IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јули.2014 во 22:53
Mirizliv piling od rozi i kokosovo maslo 03.03

    Направете сами: Миризлив пилинг од рози и кокосово масло

Овој необичен пилинг убаво ќе изгледа во вашата бања и ќе помоге вашата кожа да изгледа мазна и мека и да мириса неодоливо. Исто така, овој пилинг е прекрасен подарок за вашата мајка или пријателка.

Mirizliv piling od rozi i kokosovo maslo 03.03_2

 Што ви е потребно:

  • Бадемово масло
  • Кафеав шеќер
  • Неколку миризливи рози
  • Кокосово масло

Постапка:

Во празна стаклена тегла ставете го кокосовото масло до 1/3 од теглата. Потоа во маслото дададете ги розите и кафеавиот шеќер. Се прелијте со бадемово масло, затворете и оставете да се стопи.

Употреба:

При примената користете лажица, со која лесно ќе ги употребите сите состојки. Оваа мирисна комбинација, нанесте ја на целото тело и по триењето, исплакнете ја.



Изменето од Valerija - 13.Јули.2014 во 22:54
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јули.2014 во 18:09
ДЕПИЛАЦИЈА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ: НАПРАВЕТЕ САМИ ВОСОК ЗА САМО НЕКОЛКУ МИНУТИ

Овој вид на отстранување на несаканите влакна се нарекува уште и египетска депилација, а погодна е и за луѓе кои имаат проблеми со кожата бидејќи не предизвикува иритации.

Состојки:

 2 шолји шеќер
 ¼ шолја вода
 ¼ шолја лимонов сок
 1 мала лажичка мед


Подготовка:

Во помало тенџере или лонче ставете го шеќерот и растопете го на оган со средна јачина, но не потполно. Додека смесата е се' уште густа во неа сипете го лимоновиот сок и водата. Сите состојки заедно варете ги на тивок оган околу 5 до 10 минути додека смесата да добие златна боја.


Откако сте ја подготвиле смесата, оставете ја да се олади во потполност. Потоа од смесата извлекувајте топчиња со големина на орев кои ќе ги обликувате самите во своите дланки. Подоцна тоа топче ќе го развлечете се додека не добие потполно светла боја. Така обликуваната шеќерна паста може да ја премачкате на вашата кожа и тоа исклучиво во насока на растот на вашите влакна, а потоа со брзи потези извлечете во спротивна насока.


Пастата не би требало во потполност да се стврдне, па садот во кој сте ја ставиле може да го ставите во чинија со млака вода. Ако течноста се стопи премногу тогаш може да ја префрлите во фрижидер.


Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2014 во 08:54
БРЗО И ЛЕСНО: НАПРАВЕТЕ САМИ СВОЈ ПРИРОДЕН АНТИПЕРСПИРАНТ

Ако сакате да се ослободите од хемиските производи и козметиката која е преполна со вештачки состојки, најдобро е да ги преземете нештата во свои раце.

Денес ви пренесуваме еден рецепт за природен дезодоранс кој ќе ве воодушеви. Тој ќе ви докаже дека за да мирисате убаво и за да го контролирате потењето во текот на жешките летни денови, не мора да купувате вештачки дезодоранси и стикови. Постои одлична замена за нив, а во прашање е супер рецепт од природни состојки кои подеднакво ја чуваат вашата хигиена и ве штитат од непријатни мириси.

Еве што се' ви е потребно за да направите сопствен природен дезодоранс:

 Половина шолја кокосово масло
 Четвртина шолја сода бикарбона
 Четвртина шолја скробно брашно (густин)
 Од 5 до 10 капки етерично масло по избор


Подготовка:
Промешајте ја содата бикарбона со густинот, а ако имате осетлива кожа ставете помалку сода, а повеќе густин. Додадете го кокосовото масло додека смесата да стане мазна. Внимавајте само да не ви останат грутки и смесата да не биде сува. По потреба додадете уште малку кокосово масло, се' додека не ја добиете посакуваната смеса. На крајот ставете неколку капки етерично масло, колку да го добиете вашиот омилен мирис.



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:46
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јуни.2014 во 08:38

Домашен крем за раце


Ние сме секогаш на страна на природната козметика зошто веруваме дека нема ништо подобро за кожата од домашните препарати кои се без хемикалии. Денес ќе ви покажеме како се прави крем за раце во домашни услови.

Потребни намирници:

-        4 лажици бадемово масло,

-        3 лажици пчелин восок,

-        4 лажици кокосово масло или путер,

-        6 лажици глицерин,

-        6 капки масло од лаванда,

Изрендајте го пчелиниот восок и измешајте го со бадемовото и кокосовото масло. После тоа загрејте ја смесата на пареа до добивање на течна смеса. Мешајте добро и капка по капка додадете го и глицеринот. Тргнете го садот од оган и мешајте додека не ја добие потребната густина за крем. Додадете го маслото од лаванда, измешајте и префрлете ја смесата во стаклена тегличка. Кремот се чува на ладно.



Изменето од Valerija - 28.Јуни.2014 во 08:40
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:28
Пилинг за тело од домашната кујна



За вашата кожа повторно да “продише”, да биде мека и нежна, треба да и ја вратите енергијата, најдобро да ја третирате со пилинг од сол.

Ако сте се замориле и чувствувате потреба за “препораѓање” и опуштање,вистинско време е да си дозволите еден спа третман во удобноста на вашиот дом. За вашата кожа повторно да “продише”, да биде мека и нежна, би требало да и ја вратите енергијата, најдобро да ја третирате со пилинг од сол. Пилингот од сол совршено ќе ја исчисти вашата кожа и ќе ги отстрани мртвите ќелии кожа, а што е најдобро од се можете да го припремите сами, и тоа без премногу пари.

Состојки: ½ шолја бадемово или некое масло за масажа. 1 шолја морска сол, 5-10 капки квалитетно етерично масло по избор. Немојте да користите обична јодирана сол, бидејки е премногу остра за кожата. Ако имате осетлива кожа, можете да користите и шеќер.

Подготовка: Ставете сол (или шеќер) во мала чинија, додајте масло и не=но мешајте со лажица. Смесата мора да биде хомогена, ное не премногу мрсна, затоа внимавајте колку масло додавате. Добро промешајте, бидејки не би требало да се плива во масло. Потоа, капнете неколку капки етерично масло, ако сакате пилингот да биде со интезивен мирис, тогаш додадете и многу повеќе капки. Сето тоа промешајте го добро и готово. Едноставно, но ефектно! Угодете си на својата кожа и своето тело.

Пилингот нанесувајте го еднаш во неделата, добро истријте, нека одстои неколку минути и потоа влезете под топол туш.

 


11


Изменето од Valerija - 27.Јуни.2014 во 21:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Јуни.2014 во 21:27

Домашен шампон за прекрасна коса без првут

Една од најголемите причини кој предизвикува сува кожа е секако ладното време. Во текот на ладните денови чувствуваме чешање на главата, а тоа е прв знак дека имате сув скалп. Да биде уште по проблематично, често доаѓа до перутење. За да не трошите пари на скапи шампони против првут (кои ветуваат се и сешто), направете сами шампон кои ефикасно ќе ви помогне да се решите од првутот и секако сувиот скалп.

Состојките кои ви се потребни се само два аспирина и благ шампон. Издробете ги аспирините во ситен прашак и додајте шампон (доволно колку за едно шампонирање). Почекајте 5 минути, промешајте и нашампонирајте ја главата. Измијте се со млака вода и нанесете регенератор како и обично.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 20:17
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јуни.2014 во 20:16

НАПРАВЕТЕ ДОМАШЕН КРЕМ ЗА СОНЧАЊЕ СО ЗАШТИТЕН ФАКТОР ОД УВ ЗРАЦИ

11

Наместо да купувате разни комерцијални и често токсични продукти, можеме да направиме крем со фактор, кој ја штити кожата од УВ зраците.
Путер за убав тен
100 мл кокосово масло, екстра вирџин – има фактор за заштита од УВ зраците, мисира фантастично и се топи на сонце.
30 гр путер од какао – со негова помош ќе добиете чоколадна боја.
20 мл масло од сусам – за заштита од слободните радикали.
Шишенце од 150 мл.
Во тенџере со топла вода (околу 60 степени) ставете стаклен сад, во кој ќе ги стопите путерот од какао и кокос. Кога ќе станат течни додадете го и маслото од сусам. Измешајте добро и префрлете ја смесата во чисто и суво шише.

 



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Јуни.2014 во 08:56

Како сами да направите здраво масло за сончање?


Летото пристигна, а со него и желбата за малку потемен тен. А, затоа што средствата во продавниците имаат голем процент на хемикалии, научете како сами да направите масло за заштита од сонцето.

kako-sami-da-napravite-zdravo-maslo-za-soncanje-01.jpg

Имате две можности - класично масло и масло со разладувачки ефект.

За класичното масло потребно ви е:

  • ½ шолја бадемово или маслиново масло
  • ¼ шолја кокосово масло
  • ¼ шолја восок од пчела
  • 2 лажици цинк оксид (се продава во сите аптеки)
  • 2 лажици шеа путер
  • Екстракт од ванила или етерично масло по избор, за мирис

Подготовка:

На тивок оган загрејте ги маслата и стопете го восокот. Додајте го путерот, а кога смесата ќе се олади додајте го цинк оксидот. Избегнувајте директно да вдишете дел од правот. Убаво измешајте и користете пред да се изложите на сонце.

Рок на траење: 6 месеци

kako-sami-da-napravite-zdravo-maslo-za-soncanje-02.jpg

За маслото со алое вера потребно ви е:

  • ½ шолја алое вера гел
  • 20 капки масло од морков
  • 5 лажици масло од пченични никулци
  • 5 капки масло од лаванда

Подготовка:

Помешајте ги сите состојки. Пред употреба примешајте и напрскајте на кожата.

Рок на траење: 6 месеци

Важно: Кога ги купувате маслата, обрнете внимание на тоа да се нерафинирани и ладно цедени. Во спротивно, имаат понизок заштитен фактор.



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:45
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Јуни.2014 во 11:01

НАПРАВЕТЕ САМИ ЕФИКАСНА МАСКА ПРОТИВ БРЧКИ: СОСТОЈКИТЕ ВЕЌЕ ГИ ИМАТЕ ВО СВОЈАТА КУЈНА

9

Не трошете пари за скапа козметика, бидејќи сосема доволна ви е маската од банани, јогурт, мед и сок од лимон.
Ви откриваме како да изгледате доста помладо за само 20 минути.
Измешајте една лажица пасирана банана со една лажица јогурт, половина лажица мед и неколку капки сок од лимон. Лицето измијте го и врз него ставете топла крпа за да се отворат порите и да се подготви кожата за подобра апсорбција на хранливите материи.
Нанесете ја маската и оставете да делува 20 минути, а потоа само исплакнете со млака вода. На крај нанесете хидратантен крем.



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Мај.2014 во 08:24


Интересни летни маички кои можете да ги направите сами

Употребете ја вашата имагинација и од старите маичка направете си комплетно нова, уникатна и модерна маичка која ќе обожавате да ја носите.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-1

Со малку труд и креација вашата стара облека ќе добие нов изглед, а вие со сигурност ќе се издвоите од толпата и ќе го изразите вашиот стил и вкус за модата.

Додадете боја на белите маички, додадете тантела низ која ќе се проѕира дел од вашето тело, интересни или впечатливи нитни.

Сето тоа можете да го направите за кратко време, а денес издвоивме неколку интересни маички кои со сигурност ќе ве инспирираат:

1. Тантелата е секогаш одличен избор. На вашите секојдневни маички додадете тантела, а тоа можете да го направите додавајќи ја на средината или пак по краевите.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-001


2. Маичка со гол грб во облик на срце
. Оваа маичка е огромен хит и ова е нешто што морате да го имате. Истата се прави многу едноставно. Обложете ја маичката во форма на срце со украсена лента и зацврстете ја со лепило. Внатрешноста од срцето исечете ја со ножици.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-4

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-5


3. Златести копчиња. 
Златести, сребрени, шарени и секаков вид на копчиња или нитни ќе изгледаат одлично на маичките. На вашата стара кошула или палто променете ги копчињата и ќе добиете целосно ново парче гардероба.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-6


4. Модерна џинс маичка.
 Бидејќи џинсот е повторно во мода, пробајте да ја модернизирате вашата обична џинс кошула со тоа што ќе го отстраните целиот горен дел. Така ќе добиете кошула со голи рамена која изгледа секси и заводливо.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-7


5. Маичка со циркони.
 Набавете впечатливи циркони или искористете некои делови од стар накит. Зашијте ги цирконите за кошулата онаму каде сакате и повторно добивате нова, модерна маичка или кошула.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-8


6. Омбре маичка. 
Се прави многу лесно и потребни ви се два спреја во било која боја. Со потемниот спреј за ткаенина испрскајте го долниот дел од маичката, а веднаш над него измешајте и додадете од другата посветла нијанса на спреј.

interesni-letni-maicki-koi-mozete-da-gi-napravite-sami-9



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 09:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 20:53

ЧИСТО ЛИЦЕ БЕЗ АКНИ СО ДОМАШЕН ЛЕК ОД “ЧУВАР КУЌА“

01

Чувар куќа е лековито растение, добро познато на нашите баби и користено против многу болести. Денес ќе ви покажеме како да го исчистите лицето од акни и лузни од акни со помош на домашен лек подготвен од ова скапоцено растение. Лекот се подготвува многу лесно и докажано е многу ефикасен. Пробајте и уверете се – нема ништо подобро од лекување со моќта на природата!

Начин на подготовка на лекот:

20 грама свежа билка и 30 грама сув лист од Чувар куќа да се прелие со литар вода да преноќи. Следниот ден да се стави на оган да зоврие и да се остави да врие 15 минути.

Треба да отстои поклопено да се лади околу 20 минути па да се процеди.

Со оваа течност лицето треба да се чисти пет пати дневно, а постапката да се повтори неколку пати, се додека лицето не се исчишти од акни. Лосионот се чува во стаклен сад во фрижидер.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 20:52

ДОМАШЕН ЛОСИОН ПРОТИВ БРЧКИ

17

Брчките се појавуваат кај сите луѓе порано или подоцна во животот. Тие зависат не само од возраста, туку и од типот на кожата. Еве еден рецепт кој може да ви помогне да го решите овој проблем. Според кажувањата на тие што го користеле , ефектот од рецептот  може да се види после 12-13 дена од неговото користење.

Рецепт:

5 грама рузмарин, 1оо мл суво црвено вино, 100 мл водка. Алкохолот се става во темно шише кое се чува на ладно. Се додава рузмаринот и шишето секојдневно се протресува. По шест недели течноста се цеди и се става во помало шише.
Лицето со памукче и од течноста се мачка двапати на ден.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Април.2014 во 20:51

ДОМАШНИ ЛЕКОВИ ПРОТИВ ОПАЃАЊЕ НА КОСАТА

13

1.    Кокосово млеко. Во Тајланд и на Филипините употребата на кокосовото млеко е традиционален народен лек против опаѓање на косата. Околу половина чаша кокосово млеко се нанесува на скалпот и се остава да делува околу 30 минути. Главата ја покривате со крпа за да се отворат порите. На крај ќе ја исплакнете косата со некој благ шампон.

2.    Есенцијално масло од рузмарин. Маслото од рузмарин се користи во ајурведската медицина против опаѓање на косата. Три лажички од ова масло го мешате со 6 лажички маслиново масло или масло од авокадо. Смесата се нанесува на скалпот и се остава 20-25 минути да отстои со покриена глава. Се плакне со благ шампон.

3.    Црн пипер и сок од лимон. И двете состојки се дел од традиционалната народна медицина кои се користат за растење на косата. Две лажици црн пипер се мешаат со ¼ чаша лимонов сок во процесор додека да се создаде фина паста. Се нанесува на скалпот и се остава да делува 45 минути со покриена глава. Се мие со ладна вода и благ шампон.

4.    Мед.

-измешате пола филџан маслиново масло, една лажица природен мед и една лажица мелен цимет во процесор и направете паста. Нанесете со масажа на скалпот и оставете 15-20 минути со покриена глава. Исплакнете и повторете 3-4 пати неделно.

-Измешајте една лажица мед со една чашка ракија и сок од една главица кромид. Нанесете ја смесата на скалпот, секоја вечер, оставете да делува преку ноќта а исплакнете изутрина.

-1/4 чаша сок од кромид со природен мед, измешајте и масирајте го скалпот секоја ноќ.

-масирајте го скалпот и косата со мед и жолчка од јајце. Оставете 30 минути а потоа исплакнете. Овој лек помага и за сува коса.

5.  Сок од пиреј. Сокот од пиреј или сокот од Алое Вера имаат    најпознато ефективно лековито дејство против опаѓање на косата.  По масажата на скалпот, се мие косата со млака вода. Ова може да се прави два пати неделно.




Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 10:09
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 13>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.