![]() |
|
Рецепти за торти и други благи работи |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 56> |
Автор | |||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Јо-Јо коцкиНа тивок оган,или над пареа,истопете го црното чоколадо,маргаринот и еурокремот.Тргнете од оган и додадете ги пченичните снегулки.Добро соединете |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Пауново око1.Посебно се матат жолчките со шеќерот,се додава брашното,сода бикарбона ,какаото и снегот од белките. |
|||
![]() |
|||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:36 |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Баклава со чоколадоСекоја кора се попрскува со зејтин, па врз неа се става уште една кора, повторно зејтин и уште една кора. Вкупно три кори една врз друга. По ивица на корите се ставаат три лажици од филот (ореви и чоколада) и се мота кората како ролат, Шербетот се прави со зовривање на водата и шеќерот и додавање на сок од еден лимон, а филот се преви со топење на чоколадото на тивок оган и додавање на оревите |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Благи сусамкиСусамот се пропржува додека да добие румена боја. Во друг сад се топи шеќерот исто така додека добие румена боја. Кога ќе се стопи шеќерот се додава медот , ванилиниот шеќер и сусамот и добро се меша се заедно. На плех премачкан со масло за јадење се распределува смесата со влажни раце. Додека е сеуште топла смесата се сече во форма на коцки или правоаголници |
|||
![]() |
|||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Чоколадни срцаОревите се мелат доколку не се смелени. Чоколадото се растопува. Најдобро е да се растопи со методата „сад во сад“. Сите состојки се мешаат и се меси тессто со средна дебелина. Од неа се вадат форми, нормално во срца и се прелеваат со топена чоколада. Се оставаат да се стврднат малку. |
|||
![]() |
|||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ДЕСЕРТ МУХАЛЕБИ СО КАЈСИИПрипрема:
Потоа ставете го во фрижидер да се олади. При послужување превртете го десертот, дополнително може да декорирате со сецкани ореви, лешници по ваша желба. |
|||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|||
![]() |
|||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ИТАЛИЈАНСКА ТОРТА СО БИСКВИТИ – ЛЕСНА И БРЗА ТОРТА ОД НАШЕТО ДЕТСТВОСостојки:
130 гр шеќер 130 гр лешници 130 гр путер 40 парчина бисквити 1 чаша кафе со млеко 1 ванилин шеќер 1 мала чашка рум Жолчките се матат со шеќерот, додека не се добие пена. Лешниците се печат во рерна на умерена температура, околу 15 минути. Откако ќе се испечат се мелат или се сецкаат ситно. Путерот се мати, па се додава смесата со жолчките. Се додаваат и лешниците. Целата смеса се мати повторно со миксер. Додека сеуште матите со миксер, додадете рум, а на крај додадете ги матените белки, но многу бавно и внимателно, за да не спласнат. Бисквитите се потопуваат во кафето со млеко во кое претходно сте го додале ванилиниот шеќер. На дното од тавате ставете еден ред бисквити. Потоа додадете дебел слој од кремот. Се ставаат ред бисквити, ред крем, се додека не се потрошат состојките. На крај треба да завршите со бисквити. Тортата се покрива со алуминиумска фолија и треба да отстои 5 часа во фрижидер. |
|||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|||
![]() |
|||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
ДЕТСКА РАДОСТ – ДОМАШНИ КРЕМ БАНАНЧИЊА
1. Шеќерот измешајте го со 2дл.вода и варете околу 5 минути, додека не се растопи. |
|||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|||
![]() |
|||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Сникерс штанглиВо време на подготовки за празниците што следуваат еве еден фантастичен колач кој вашите најблиски ќе го сакаат.Потребни состојќи: 300 g шеќер За глазура: 150 g чоколадо Подготовка Ставете на шпорет шеќер и вода, толку што шеќерот ќе се истопи. Додадете маргарин и чоколадо да се стопат. Тргнете ги од оган и додадете 400 г. раздробени бисквити и 300 грама кикиритки. Топлата смеса ставете ја во тепсија. Израмнете ја и премачкајте со две лажички мед, па ставете глазура: на тивок оган стопете 150 г. чоколадо, 4 лажички зејтин и 20 грама маргарин, па глазурата нанесете ја врз колачот. Додека не е зацврстено чоколадото, додадете ги кикириките. Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:40 |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
![]() |
|||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Одличен рецепт за еклериОдличен предлог за домашен десертСтавете ги маслото и водата да зовријат и нека врие уште некои 2 минути. Во зовриената течност додавајте го брашното и енергично мешајте додека не се собери. Тргнете го садот од оган, додадете го пецивото и оставете смесата потполно да се излади. Во изладената смеса миксирајте ги јајцата, така што ќе ги додавате едно по едно. Има два начини на одлагање на смесата во плехот Печете во загреана рерна на 250С првите 10 минути, потоа смалете ја температурата на 150С и печете уште 20 мин. Додека се печат еклерите рерната не смее да се отвора, особено барем најмалку првите 20 мин. Млекото и 4те лажици шеќер се оставаат да зовријат, па му се додава со жица избиената смеса од брашно јајца, ванилата и останатите 3 лажици шеќер. Се вари крем и се осатва да излади. Во изладениот крем се миксира предходно изматен маргаринот со шеќерот во прав. Еклерите се засекуваат и се филоваат со кремот. Одозгора можи да ги прелиете со чоколаден прелив, подготвен од маргарин, малку шеќер, какао и млеко, а по желба можи да додадете и некое ребро чоколадо за готвење. Изменето од Valerija - 16.Март.2018 во 09:40 |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
![]() |
|||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Чоколадни лава колачи: Едноставен рецепт од само три состојкиСостојки: - 3 јајца Подготовка: 1. Скршете ги јајцата во сад за мешање и додадете брашно. Измешајте со миксер сè заедно. 2. Се топи чоколадото и се меша со состојките во садот додека не се формира еднаква кремаста смеса. 3. Истурете 1/3 од смесата во калапите за мафини. 4. Се пече во рерна на 180 степени околу 20 минути, или додека колачињата не се запечат однадвор, а средината да остане мека. Совет: Украсете ги колачињата со шеќер во прав и послужете ги во комбинација со сладолед од ванила или шлаг. Изменето од Valerija - 05.Декември.2017 во 22:34 |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
![]() |
|||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
Црната чоколада всушност може да биде одлична за регулацијата на шеќер во крв, па само едно парче може да направи чуда. Тогаш, зошто да не ја искористите за неколку слатки делиции? Колач со двојно чоколадо Потребно ви е:
Од дадената мерка ќе добиете 24 колачи, за кои потребни ќе ви бидат 25 минути за подготовка и половина час за печење. Подготовка: Ставете хартија за печете во тава, а рерната загрејте ја на 180 степени. Истопете го путерот и ¾ шолја чоколадо, па оставете го да се олади. Изматете 2 јајца, додајте им го шеќерот, а кога ќе добиете пенеста смеса додајте го екстрактот од ванила и оладената мешавина на чоколадо и путер. Преку смесата истурете го какаото, брашното, оревите и парчињата преостанато чоколадо, па мешајте со лажица. Намачкајте ја тавата со малку путер и смесата истурете ја во неа. Печете 30 минути. Изладете го колачот, па исечете го на 24 вкусни чоколадни коцки кои може да ги прелиете со бел крем и сезонско овошје. Преклопете ги како мини слатки сендвичиња.
Потребно ви е:
Подготовка: Во длабок сад измешајте го млекото со шеќерот, додајте го какаото и ванилата додека состојките не се соединат. Додајте го чоколадото и загревајте на пареа додека чоколадата не се растопи, за што потребни се 10тина минути. Послужете ситно сечкано овошје и во мал сад претурете ја чоколадната смеса.
Потребно ви е:
Подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Подмачкајте ја тавата и покријте ја со хартија за колачи. Исечкајте ја чоколадата, измешајте ја со путерот и топете ја на пареа. Во меѓувреме во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете густа смеса. Растопеното чоколадо додадете го во јајцата и на крајот измешајте го и брашното. Смесата истурете ја во тавата и израмнете ја површината. Печете 15 до 20 минути, а потоа оладете го колачот. Исечкајте го на ситни парченца и прелијте го со растопено црно чоколадо или овошен сируп. |
|||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
|||
![]() |
|||
Kastro ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 17.Јули.2008 Статус: Офлајн Поени: 11937 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||
РЕЦЕПТ ЗА CRONUT:КОЛАЧИТЕ ШТО ГО ПОЛУДЕА СВЕТОТПекарот Доминик Ансел кој го измисли овој десерт, неодамна мораше да го заштити името бидејќи се прошири низ интернетот и многумина почнаа да го копираат низ Америка. Се започна кога се обидувал да направи новина и експериментирал со она што најдобро го знае – француски кроасан и американска крофна – резултатот е cronut. ![]()
Што е cronut?Тортичката што предизвика хистерија е ниту крофна ниту кроасан, но комбинацијата на двата познати деликатеси, француско лиснато тесто и крофна тесто, крем полнење и слатка глазура. Еве како да ја направите дома оваа интересна тортичка по која полуде светот. Состојки: За тесто: 250 мл топло млеко 1 лажица сув квасец 1/3 чаша шеќер 2 јајца 1 лажица ванилин шеќер 2 ½ чаша брашно 1 кафена лажичка сол 1 чаша путер на собна температура За прелив: ½ чаша шеќер во прав 3 лажици јаворов сируп или мед 1-2 лажици млеко, павлака или вода
Преместете го тестото во сад и покријте го со пластична фолија, па ставете го во фрижидер 30 минути. во меѓувреме изматете го путерот и преостанатото ¼ брашно со миксер неколку минути додека се изедначи. Кога тестото ќе се олади префрлете го на маса поросена со брашно и растегнете правоаголник со димензии 33х46 см и дебелина 1 см. Премачкајте го тестото со путер и превиткајте го на 3 дела, еден врз друг. Покријте со пластична фолија и повторно ставете го во фрижидер уште 30 мин. Кога ќе го извадите повторно развлечете го во правоаголник со истите димензии и превиткајте го на три дела како и првиот пат. Повторно вратете го во фрижидер. Повторете го ова уште два пати за да добиете повеќе слоеви. Значи, вкупно треба да ја повторите постапката 4 пати и тестото да отстои во фрижидер 4 пати. Кога ќе завршите со слоевите ставете го тестото повторно во фрижидер, но еден час или во текот на ноќта. Тестото е веќе подготвено за печење. Разлечете го во слој со дебелина 3-5 см, па со чаша вадете крофни. Во длабок сад добро загрејте го маслото како за обични крофни. Додадете ги крофничките во врелото масло и пржете од двете страни се додека не добијат златно-кафена боја. Се служат топли со прелив. |
|||
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
|
|||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1819202122 56> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |