнерот, а ако сте слободни можете да остварите врска за која долго време сте мечтаеле. После стабилниот и смирен јуни и јули, во август повторно ви се враќаат некои љубовни проблеми, меѓутоа надојдените страсти и исклучителниот шарм и привлечен изглед, во многу ќе ви помогне да ги избегнете проблемите. Некоја личност од минатото би можела да ви ги поремети плановите во септември и повторно да ве вознемири и да ви ги отвори старите рани. Октомври ви носи интензивен друштвен живот со многу динамика и возбудување. Во овој период доста прилики ќе имаат слободните Ракови, а и оние кои се во врска, тешко ќе се воздржат на многуте заведувања од страна на доста симпатични и интересни личности. Во ноември нагласени се некои мали, но сериозни проблеми кои ќе ви донесат нервози и несогалсувања, меѓутоа ќе бидат добра причина за средување на односите во семејството и решавање на некои проблеми кои долго време се завлечкуваат.

Лав

Се ќе почне убаво, но ќе трае кратко само за новогодишните празници. Ќе бидете вистински зимски заведувач кој ќе подарува возбудливи и неочекувани љубовни понуди. Ќе бидете доста комуникативни и ќе имате прилика сите околу вас да ги забавувате. Едноставно ќе уживате во вниманието од околината и обожавателите. Но уште еднаш тоа кратко ќе трае. Веќе веднаш после новогодишните празници почнуваат проблемите. Ќе ве прати чувство на незадоволство и осаменост. Ваквата состојба ќе трае до наредниот месец кога работите одеднаш позитивно се поставуваат. Ќе следат пријатни настани кои помалку ќе ве збунуваат и изненадуваат, меѓутоа во тоа ќе уживате. Слободните ќе имаат прилика да уживаат во комбинација на страсти и егзотика, додека оние кои се во врска ќе внесат нови страсти и обновени емоции. Ваквата состојба ќе ве прати цел пролетен период. Во мај ќе бидете доста популарни кај личностите од спротивниот период и тоа навистина ќе ви годи. Првите летни денови ќе бидете помалку збунети со наглите напади на страст и разгорените емоции. Оние кои се во врска може да западнат во скриена и возбудлива авантура која поради мали грешки може лесно да се открие. Во јули и август повторно ќе бидете под позитивно влијание на планетата на љубовта и после помалку нестабилниот и хаотичен јуни повторно ви се враќа стариот оптимизам и насмевка на лицето. Се до 21 септември ќе уживате во средените односи со партнерот и неговата прегратка. Првите сериозни проблеми ќе ви се појават во ноември кога се можни нагли прекини на врската, а кај некои можат да завршат и со афери. Долгорочните врски ќе почнат да заладуваат како и атмосферата во семејството доколку сте во брак. Ваквата состојба ќе се стабилизира дури во декември кога ќе ви требаат многу повеќе сила, енергија и трпеливост за да ги решите направените проблеми. Оние кои полесно ќе поминат во декември не им останува ништо друго освен да се зафатат со веслба, ведро расположение и задоволно да размислуваат за деновите кои донесуваат нови предизвици и возбудувања.

Девица
Големиот шарм и привлечност ќе бидат основни карактеристики за Девиците во месец јануари. Постојано ќе бидете опкружени со додворувачи кои ќе ви обрнуваат големо внимание, а тоа се разбира дека добро ќе ви дојде. Добро ќе биде ако и целата година биде како јануари, но за жал од февруари ќе се соочите со љубовните проблеми. Ќе ви се појави некоја желба за нешто забрането, нешто таинствено, а таквите желби можат да ве натераат да направите некои погрешни чекори или ако не повеќе да се одалечите од партнерот. Позитивно е тоа што ќе бидете доста прилагодливи, а можеби и набрзо ќе ги корегирате грешките. Ваквата состојба ќе трае се до мај кога Венера ќе влезе во вашиот пријателски знак на Бик, па ќе ви разбуди желби за промени и динамика. Во овој месец ви се отвораат нови љубовни познанства кои можат да го збогатат вашиот љубовен живот и малце да ги подпрошират вашите љубовни сваќања. Преку целиот летен период ќе водите богат друштвен живот исполнет со флерт и многу авантури додкеа оние кои се во врска ќе уживаат во складната комуникација и дружењето со партнерот. Мали проблеми и несогласувања ќе ве зафатат во август. Овој е критичен месец за оние кои пресно ја започнале врската. Со влегувањето на Венера планетата на љубовта во вашиот знак кон средината на август, сите љубовни проблеми ќе прекинат, а вие влегувате во период на романтика исполнет со многу топлина и пријатни настани. Слободните ќе имаат исклучително добри прилики за нова љубовна врска и тоа ако не го сторат во овој период подоцна можеби ќе немаат прилика тоа да го сторат. Во октомври и ноември вашиот љубовен живот ќе влезе во период на стагнација и незадоволство, а деловните обврски ќе ве натераат да размислувате на прекин со партнерот и да се откажете од борбата за хармонизирање на работите. Ви треба повеќе трпение бидејќи во декември влегувате во добар период во кој сите проблеми во љубовта ќе прекинат

Вага
Во емотивен живот, позначајни збиднувања очекувајте во втората половина на годината. Иако извесни бранувања во љубовниот живот ќе се забележат и на почетокот на февруари, сепак до посериозни познанства и до ваше поголемо ангажирање на ова поле ќе дојде на почетокот на летната сезона. Во март нагласени ви се проблемите во семејството и тоа највероватно ќе биде релација татко-син. Пролетниот период ќе помине без некои посебни збиднувања додека повторно во месец мај семејните проблеми не кулминираат. Во јули ќе имате прилика да му ставите крај на семејните проблеми, меѓутоа ќе ви треба помош од целото семејство. Во овој период ви се откриваат и некои тајни во врска со некоја стара љубов, па постои можност за обновување на истата. Месец август сите активности ќе бидат поврзани со љубовта само овој период ќе морате да внимавате да не бидете измаемни од страна на партнерот или вие да го направите истото, па да бидете откриени. Како и да е, во овој месец тајните ќе бидат многу кратки. Слободните со помош на блиски пријателли ќе се потрудат да влезат во врска за која и самите ќе бидат сигурни дека не е онаа вистаинскта која ја посакуваат. Највероватно кратко ќе трае, но ќе ви донесе големо искуство. Септември не е добар за Вагите во брак. Ќе имате доста недоразбирања со партнерот, проблеми во комуникацијата и секако со финансиите. Некој ќе троши многу повеќе отколку што ќе заработува и тоа секако дека ќе биде проблем. Ќе почуствувате дека не е во ред нешто со вашиот партнер и ќе се обидете да му помогнете. Меѓутоа тоа уште повеќе ќе ве одалечи, па во еден момент навистина не ќе знаете што да правите. Можеби најдобро е да ги прифатите работите такви какви што се без многу драматизирање. Издржете го овој месец веќе кон самиот крај облаците се разидуваат, па тогаш ќе можете да донесете некои посериозни одлуки. Во октомври и ноември овие проблеми ќе се надминат кога односите конечно ќе се хармонизираат, а ќе му се стави и крај на некои минат прооблеми кои долго време сте ги одложувале. Во декември, слободните ќе продолжат со возбудувањата преку целиот период. Кратката љубовна авантура ќе ви остави добар впечаток, па сега се обидувате да ја поправите.

Скорпија

Зимскиот период ќе биде во знакот на љубовта за сите Скорпии. Пречка ќе ви биде зафатеноста во деловниот живот, па не ќе можете целосно да се посветите. Во моментите кога ќе престанат деловните активности поради кои ќе ги потиснувате сите останати проблеми ќе се насочите кон размислувања за вашиот љубовен живот. Во таквите моменти ќе ви пукаат старите страсти, па тешко дека ќе можете да останете рамнодушни. Многумина од вас немајќи време да се посветат на овој дел од животот можеби ќе и се вратат на некоја стара љубов. На оние на кои работата им е порелаксирана ќе имаат многу прилики за нова врска. Ќе сретнете неколку личности кои ќе ги возбудувате веќе на прв поглед, а интересто се повеќе ќе се зголемува како подлабоко навлегувате во комуникацијата. Скорпиите во брак и оние во трајните врски конечно ќе успеат да решат некои несогласувања со партнерот. Не го одложувајте разговорот со партнерот, сторете го тоа до почетокот на пролетта, бидејќи подоцна нема да имате така поволни прилики. Последната декада од март е помалку незгодна за брачните врски, расправиите ќе бидат чести, но донекаде и позитивни, ќе ви помогнат да ги преуредите односите со партнерот и така повторно да се разгорат старите страсти, доколку врската ви се истрошила. Бидете сигурни дека расправиите ќе ве спасат од конечниот прекин. При тоа цело време имајте на ум што сакате и што очекувате од партнерот а и од самата врска. Само со такви претпоставки ќе можете да ја решите ситуацијата и за двете страни. Во летниот период мора да бидете внимателни, ве очекува некое разочарување од страна на партнерот и нагло прекинување на врската. Есенскиот период ќе ви биде комплетно насочен кон љубовта посебно во октомври и ноември кога ќе ги искористите последните шанси за влегување во нова љубовна врска која ветува нешто повеќе од забава. Ноември ќе биде плоден за слободните.

Стрелец
Постојано ќе бидете опкружени со атмосфера на незадоволство и расправии со партнерот и личностите кои ги сакате. Ќе се трудите на бесмислен начин да ги решавате проблемите, а тоа ќе биде или со кратки и неморални авантури или со купишта на деловни обврски. Студениот февруари полека ќе ги смирува надојдените проблеми, а жестоките расправии одеднаш ќе се претворат во љубов и разбирање. Звучи малку неверојатно, меѓутоа како работите се средуваат на работното место, така ќе се средуваат и работните проблеми. Целиот пролетен период, се до јуни, ќе уживате во складниот љубовен живот. Слободните ќе имаат изразен нагласен шарм и нагласена привлечност кој ќе ви овозможат без многу труд да ги остварите своите фантазии и да ја заведете личноста која подолго време ја посакувате. Јуни ќе биде доста непредвидлив месец, интензивносто дружење со пријателите ќе ви оневозможи да внесете нова живост и страст во врската. Набрзо ќе сватите дека сте погрешиле, а тоа ќе се случи откако вашиот партнер ќе стане нервозен и раздразлив, па во јули ќе се обидете да ги средите односите. Во тоа и ќе успеете, романтично патување или летување со партнерот ќе му стави крај на проблемите. Слободните ќе бидат помалку неодлучни, постојано ќе бидат со неконтролирани и нејасни страсти, па можеби летниот период да го поминат сами. Но затоа пак, есента, нуди многу повеќе, посебно месец октомври кога повторно ви се враќа стариот шарм и привлечност. Овој месец е добар за слободните, но и за зафатените ако може така да се каже. Желбата за промени и возбуди може да ве одведе во туѓа прегратка и почеток на нова љубовна приказна. Во ноември и декември ќе внесете нов бран на оптимизам и среќа во вашиот љубовен живот. Овие два месеци се добри за брак, хармонизирање на врските и разнишување на оние разнишаните. Ќе уживате во хармоничниот живот со партнерот и со сигурни чекори ќе влезете во наредната календарска година. Во целост ве очекува доста интересен љубовен живот преку целата година, исполнет со голем број на цврсти врски но и по некоја авантура.

Јарец
Во јануари ќе имате изразена желба за дружење и комуникативност. Речиси цел месец ќе го поминете во атмосфера на хармонија со многу нови пријателски односи а помалку љубовни. Јарците кои се во врска ќе постигнат извонредно добри односи со партнерот и конечно некако ќе се зближат. После помалку нестабилниот февруари, кој ќе го поминете без многу значајни настани, во првите пролетни денови планетите ќе ве надарат со неодолив шарм, која на многу слободни Јарци ќе му овозможи страствена љубовна авантура која долго време ќе ја паметат. Оние кои се во врска, можат да очекуваат голем број на промени кои ќе им овозможат поголемо уживање во врската. Промените тешко ги прифаќате, меѓутоа овој пат ќе ги прифатите без многу двоумење, а тоа е знак дека сте заљубени. Мај ве зафаќа помалку променлива клима. Ќе ве зафати некоја желба за слобода, па можеби многу Јарци кои имале среќни врски да останат сами во овој период. Од јуни повторно влегувате во позитивен период за љубовта, но овој пат со исклучителна смисла за рамантика и нежност. Ваквите афинитети ќе ви донесат пријатни љубовни односи и зацврстување на врската. Слободните ќе се трудат да влезат во нова љубовна врска, меѓутоа за тоа ќе мора да причекаат дури до средината на август. Септември е особено добар за нови љубовни почетоци, па затоа не се трудете по секоја цена да влезете ви љубовна врска во летиниот период. Есенскиот период ќе бидете во доста големи недоумици. Ќе ве зафати недоверба во односот со партнерот и постојано ќе ве наведува на размислување околу вашите желби и длабината на вашите чувства. Коолминација на незадоволствата ќе ве зафати во ноември и овој месец можже да се каже дека ќе биде најкритичниот за вашата љубовна врска и доколку сите проблеми ги надминете, очекувајте во декември повторно да уживате и новата година да ја дочекате заљубени и среќни.

Водолија
Првите неколку дена од новата година ќе ви бидат доста пријатни на љубовен план, меѓутоа набрзо потоа ќе се соочите со некои проблеми. Обидете се да ги смирите надојдените емоции кои ќе ги чувствувате, а секако дека тоа нема да ви биде лесно. Највероватно скоро сте ја прекинале врската и сега ви треба опоравување. Обидете се колку можете побргу да заборавите на минатото и погледнете пред себе бидејќи веќе од февруари планетите позитивно се поставуваат за вас и ваквата состојба ќе остане се до летниот период. Слободните ќе имаат безброј романтични прилики особено во март. Ви се нудат огромни можности да налета онаа вистинската личност, па не ја пропуштејте приликата. Водолиите во брак преку целиот пролетен период ќе бидат непрепознатливо романтични, па можеби ќе го збунат партнерот. Во летниот период, иако ќе бидете презафатени со деловните обврски сепак нема да ја заобиколите љубовта. Ќе имате силна желба за влегување во нова љубовна врска, а шансите за да влетате во некоја која ќе трае подолго ви се големи. Август ќе биде месец во кој најповеќе ќе се дружите. Од ваквиот друштвен живот би можела да се појави нова љубов, меѓутоа сега тоа нема толку да ве интересира. Доволни ќе ви бидат некои минливи авантури кон кои ќе немате некои посебни обврски. Септември нема да биде пријатен месец, ќе ве зафати помала депресија која ќе ја пренесете и во октомври. Ако во овие два месеци ја прекинете врската имајте на ум дека тешко ќе се опоравите од последиците. Во ноември состојбата видливо се поправа, ќе ви се врати оптимизмот и самодовербата, па доколку не сте прекинале со партнерот во претходните два месеци тоа ќе биде доказ колку е силна вашата љубов. Среќниот период ќе продолжи во декември.

Риби
Во љубовта состојбата е слична како во работата. Бран на силни емоции ве зафаќаат уште на самиот почеток од годината. Очекувајте нови почетоци, нова љубовна врска и сл. Искористе го максимално првиот месец од годината, бидејќи понатаму, се до летниот период ќе ве следат променливи чувства. Ќе се запрашувате колку навистина го сакате партнерот и дали е време да го промените. Очигледно дека сте незадоволни од неговото однесувањето па размислувете како ќе постапите. Можеби во прашање е и желбата за промени. Исклучителна прилика за авантура очекувајте во јуни. Воопшто летниот период е одличен за слободните, на кои им престои период полн со многу кратки љубовни авантури. Но да ве предупредиме дека ќе следи и разочарување. Оние кои се во сериозна врска, најповеќе разбирање со партнерот ќе имаат токму во овој период. Можни се мали љубовни незадоволства во месец септември, но со малку толеранција тоа ќе го средите. Октоври може да биде доста критичен за љубовта бидејќи токму во овој месец Венера планетата на љубовта е неповолно поставена спрема вашето соѕвездие. Обидете се да најдете разбирање со партнерот. Месец ноември ќе биде добар за отпочнување на нова љубовна врска, меѓутоа со голема претазливост бидејќи можете да западнете во интриги и игри на некои од вашите пријатели или непријатели. Не дозволувајте работите да излезат од контрола, тоа може да ви оди на голема штета за целата наредна година. Кратки и експлозивни пробелми во љубовта можно е да се појават во месец декември. Можен е скандал во кој ќе бидат вклучени и родителите, или пак ќе се работи за врска со поголема разлика во годините. Исто така во овој месец нагласени ви се конфликтите со некои членови од семејството кои највероватно ќе се појават поради вашата напнатост во комуникациите. Бидете внимателни.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Февруари.2016 во 08:08

Со кого во врска, а со кого авантура? Овните одлично се согласуваат со Лавовите, а Скорпијата и Бикот „за една вечер“


Ѕвездите откриваат кој може да ви биде идеален партнер, а со кого со сигурност ќе имате луда и незаборавна ноќ или страсна авантура.

so-kogo-vo-vrska-a-so-kogo-avantura-ovnite-odlicno-se-soglasuvaat-so-lavovite-a-skorpijata-i-bikot-za-edna-vecer-01.jpg

Што велат ѕвездите: Кој хороскопски знак ви одговара за врска, а кој за луда авантура?

Овен

За врска: Одличен однос можете да остварите со Лавот, бидејќи сте емоционално компатибилни. Лавот ќе ве разбере и поддржува во сè, а водено ќе биде и одличен пријател и љубовник.

За авантура: Вагите се идеални ако сакате со некого да имате незаборавна авантура. Со овој знак покрај страста ќе почувствувате и неодолива сексуална привлечност.


Бик

За врска: Со Девицата можете да имате складен однос, бидејќи одлично се разбирате и имате слични сфаќања и ставови за многу работи.

За авантура: Со Скорпијата страстите никогаш нема да ви недостасуваат - штом ќе ви се сретнат погледите, желбата ќе биде обострана.


Близнаци

За врска: Вагата е вашиот идеален партнер со кој можете да делите буквално сè. Никогаш нема да ви биде здодевно, а вашиот однос ќе биде полн со разбирање и внимание.

За авантура: Стрелецот знае како да ја разбуди страста во вас, а друга страна нема да ве гуши и да ви создава притисок.


Рак

За врска: Со Скорпијата можете одлично да се согласувате, толку многу што ќе ви биде доволен само еден поглед за да се разберете.

За авантура: Јарецот може да ви го помати умот, а истовремено и да ви влее самодоверба и сигурност иако тоа не води никаде.


Лав

За врска: Со Стрелецот совршено се вклопувате. Ви одговара неговиот слободен дух, но и заштита која ви ја овозможува.

За авантура: Бурен и незаборавен однос можете да имате со Водолијата, бидејќи и двајцата сакате возбуда и добра забава.


Девица

За врска: Со Јарецот одлично се разбирате, си давате еден на друг сигурност, двајцата сте нежни и постојано си покажувате љубов.

За авантура: За некоја кратка авантура, Рибата е идеален партнер. Со неа ќе имате незаборавни моменти исполнети со страст.


so-kogo-vo-vrska-a-so-kogo-avantura-ovnite-odlicno-se-soglasuvaat-so-lavovite-a-skorpijata-i-bikot-za-edna-vecer-1.jpg

Вага

За врска: Со Водолијата можете да имате прилично интересен однос полн со возбудливи моменти. Со сигурност ќе уживате во заедничките моменти. И двајцата сакате предизвици и патувања.

За авантура: Никој не може да ги разгори страстите во вас, како Овенот. Знае како вистински да ве задоволи.


Скорпија

За врска: Со Рибата можете да уживате во однос исполнет со нежности и романтика. Во сè се надополнувате.

За авантура: Страствени моменти можете да имате со Бикот, уште при првата средба ќе почувствувате силна привлечност кон него.


Стрелец

За врска: Со Лавот можете да остварите динамична и складна врска. Нему ќе му давате простор да се развива, а Лавот ќе знае како да ве заштити.

За авантура: Незаборавни моменти во креветот можете да имате со Близнаците. Колку сте во другите полиња различни, толку се вклопувате во ова.


Јарец

За врска: Со Бикот можете да имате стабилна врска. Верни сте еден на друг и се поддржувате во сè.

За авантура: Со Ракот страстите можат да пламнат во секунда - еден на друг никогаш нема да си досадите.


Водолија

За врска: Со Близнаците можете да имате однос кој никогаш не е монотон. И двајцата сте друштвени и слично размислувате.

За авантура: Лавот е тој кој може да ви овозможи незаборавни моменти. Кога ќе се најдете во иста просторија, зрачите со привлечност еден кон друг.


Риби

За врска: Со Ракот можете да имате однос полн со разбирање и почит, а водено и врска во која нема да ви недостасува романтика.

За авантура: На Девиците не можете да им одолеете, помеѓу вас постои хемија која веднаш ви го поматува умот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Февруари.2016 во 15:40

ПЕТТЕ НАЈУБАВИ ЖЕНИ СПОРЕД ХОРОСКОСКИОТ ЗНАК

17

Секоја жена е убава на свој начин, без разлика дали мами погледи со својата физичка убавина, со харзима или со позитивната енергија што ја носи во себе. 

Сепак според експертите во областа на астрологијата, припадничките на понежниот пол родени во некој од овие 5 хороскопски знаци дефинитивно се на врвот на листата според убавината, сексапилноста и магнетската привлечност која ја поседуваат.

Скорпија

Скорпиите имаат прилично добра градба. Добри нозе, широки рамена, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи неретко ги красат овие дами. Припадничките на овој знак најчесто имаат преубава кафена густа коса. Тие сакаат да се дотеруваат, но нивниот префинет вкус никогаш нема да дозволи да претераат. Кога Скорпијата ќе реши да ве освои, таа целиот „отров“ ќе ви го сервира така што вие слатко ќе го испиете. Нивната убавина е секогаш над просекот, а покрај мажите ги сакаат и децата. Среќен е човекот кого Скорпијата искрено ќе го засака.

Овен

Овие жени делуваат силно, имаат спортска градба и изразени црти на лицето кои тешко се забораваат. Многу често се бринети со светли очи и совршено тело. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност која ја носат во себе, а нивната свиленкаста кожа ќе направи секој допир на оваа убавица засекогаш да остане врежан во вашите сеќавања.

Лав

Силни, грациозни и често спортски градени. Тие се одликуваат со убаво извајани нозе, чии изглед и држење ќе ве остават без текст. Сакаат да се облекуваат модерно и на нив може да им се припишат многу таленти, но без лажна скромност, природната убавина и шармот никогаш не престануваат да им го одземаат здивот на мажите. Доколку мислевте дека кога станува збор за Лавиците се мисли на просечна убавина, се лажете. Нив лесно ќе ги препознаете помеѓу останатите, бидејќи покрај нивната убавина, нивниот стил на облекување и начинот на живот никогаш не се клише.

Стрелец

Жените родени во овој знак се најзгодни во целиот зодијак. Со просечна висина и добра градба, овие убавици како да имаат природен талент да дојдат до израз. Често имаат убаво и по малку долгнавесто лице, високо чело и изразени светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога треба да се претстават во полн сјај ќе го направат тоа на вистинскиот начин и со одмерена доза на луцидност. Секогаш се оригинални во настапот и лесно ќе ви го украдат вниманието. Кога се излезени во град, нема многу да ви треба за да ги забележите помеѓу група убави девојки, бидејќи нивната убавина и шарм доаѓаат до израз во секое друштво.

Водолија

Водолиите обично се со средна висина или пак се ниски. Имаат преубаво заоблено лице и светол тен. Обично имаат помали дланки и стапала, но убаво извајани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Водолиите имаат убави и меки крупни усни. Тие не му придаваат преголемо значење на облекувањето, тие знаат дека кога пред својот избраник ќе се најдат голи, никој нема да размислува за облеката. Водолиите се често природно благословени и со женски атрибути, па така го оставаат спротивниот пол без здив.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2016 во 16:10

АНТИХОРОСКОП: КОИ АСТРОЛОШКИ ЗНАЦИ СЕ НЕПОДОБНИ ЗА БРАК?

6
Во добро и во зло, додека смртта не ве раздели? Дали сте сигурни дека го направивте или ќе го направите вистинскиот избор?

Проверете дали вие или вашиот партнер сте помеѓу 3-те астролошки знаци кои не се за врзување на долги патеки:

Близнаци

На Близнаците чувствата им се моментални. За разочарувањето да биде уште поголемо, интензитетот на емоции е посебно голем на почетокот од врската, па голем број од Близнаците ќе се знесуваат и додворуваат со денови и месеци… Таман ќе помислите дека сте нашле партнер кој нема да ве напушти, излаже и изневери, а веќе во следниот момент гледате дека тој не е на перницата до вас. Сепак, Близнаците секогаш се враќаат, ако ви е утеха. Ако ви ветуваат бајки, верувајте им затоа што тоа го мислат… барем во тој момент. Ако сте подготвени за живот полн стресови и турбуленции, одберете партнер роден во овој знак.

Стрелец

Ако воопшто се појави пред матичарот, ќе забележите пот на челото и двоумење при секое изговарање на зборовите. Тој веќе е венчан за авантурите, така што вие секако сте во втор план. Неговиот дух има потреба за постојани возбудувања, а домот му е само прибежиште. Тој не знае долго да остане во исто место и во тоа не го ограничувајте, затоа што никогаш нема да направи компромис по цена на својата слобода. Верност? Сериозни сте?

Водолија

Ако успеете да ги разберете овие чудаци, тогаш ви треба урамено признание. Ако не сте подготвени на постојани журки, брзо темпо и немате кондиција да го живеете животот до максимум, откажете се уште веднаш. Иновациите и константните промени се единствената желба на Водолиите. Затоа, ако веќе сакате бракот да опстои ќе мора да смислувате нови изгледи и распореди за денот кој следува. Во спротивно, ќе ви каже дека сте досадни и ќе ве напушти без око да и трепне.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2016 во 15:35

ДЕВОЈКИТЕ ЛУДУВААТ ПО НИВ: ОВА СЕ НАЈМАЖЕСТВЕНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ

6

Ова се најмажествените хороскопски знаци и докажано е дека жените навистина лудуваат по нив!

Овен

Владее со Марс, планетата на акцијата и храброста, така што овој хороскопски знак не знае за страв. Секој ризик за него претставува предизвик.

Лав

Лавот е еден од најхрабрите знаци кој владее со Сонцето, симболот на успехот.

Скорпија

Со Плутон и Марс, планетите на моќта и храброста, владеат Скорпиите. Обожавате предизвици и ризици. Опасноста постои само поради вас.

Стрелец

Иако понекогаш ризикувате премногу, брзо се опоравувате и сте спремни да се соочите со новите предизвици. Вие не се плашите од промени.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Јануари.2016 во 15:33

КОИ АСТРОЛОШКИ ЗНАЦИ НАЈДОБРО ФЛЕРТУВААТ

7

Еве кои три астролошки знаци имаат вроден талент за флерт и сè им оди од рака во љубовта…

Бик

Бикот спаѓа во врвните заводници, иако често пати е несвесен за својата сензуалност. Кај Биковите клуна е спонтаноста додека во креветот  ги знаат сите можни пози. Знае како да го натера партнерот да се чувствува посебно. Биковите имаат природна топлина и понекогаш несвесно привлекуваат луѓе кои не ни ги гледаат како партнери. Нивните усни просто ги мамат сите погледи.

Близнаци

Близнаците се кралеви на шармот и на нив никој не може да им се одолее. Тие уживаат во играта на заведување и комуницирање. Обично се надарени со добар изглед, а нивниот адут е немирниот дух. Освојуваат со интелект и комуникација. Позитивниот став кон животот привлекува позитивни луѓе и со нив времето е секогаш пријатно исполнето. Сите ги сакаат за до крајот на животот.

Скорпија

Скорпиите се тешки за игнорирање. Нивниот заводнички поглед и манирите едноставно ве повикуваат. Ова е знак со силна интуиција и во секој момент ги знае вашите потреби. Со оглед на тоа што Скорпиите емотивно целосно се предаваат, подготвени се да  го задоволат партнерот до максимум. Водењето љубов со нив е незаборавно и претставува своевидна зависност.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2016 во 08:13

ПОРАДИ ОВИЕ ПРИЧИНИ РАСКИНУВААТ ХОРОСКОПСКИТЕ ЗНАЦИ

27

Секое прекинување на врска е поинакво и непредвидливо. Дознајте што не треба да правите во врската со секој од знаците во хороскопот, доколку сакате да ја сочувате, но и што може моментно да ги изнервира и да ги оддалечи од вас, ако повеќе ви одговара да бидете сами.

Овен
Причина за прекинување на врската кај овенот се несогласувањата, па дури и оние ситните и безопасни, или досадата. Тие се немирни и љубопитни и имаат постојана потреба да освојуваат. Овенот бргу губи интерес за оние кои целосно се отвораат, па поради тоа, своето внимание честопати го поклонуваат на таинствени, а понекогаш и на неискрени личности. Повеќе ја почитуваат слободата отколку компромисот, особено кога се млади. Тие не се флексибилни и за прекинување на врската се решаваат одеднаш, честопати и без зборови. Ограничувањата, надмудрувањето, недовербата и контролирањето на нивните постапки се причина за да стават крај на врската.

Бик
Биковите најчесто раскинуваат ако чувствуваат несигурност во врската или поради страв дека ќе бидат оставени. Тие имаат голема вродена издржливост, но кога некој ќе ја премине границата во нешто, се случува експлозија која дури ни самите бикови не ја очекувале. Љубомората им е одбивна и покрај тоа што и самите се љубоморни. Исто така, тие не сакаат да бидат ставени пред свршен чин. Врската ја прекинуваат после долго размислување, полека и со жалење, но кога еднаш ќе одлучат никој не може да ги натера да се премислат. Причини за прекинување на врската кај бикот се недовербата, гаснење на емоциите, недостаток на разговор и чувството дека блискоста е изгубена.

Близнаци
Причините поради кои раскинуваат близнаците можат да бидат нереални за другата страна, но ќе се зачудите колку добро тие умеат да ги образложат. Врската ја прекинуваат бидејќи им е досадно, од љубопитност, за да видат што ќе се случи, поради потреба од слобода или ако се фокусирале на некој друг. Шармот ги спасува близнаците од бесот на оставениот партнер и тој најчесто ги памети со одредени симпатии. Но, ако добро се чувствуваат во врската и немаат намера да ја прекинат, партнерот може да прави што му е волја.

Рак
За да ја задржи љубовната врска, ракот е спремен да жртвува сè, па дури и тогаш кога врската е лоша и исцрпувачка. Раскинувањето е проследено со потоци од солзи и со спремност за компромис. Единствено што може да ги натера да заминат засекогаш, е лошиот однос на партнерот со семејството или одбивањето заеднички живот. Кога врската ќе се прекине, без разлика на лутината и болката што ја чувствуваат, во сеќавање им остануваат само убавите спомени. Ретко се случува за својата врска да зборуваат многу, но ако нешто кажат, тоа ќе биде само она најдоброто.

Лав
Врската ја прекинуваат кога им е повредена гордоста и егото и честопати не дозволуваат да бидат оставени, бидејќи за нив тоа значи понижување. Кога врската е климава, за нив е важно први да го повлечат конечниот потег и во никој случај да не покажат чувства. Навикнати се да бидат во центарот на вниманието и нема да дозволат конечното „збогум“ да помине незабележано, па ако е потребно ќе направат цела претстава за да остават длабок и драматичен впечаток. Врската ја прекинуваат поради непочитување на нивните правила, неодобрување на постапките и неспособноста за секојдневно ласкање.

Девица
Најчесто девиците се оние кои се всушност оставени, но кога ќе се решат тие да ја прекинат врската, тоа е поради чувството на инфериорност. Не сакаат сцени пред други луѓе и ако е возможно претпочитаат мирно и разумно раскинување. Кога мораат да изберат помеѓу љубов и обврски, секогаш ќе се определат за обврски, бидејќи материјалната сигурност им е на прво место. Врската ја прекинуваат студено и конечно со задолжителна маска на рамнодушност на лицето како самоодбрана. Во љубовта се искрени, па се обидуваат да бидат такви и кога раскинуваат. Се повлекуваат без премногу зборови и дискусии. Причини за прекинување на врската се неорганизираниот начин на живот на партнерот, неговата склоност кон драми и потенцијалните проблеми.

Вага
Вообичаени причини за завршување на врската се отсуство на привлечност, неусогласен животен ритам или некоја нова личност. Сепак, пред дефинитивниот крај, вагите често знаат да дадат уште една шанса и да се обидат да ги разрешат недоразбирањата. Најчесто тоа го прават за партнерот сам да сфати дека врската нема перспектива, па вагата да може да се ослободи од непријатната одговорност и објаснување. Врската ја прекинуваат тактично и фино, како што всушност и му доликува на овој знак, но со ризик тоа партнерот да не го доживее како искреност туку како извлекување. Вагите раскинуваат поради лоша комуникација, непочитување на договор, форсирање и претерување во изразувањето на чувствата.

Скорпија
Кога ја прекинуваат врската, скорпиите уништуваат сè зад себе. Причина за тоа е нивниот деструктивен дух, кој е пресуден во проблематични ситуации, па успеваат да ја разорат врската дури и тогаш кога не е потребно. Стравовите и траумите од детството, чувството на вина и неверојатната способност да ги повредат другите и себеси во секоја, па дури и безначајна прилика, неизбежно ги доведува до точка кога „љубовта пука“. Тие тогаш имаат обичај едноставно да побегнат, бидејќи не умеат пристојно и трезвено да ја разјаснат целата ситуација и мирно да се разделат. Раскинуваат поради неверство или кога ситуацијата ќе им излезе од контрола.

Стрелец
Стрелците ја прекинуваат врската поради потребата постојано да истражуваат и освојуваат нови територии, а и бидејќи им е тешко да се врзат само за една личност на подолго време, особено во младоста. Тие себеси се сметаат за космополити и прават сè како би биле над сето тоа што е обично и секојдневно. Кога партнерот веќе не им е доволен предизвик, тие многу лесно одлучуваат да одат понатаму. Честопати реагираат импулсивно и ја прекинуваат врската без многу објаснување, но кога малку ќе се средат работите, нивната коректност, сепак, доаѓа до израз. Тогаш тие се спремни мирно и разумно да разговараат, при што се многу шармантни и настојуваат да го задржат контактот, оставајќи ги сите врати отворени, понекогаш со телефонски повик или разгледница од кој било дел на светот. Врската ја прекинуваат поради ситничавост, компликување на односите, форсирање на врската или недостаток на предизвик.

Јарец
За прекинување на врската се решаваат исто толку тешко колку што им е тешко да одлучат да влезат во неа. Но, кога еднаш ќе се најдат во сериозна љубовна врска, сета своја енергија, трпение и чувства ги вложуваат во неа. И покрај тоа, тие се спремни да се откажат од неа, доколку им е неопходно да бидат сами, или кога мораат да се одлучат помеѓу љубовта и кариерата, која сепак им е најважна.
Бидејќи не се наклонети да ги признаваат најдлабоките чувства, тие заминуваат тивко и без многу објаснување, но тоа не значи дека ќе исчезнат одеднаш. Своите намери, за кои понекогаш ни самите не се свесни, ќе ги покажуваат индиректно преку отсутност и нервоза. За тоа време ќе им стане јасно каква одлука треба да донесат, која и не мора секогаш да биде фатална по врската. Најчувствителни се кога е нивната работа во прашање, па затоа не толерираат мешање на приватниот и професионалниот живот. Одбивно им е озборувањето и изнесувањето на „валканата облека“ во јавност.

Водолија
За водолиите не мора да постои некоја посебна причина за да ја прекинат врската. Тие едноставно можат едно утро да се разбудат и да дојдат до сознание дека врската во која се наоѓаат веќе не им одговара. На тоа тие се решаваат тогаш, кога ќе почувствуваат притисок и тежина од обврските за кои не се спремни. Вообичаено раскинуваат директно и без заобиколување, но се трудат разумно да ги објаснат своите намери, дури и тогаш кога ќе паднат тешки зборови од страна на партнерот, со цел да одржат пријателски контакт. За да ја прекинат врската може да ги наведе форсирањето за брак и обврски, критикувањето на нивните пријатели и роднини и непочитување на нивните соништа и идеи. Идеално завршување на врската за нив, е разговор после кој ништо нема да остане неразјаснето.

Риби
Нивната вродена склоност кон мазохизам ги наведува целата ситуација да ја доживеат трагично и да патат дури и тогаш кога не би требало. Не знаат разумно да го прекинат незадоволството во врската, па подобро им е да патат сè додека партнерот не ги остави. Секое раскинување, тие го доживуваат како личен пораз. На почетокот на врската го идеализираат својот партнер, а потоа кога ќе се разочараат, тие остануваат без своите принципи и долго создаваната сигурност. Без разлика кои се причините и каква е ситуација, солзите се неизоставни, но колку и да патат, рибите бргу закрепнуваат и спремни се за нови трауми со некоја друга личност. Раскинуваат поради нетолерантност на нивната склоност за фантазирање, кога од нив се бара да се спуштат на земја и кога се потиснати во втор план, бидејќи за нив тоа се чувства кои се најважни на светот.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јануари.2016 во 08:08

Што најтешко заборава секој хороскопски знак: Овенот понижување, Лавот спомени


Хороскопскиот знак влијае на обликувањето на нашата личност и точно може да открие што никако не можеме да заборавиме, колку и да се трудиме.

sto-najtesko-zaborava-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-ponizuvanje-lavot-spomeni-1.jpg

Додека некои не можат да ја заборават првата љубов, други не можат да го заборават понижувањето кое им било приредено.

Во која група спаѓате вие и што најтешко простувате и заборавате?

Овен

Тешко ги заборава траумите од детството и понижувањата кои ги доживеал од оние кои му значеле и на кои слепо им верувал. Никогаш нема да им прости на луѓето од кои побарал помош, а тие го оставиле да се бори сам. Иако Овенот рано се осамостојува и се бори за своето место под сонцето, таквите рани тешко заздравуваат.


Бик

Дури и кога искрено би сакал, не може да ги заборави дрскоста и безобразниот став на колегите кои немале разбирање тогаш кога најмногу го заслужил. Затоа што љубовта им е подеднакво важна како и кариерата, Биковите тешко се помируваат и дека некоја романса не може да опстои заради далечина. Личноста со која ќе го доживее ова, вечно ќе ја памети.


Близнаци

Еден од најинтелигентните знаци во Зодијакот секогаш делува како никој да не може да го допре, но сепак, имаат своја слаба точка - креативноста. Ако не ја реализираат онака како што се надевале, никогаш нема да си простат сами на себе или да заборават. На другите може да им простат сè, но преку можностите кои ги пропуштиле, не можат да преминат.


Рак

Романтичните Ракови имаат по најмалку еден момент, ако не и повеќе, кога биле занесени, млади и заљубени, па потоа реалноста ги удрила по глава. Првото љубовно разочарување ги следи низ животот, а секој ден е се потешко, наместо да е обратно. Раковите посебно ги интересира зошто морало да биде баш така, а не како што тие си замислувале, па затоа овие анализи и враќање на времето им се болна, незаборавна точка.


Лав

Кога Лавот би можел да го поправи поразот на секое поле, многу би му било полесно, затоа што спомените и сеќавањата не му даваат мир. Ако не можел да стане водач и да добие улога на лидер, ќе биде незадоволен до крајот на животот. Тешко заборава неуспех или пропуштената шанса во нешто да биде прв.


Девица

Колку и да се труди, Девицата не може да ја заборави првата љубов, па цел живот и се враќа, без разлика дали во мислите, дали физички ќе преземе нешто. Би и било многу полесно ако не е под постојан притисок на прашањето „што ќе беше, ако направев вака?“ Иако е практична и рационална, Девицата тешко ги заборава совршените состаноци.


sto-najtesko-zaborava-sekoj-horoskopski-znak-ovenot-ponizuvanje-lavot-spomeni-2.jpg

Вага

Вагата никогаш нема да заборави и прости неправда или понижување, и тоа баш тогаш кога била најуспешна. Родените  во овој знак се вечни борци, посебно против неправдата, па вкусот на пораз може да ги донесе пред искушение за одмазда. Уште една работа која никогаш не ја заборава е дека луѓето не се онакви какви што вие ги доживувате и тоа го има почувствувано на своја кожа.


Скорпија

Скорпијата не заборава ниту еден момент во кој била јавно изложена на критика или неправда, заради која се почувствувала непријатно во поголема група на луѓе. Не сака било кој да ги загрозува нејзините идеали, цели и планови, па ако се обидете - подгответе се за доживотна одмазда. Иако би сакала се да заборави, Скорпијата е можеби најголемото злопамтило во  Зодијакот.


Стрелец

Барем еднаш во животот, на Стрелецот му се случило да излезе наивен затоа што направил погрешен чекор и тоа никогаш нема да си го прости или заборави. Присетувањата на минатото се секогаш тука да го прогонуваат, па од нив ја извлекува лекцијата дека секогаш треба да биде подготвен на најлошото и од секого сè да очекува. Затоа што кога еднаш ќе се изгори од млеко, дува и на јогурт.


Јарец

Јарецот не заборава личности кои искрено ги сакал, а го оставиле. Јарците цел живот ги потхрануваат спомените, се присетува на се што можело да биде и најмногу се кае за зборовите кои не ги изустил. Гледа романтични филмови, сака да напише цел роман, само за да си ги истури емоциите некаде надвор. Тешко заборава и простува неверства од било каков тип.


Водолија

Водолијата никогаш не ги заборава понижувањата на професионален план, дури и кога делува ноншалантно. Ладнокрвноста е само маска и потсвесно потискање на она што ги боли. Водолиите се одмаздници, пред се заради повредената суета, па секогаш имаат црна листа со имиња кои ги понижиле. Лажењето во очи е уште една работа која тешко ја забораваат и простуваат.


Риби

Рибите отсекогаш сакале да заблескаат во јавноста, па се каат за секоја пропуштена прилика. Тогаш меланхоличните Риби се повлекуваат во свој свет и анализираат. Лесно ги мешаат фантазиите со реалноста, па ако случајно се осмелите да им го посочите тоа, очекувајте смртно да ви се налутат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јануари.2016 во 20:07

ОВИЕ 4 ЗНАКА ЌЕ БИДАТ НАЈСРЕЌНИ ВО 2016 ГОДИНА

29
2016 година ќе им донесе многу успех на секоеполе на вие 4 знака.

Овен

Конечно тврдоглавоста ќе биде конструктивна и со тоа ќе се постигнат две многу важни за вас цели кои беа прогонувани долго време. Годината ќе биде исполнета со многу врвови, кои ќе ги покорувате еден по друг. Единствениот услов сето да помине како по вода е да не престанете да верувате во себе. Не ја заборавајте поговорката дека “многу арно не е на арно” – оваа година ќе ви го докаже спротивното. На личен план ќе го добие најголемото изненадување, за кое дури не сте ни сонувале. Радувајте и се на годината, тоа е вашата година!

Близнаци

За вас тоа ќе биде годината на заедничката љубов. За оние кои се уште не го откриле својот партнер/ка, верувале или не – тоа ве чека. Вистинската љубов се открива ретко, но кога човек не губи надеж, сè е можно. Не се плашете и не бегајте од судбината. За останатите, кои веќе имаат партнер, тоа е годината на големите чекори и големите одлуки. Земајте ги храбро и не мислете дека брзате- ако срцето ви кажува дека тоа е правилно, верувајте му.

Вага

Никогаш не кажувај “никогаш”! Ова мора да е вашето мото во новата 2016 година. Ќе сфатите дека нема невозможни нешта и сте способни за многу повеќе отколку што мислите. Оваа година ќе дознаете што значат за вас блиските и пријателите и во многу односи ќе бидете во центарот на вниманието. Ќе најдете нова страст, со која ќе ги вчудоневидувате блиските кои ве познаваат добро и никогаш не би претпоставиле дека сте толку добри во нешто толку различно. Годината ќе биде опасна, уживајте во неа.

Шкорпија

Не се ограничувајте со целите кои си ги поставувате оваа година, бидејќи сте во виорот и можете сè. Пред сè ќе се покаже дека сте незаменливи на работното место кое ќе ви даде нова сила и голема доза самодоверба, од која имате потреба. Да ви ја свртат работата во страст не е невозможна мисија. Од друга страна вашиот личен живот ќе претрпи многу динамични промени, од кои ќе ви се измеша светот … во убава смисла. Ќе бидете клучната фигура во една врска, која ќе ви покаже што е да сакаш вистински.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1112131415 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.