![]() |
|
Македонската репрезентација |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 35> |
Автор | |||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Тошак изненаден што сите се на број
![]() Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација Џон Тошак е изненаден што сите повикани играчи се појавиле на подготовките пред петочниот квалификациски натпревар против Русија во Москва - Она од што сум пријатно изненаден е што за првпат во селекторската кариера ми се случува сите повикани играчи да се јават на прозивка. Сигурно дека е тешко да се добие вистинска претстава по само три одржани тренинзи, но, сепак, сликата полека се формира. Најважно е што сум задоволен од нивното залагање. Според првиот впечаток, мислам дека ќе можеме да составиме добар тим за гостувањето во Москва. Се потпирам, пред се, на информации од касетите, бидејќи тренинзите се едно, а натпреварите сосема друго. Ќе разговарам по тренингот со играчите кои нема да патуваат за Москва и ќе најдеме начин како тие да ги минат деновите во Скопје, бидејќи имаме доста играчи со по еден картон (Попов, Демири, Новески, Шиков и Пандев), па можно е да се случи некој да го изгуби правото за настап против Андора - изјави Тошак Вчера, македонската фудбалска репрезентација имаше два тренинга. По вториот, Тошак требаше да го одреди списокот од 19-мина репрезентативци, кои ќе заминат за Москва. - Русија има силен тим. Натпреварот и е доста важен и ние сме свесни што не очекува на "Лужники". Имам доста информации за противникот, играв против Русија и како селектор на Велс и ќе се подготвиме максимално за овој предизвик. Македонската фудбалска репрезентација рано изутринава требаше да отпатува за Москва, каде што денеска е планиран еден тренинг. Русите без голманот Акинфеев Селекторот на руската репрезентација Дик Адвокат остана без првиот голман Игор Акинфеев за претстојниот меч со Македонија. Рускиот интернационалец ги повреди лигаментите на коленото на градското дерби помеѓу Спартак и ЦСКА и ќе паузира шест месеци. На местото на Акинфеев, селекторот Адвокат го повика голманот на Динамо Москва, Антон Шуњин. |
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
|
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Стартуваат подготовките за дуелот против Андора, Тасевски не се појави на собирот на репрезентативците
Македонската фудбалска репрезентација доцна ноќеска се врати од Москва и денеска ќе тренира на игралиштето во село Трубарево, каде селекторот Тошак планира во релаксирана атмосфера преку дополнително дружење со фановите на националниот тим да ја врати мотивацијата и расположението меѓу играчите пред дуелот со Андора кој се игра во Скопје во вторник. На кампот му се приклучија и репрезентативците кои беа ослободени од обврските за средбата со Русија, Грозданоски, Усеини и Лазаревски. Од непознати причини, како што информираат од националната фудбалска куќа, во хотелот Стоун Бриџ, не се појави интернационалецот од Бугарија, Дарко Тасевски. Дарко Тасевски не се најде на списокот на Џон Тошак за вчерашниот дуел со Русија во Москва, а тоа играчот на Левски многу го налути. Според програмата националниот тим ќе тренира в недела и вторник во 10 часот на игралиштето на ФК Работнички, додека во понеделник ќе тренира на „Филип Втори" исто така во 10 часот. |
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Тошак го повика Ристовски од Кротоне, од обврски ги ослободи Пандев, Новевски и Демири
Македонската фудбалска репрезентација претпладне го одржа единствениот тренинг, планиран за денеска во рамките на подготовките за квалификацискиот дуел со селекцијата на Андора (06.09). На игралиштето на ФК Работнички заедно со тимот се појави и младиот Стефан Ристовски од екипата на Кротоне кој доби дополнителен повик од селекторот Џон Тошак и сега во експедицијата се 20. фудбалери. Со тоа Тошак ја зголемува конк*ренцијата со играчи од младата репрезентација кои треба да го понесат товарот во следниот квалификациски циклус за СП во Бразил 2014. Поради суспензијата од заработени картони селекторот ги ослободи од обврските Пандев, Новевски и Демири кои нема да бидат во комбинација за мечот со Андора и тие порано од планираното ќе се вратат во своите клубови. |
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Три бода со СВИРЕЖИ!!!
Со аматерска игра успеавме да ги победиме аматерите од Андора. Очајно и бедно издание на македонската фудбалска репрезентација која со многу потешкотии стигнаа до тенка победа од 1:0 над 202. селекција на ФИФА листата. Синоќешното издание беше и дефинитивна потврда дека овој наш национален тим е безнадежен и слаб. Иако славевме, иако освоивме 3 бода, сликата на теренот беше лоша. Настапот мизерен, а повеќето од играчите треба да се засрамат затоа што за националниот тим треба да се гине и да се игра, а не истиот да служи како модна писта и шанса да се направи трансфер. Тошак не се радуваше...!!! МАКЕДОНИЈА - АНДОРА 1:0 (0:0) |
|||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
zagor ![]() Сениор ![]() ![]() Уникатен песимист Регистриран: 27.Септември.2007 Локација: Congo Статус: Офлајн Поени: 12852 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
..имаат убави дресови..со ГОООЛ-еми броеви...
сепак броевите се важни... ![]() |
|||||||||||||
...zagor e ziv,se drugo e laga.
|
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Пандев може да игра против Ерменија
|
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Нема карти за мечот Ерменија - Македонија
Билетите за мечот Ерменија - македонија на стадионот "Република" во Ереван се распродадени, а Ерменците подготвуваат спектакл за в петок, пред почетокот на натпреварот. Закажан е навивачки марш на на улиците на Ереван, на кој фановите облечени во дресови од националниот тим треба да им дадат поддршка на своите репрезентативци. |
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Македонија ослабена, Пандев ќе паузира еден месец
На местото на репрезентативниот капитен, Тошак го повика Марио Ѓуровски Македонската фудбалска репрезентација ќе биде ослабена на претстојните два квалификациски натпревари, на 7 октомври со Ерменија во Ереван и четири дена подоцна со Словачка во Скопје, поради неиграњето на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев. Тој кривејќи се појавил на првата прозивка во хотелот "Александар палас" и по направениот преглед од страна на репрезентативниот доктор Виктор Камиловски, беше ослободен од обврските и се враќа на медицински третман во Неапол. |
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
емил ![]() Сениор ![]() ![]() зависник идивидовски Регистриран: 11.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 85186 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Ново разочарување, Македонија немоќна во Ереван
Сениорската фудбалска репрезентација на Македонија, убедливо поразена на денешното гостување во Ереван во претпоследниот меч од квалификациите за ЕП 2012. Ерменија оствари убедлива предност уште во првото полувреме, кога во 28 минута Пицели, откако Мовсисјан се прошета во шеснаесетникот на Богатинов и убаво асистираше, постигна гол за водство. По само 6 минути од погодокот на Пицели, Мхитарјан, младата ѕвезда на ерменскиот фудбал, со еден вистински евро-гол им донесе на домашните водство и од 2:0. Во второто полувреме ништо поразлично. Шумуликовски поради втор жолт картон беше исклучен во 54. минута, Ерменија доминираше, а Газарјан во 69. минута успеа да постигне и трет гол. Ние намаливме на 3:1 во 86. минута со голот на Шиков, но домашните веднаш возвратија во 90. минута, па Саркизов успеа да ги постави конечните 4:1.
По оваа очајна партија, Македонија во вторник на Националната Арена „Филип 2“ во Скопје ќе ги заврши квалификациите со натпревар против Словачка. |
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
LiDivio ![]() Модератор ![]() Регистриран: 19.Мај.2010 Статус: Офлајн Поени: 7265 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Ташак можеме на СП во Бразил.
![]() |
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
Чакаларов ![]() Нов член ![]() Регистриран: 08.Октомври.2011 Статус: Офлајн Поени: 12 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Фудбалот се роди во Англија, порасна во Бразил, а умре во Македонија.
|
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
gonzo ![]() Сениор ![]() ![]() Мачкозил Регистриран: 04.Декември.2008 Локација: У дневну Статус: Офлајн Поени: 3137 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Ne umre, go ubi Hadziristevski i negovata mafija. |
|||||||||||||
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
|||||||||||||
![]() |
|||||||||||||
Santijago ![]() Сениор ![]() ![]() PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF Регистриран: 17.Јануари.2008 Локација: Tuka be ... Статус: Офлајн Поени: 21002 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Македонија со реми се прости од квалификациите за ЕП 2012![]() Македонската фудбалска репрезентација со реми против Словачка (1-1)
на националната арена Филип Втори ги заврши агоничните и разочарувачки
квалификации за ЕП 2012 во Полска и Украина. „Црвено-жолтите“ со само
две победи и исто толку нерешени средби од вкупно 10 меча завршуваат
како претпоследни, петти на табелата со 8 бода, единствено пред
селекцијата на Андора. |
|||||||||||||
I'm out bcz of pathetic around here
|
|||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2930313233 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |