IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Медиуми
  Активни теми Активни теми RSS - X Фактор
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

X Фактор

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 65>
Автор
Порака Обратен редослед
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Јануари.2014 во 17:15

Вечерва следи љубовен X-Factor: Дали ова му лежи на Даниел?

Во новата епизода на „X-Factor“ која во живо ќе биде емитувана вечерва во 21-часот, ќе имаме шанса да ги видиме финалистите како пеат љубовни песни, па вечерашната тема има симболичен наслов „love and heartbreak“.

Вечерва ќе дознаеме и кој кандидат од бараж гласањето ќе им се придружи на финалистите во борбата за победа во првиот регионален „X-Factor“.

Судиите, Кики, Жељко, Емина и Кристина вредно работат и подготвуваат бројни изненадувања.

- И после цел ден снимање, па проби во Шимановци и пробување на преубави фустани, еве ме назад во студио во доцните часови, снимаме гитари за матрицата... J Тара наскоро ќе заборави како изгледам L ... но матриците ќе бидат супер! Едвај го чекам второто лајф шоу, напиша Кристина Ковач на својот Facebook профил.

Во оваа возбудлива епизода и еден натпреварувач ќе го напушти X-Factor, a специјален гостин во емисијата ќе биде популарниот пејач Хари Варешановиќ, познат како Хари Мата Хари.

Инаку како што објавивме вчера, еден од нашите два натпреварувачи, Даниел Кајмакоски, по барање на неговиот ментор Жељко Јоксимовиќ, живее сам во хотел и ужива светски третман.

Што мислите, која љубовна песна најмногу би му лежела на Даниел за вечерва да ја отпее? Според српските медиуми, Даниел не би требало да има проблем со каква и да е љубовна песна, па останува само уште да погодиме која ќе биде таа.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 16:43
Само Напред 
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 14:07

Даниел ги искажа првите желби, претпоставки и лични ставови за еден српски портал.

daniel-saka-album-kako-justim-timberlake-01

После 18 години поминати во Австрија, кога се вратил во 2009 година на „Охридскиот фестивал“ и не добил поддршка од македонската публика, се разочарал.

Не го пронашол своето место на сцената, па решил да го отфрли притисокот дека мора да биде пејач и да тргне по друг пат.

Се плашел да се врати назад, да се обиде повторно да пее и повторно да побара поддршка и своја публика. Храброста му ја дал неговиот пријател, Антонио, кој го пријавил на „Х-фактор“.

За него „Х-фактор“ е најголемо шоу и вистински начин да се постигне успех, скалило од кое тргнаа многу денешни светски ѕвезди.

На неговиот музички вкус и стил најмногу влијаеле Backstreet boys, Бруно Марс, Тоше Проески, Boyz II Men, Витни Хјустон, 112, Дејвид Фелпс... Но, доколку победи би сакал албум во стилот на Џастин Тимберлејк.

На следните настапи во живо најмногу би сакал да ги пее„Master blaster“ од Стиви Вондер, „Russian Roulette“ од Ријана и ако му дозволат „Ој девојче, девојче“ и „Лихнида кајче веслаше“.

Даниел за музиката вели: „Тоа е храна од која живеам, лек за мојата душа, медитација, енергија, љубов и решение на сите проблеми кои ги има на планетава. Без музика, животот е само илузија“.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Јануари.2014 во 14:01

Даниел има светски третман од Жељко: Живее сам во платен хотел!

Нашиот натпреварувач Даниел Кајмаковски, Харис Чато, Алекса Перовиќ и Лукијан Ивановиќ повеќе не живеат во хостел заедно со останатите учесници од финалето на „X-Factor“. Како што пренесуваат српските медиуми, нивните ментори во ова натпреварување Жељко Јоксимовиќ и Емина Јаховиќ одлучија да ги изолираат своите натпреварувачи од останатите кандидати.

Жељко нашиот Даниел го пресели во хотел, а во текот на минатата недела Емина за своите штитеници изнајмила цел кат од една луксузна куќа на Дедиње.

- Емина одлучи Алекса, Харис и Лукијан да добијат сместување какво што имаат многу светски ѕвезди. Таа им изнајми една вила во која тие ќе можат да имаат мир и можност квалитетно да се подготват за настап, вели извор близок до популарната пејачка за српски Kurir и додава дека таа за своите натпреварувачи се однесува како мајка. Емина неколку пати на денот се слуша со нив по телефон, а на секого му купува и подароци.

Тројцата најмлади учесници во ова шоу веќе неколку дена уживаат во куќата, а Лукијан вчера таму го прослави и својот 21-ви роденден.

Инаку, и Даниел не живее со останатите натпреварувачи од „X-Factor“. По испаѓањето на Младен Луќиќ, неговиот ментор Жељко Јоксимивиќ одлучи да го префрли во хотел со цел на мира да се подготвува за настапот. Тој ја презеде целата грижа за нашиот натпреварувач, па така го плаќа и сместувањето.

Финалистите православна нова година ќе ја дочекаат вечерва во Нови Сад, и тоа со пејачите Жељко Јоксимовиќ, Наташа Беквалац, Јелена Томашевиќ и Никола Роквиќ.

Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Crna Arapina Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2013
Статус: Офлајн
Поени: 575
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Crna Arapina Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 13:13
еве му ја песната
Train hard,Fight easy !
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 12:01
Се сеќавате на Даниел Кајмакоски од 2009?

Иако веројатно на повеќето им се чини магично појавувањето на Даниел Кајмакоски и ги обзема буквално лудило за талентираното харизматично момче, сепак има некои работи кои се недоволно забележани.

se-sekavate-na-daniel-kajmakoski-od-2009-ta-01

Даниел беше одличен пејач и пред „Х-фактор“ и ова не е негово прво појавување на музичката сцена.

Чудно е што многумина покрај ова шоу го забележаа вистински, a она што им било покажано пред 5 години на македонскиот фестивал „Охридски трубадури“ ретко кој го помни.

Тогаш Даниел беше најавен како новата ѕвезда под закрила на маестралниот Григор Копров. Токму со неговата песна „Нежна ко принцеза“ го освои и четвртото место на Интернационалната вечер на фестивалот.

se-sekavate-na-daniel-kajmakoski-od-2009-ta-1

Во тој период тој веќе 18 години живееше во Виена каде според неговите изјави за медиумите, има завршено музичко училиште и Музичка академија, настапувал по ноќни клубови, а учествувал и на австриски избор за таленти, сличен на „Идол“.

Во 2010 година има снимено уште една песна на македонски јазик „Без неа на овој свет“ која ја има објавено на Јутјуб.

Исто така на некои музички профили и страници се појавува како пејач, но и како композитор на некои германски песни.

Никој не се заинтересира за неговиот талент ниту кога се слушна неговото име потпишано зад музиката на преубавата песна „Ти не се враќаш“ на Каролина Гочева во соработка со Влатко Стефановски, која беше вистински хит.

Веројатно ќе има уште многу работи кои ќе се откријат и ќе нè замислат што сме имале пред нас многу одамна, а не сме знаеле вистински да го процениме.

se-sekavate-na-daniel-kajmakoski-od-2009-ta-2

Можеби „Х-фактор“ е неговата вистинска шанса, остварување на неговиот сон и пат до светска слава каква што заслужува.

Ако досега не го забележавте, не дозволувајте да се покаете. Слушнете го, гласајте и поддржувајте го цело време.

Само така ќе покажаме дека знаеме да го цениме она што го имаме. Не дозволувајте другите да одлучуваат за него. На Даниел му е најзначајна поддршката од Македонија!


Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 11:54
Не знам од кај им текна овој да води или немаат пари за салам водителиголема насмевка


Кон врв
Kisserboy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Јануари.2014
Локација: Битола
Статус: Офлајн
Поени: 5
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kisserboy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 03:09
Мои фаворити се Дание,Лукијан и Тамара
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јануари.2014 во 00:18
Според мене само Даниел ја заслужува победата!
Многу се провлекоа на стара слава!
Даниел е оригинален  и без импровизации!
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Gabriela_S Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Февруари.2008
Локација: On the stone
Статус: Офлајн
Поени: 21943
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gabriela_S Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 23:05
Originally posted by Santijago Santijago напиша:

Даниел или Тамара ... еден од нив победник ... се друго за мене ќе е неуспешно шоу

и јас сум за да
Никогаш немој да се каеш за нештото што си го направил, ако во тој момент си бил среќен
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 14:08
Да другар Тамара ... Навивав за неа и на Ја имам талент трепкање
Чек ... че мајџепса она пак 
Ех ... трепкање




I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 13:59
Леле Санти Тамара?
се извлекува од првиот впечаток од Адел
инаку слабо се покажа после тоа
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 13:58
Originally posted by mrzla mrzla напиша:




Фифи и он слабо пее песна што ја знае како оче наш


Фифи проаѓа само затоа што е дует со Џогани плазење
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
Santijago Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF

Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Santijago Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 09.Јануари.2014 во 13:54
Даниел или Тамара ... еден од нив победник ... се друго за мене ќе е неуспешно шоу
I'm out bcz of pathetic around here
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 5556575859 65>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,172 секунди.