![]() |
|
Социјализам или капитализам? |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 61> |
Автор | |||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Со еден пример само да се надоврзам со Платеник во однос на прифаќање на „догмите“. Доволно е да спомнам за работниците што во раниот капитализам работеле по 10 - 15 (па и повеќе) часа, а ете денес се работи по 8 часа. Мислам, 8 часа во развиените капиталистички земји. А кај нас?! Хе, ![]() |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
![]() |
|||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Јас многу убаво знам што се зборуваше во САД после светската криза 1929-1933. Знам и што Рузвелт направи и ветуваш да направи. Познато ми е што САД правеа и понего и што сеуште прават. Меѓутоа едно е сигурно, САД во периодот по депресијата никогаш небеа исти како и во периодот пред неа. Истото го очекувам и сега, ама овај пат со уште поголема примена на “догмите“ од социјалистичкото учење. Потребите неможеш да ги контролираш, ама желбите да, во спротивно неизбежно е хаосот да надвладее. Значи треба превентивно да се делува. Оние од пониските класи можам и да ги разберам некако, тие несакаат да јадата бифтек секој ден, ама би се задовлиле и со некоја плескавица или колбавче. Туку проблемот е во тоа што на овај начин и колбавчето станува луксуз. Изменето од Platenik - 24.Февруари.2011 во 12:18 |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
![]() |
|||||
Messenger ![]() Администратор ![]() Vo ovoj svet, no ne od ovoj svet Регистриран: 21.Април.2006 Статус: Офлајн Поени: 18208 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Sega... znaesh deka taka zboruvaa vo Amerika i posle golemata ekonomska kriza na krajot od dvaesettite i pochetokot an triesettite godini na minatiot vek? I shto storija togash? Drzhavata prevzema soodvetni zashtitni merki i s'e beshe dobro dodeka bankarskite lobisti ne se izborija za menuvanje ili ukinuvanje na tie merki... i povtorno se sluchi ekonomska katastrofa. Ochekuvam da se povtori istata rabota i sega. Alchnosta na lugjeto od site klasi i nivoa gi hranat vakvite ekonomski potresuvanja. Za zhal, toa e chovekovata priroda i dodeka taa ne se smeni, dodeka sevkupnata svest na lugjeto ne se krene na povisoko nivo, sekogash kje ni se sluchuva onoa shto ni se sluchuvalo i do sega. Изменето од Messenger - 26.Јануари.2011 во 04:20 |
|||||
Truth needs no laws to support it. Throughout history only lies and liars have resorted to the courts to enforce adherence to dogma.
|
|||||
![]() |
|||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Златник, Само ќе го надополнам твојот коментар. Капиталистичкото општество после оваа криза, никогаш нема да биде исто како она што го познававме до кризата. Значи може веќе да се насетат некои промени. Во една прилика Џорџ Буш изјави, бев приморан да ги напуштам капиталистичките принципи со цел да го заштитам капиталистичкиот систем. Што тоа значи?! Продолжување на агонијата или одржување на уловите за оние кои имаат, пак да имаат. Зарем откупувањето за сторените грешки и лошото менаџирање треба да биде награда на оние кои го доведоа целокупниот финансиски систем пред колапс? Очајни луѓе прнудени се да применуваат очајни мерки. Но и тоа е разбирливо, целта ги оправдува средствата, посебно ако незнаат како со капиталистички принципи да ја постигната целта. Се бара заеднички да ги поднесеме последиците кои се резултат од политчките убедувања на одредена група на луѓе и нивната визија како треба да функционира системот. Во сите нормални држави таквите луѓе треба да одговараат за сторените криминални дела. Несмее да се дозволи некој таквите личности да ги вади од калта или да ги наградува до 100 милиони доалри годишно, за нивните „заслуги“. Капитализмот се разбира дека не е иделаното општество, а на човештвото не му останува ништо друго сем да учи од сторените грешки, недозволува да му се повторуваат и со стекнатите искуства да се стреми кон идеалот за порамноправно општество. |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
![]() |
|||||
DragancoLeskoec ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Август.2009 Статус: Офлајн Поени: 984 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Апсолутно не.Како шо се развива човековата свест, ќе се развива и начинот на комуникација меѓу луѓето и уредувањето на нивниот заеднички дом, Земјата. |
|||||
![]() |
|||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Ако сакаш да ги вулгаризираш работите, можеш слободно, но убеден сум дека тоа нема да ги реши проблемите. Јас верувам дека многу дуги се офјадиле од убрзаниот процес на воведувањето на социјализмот. Најмногу оние кои живеат во високо развиените капиталистички општества. Образованието, универзалната здравствена и социјална заштита, пензиската заштита се изнудени придобивки во тие системи, кои придобивки се дијаметрално спротивни со природата на капиталистичкиот систем. Сите овие категории се сметаат, во капиталистичката теорија, како непродуктивни трошоци. Никој ништо никому недава за џабе. Некој требал да се избори за тие придобивки или да пролее крв. Некој кој располагал со капиталот требал да дојде до онај степен кога ќе сфати дека здравата и образована нација (значи непродуктивните трошоци) и делењето на профитот со широките народни маси или со оние кои можат само да го продаваат својот труд и знаење ќе отвори многу пошироки хоризонти. Со зголемувањето на куповната моќ на населението ќе се обезбедат предуслови за проширена репродукција и нови и поголеми профити. За жал, во некои капиталистички земји, ова сеуште неможат да го разберат, па профитот сеуште е главниот двигател на економијата. Тоа само докажува дека рецесиите и кризите не се природни циклични појави туку дека се должат на несоодветните ситемски решенија и лошите менаџерски практики. |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
![]() |
|||||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Гледам дека со Платеник имам/е идентичен став по однос на ова прашање, бидејќи и тој е на ставот кој јас го изложив во моите неколку претходни пораки.
Но, не ми е јасно, што мислат другите (кои не мислат како нас ![]() Зарем самиот негов (капиталистички) досегашен развој не ви дава причина за да се запрашате: „што понатаму?“ ![]() |
|||||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
|||||
![]() |
|||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Македоне,
Мислам дека премногу се дружиш со бугаризираните, ака Бугари, на под форумот историја. Недозволувај дружбата да има влијание. Маркс никој го нема побиено кога станува збор за економијата, односно како се регулираат односите во капиталистичкото општество и како тоа во суштина функционира. Каков метод тој предлага за да се надминат аномалиите во капиталистичкиот систем е сосема друга работа. Праксата или поточно несвесните луѓе, да бидам попрецизен го побија неговиот “метод“. Рековме еднаш, се што брзо расте, брзо и вене. Револуционерните промени се брзи, нагли кои можат да резултираат во несакани косеквенци, додека еволутивните промени се бавни, спори но им даваат доволно време на луѓето да се прилагодат на промените. Се разбира дека еволутивните промени резултираат во подолготрајни и поиздржани ефекти. Еден од методите на прамномерно редистрибуција на стекнатото богатство е пропорционалниот метод на оданочување. За тоа колку капиталистичките земји згрешиле во однос на Македонија и колку си ја увиделе грешката, на сите ни е јасно. До денденешен ги чувствуваме последиците од нивните грешки. Грција и Бугарија се создадени од нив. Македонија е поделена на свери на влијание, на сверите за кои се залагале големите сили, нели? Македонците од Егејска Македонија биле попрашувани со пестициди како да се инсекти (се разбира дека карикирам, со напалм) од тие кои многу се секирале за човековите права и нациналните чувства за тој народ. Грешките направени во минатото, од страна на капиталистички земји, се разбира дека несакаат да си ги признаат, ниту пак ќе ги признаат. Зарем не е тоа толку јасно кога ќе се погледнат европските интегративни процеси и двојните стандарди кои (ни) се наметнуваат? Сепак сметам дека треба побјективно да се гледа на нештата, по можност без политчка обоеност на коментарите. Без некој поголем излив на емоции, спрема едната или другата политичка опција. Изменето од Platenik - 26.Јануари.2011 во 02:52 |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
![]() |
|||||
kejt-d-grejt ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
абре како не ве мрзи
|
|||||
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|||||
![]() |
|||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Сега ќе те вратам назад и ќе те потсетам дека кажавте дека Маркс не бил побиен? А ете, самиот ти велиш дека е побиен. ![]()
Сега, барем во учебниците, тој период се дели на нов и најнов период, а не како порано, на капиталистички и социјалистички.
Но, некои луѓе имаат и повеќе од тоа определување? Зарем повторно нема да им се повреди правото на сопственост? Зарем не е побезболно тоа за кое говориш да се постигне со пропорционално одданочување?
Со ова нема да се согласам целосно. Дури и капиталистичките земји во текот на НОБ, прифатија дека македонскиот народ заслужува да има своја држава, како федерација, но заслужува. За тоа сведочат и дописите од Велика Британија. Точно е дека социјалистите први му ги признаа правата на македонскиот народ, но и капиталистите потоа ја прифатија реалноста.
Со ова се согласувам. |
|||||
![]() |
|||||
Joshua_Tree ![]() Сениор ![]() Регистриран: 27.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 6477 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
...jes of skroz
![]() ...ke se raduvame na poklonot uste malku |
|||||
“Talk, talk, talk: the utter and heartbreaking stupidity of words.”
― William Faulkner, Mosquitoes |
|||||
![]() |
|||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
''Едно е сигурно, ако небеше тој социјализам и останеше капиталистичкото
општество, Македонците од Република Македонија денес ќе беа Јужни Срби,
исто како што се Македонците Бугари во Бугарија или Грци во Грција. Сите
оние кои ќе останеле да се борат за македонштината би биле остранети,
маргинализрани, необразовани, без сопствен литературен јазик.... и многу
други работи.''
...toa znachi samo deka ,...edinstveno makedoncive ....se ofajdile od socijalizmot! ![]() |
|||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
|||||
![]() |
|||||
Platenik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 29.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 3600 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Ако Маркс бил поборник на револуционерни промени, незначи дека тоа е во камен изделкано. Неговата визија била дека може и на тој начин да се стигне до порамноправно општество. Праксата го покажа тоа дека може да се дојде до тоа општество, ама само декларативно. Дали свеста на граѓаните била до тој степен да може да го разбере системот е сосема друга работа.
Едно бебе прво треба да научи да лази, да се исправи, да прооди, па после да може да трча. Таа методологија е општо прифатена и се изучува во сите држави, без разлика на нивното политчко уредување. Робовладетелство, феудализам, либерален капитализам, државен капитализам, социјализам...... Дали тоа некој во учебниците ќе го вметне или не или на кои сегменти од развитокот на општеставата авторите ќе се фокусираат, не е воопшто меродавно. Во сите академски кругови, таа проблематика се разработува баш според таа јасно дефинирана методологија. Што занчи целосна еднаквост? Според начинот на кој разбираме светот и како треба да се регулираат односите во него, потполна еднаквост неможе да има. Меѓутоа верувам во системот на порамномерна распределба, вреднување на трудот не според профитот, туку според корисната вредност на крајниот резултат од вложениот труд. Никој не вели дека правото на сопственост да се прекрши, туку на некој начин да се квантифицира сопственоста, односно утврди кое ниво на сосптвеност ќе биде прифатливо. 3 куќи, 5 автомобили, 2 фабрики, 4 хотела, 5-6 болници...... колку? Едно е сигурно, ако небеше тој социјализам и останеше капиталистичкото општество, Македонците од Република Македонија денес ќе беа Јужни Срби, исто како што се Македонците Бугари во Бугарија или Грци во Грција. Сите оние кои ќе останеле да се борат за македонштината би биле остранети, маргинализрани, необразовани, без сопствен литературен јазик.... и многу други работи. Сега е веќе друга песна, можеме да се носиме рамноправно против сите оние кои ја негираат Македонија и македонскиот народ, а најмногу против оние силни ...фили, ...мани. Веќе реков, ниту едниот систем е толку бел, ниту пак другиот е толку црн. Се треба да се анализира објективно, да се потенцираат добрите страни и придобивките, ама да се критикуваат и аномалиите, без разлика за кое општествено политичко уредување станува збор. |
|||||
Гроф Игнатиев: "Ви се обрнувам Вам (г-дин Бахмачев), дека ЈАС ЈА СОЗДАДОВ ВЕЛИКА БУГАРИЈА, ЗАРАДИ РУСКИТЕ ИНТЕРЕСИ на исток "- (М.Цемовиќ - " Маќедонски проблеми и Маќедонци", Београд, 1913 ,33.)“
|
|||||
![]() |
|||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Зарем не беше и Маркс заговорник на револуционерните промени во општеството?
Таа методологија повеќе не важи. Сега, таквата поделба е изоставена дури и од учебниците по историја и заменета е со нова.
Зарем веруваш дека е можна целосна еднаквост, а без притоа да не биде нарушено некое човеково право? Јас сметам дека тоа е невозможно. Во најмал случај, правото на сопственост ќе биде повредено. |
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 678910 61> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |