|
На денешен Ден |
Внеси реплика | страница <1 3233343536> |
Автор | ||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
23.11
Настани
1831 Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаска монархија во Франција. 1944 По одлука на АСНОМ, формирана е Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 1971 Народна Република Кина го зазеде своето место во ООН откако САД, по две децении спротивставување, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина. 1995 Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери на преговорите во Дејтон, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ. 2003 Грузискиот претседател Едуард Шеварнадзе поднесува оставка по неколку недели масовни протести поради изборна измама
Родени 1760 Франсоа Бабеф, француски револуционер 1860 Хјалмар Брантинг, шведски социјалдемократ и премиер 1876 Мануел де Фалја, шпански композитор. 1877 Никола Карев, истакнат македонски социјалист и револуционер. 1899 Мануел дос Реис Машадо, мајстор по афро-бразилската боречка вештина. 1941 Франко Неро, италијански актер
Починале 1966 Григор Витез, хрватски писател и преведувач. 1976 Андре Марло, француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
24 ноемвриНастани
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
28 ноември
----------------------------------------------------------
Настани 1917 Клубовите Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас ја формирале Националната Хокеарска Лига (НХЛ). 1918 Собранието во Подгорица прогласило обединување на Црна Гора со Кралството Србија. 1922 Хауард Картер и Лорд Карнарвон го откриле гробот на Тутанкамон, стар преку 3000 години и целосно зачуван. 1942 Втора светска војна: започнало Првото заседание на АВНОЈ во Бихаќ, БиХ. 1986 Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот „Нова Македонија“ - „ЛИК“. 1991 Беше пуштен во употреба автопатот Велес - Градско.
Родени 1632 Жан Батист Лили, француски композитор, диригент и виолинист, од италијанско потекло. 1820 Фридрих Енгелс, германски револуционер, филозоф, социјалист и научник, соработник на Карл Маркс. 1829 Антон Григорјевич Рубинштајн, руски клавирски виртуоз и композитор, основач на Конзервативизмот во Петроград. 1907 Алберто Моравија, еден од најголемите современи писатели не само во Италија, туку и во Европа.
Починале 1680 Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
7.12 ----------------------------------------------------
43 п.н.е. Марко Тулиј Цицерон, еден од најголемите оратори, државници и философи на Стариот Рим е убиен од приврзаниците на Марко Антониј при обидот да пребега во Македонија. 1900 Макс Планк ги открил законите за зрачење на црното тело. 1917 Прва светска војна: САД ѝ објавиле војна на Австро-Унгарија. 1941 Втора светска војна: Јапонската царска морнарица извршила напад на Перл Харбор со цел да ја неутрализира воената моќ на САД во Пацификот. 1988 Во Ерменија, тогашен СССР, силен земјотрес го разурнал регионот Спитак при што загинале над 25.000 луѓе. 1995 Во Атина, дипломатот Александар Маљас, беше наименуван за шеф на канцеларијата за врски, во главниот град на Република Македонија, Скопје. 2005 Уапсен е Анте Готовина, хрватски генерал, баран од хашкиот трибунал, на Канарските острови.
Родени 1598 Џовани Лоренцо Бернини, италијански архитект, вајар, сликар, писател, режисер и организатор на јавни свечености. 1906 Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Доситеј, прв архиепископ охридски и македонски, поглавар на Македонската православна црква. 1909 Никола Јонков Вапцаров, македонски пролетерски поет и револуционер. 1928 Ноам Чомски, американски лингвист и политички активист. 1976 Маја Апостолоска, македонска поетеса, книжевна критичарка и есеистка.
Починале 1894 Фердинанд де Лесепс, француски дипломат и инженер 1993 Блаже Конески, еден од најистакнатите македонски културни дејци, академик, писател, врвен поет, научник, чие творечко истражување даде неодминливи резултати во македонската литература во областа на културната историја на македонскиот народ. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Емил еден совет , би ти ја препорачал страницата на МИА , има многу подобра рублика НА ДЕНЕШЕН ДЕН.
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
9 Декември
Настани: Родени: Починале: |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
13.12
1782 За прв пат полетал балонот на браќата Монголфје. 1911 Експедицијата на норвешкиот поларен истражувач Роалд Амундсен стапи на Јужниот пол, дотогаш неосвоена точка на нашата планета. Еден месец подоцна тоа го направи и англискиот истражувач Роберт Скот. 1955 Австралија, Албанија, Бугарија, Јордан, Камбоџа, Либија, Унгарија и Цејлон беа примени за членки на Обединетите нации. 1964 Во Скопје, од едно импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола (по земјотресот на 26 јули 1963 година на Скопје му беа подарени стари репортажни коли од Велика Британија и од Италија), е емитуван првиот македонски ТВ весник на РТВ Скопје. Со тоа почна редовната програма на ТВ Скопје. 1994 Во Скопје е одбележана 50 годишнината на АФЖ. 1995 Потпишан е Дејтонскиот мировен договор, со кој е ставен крај на воениот конфликт во Босна и Херцеговина. Потписници на договорот се Алија Изетбеговиќ, претседател на претседателството на Босна и Херцеговина, Фрањо Туѓман, претседател на Република Хрватска и Слободан Милошевиќ, претседател на СР Југославија.
Родени 1503 Нострадамус, француски јасновидец. 1546 Тихо Брахе, дански астроном. 1564 Вилем Класон Хеда, холандски сликар на мртва природа 1870 Карл Ренер, австриски претседател 1895 Џорџ VI, крал на Велика Британија. 1897 Курт Шушниг, австриски политичар. 1901 Павле, крал на Грција. 1938 Игнатие Богдановски, македонски политичар. 1947 Дилма Русеф, претседател на Бразил. 1970 Ана-Марија Јопек, полска џез и поп-пејачка. 1979 Мајкл Овен, англиски фудбалер. 1979 Софи Монк, австралиска пејачка и актерка.
Починале 872 Адријан II, римски папа. 1788 Карлос III , крал на Шпанија. 1799 Џорџ Вашингтон, американски национален јунак и прв претседател на САД (1789 - 1797). 1861 Алберт Саксокобургготски, сопруг на британската кралица Викторија. 1940 Марија Георгиевна, принцеза на Грција. 1974 Волтер Липман, американски новинар со голем авторитет за надворешно-политички прашања. 1983 Иван Антонов, доајен на македонското радио и телевизиско спикерство. 1989 Андреј Сахаров, советски физичар, дисидент и Нобеловец. 1997 Џовани Ањели, „некрунисан крал“ на концернот FIAT, наследник на целокупното царство на FIAT |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Настани 1514 Диего Веласкез де Куељар го основа градот Тринидад, Куба. 1808 Лудвиг ван Бетовен ја одржал премиерата на својата Петта симфонија во Виена. 1849 Во последен миг е откажана егзекуцијата на Фјодор Достоевски. 1943 Се одржа прв конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија (НОМСМ). Одлуките на овој конгрес имаа за цел да ја засилат борбата против окупаторот, да се ангажира младината во создавањето на народната власт, да работи на културното-просветното поле и друго. 1999 Основана е Либералната партија на Македонија.
Родени 1756 Јохан Фридрих Пфаф, германски математичар, професор на Карл Фридрих Гаус. 1858 Џакомо Пучини, италијански оперски композитор. 1908 Кочо Рацин, македонски поет и револуционер. 1940 Георги Ајановски, македонски прозаист. 1956 Соломон Паси, бугарски политичар. 1960 Жан-Мишел Баскија, уметник.
Починале 69 Вителиј, римски император. 1603 Мехмед III, отомански султан. 1880 Мари ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. 1936 Николај Островски, советски писател. 1989 Семјуел Бекет, ирски писател, драматург и поет. 2002 Џо Страмер, англиски музичар. 2006 Ефтим Таковски, македонски новинар, писател и првиот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Calipso
Модератор Primarius Регистриран: 26.Мај.2009 Локација: Македонија Статус: Офлајн Поени: 44671 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
23 Декември
1888 Винсент ван Гог си отсекол делче од левото уво. 1944 Во Скопје излезе првиот број на весникот „Бирлик“ на турски јазик, како орган на НОФ на Македонија. 1947 Откриен е транзисторот, кој физичарите Џон Бардин, Волтер Братин и Вилијам Шокли го развиле во лабораториите Бел во САД. 1991 Во Скопје е регистрирано здружението Млади европски федералисти на Македонија, со седиште во Скопје. За претседател е избран Нано Ружин. 1993 Официјално е отворена Амбасадата на Велика Британија во Република Македонија. За амбасадор, е наименуван Тони Милсон.
1777 Александар I, руски император. 1790 Жан Франсоа Шамполион, француски египтолог. 1869 Иван Гарванов, бугарски револуционер. 1925 Јаника Балаж, прочуен тамбураш од Војводина. 1968 Мануел Ривера-Ортис, порторикански фотографер.
910 Свети Наум Охридски, просветител и свештеник. 1906 Даме Груев, еден од основачите на ВМРО. 1953 Лаврентиј Берија, советски политичар. 2003 Драгољуб Ставрев, македонски општественик и државник. Изменето од Calipso - 24.Декември.2011 во 01:05 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
На овој свет има само тројца мажи кои се спремни да те поддржат во тежок момент:
Jack Daniels, John Jameson и Johnnie Walker! |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
800 Папа Лав III во Рим го круниса францускиот владетел Карло Велики за свет римски цар, а тоа беше титула на германските монархи до времето на Наполеон I. 1066 Во Вестминстерската катедрала во Лондон за англиски крал беше крунисан норманскиот војвода Вилијам I. 1688 Во Франција пребега Јаков II, последниот англиски крал од династија Стјуард, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера. 1717 Се случила катастрофалната „Божиќна поплава“ - северозападна бура, што ги погодила крајбрежните предели на Холандија, Германија и Скандинавија вечертва воочи Божиќ. Во поплавата се удавиле вкупно 14.000 лица. 1741 Шведскиот физичар Андрес Целзијус ја создаде скалата од 100 степени за мерење на температурата. 1776 Генералот Џорџ Вашингтон ги префрли силите со кои командуваше преку реката Делавер во Њу Џерси и неочекувано ги нападна германските платеници кои во Американската војна за независност се бореа на страната на Британците. 1903 Во Софија излезе од печат книгата „За македонцките работи“ од македонскиот револуционер, публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“. 1914 Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни 1926 Јапонскиот регент принцот Хирохито го наследи престолот на Јапонија по смртта на неговиот татко, царот Јошихито. 1943 Министерството за надворешни работи на Велика Британија во Втората светска војна му испрати телеграма на премиерот Винстон Черчил во која пишува: „Нашата политика мора да се потпре на фактот - партизаните ќе завладеат во Југославија. Тие се за нас, од воен аспект, од голема корист и мораме да им дадеме полна поддршка. Воените причини се поважни од политичките...“. 1971 Во пожар во еден хотел во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, загинаа 139 луѓе. 1979 Советски трупи влегоа во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата. 1989 Сменетиот романски диктаторски пар Николае и Елена Чаушеску се стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење. 1991 Михаил Горбачов поднесува оставка на местото претседател на СССР, и должноста му ја предава на Борис Елцин. 1991 Во Штип, во издание на Културно-просветната зедница на Штип, излезе првиот број на весникот „Опсерватор“. 1995 На парламентарните избори во Турција, победија исламистите од РЕФАХ (конзервативно - исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан. 1995 Во поплавите на истокот од Јужна Африка загинаа најмалку 124 лица. 1997 На Куба за прв пат после три децении јавно е прославен Божиќ, а претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата кој во јануари 1998 ја посетил Куба. 2000 Во пожар кој го зафати центарот на кинескиот град Луојанг животот го загубија најмалку 309 луѓе. 2003 При падот на патничкиот авион „боинг 727“ во Атланскиот Океан набрзо по полетувањето од Бенин кон Либан загинаа 138 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 15 офицери на армијата на Бангладеш, додека 22 лица ја преживеаја несреќата. 2003 Звездан Јовановиќ го призна убијството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ.
1250 Јован IV Дука Ласкарис, никејски император. 1642 Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар. 1878 Јован Бабунски, србомански четнички војвода. 1882 Рајна Алексова, македонски фармацевт. 1899 Хамфри Богарт, американски филмски актер. 1918 Јоргос Ралис, премиер на Грција. 1923 Естреја Овадија - Мара, македонски народен херој. 1920 Јован Бошковски, македонски писател. 1925 Карлос Кастанеда, американски автор. 1943 Зафир Хаџиманов, македонски пејач и композитор. 1952 Павле Трајанов, македонски политичар. 1954 Ени Ленокс, шкотска рок пеачка на групата Јуритмикс. 1956 Олег Дементиенко, македонски поет. 1967 Борис Новковиќ, хрватски поп пејач. 1971 Дајдо, британска пејачка. 1976 Армин Ван Бурен, холандски транс продуцент и диџеј.
795 Адријан I, римски папа. 820 Лав V, византиски император. 1683 Кара Мустафа паша, Голем везир на Отоманската Империја. 1938 Карел Чапек, чешки писател. 1977 Чарли Чаплин, најголем артист на немиот филм. 1989 Николае Чаушеску, романски комунистички лидер. Изменето од емил - 25.Декември.2011 во 13:27 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
mungos80
Модератор АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
7 јануари - Денеска е Божик за христијаните кои се придржуваат на Јулијанскиот календар, а тоа се Македонската православна црква, Српската, Руската, Грузиската, Вселенската, Ерусалимската, Антиохиската и Александриската патријаршија. Божик е ден кога христијаните го одбележуваат раѓањето на Спасителот - синот Божји Исус Христос. Овој датум првпат се споменува како празник во 336 година, во еден римски календар. До 16. век сите христијани Божик го славеа истиот ден, а по 1582 година со прифаќањето на Грегоријанскиот календар од страна на Ватикан, се појавија разлики. Првите векови во православните и протестантските земји се држеа според стариот календар, кој подоцна постапно се менуваше. На Божик, православните Македонци се поздравуваат со зборовите „Христос се роди“, на што одговараат „Вистина се роди“. 1536.- Умре англиската кралица од шпанско потекло Катарина Арагонска, прва од шесте жени на англискиот крал Хенри Осми. Нивниот развод без дозвола од папата предизвика англиска црковна реформа и одвојување од католичката црква. 1537.- Убиен е поглаварот на Фиренца Алесандро де Медичи, кого го наследи Космо де Медичи, голем тоскански војвода, банкар и покровител на научниците и уметниците. 1584.- Католичките држави во рамките на светото Римско царство го усвоија Грегоријанскиот календар. 1598.- На рускиот престол застана Борис Годунов, по смртта на Фјодор Први, последниот цар од династијата Рјурикович. 1610.- Италијанскиот астроном и математичар Галилео Галилеј ги откри Јупитеровите месеци Ио, Европа, Ганимед и Калисто. 1652.- Во Сењ (во фамилија на германски доселеници) е роден Павао Ритер Витезовиќ, историчар, географ, филолог, поет, политичар, бакрорезец, печатар, претходник на илирското движење. Најзначајно негово дело е „Стематографија“, издадена на латински јазик, во кое се содржат грбовите на јужнословенските народи. Умре во Виена, на 20 јануари 1713 година. 1785.- Џон Џефрис и Жан Пјер Бланшар први го прелетаа каналот Ла Манш со балон полн со топол воздух. 1789. - По донесувањето на американскиот Устав со кој се утврдија начелата на државното уредување и надлежностите на претседателот, во САД се одржаа првите претседателски избори на кои убедливо победи Џорџ Вашингтон, прочуениот водач на војната за независност. 1807.- Велика Британија прогласи поморската блокада за Франција и земјите сојузници на францускиот цар Наполеон Први. Во економската војна потешки последици претрпе Франција. Исто така нејзината морнарица беше неколку пати поразена при обидите да го пробие обрачот на британската морнарица. 1898. - По конституирањето на првата подморница која се движеше на тркала по морското дно и со додавање на цевка низ која во подморницата влегуваше свеж воздух, американскиот техничар Симон Лејк водеше телефонски разговор од својата подморница со претседателот на општината на градот Балтимор. Тоа значеше почеток на новиот начин на телефонско комуницирање. 1902.- Во Крушево е роден д-р Стерјо Боздов, член на АСНОМ и прв декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Умре во Крушево, на 13 април 1987 година. 1909.- Формирана е Првата социјалистичка организација во Скопје. Нејзиното формирање имаше големо значење за натамошниот развој на работничкото движење како во Скопје, така и во Македонија. До нејзиното основање не дојде спонтано и случајно. Корените за појавата на социјалистичката мисла во Македонија се јавуваат уште кон крајот на 19. век. 1916. - Во Скопје е роден Јордан Николов - Орце, народен херој на Македонија. Тој беше еден од организаторите и раководителите на работничкото движење во Македонија и член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Во ноќта меѓу 3 и 4 јануари 1942 година, на пат за Македонија, минувајќи ја планината Кукавица кај селото Туба, во близина на Владичин Хан, убиен е од заседа на бугарскиот фашистички окупатор. 1923.- Во Кавадарци е роден Иван Диме Мазов Климе, македонски револуционер, театарски критичар, раскажувач, публицист, општественик и долгогодишен новинар и уредник во весникот „Нова Македонија“. Познати се неговите прозни дела „Додека топовите пукаат“ и „По трагите на Евлија Челебија“. Во Рогашка Слатина, во Словенија, несреќно го загуби животот на 14 февруари 1977 година. 1927.- Воспоставена е редовна трансатлантска телефонска врска меѓу Лондон и Њујорк. 1932.- Умре францускиот политичар Андре Мазино, воен министер од 1922 до 1924 и од 1929 до неговата смрт во 1932 година, по кого е наречена утврдената линија на границата спрема Германија, изградена од 1927 до 1936 година. Оваа линија сепак не беше од корист во Втората светска војна, германската војска едноставно ја заобиколи преку Белгија. 1943. - Во Њујорк умре Никола Тесла, еден од најголемите умови и пронаоѓачи на полето на електротехниката. Тој е пронаоѓач на трофазен систем за пренос на електрична енергија, на индукциониот мотор, на генераторот и трансформаторот и на цела низа други откритија врз кои денес се заснова модерната електроника. Тој е пионер на радиотехниката и според него струјата со висок напон го доби името Теслина струја. Роден е во селото Смиљан, кај Госпиќ, на 10 јули 1856 година. 1946.- Западните сили ја признаа Австрија во границите од 1937 година. 1953.- Американскиот претседател Хари Труман соопшти дека во САД е направена хидрогенска бомба. 1972.- Индија се спротивстави на притисокот од САД и воспостави дипломатски односи со Кина. 1979.- Камбоџиските бунтовници со помош на витенамските сили, го зазедоа Пном Пен и ја турнаа владата на „Црвените Кмери“ предводена од Пол Пот. За време на неговата влада од 1975 година во Камбоџа беа убиени меѓу еден и два милиони луѓе. 1984.- Умре францускиот физичар Алфред Кастлер, член на Француската академија и добитник на Нобеловата награда за физика во 1966 година. Откри и разви оптички методи за изучување на Херцовите резонанци во атомите и неговиот труд е од клучно значење за развој на ласерот. 1987.- Во Софија умре Венко Марковски, поет, драмски писател, еден од основоположниците на современата македонска литература, член на Македонската литературна група, основана во Софија во 1931 година, на Македонскиот литературен кружок (1938 - 1941), учесник во НОВ на Македонија, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ, делегат на Првото заседание на АСНОМ... Неговите стихозбирки „Народни бигори“ и „Огинот“, издадени во 1938 година се првите книги стихови на македонски јазик. Најомилен македонски поет се до неговото одење во Бугарија. Поради судир со актуелното раководство на Македонија и на Федерацијата осуден е на работа и интерниран на Голи Оток. Роден е во Скопје, на 5 март 1915 година. 1989.- Умре јапонскиот цар Хирохито, кој владееше од 1921 година. Како регант го заменуваше својот болен татко, а во 1926 година беше крунисан. По поразот на Јапонија во Втората светска војна во 1946 година се одрече од „боженствено потекло“ кое е плод на традиционалните јапонски сфаќања и религиозност. Владетелските овластувања му беа значително скратени со уставот од 1947 година. 1990.- Првпат по 800 години беше забранета посетата на Кривата кула во Пиза, една од најголемите туристички атракции. Поради опасноста кулата да падне, неопходна беше нејзина реконструкција. 1992.- Првпат, 7 јануари - првиот ден на Божик, беше неработен ден во Република Македонија. 1997.- Во Алжир, во експлозија на бомба која во автобус ја подметнаа исламски терористи, загинаа најмалку 13, а беа ранети околу 100 лица. 1997.- Во Битола умре Доне Пановски, македонски литературен критичар, есеист, книжевен историчар и новинар. Автор е на повеќе книги, меѓу кои „Вреднувања“, „Литературни портрети“, „Писателите на Илинден“, „Литературни студии“ и други. Роден е во селото Буф, Леринско, на 5 ноември 1935 година. 1999.- Во Американскиот сенат е отворена постапката за сменување (импичмент) на претседателот Бил Клинтон. 2001.- Во Скопје умре Скендер Амет, прочуен македонски естраден виртуоз на хармоника, од ромска националност. Роден е во Скопје, на 31 октомври 1953 година. 2004.- Врховниот суд на Индонезија ја потврди смртната казна на исламскиот терорист Аморзи, обвинет за подметнување експлозив во ноќен клуб на островот Бали, кога загинаа најмалку 202 лица, речиси сите западни туристи. 2006.- Умре австрискиот писател и истражувач Хајнрих Харер, чие биографско дело “Седум години на Тибет“ е преведено на 53 јазици. Како научник во рамките на истражувачката експедиција која ја испрати нацистичка Германија беше на Тибет и таму остана цели седум години. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
Настани
1947 Велика Британија предложи план за поделба на Палестина на еврејски и арапски дел кои ќе бидат економски поврзани, а во Ерусалим да биде воведен меѓународен режим. Евреите го прифатија тој план, според кој добија своја национална држава, додека Арапите го отфрлија. Во 1948 година британските трупи се повлекоа од Палестина. Истиот ден, во Палестина беше прогласена еврејска независна држава Израел, која опфаќаше 77 отсто од подрачјето на историска Палестина. Еден ден потоа, арапските држави влегоа на поранешното британско подрачје, а судирите што избувнаа, Израел ги искористи за проширување на своите територии. Тоа беше почеток на низа вооружени израелско-арапски конфликти кои се претворија во војна. 1965 Силите на САД почнаа да го бомбардираат северниот дел на Виетнам. 1991 Свештеникот Жан Бертран Аристид е прогласен за претседател на Хаити, како прв демократски избран шеф на карипската држава. 1992 Министрите за надворешни работи на „европските дванаесетмина“ во Мастрихт, Холандија, потпишаа Спогодба позната како договорот од Мастрихт (која стапи во сила на 1.11.1993 година) по која започна етапа на развојот на Европа и преобразба на дотогашната Европска заедница во Европска унија.
Родени 1102 Матилда, ќерка на Хенри I. 1478 Томас Мор, англиски хуманист, државник и писател. 1693 Ана, руска императорка. 1812 Чарлс Дикенс, англиски писател. 1814 Адолф Сакс, белгиски призводител на дувачки инструменти. 1870 Алфред Адлер, австриски лекар. 1885 Синклер Луис, американски писател. 1889 Јозеф Торак, австриско-германски вајар. 1938 Петар Глигоровски, македонски сликар. 1942 Марија Воденска, македонски поет и романсиер. 1978 Ештон Кучер, американски глумец.
Починале 590 Папа Пелагиј II, римски папа. 1864 Вук Стефановиќ Караџиќ, реформатор на српскиот литературен јазик. 1876 Партенија Зографски, прв македонски учебникар, филолог, фолклорист. 1878 Пиј IX, римски папа. 1908 Мануш Георгиев Турновски, македонски револуционер. 1942 Иван Билибин, руски илустратор на сказни и сценограф. 1944 Христијан Тодоровски - Карпош, народен херој на Македонија. 1973 Никола Мартиноски, македонски ликовен уметник, педагог и академик. 1995 Шишман Ангеловски, македонски драмски и телевизиски артист. 1997 Лазар Манчевски - Пинџур, македонски поет и раскажувач. 1999 Хусеин, крал на Јордан. 2010 Михаило Марковиќ, југословенски и српски философ. |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
емил
Сениор зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||
1502 Васко Де Гама назначен како адмирал на индискиот океан, со 20 бродови тргнува на второто патување до Индија. 1909 Во САД формирано е Националното здружение за напредок на обоените луѓе (NAACP). 1944 Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход. 1992 Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска. 1996 Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Гана. 1996 Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија. 2001 Почеток на воената криза помеѓу македонските сили за безбедност и припадниците на ОНА.
1809 Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД. 1809 Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. 1876 Тубтен Гјатсо, 13-от Далај Лама. 1914 Василие Поповиќ - Цицо, сликар, карикатурист и сценограф, еден од основоположниците на сценографијата во Македонскиот народен театар. 1974 Дмитриј Лосков, руски фудбалер.
1804 Имануел Кант, основоположник на германската класична философија. 1911 Гоно Јотов, андратски капетан. Изменето од емил - 12.Февруари.2012 во 11:51 |
||||||||||||||||||||||||||||||||||||
Внеси реплика | страница <1 3233343536> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |