IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - X Фактор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

X Фактор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 65>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Февруари.2014 во 12:21

Вечерашното седмо Live Show е посветено на филмски музички теми, кои ќе ги изведуваат финалистите на X-фактор.

x-faktor-filmskata-tema-koja-ke-ja-pee-daniel-e-od-filmot-unchained-01

Во едно интервју за Сител телевизија, Даниел не ја откри точната песна, но кажа дека многу се израдувал кога слушнал дека ќе се пеат филмски песни.

Тој веднаш ја предложил неговата омилена, која за среќа, била прифатена од продукцијата.

Вечерва тој ќе ја пее песната „Unchaind melody“ од Тhe Righteous Brothers, која во 1955 година била саундтрак на филмот „Unchained“ .

За помладите генерации сигурно повеќе ќе ја препознаат како дел од филмот „Ghost“ со Деми Мур и Патрик Свејзи

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 22:42

Во новото спектакуларно live издание од најгледаното шоу „Х Фактор“ учесниците ќе се претстават со филмска музика, ТВ Пакет открива која песна ќе ја изведе многу посакуваниот Даниел Кајмакоски.

 

Daniel35345

 

Ова ќе биде вечер со многу драма и прекрасни евергрини. Човекот драма, како што Кристина Ковач милува да го нарече учесникот Маид, конечно ќе има одлична можност да ги покаже своите таленти и да ја истакне енергијата, но ова ќе биде вечер и на главниот фаворит Даниел Кајмакоски кој има одлична задача.

 

Ghostmusical Thumb 531x411 14504

 

Песната „Unchained Melody“ од Righteous Brothers овој вторник ќе биде билетот на Даниел за следното live издание. Сите со нетрпение ја очекуваа оваа негова изведба.

 

Кон врв
zamislena Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 03.Јануари.2010
Статус: Офлајн
Поени: 14571
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zamislena Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 20:33
....   Срце  ми е овој Даниел ....
  навивам за  него  .....  среќа
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 16:37
Aj sega ,audiciite bea nekade letoto ako ne se lazam a stanot planira sega da go zeme i toa planira da si plaka kirija ,verojatno ocekuva prihod od nekade ...

Sega da ne izleze deka go branam ama i ti kako novinarine ....  плазење


Изменето од Kastro - 23.Февруари.2014 во 16:37
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Февруари.2014 во 12:47
Ме буни детево.. еднаш кажува дека позајмил 200 евра за да дојде на Х фактор, еднаш кажува дека планира да земе стан под кирија во Белград..замисленост

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 23:32
Ma sekako deka se nadeval среќа dokolku ne se nadeval ne bi ni otisol .....tuku verojatno mislel da kaze se nadevav no ne veruvav... голема насмевка
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 23:23
како бе не се надевал изненадување

кај нас се организираше некој натпревар на мали таленти
едно девојче од 2-ро одделение ја доби третата награда и нормално водителката
ја прашува...очекуваше ли трето место
а таа...не, очекував прво даголема насмевка


Изменето од Gabriela_S - 22.Февруари.2014 во 23:35
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Февруари.2014 во 23:17

АНИЕЛ КАЈМАКОСКИ: „МАЈКА МИ ПОЗАЈМИ 200 ЕВРА ЗА ДА ДОЈДАМ НА АУДИЦИЈАТА“

Даниел Кајмакоски, во интервју за српскиот весник „Ало“ реши да открие што се морал да направи тој и неговото семејство за да стигне на аудицијата во Белград

daniel- На аудицијата во Македонија ме пријави еден мој другар, меѓутоа не добив никаква повратна информација од организираторот. Прашав дали може да отидам во друг град, а тие ми овозможија, со тоа што утредента требаше да се појавам во Белград.

Тогаш и кажав на мајка ми: Ова е неверојатно, не знам каде ќе спијам, немам пари, не можам во хотел… изјавил Кајмакоски за Али и продолжил…

Немав ниту еден денар во џебот, мојата мајка мораше да позајми 200 евра од својата соседка за да можам да тргнам на тоа патување.

Се сеќавам на зборовите на мајка ми:

- Сине, гледаш дека животот е тежок, гледај само да се исплати цела оваа мака и дај се од себе. Веруваме во тебе!

Овие зборови никогаш нема да ги заборавам. Тргнав на аудицијата со позитивна енергија и не успеав да заспијам додека патував до Белград. Искрено не се ни надевав дека ќе поминам на аудицијата.

Меѓутоа, на крајот се испадна како што треба и Даниел помина супер на таа аудиција.

Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 21:45

Даниел: Во финалето ќе настапам со моја песна

Ново-откриениот талент Даниел Кајмакоски деновиве го даде своето прво интервју и тоа во радио станицата на City Radio. Тој беше мошне возбуден што му се отворила таа прилика да дојде во Македонија, да учествува на Златна Бубамара и воедно да го даде своето прво интервју.

За почеток, одлучи за зборува за почетоците на оваа кариера. Тој  учествувал во многу музички натпревари на Балканот, меѓутоа нигде не постигнал вака голем успех како на X-Factor. Токму тогаш кога започнувале аудициите за X-Factor тој веќе се откажал од музичката кариера, се вработил во Виена и таму живеел. Сепак, неговиот најдобар другар Антонио, решил да го пријави и за последен пат да си ја проба среќата. Даниел дал отказ, ги спакувал куферите и правец во Македонија.


 Другар ми ми кажа дека ме пријавил на X-Factor и натаму што ќе правам беше мое, бидејќи тој верува во моите способности. На почеток решив да ја пеам песната Hello од Лајонел Ричи, која целиот свет ја знае. Но, само еден ден пред аудицијата се премислив и ја сменив со песната Red од Даниел Мериведер, изјавува Даниел.

Во тоа време голема поддршка добил и од Тони Зен, кој му кажал една добра мисла која гласи: Без ризик нема ништо во животот. Треба да решиш самиот со себе и ако решиш нешто – прави го тоа до крај! Освен што му ја дал неизмерната поддршка, тој решил со него да ја снима песна, наречена „Слобода“.



Даниел сепак откри дека за да се избориш со целата конкуренција на X-Factor, мораш да бидеш борец, бидејќи конкуренцијата е многу добра. Некогаш темата на вечерта се знае однапред, па многу полесно било да се избере песната, отколку вечерите кога не е позната темата. Еден просечен ден на Даниел, како и на останатите учесници на шоуто е учење на текстот на песната, вежбање, тонски проби, сценски проби и слично. Според него менторите имаат огромно влијание врз учесниците, а Даниел е среќен што Жељко работи со него, додека не би ја сакал Емина за менторка. Тој призна дека на почеток сите членови се дружеле, но откако ги разделиле кај менторите, тие некако се оддалечиле. Сепак, кога сфатиле дека секој еден може да си замине, повторно се зближиле и сега се како едно големо семејство. Најблизок бил со Маид и со Алекса.

Водителката на интервјуто го праша Даниел дали има некој ритуал што го прави пред секој сценски настап.

- Пред секој мој настап, мислам на мајка ми и на нејзините зборови: Синко, виде колку е тежок животот. Се стави на една карта и гледај тоа да ти се исплати. Едноставно многу ја сакам и овие зборови ми даваат огромна енергија.

И покрај тоа што чувствувал трема на настапите, тој никогаш не размислувал додека пее, туку оставал срцето да го води. Признава дека сите му недостигаат, но знае дека и сите го поддржуваат бидејќи социјалните мрежи се преплавени со желби кон него. Смета дека секој учесник мора да го покаже она најдоброто од себе. Можеби Харис Чато го напушти шоуто затоа што не го покажал она вистинското што се крие во него.

- Се трудам на секој настап да го дадам најдоброто од мене. Но, кога на финалето ќе пеам моја песна, мислам дека тогаш ќе го достигнам врвот. А во меѓувреме сакам да ја испеам песната Gorilla од Бруно Марс и Breathe Easy од британската група Блу.


Ние веруваме во него и ќе гласаме за да стигне до финалето и конечно да му се исполни сонот: Да стане уште една позната ѕвезда, која дошла од нашата земја.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 21:42

Тивка војна: Што се случува со Кристина и Емина?

Членките на жирито во најпопуларното музичко натпреварување X-Factor, Кристина Ковач и Емина Јаховиќ сè повеќе влегуваат „во војна“ и тоа најмногу поради фановите на турската снаа кои секојдневно праќаат навредливи коментари на Ковач.

- Тие двете постојано се во некој чуден конфликт. Знаат да си префрлат една на друга, да се пецнат и да си кажат нешто двосмислено. Дека меѓу двете има искри се покажа и за време на лајв шоуто кога Кристина ги коментираше натпреваруваните на Емина, и не сакаше да го изговори името на својата колешка, туку постојано ја насловуваше како „менторката“, открива извор близок до шоуто.

- Кристина има право да не ми го спомнува името и да ме нарекува менторка. Секој секому му се обраќа како сака и знае, па така таа има целосно право да ме насловува така, рече Емина.

Останува да почекаме до вторник и да откриеме дали овие две убавици ќе ги закопаат секирите и ќе почнат да комуницираат нормално.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 21:40

Македонките ме напаѓаат на сите страни!

Харис Чато (14) беше најмладиот натпреварувач во шоуто. По излегувањето од шоуто плачеше, но и сега не му е сеедно бидејќи вели дека елиминацијата му паднала мошне тешко. Утехата ја наоѓа во зборовите на својата менторка Емина која по завршувањето на последниот лајв му ветила дека нема да го остави на цедило. Младиот учесник на X-Factor додава дека се стекнал со многу обожавателки кои секојдневно му праќаат пораки.

Го сакаат девојчињата ширум Балканот, а тоа нормално дека му годи. Чато открива дека е разочаран зошто го напушти најпопуларното шоу во регионот, но најтешко му било што во дуел се нашол со пријателот Лукијан Ивановиќ. Четиринаесет годишниот Босанец тврди дека учеството во вакво натпреварување му донело голема популарност и дека станал главен фраер во школо, во својот крај, но и дека има обожавателки секаде, каде што се гледа X-Factor.

- Тажен сум, речиси три месеци живееме заедно, дишевме заедно. Плачев зошто се најдов во дуел со Лукијан. Многу ми беше тешко. Сепак, драго ми е поради поддршката од Емина, ми вети дека ќе ме подржи, вели Чато.

Од друга страна ниту Емина не остана рамнодушна поради нивната разделба. Ставена пред свршен чин да избира помеѓу Лукијан и Чато, таа ја препушти одлуката за напуштање на шоуто на публиката.

-Во последниот лајв Харис покажа дека е сериозен пејач. Ги засрами сите оние кои се сомневаа во него. Животот и кариерата се пред него! Јас секогаш ќе бидам со него, само храбро, изјави таа.

Харис во интервјуто за еден српски портал додава:

- Не очекував дека ќе испаднам. Публиката така гласала. Требаше моите фанови малку повеќе да се потрудат бидејќи минатиот пат за малку го избегнав испаѓањето. Два пати по ред бев во дуел и ете, го напуштив натпреварувањето. Фала му на Бога, добар сум и сето тоа го поднесов.

Дали мислиш дека Лукијан е подобар од тебе?

- Двајцата не можеме да се споредиме бидејќи сме различни. Не пееме иста музика и немаме ист стил. Тој е одличен и му ја посакувам целата среќа.

Дали си сега главна фаца во школо?

- Па да, така нешто. Сите гледаат X-Factor и нормално е тоа.

Тоа значи и дека девојките се врткаат околу тебе?

- Да, веднаш го забележав тоа :)

Какви пораки тие ти праќаат на Facebook?

- Ми праќаат секакви. Најмногу пораки ми праќаат Македонките и ме молат да им одговорам.



Какви ти се плановите за во иднина?

- Наскоро ќе си одам дома бидејќи ми недостигаат моите. Скоро три месеци не сум бил во школо, па морам да продолжам и сега да го надополнам изгубеното.

Чато исто така во своето интервју откри дека не е како Џастин Бибер, бидејќи тој не бил во затвор.


Дали ти пречи тоа што многумина те споредуваат со Џастин Бибер?

- Секако, луѓето ми говорат дека се водам по музиката која ја пее Џастин. Тој е голема ѕвезда и има постигнато толку многу, па нормално дека сакам да имам кариера слична на неговата.

Дали и ти си проблематичен како него?

- Секако дека не сум. Никогаш не сум бил во затвор.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 19:47
Nekade od kaj 34ta min. pa se do krajot moze da gi gledate Daniel i Maid....


Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
managercenter Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 10.Февруари.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 29
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај managercenter Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 17:53
X-Faktor vo SAD e na drugo nivo.
Sepak ubavo e da se vide sto covek se moze.
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Февруари.2014 во 13:02

Откако во шестото Live Show испадна 13-годишниот Харис Ќато, според најмалиот број гласови од публиката, неговата менторка Емина Јаховиќ не може да се помири.

emina-jahovik-haris-e-nepravedno-isfrlen-od-x-faktor-01

Ова е нејзин прв натпреварувач кој испаѓа дури после 6 емисии. Покрај тоа што секако мораше да излезе некој од нејзината група, бидејќи во дуел беа Харис и Лукијан, и покрај тоа што публиката одлучи со своите гласови, таа сепак смета дека е неправедно исфрлен.

„Харис покажа дека е сериозен пејач. Ги засрами оние кои се сомневаа во него. Неправдата е дел од секое натпреварување. Животот и кариерата се пред него! Само храбро, а јас секогаш ќе бидам со него“, напиша Емина на својот Твитер профил.

Позната по своите емотивни реакции, повторно не можеше да ги задржи солзите додека Харис ја пееше песната за спас.

emina-jahovik-haris-e-nepravedno-isfrlen-od-x-faktor-1

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2526272829 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,141 секунди.