IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Направи сам
  Активни теми Активни теми RSS - DIY-Mодни декорации и козметички  средства
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

DIY-Mодни декорации и козметички средства

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 18:12

Домашен пилинг од цитрон за кожа без брчки

Домашен пилинг од цитрон за кожа без брчкиЦитронот е надалеку познат по својата улога во губитокот на килограмите, но дали знаевте дека ова чудесно овошје помага кога е кожата во прашање. Кога се применува локално, лимоновата киселина ги отстранува мртвите клетки од кожата со цел да добие посветол изглед. Цитронот исто така содржи алфа хидроксилна киселина – состојка која ја зголемува цврстината на надворешниот слој на кожата, што значи дека ќе имате помалку брчки.

Потребни состојки:

1 чашка шеќер

1/4 шолја маслиново масло

2 лажици сок од цитрон

Подготовка:

Измешајте ги состојките, натопете ги прстите со вода и потоа нанесете ја смесата на лицето со масирање и тријте две минути. После тоа, исплакнете со топла вода.

Забелешка: Доколку имате чуствителна кожа или исекотини на вашето лице, не би требало да го испробате овој пилинг, бидејќи е можно да дојде до иритација.




Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 14:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Февруари.2014 во 18:08

Направете сами: едноставни домашни маски против акни


Лицата кои имаат проблематична кожа заради акните се во постојана потрага по производи кои можат да ги ублажат нивните симптоми или да ги прекријат непријатните црвени дамки.

Освен што постојат многу козметички препарати, на располагање ви се неколку намирници кои ве чекаат дома, во фрижидерот или на некоја од полиците во кујната.

Маска од овес

Овесните снегулки се користат за ублажување на црвенилото предизвикано од акни и за смирување на кожата. Се мешаат две супени лажици овес со неколку лажици вода додека не се добие кашеста смеса. Пробајте да ја додавате водата постебено за да не стане премногу ретка.

Лицето темелно исчистете го, нанесете ја овесната каша и оставете да делува 25 минути. Измијте го лицето со млака вода и избришете го полека со нежно тапкање на пешкирот.

Маска со домати


Благодарение на доматите (кој е вистински „рудник“ на антиоксиданси), ќе имате тен кој зрачи од топлина, а истовремено ќе се ослободите и од масните наслаги на површината на кожата. Излупете ја кората од доматите , изгмечете ги и додадете една супена лажица лимонов сок. Добро промешајте ја смесата и нанесете ја на лицето. Оставете да дејствува додека не се исуши.



Изменето од Valerija - 09.Декември.2017 во 14:55
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 17:18
Направете сами сандали според моделот на Џузепе Заноти


Доколку немате доволно финансии за да си дозволите модел чевли од Џузепе Заноти, сепак не треба да се разочарувате. Постои идеално решение за овој проблем!
Слика
Потребно е да набавите пар сандали како овие на сликата или пак доколку имате сличен модел, тогаш потребно е само да обезбедите играчка во форма на змија, спреј во боја, игла, конец, украсни камења и лепак.
Слика
Слика
Слика
Прво треба да ја обоите играчката во иста нијанса во која ви се сандалите и на неа може да ставите украсни каменчиња, доколку тоа е ваша желба. Ставете ги сандалите на нозете и пробајте од прилика каде би ја сместиле играчката, која сега веќе треба да добие сосема друг изглед. На местата кои ќе ги одредите на горниот и долниот дел, ставете лепак и чекајте да се исуши.
Слика
Слика
Слика
Ако мислите дека лепакот нема да издржи, тогаш земете конец и игла и на тој начин зацврстете ја играчката змија на сандалата, па повторно повторете со лепак. Доколку бојата на конецот е во сосема различна нијанса може и него да го обоите со спреј и нема да се примети никаква разлика
Слика
Слика
Слика

Откако ќе се исушат спрејот и лепакот, ќе имате нов пар сандали кои одлично ќе се вклопат во аутфитите за претстојната пролетна сезона.
Слика
Слика
Слика
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Февруари.2014 во 15:09

Денес ќе ви покажеме како сами да направите уникатна цветна нараквица, која може да ja носат невести, деверуши, матурантки и сите оние девојки кои сакаат цвеќе.

napravi-sam-cvetna-narakvica-1

Она што ви е потребно за да ја направите оваа нараквица е цвеќе, гранчиња, жица, украсна лента, лепило и две парчиња картон исечени кружно со дијаметар од 2 см.

На парче картон нанесете лепило и залепете го гранчето и цветот. Оставете да се исуши. Украсната лента намотајте ја околу жицата и залепете ги краевите за жицата. Со другото парче картон прицврстете го и букетчето за да не падне под тежината.

Подолу ви нудиме пример на нараквица со ружа, а можете да употребите и било каков друг цвет.

napravi-sam-cvetna-narakvica-2

napravi-sam-cvetna-narakvica-3

napravi-sam-cvetna-narakvica-4

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Февруари.2014 во 18:55

Направете сами: торба за на плажа која не собира песок


Летото е период од годината, во кој сите мечтаеме да ни исчезнат обврските, за да можеме да отидеме на плажа и да уживаме додека сонцето нè разгалува и топли, а водата нè освежува. Единствена мана, е тоа што кога сонцето ќе зајде и ќе се упатиме кон сместувањето, целиот песок од торбата за на плажа, го пренесуваме внатре.

реклама


Блогот „Between the Lines“ нуди решение на тој проблем, со мрежестата торба за на плажа, која многу лесно можете да ја сошиете сами, ќе ви трае речиси засекогаш и драстично ќе го намали количеството песок кое ќе го донесете дома од плажата. Едноставно само протресете ја кога ќе си заминувате од плажа. Плус, поради циркулацијата на воздухот, ќе ви се сушат и мокрите пешкири во неа. Генијална е!Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

Потребни материјали:

  • Комарник, нов или користен со должина 66×100 сантиметри
  • Парче пластика, дрво или картон за фиксирање на дното, со големина од 13×51 сантиметри
  • Мушама, нова или користена, за обвивање на парчето пластика/дрво/картон и за шиење џепче за дреболии
  • Памучна трака со која ќе ги декорирате внатрешните рабови на торбата и џепчето
  • Патент со должина од 15 см за џебот
  • Кожни ленти за рачките (доколку не можете да најдете кожа, можете да употребите парче од мушамата или друг материјал кој вам ви одговара)
  • Силни нитни за прицврстување на рачките за торбата
  • Перфоратор
  • Ножици, конец
  • Машина за шиење

Направете сами: торба за на плажа која не собира песок

Составување на џепчето

1. Од мушамата исечете:
 

  • правоаголник, со големина 17х6 сантиметри
  • правоаголник, со големина 17х28 сантиметри

2. Најпрво на двата краеви од патентот зашијте мали парчиња памучен материјал за декорација. Направете сами: торба за на плажа која не собира песок Наместете го патентот свртен да се отвора од десно кон лево. Свртете го патентот со лицето кон лицето на малото парче од мушамата и зашијте го горниот дел. За долната страна од патентот зашијте го големото парче мушама, притоа повторно свртени лице со лице. Ставете по еден штеп на двете долги страни од патентот за да стои мушамата полегнато.

3. Потоа превиткајте го големото парче одоздола, за да се соединат рабовите на малото и големото парче. Со конец затворете ги двете странични рабови на 0,5 сантиметри од крајот на мушамата и врз нив сошијте украсна трака. Врвот на џепчето нема потреба да го шиете, бидејќи тој ќе биде зашиен за внатрешниот раб на чантата.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок

Составување на торбата

4. Главни рабови – На пократката страна од комарникот, подвиткајте 3 см од работ, а потоа превиткајте уште еднаш во дупло. За да не ви бега мрежата, придржете ја со спојувалки и притиснете го работ убаво, со некој потежок предмет. Сошијте го работ и повторете ја постапката кај другиот пократок раб, но не заборавајте убаво да го центрирате џепчето, пред да го зашиете за работ.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок5. Странични рабови – Превиткајте ја мрежата на половина, со тоа што порабоувањето да дојде од внатрешната страна. Сошијте ги страничните рабови, на 0,5 см од крајот. Потоа, зашијте им трака за да ги украсите.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок6. Формирање на дното – Превртете ја торбата наопаку и фатете ги двете долни ќошиња. Држете со палците одозгора, а со средните прсти подраширете и легнете ја на рамна површина. Треба да го гледате дното на торбата, а страничните штепови да ви бидат одоздола. Проштепувајте ги левото и десното ќоше така за да се формираат триаголници. Триаголниците може потоа да се отсечат, на 5 мм од штепот.

7. Изработка на стабилизаторот за дното – За да го изработите дното, исечете две еднакви парчиња од мушама, еден сантиметар пошироки во сите страни од парчето картон, тенката пластика или дрвото што го имате најдено. Сошијте три страни, оставајќи ја едната куса страна несошиена и потоа превртете ја мушамата од лице и вметнете го внатре дното кое сте го обезбедиле. Потсечете ги малку четирите агли од правоаголникот, за да може убаво да легне дното во торбата.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок8. Прикачување на стабилизаторот со дното – Вметнете ја пластиката на дното од торбата. Едниот краток зашиен раб од добиениот производ, сошијте го за торбата. Украсете го со трака. Отворената страна којашто ја оставивте, не ја сошивајте за торбата, за да можете да го извадите картонот/пластиката/дрвото од џебот, кога ќе ја перете торбата. Тоа значи дека дното ви е прицврстено само за едната куса страна од торбата.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песок9. Прикачување на рачките – Одлучете каде треба да дојдат рачките. Направете соодветни дупчиња и на рачките и на самата чанта со перфоратор. Зацврстете ги рачките за чантата со помош на нитни.Направете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокНаправете сами: торба за на плажа која не собира песокЗабелешка: Бидејќи големината на нитните никогаш нема перфектно да одговара на дебелината на употребениот материјал, надоместете ја разликата со тоа што ќе додадете едно мало парче кожа или некој друг материјал на задната страна. Ова истото така и ќе му додаде дополнителна цврстина на веќе употребениот материјал.



Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 18:56
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 22:17

Направи сам: ракавици скроени по ваш терк

 

Чувството да имаш себе креација што сам си ја создал, е неповторливо. Така ќе бидете единствени и ќе уживате во многу комплименти за уникатното дело. Дури и да не сте вешти со ножиците и иглата, денес ќе ви објасниме како сами да ги трансформирате старите ракавици во нови или на обичните нови ракавици да им дадете сопствен печат.

Потребни состојки:

Еднобојни ракавици, ножици, игла, конец и декоративни елементи, украси, панделки, копчиња, бисери или монистра, во зависност од вашите потреби, замисли и желби.

 

 

Прво исечете ги прстите на ракавиците, а потоа,  горниот дел од исечените прстите свијте ги навнатре и зашијте го за да создадете раб, како ракавиците во иднина не би се разресиле, ако добро маневрирате со машина за шиење, изработката ќе виде пофина. Ако пак, немате добри шивачки вештини, тогаш можете да купите ракавици на кои прстите им се веќе исечени.

 

 

Следува последната фаза, онаа најкреативната, декорирањето на ракавиците. Во продолжение еве неколку начини и идеи како можете да  ги украсите вашите ракавици. Следете го вашиот стил, внимавајте декорацијата да ви биде во согласност со бојата на вашата гардероба, фантазирајте, отворете неколку интернет страни видете ги предлозите таму и одлучете која варијанта е најсоодветна за вас. Среќно!

 

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 22:14

Направи сам: Ланче со бисери



Аксесоарите кои ги носиме не мора секогаш да се купени од продавница. Некогаш можете да експериментирате и да направите сами нешто ново и уникатно. За да го направите ова ланче потребно е:

  • Материјал по желба
  • Бисери
  • Рибарски конец
  • Игла

Измерете колку материјал ви треба, со тоа што треба да планирате дел и за позадината од која ќе врзете машничка. Вденете ја иглата и еден по еден нижете ги бисерите помеѓу кои ќе стои материјалот. Зашијте на крајот и имате ново ланче



Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 08:48
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Февруари.2014 во 22:10

Направи сам: Нокти со мачиња


За денешен дизајн на вашите нокти одбравме мачиња. Погледнете ја сликата подоле и обидете се. Лесно е и едноставно.

И никако не заборавајте да ни постирате слики од нив.




Изменето од Valerija - 11.Февруари.2014 во 22:10
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 21:33
Слика
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 20:26
СликаСлика


Изменето од Valerija - 26.Март.2018 во 08:47
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 20:17
Слика


Изменето од Valerija - 10.Февруари.2014 во 20:21
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
ANA_MARIJA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Декември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 1275
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ANA_MARIJA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 20:00
koga bi mozela i ja da pastiram slikiтага
Mи е гајле
И за универзумот и законите кои го движат,
Гајле ми е ако утре запре светов
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 15:35


Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика
Слика


Изменето од Valerija - 16.Декември.2014 во 08:44
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Февруари.2014 во 15:33
Слика
Слика
Слика
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 910111213>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.