![]() |
|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 23> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРЕДАВСТВО
Со душа мевлемлија ми ги залечи сите рани од отровните анџари на слепата љубов, но јас не знаев како се љуби душа на жена... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПОДЈАДЕНА ПЕСНА
Закотвен во заливот на минатото, чекам да поминат бурите на сегашноста - иднината веќе е подјадена од пустошот... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПОЕТИЧНА НОЌ
Глуци грицкаат во мракот, некоја збирка песни, веројатно... Сеедно, ноќта дише со поезија... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРАЗНА ПЕСНА
Имав стих, го ставив в џеб, но џебот имал дупка... Празна е песната без изгубениот стих, празна без мојата душа... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МЕСТО ТЕБЕ
Небото плаче – некој ја скршил реката во која се огледуваше нарцисот над сите нарциси... Јас сум Моцарт и плачам по скршената виолина на малото штурче што ќе се разбуди под пластот сено со мирис на убиство в зори... Јас и небото плачеме над разлчни судбини, а толку сме исти... Љубена моја, прости ми што во оваа песна го величам небото место тебе... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ТИ
ТИ си е ѕвезден белег во неистокот, и неодболена вистина во времето... Фрлена котва во заливот на среќата, и подготвено едро за секое ново испловување... И уште: блесок во секое мое себенадраснување си, и повторување на судбината со ефект на огледало... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЖИВОТ
Имав река, ја пуштив да истече... Жеден - прежеднат во суводолицата копам капка вода да извадам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЉУБЕЈЌИ ТЕ TЕБЕ
Љубејќи те тебе, ги засакав сите полиња со зрело жито и сите планински езера во Македонија Љубејќи те тебе малините и јагодите ми станаа омилено овоштие а суштината на болката неисцрпна филозофска тема. Љубејќи те само тебе. љубејќи те кришум... Изменето од majstorce62 - 08.Август.2011 во 11:06 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НЕЈЗИНОТО ИМЕ
Нејзиното име беше едноставно и не звучеше како име од песна на Стонсите, но јас можев да ги облечам во него најважните зборови што ги научив од читанката на љубовта и да го сменам распоредот на годишните времиња како карти во бриџ... Нејзиното име беше секојдневно и не се издвојуваше од имињата на другитe девојчиња што играа лете со куклите во сенки на врбите крај реката, но јас можев да почувствувам како сонцето си ја гаси жедта со него во крошните полни со жолти сливи и како дождалците ги мамат дождовите над бавчите пеејќи песни ко да ќе умрат... Со нејзиното име го почнав моето прво писмо и издлабив пештера во првата метафора за мојата прва песна, мислејќи во неа да ги затворам немите срни на моите полноќни немири додека надвор ветрот ги мешаше со него опојниот мирис на гордиот рузмарин и кроткоста на дивите темјанушки... Нејзинот име сеуште патува со некој полноќен воз од Атина до Минхен по шините на моето детство... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗАДОЦНЕТА ПЕСНА
Можеш ли да се запознаеш самата себе, ама така, како што јас те познавав? Можеш ли да се засакаш самата себе, ама така, како што јас те сакав? Можеш ли да се одречеш од нешто за самата себе ама така, како јас што се одреков од цигарите за тебе? Можеш ли, дури го мирисаш шебојот во градината на баба ти, од окото на утриската роса што свети како опал на него да направиш огледало, во кое ќе си ја видиш насмевката со трагот на последниот бакнеж од минатата ноќ, ама така,како јас што ја гледав, чекајќи нестрпливо да падне првиот мрак? Можеш ли, наједноставно, да ми простиш што тогаш не можев ништо од сето ова што денес го можам?... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЕДНОСТАВНА ПЕСНА
Кога тоа се буди, сонцето брза да направи гнездо во неговата насмевка и да ми покаже колку еднставен е патот до длабоките рудниците на радоста. Секоја вечер го навивам штрекот во мене да не го пропуштам будењето на детето што си игра петкамен со своите воздишки кога спие... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ИЗВОР
Во тебе најдов сила за три болни Дојчина, и три меча исковав од немоќта твоја - со третиот вратот си го целивам... Насмевко кротка, распостели ми се над патилата како сенка дабова до девет лакти широка - душата да си ја повијам, да не потклекнам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МИРУВАЊЕ
Во очите на утринската роса мируваат сонливите виолини на штурчињата Пладнето ќе се закити со нивната песна од високите треви како младоженец.. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НЕОГРАДЕНА ГРАДИНА
Со копаче некопалче, во земја неземја, градина си ископав. Во градината цвеќе посадив, зумбул девојчиња – ненаглед. Додека зумбулот `ртеше, вишнееше. цутеше. зелена миризба градината ми нудеше. Но гледајте зло! Ах,каква дрскост! В темна ноќкрадци ми се вовлекле низ цврстосонот, во градината ниту ливче не ми остана од зумбулот. И тоа се случува, не тагувај, дете, животот рече. Утреден, во градина туѓа, и ти ќе украдеш цвете. Од стихозбирката за деца „Кога сонот би се купувал на кило“ |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 23456 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |