Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јануари.2016 во 18:14 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јануари.2016 во 18:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јануари.2016 во 18:12 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јануари.2016 во 18:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јануари.2016 во 18:11 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 01.Јануари.2016 во 18:10 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Декември.2015 во 17:17 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Декември.2015 во 16:48 |
Гламурозна шминка за да бидете забележана
Сигурно веќе знаете што ќе облечете за најлудата ноќ во годината, а вие сакате да заблескате во целосен сјај со само неколку едноставни совети. Оваа вечер буквално се е дозволено од светки на капаците и деколтето до румени образи.
Погледнете ги нашите совети: Руменило 
На образите нанесете руменило во розе боја, а со врвот на прстите ставете сосема малку и на носот, советува Кејлин Мекадамс, шминкер на познатите во Лос Анџелес.
Едноставни smokey очи
Без паника – не ви е потребна цела палета на бои за да ги постигнете совршените smokey очи. Земете туш за очи и направете црта веднаш до трепките. Со четка за нанесување сенка за очи, лесно размачкајте ја цртата од тушот нагоре. Потоа нанесете маскара и очите ви се доволно привлечни.
Истакнете го деколтето
Ако сте решиле за подлабоко деколте, погрижете се истото да изгледа неодоливо, па нанесете камена пудра и руменило, кое може да биде мат или светкаво. За да ги истакнете повеќе градите, нанесете руменило на средината.
Гламурозен накит за коса

Накитот за коса е вистински ИН! Косата може да ви биде пуштена, фатена во локни, како и да ја направите додадете само некој накит и верувајте дека целосно ќе ја освежите.
Волшебни трепки
Ако сте љубители на долги трепки, ставете си вештачки, кои може да ги украсите со светки ли кристали, но и со маскара во друга боја, освен црна.
Усни со боја на седеф

Ако повеќе ги истакнувате очите, одлучете се усните да ви бидат во боја на седеф. Верувајте дека ќе ви бидат дури и попривлечни од црвените усни.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Суада
Сениор
Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Декември.2015 во 11:43 |
Е да, скоро и приметив...  Дека малце е изумрено местово... Не доаѓаат многу луѓе. Ама ај, може ќе го биде :) ќе се крене некако и ќе застане на нозе пак, ќе биде као шо било на времето  Па кога ќе го биде и кога ќе има повише девојки ќе напраам една тема само таква и тука да се постира само личен мејк-ап.
|
Доаѓам тука-себеси се брукам... Ми идИ во глава да си пукам Хехе
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(1)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Декември.2015 во 11:32 |
Суада,личен избор е кој што ќе постира низ темите. Идејата ми се допаѓа,слободно сподели некоја фотка од твој начин на шминкање:)
П.С Слабо има интерес за овој пдф,како и воопшто за форумот. Јас само се обидувам да го држам во живот овој пдф на овој или оној начин 
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Суада
Сениор
Регистриран: 25.Април.2015
Статус: Офлајн
Поени: 311
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Декември.2015 во 11:27 |
Може ли ние девојките/жените да се шминкаме и ставаме тука слики, а не од гугл ?! :) Еве пример јас знам многу убаво да шминкам, професионално... А и кој како знае, нема врска, од нас да ставаме?! И пишуваме како би требало да биде Валериј, мила... Што мислиш ти околу ова прашање? А, да забораив... Немора тоа ни да биде од нас, туку од некоја др девојка што сме ја нашминкале
Изменето од Суада - 31.Декември.2015 во 11:28
|
Доаѓам тука-себеси се брукам... Ми идИ во глава да си пукам Хехе
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Декември.2015 во 11:12 |
ВИСТИНСКАТА БОЈА НА СЕНКИ ЗА ВАШИТЕ ОЧИ Каква боја на сенки за очи треба да изберете зависи како од бојата на вашите очи, така и од тенот. Еве неколку совети што ќе ве упатат кон вистинските бои со кои вашите очи ќе ја покажат целата своја убавина. 
Сини очиТоплите нијанси на кафеавата боја и прасковата боја се идеални за да ги истакнете вашите очи. Исто така можете да користите сенки со розови нијанси. Тие ја истакнуваат убавината на сините очи. Избегнувајте сенки во сина боја. 
Зелени очиЗа да ги истакнете користете топли портокалово-кафеави нијанси. Силен ефект ќе постигнете и ако употребувате виолетови и пурпурни нијанси на сенки. Кафеави очи
Ако имате кафеави очи, бидете среќни. Можеби не се толку уникатни како зелените или сините очи, но имаат и свои предности. Добрата страна на кафеавите очи е тоа што можете да користите било какви бои. Избегнувајте бела и жолта боја, затоа што тие прават вашите очи да изгледаат помали. Сите останати бои почнувајќи од лилава, сива, златна, кафеава и стигнувајќи до сина и зелена, ќе стојат прекрасно на вашите очи. Независно од бојата на вашите очи, внимавајте кога употребувате розови сенки. Тие ги прават очите да изгледаат како потечени. Сообразувајте ја нијансата на сенките со вашиот тен. Ако имате потемен тен, користете потемни нијанси, а ако имате светол тен – светли нијанси. - Не користете сенки за очи кои се иста боја како и вашите очи. Ако го правите тоа, вашите очи не доаѓаат до израз. Бојата на сенките треба да биде контрастна на бојата на вашите очи.
- Избегнувајте зелени сенки кога вашите очи се зацрвенети и уморени. Зелените нијанси ја прават умората повидлива. Кремовите сенки и сенките со боја на праска се најдобар избор во овој случај. Ако сакате да направите очите да ви изгледаат поголеми, ставете маскара на горните трепки.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Декември.2015 во 11:11 |
ШМИНКА СПОРЕД БОЈАТА НА КОСАТА Шминката е моќно оружје кое жените го користат секогаш кога сакаат да фасцинираат и да остават впечаток со својот изглед. Со добро избраната шминка магично можете да постигнете неодолив изглед, но со лошата шминка не само што нема да го подобрите својот изглед, туку гарантирано ќе ја ставите под превез и вашата природна убавина. При изборот на шминка потребно е да земете во предвид многу фактори, меѓу кои и бојата на вашата коса. Подолу ќе најдете совети за тоа каква боја на шминка најдобро одговара на различните бои на коса. Црнокоса
Очи: Вие сте големи среќнички затоа што скоро сите бои одговараат на вашата коса и можете да се пофалите дека најдобро ви стои класичниот smokey eyes изглед. За да ги акцентирате очите, послужете се со темносива или темносина сенка и употребете црно моливче за очи и црна маскара. Лице: Руменилото во розова или корална боја ќе донесе топлина на вашето лице. Усни: Ако се решите да ги истакнете очите со темни бои, тогаш најдобро е само да ставите сјај за усни во розова или корална боја за да не го одвлекувате вниманието од очите. Усните во боја на кожата се добра комбинација со темен тен. Доколку се одлучите за помалку шминка на очите, можете да ги истакнете усните со црвен кармин. Бринета
Очи: Бринетите секогаш се советуваат да користат сенки за очи во бои кои се блиски до бојата на нивната коса. Како по правило, на бринетите секогаш добро им стојат сенки во кафеави нијанси. Колку е потемна вашата коса, толку подобро ви стојат потемни нијанси. Никогаш нема да погрешите ако изберете мока или топли нијанси на кафеава. Одлично ќе ги акцентирате своите очи и со сенки во виолетова боја. За подраматичен вечерен изглед изберете темно сива или зелена боја, а златните нијанси ќе ви дадат погламурозен изглед. Моливот за очи се препорачува да биде темнокафеав или темносив, но може и црн, а маскарата може да биде или кафеава или црна. Лице: Руменилото е ваш најдобар пријател. Користете руменило во корална боја, боја на праска или боја на ќерамида (теракота). Усни: Кога треба да избирате кармин, држете се понастрана од нежните нијанси затоа што тие не се најдобриот избор за бринетите. Кармините во корална боја и боја на праска ќе ви дадат свежина. За впечатлив вечерен изглед, употребете кармин во боја на црвена роза, црвено вино или цреша. Русокоса
Очи: На русокосите не им одговара многу силна шминка на очите како што тоа е случај со црнокосите и бринетите. Нежните пастелни бои се одлични за вашиот нежен изглед. Без разлика на нијансата на вашата коса, вие најдобро ќе изгледате ако употребувате сенки во розова, златна боја или во боја на праска или шампањско. Најдобро е да користите маскара и молив за очи во кафеава боја, а не црни, затоа што црната боја ќе ѝ даде „тежок“ изглед на вашата шминка. Лице: Вам добро ви стои розово и руменило во боја на праска. Усни: Светлите нежни нијанси на кармини се токму за вас. Кармините во розови нијанси се совршен избор, а исто така препорачливи се и кармините кои се во иста боја како вашите усни. Црвенокоса
Очи: Црвената коса остава голем впечаток и внесува многу топлина во вашиот изглед. Токму затоа, како најдобар избор за црвенокосите се нудат сенките во зелена боја. Но, тоа не е единствената опција. Нема да погрешите ако користите сенки во боја на мед, бакар, карамела или нијанса помеѓу кафеава и сива боја. Маскара и моливот за очи во црна боја заменете ги со кафеави, особено ако имате зелени или зелено-кафеави очи. Лице: Акцентирајте ги вашите јаболкници со помош на руменило во боја на праска или кајсија. Усни: Најдобриот избор се кармините во боја на праска или кајсија. Црвените кармини обично не се надополнуваат со црвената коса, освен ако не се во нијанси кои повеќе потсетуваат на кафеава или ќерамида боја. За погламурозен изглед, одлични се кармините со златен сјај. Избегнувајте розови кармини. Кармините во темни бои како виолетова може да направат да изгледате премногу нападно, па не се препорачуваат.
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 30.Декември.2015 во 09:29 |
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |