IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Пилешки специјалитети
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Пилешки специјалитети

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
Автор
Порака
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2014 во 19:01

ПИЛЕШКО ВО СОС ОД ДОМАТИ И ПЕЧУРКИ

chicken-mushroom-tomato-04

Подготовка:

Измијте го пилето, исечете го на парчиња и сварете го. Доматите исечете ги на парчиња, ставете ги во тенџере со малку вода. Во доматите ставете ги печурките, кромидот, црниот пипер, ситно исецкан магданос. Откако ќе се свари, испасирајте го. На маст запржете го брашното и полијте го со сосот од домати и додајте ја супата во која се варело пилето на многу тивок оган. Половина час пред јадење во сосот од домати ставете го пилето и зачинете по вкус.

Состојки:

* 1 пиле

* 500гр домати

*100гр печурки

* 1 лажица масло

* 2 лажици брашно

* 1 бабура

* 1 главица кромид

*  магдонос

*  сол и бибер

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:46

ПИЛЕШКИ ШНИЦЛИ СО МОДАР ПАТЛИЏАН

news_5484

Подготовка:

Модриот патлиџан исечете го на четири листови по должина, од двете страни посолете и оставете ги некое време.

Загрејте малку масло во тава и додадете ги листовите од модриот патлиџан. Испржените домати ставете ги на хартија за да се исцеди маслото.

Истолчете ги шницлите, посолете и додадете црн пипер. Премачкајте ги со ајвар, а фета сирењето исечете го на дебели листови и наредете ги врз месото, на карј прекријте со листовите од модриот патлиџан. Затегнете ги краевите со чепкалка, а потоа пржете во врело масло по 4 минути од двете страни.

Изрендана краставица и истолчен лук додадете во кисело млеко помешано со павлака и помешајте. Додадете сол, црн пипер и малку шеќер и ќе добиете вкусен сос кој ќе го сервирате со месото.

Состојки:

  • 4 шницли
  • 1 модар патлиџан
  • 2 лажици ајвар
  • 100гр фета сирење
  • ½ краставица
  • 1 чаша кисело млеко
  • 100гр кисела павлака
  • Сол, црн пипер
  • 1 чешне лук

 



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:47

ПИЛЕШКО ФИЛЕ СО ПЕЧУРКИ

skillet-chicken-with-mushrooms-006

Подготовка:

Пилешкото филе исечете го на помали парчиња.
На масло, пржете го стекот на двете страни, околу 10 минути.
Додете крупно исецкан кромид, моркови исечени во прстени, печурки, исечени на четвртини и сушени печурки кои претходно се маринирале во ладна вода 10 минути.
Вегета попрскајте ја врз стековите со зеленчук и продолжете со пржењето во тавата уште 15 минути.
На крајот додадете го целерот исечен на стебленца и густинот измешан во малку вода и шери.

Состојки:

  • 600гр пилешко филе
  • 30гр путер
  • 4 лажици масло
  •  150гр кромид
  • 100гр моркови
  •  300гр маринирани печурки
  • 10гр сушени печурки
  •  1 лажица вегета
  •  80гр целер стебленца
  • 1 лажица густин
  • 50мл шери


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 17:49

ПИКАНТНО ПИЛЕШКО НА ИНДИСКИ НАЧИН

pileshko-indiski

Ако ви досадило секогаш да го јадете истиот вкус пробајте го вкусот на индиското пикантно пилешко.

Подготовка:Исчистите и исмијте го пилешкото и исечкајте го на парчиња како за паприкаш. Во сад загрејте малку масло, ставите го месото и посипете го со кари.

Измешајте и пржите го месото од сите страни додека да добие златно румена боја.

Додај мелен лук и сецкан кромид, сол и бибер. Доколку е потребно додадете малку масло, покријте го и оставете го да врие, повремено додавајќи малку вода додека месото омекне.

Месото се служи со варен ориз или тестенини.

Евентуално, можете да користите малку павлака, ако не ви се допаѓа зачинета храна.

Состојки

1 кг пилешко

2 главици кромид

2 чешниња лук

Сол

Бибер

Кари

По желба масло или путер




Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:32
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2014 во 22:15

ПРЖЕНО ПИЛЕШКО ВО МАСЛО ОД КИКИРИТКИ

recept

Состојки:

12 делови од кокошка (најубаво да се користат карабатаци и батаци)

1 литар јогурт

1/2 главица кромид, ситно исечен

2 чешниња лук , згмечени и излупени

2 листа од ловор

4 лажички црвена сол

1 лажичка  црн бибер

Малку Tabasco сос, доволно за да малку го обои јогуртот

3 чаши брашно

1, 1/2 лажички сенф во прав

3/4 лажички црвен пипер

Масло од кикиритки, за пржење

 

Подготовка:

 

1. Исплакнете ги и исушете ги со салфетка деловите од пилешкото. Во голем сад, измешајте ги  заедно јогуртот , кромидот, лукот, ловоров лист, 2 лажички сол, 1/2 лажичка црн пипер, и Tabasco сосот. Потопете го пилешкото  во маринадата, покријте, и оставете го  во фрижидер преку ноќ.

2.Извадете го пилешкото од маринадата и оставете го да се згрее на собна температура пред готвење. Во сад се мешаат брашното, сенфот во прав, 2 лажички сол, црвениот пипер и остатокот од црниот бибер. Земете најлонска кеса  и ставете ја мешавината од брашно во неа. Протресете го секое парче од пилешкото едно по едно во кесата се додека целото не се обложи со брашно.

3. Во голема тава ставете поголема количина масло од кикиритки,  загрејте ја тавата на 180°Ц. Пополека ставајте од пилешкото во загреаното масло, пржете околу  6 минути, пополека превртете ги парчињата од пилешкото и пржете уште 6 минути, ако сакате пилешкото да добие златно кафеава боја превртете ги уште еднаш.

 

4. Место на пилешко на жица решетката постави над хартиен бришач обрабени печење состојба да се исцеди. Дозволете на пилешко да се исцеди за 1-2 минути, пред нервира тоа Over (инаку, собира пареа се издига од хартиени крпи и прави влажна, влажен место на вашата пилешки парчиња), тогаш служи топло. Неексплодираните Fried Chicken (ако имате било какви) прави за голем следниве ден-пикник



Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:33
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Април.2014 во 21:19
Chicken mushroom Gorgonzola

___

Пилешко  месо во сос од горгонзола

Состојки:

-500 гр. пилешко месо

-150 гр. горгонзола

-1 кисела павлака

-бибер, сол

-зачини

Подготовка:

1.Пилешкото исечете го на тенки шницли и пржете го на врело масло.

2.Кога ќе биде готово до половина, додајте ја павлаката, сирењето и зачинете. Оставете да се динста уште десет минути.

3.Јадењето послужете го топло и украсете го со свеж магдонос.



Изменето од Valerija - 26.Април.2014 во 21:20
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 11:44

Пилешки увијачи од рерна

Пилешкиот стек се чука убаво да се истанчи, секое парче се сечи на половина по должина, така ќе се добијат 8 парчиња за полнење, се става бибер и се реди со парче шунка и парче кашкавал сечени на тенко, се ролаат мини ролатчиња кои по краевите се затвораат со чачкалици.

Настрана во сад се тура половина шоља јогурт и во него се додава 2 лајци сенф, бибер по вкус, се меша убаво, во втор сад се става презла. Секое од ролатчињата се "мака" прво во смесата од јогурт и сенф па во презла...така сите се редат во тепсивче на хартија за печење и се попрскуваат со малку масло одозгора, одат во рерна на 200С за време од 45-55 минути во зависно од јачината на рерната така да добијат златесто-кафеава боја.




Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 16:06

Печено пилешко со тестенини

Сварете ги тестенините во поголемо количество посолена вода. Исцедете ги и оставете ги на страна.
Во тава за пржење загрејте го маслото па ставете го кромидот да се пржи заедно со сланината додека не добие убава златна боја. Додајте ги коцките месо, пропржете да добие малку боја, па додајте ги и печурките и лукот. Пржете неколку минути, посолете, побиберете и оставете го на страна.
Во еден помал сад растопете го путерот, па на него испржете го брашното, но така да остани светло. Мешајки додајте го млекото, коцката за супа и водата, па варете го со постојано мешање додека да добиете средно густ бешамел.
Загрејте ја рерната на 200 Ц.
Додајте го бешамелот во тавата со пилешкото месо, додајте ја и брокулата и сувите домати, измешајте, дотерајте го вкусот и претурете ја целата содржина во керамичка тава за печење.
Ставете ги одозгора ренданата Моцарела и кашкавалот, па печете дваесетина минути додека не добие убава боја.
Кратко, 5 - 10 мин нека отстои во тавата пред да го послужите.




Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 17:01
БЕЛО МЕСО ВО КИСЕЛО МЛЕКО

За белото месо вројатно веќе знаете некој начин на подготовка, но никогаш не е лошо да пробате и нешто ново и поинакво.

Пилешкото месо може да се подготвува на илјадници начини, а овој рецепт се подготвува многу брзо и едноставно, а за него се потребни само неколку состојки.

Потребно:

 1кг пилешки стек
 2 чаши кисело млеко
 2-3 кисели краставички
 Брашно
 Сол


Подготовка:

 Стекот истолчете го со чук, посолете го и оставете да отстои 15 минути. Потоа секoе парче стек извалкајте го во брашно и пржете го на топло масло.

 Откако ќе го испржите целиот стек, вратете ги сите парчиња во тавата. Краставичките исецкајте на кругчиња или коцки па додајте ги во тавата, во која ќе го ставите и киселото млеко.

 Поклопете ја тавата со капак и оставете само неколку минути да се готви, и потоа јадењето е готово.

 Можете да го сервирате со помфрит или варен зеленчук по желба.

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 12.Февруари.2018 во 16:34
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Мај.2014 во 22:48
ВКУСНО ПИЛЕШКО СО МЕЛЕНИ БАДЕМИ

И похованата храна може да биде здрава со мали промени во начинот на подготовка.

Пилешкото на медитерански начин се подготвува многу лесно, а има одличен вкус.

Потребно

 ½ шоља мелени бадеми
 ¼ шоља интегрално брашно
 1 ипол лажичка мелена пиперка
 ½ лажичка сецкан лук
 ¼ лажичка сол
 1/8 лажичка бибер
 1 ипол лажица маслиново масло
 2 белки од јајце
 400 г пилешки гради
 Масло за јадење

Подготовка

1. Во блендер ставете ги бадемите, брашното, пиперот, лукот, солта и биберот и миксајте неколку минути. Во текот на миксањето додајте го и маслото.

2. Изматете ги белките па прво во нив извалкајте го пилешкото, а потоа и во смесата од бадеми. Ставете го месото во тава за печење обложена со мрсна хартија и попрскајте со масло. Печете 20-25 минути на 250 степени. 

Добар апетит!


Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:26
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 21:43

Поховано пилешко месо


Потребно
  • 1 кгр. пилешко
  • 150 гр. кашкавал
  • 150 гр. брашно
  • 2 јајца

Подготовка:

Белото месо сечете го по должина на пола, за да добиете две шницли, односно вкупно 8 шницли. Шницлите ставајте ги помеѓу два листа хартија за печење и добро исчукајте ги. Во посебна чинија измешајте го кашкавалот ситно изрендан, презлата, ренданата кора од портокал и сецканиот першун.

Шницлите прво извалкате ги во брашно, па во изматените јајца и на крајот во подготвената мешавина со кашкавал (добро притискајте со раце за смесата убаво да се залепи на месото).
Пржете ги шницлите од секоја страна додека не поруменат. Вадете ги шницлите на кујнска хартија да се исцедат од непотребната маснотија.



Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:27
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2014 во 21:46

Пилешки бродет

Потребни состојки:

  • малку црн бибер
  • црвен пипер
  • 200 мл. суво бело вино
  • малку рузмарин
  • 1 кгр. пилешко
  • малку магдонос
  • 2 чешниња лук
  • 3 ливчиња ловоров лист
  • 4 главици кромид
  • 300 гр. компир
  • 250 мл. доматен сок
  • малку вагета
  • малку босилок

Подготовка:

Кромидот изблендирајте го, па ставете го во длабок сад.
Месото исечете го на парчиња.
Наредете го месото преку кромидот, сипете 1 л. вода, додадете, црвен пипер, ловоров лист, изгмечениот лук, зачинете по желба со мешан зачин и бибер, поклопете и крчкајте на тивок оган 1 час.
Потоа, додадете го доматовиот сок, белото вино, компирите исечени на полукругови, промешајте, поклопете и варете уште 30 минути.
Пред крајот додадете малку рузмарин и босилок.
Посипете со сецкан магдонос и послужете.



Изменето од Valerija - 14.Март.2018 во 08:28
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Мај.2014 во 08:36

ПЕЧЕНИ ПИЛЕШКИ ПРСТИ

8

Состојки:
1 кг. пилешки гради
200 гр. лебни трошки
200 гр. сусам

Состојки за маринада:
2 лажици мајонез
½ лажица црвена пипер
½ лажица оригано
1 лажица сенф
200 мл. павлака

сол
црн бибер

Подготовка:
Во поголем длабок сад се подготвува маринадата од наведените состојки.
Пилешките гради се сечкаат на долги ленти со дебелина од 1 см. и се ставаат да стојат во маринадата 5 часа за убаво да ги впијат состојките.
Маринадата повремено се меша.
После 5 часа лентите пилешко месо се прпелкаат во лебните трошки, па во сусамот и се редат во плех обложен со хартија за печење.
Се печат во рерна на 180°Ц додека да поруменат.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2014 во 15:48
Clipboard053

Маринирано пилешко месо

Состојки:

- 4 поголеми карабатака

-180 гр. ориз

-400 гр. ситни шампињони

-0.5 дл. маслиново масло

-3 лажици сенф

-2 лажици мед

-сок од два портокала

-мајчина душичка, шафран

-мешан зачин

-сол и бибер

Подготовка:

1.Карабатакот одвојте го од коските, а потоа истенчете го со помош на толчник за месо.

2.Во поголем сад соединето го маслиновото масло, сенфот, медот и сокот од портокал. Додајте го шафранот, мајчината душичка и зачинете по вкус и се заедно измешајте.

3.Во припремената маринада ставете ги парчињата месо и оставете ги во ладилник да отстојат најмалку четири часа.

4.Оризот обарете го во солена вода и изцедете го.

5.Пилешкото извадете го од маринадата и пржете го на загреано масло  додека да порумени.

6.Во маснотиата од пилешкото додајте ги шампињоните и кратко пропржете ги додека да омекнат. Додајте го оризот, маринадата и кратко време гответе.

7.Прженото месо послужете го со подготвеното рижото.



Изменето од Valerija - 12.Мај.2014 во 15:49
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 678910 12>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,375 секунди.