![]() |
|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 23> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА НЕСКРШЕНИТЕ
Во каменот се обликувани времињата со душите на нескршените, и секој камен приказна е проста за победите – недопишаните... Со заби на сура волчица мракот снагата им ја кинел во занданите... а тие светлини станувале... Исти ко нив коските им ги собрале да ги премостат времињата и себе си во нив да се втемелат... Во ист иконостаст ист сон сите ги изрезбал - вино и нафора за света причесна... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА НЕДОЈДЕНИТЕ
од циклусот „ПРИКАЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА“ Са каква дума ќе ве дочекам Со какви очи ќе ве погледнам Завештанието ако го продадам... За дочек, старите наши, кога слатко немале, најзлатната дума од под јазик ја ваделе... Им пиеле стрвно очи црните пци на уморот и пак во нив сонце чувале гостите да си ги добросат... И можеле – лута пиперка со ракија да мезат а муабетот, чиниш, медовина од уста ко да им течел... Од брег до брег смртта ја растргале и пак ништо не продале, и пак сонот го чувале... Од каква ли книга се описменивме та не знаеме завештанието да го прочитаме.... Са каква дума ќе ве дочекам Со какви очи ќе ве погледнам Завештанието ако го продадам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
МЕЛНИЦА
Ја запрев мелницата на големиот часовник - никој да не види еднаа твоја насмевка во запчаниците заглавив - ни ти да не сетиш времето чкулаво е - нека е и такво го разубавуваш... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА ПРКОСНИЦИТЕ
Со крв дива – мастило на пергамент од црни времиња јарки светлини нанизи место слатко за добросување кога векот ќе го отвориме и ќе се населиме за да продолжиме Точило од бури изделкано пркосот ли им го острел... А знаеле: и ал трндафил на градите пред венчавка китнеж да си стокмат во планините, по дубравите за жетварките и жетварите синџирот што ги јадел… На штрек карпа прекутрупа сонот така го засониле - мек килим за нозете ни … Од почит калта да си ја избришевме колку да ги испочитуваме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА СОНОКРАТЦИТЕ
Бистрини кога заматуваа матна врз матна натрупаа крајот да не се знае... Преку дедо од прадедо завештание ми е пратено сонот да им го протолкувам Црни птици од три страни довјасале црни војски со смрт накитени - црни молскавици во очите стрвни... Планините волци се наполниле: во исто дувло искотени со три млека задоени... Сал крвта глас имала за да пропишти... Пишти крвта и во мене и во тебе од немоќ сонот да го протолкуваме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПРИКАЗНА ЗА СВЕТЛОЗРАЧНИТЕ
.А сите подеднакво те љубеле со мислата им светлозрачна но во различен сон те сонувале... Век немало да не дотече - црни солзи реки набликнувале раните да ти ги измијат... Колку деца ти се удавиле кај да фатат кога не знаеле - на сретпат матната ги стрефила Со зрак од кама кандило на светци пред слава им палеле светлини се престориле... Црнилата пак останале други да ги растегнуваат... - ни крај ни почеток не им знаеле... Скаменети крици низ горите крв со крв закрвена а една мајка ги раѓала... И во крикот наш денешен крвишта огној разгореле - та чии сме ако свои не сме.. Изменето од majstorce62 - 02.Јануари.2011 во 20:36 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗА ИЛИНДЕНЦИТЕ
Небото жедно за херои било Кога се втемелувале, Кога се вѕидувале... Ги раскинаа облаците нов век кога се раѓаше: реки сонце да потечат - да се разлеат... Мракот очи ли им глоѓаше, лелек душа ли им сечеше - со пушки извори раскопаа - за свелината... Од мајка до еден родени, на мајка ниеден не ветен - песната сами си ја напишаа - на векот најубавата... Со приказните од дедовците - живи искри во очите, ѓердан златен се нанижаа на небото, меѓу ѕвездите.. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ТОЧКИ НА СРЕТНУВАЊЕ
На Тања Ти ми шепотиш за твојата судбина јас за песните ти зборувам за песните што ги однесоа преселниците од овоштарниците, од зениците на страдалниците, и пак се сретнуваме... Ми велиш „Поету“, а јас тебе, само, „Принцезо“: од две прости нишки килим ткаеме а секој друга шара има и по друг траг од срцето се распознава но пак се сретнуваме... Калдрма од солзи, скамент мирис на ранета срна во прогон, - пат до тебе... Калем без подлога, истечен божилак во здив на пролетно утро - пат од мене... Нешто сепак не сретнува... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЖИВЕЕМЕ
На син ми Во твоите очи сонцето и црно грее, а танцот на дождот и танцот на солзите со ист број чекори го обележуваат растојанието од болката до надежта. По сенките на среќата чекорам но патот познат ми е, не се плашам - ништо не светли посветло од твојата насмевка и ништо не боли поболно од твојата воздишка... Заморот го спакував како приказна меѓу кориците на едни други времиња - одата на животот не мами да го пронајдеме во совршената мудрост клучот за новиот ден... Живееме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ОДИ
На син ми Тесен е овој пат и никој не оставил место за свртување назад... Оди: зад секој свиок ќе бидам пред тебе: доволно близу да ти бидам светлина и доволно далеку да не видиш кај ги носам одронетите камења од последните порои на болката... Оди: секој чекор ти го чусвувам ненаситно кога мислата прелетува над темните дубрави на стравот со крилја на кои им ја дадов нежноста на утринското будење и суровоста на последната бессоница... Оди: над долината на бесмртните копнежи сонцето свети со твоите насмевки, исполирани со глеќта на секое ново утро... Изменето од majstorce62 - 08.Август.2009 во 09:53 |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
na site deca bez dom
i na site domovi bez deca Во летните ноќи во кои ѕвездите светеа како неонките над Шанзелизе никој не го забележуваше раѓањето на светулките... Едно дете без дом ги вдомуваше новородените светулки во топлото срце и забораваше на гладот... Во ноќ без ѕвезди еден дом без топлина си го бараше своето дете со срце полно со светлина... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
диптих
1. Месечев зрак се криумчари низ прозорецот во болничката соба. Засолниште ко да бара во несронетата солза од окото. Срцето молкуm кrвари во градите на мајката. 2. Солза во окото. Молкуm крвари срцето на храбрата мајка. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БОИТЕ НА МУЗИКАТА ОД СРЦЕТО
Кога имам што да кажам јас, тогаш, силно молчам и помеѓу секој интервал на две крварења пуштам тивка музика од срцето за да ја обојам празнината со тебе. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВОЗДИШКИ
Ми ја распаруваш мислата со прецизна водишка. Мислата од стих оплодена. Пак ноќта ќе се разлие врз ненапишаната песна за тебе како мастило Пак ќе воздивнеш- од жал за песната. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 56789 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |