|
Анемија |
Внеси реплика | страница <1234> |
Автор | ||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Sakate da kazete deka ne e bash igrachka da ti bide hgb pod 100g/l
|
||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
sneska_v
Сениор Регистриран: 05.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 3455 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Анемијата е состојба во која е намален бројот на црвените крвни клетки или еритроцити во организмот. Еритроцитите во крвта се задолжени за пренесување на кислородот, односно на хемоглобинот - белковина што низ крвта го пренесува кислородот од белите дробови до ткивата. Кога недостасува хемоглобин, доаѓа до анемија, а тоа значи дека сите клетки примаат помалку кислород, поради што е намалена и нивната активност. Се јавува општа слабост, органите работат побавно, имунолошкиот систем на организмот е ослабен, а заморот е се поизразен. Бледилото е прв знак Благата форма на анемија, во најголем број случаи, нема забележливи симптоми.Лицето што е анемично е побледо од обично. Потешко дише кога прави напорни движења, а дланките и прстите се побели. Анемијата обично се открива кога се испитува крвта поради некои други проблеми. Но, ако се лекува, симптомите стануваат се поизразени. Се јавуваат проблеми со варењето, како што се слаб апетит, промени на слузокожата и тврда столица. Се јавуваат и симптоми кои се заеднички за сите типови анемија - забрзана работа на срцето, губење на здивот, хроничен замор. Тенките и кршливи нокти и слабата коса исто така се знак за анемија предизвикана со недостиг од железо. Молекулот на хемоглобинот содржи четири атома на железо, чија главна задача е да го врзуваат кислородот во белите дробови и да го испуштаат во допир со клетките. Човековиот организам го добива железото и другите потребни материи од храната. Покрај тоа, човековото тело е направено така што може да ги преживее интервалите кога нема храна. Затоа, таложи дел од железото во џигерот, коскената срж и во слезинката. Околу 2/3 железо (2,5 гр.) има во еритроцитите, односно во хемоглобинот, а остатокот (1-2 гр.) во резервите. Во организмот постои цела низа механизми кои го надоместуваат недостатокот од железо со забрзување на циркулацијата, односно со зголемување на протокот на крвта. Постојат и промени на нивото на ензимите. Така, организмот се навикнува на анемија. Поради овие можности за приспособување, многумина се изненадени кога ќе утврдат дека имаат многу ниски вредности на хемоглобин, а при тоа немаат никакви проблеми. Нормалната вредност кај жените е од 120-150 гр. хемоглобин во литар крв, а кај мажите од 138-175 грама. Симптоми се појавуваат дури кај анемија од среден степен, кога нивото на хемоглобинот е помалку од 100 грама во литар крв. Причините за анемија се различни и се јавуваат во определени животни периоди - недостиг на храна во првите месеци од животот, губење на крв, а со тоа и црвени крвни зрнца, менструација, трајно крварење или отежнато апсорбирање на материите кои се внесуваат преку храна во цревата. Анемијата што се создава поради недоволно производство на црвени крвени зрнца е најчесто последица на директни труења и оштетувања на матичните клетки на коскената срж, односно на различни болести - инфективни или ендокрини, на труење со олово па дури и од леукемија. Во сите случаи коскената срж не може да ја извршува својата функција. Се работи за тешки состојби кои бараат сложено хематолошко лекување. Анемијата може да е резултат и на прекумерно разградување на црвените крвни зрнца. Кога се разградуваат, нормално во слезинката тие просечно живеат околу 4 месеци. Но, ова разградување може да е зголемено или може да се појави болест поради која доаѓа до уништување на црвените крвни зрнца во крвта. Тие уништувања можат да бидат наследни или здобиени, имунолошки и неимунолошки. Имунолошките се најчесто автоимуни, односно во организмот се создаваат антитела против сопствените еритроцити. Анемијата што е предизвикана од прекумерно губење на крв по крвавење, се нарекува сидеропенична анемија. Таа е најчеста и наједноставна за лекување. Причина е недостигот од железо во организмот. Недостигот од железо може да биде последица од бројни фактори, но најчесто се јавува поради зголемено, умерено и постојано губење на крв. Сидеропеничната анемија е честа кај жените како последица на обилни менструации. Жените што имаат обилни и нередовни менструации, а им недостига железо, мора да се обратат кај гинеколог. Лекување Кога лекарот ќе постави дијагноза - анемија, освен соодвена исхрана, обично препишува и препарат базиран на железо. Целта на препаратот со висока концентрација на железо не е само да го обезбеди дневното количество на железо, туку и да ги надополни испразнетите резерви. Лековите се земаат пред јадење, бидејќи храната ја намалува ресорпцијата на железо. времетраењето на лекувањето е различно од случај до случај, бидејќи зависи од степенот на анемијата и од дневните дози. При лекување на анемијата се користат интравенски инекции, а многу ретко и интрамускулни. Тие се користат поретко бидејќи не може да се контролира внесувањето на железо во организмот. Овие инекции се даваат на лице со изразен недостик на желазо во крвта, обично како ударна терапија. Капки и сируп се користат за лекување на анемија кај децата чиј дигестивен тракт го поднесува железото послабо. Се земаат 1 или 2 часа пред јадење. |
||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Коприва против малокрвност |
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Лек за слабокрвните Анемијата предизвикана од недостаток на железо често се јавува кај децата,
тинејџерите, жените со интензивни менструални крвавења и кај старите
луѓе. Врз апсорпцијата на железото од продуктите влијаат многу фактори. Колку
организмот ќе го искористи овој елемент зависи, пред се од формата на железото
во продуктите. Така, железото во производите од животниско потекло многу подобро
се апсорбира, за разлика од она во зеленчукот. Продукти кои ја инхибираат ( отежнуваат ) апсорпцијата на железо од другите
продукти се спанаќот, црното вино, кафето, чајот, блитвата, сојата и соините
производи.
Коприва против малокрвност Изменето од Valerija - 05.Март.2014 во 15:36 |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
upotrebiv se i normalnopak sum anemicna..malku so lekovi ke mi se kreni hgb i pak isto(se naviknav)
|
||
viktorija123
Сениор Nishto Posebno, tuku EDNO Регистриран: 04.Февруари.2010 Статус: Офлајн Поени: 7300 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Kade bi mozhelo da se nabavi vino od kapini? - bilo efikasno za anemija.
|
||
ANITA11
Сениор Регистриран: 04.Јануари.2009 Статус: Офлајн Поени: 21488 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
|
||
Феникс
Сениор http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46 Регистриран: 12.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 8143 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
jas veke se naviknav na istovo....se probano ....podobar rezultat nema....
|
||
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
||
Schatzii7
Сениор Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Чаеви за лекување на анемија
Бледата кожа и слузокожа се видливи само во тешките случаи на анемија. Воглавно нејзините симптоми се многу нејасни и неприметливи. Болните обично се жалат на општа слабост и непријатност. Освен терапијата препишана од доктор, добро е да се пијат и одредени чаеви. Анемијата или намалениот број на црвени крвни зрнца – еритроцити или количината на хемоглобин, може да биде предизвикана од крварење, намалено производство на крвнита станици, нивно зголемено разградување или комбинација на сите овие пореметувања. Оваа состојба може многу озбилно да го наруши квалитетот на животот, а во потешки случаи да доведе и до тешки компликации. Лекувањето на анемијата ќе биде многу поефикасно доколку пиете билни чаеви. Тие можат да помогнат во создавањето на залихи на железо во организмот. Во еден литар вода ставете 30гр листови од зимзелени дрва и варете ги една минута, оставете да отстои 15 минути, потоа процедете го чајот. Пијте по 2 шољи чај, два пати на ден помеѓу оброците. Во еден литар вода ставете 20 свежи листови од ореви и сварете ги, а потоа исцедете ги. Пијте по една шоља чај пред оброкот, два пати на ден. Во еден литар вода ставете 20гр корени од рен и варете ги 20 минути. Оставете да преноќи. Исцедете и пијте по 3 шољи чај во текот на денот помеѓу оброците. Во еден литар зовриена вода ставете 25гр исушени цветни врвови од коприва. Оставете го да отстои 10 минути, а потоа исцедете го. Пијте по две шољи чај на ден помеѓу оброците. |
||
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
|
||
Valerija
Модератор Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Поправете ја крвната слика: Чудотворен сок од цвеклоЗа вашата крвна слика да биде подобра, овој сируп е доволно да го конзумирате само два пати годишно. Состојки:1 килограм цвекло 1/2 килогам морков Сок од еден лимон 2-3 портокали 2 кисели јаболки 1 тегла мед ПодготовкаИзлупете ги цвеклото, морковот и јаболката, исечете на мали парчиња, вметнете ги во соковникот и исцедете сок. Лимонот и портокалите исцедете ги и промешајте ги со претходните состојки. На крајот, додадете тегла мед, најдобро ливадски, бидејќи е најлековит поради разноликите билки. Сето тоа измешајте го добро, да се стопи медот и да се соедини со сокот. Количината на портокал може да биде и поголема, бидејќи се додава воглавно поради вкусот и мирисот. Готовиот сируп сипете го во стаклени шишиња. Ќе добиете околу литар и пол до две литри сируп, што е доволна количина за 15-20 дена. Сирупот пијте го секое утро, на празен стомак, додека не се испие целата количина. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
1 кг цвекло
1 кг морков 1 кг лимон Се поминува се во соковник(ако немате, може да се изренда се да стои една вечер и да се исцеди преку газа) се додава пола тегла мед се пие од соков 3 пати на ден по едно филџанче ако вкусот од цвеклото ви е тежок може да се стави и јаболка. |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
SVOJA
Сениор Регистриран: 28.Мај.2013 Статус: Офлајн Поени: 2159 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|
Mene ova mnogu mi pomogna:cvekloto od stranata na korenot se v dlabnuva konusno,sekoja vecer vo nego se stava po edna lazica med a utroto istoto se pie.Taka se dodeka ne se potrosi srcevinata na cvekloto.Mnogu pomaga,barem mene mi pomogna.
|
||
RODENA SREDE PURPURNI VODOPADI,DETE NA ZVEZDITE,GOSPODARKA NA ZELBITE,RATNIK,TRAGAC TAINSTVEN OSAMENIK.
|
||
Внеси реплика | страница <1234> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |