![]() |
|
Ваша песна,состав или што било напишано |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 139> |
Автор | |
dedanoe ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Октомври.2011 Локација: dedanoe city Статус: Офлајн Поени: 385 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
moit jaska uchitelke ???
Dedanoe Googles Hard Excellency Dedanoe Unlishnidaos You probably are questioning wondering and testing What makes Dedanoe speaker and assassin? When Dedanoe speaks he fires words like dragon No one has ever seen another likely phenomenon. You probably have several doubts for submission What makes Dedanoe Nobel prize physician? Dedanoe's schizo-paranoid and psychotic brain Knows that only the lever true physics can obtain. You probably are trying to reduce it to absurd What makes Dedanoe so close to the truth? Dedanoe floats the river in rather reverse course Instead for the sea he's heading for the source. http://www.youtube.com/watch?v=ZA6Lu1jyymQ |
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ти реков, Перунке, цвету благомиризен,
Големи поети ќе останат без зборови И песните ќе им умрат недоделкани А нивите во Пеширово ќе се наполнат Со нови садачи на тикви Ти Перунке, само се насмевна детски И пресече ново резне од лубеницата Оти ти беше многу поважно Да ги дразниш мувите пешировски Пуштајќи сокот да ти тече од устата Кон бујните гради со мирис на зрели домати… Го сакам брмчењето на мувите, ми рече, Во него има повеќе убавина Од поезијата на големите поети… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јас, Перунке, помнам
Тоа што не сакам да помнам: топлата утроба на летната ноќ во багремите над Пеширово кога твоите солзи замирисаа како покајание со мирисот на изгубена невиност, деновите во ЈНА со вкус на исчекување на твоите писма секогаш грижливо запечатени со трагот на твоите усни од евтин флуоресцентен кармин, гакичките од црна чипка на учителката заради кои сите машки носевме огледалце во ѕадниот џеб од чоените палтолони и првото возење со тебе на велосипед, Денес, Перунке, никој не губи невиност во багремите над Пеширово и војниците не чекаат писма запечатени со траг од усни со флуоресцентен кармин Денес децата не носат огледалце во ѕадниот џеб, Ниту учителките облекуваат црни гакички од чипка, на што ли ќе се сеќаваат, Перунке моја, денешните деца од Пеширово… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Помниш ли Перунко, цвеќе мое,
во доцна есен гавраните се собираа како црни монистри во голите крошни на високите тополи крај патот и грачеа на глас некои одвратни песни а јас и ти печевме од костените, што ви ги носеше вујо ти од Горабинци, редејќи ги на жешката плоча од шпоретот и долго долго во ноќта се сладевме со нив и со нашите врели бакнежи јас ги сакав костените оти имаа иста боја како твоите очи, а ти заради мојата поезија… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Лете, Перуно,цвету беспрекорен,
Кога и ѓаволите бараа сенка под оревите Стојне од Црнилиште доѓаше На новиот велосипед во нашето Пеширово, И сите потшепнуваа дека доаѓа ради тебе, Но ти, Перунке, само мене ме љубеше И само на мојот велосипед се качуваше Иако го купив на старо од чичко ти За две коли тикви печалки… Кога го однесов во отпадот, перуно, цвету, Не знаев дека со него носам три тома ненапишани приказни Од песочните плажи крај Брегалница, Долу, под високиот Богословец, За мене, за тебе, и жешкиот песок Од кој правевме бетон во фантазијата За нашата нова куќа во сливарникот Што ттко ти ти го вети како мираз… Камо ногата да ми се скршеше Кога излегов да го однесам во отпад Или црна мачка пат да ми пресретнеше… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Помниш ли, Перуно,
таа пролет воздухот во Пеширово беш полн со мирзиби на расцутени багреми а ти мирисаше, мори, на оној парфемот што ти го донесов кога бев во Трст и сите моми ти заблазнуваа а сите беќари по тебе воздишки откинуваа, ја помниш ли таа пролет Перуно, цвеќе мое нескинато, лазарици по куки одеа и песни со твоето име појеа, Перуно, Љубов моја, непрегорена, пола село затебе изгоров и три трла во соседното Амѕибегово… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СО ВЕЛОСИПЕД ПО ВИНОЖИТОТО
Јас и ти возевме велосипед по црвената патека на виножитото и се држевме за рака не беше тешко се сакавме до бесфест и бевме сами на планетата во галаксијата во вселената некој те убеди дека виножитото всушност се вика божилак па сега сам возам по неговата жолта патека ја нареков патека на мртвото лисје што потсетува на нашата прерано почината љубов… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ме фати за рака
силно со многу страст и некоја напаленост под кожата и мртви што крева ќе ми даде си реков сам на себе а може и на песот од мракот што се даде… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ИСТО КАКО ПОЕЗИЈА
три е многу пет се малку компромисот не е средина ако е делив со два велеше баба ми наутро кога прегоруваше шекер за ракија а јас сеуште не разбирам што, всушност, сакаше да каже… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
blagorodna ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 16.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 568 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Zima idit
a podrumo krckat od drva, cumur, ajveri, tursiji slatka marmeladi Koj imet pari ce jajt a koj nemet celo zimo ce se tresit i ko pes-ce lajt. |
|
![]() |
|
pHp ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ти благодарам ![]() |
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Оти ме изненади...еве ваква сум сега
![]() Шега настрана ,ова е навистина добро! ![]() |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
|
pHp ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 31.Август.2011 Локација: Rwanda Статус: Офлајн Поени: 1477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да лично мој, оти? ![]() Еве продолжение ....... Имаше пет години кога татко му доби прекоманда во едно мало крајбрежно место кое се наоѓаше четирстотини и педесет километри од местото каде што беше роден. Тоа мало гратче важеше за културолошки, литературен и образовен центар на Византиската Империја седум века порано. Впрочем, овде беше и престолнината на последниот Македонски Цар. Но, пред се беше центар на религијата и на описменувањето на целиот Славјански народ. Самиот град имаше триста шеесет и пет цркви, колку што има денови во годината, место каде пред цел еден милениум се преведувале страите списи од Библијата на сите словенски јазици, дом на првиот Универзитет во Европа воопшто. Ете во еден таков град се пресели на само пет годишна возраст. Дознавајќи ги овие факти, бидејќи имаше огромна желба да истражува, имаше идеална замисла за малиот крајбрежен град додека патуваше натаму. Му беше кажано дека ќе живее во град на просветители, град на светци и на луѓе со висок морал. Во себе, додека патуваше си замисли волшебен град, град каде сите се добри, паметни и културни, со насмевка на лицето и дека повеќе нема да гледа чичковци кои плукаат и кажуваат лоши зборови. Си рече дека ќе живее во градот на Бог. Кога по цел ден патување и преживување на неколку “возечки” болести, конечно стигна во градот на Бог, неговите родители не можеа да ја најдат улицата Беќир Арериза бр 9а, каде што впрочем ги чекаше мала гарсоњера каде што требаше од почеток да живеат, доделена од Народната Армија, бидејќи во тоа време државата поседуваше се и никој немаше приватна куќа. Никако не му беше јасно зошто државата одредува каде ќе живее некој, а не живее секој каде сака, но секогаш кога ќе го поставеше тоа прашање, му беше кажано да молчи и да не го говори тоа пред никого, зошто ќе го осрамотел татка си. А, ако го осрамоти татка си: - Се знае што следува – велеше татко му со иронична насмевка и преташе со отворена дланка симболизирајќи шлаканица. За да ја најдат улицата, застанаа покрај еден човек од градот на Бог. Мајка му го отвори прозорецот од колата. - Извинете, се извинувам господине, едно прашање? – изусти таа со елоквентен и културен речник, со држење какво што и прилега на една сопруга на еден Командант на Гарнизон. Тој седеше на задното седиште. Гледа во просветител! Се израдува што конечно сретна човек, потомок на Византиските Цареви! Витез херој кој се бори за татковината! Човек кој е во функција на Бог! Подстана и со жар во очите гледаше како витезот херој се приближува до колата. Со детска љубопитност и со нетрпение чекаше да слушне што ќе каже Божјиот човек! Божјиот човек се приближи до колата. Му се гледаше како цела вечност дека се наведнува со главата кон прозорецот. Конечно се наведна. Витезот херој разгледа во внатрешноста на колата. Тој си помисли како овие Божји луѓе внимаваат на секој детал. Витезот херој, потомокот на византиските цареви ја подотвори устата. Сега беше моментот. Скоро и да ќе паднеше во скутот на мајка си на предното седиште од што беше подстанат, само за да слушне што ќе каже витезот. А, витезот ете ја подотвори устата и кажа: - К`ј ме најдовте мене ` баго мајката! – и плукна една зелено лигава материја на страна од левата страна на устата. - Ај ојте си попат! – и се одалечи од колата мрморејќи нешто што тој не можеше да го разбере. Бидејќи овој Витез не им помогна, продолжија да возат по улицата. Додека се возеа тој си размислуваше: Зарем се вакви Божјите луѓе? На филмовите што ги беше гледал тие секогаш беа смирени, чисти, насмеани секогаш помагаа. И витезите не беа такви. Секој витез или ќе слезеше од коњот и ќе помогнеше, или пак, ќе те качеше на коњот и ќе те однесеше таму каде што одиш. Витезите секогаш беа културни, не користеа лоши зборови, туку се мечуваа со оние што зборувааат лошо и секогаш победуваа. Но, можеби ова не беше витез. Ниту Божји човек. Можеби беше ковач кој им ги прави мечовите на витезите. Да, тој мора да е ковач! Тие зборуваа лошо, тие беа испотени и валкани и тие плукаа! Па да, овој човек беше ковач! И се израдува зошто виде ковач. Повторно си ја врати насмевката на лицето и повторно му се јави онаа љубопитност и желба за истражување. Подолу по улицата здогледаа полицаец. - Витез конечно! – си помисли тој во себе, се насмевна со широка насмевка од радост и се наведна повтороно напред за да го види. Како што се наведна напред да го види, тогаш татко му со надворешната дланка од раката го плесна по муцката. Подоцна му беше кажано дека е удрен зошто му пречел на татко му во ретровизорот и не можел да гледа. Не му беше јасно зошто тоа не му беше кажано пред да го удрат. Но, ништо не му беше сега важно. Му беше важно што застануваат покрај полицаецот, за да го прашаат каде се наоѓа улицата што ја бараат. А, бидејќи е полицаец, тој мора да е во функција на Царот и мора да е витез. Така размислуваше тој. Застанаа покрај полицаецот и тој, сега седејќи на задното седиште, го гледаше витезот полицаец со восхит и со почит. - Истајте се одтука море, не е дозвољено паркирајне! – се раздра полицаецот на цел глас и се размавта со рацете како да некој му го корне срцето. - Но, чекајте господине... – се потруди татко му да објасни и да праша. - Абре ти море глуп си, али мутав се прајш?! Истајсе да не ти залепа една казна! – повторно се раздра полицаецот и се вцрвени во лицето. - Јас сум новиот Командант на Гарзинон! – грмна татко му, сакајќи да завземе авторитет. - Абе ме боли мене к*рот кој си, шо сакаш да се збијаме сега?! Да те зема со еден бокс?! Давај документите! – се раздра повторно полицаецот. Татко му се наведна во колата да посегне по документите и додека ги бараше документите полицаецот на глас коментираше: - Ви еба племето, шо се мислите вие бе, мене будалата ќе ме прајте? Абе сега ко ќе ти залепа една казна има мамичето мајчино да ти го расплака! Тогаш татко му ги подаде документите. Додека ги читаше документите, полицаецот одеднаш ја смени бојата на лицето. Од црвена како лава се престори во бела како креда. Подголтна и со трепелив глас кажа: - Извинете команданте, како можам да Ви помогнам? – и застана во став мирно. Одкако татко му му ги зема сите генералии на полицаецот, име, презиме, станица, број на значка и кој му е претпоставен, му објасни што ќе му се случи утре на работа. Тоа беше кажано со зборови слични на оние што ги користеа ковачот и полицаецот – витез. Но, целта беше постигната. Дознаа каде се наоѓа Бекир Арериза бр 9а. Кога стигнаа до улицата, веќе беше мрак. Од левата страна се наоѓаше полициска станица. На влезот пред полициската станица имаше двајца полицајци со неуредени униформи, едниот седеше на триножно столче, со раскопчана кошула и пушеше цигара, другиот пак беше потпрен на оградата од самата капија, држејќи си ја пушката како рибарски стап. И двајцата полицајци ги гледаа како се приближуваат со поглед како да се болни од губа и излезени од канализација. Од спротива беше нивната зграда во која требаше да се сместат. Зградата е изградена непосредно по Втората Светска Војна, во класичен социјалитички стил, без никаква архитектнска креативност, едноставно во облик на коцка, со сива и излупена фасада. А, бидејќи зградата беше постара дури и од неговите родители, беше во некаква полураспадната форма. Се паркираа пред влезот, а единственото светло што допираше до паркингот беше она кое доаѓаше од светилките на станарите во самата зграда. Нивниот стан се наоѓаше најгоре, на третиот кат. Влегоа во зградата и се качуваа најгоре во најгустиот мрак, бидејќи внатре во влезот, немаше ниту една исправна светилка. Стигнаа пред нивната врата. Татко му го извади клучот и ја одклучи вртата. Уште од самото отворање на вратата се почуствува мирис на застоен воздух, впрочем никој не влегол во станот цели седум години. Станот беше многу малечок, имаше ходник, купатило, кујна и една соба. Право од влезната врата се наоѓаше купатилото, лево врата за влез во кујната, десно беше собата. Станот немаше паркет, ниту било каква изолација, едноставно подот беше направен од гол бетон, кој на места беше напукнат и изеден. Беше многу студено во него, а немаше оџак, па така станарите внатре можеа да се греат само на електрични греалки. А тие, пак, немаа греалка таа ноќ. Светилките во станот не работеа ниту една, па така мораа да се одпакуваат на светлина од запалка. Немаа ниту свеќи, а беше доцна во ноќта, продавниците не работеа и соседите спиеја. Додека татко му ги качуваше и останатите торби од колата, мајка му рече да ја држи запалката за да се распакуваат оние основните работи. Кога тој ја запали запалката, околу неговите нозе се растрчаа едно десетина тафтабити и лебарки. Потскокна од страв и згрозување и запалката му падна. - Што правиш, сакаш да не запалиш дете!? – викна мајка му и пред да успее да и каже за тафтабитите и лебарките, со надворешната страна на дланката го плесна по образот. - Ама.... – се обиде тој да објасни. - Што “ама” бре, не знам како ќе се разберам со тебе дете, земи ја запалката и држи ја вака и да не слушнам ни збор! – се развика мајка му и го скубна за косата додека му ја подаваше запалката. И додека мајка му целото внимание го беше насочила кон распакувањето, тој почна да кружи со очите околу собата и забележа дека ѕидовите се напукнати и од секоја пукнатина излегуваат лебарки и тафтабити. Потоа забележа дека има лебарки и тафтабити на целиот ѕид. Се заврте позади со главата и виде дека и на ѕидот позади има дузина тафтабити и лебарки. Ја наведна главата надолу и виде дека на патосот има триесетина тафтабити. Огромни, големи колку палец на возрасен човек, со осум влакнести нозе, долги антени, наполу со кафено тело, опашката црвена. Изгледаа одвратно и страшно, како некои малечки монструми кои што влегуваат под кожата и полека го грицкаат месото. Таква претстава си доби во главата. Но, знаеше дека неговиот силен татко и неговата разумна мајка ќе сторат нешто околу страшните лебарки и тафтабити, впрочем, тие сигурно ги забележале како се шетаат по ѕидовите, таванот и патосот, па ќе ги испотепаат сите. Додека така се смируваше и се увери во тоа дека тие малечки, одвратни монструми ќе ги нема во текот на ноќта, дојде и татко му носејќи го и последниот куфер од багажот што го беа понеле со себе. - Ајде жено сега да си легнеме, доцна е, нема светло, а и уморни сме сите од патот – кажа татко му и издиша видно заморен. Мајка му се согласи и бидејќи станот немаше мебел,така во темницата, постелија еден душек на надувување, голем колку за семејство, го постелија со чаршафи оставени уште од чеизот на мајка му и ставија јорган и две ќебиња за да не им биде ладно на сите тројца. - Ама има бубачки – срамежливо и со страв во гласот кажа тој. - Ајде во кревет, нема време сега за играчки! – грмна татко му. - Ама... – се обиде тој да им докаже дека навистина има бубачки. - Веднаш да си легнал во кревет и не му противречи на татко ти! – викна мајка му и го повлече за раката накај душекот. Така си легнаа на душекот во постелнитата оставена од чеизот на мајка му. Тие веднаш заспаа, бидејќи беа уморни од долгиот и исцрпувачки пат, но тој не можеше да заспие, бидејќи почнаа да му лазат морници поради одвратните тафтабити и лебарки. Го фати немир и постојано го креваше јорганот и ќебињата барајќи тафтабити и лебарки. И бидејќи беше немирен, мајка му се разбуди. Се крена на душекот, го погледна, ја крена раката и го плесна по десниот образ со сета сила. - Не разбрано дете! – викаше таа и со другата рака го плесна по десниот образ со сета сила. - Не може да се спие од тебе, смири се! – и почна да го кубе за косата. - Веднаш да си се смирил и да си легнал да спиеш! – и повторно го плесна со сета сила по муцката. Тој легна мирно и со окорени очи гледаше во таванот. Од очите му течеа солзи, сами без глас, не можеше да ги спречи. Солзите му течеа, а тој лежеше неподвижен и вкочанет, само да не мрдне и да не ги вознемири родителите кои спијат. Солзите постојано му течеа, не можеше никако да ги спречи. Додека лежеше така вкочанет и неподвижен, одеднаш почуствува некакво ежење во долниот дел од левата нога. Сакаше да се почеша, но не смееше да мрдне, бидејќи така ќе ги вознемири родителите. Потоа, почуствува исто такво ежење и во левиот дел од вратот. Потоа и во горниот дел од десната нога, а потоа и на левата дланка. Тогаш забележа дека ежењата се движат низ неговото телото и дека не седат на едно место. Она ежење од вратот сега се префрли на неговиот образ, а бидејќи очите му беа окорени, со левото око виде антени од тафтабит. Тогаш сфати дека го лази тафтабит. Се вкочанани уште толку и колку и да сакаше да ги затвори очите, не можеше од ужас и од страв. Тафтабитот од левиот образ полека се движеше кон неговата уста. Го полази по устата, а онаа лебарка од левата дланка, му се пикна под пижамите и го лазеше по слабините. Лебарката од десната нога, исто така му се пикна под пижамите и почна да го лази прво во пределот на перинеумот, а потоа и на анусот. Него го обзема ладна пот и силни морници му поминуваа низ телото. Од ужасот, почна да се гуши, но не можеше да мрдне. Ако мрдне, ќе ги вознемири родителите. Со згрчен здив, облеан со ладна пот, додека го лазеа монструмите си рече себе си дека е во градот на Бог. Тогаш си помисли: - Боже, те молам чувај ме оваа ноќ. Не давај овие бубачки да ми влезат под кожата и да ми го изедат месото од внатре. Боже те молам нека си заминат. Тогаш почуствува на десното уво како го лази уште еден тафтабит и како уште пет лебарки ли тафтабити ли, влегуваат под неговите пижами. Го обзема неописливо чувство на згрозување, страв и паника во исто време. Од згрчувањето и од ужасот, измокри во сопствените гаќи. Додека лежеше така, постојано го молеше Бог да го спаси од бубачките, но тие постојано доаѓаа и сега беа и на јорганот и покрај душекот и во постелнината. Мртвата тишина беше сега исполнета со звуци од движењата на тафтабитете и лебарките. Му се пикнаа во горниот дел од пижамите, го лазеа на градите, на стомакот, на грбот, на нозете, под мишките, на вратот. Беше буквално прекриен со тафтабити и лебарки. Солзите не можеа да престанат, но тој немаше глас ниту пак сила да се помрдне. Постојано го молеше Бог да ги избрка, да си заминат и да го остават на мира. Го молеше Бог да не го изедат лебарки и тафтабити. Сега е во градот на Бог. Бог мора да го спаси. Бог мора да го знае ова. Бог се гледа. Бог се разбира. Бог се слуша, ќе го слушне и него! ... ТАА НОЌ ЗБОРУВАШЕ СО БОГ, НО БОГ НЕ БЕШЕ ТАМУ! Изменето од pHp - 14.Ноември.2011 во 11:11 |
|
![]() |
|
Renatax ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 27.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 11613 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ова е твој труд пХп?
|
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 139> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |