![]() |
|
СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8081828384 229> |
Автор | ||||
Persej7 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Искажувањето став е демократско право на секој поединец. Исто е и ломотењето. Кај мене се поставува прашањето за тебе Горазд: зошто сиот тој гнев, сета таа жолчност која ги апсорбира сите твои витални и позитивни сили?! Небаре ако немаше споменици таквите како тебе ќе отстапеа од својата надалеку позната конструктивност? ![]() До гуша во морални долгови, а најгласни за критики, ама "средни", да не се сетат Власите. И така сега стигнавме до Раселовиот синдром. ![]() Се гледа дека најдобро пливаат тие дома, во време кога јужниот сосед е пропаднат до гуша во измет, што ја моделираат политиката на гневен и незадоволен народ за да не го изгубат незаслужено добиеното колаче. Фазонот е Горазде, дека заборавеноста на некои дома, па и на Западот, за тоа што и како било, е приказна на која наскоро и се гледа крајот. Од тие причини, наместо жестење, плукање и исмевање на спомениците, сосема држи и размислувањето за судбината откако ќе спласне вештачки наталожената еуфорија. Пред десетина години, исто така од позиција на опозиција, некои се исмеваа и се закануваа дека ќе го демонтираат Милениумскиот крст на Водно, но, сепак, и покрај закоравениот атеистички дух во нив, не го сторија тоа. |
||||
![]() |
||||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Она што најмногу ми пречи кај овој проект иако генерално го подржувам, е нетранспарентноста и пред се непланското поставување на дел од спомениците. Секако врв на ова појава е споменикот на Цар Самоил кој е преблиску до Александар. Метото дефинитивно не му е таму туку според мене на место каде што се наоѓат Гемиџиите.
|
||||
![]() |
||||
DameMak ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 24.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 617 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Дал некој споменик од 2014 вдума те кладе,
ил погибелта политичка што на изборите народот ти ја даде, та пишуеш саде чемер и јад, како некогаш во театарот „Солзи и смев“ кога ја читаше поемата „Град“. |
||||
![]() |
||||
Gorazd777 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 22.Октомври.2008 Локација: Евразија Статус: Офлајн Поени: 1584 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Колку е интересно кога со објаснување ,демантирање и пласирање на демагогии за одредена тема,навлегуваш во тоа дека си ти истиот поддржувач,па макар и поголем на уште погнасни работи,но само во обратна насока.
Идентитет,самопочит,моја држава... и многу куп глупости самобендисани работи искажани,ама исто како оние од времето на комунизмот,кога тие се фалеа за своето,па така еден период имаше страв после војната(други ги ставаа по затвори за Македонија),потоа сите станаа комунисти и си ставаа обележја,штафети ид руго,е сега 20 години самостојност,едни комуњари -останати,други дпмне-овци(но тогаш само идеалисти,овие ПУТКИВЕ сегашни,вгаз напикани),сега по толку време пак демагогии,сега станаа сите дпмне-овци,демек сите биле потомци на антиката,па се испоплукаа,а ваму на тоа Скопјето се изнаредија,како да се испосраа,па по што сега домаќини ќе се идентификувате по Букефал,коњаникот,царот Самоил со бугарска жица и трезори надвор од државата(тогаш во Дубровник).по Јустинијан,кој овде го испилиле(знак прашалник) а сеел семе насекаде,по Ченто,за вас капиталисти едни,обичен малтарџија,по Гоцета или Дамета,по што ќе ве препознаваат по ништо,пак ќе помине и оваа,ама човечност нема да имате уште долго,ИСТАТА грешка ја правите во името на ГЛУПАВОСТА,пак луѓе газите и крв до рамена имате,нема никогаш да се свестите,по кого и да се истоветите,се знае што сте,,ама барем малку човечност соберете сила да изградите,е тогаш ќе биде од вас нешто кои и да сте??? Зборувам само за Раселовиот синдром и градењето цпоменици на куп крв човечка. |
||||
ВОЈНАТА Е МИР
СЛОБОДАТА Е РОПСТВО НЕЗНАЕЊЕТО Е СИЛА ОД ЗЕЛКА ТОРТА И ОД СЕЉАК ГРАЃАНИН НЕ БИДУВА |
||||
![]() |
||||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ај да не отвораме нова тема за секој нов споменик
еден поздрав со песнава за новиот споменик што ќе му го чува грбот на “Коњаникот“ ![]() http://www.youtube.com/watch?v=ECDyH9-30ng Само нешто текстот не се вклопува со Александар ... или кој знае.... Светот греши а и нашиве соседи 100% не се во право... Вистината е во нас!!! Сите се будали - само ние паметни! Вистината е една - вистината е Македонија. Верувај во себе - ај за многу години!!! п.с. дозата сарказам е “случајна“ како “гром од ведро небо“ - затоа за секој случај користете громобран!!! |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
На историја има тема за крстоностните војни и се нарекува токму "Крстоносните војни". ![]() |
||||
![]() |
||||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Отвори тема, сега ме испровоцира ( позитивно
![]() ![]() П.С. Ќе ме натераш да се преиспрашам како е возможно да ти звучам како некои социјалистички пропаганди, кога социјализмот е сосема надвор од мојата филозофија....Јас сум голем индивидуалец и човекот го сметам и за социјално суштество, но пред се секоја индивидуа со својата уникатност и особеност. Конфликтот, е основен услов за развој на единката, и на општеството. И сепак мислам дека сме се разминале некаде, јас во изразувањето, а ти во читањето :) Изменето од Kali - 28.Јуни.2011 во 14:53 |
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Те читам редовно, а тоа што го читам често звучи како пропагандите од времето на социјализмот. Тоа не значи дека ти размислуваш така, но, совпаѓањето на мислите е просто зачудувачки. Во однос на Крстоностните војни, дали знаеш што се случило во Втората Крстоносна војна? Дали знаеш колку ја чинела Англија истата? Дали знаеш дека европските монархии не биле мотивирани да одат и да се борат се додека Папата не се заканил со екскомуникации? Точно е дека се отвориле трговски патишта, но тие трговски патишта постоеле и порано, бидејќи Византија тргувала и со Арапите, се до доаѓањето на Турците-Селџуци. Затоа, повторно ќе кажам, аргументот дека економските текови се најважни за тековите на историјата не држат вода. Преминот во Западна Европа се должи на Четвртата Крстоносна војна, која завршила со грабеж на Византија, а не на освојувањето од страна на Османлиите. Освојувањето од страна на Османлиите во XV век, се случило во екот на ренесансата, а не пред тоа. Провери кога почнуваат хуманизмот и ренесансата, а кога паднал Константинопол. |
||||
![]() |
||||
Tetratka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 25.Септември.2008 Локација: дрвара Статус: Офлајн Поени: 5153 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Секој почеток е тежок - гласи една стара поговорка... Комплекси од романтискиот историски период да се изживуваат сега... не е добро... Ова што денес се случува требаше да се случи 1945 - а не сега... но како и да е, човек во секоја работа може да најде и позитивни и негативни работи... Ако некој сака да се гордее со тоа што се прави денес - негова работа и негов проблем... Лично сметам дека проблемот се состои на друго место..., како што кажав: Секој почеток е тежок... Времето ќе покаже кој е во право - само овој (нашиов почеток денес) да не биде причина за “црна“ наша иднина... треба да се размислува и за утре, а не да се живее со пубертетски идеи: сега и овде... секој има право на избор и право на слобода - тоа во Македонија за жал не важи... или важи само за одредени етнички структури. Гроздобер, ах таа Лекна што само стенка... и тутуноберачите... Бронзена историја или камено време? 2011 - има време до 2014 ![]() |
||||
за секој случај - користете ГРОМОБРАН!!!
|
||||
![]() |
||||
Persej7 ![]() Сениор ![]() Регистриран: 21.Октомври.2010 Статус: Офлајн Поени: 254 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Ама твој проблем, мој не! Твојот поглед не е и моја перцепција за проектот Скопје 2014 и исто така за мојот град. 3ошто твојот проблем да стане наш проблем?! 3а мене пак твоето е омаловажување на мојот град и мојот народ! Па ако искреноста ти е одлика, врати се наназад да ги прочиташ сите твои "бисери" по темата -- за кои верувам ќе се сложиш дека ме може, а да не се окарактеризираат како чист одраз на фрустрација. Впрочем, затоа и реагирам. Се чудам како вопшто не ви е срам така да плукате по сопственото?! Изменето од Persej7 - 27.Јуни.2011 во 21:54 |
||||
![]() |
||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
uff,fala bogu!
![]() ...ti si od retkite shto im obrnuvam vnimanie shto ''vikaat'' ama ,..ovojpat pretera.
![]() |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||
![]() |
||||
Kali ![]() Сениор ![]() ![]() Storyteller Регистриран: 30.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4947 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Македон, Маркс мене не ми е многу познат освен два три текста што сум прочитала од пред 10тина години од кои ми останале идеја две, да бидам искрена :) Така да, може ти звучам како него, ама он никогаш не бил некоја фигура од интерес за мене, еве си признавам...ќе продолжиме на друга тема кога ќе имаме време, ако имаме прилика повеќе ќе се објасниме, за да ти ја докажам мојата поента-а ќе ја докажам ![]() И ако ме читаш, ќе знаеш дека комунистичкото размислување не ми е блиско ![]() П.С. значи, трговијата се развива се повеќе и повеќе со крстоносните војни, и во Европа почнува да се развиваат нови економски системи. Заедно со тоа, после многу научници и уметници преминуваат од Византија во Западна Европа со освојувањето на Османлиите, и така настанува ренесансата. Значи, што е причина за преродбата, како што љуби Грујо да каже? Капиталот Науката Уметноста Сегашноста. А не- нула економија, а некаква уметност која го слави минатото, а не ја создава сегашноста. Веќе, не пишувам :) Изменето од Kali - 27.Јуни.2011 во 14:01 |
||||
![]() |
||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
ma kakov Marx,...koj Englez ve spopal?!
![]() ..poglednete shto mislat ''obichnite'' lugje:
........................................................................................................................
...splendid,...ednostavno !
![]() |
||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||
![]() |
||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||
Aко досега се сомневав дека станува збор за марксистичко размислување, сега веќе сум сигурен дека станува за такво. Како да го читам Маркс кога говори за базата и надградбата. Сосема исти реченици! Уште да се кажеше дека капитализмот ги ескполатира луѓето и дека човекот ќе живее најсреќно во едно комунистичко општество и сликата ќе беше комплетна. Немаше да биде толку страшно, доколку беше тоа кое го пишуваш точно, ама за жал Маркс пропуштил многу моменти при анализирање на историските текови. Крстоносните војни подобро воопшто да не се споменуваат, затоа што зад Крстоносните војни, кои биле во најголем дел неуспешни, воопшто не се крие некаков капитал, туку идеја. Единствена акумулација на капитал има по Четвртата Крстоносна војна. Другите крстоноснци војни само значеле губење на капитал за европските држави. Ако и тоа е прочитано од Маркс, да знаеш дека и тоа е неточнои меѓу другите анализи на средновековната историја. Идеите се тие кои овозможиле да се појави сето тоа што се појавило, а не некаков капитал. Најголем поседувач на капитал во тој период биле владетелите и Црквата, ама кај нив тие идеи за преродба и напуштање на мрачниот период не се појавиле, туку кај луѓето кои имале идеи, а не капитал. Мој совет ти е да не веруваш на тие застарени анализи, едноставно затоа што не се вистинити направени во XIX век кога луѓето немале целосна претстава за историските текови. Сепак, живееме во XXI век. Потпирај се на историски анализи, а не на марскистичките писанија, кои историјата неколкупати ги демантираше. |
||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 8081828384 229> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |