Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Септември.2013 во 17:10 |
Вегетаријански гулаш
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
- 200 милилитри Црвено вино
- малку Сол
- 40 грама Путер
- 1 Пиперка/ки
- 500 грама Печурки
- малку Нишесте
- 2 главица/и Кромид/а
- 200 грама Кисела павлака
- 300 грама Домат
- малку мала лажица Црн пипер
- Време за подготовка: 20 мин.
- Време за готвење: 40 мин.
КРАТОК ТЕКСТ:
Гулашот или gulyás потекнува од унгарската кујна, а е
широко распространет, кој највеќе се подготвува во Централна Европа и
Балканските земји.
По традиција тој се смета за едноставно домашно јадење. Кај нас тој
најчесто се јаде во ресторанти, бидејќи долгото подготввање кое е
потребно за ова јадење, го прави непрактичен за едно работно семејство.
ПОДГОТОВКА:
Исчистете ги печурките и исечете ги на покрупни парчиња.
Исчистете го и младото кромитче, па исечете го на тркалца.
Пиперката измијте, исчистете ја од семки и исечете ја на парчиња.
Растопете го путерот и на него испржете ги печурките, пиперките и кромитчето.
Зачинете по вкус.
Полијте со вино, покријте и оставете да крчка 10 минути.
Доматите
измијте ги, пресечете ги на половина, исчистете ги од семките и ситно
исецкајте ги, додадете ги во гулашот и оставете на тикво да се крчка.
Потоа додајте ја слатката павлака и продолжете го динстањето.
Додајте и една лажица нишесте и варете додека јадењето не згусне.
Служете со њоки или варени макарони.
Изменето од Valerija - 22.Април.2018 во 14:31
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Valerija
Модератор
Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 18.Септември.2013 во 17:19 |
Шницли од зеленчук
Потребни состојки: мала лажица малку Црн пипер 50 грама Спанаќ малку Сол 100 грама Моркови 100 милилитри Масло 300 грама Компир 50 грама Карфиол 50 грама Грашок 100 килограми Брашно 50 грама Боранија 1 Јајце Подготовка: Измиениот и исчистен зеленчук се обарува во посолена вода. Сето тоа ситно се сецка и се додава јајце, сол, црн пипер и брашно. Се формираат шницли се валкаат во брашно и се пржат. Крем салата од урда
Потребни состојки: 1000 грама Урда малку Сол 250 грама Маргарин 2 чешниња Лук малку Бел бибер 200 грама Кисела павлака Подготовка: Пенесто изматете го маргаринот и додадете ја урдата. Продолжете го матењето па вмешајте ја киселата павлака. Проверете го вкусот па зачинете со сол. црн пипер и лук.
Изменето од Valerija - 22.Април.2018 во 14:35
|
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
|
 |
Maja3
Нов член
Регистриран: 20.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 11
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Март.2013 во 17:48 |
Здраво, знае ли некој каде може да се купи сејтан за да истиот биде подготвуван дома?
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Февруари.2013 во 15:46 |
Пропржен карфиол со оревиСОСТОЈКИ
● 2 големи лажици маслиново масло
● ½ главица карфиол, цветовите исечени со големина на залак
● ½ голема главица кромид, исечена на четвртини
● ½ шолја сечкани ореви
● малку мускатно оревче
● сол и бибер
ПРИГОТВУВАЊЕ
Чекор 1: загрејте го маслиновото масло во сад за
пржење. Откако ќе се загрее маслото, додадете ги парчињата карфиол.
Пржете сè додека не добијат златно-кафена боја. По потреба, вртете ги
парчињата за да се испржат поеднакво.
Чекор 2: по 5 минути, намалете ја температурата,
додадете ги оревите и кромидот и садот затворете го. Промешајте
на секои две минути и динстајте околу 10 минути. Зачинете со мускатно
оревче, сол и бибер.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2012 во 14:21 |
Печен праз со прокељ и кашкавал

Состојки:2 страка праз (околу 400 г) 200 г прокељ 30 г путер 30 г брашно 300 мл млеко сол и црн пипер свежо мелено морско оревче 1 лажица сенф 130 г кашкавал, рендан околу 30 г лебни трошки (од 1 кришка леб)
Приготвување:Ставете ги празот и прокељот во тенџере со зовриена вода и варете ги 2 минути. Измијте ги под млаз ладна вода. Оставете ги да се исцедат. Загрејте ја рерната на 200 степени. Стопете го путерот во тавче на ниска температура, додајте го брашното и мешајте додека да се соединат. Динстајте неколку минути. Постепено истурајте го млекото, мешајќи, за да добиете компактен сос. Убаво зачинете со сол, црн пипер и морско оревче. Додајте го сенфот и половина од ренданиот кашкавал. Ставете ги празот и прокељот во тава за печење. Прелејте ги со сосот, благо размешајте, одозгора распоредете го останатиот рендан кашкавал, а врз него и лебните трошки. Печете 20 минути, или додека одозгора да добие златнокафеава боја. |
Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:21
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Април.2012 во 14:20 |
Брокули со кашкавал и крекери

Состојки:1,5 кг брокули, исечени на цветчиња 500 г рендан мешан кашкавал 100 мл млеко 70 мл неутрална хопла сол и црн пипер 1 лажица сенф (по желба) 500 г солени крекери
Приготвување:Загрејте ја рерната на 200 степени. Искршете ги крекерите на поситни парчиња. Оставете ги настрана. Во тенџере со зовриена вода ставете ги цветчињата брокули и варете ги 1 минута. Исцедете ги. Во тенџере измешајте ги млекото, хоплата, солта, пиперот и ренданиот кашкавал. Повремено мешајќи, варете ја смесата додека да се стопи кашкавалот. Додајте го и сенфот (по желба). Додајте ги брокулите во смесата со кашкавал, а потоа и половина од крекерите. Измешајте да се соединат, па истурете ја смесата во тава за печење намачкана со путер. Одозгора истурете ги другите крекери, па зачинете со црн пипер. Печете 15 до 20 минути, или додека површината не добие златнокафеава боја и почне да пушта меурчиња. |
Изменето од емил - 10.Април.2012 во 14:20
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Јануари.2012 во 13:22 |
Брокула во сос од четри видови сирење
Речиси секогаш, јадењата во рестораните кои се состојат од сосови од четри видови сирења се помеѓу најскапите. Без разлика дали се во комбинација со месо, тестенина или зеленчук. Но, вистината е дека овој сос се приготвува многу едноставно и повеќе не морате да плаќате скапо по рестораните за да уживате во неговиот фантастичен вкус.
Со овој рецепт, сосот ќе можете да го приготвите самите. За само неколку минути, ќе го имате мирисот и вкусот на Италија во вашата кујна. Ние, денес го приготвивме со кралицата на здрвјето — брокулата. Пригответе го и уживајте!
СОСТОЈКИ • 2 чаши хопла за готвење • ½ чаша путер • ½ чаша рендан пармезан • ½ чаша иситнета моцарела • ½ чаша иситнета горгонѕола • ½ чаша иситнето проволоне • 1 цвет брокула • бибер
ПРИГОТВУВАЊЕ Во огноотпорен сад со средна големина, измешајте ја хоплата (доколку немате хопла, можете да направите смеса од млеко и брашно) со путерот. На тивок оган, мешајте дoдека не се растопи путерот. Постепено додавајте ги сирењата (не мора да ги употребите овие сирења, можете да направите друг избор по ваш вкус) едно по едно и мешајте додека не се растопат. Во меѓувреме, на пареа сварете ја брокулата. Доволно е да ја варите само неколку минути, за да остане крцкава. Процедете ја брокулата, прелите ја со сосот, ставете бибер и уживајте.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 28.Јуни.2011 во 05:21 |
Компот од тиквички
Потребно:
* 1 кг тиквички * 2 главици кромид * 50 мл маслиново масло * 2 лимона * 2 гранчиња нане * сол * бибер
Приготвување: измиените тиквички исечете ги на коцкички. Кромидот ситно исечкајте го, па измешајте го со тиквичките, сокот од двата лимона, солта, биберот и маслото. Сето тоа прелијте го со 500 мл вода и варете го 30 минути. Откако ќе се излади, до послужување ставете го во фрижидер да се лади. Пред да ги послужите тиквичките, во нив измешајте ги ливчињата од нането.
|
 |
Majkl
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2011 во 20:47 |
renatax напиша:
Најверојатно Емил ги утнал рецептите, кај вегетаријанскиот начин на исхрана производите од животинско потекло се исклучени.
|
Тоа е веганска исхрана. Вегетаријанската исхрана опфаќа поширок опсег, но исклучува месо и месни продукти(вклучувајќи ја и шунката).
|
 |
Renatax
Сениор
Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2011 во 11:51 |
Најверојатно Емил ги утнал рецептите, кај вегетаријанскиот начин на исхрана производите од животинско потекло се исклучени.
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
 |
Феникс
Сениор
http://www.youtube.com/watch?v=mTCmVSp46
Регистриран: 12.Март.2010
Статус: Офлајн
Поени: 8143
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2011 во 01:07 |
vegeterijanska hrana......so puter, jajca , mleko, parmezan  Da ne pametuvam mnogu .....nekako moram da pisham ....,pravata vegeterijanska ishrana e zasnovana na zelenchuk ovoshje, meshunki i aj da kazeme i semki. Pretpostavuvam ke kazesh..... ima razni grupi na vegeterijanci shto kombiniraat mleko i jajca ili samo mleko i mlechni proizvodi no sepak "ne konzumirat meso i mesni proizvodi "
|
...Ne gledaj nazad so gnev, nitu napred so strav, gledaj naokolu so razbiranje. ...
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Јуни.2011 во 00:33 |
Потпечен спанаќ
Потребно:
1 кг спанаќ 500 г компири 100 мл млеко 2 жолчки 40 г путер + за калапите 100 г рендан пармезан 2 лажици масло малку рендано морско оревче сол бибер
Приготвување: излупените компири исечете ги на помали парчиња и сварете ги во солена вода. Посебно сварете го и добро исцедете го спанаќот. Во блендер ставете ги компирите, спанаќот, путерот, пармезанот, жолчките, солта, биберот, ренданото морско оревче и млекото, па добро измиксирајте ги. Спанаќот распоредете го во 6 керамички чинивчиња и потпечете го во добро загреана рерна.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 16.Мај.2011 во 19:58 |
Торта од пченкарен гриз
Потребно:
* 2 чаши пченкарен гриз * 8 чаши вода * 100 г суво грозје * малку морска сол * 1 лажица масло * јагоди или сезонско овошје
Приготвување: сварете го пченкарниот гриз во водата во која сте додале сол, со постојано мешање. Додадете го измиеното суво грозје, па варете и понатаму, додека не добиете густа смеса. Со масло премачкајте го калапот за куглоф, сипајте ја смесата во него и оставете ја да се стврдне. Откако сосема ќе се излади, смесата извадете ја од калаот, ставете ја во плитка чинија и богато украсете ја со јагоди (или сезонско овошје).
|
 |
Majkl
Сениор
Регистриран: 20.Јуни.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3019
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 13.Мај.2011 во 16:17 |
емил напиша:
Потребно: 4 парчиња шунка
Ставете по едно парче шунка врз компирите и сервирајте ги. |
Шунка во вегетаријанска храна?
Или се работи за некоја растителна шунка? Ако да, која и каде може да се набави?
|
 |