IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Мистерии и астрологија
  Активни теми Активни теми RSS - Хороскоп
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Хороскоп

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6061626364 157>
Автор
Порака Обратен редослед
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 16:51
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Лав?



Не, погодувај според емотиконите што ги ставив.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 16:49
Лав?
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 16:41
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Да не си близнаци?смешен



Не, имаш уште една можност да погодиш.
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 13:46
Алкохолен хороскоп

Многу години наназад луѓето ги толкуваат ѕвездите и нивната поставеност со цел да си го предвидат денот, месецот, годината па и животот. Астролозите веруваат дека хороскопот може да каже сé за вашата личност, може да ви каже што ви одговара а што не, што е добро а што лошо за вас. Овој пат астролозите го направија алкохолниот хороскоп, кој покажува кој пијалок е најдобар за секој од нас, според нашите карактерни особини.

Овен

Припадниците на овој знак се авантуристички настроени, динамични и иновативни. Тие сакаат да пробуваат нови работи, па пробувањето на нови коктели е нивни чест предизвик. Важно е само она што го пијат да не е многу слатко, а и многу брзо им здосадуваат вкусовите.

Бик

Биковите се весели, пријателски настроени луѓе кои уживаат во добро друштво и забава со блиските пријатели. Подобро се забавуваат со одбрано друштво отколку опкружени со луѓе кои не ги познаваат на луда авантура. Тие го ценат раскошот, па знаат да си дозволат чаша квалитетен и скап пијалок. Биковите имаат мал проблем со контрола над количината, како за храна така и за пијалок. Тие најмногу го ценат доброто виски.

Близнаци

Тие се многу комуникативни, отворени и лесно се снаоѓаат со секакво друштво. Под дејство на алкохол лесно кокетираат и комуницираат со непознати. Идеален пијалок за нив е пивото, но знаат да посегнат и по добро црно вино.

Рак

Они се импулсивни и многу емотивни, многу често го менуваат расположението и под дејство на алкохолот знаат да се однесуваат помалку театрално. Ги сакаат добрите италијански вина, но и слатките ликери може да дојдат во предвид.

Лав

Лавовите се великодушни, забавни, креативни и често сакаат да се напијат по една чаша со пријателите. Идеален пијалок за нив е џин, кој може да го пијат во секаква комбинација чист или мешан. Алкохолот нив може да ги направи само посимпатични и затоа се омилени во друштвото.

Девица

Тие се прекрасни луѓе, но под дејство на алкохол знаат да бидат помалку комплицирани. Омилен пијалок им е џинот, чист без никаква екстра калорија. Ако претераат со алкохолот на виделина може да излезе нивната потисната, помалку агресивна страна па тогаш навлегуваат во вербални конфликти.

Вага

И во најтешките ситуации, припадниците на овој знак можат да ја држат под контрола ситуацијата. Тие се луѓе со кои сигурно добро ќе си поминете на забава, лесно се вклопуваат во нови друштва. Идеален пијалок за жените е мартинито, а за мажите вискито. Ретко се случува да се опијат, а ако дојде до тоа следниот ден им е навистина тежок.

Шкорпија

Тие се одлучни, моќни, силни. Исто така може да бидат љубоморни и посесивни, па тоа доаѓа до израз со претераниот алкохол. Нив им одговара се и виски, и водка, а можат и пиво.

Стрелец

Тие ја сакаат слободата, искреноста и отвореноста,  па таков е и нивниот избор на алкохол. Не сакаат “нашминкани” пијалоци, ги сакаат чисти. Тие обожаваат добра ракија, но не им претставува проблем да испијат и по некое пиво. Само треба да внимаваат да не мешаат многу, тогаш емоционалната страна доаѓа до израз.

Јарец

Тие се практични, внимателни, тврдоглави и помалку резервирани. Ако се решат на лудо излегување, се опуштаат целосно, но никогаш не забораваат на водата која ги одржува во “живот” и лесно ја одржуваат самоконтролата. За нив идеален пијалок е белото вино.

Водолија

Идеален пијалок за нескротливите водилии е текилата во сите облици. Може да ја пијат чиста, но и во комбинација со некој коктел. Не им треба многу за да си поминат луда и опуштена вечер.

Риби

Како што се чувствителни, нежни и често повлечени рибите на нив им е потребен пијалок кој ќе им даде топлина и истовремено ќе им го “одврзе” јазикот. За нив се идеални мешаните пијачки.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 13:45
Да не си близнаци?смешен
»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јули.2013 во 12:14
Нема врска...
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2013 во 00:01
Хороскопот ви открива дали знаете да лажете

и дали… Вашиот партнер  лаже подобро!!!

Знаеме дека лажењето не е убаво и ја сите ја знаеме онаа народната „На лагата кратки и се нозете“… но понекогаш и самите се фаќаме како измислуваме некои работи, а понекогаш и не можеме да ја избегнеме лагата…

Според хороскопот некому лажењето му е вродено, некој лаже од забава, некој лошо лаже и…

Близнаци

Најголемите лажговци во хороскопот. И кога со најнаивниот израз на лицето ќе Ви се заколнат дека не лажат…знајте лажат. Тие тоа го прават од забава, глумат но многу се претпазливи нивната лага да не повреди никого.

Скорпија

Најуверливиот лажго. Измислуваат безобразно и ладно, но често нивните лаги не повредуваат никого. Лажат за да се извадат од веќе лоша ситуација. Лажат потценувајќи ја интелигенцијата на другите. Затоа секогаш бараат личности кои ќе им бидат равни во лажење затоа што таквите им се предизвик. Обожаваат да играат со лагата.

Лав

Лавот всушност е најискрениот знак во хороскопот. Лавот не лаже но ги преувеличува своите животни случувања, создавајќи приказна од сиријалот Џејмс Бонд… и сето тоа со силна желба да бидат во центарот на вниманието со понпезност и значајност.

Овен

Овните лажат неспретно и спаѓаат помеѓу најнеинвентивните  лажговци. Импулсивно одлучуваат да лажат. Со висок тон на гласот во ефект лажат и често забораваат што излажале, а со тоа и често самите се заплеткуваат во мрежата на лагата. Дури се сметаат за најсмешните лажговци во зодијакот.

Стрелец

Вистината е неговото најсилно оружје. Кога лаже се чувствува несигурен. Кога лаже се црвенее и почнува да пелтечи и прави разни гестикулации како би ја затскрил слабата интелигенција на за лажење.

Водолија

Водолиите нејќат да лажат, но спремни се на се па дури и по секоја цена да ја „заташкаат вистината“. Доколку водолијата оцени дека треба да лаже ќе лаже до крај… Со водолиите лагата е повеќе од лага, можат стручно да ве изиграат.

Вага

Вагите ја заобиколуваат лагата. Тие попрво би премолчеле и дискретно би ја смениле темата, со нивната моќ на заведување отколку да почнат да лажат. Кога се присилени, лажат за да ги ублажат непријатните можни последици.

Рак

Доколку сакаат да Ве излажат ќе го направат тоа на најпрефинет начин. Тешки се за фаќање кога лажат. Точно памтат што излажале и кого излажале и нивната лага станува туѓа вистина. Но мора да се напомене дека тие ретко лажат за своја корист а многу почесто за користа на оние кои ги сакаат од се срце.

Риба

Рибите лажат мајсторски, но секогаш за ситни и непромислени лаги само да ги избегнат обврските и да го направат својот живот по интересен.

Јарец

Јарецот е супер лажго. Неговите лаги се добро смислени и предвреме создадени алибија за секоја искажана лага. Тие лажат ретко но кога ќе ве излажат Вие сте излажани тешко ќе забележите дека се изманипулирани.

Бик

Бикот лаже само во специјални ситуации, ја презира лагата па дури и полувистините. Лаже да Ве излаже и тогаш најверојатно нема ни да забележите дека тоа е така.

Девица

Ретко се служи со лагата како оружје. Но кога ќе ја употреби, лагата е толку иситнета што верувајте и самите не ќе знаете што е што и зошто ве лажела.


»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Феникс Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46

Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Феникс Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2013 во 18:47
Originally posted by Schatzii7 Schatzii7 напиша:

Најдобра музика за хороскопските знаци

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, а го открива и нашиот музички вкус. Еве каква музика сакате според хороскопот.

                            <font style="color:#FE48A3;" size="4">





<font style="color:#FE48A3;" size="4">Риби

Рибите се страсни слушатели на Бах, но и уживаат во музиката на
различните култури. Џуди Гарланд е уште една од нивните фаворити.       
                 



и пак....скоро никогаш не се пронаогам во ова рибиве.....
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Јули.2013 во 09:18
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2013 во 23:36

Кој е најголем спанко во зодијакот?

На Овенот му е најважно да се опушти пред спиење

Склони се кон несоници. Исто така нивните сонови се многу реални и интензивни, па неретко ги будат. Најтешко им еда се опуштат од напорниот работен ден.

На Бикот сонот му зависи од ден до ден

Секој ден им е различен, некогаш може да спијат и по 12 часа, додека друг пат може да спијат само еден или два часа. На квалитетот на соновите им влијае околината.

Близнаците во кревет се немирни исто како и во животот

Припадниците на овој знак може без проблем да издржат со само неколку часа сон. Имаат проблеми со успивањето бидејќи многу размислуваат за важни дилеми. Најдобро спијат ако се физички исцрпени.

Ракот често страда од кошмари

Тие често патат од немирни сонови, па дури и кошмари. Станува збор за сонови полни со насилство во кои може да настрада некој нивен близок, а се јавуваат како резултат на прекумерната грижа во секојдневниот живот.

Лавовите навистина не треба да ги допирате додека спијат

Голем број од Лавовите се добри спанковци, а идеална позиција им е онаа не грб. Знаат колку е важно времето за одмор. Проблеми со сонот имаат единствено ако се под голем стрес.

Девицата може да заспие дури откако ќе ги среди плановите во глава

Сакаат ред и рутина во животот и во соновите. Проблем им претставуваат финансиските грижи. Па најдобро е пред спиење да ги запишат грижите на хартија.

Вагите или спијат премногу или премалку

Припадниците на овој знак може да бидат големи спанковци, но кога имаат многу обврски се целосно ненаспиени. Чаша топол пијалок и пријатен разговор се најдобар начин да се успијат.

Сонот на Шкорпиите им го диктира расположението

Дали Шкорпиите добро ќе спијат зависи и од тоа како се чувствуваат. Често знаат премногу да спијат ако се во депресија, а во состојба се да останат цела ноќ будни поради добар филм или игра.

На Стрелците сонот им е потребно зло

Енергичните Стрелци се знак на кој му е потребно најмалку сон за да нормално функционира. Исто така, природното исцрпување, особено она од физичка природа е најдобар лек за нивниот сон. Може да заспијат секаде кога се уморни.

Јарецот знае колку добриот сон е важен

Не се големи љубители на сонот и со задоволство би можеле да го избегнат, но многу добро знаат колку им е важен за доброто здравје и генералното функционирање. Под психички притисок се склони кон несоница.

Водолиите сонот ненадејно ги совладува

Припадниците на овој знак се познати по немирниот сон, многу се вртат,знаат да зборуваат во сон…. Често заспиваат пред ТВ. Може и долго да спијат но им е жал да го испуштат утринскиот ритуал со пиење кафе. Најдобро ќе заспијат ако некој ги гали.

На Рибите сонот им е опиум

На припадниците на овој знак сонот им е потребен исто како и сонцето, кога се ненаспани стануваат мрзеливи и нервозни. Често го сонуваат она што го гледале пред да заспијат.

На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Calipso Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Primarius

Регистриран: 26.Мај.2009
Локација: Македонија
Статус: Офлајн
Поени: 44671
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Calipso Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јули.2013 во 23:35

Што мразат хороскопските знаци?

Овните мразат:

  • Луѓе кои одат бавно
  • Невозвратен телефонски повик
  • Животни во кафез
  • Спамови
  • Неисполнето ветување
  • Кога мобилниот телефон или компјутерот не функционира
  • Лоши танцувачи
  • Доцнење на авион, воз или автобус
  • Народна музика

 

Биковите мразат:

  • Луѓе коишто премногу се фалат
  • Неред и неорганизираност
  • Кога некој ги присилува на нешто
  • Лоши готвачи
  • Кога ги игнорираaт во јавност
  • Јавни говори
  • Луѓе кои не користат дезодоранс
  • Кога се предмет на нечија шега
  • Кога нема да излезат доволно паметни

 

Близнаците мразат:

  • Луѓе кои немаат смисла за хумор
  • Кога не се во центарот на вниманието
  • Расипани часовници
  • Лошо вино
  • Чевли во кои не можат да танцуваат
  • Луѓе кои зборуваат полека
  • Песимисти
  • Зависници
  • Неисправна технологија

 

Раковите мразат:

  • Волна која ги боцка
  • Нечувствителни луѓе
  • Луѓе кои прерано доаѓаат на состаноци
  • Луѓе кои не знаат да се облечат
  • Кога луѓето ги критикуваат
  • Насилни филмови
  • Неблагодарни деца
  • Кога ќе ги изгубат очилата за сонце
  • Луѓе кои наместо нив се во центарот на вниманието

 

Лавовите мразат:

  • Луѓе кои се облекуваат подобро од нив
  • Луѓе кои имаат подобри автомобили од нив
  • Кога околината ги игнорира
  • Провокација и љубомора
  • Кога е премногу ладно
  • Кога ќе накиснат
  • Кога мораат да останат дома на сончево време
  • Кога ги присилуваат да прават нешто што не сакаат
  • Кога им забрануваат да флертуваат.

 

Девиците мразат:

  • Луѓе кои се неуредни и неорганизирани
  • Луѓе кои не одговараат на повици
  • Луѓе кои постојано доцнат
  • Луѓе кои не плаќаат данок
  • Губење време на Facebook
  • Луѓе кои прават граматички грешки
  • Премногу бучни луѓе
  • Луѓе кои премногу пцујат
  • „Стенд ап“ комичари

 

Вагите мразат:

  • Kога им велат да ја намалат музиката
  • Кога ќе се најдат среде туѓа расправија
  • Ѓубре по улиците и парковите
  • Луѓе кои се груби кон животните
  • Луѓе кои не одговараат на повиците
  • Секс за една ноќ
  • Лоши фризури
  • Луѓе кои се дрогираат
  • Некултурни и необразовани луѓе

 

Скорпиите мразат:

  • Луѓе кои позајмуваат нешто и никогаш не го враќаат
  • Љубовници кои не доживуваат оргазам
  • Кога партнерот ги прави љубоморни
  • Кога е некој подобар од нив во работата
  • Кога луѓето јадат без манири
  • Трачарење
  • Кога ги обвинуваат дека се неверни
  • Кога некој ги копира
  • Кога некој ќе ги остави на цедило

 

Стрелците мразат:

  • Доцнење
  • Koга некој сака да им ја ограничи слободата
  • Кога некој ги контролира
  • Луѓе кои премногу се жалат
  • Луѓе кои се плашат да ризикуваат
  • Кога ги обвинуваат дека не знаат со пари
  • Кога премногу очекуваат од нив
  • Насилство над животни
  • Кога некој им наметнува мислење со сила

 

Јарците мразат:

  • Луѓе кои трoшат пари како луди
  • Кога им бараат позајмица
  • Кога некој сака да им го наруши угледот
  • Луѓе кои не ги дисциплинираат своите деца
  • Луѓе кои не ги исполнуваат ветувањата
  • Луѓе кои не ја затвораат пастата за заби
  • Несериозни и неодговорни луѓе
  • Кога некој се обидува да ги убеди во нешто
  • Лоши фризури

 

Водолиите мразат:

  • Здодевни луѓе
  • Кога некој ги распрашува за минатото
  • Трачеви
  • Непрактични луѓе
  • Луѓе кои не го собираат нередот на своите миленичиња
  • Недостаток на лојалност
  • Да држат свеќа на некој пар
  • Брза храна
  • Пресериозни и намуртени луѓе

 

Рибите мразат:

  • Преполни и загушливи простории
  • Луѓе кои прегласно се смеат
  • Кога некој ги присилува на нешто
  • Луѓе кои не прифаќаат аргументи
  • Неемоционални луѓе
  • Материјалисти
  • Кога мораат да носат очила за вид
  • Спори возачи
  • Луѓе без фантазија
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker!
Кон врв
Schatzii7 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unglaublich

Регистриран: 19.Октомври.2011
Локација: Lost somewhere
Статус: Офлајн
Поени: 7061
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Schatzii7 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Јули.2013 во 14:34
Најдобра музика за хороскопските знаци

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, а го открива и нашиот музички вкус. Еве каква музика сакате според хороскопот.
Овен
Овој знак наоѓа инспирација и задоволство во класичната музика, во композициите на Вагнер и Моцарт. Но во неговата предводничка страна на личноста го исполнуваат и појаки звуци, како музиката на „Колдплеј“, „Секс Пистолс“ и Ози Озборн.

Бик
Овој знак обожава поп и рок музика и ги сака „Битлси“ и „Ролингстоунс“. Бидејќи се и големи љубители на телевизијата со задоволство слушаат и музика од телевизиски серии, но и филмска музика, особено од авантуристички филмови.

Близнаци
Близнаците сакаат ретро музика, како хитовите на Френк Синатра, Том Џонс и „Аба“. Уживаат и во музиката на Мајкл Џексон, а она што е интересно е и дека сакаат театарска музика, особено онаа од Бродвеј.

Рак
Романтичниот Рак сака нежни тонови како песните на Селин Дион, Витни Хјустон и Кели Кларксон. Со задоволство сакаат да слушаат музика која ќе ги врати во минатото, на пример „Битлси“.

Лав
Лавот може цел ден да слуша „Блек сабат“ или „Пинк Флојд“. Го инспирира страста од композициите на Вагнер, Бетовен и Сергеј Рахмањинов. Важна им е драматичноста и живоста во музиката.

Девица
Девицата сака музика која дејствува смирувачки на неа, како на пример музиката на Моцарт и на Вивалди. Најдраги им се звуците на виолина и флејта. Девицата нема да ужива во музиката ако пред тоа не дознае повеќе за истата, па затоа претходно ја проучува нејзината историја.
Вага
Штраус, Менделсон и Шуберт се композиторите за овој хороскопски знак. Нивниот вкус е задоволен и со музиката на Френк Синатра и Барбара Стрејсенд. За нивната сентименталност одлична е кантри музика.

Шкорпија

Најмногу ужива во класичната музика. Но џез музиката им прави огромно музичко доживување, особено музиката на Моли Џонсон и Арета Френклин.

Стрелец
Ја обожава филмската музика. Најчесто онаа која ја има во акционите филмови најмногу ги исполнува.

Јарец
Многу ја почитува џез и оперската музика. На листата на негови омилени пејачи се и Брајан Фери и Том Вејтс. Обожава песни кој во себе носат и други, а не само љубовни пораки.

Водолија
Ги обожава џезот, електронската и акустичната музика. Го обожава Дејвид Боуви, но и сака да го слуша Морис Равел.

Риби
Рибите се страсни слушатели на Бах, но и уживаат во музиката на различните култури. Џуди Гарланд е уште една од нивните фаворити.

»Wenn ein Deutscher einen Zug ausrauben möchte, kauft er sich als erstes eine Fahrkarte.« :) (Lenin 1917)
Кон врв
Kastro Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11937
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Kastro Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2013 во 19:09
Близнаци
Ако сакате паметни луѓе, Близнаците се знак за вас. За да направите нешто со Близнак, мора да бидете интелегентни и досетливи. Тие се господари на флертот и може многу лесно да паднете на нивниот шарм.
Менталниот капацитет ги прави исклучително креативни љубовници, па така никогаш нема да ви биде здодевно со нив. Осигурајте се дека и вие нема да им здосадите на нив, бидејќи постојано бараат промени и возбудувања.
За да заведете Близнаци, делете им комплименти и фокусирајте се на нивниот ум. Побарајте совети од нив и не заборавајте да ја предизвикувате нивната интелегенција.
голема насмевка
3. Близнаци - тие се многу емотивни знаци, се нешто знае да ги расплаче. Плачат и на филм дури, плачат кога ќе видат несреќни луѓе, мали деца и сл.загриженост
 
Da ne kopiram sve do kraj ....sve e bre vistina замисленост
Vistinskiot maz ima edna Lavica …a ne, stado od ovci…(ovcite na ovcharite)
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Јули.2013 во 07:45

Хороскоп според времето на раѓање

Секој месец, секој ден, но и секој час има одредено астролошко значење. Овој пат преку шест нумерички дела ви го преставуваме астролошкото значење на часот во кој вие сте родени.

Родени помеѓу 0 и 4 часот
Вие сте со тивка и смирена природа. Сакате да сонувате и да градите кули во облаци. Имате бујна фантазија, но тешко се снаоѓате во светот на физичката реалност. Родени сте како фантазер и поет, па затоа луѓето не ве разбираат. По малку сте месечар и ветрушка, имате благородна душа.

Родени помеѓу 4 и 8 часот
Вие се одликувате со итрина и склад. Упорни сте и истрајни во своите работи, особено во практичните работи. Како малку кој се снаоѓате во светот на реалноста. Тежнеете на другите да им бидете пример, да се докажувате и потврдувате.

Родени помеѓу 8 и 12 часот
Вие сте суштество полно со верба, надеж и оптимизам. Ведри сте. Секаде зрачите со несебична љубов и магнетска топлина. Чувствителни сте и продуховени. Имате склоност кон уметноста и филозофијата, ве одликуваат доблести и таленти.

Родени помеѓу 12 и 16 часот
Ведри сте, живи, орни, полни со енергија. За вас се добри практичните работи. Добар говорник сте, математичар и физичар. Но, и добар писател само ако ја насочите својата енергија во тој правец. Вие сте личност која е сестрано надарена, во многу професии и занаети може успешно да ја изразите својата креативност.

Родени помеѓу 16 и 20 часот
Вие сте со немирен дух, скитник, малку нервозни и ветрушка. Движењата ви се динамични, зборовите општи и силни, бргу мислите и работите. Сакате што е можно повеќе од животот, го сакате животот во сите свои облици и видови. Често ги менувате одлуките и ставовите, во исто време работите по неколку работи. Кој не ве познава добро, би помислил дека сте брзоплети, но вие сте свесни за сè што работите.

За родените помеѓу 20 и 24 часот
Умерени сте, упорни и истрајни на сите полиња. Тежнеете кон тоа да доминирате над работите и ситуациите. Имате склоност кон филозофијата и книжевноста, рационални сте и продуховени. Магнетски делувате на опкружувањето, авторитет сте во семејството и друштвото, помеѓу пријателите и роднините. Малку делувате самоуверено, затоа што премногу вервате во себе, затоа што сте полни со самодоверба, со животна и креативна енергија.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6061626364 157>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.