IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6970717273 113>
Автор
Порака
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
bubibubibubi Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај bubibubibubi Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2013 во 22:33
Дали може состав за Што би променил/а во моето родно место??? би била многу благодарна
П.С: благодарам однапред.. ♥

Кон врв
mssSpicy Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 26.Март.2012
Статус: Офлајн
Поени: 3
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mssSpicy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2013 во 20:58
MI treba sostav za
1. ''Dali covekot e sloboden da pravi svoj izbor ili sudbinata upravuva so nego''
2. ''Razum i prosvetitelstvo povrzani so Kandid, RobinsonKruso i Guliverovite patubanja ''
ve molaam koj ima da mi dade ili napise
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2013 во 22:19
Neshto okolu Kandid:

Сатира

Темата на сатирата Кандид е во ироничен контраст помеѓу трагедија и комедија. Приказната ниту измислува, ниту ги преувеличува злата во светот, туку таа ги открива оние вистински суровите, при тоа дозволувајќи му на Волтер да ги поедностави суптилните филозофии и културни традиции, нагласувајќи ги нивните пропусти. На овој начин, делото Кандид го потсмејува оптимизмот, со многу страшни, историски (или навидум вистинити) настани со очигледно неизбавени квалитети.[4][44]

Едноставен пример од сатирата во Кандид се гледа преку обработката на историскиот настан од страна на Кандид и Мартин на пристаништето во Портсмут. Таму, двајцата шпиунираат еден непознат адмирал кој се претставува како Џон Бинг и е протеран од таму, поради провала во имот на фрацуската флота. Адмиралот е слеп и на цел глас вика од палубата на неговиот брод, само за „да ги охрабри останатите“ (француски: „Pour encourager les autres“). Оваа слика на воена казна ја маргинализира смртта на Бинг. Досадното и концизно објаснување „да ги охрабри останатите“ сатиризира сериозен историски настан на еден карактеристичен начин на Волтер. Оваа фраза стана една од често користените во делото Кандид.[6][48]

Волтер го отсликува најлошото во светот, а неговиот патетичен херој во делото сето тоа го смета за добро, гледајќи од една оптимистичка перспектива. Скоро целиот роман Кандид претставува една дискусија за различни форми на зла, па неговите ликови одвај и ретко доживуваат привремен одмор. Најпосле, постои еден забележлив исклучок, односно епизодата во Елдорадо, фантастично село во кое населението е многу рационално, а нивното општество е праведно и разумно. Позитивноста на Елдорадо може да се каже дека е во спротивност со песимистичкиот однос кој го има во најголем дел од книгата. Иако во овој случај, неизмерната среќа е секогаш краткотрајна. Кандид наскоро заминува од селото за да ја бара Кунегонда, со кого конечно ќе се ожени, но само од инает.[4][44]

Мотив на градина

Голем број критичари сметаат дека градините играат важна и симболична улога во делото Кандид. Првата локација која се смета за градина е замокот во Барон, од каде се истерани Кандид и Кунегонда на ист начин како што се истерани Адам и Ева од Рајската градина во Книгата за постанокот. Главните ликови од Кандид на крајот на делото се наоѓаат во една градина што тие сами си ја создале, градина која што претставува боженствен рај. Третата значајна „градина“ е Елдорадо, која можеби е еден лажен рај.[49] Други можни и поважни градини се земјата на исусовите војници, градините на Пококуранте, Какамбо и Турчинот.[50]

Овие градини веројатно се однесуваат на Рајската градина, a сето ова било предлог на Ботиља, на пример, дека градините се однесуваат на Енциклопедијата, француски: Encyclopédie, и дека заклучокот на Кандид за обработување на „својата градина“ ја симболизира Волтеровата голема поддршка за овој стремеж. Кандид и неговите придружници на крајот од романот, се наоѓаат во многу слична позиција со Волтеровиот тесно поврзан филозофски круг, што ја поддржува Енциклопедијата, француски: Encyclopédie. Главните ликови на Кандид живеат во самотија додека ја „обработуваат [нивната] градина“, исто како што Волтер ги советува своите колеги да го напуштат општеството за некое време, барем додека пишуваат. Покрај тоа, постои доказ во епистоларната преписка на Волтер, дека тој ја користел оваа метафора за градинарството при пишување на Енциклопедијата, француски: Encyclopédie. Друга можна интерпретација на сево ова е тоа што додека Кандид ја обработува „својата градина“ предизвикува чувство кај нас дека тој се занимава само со оние неопходни нешта, како што се нечие хранење, борба против досадата и сл. Ова е аналогно на она како Волтер гледа на градинарството. Тој самиот бил градинар на неговите имоти во Лес Делицес и Фернеј, па често пишувал во неговите преписки дека градинарството било негово важно хоби и претставувало извонреден и ефикасен начин да се биде постојано зафатен со нешто.[51][52][53]


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2013 во 22:21

Робинзон Крусо


(англиски: Robinson Crusoe) е роман од Даниел Дефо. Првпат објавен во Англија во 1719, се смета за првиот англиски роман. Книгата е замислена автобиографија на насловниот лик, англичанец, кој преживеал бродолом и останал да живее 28 години на пуст тропски остров во близина на Венецуела, наидувајќи на американски староседелци, заробеници и бунтовници, пред конечно да биде спасен.

Се верува дека приказната е инспирирана од вистинско искуство на Александер Селкирк, шкотски морнар кој живеел повеќе од четири години на некој тропски остров во близина на Чиле. Книгата го доживеала првото издание на 25 април, 1719. Нејзиниот целосен наслов бил „Животот и изненадувачките авантури на Робинзон Крусо од Јорк, морнар кој живеел дваесет и осум години сам на ненаселен остров на крајбрежјето на Америка, близу до устието на големата река Ориноко; откако бил исфрлен на брегот од бродолом, додека сите други загинале освен него. Со осврт на тоа како најпосле чудно бил донесен од пиратите. Напишано од него.“. Книгата веднаш наишла на позитивен и универзален прием. Пред истекот на годинатa биле отпечатени четири изданија, а неколку години постигнала поголема читаност од било која книга напишана на англиски. До крајот на XIX век ниту една книга во историјата на западната литература немала толку изданија, преводи и адапции како Робинзон Крусо.[1]


Приказна

Патување кон непознатото

Со својата преголема желба, Робинзон - како лекомислен и непослушен син, заминува од дома и се качува на брод заедно со останатите морнари. Бродот испловува на 1 септември 1651 година, кога Робинзон има осумнаесет години. Пред да излезат од устието Хамбер, задувал силен ветер и голема бура го зафатила бродот. Додека траела бурата Робинзон се каел што ги напуштил своите родители и си ветил дека ако преживее ќе се врати дома. За кратко време бурата стивнала и тие пристигнале во Јармут. Но таму Робинзон заборавил на своите ветувања и мисли што побрзо да се врати дома. Наместо да се врати во Јорк, Робинзон заминал за Лондон каде што запознал еден постар капетан кој му предложил да патува со него. Тоа патување во Африка и Нова Гвинеја било единственото среќно патување за Робинзон. Но по враќањето во Англија стариот капетан починал, и Робинсон бил принуден своето второ патување да го изведе без неговата помош. На тоа патување Робинзон бил заробен од пирати - Турци од Салех. Откако живеел неколку години како роб во Мароко се запознал со едно момче по име Ксури и заедно успеале да побегнат. Пловеле долго време со чунот сè додека не здогледале еден португалски кораб кој ги однел во Бразил. Таму Робинзон останал неколку години и направил плантажа со шеќерна трска. Живеел среќно се до моментот кога повторно се качил на кораб.Коработ тргнал на 1 септември 1659 година (истиот ден во кој 8 години порано побегнал од дома). После дванаесетиот ден од нивната пловидба задувал силен ветер и голема бура го зафатила коработ. Коработ не ги издржал силните бранови и ветерот и се распарчил. Робинзон бил во бесвест, а кога се освестил сватил дека е единствениот преживеан во бродоломот. Откривајќи дека се наоѓа на пуст остров, Робинзон Крусо како да ја гледа смртта пред очи. Без храна и вода, без облека и оружје, изнемоштен и завиен во таинственост, тој се покајува што ги напуштил родителите и својата татковина, но веќе е доцна. Во неговите очи се станува непирајтел - шумењето на дрвјата, крикот на вознимирената птица, острите очи на непознато животно. Очекувајки во секој момент да биде распарчен од некој крволочен ѕвер, а не мајќи никаква можност да го напушти островот, Робинзон Крусо останува во оваа дивина, подготвувајќи да се одбрани од секаков непријател. Од оштетениот брод, успева да ги земе залихите на храна, облеката, оружјето, барутот, алатките и се она што може да го искористи за создавање на свој дом. Охрабрен почнува да го создава необичното живеалиште, да го осигури од секаква опасност и полека почнува да го открива таинствениот остров. Преку ловот обезбедува месна храна, од некулкуте семки јачмен и ориз (кои му се истурија на земјата набрзо по пристигнувањето на островот) добива жито, а од фатените диви кози и јариња создава свое мало стадо. Робинзон Крусо се помирува од самотијата,иако ги има своите пријатели-животните и наоѓа некакво свое спокојство, надевајќи дека еден ден, додека сѐ уште е жив, ќе биде откриен и спасен. Појавувањето на дивите луѓе од други земји, човекојадците кои доловуваат на брегот на пустиот остров да ги изедат своите жртви, кај Робинзон создава страв и гнасење. Но, потоа со спасувањето на жртвата на човекојадците, што Робинзон го нарече Петкан, се раѓа нова надеж за спасување од пустелијата. Робинзон почнува да го учи Петкан да комуницира и да се однесува пристојно. Петкан е единствениот голем и верен пријател на Робинзон Крусо по бродоломот. Едни морнари се побуниле против капетанот на еден англиски брод, и ги довеле на островот. Робинзон, заедно со Петкан, повторно го покажува својот воинствен талент и гo ослободува капетанот, неговиот помошник и уште еден патник. Потоа сите заедно ги заробуваат побунетите морнари и го освојуваат бродот со кој тргнуваат на пат кон Англија. Робинзон Крусо по цели 28 години заробен на тој проколнат остров, конечно се враќа дома во цивилизацијата. Под негова команда, што ја почитуваат покаените бунтовни морнари, бродот се одалечува од пустиот остров и конечно испловува кон Англија.



Изменето од Valerija - 29.Март.2013 во 22:23
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Март.2013 во 22:24
Za Guliverovite patuvanja:


I дел: Патувањето во Лилипут

Во првиот дел “Патувањето во Лилипут” Свифт не запознава со Гуливер кој е лекар на брод кој плови по Тихиот Океан за Источна Индија. Поради голема бура бродот ќе потоне, и само Гуливер се спасува. Кога ќе се освести околу себе гледа џуџиња. Тој ќе помине извесно време во земјата на џуџињата – Лилипут. За тоа време се запознава со нивните обичаи, судството, законодавноста, културата и друго. Џуџињата се поделени на две групи: приврзаници на јајцето да се скрши “од врвот” и приврзаници на јајцето да се скрши “од газерот”. Бидејќи Гуливер се наоѓа кај првите, им помага да се одбранат од флотата вторите, но кога царот сака Гуливер да ја уништи целата флота, Гуливер откажува да му помогне во таа намера.

II дел: Патувањето во Бробдингнаг

Во вториот дел “Патувањето во Бробдингнаг” писателот не запознава со големите џинови. Пловејќи Гуливер се загубувва во непознати води и одеднаш се наоѓа во земјата на џиновите. Набрзо ќе биде продаден од некој фармер на кралицата. За Гуливер ќе биде изработена специјална дрвена куќарка, затоа што мора да биде заштитен од глувците и мачките кој се неколкупати поголеми од него. Тој во Бробдинганаг поминал три години. Тој за тоа време ги разонодувал кралот и кралицата со разни духовитости. При прошетка Гуливер се преправа дека му е лошо и замолува да постои покрај океанот на свеж воздух, во тој момент ќе го крене огромен орел , но набрзо ќе биде пуштен во океанот бидејќи орелот е нападнат од други две птици. По некое време ќе биде најден од морнаите од некој брод кои ќе го спасат и ќе го вратат во татковината. Свифт во вториот дел ни зборува за судовите и финансиите во Англија, за неправдите што ги нанесува Англија на другите народи и.т.н

III дел: Патувањето во Лапут

Во третиот дел “Патувањето во Лапут” Свифт ни кажува дека Гуливер е подготвен за трето патување. При тоа, по многу преживувања, се затекнува на летечки остров, во земјата Лапут. Островот се движи со помош на магнет, и може да се движи само на територијата на земјата, со кој се движи кралот на Лапут. Во оваа земја поминува околу пет години и за тоа време се запознава со нивните обичаи, нивната наука и др. Таму се запознава со гувернерот, кој со доброто познавање на некроманијата може да го оживее било кој мртовец за 24 часа. Гуливер, во Лапут го видел Сократ, Аристотел, Помпеј, Александар Македонски и многу други познати и влијателни личности од историјата.

IV дел: Патување во земјата на Хуинхм

Во четвртиот дел воедно и последен дел од големата авантура на Гуливер, тој патува како капетан но набрзо ќе има завера од морнарите и ќе биде оставен во непозната земја, но подоцна ќе дознае дека тоа е земјата на Хуинхми – те. Во тој момент започнува чудното “Патување во земјата на Хуинхм” . Хуинхм е земја на коњите. Во ова патување Гуливер се запознава со еден Хуинхм – фармер кој го поканува во својот дом. Како домашни животни Хуиинхмите одгледуваат Јаху кои претставуваат луѓе кои се на низок степен на развиток. Гуливер морал да го научи нивниот јазик за да разговара со неговиот домаќин. Па така, на прашањето зошто државите војуваат меѓу себе, Гуливер му кажал дека има многу причини, но поважни се лакомоста на владетелите, кои вечно се стремат да освојат што поголеми територии, за да го зголемат бројот на своите поданици и.т.н. Преку многуте прашања Свифт ги критикува нередовностите во својата татковина, расипноста на министрите, поткупувањето на високите државници и др. Но собранието на Хуинхмите му наредува на домаќинот на Гуливер да се откаже од гостопримството, затоа што е многу сличен со Јахуите. На крајот Гуливер се враќа во Англија кај своето семејство.


Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Belata Ciganka Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 15.Декември.2012
Статус: Офлајн
Поени: 37
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Belata Ciganka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Март.2013 во 13:15
Ми треба ваша помош кој има нека постира
нешто во врска со горделивост и тврдоглавост
и нешто општо за лицемерност...
фала мн ;)
„Добрите луѓе завршуваат лошо во животот, а лошите завршуваат уште подобро“.
Кон врв
betibeti123 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 31.Март.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај betibeti123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Март.2013 во 20:30
Ве молам доколку имате некоја идеја за предности, негативности на телефоните и последици од нив.. Каде смееме и каде не смееме да ги употребуваме. Ми треба за семинарска. Ви благодарам многу..
Кон врв
Laady21 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 02.Април.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Laady21 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2013 во 15:28
Dali kje moze nekoj da mi napise osvrt na knigata Bure Barut od Dejan Dukovski?
Кон врв
Орка Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Август.2008
Статус: Офлајн
Поени: 44574
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Орка Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2013 во 21:48
Ај кажи скајп,ти диктирај јас ќе пишувам
Кон врв
tnade Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 18.Април.2013
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај tnade Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Април.2013 во 09:38
zdravo mi treba sostav ITNO za
-mitoloskite aspekti vo gilgames
-razdelbata na hektor i andromaha vo ilijada
Кон врв
Micka14 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Април.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Micka14 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2013 во 11:37
Ми треба состав на тема „Моќта на зборот"
За утре ми е ве молам итно е !
благодарам однапред :D
Кон врв
Boum Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2011
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Boum Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Април.2013 во 18:34
А зошто не е допишано ?
Кон врв
Micka14 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 21.Април.2013
Статус: Офлајн
Поени: 2
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Micka14 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Април.2013 во 13:06
Дечки ве молам плсс ми треба состав на тема Моќта на зборот за утре ми е
!! благодарам однапред!
Кон врв
LiDivio Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор


Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај LiDivio Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Април.2013 во 16:52

Еве еден трагикомичен состав: Валдес-Алба,Пике,Бартра,Алвеш-Бускетс,Чави,Иниеста-Леонел,Санчез,Педро

       газење од смеење
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 6970717273 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,250 секунди.