![]() |
|
X Фактор |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5758596061 65> |
Автор | ||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
На аудицијата во куќата на менторите, сите финалисти на „Х – фактор“ изведуваа по 2 песни кои не беа веднаш прикажани. Даниел покрај фантастичната изведба на „When I was your man“ од Бруно Марс, ја отпеа и „Громови на душа“ од Тоше Проески. Токму оваа изведба беше прикажана во вчерашната емисија на „Х – фактор Адриа“. Со емотивна изведба во негов стил, до пола песна ја отпеа на македонски, а втората половина со српската верзија како „Једина“. И Жељко Јоксимовиќ и Тони Цетински беа импресионирани од неговата изведба. За среќа, не се труди да го имитира Тоше, туку ја пее на негов начин, кој сепак сите ги допира и воодушевува. Официјално сè уште не се објавени видеата со изведбите од вторите песни кои ги пееја финалистите, но голема обожавателка на Даниел го снимила настапот преку телевизор и го поставила видеото на Јутјуб, па веќе сите може да уживаме во неговата изведба! |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Alekxandar ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Јули.2012 Статус: Офлајн Поени: 1029 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Дечкото можеби има глас но треба да научи дека во шоу бизнисот се бара екстравагантност,оригиналност,харизматичност ,треба да си изворен а не бледа копија на некој друг.
Затоа и нема фактор. Еве еден пример од Русија за тоа шо бара аудиториумот и лугето од шоу бизнисот. |
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Натпреварувачот на „Х – фактор Адриа“ се врати повторно на своето старо место и пеењето на улица. Петар Јојиќ Перчоли е познат по тоа што пее песни од Здравко Чолиќ, но и многу потсетува на популарниот пејач. За жал, не се пласираше во понатамошните емисии за настапите во живо. Сепак, тој не се откажува од пеењето и се врати онаму каде што почнал, на Кнез Михајлова улица во Белград. Момчето кое има само 18 години ги забавува минувачите во најпрометната улица и заработува од оставените парички. Можеби некој ќе препознае поинаков Х-фактор и ќе знае да го искористи неговиот талент за да го претвори во вистинска ѕвезда. Она што е позитивно од целиот процес, иако не продолжи понатаму е тоа што сега многу повеќе луѓе дознаа за него и многу повеќе го препознаваат. Оној кој навистина има талент ја наоѓа својата публика. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Финалистите на популарното музичко шоу ги воодушевија присутните на новогодишниот концерт пеејќи домашни и странски хитови. Откако во петокот вечер на првиот концерт во „Делта Сити“ настапија финалистите од групите на Кики Лесендриќ и Емина Јаховиќ, во саботата вечер се одржа уште еден сјаен подарок концерт на финалистите во „Х-фактор“. Во празнична атмосфера во шопинг центарот „Делта Сити“, најдобрите кандидати на менторите Кристина Ковач и Жељко Јоксимовиќ, на присутните им подарија незаборавна вечер пеејќи многу хитови со кои ги забавуваа. Бројни тинејџери стоеја трпеливо пред концертот во ред за фотографирање со своите фаворити кои делеа автограми. Посебно внимание привлекоа бендовите кои беа поддржани и од нивната менторка Кристина. На крајот на концертот финалистите заедно со домаќинот на настанот, Дејан Цукиќ го отпеаја неговиот прочуен хит „Ја бих да певам“. Инаку, сите натпреварувачи веќе вредно работат со своите ментори, а возбудливите настапи на веќе избраните кандидати и на оние кои дополнително ќе бидат вратени во натпреварувањето од страна на публиката, ќе може да ги гледаме од јануари 2014 година на Сител телевизија. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Задоволна сум од кандидатите кои отидоа понатаму кај Жељко, додека од групата 4u ми се допаѓа како пее само плавушата, од докторите 3 не им ги знам имињата а од H2O никој... п.с Маид испеа многу лошо. Изменето од Schatzii7 - 29.Декември.2013 во 19:25 |
||
![]() |
||
Schatzii7 ![]() Сениор ![]() ![]() Unglaublich Регистриран: 19.Октомври.2011 Локација: Lost somewhere Статус: Офлајн Поени: 7061 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Штета што не продолжи понатаму
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Ако сте дел од најголемите фанови на музичкото шоу „Х – фактор Адриа“ и имате можност викендов да отпатувате до Србија, тогаш за вас има специјално задоволство. Сите 12 финалисти кои досега беа избрани од четирите групи ќе настапат на два заеднички концерти. За првпат, на едно место во преубава празнична атмосфера во шопинг центарот „Делта Сити“ овие петок и сабота (27. и 28.12.2013) со почеток од 18 часот, два дена ќе може вистински да уживате. Во текот на двата концерта посетителите ќе уживаат во интерпретациите на своите фаворити. Овој петок први ќе настапат девојките до 27 години: Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Илма Карахмет и момците до 27 години: Алекса Петровиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ. Во сабота, пак, ќе настапат: Даниел Кајмакоски, Младел Лукиќ, Маја Новаковиќ, машкиот бенд „Доктори“, женскиот бенд „4U“, Фифи и Маринела како дуо „H2O“. Ќе има и наградна игра во која ќе може да се освојат билети за спектакуларното финале на „X – фактор Адриа“ Оние кои нема да имаат можност да отидат и да ги погледнат концертите во живо, веројатно ќе бидат прикажани како дел од некоја специјална Х – фактор емисија. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
mrzla ![]() Сениор ![]() ![]() натурална девојка Регистриран: 14.Мај.2008 Статус: Офлајн Поени: 13330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
A na Leontina pa sto li i stanalo...ne lici na sebe
A na nashive...aj so sreka |
||
И бричот падна на колена пред зборот:
Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв |
||
![]() |
||
Crna Arapina ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да сакам
Изменето од Crna Arapina - 25.Декември.2013 во 21:38 |
||
Train hard,Fight easy !
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Полека, но сигурно, ни ги освојува срцата. Можеби затоа што имаме потреба навистина некого да сакаме од срце. Можеби затоа што ни недостасува ѕвезда чии концерти со душа ќе се чекаат. ..Или можеби затоа што во очите му се гледа дека е скромно дете (како што неодамна спомна и Емина Јаховиќ). Даниел Кајмакоски, момчето со потекло од Струга, кое живее и работи во Австрија, навистина знае како да пее. И да ужива додека пее...И искрено да се радува. Иако можеби не зборува совршен македонски јазик, Македонија полека, но сигурно, му ја дава комплетната доверба. И има зошто... Светско, а наше. Воспитано и културно дете. Харизма која не се среќава често. Можеби ни се допаѓа затоа што зрачи со позитивна енергија и насмевка која освојува. Можеби затоа што навистина гледаме неискористен потенцијал со светла иднина. Победил или не, можеме да кажеме дека ѕвездата е родена. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Маид беше разочаран,што е сосема очекувана реакција.Типот беше исто предобар.Се надевам публиката ќе го врати!
|
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Calipso ![]() Модератор ![]() ![]() Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Сакаш да кажеш дека браќата беа подобри од "тој таквиот".. ![]() |
||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||
![]() |
||
Valerija ![]() Модератор ![]() ![]() Регистриран: 07.Ноември.2005 Статус: Офлајн Поени: 105588 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Во втората емисија од фазата во куќата на судиите ги видовме групата „Бендови“ на Кристина Ковач и нејзиниот помошник судија, Леонтина Вукомановиќ и групата „Натпреварувачи над 27 години“ на Жељко Јоксимовиќ и неговиот помошник судија Тони Цетински.. Во Белград се случуваше аудицијата на Кристина каде први кои настапија беа Јана Вуковиќ и Лука Грумиќ, како прекрасен хармоничен дует со одлично согласени и балансирани вокали, но за жал не поминаа во следната фаза. Втори од бендовите се претставија победникот на македонскиот Идол и неговиот брат, Иван и Кико Раденови. Коректно испеаја, но не доволно воодушевувачки за да се издвојат во силната конкуренција, поради што не продолжија во следната фаза. Третиот бенд е еден од новоформираните бендови во оваа фаза, од оние натпреварувачки кои не поминаа на првите аудиции како соло пејачки. Веројатно многу подобро звучат како бенд „4U“, бидејќи со својата изведба покажаа дека навистина може да функционираат како женски бенд и продолжија во следната фаза во натпреварувањето. Ромската група „Рома Сијам“, како четврти кои настапија повторно се издвоија со својата оригиналност и различност. Комбинацијата на ромскиот јазик и американскиот рап беа одлична комбинација, но не доволна за да поминат во следната фаза. Вистинско уживање и освежување беше вториот новоформиран бенд од момците кои не поминаа како соло изведувачи. Како boy band „Доктори“ функционираат дури и многу подобро, поради што ако не поминеа сега беа решени и сами да продолжат со кариерата како група. Последниот шести бенд можеби најмногу се очекуваше за да се слушне како ќе звучи комбинацијата од нашата Фифи и Маринела Џогани. Според она што го покажаа, името „H2O“ им е сосема соодветно, бидејќи звучеа навистина моќно и согласено. Ја заслужија шансата што им ја даде Кристина и продолжија во следната фаза. Тешки беа одлуките со оглед на квалитетот кој сите го покажаа, но само три бендови продолжуваат со натпреварувањето во живо: женскиот бенд „4U“, машкиот бенд „Доктори“ и дуото „H2O“, на Фифи и Маринела. Во Будва, на брегот на Јадранското Море се случуваше аудицијата на Жељко, а во изборот му помагаше Тони Цетински. Прва од оваа група натпреварувачи над 27 години беше ќерката на починатиот српски пејач Луис, Маја Новаковиќ која испеа премногу емотивна балада и му ја посвети на својот татко. Тони и Жељко беа воодушевени од неа и емоцијата која ја покажува додека ја пее секоја нота. Тоа беше и една од причините поради кои таа продолжува во следната фаза. Славко Калезиќ настапи втор на оваа аудиција, одлично испеа, но како што би рекол Тони, повеќе одговара на мјузикл, отколку на ова натпреварување. Бидејќи по професија е глумец, веројатно ќе има шанси таму да го покаже својот Х - фактор. Младен Лукиќ е музичкиот професор и тромбонист кој буквално ги остави наежени и импресионирани и Тони и Жељко. Фантастична изведба на исклучително тешка песна со неверојатна контрола на гласот и со премногу внесени емоции во секој тон, беа повеќе од доволни за да продолжи во следната фаза со настапите во живо. Маид Хеќимовиќ кој важеше за еден од фаворитите, особено на женската публика, испеа одлично, дури за момент вокалот му беше толку моќен и силен што немаше потреба од микрофон. При соопштувањето на одлуката дека не поминува понатаму, Жељко му призна дека тој лично никогаш го нема достигнато тој волумен на глас. Петта по ред настапи Бојана Рачиќ со особено силна и тешка песна, но нејзиниот глас беше доволно моќен за да ја испее онака како што звучеше и да успее да ги пренесе своите емоции. Сепак, конкуренцијата беше преголема и таа не продолжи во следната фаза. На крај, како шести, настапи нашиот Даниел Кајмакоски кој буквално ги воодушеви и можеби немаше потреба да чека до одлуката. Првиот коментар на Тони Цетински беше дека тој има светски Х - фактор и слободно може да го освојува светот. Уште една потврда на претпоставката на Кристина Ковач дека тој може да биде победникот на ова шоу. Точно, прецизно и перфектно пеење кое не беше возможно да не помине во следната фаза на натпреварувањето. Во оваа група за нијанса можеби беа и потешки одлуките, но, сепак Жељко и Тони се согласија кои тројца ќе продолжат понатаму: Маја Новаковиќ, Младен Лукиќ и Даниел Кајмакоски. За сите оние кои можеби се малку разочарани ако не продолжил понатаму нивниот фаворит, Raiffesisen Club Serbia им овозможува преку гласање на нивната апликација, да вратат по еден од испаднатите натпреварувачи во двете групи. После оваа фаза ќе почнат подготовките за настапите во живо каде се очекува вистинска борба, но и вистинско уживање. |
||
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
||
![]() |
||
Crna Arapina ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 14.Ноември.2013 Статус: Офлајн Поени: 575 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
тој таквиот отиде боже сачувај , се знаеше дека браќата нема да идат таа Ковач од почеток викаше дека не се добри, ама им се допаѓаа на другиве судии
|
||
Train hard,Fight easy !
|
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 5758596061 65> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |