IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - МАКЕДОНИЈА...и се е можно!?
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МАКЕДОНИЈА...и се е можно!?

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 63>
Автор
Порака Обратен редослед
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Јануари.2013 во 03:34

Банана-држава

Изразот прв пат бил употребен во 1904 година за ситуацијата во Хондурас. Корумпираната и богата елита на Хондурас вовела диктаторски режим и ја маргинализирала опозицијата

Според старата африканска легенда изразот банана потекнува од еден мајмун по име Банана. Мајмунот се хранел исклучиво со инсекти, бил многу мрзелив и јадел по цел ден. Едно утро го сретнал богот на птиците Златниот Феникс и го опоменал: „Те молам, Банана, престани да јадеш инсекти бидејќи ми се жалат сите птици на твојот гурманлук“. Му понудил разни лисја и треви што ги јаделе слоновите и жирафите, но тоа не помогнало. Ненадејно наишле ловците кои се обиделе да ги уловат. Кога избил пожар, Феникс и мајмунот избегале во повлажните делови на џунглата. Таму случајно го здогледале овошјето кое личело на жолта полумесечина и ширело вкусен и привлечен мирис. Решиле да го пробаат. Ја излупиле кората и го пробале овошјето. Од кората која ја фрлиле се лизнале ловците, а од вкусното овошје гурмански се најале. Кога мајмунот го запрашал Феникс како се вика ова божествено овошјето, Феникс го предложил неговото име - банана.

Можеби и не е случајно што често кога ќе се спомене бананата, често се прават асоцијации со нашите предци - мајмуните. Инаку, изразот се користи во повеќе домени, специјалитети и метафори. Од банана-сплит, преку банана-крем и похувана банана, до банана-држава и банана-република. Изразот „банана-држава“ има најмалку три значења. Првото значење е економското и означува држава-произведувач и извозник на ова јужно овошје. Второто значење се однесува на неразвиените држави чии стопанства се потпираат врз еден производ, како што се кафето, какаото, бананите, памукот, каучукот... Третото значење е од политиколошка природа и се однесува на економски неразвиените држави во кои власта е недемократска, каде што владее плутократија или група богаташи, опозицијата е постојано под притисок на власта, а функционирањето на институциите е карикатурално, недемократско, коруптивно со тенденции на диктаторски примеси.

Изразот прв пат бил употребен во 1904 од страна на американскиот писател О. Хенри, кој живеел во Хондурас каде што со планатажите на банани раководела американската Јунајеид фрут компани. Во овој период корумпираната и богата елита на Хондурас вовела диктаторски режим, ја маргинализирала опозицијата, ги апсела и заплашувала сите слободоумни луѓе, го потплатила синдикатот и организирала антисиндикални манифестации. Опозициските медиуми биле целосно укинати, политичките затвореници биле осудувани на тешки казни, а народот бил постојано заплашуван со црвената комунистичка опасност. Претседателот на државата немал никаков авторитет и бил обична мапет-кукла. Себичноста на плутократите била толку голема што заслепени од огромните профити и корупција, почнале да и' пречат и на американската компанија. Во тој период биле извршени околу 50 државни удари по кои со целото свое богатство заминувале во некоја друга латиноамериканска држава. Сиромашниот народ живеел како во кафез, индоктриниран, заплашен и контролиран, слично како животните во зоолошката градина кои се среќни кога чуварите делеле храна.

Кристијан Бланшар, автор на црниот роман „Теоремата на мајмунот“, го објаснил однесувањето на мајмуните затворени во кафез на чиј кров била обесена бананата. Преку оваа теорема можат да се протолкуваат извесни рефлекси на животните кои се слични со оние на човекот. Мајмуните се обидувале со помош на скалата да ја дофатат вкусната банана. Секогаш кога некој од мајмуните ќе пристигнал до врвот, сите биле поливани со студена вода што ги обесхрабрувало во нивните намери. Кога во кафезот биле донесени други мајмуни кои не знаеле за студената вода, групата мајмуни насила ги спречувале да ја дофатат бананата за да не бидат повторно непријатно разладени со ледената вода. Теорема за мајмуните настојува преку парабола да објасни на каков начин е можно да се конзервира една комично-деспотска состојба и систем и да се одржува се' до појавата на некој револуционерен дух кој ќе настојува да ја промени. Теоремава како да потсетува на нашата политичка состојба каде што власта веќе седма година владее со помош на ледената вода, а заплашените граѓани во кафезот не се ни се обидуваат да подадат глава.

Македонија не е производител на банани, ниту има прашуми и џунгли во кои живеат мајмуни, но однесувањето на владејачката политичка елита создава импресии кои и' даваат карактеристики на банана-држава. Минатата година ДПМНЕ ја задолжи државата за да ја ефектуира финансиската супериорност за време на изборите, ги монополизира медиумите, ја затвори единствената опозициска телевизија А1, ги уапси и осуди на невообичаено долги казни сопственикот и вработени во овој медиуми, го уапси и осуди еден од лидерите на опозициската партија Љубе Бошкоски со подметнат сведок и му се заканува со нов сведок за друг случај. Таа ги заплашува во континуитет интелектуалците, ги уценува деловните луѓе, организира протести пред седиштето на опозицијата, воведе дневна црна кампања.

Истата практика настојува да ја продолжи и во овој период се' до следните избори. Како што истакнаа демосовците Ѓорѓи Спасов и Никола Поповски во неодамнешните колумни, Светска банка можеби и не е свесна дека со голем заем на Владата ќе учествува во изборна корупција. Најавениот кредит од 250 милиони евра би бил дистрибуиран во вид на зголемување на пензиите, платите и социјалните давачки пред локалните, а можеби и вонредните парламентарни избори. Дали тоа значи дека опозицијата би требало да вети двојни зголемувања на пензиите со двојно поголемото задолжување.

Истата „квака“ што им ја продава ДПМНЕ на земјоделците, администрацијата, медицинскиот кадар, деловните луѓе, на „Аман“ за намалување на цената на струјата и бензинот може и опозицијата двојно да им ја вети доколку гласаат за промени. Воедно, би било пожелно опозицијата со цел да се избегнат маскаради од типот на маршеви и протести на нашминканите помлади и повозрасни шмизли кои се продаваа за земјоделки и стечајки со високи штикли, мини-здолништа, скапи наочари за сонце, за да не останат со празни раце да им вети по некоја мотика или гребло за да постигне естетско-социјална рамнотежа со сиромаштијата, стечајците и земјоделците.

Од друга страна, „револуционерниот“ синдикат на здравствените работници „Мајка Тереза - Баба Зумбула“, создаден преку ноќ, кој храбро реши да биде штрајкбрехер, пожелно е да се зачлени во Унијата на европските синдикати во Брисел каде што ќе ја научи азбуката на синдикализмот и синдикалното достоинство. Да ве потсетам ова не се случува во Хондурас во почетокот на минатиот век. Ова се случува во Македонија во втората деценија на 21 век. Не сме произведувачи на банани, иако нашиот народ е солиден потрошувач на ова овошје. Можеби немаме многу мајмуни, но често се чувствуваме како изманипулирани и исплашени мајмуни и се' повеќе личиме на банана-држава.

СЕ НАДЕВАМ ОВОЈ ПАТ НЕМА ДА БИДЕ СОКРИЕН (НЕНАМЕРНО)..... 


БТВ... ПРЕМНОГУ СЛИЧНОСТИ ВО ТЕКСТОТ НЕЛИ?!?!?




The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 31.Декември.2012 во 05:59
Originally posted by zagor zagor напиша:

лелеле Zeksi стварно си досаден или така се правиш....човече?.збунетост

..абе размисли малку наопаку. 


ај од денес ќе бидам за сдсм и за Бранко, сигурен сум дека нема да ти бидам досаденнамигнувањенамигнувањенамигнување
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
zagor Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Уникатен песимист

Регистриран: 27.Септември.2007
Локација: Congo
Статус: Офлајн
Поени: 12852
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zagor Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2012 во 21:00

лелеле Zeksi стварно си досаден или така се правиш....човече?.збунетост

..абе размисли малку наопаку. 

...zagor e ziv,se drugo e laga.
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2012 во 15:38
Originally posted by laki_bu laki_bu напиша:

Originally posted by Messenger Messenger напиша:

"МАКЕДОНИЈА...и с'е е можно!?"

Во Македонија е можно малцинството да не го признава Уставот, Претседателот и Парламентариот протокол, да го окупира Парламентот, да го демолира, физички да им прети и да ги напаѓа парламентарците, да прави опструкција на државните тела, да го силуваат мнозинството затоа што не ги усвојува нивните барања, самите да не се враќаат во Парламентот и да плачат дека таму не ги примаат бидејќи биле избркани од него, незадоволни од својата малцинска слабост да повикуваат на граѓанска непослушност, да планираат граѓанска војна... и да не им фали влакно на главата !

А да, и покрај тоа што не им фали влакно на главата за ваквите дејности и непреченото слободно ширење на своите пропаганди низ јавните гласила во државава, да се жалат дека Македонија била фашистичка диктатура ! 

Ситуацијава како да излегла од Орвеловиот роман "1984" - завртување наопаку на сите човечки вредности. Каде што има Устав - нема Устав, каде има Закон - нема Закон, демократија  е - недемократија,  редот е - неред, вистината е - лага... во таквото развивање на состојбата целта е да се изопачат вредностите кај луѓето за 180 степени за да се пласира лагата како вистина, да се натури диктатурата на малцинството како демократија, регресот да се покажи како прогрес, назадувањето како напредок, криминалот како доблест и глупоста како мудрост.

Во така создадените услови на избришани човечки вредности и демократија потоа лесно се востановува диктатура и фашизам.

Е ТОА само во Макeдонија е можно!










Navrati se malku nanazad i pogledni od kade naucija denesnive da ne pocituvaat ustav , parlament .....pogledni 2003 kj tropase na tendzerinja u parlament ...mislam ako nesto ne ti e jasno ....
...ili togas toa bese dobar poteg , pametno praveleда

Не бил добар потег и не правеле паметно.


Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Gorazd777 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 22.Октомври.2008
Локација: Евразија
Статус: Офлајн
Поени: 1584
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Gorazd777 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2012 во 11:51

Да те надополнам пријателе,тоа го има и во Науката,Философијата, Културата,НИСКОИНТЕЛЕГЕНТНАТА власт,со нејзините подржувачи кога ќе се добере до позиција,ги прави РАБОТИТЕ неразумни,НЕЦИВИЛИЗИРАНИ и мисли дека се од НИВ почнува.

Да точно сега ТЕНЏЕРИЊАТА им се далечно минато,а ЈАС ќе речам само потеклото на премиерот и неговата потесна фамилија со братучедите, па потоа како во градовите сите МАФИЈАШКИ-ФАМИЛИЈАРНО се вработуваат, за обичниот човек,за РАЗУМОТ тука нема место.

Но некој од страна,поготово членови во МПО,мислат дека сега го фатиле горниот за мадиња и исто дискутираат и делат МОРАЛ како во некое далечно минато,мислиш отишле ПОДАЛЕКУ во разумот,но она ИСКОНСКОТО ВО НИВ ОСВЕТА,тоа ги води,тоа е само побугарчената МАСААА,ВРХОВИСТИТЕ,тие се сега на власт, а дечурланата па таа се лаже,сега вредноста на животот ја намалија на ниво на ЖИВОТИНСКИ опстанок.

ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО
НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА
ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА
Кон врв
laki_bu Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Лидер

Регистриран: 30.Ноември.2008
Локација: Germanija
Статус: Офлајн
Поени: 32100
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laki_bu Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2012 во 07:43
Originally posted by Messenger Messenger напиша:

"МАКЕДОНИЈА...и с'е е можно!?"

Во Македонија е можно малцинството да не го признава Уставот, Претседателот и Парламентариот протокол, да го окупира Парламентот, да го демолира, физички да им прети и да ги напаѓа парламентарците, да прави опструкција на државните тела, да го силуваат мнозинството затоа што не ги усвојува нивните барања, самите да не се враќаат во Парламентот и да плачат дека таму не ги примаат бидејќи биле избркани од него, незадоволни од својата малцинска слабост да повикуваат на граѓанска непослушност, да планираат граѓанска војна... и да не им фали влакно на главата !

А да, и покрај тоа што не им фали влакно на главата за ваквите дејности и непреченото слободно ширење на своите пропаганди низ јавните гласила во државава, да се жалат дека Македонија била фашистичка диктатура ! 

Ситуацијава како да излегла од Орвеловиот роман "1984" - завртување наопаку на сите човечки вредности. Каде што има Устав - нема Устав, каде има Закон - нема Закон, демократија  е - недемократија,  редот е - неред, вистината е - лага... во таквото развивање на состојбата целта е да се изопачат вредностите кај луѓето за 180 степени за да се пласира лагата како вистина, да се натури диктатурата на малцинството како демократија, регресот да се покажи како прогрес, назадувањето како напредок, криминалот како доблест и глупоста како мудрост.

Во така создадените услови на избришани човечки вредности и демократија потоа лесно се востановува диктатура и фашизам.

Е ТОА само во Макeдонија е можно!










Navrati se malku nanazad i pogledni od kade naucija denesnive da ne pocituvaat ustav , parlament .....pogledni 2003 kj tropase na tendzerinja u parlament ...mislam ako nesto ne ti e jasno ....
...ili togas toa bese dobar poteg , pametno praveleда
Без разлика колку страници прочитал учениот човек, никогаш не треба да заборави дека се уште не ни стигнал до првата страна....
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2012 во 05:52
"МАКЕДОНИЈА...и с'е е можно!?"

Во Македонија е можно малцинството да не го признава Уставот, Претседателот и Парламентариот протокол, да го окупира Парламентот, да го демолира, физички да им прети и да ги напаѓа парламентарците, да прави опструкција на државните тела, да го силуваат мнозинството затоа што не ги усвојува нивните барања, самите да не се враќаат во Парламентот и да плачат дека таму не ги примаат бидејќи биле избркани од него, незадоволни од својата малцинска слабост да повикуваат на граѓанска непослушност, да планираат граѓанска војна... и да не им фали влакно на главата !

А да, и покрај тоа што не им фали влакно на главата за ваквите дејности и непреченото слободно ширење на своите пропаганди низ јавните гласила во државава, да се жалат дека Македонија била фашистичка диктатура ! 

Ситуацијава како да излегла од Орвеловиот роман "1984" - завртување наопаку на сите човечки вредности. Каде што има Устав - нема Устав, каде има Закон - нема Закон, демократија  е - недемократија,  редот е - неред, вистината е - лага... во таквото развивање на состојбата целта е да се изопачат вредностите кај луѓето за 180 степени за да се пласира лагата како вистина, да се натури диктатурата на малцинството како демократија, регресот да се покажи како прогрес, назадувањето како напредок, криминалот како доблест и глупоста како мудрост.

Во така создадените услови на избришани човечки вредности и демократија потоа лесно се востановува диктатура и фашизам.

Е ТОА само во Макeдонија е можно!











Изменето од Messenger - 30.Декември.2012 во 07:16
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Декември.2012 во 05:25
Originally posted by Ninja 35 Ninja 35 напиша:

цццц...абе не ми се верува на очите....се било законски и уставно....
па зарем според закон и устав е да ги исфрлиш надвор акредитрани новинари за потоа да можеш на сила да исфрлиш и 40% од пратениците кои не ти се по мерка....
некогаш му заблагодарувам на факторот што ги створил причините со кои одалечил одредени луѓе од државава кои со своите штетни размислувања можат да влијаат само тука, преку интернет просторот....
и уште со полна уста го употребуваат зборот 'БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ'

види богати биле исфрлени насилно, па фала богу дека беа исфрлени, и така треба да помине секој еден што се однесува насилнички. 

отиди и ти било каде, кафиќ на пример, понашај се како твоите миленици од сдсм, па да видиш како ќе те пропуштат низ раце батките од обезбедување, и ќутекот ќе го јадеш.

но не ми е јасно кај се до сега кривични пријави за таквото однесување, што чекаат институциите, или кај оваа млитава влада може секој еден неказнето да прави што сака.

и повторно злоба, овој пат кон нас што сме надвор, има ли кај тебе воопшто нешто позитивно ???????????????

а да беше меси или јас, или некој друг, про комуњарски настроен тогаш и те како ќе ти беше устата полна со зборовите браќа, сестри и др.

е па глеаш, не сме сите за ро***иот, за среќа на народот и државата мнозинството не го сака тој сатрап бц да ни ја крои капата. 

не го сакаат ни сопствените членови, членовите на партијата на која тој им е претседател, ги нема никаде да го подржат на протестите, мораат да плаќаат луѓе колку да не биде скроз сам во неговото лажно востание во неговата измислена револуција. 


"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2012 во 12:49
Морееее како му запнаа на човекот-па може му се мочало, а местото му заличило на нужникзбунетост
Оти на Груевски му се обраќаатголема насмевка

ФОТО: Груевски, ова се твоите партиски војници


Кон врв
d4 b3 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор

не можам да си дозволам неактуеленпотпис

Регистриран: 19.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 4384
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај d4 b3 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2012 во 08:59
http://www.sitel.com.mk/namalen-javniot-dolg-na-makedonija

Намален јавниот долг на Македонија, објави угледниот весник Економист. Моментално изнесува  26,7% од Бруто домашниот производ,  со што нашата  земја се наоѓа меѓу најниско задолжените во Европа. Падот е забележан во септември, за разлика кај останатите земји каде јавниот долг бележи зголемување.


е оти протестирате бе?
се цвета
Кон врв
Ninja 35 Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 24.Февруари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 17840
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Ninja 35 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2012 во 08:42
цццц...абе не ми се верува на очите....се било законски и уставно....
па зарем според закон и устав е да ги исфрлиш надвор акредитрани новинари за потоа да можеш на сила да исфрлиш и 40% од пратениците кои не ти се по мерка....
некогаш му заблагодарувам на факторот што ги створил причините со кои одалечил одредени луѓе од државава кои со своите штетни размислувања можат да влијаат само тука, преку интернет просторот....
и уште со полна уста го употребуваат зборот 'БРАЌА И СЕСТРИ МАКЕДОНЦИ'
Ако ти изгледа премногу лесно , имаш некаде згрешено !!!
Кон врв
Messenger Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор

Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet

Регистриран: 21.Април.2006
Статус: Офлајн
Поени: 18208
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Messenger Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2012 во 06:21
Originally posted by zabegan zabegan напиша:

се е во ред, само уште да разбереше дека парламентот и она што го застапува тој, на големо се злоупотреби, со цел да се изгласа буџетот... фактички, легитимно се прави нешто неизржано
што се однесува до „насилството“, ти го добјаснив тоа во погорниот пост што го поправив... ако сметаш дека е нормално да нема рекација после амандманите, во ред

и уште нешто, ти напоменав дека тоа што сега важеше за опозицијата и за кое што беше исфрлена, претходно не важеше за власта, па сега напрај ја ти математиката

ОК штом е с'е во ред... барем расчистивме некои работи и ги доведовме под светлината.

Парламентот си работеше како што е пропишано според Уставот и Законот. Се сложувам дека имаше злоупотреба од страна на опозицијските пратеници кои со принесување на 1000 амандмани едноставно сакаа технички да го блокираат гласањето на буджетот.

Имено, ним им беше јасно дека при гласање тој ќе беше изгласан, како што впрпочем се случи, па затоа сакаа истото да го спречат со бескрајно расправање.

Мене ме изненади што позицијата се сложи да ги разгледа амандманите и да даде свое мислење за нив, па тогаш прифатија 44 од нив, што никогаш не се случило во историјата на Република Макeдонија. Јасно, опозицијата тоа го одби бидејќи спогодба и брзо решавање не беше во нејзиниот план, туку нешто сосем спротивно.

Во моментот кога го бојкотираа Парламентот и почнаа со државен бунт јасно беше дека се откажуваат од својот глас и натаму нештата се одвиваа онака како што е предвидено со Уставот и Законот.

Според тоа, се беше легално, легитимно и издржано. 

Оноа што беше нелегитимно, нелегално и срамно беше тоа што го направија опозицијските пратеници. Не може во демократска држава со недемократски мерки и сила да се издејствува нешто ако мнозинството не го подржува. Нормално е да може да има реакции од опозицијата и позицијата кога не се сложуваат околу нештата, но тоа мора да биде во рамките на дозволената демократија, а не онака силеджијски како што беше направено сега.

За последното не разбирам на што се повикуваш бидејќи претходно ти објаснив оти истото важи за сите и СДСМ ќе се однесеше токму вака кон тогашното ВМРО ако овие покрај бојкотот го окупираа Парламентот.

Јас сум изненаден што сета работа мина без никакви сериозни последици према било кој парламентарец или граѓанин. Обезбедувањето и полицијата се однесоа многу професионално и спречија работата да избега надвор од контрола.


И повторно ќе те потсетам дека немаше да дојде до никакви проблеми доколку Бранко Црвенковски е човек од принципи и се придржува до сопствените зборови, онака како што се придржуваше кога 1998 беше тој на власт:


Ако судиме според неговите тогашни лични зборови  и неговото однесување сега, тогаш дефинитивно  може да заклучиме дека тој е оној кој многу нечесно ги манипулира македонските граѓани, владата и своите сопствени партијски подржувачи. Едноставно се докажа како човек без интегритет.


И додека Бранко Црвенковски јавно повикува на граѓанска непослушност, одење до крај (државен удар), не признава Устав, не признава Парламент, не признава собранијските процедури, не признава влада и ветува дека с'е ќе се заврши како со Милошевиќ во Србија, Американската Амбасада ја праќа оваа порака:

Да запрат агресивните и провокативни акции

САД со загриженост и со разочарување ги набљудуваат политички водените конфликти во изминатите два дена во и околу зградата на Собранието и ги повикуваат сите страни да запрат со какви било агресивни и провокативни акции. 

- Мирното изразување на различните мислења е основата на секоја силна и демократска држава, а употребата на насилство од која било инволвирана страна го поткопува тој систем и нанесува штета на неговата способност да владее одговорно. Соединетите Американски Држави ги поттикнуваат лидерите на сите политички партии и нивните следбеници без одлагање да стават крај на овие конфронтации – пишува во соопштението од американската амбасада во Скопје.

Во соопштението се повикуваат лидерите на политичките партии да се однесуваат на начин што е во согласност со законот, Уставот и со договорените собраниски процедури бидејќи тоа секогаш го има предвид и најдобриот интерес на граѓаните од кои се избрани за да ги претставуваат.














Изменето од Messenger - 25.Декември.2012 во 06:41
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
Кон врв
Zeksi71 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 18.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 2391
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zeksi71 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2012 во 04:57
парламентот е многу едноставна институција.
сите одлуки се донесуваат со просто мнозинство, како на собрание, така и на комисиите.
само дел од одлуките се донесува и со бадентер, ама тоа сега не е важно.
уште поедноставен е фактот дека оние што денеска кршеа во собрание, се или ќе бидат прегласани за било што ако тоа не е во интерес на мнозинството.
тие што немаат мнозинство, не смеат ни да помислат да прават хаос, бидејќи народот не им дал за право да управуваат со државата а со тоа и да носат одлуки.

се надевам дека органите на прогонот ( власта ) овој пат ќе постапат законски и да ги процесуираат сите оние кои што денеска и во изминатите денови се однесуваа насилнички, и дека кривците нема да се затскриваат зад некои си пратенички имунитети ко пи.ки под кошула.
"Када је неко глуп не можеш му то ни доказати" Душко Радовиќ
Кон врв
zabegan Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)
Другарот на Мона Лиза

Регистриран: 06.Април.2007
Статус: Офлајн
Поени: 9774
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај zabegan Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Декември.2012 во 04:40
се е во ред, само уште да разбереше дека парламентот и она што го застапува тој, на големо се злоупотреби, со цел да се изгласа буџетот... фактички, легитимно се прави нешто неизржано
што се однесува до „насилството“, ти го добјаснив тоа во погорниот пост што го поправив... ако сметаш дека е нормално да нема рекација после амандманите, во ред

и уште нешто, ти напоменав дека тоа што сега важеше за опозицијата и за кое што беше исфрлена, претходно не важеше за власта, па сега напрај ја ти математиката


Изменето од zabegan - 25.Декември.2012 во 04:44
размисли пред да напишеш глупост
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1213141516 63>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.