IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Здравје > Исхрана и кулинарство
  Активни теми Активни теми RSS - Рецепти за солени јадења
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Рецепти за солени јадења

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 30>
Автор
Порака
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2011 во 05:22
Пикантна плескавица

Потребно:

800 г мелено јунешко месо
3 главици кромид
3 лути пиперки
2 чешниња лук
масло
сол
бибер
зачинал

Приготвување: ситно исечкајте го кромидот, измешајте го со меленото месо, па зачинете со сол, бибер и со зачинал. Обликувајте плескавици од месото и печете ги на скара (или тефлонско тавче без масло) од двете страни. Во меѓувреме, измијте ги лутите пиперки, исечете ги на поголеми парчиња и испржете ги во загреано масло. Пред крај, додајте го ситно сечканиот лук. Прелијте ги готовите плескавици со пржените лути пиперки и послужете ги.

Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јуни.2011 во 08:04
Полнети тиквички без месо

Земете: 2-3 тиквични, масло, 2 главици кромид, китка магданос, 2 јајца, 1 лажица брашно, 1/2 чаша млеко, coл.

Употребете млади помали тиквички. Излупете им ја кората, исчистете им го семето и ако се подолги пресечете ги на половина. Од едната страна тиквичките треба да имаат дно. Ставете ги исчистените тиквички во сад со солена вода и обарете ги малку. Откако тиквичките ќе провријат исцедете ја водата и оставете ги да истинат. Тиквичките не смејат да бидат многу меки.

Полнежот пригответе го на следниот начин: пропржете на мacлo две главици ситно исечен кромид, потоа додајте ситно исечен магданос. Во сад изматете две јајца со една лажица брашно и малку млеко. Додајте ја смесата во испржениот и истинат кромид, промешајте ја и полнете ги тиквичките.


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:57
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 22:48
Пирошки од батаци

Потребни состојки:

· пилешки батаци
· шунка со Знак за квалитет
· кашкавал со Знак за квалитет
· кисели краставички
· брашно
· 2 јајца
· презла
· лимон
· 1 лажица сенф
· лук
· ореви
· магдонос
· мајонез

Начин на приготвување:

Најпрвин од пилешките батаци се вадат кожата и коските. Потоа се солат и се чукаат како за шницли. На секое парче шницла се става парче долгнавеста шунка, 1 парче кашкавал и кисела краставичка. Се витка во ролат, се става во брашно со сол, потоа се натопува во матено јајце и на крај се валка во презла и се пржи во врел зејтин 10 мин.
Се служи со пире и сос, а одозгора се ставаат лимон исечен на кругови и магдонос.


Сос: 1 лажица сенф, жолчка од варено јајце, 1 ситно сечкана краставичка, лук, малку сечкани ореви, магдонос и мајонез.



Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 16:59
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
Valerija Кликни и види ги опциите
Модератор
Модератор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 105588
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Valerija Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2011 во 22:52
Гулаш шницли

300 гр. свински шницли,
1 главичка лук,
1 главичка кромид,
вегета, црн пипер,
масло, сол, магдонос.

Истолчете ги шницлите од двете страни и премачкајте ги со масло. Ставете малку вегета и црн пипер. Шнш^лите редете ги една преку друга, а помеѓу нив распоредете го сецканиот лук и кромид и оставете ги на студено место. После 1 час, шницлите спуштете ги во сад со врело масло. Поклопете ги и динстајте ги постепено додавајќи по малку вода по потреба. Откако ќе омекнат додајте 1/2 лажица брашно и ситно исецкан магдонос.


Изменето од Valerija - 15.Февруари.2014 во 17:01
Јакиот човек има само една слаба страна-жената што ја сака!
Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Јуни.2011 во 12:20

Праз со компири

Потребно:

* 600 г варени компири
* 2-3 лажици путер
* 100 г чадена сланина
* 1 главица кромид
* 1 страк праз
* сол
* бибер
* 1 китка магдонос

Приготвување: излупете ги варените компири, па ситно исечете ги или крупно изрендајте ги. Загрејте го путерот во поголемо тавче. Исечете ја сланината на коцкички, па кратко пропржете ја во врелиот путер. Додајте ги сечканите компири и пржете ги на тивок оган 10-ина минути. Исчистете го кромидот, па ситно исечкајте го. Измијте го празот, исчистете го, исечете го на лентички, па додајте го заедно со кромидот во компирите и кратко пропржете го сето тоа. Зачинете го јадењето со сол и со бибер, а потоа поклопете го тавчето, па варете го шест-осум минути. На крај, посипете ги пржените компири со ситно сечкан магдонос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2011 во 00:15
Похуван праз

Потребно:

2 кг праз
брашно
3 јајца
лебни трошки
путер
масло
магдонос
сол
бибер

Приготвување: исчистениот праз сварете го во солена вода. Исцедете го и лесно притиснете го за да излезе вишокот течност. Распоредете го врз хартиени салфети за да се исуши. Потоа, парчињата праз прплекајте ги во брашното, па во изматените јајца и на крај во лебните трошки. Празот пржете го во добро загреаните путер и масло. Похуваниот праз понудете го со тартар сос.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 29.Јуни.2011 во 12:16

Рибарски сендвич

Потребно:

* 500 г сардини
* 5 филети солени рипчиња
* 3 лажици брашно
* 400 г леб
* листови од зелена салата
* 1 главица кромид
* 1 домат
* магдонос
* масло

Приготвување: во секоја од исчистените сардини, во утробата ставете по половина парче од солените рипчиња, притиснете ги со прсти, испрпелкајте ги во брашно, па пржете ги во загреано масло 5-10 минути. Лебот исечете го на парчиња, отстранете ја корката, па пропржете го во загреано масло од едната страна. На пржената страна од лебот ставете лист од зелената салата, неколку пржени риби, домат и кромид исечени на тркалца, па преклопете го со друго парче леб.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 05:37

Велешка тава

Потребно е:
100 грама јунешко месо
100 грама свинско месо
50 грама морков
50 грама печурки
50 грама кромид
100 грама кашкавал едамер
Приготвување:
На тефлонска тава или на плотна од скара, на малку масло се пржи кромидот, кој претходно е ситно исечкан, заедно со изрендан морков. Подоцна се додаваат сечканите печурки и сè заедно се пржи додека не омекне. Во друга плитка тава со, исто така, малку масло се пржат заедно јунешкото и свинското месо. Во земјена или во порцеланска тавичка се измешува месото со зеленчукот и се ренда кашкавал одозгора. Вака подготвена се потпечува во рерна на 180 степени

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (1) Благодарам(1)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Јули.2011 во 05:38

Елбасан (јагнешка) тава

(За четворица)

Јагнешки бут
4 јајца
1 овчо кисело млеко
сол
Подготовка:
Прво посолете го месото. Во тавата во која ќе се пече јадењето загрејте малку масло и потпржете го месото од двете страни. Потоа во тавчето ставете малку вода, покријте го со фолија или со капак, и ставете го да се пече, прво на појако, а кога ќе се загрее рерната намалете ја температурата на 180 степени. Одвреме-навреме додавајте вода и превртувајте го месото. Во зависност од големината на парчето месо, тоа може да трае 1 - 2 часа. Кога месото ќе омекне, оставете го без капак да се зарумени и да испари водата. Изматете ги јајцата со виљушка и додадете им го киселото млеко и малку сол. Превртете го месото, истурете ја смесата околу него, па вратете го тавчето во рерна уште 15-ина минути додека јајцата не се потстврднат и не се заруменат на површината. Елбасан тавата одлично оди со печени компири и со зелена салата со краставица, млад кромид и 'рдокви, а, секако, и со младо лукче и со свежа лута пиперка.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 28.Јули.2011 во 12:53

Кифлички од пиво

Потребно:
* 6 филџани пиво
* 5 филџани масло
* 1 прашок за печиво
* 250 г шеќер
* 50 г мелени ореви
* брашно по потреба

Приготвување: измесете мазно тесто од брашното, прашокот за печиво, маслото и од пивото. Одделете мали топчиња од тестото и расучете ги тенко со сукало. Исечете го тестото на осум дела, кои треба да ги свиткате во мали кифлички. Може, по вкус, да ги филувате и со џем. Печете ги на тивко.
Стопете го шеќерот со малку вода, потопете ги печените кифлички во него, а потоа прпелкајте ги во мелените ореви

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 05.Август.2011 во 12:24

Италијански грисини

Потребно:

* 1 пакетче свеж квасец
* 500 г брашно
* 40 г путер
* 1 лажичка сол

Приготвување: издробете го квасецет во 250 милилитри млака вода. Во длабок сад измешајте ги брашното, путерот, солта и стасаниот квасец. Замесете тесто и оставете го на топло место да стаса. Потоа, расучете го тестото во кора дебела половина сантиметар и исечете го на тенки ленти. Лентите валкајте ги на работната маса додека не станат цилиндрични како грисини, а потоа наредете ги во тавче обложено со масна хартија за печење. Загрејте ја рерната на 200 степени и оставете ги грисините во близина на рерната да отстојат 10-ина минути за да надојдат уште малку пред печењето. Грисините печете ги 10-ина минути.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 06.Август.2011 во 04:07

Изненадете ги најблиските со вкусни и едноставни брускети

 
 

Брускетите се оригинално италијанско предјадење кое совршено одговара и за ужина. Сочни се, вкусни и хранливи, а се подготвуваат експерсно. Оригиналниот рецепт, кој подразбира печен леб со лук, маслиново масло, сол и бибер, можете да го збогатите со разни други состојки: домати, сирење, босилек, модри патлиџани или тиквички и ќе добиете извонреден оброк.

Брускети со домати

Потребни состојки:
8 парчиња леб, маслиново масло, лук, 5 средни домати, половина чаша маслинки, босилек, оригано, сол и бибер.

Подготовка:
Парчињата леб ставете ги да се потпечат во рерна на 220 степени. Додека лебот е жежок попрскајте го со маслиново масло во кое претходно сте додале ситно исецкан лук. Доматите исечени на коцкички и сецканите маслинки помешајте ги со зачини и ставете ги врз парчињата леб. Сервирајте додека е топло.

 

Брускети со тиквички и модри патлиџани

Потребни состојки:
8 парчиња интегрален леб, маслиново масло, лук, поголем модар патлиџан и голема тиквица, сол, бибер, оригано и босилек.

Подготовка:
Лепчињата малку ги потпекуваме во рерна на 220 степени. Потоа ги попрскуваме со маслиново масло и лук. Модриот патличан и тиквицата потпечете ги од сите страни додека не омекнат. Исецкајте ги, зачинете ги, измешајте ги и ставете ги на средината на топлите брускети.

 

Брускети со печурки

Потребни состојки:
8 парчиња интегрален леб, маслиново масло, лук, 300 грама печурки, сол, бибер, 100 грама тофу сирење.

Подготовка:
Парчињата леб потпечете ги во рерна и потоа попрскајте ги со маслиново масло и лук. Печурките издинстајте ги и зачинете ги. Врз лепчињата најпрво изрендајте го сирењето, а потоа ставете ги и печурките.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Август.2011 во 23:45

Проја

Потребно:

* 500 г пченкарно брашно
* 1 лажица маст
* 1 јајце
* малку сол
* ладна вода

Приготвување: замесете ги брашното, јајцето, маста и солта со ладна вода, така што тестото ќе биде ретко, а не густо. Земете тавче, доволно големо, така што кога тестото ќе се разлее, ќе биде со дебелина од еден прст. Ставете го тестото во добро намастено тавче и печете го во рерна. Откако пројата ќе биде готова, тенка и со кора, премачкајте ја одозгора со малку маст.

Кон врв
емил Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
зависник идивидовски

Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај емил Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Август.2011 во 23:11

Палента со пармезан

Потребно:

* 500 г пченкарно брашно
* 6 јајца
* сол
* 300 г рендан пармезан
* масло

Приготвување: во подлабок сад ставете вода и кога ќе зоврие постепено додавајте го пченкарното брашно со постојано мешање. Палентата варете ја 15-20 минути додека смесата не стане мазна и цврста. Во посебна чинија ставете ја палентата, со дебелина од два прста, посипете ја со дел од ренданиот пармезан, а потоа со мека кајгана направена од три јајца. Преку кајганата ставете палента со дебелина од два прста, пармезан и кајгана направена од три јајца. На крај ставете ја преостанатата палента и посипете ја со пармезан. Се служи веднаш.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1718192021 30>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.