IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 23>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:48
РАЗЛИЧНО ЧИТАЊЕ НА ПАТОКАЗИТЕ

Презрени патници во ноќта
- животот истекува по патиштата на сонот;
сон различен, а сепак со ист вкус
на болка и чемер во дамарите.

Се разминуваат:
еден во мракот се топи
другиот од муграта се раѓа

Едниот во сонот влегува,
другиот кошмарот го стресува

Патот бескраен е,
круг маѓепсан:
глава и опаш на змија
- зодијачки знак без значење
сон и јаве
- непомирливост...

Различно читање на патоказите
или две различни мапи
на закопаната судбина ...

Сеедно,
воздухот горчи од разминувања...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:47
ТОЧКИ НА СРЕТНУВАЊЕ

На Тања (девојката од стакло)



Ти ми шепотиш за твојата судбина

јас за песните ти зборувам

за песните што ги однесоа преселниците

од овоштарниците,

од зениците на страдалниците,
и пак се сретнуваме...



Ми велиш „Поету“,

а јас тебе, само, „Принцезо“:

од две прости нишки килим ткаеме

а секој друга шара има

и по друг траг од срцето се распознава

но пак се сретнуваме...



Калдрма од солзи,

скамент мирис на ранета срна во прогон,

- пат до тебе...



Калем без подлога,

истечен божилак во здив на пролетно утро

- пат од мене...



Нешто сепак не сретнува...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:46
ЗБОР



Го скрив зборот

Ти потрча да го најдеш



Го бараше секаде:

Во очите ми

Во душата ми

Во срцето ми

И не го најде...



Копаше секаде:

Во болката ми

Во радоста ми

Во сите тревјосани меѓи

на сонот мој

копаше

и пак не го најде.



Можеби не требаше

Баш во тебе да го сокријам

И да се заклучам....

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:44
ФОРМУЛА



Онемеле боите на летото

на палетата на твојата последна лага

од која направив клуч

за намерата на арлекинот

да изгради кула за својот сон

под зајдисонцето на сите твои несреќи

и сите тажни приказни

на малечката Пепелашка

што го преспала минувањето на принцот

под прозорецот на срцето...



Во собата со прозорец кон исток

го чувствувам заодот

на уште едно раѓање на сонцето

како нож од бесмислен монолог во грбот...



Оглувени мириси на ненапишани балади

го расцутуваат ноќе кејот со липи

- некои жени берат чај со вкус на солзи

во кеси од непроспиени ноќи

за љубоболките на нивните неродени ќерки...



Јас ја препишувам формулата за брзо стареење

со истите грешки од претходниот пат...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:43
БРАНА

Ја минавме ноќта заедно

- летното небо ни понуди крошна

од безгрижност

а во нас музицираа

остарените трубадури на болот

по затегнатите жици на епидермите...



Ти – река со наглодано корито

од видрите на времето што те газеше,

Јас – ѕид повисок од самсебе,

Брана од бессонот изѕидана.



Станавме езеро:

го поплавивме сурово полето

посеано со песната на изгрејсонцето...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:42
ОБЛЕКА


Мирис на утро
- липите си облекле
песна од птици
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:41
БУНАР
На А...
Издлаби бунар
во очи
за сон прежеднети,
со црпка од мек мирис
на искреност утрунска
во ирисите издлаби го:
длаби дур вода не бликне
од црните глечери
на душата,
вода студена, лековита
болка да ти одболи;


Излаби бунар
Во очи
Од волшепства натечени,
Таму кајшто светлините се истопиле
Во сопственото сонце,
Кајшто штурците штурат
По насмевката на песната
Што ја сокрив
За да се сокријам самсебе
Пред да заборавам
Каде ја сокрив мапата
Со патоказите до моето постоење...


Издлаби таков бунар,
Но вимавај да не ги повредиш дамарите
Додека минуваш низ нив
Безмилосно опојна миризбо
Од далечните ливади на невозможноста...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:39
ВРЕМЕ



Ајде да направиме време

за сите неслучени приказни

и да ја заклучиме вратата

за сите ликови со несреќни судбини



Да направиме приказна без заплет,

без перипетии и кулминација

во која самите ќе се расплетеме

без воздржување и избрзување

нишка по нишка,

котелец по котелец

-јас тебе, ти мене

потем во времето ќе се сплетеме

како ноќта и денот

во муграта со живот што се полни...



На времето ќе му дадеме светло име

и ќе го врежеме со нашата безначајност

во кората на неминливоста...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:38
УТРО

Во росата на твоите насмевки
се огледуваат штурците
додека ги штимаат виолините
наутро...

Мојата босонога песна
танцува неуморно
по жицата на твоето будење

Мирис на сварено кафе
ја отвора капијата на новиот ден
- не, немаме многу
за крадење среќа...

Сепак, доволно е...
53 коментари | за печатење |

Изменето од majstorce62 - 24.Декември.2010 во 09:39
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:33
РАЗГОЛЕНА ДУША


Ја слеков ноќницата на твојата душа
јас, бесрамник по природа
и непослушен повторувач на грешки
на секогаш истиот пат до тебе...

Во дланките на мртвите чувства
ти ги собрав трепетите:
бели а нерасцветани
- кринови во градина без миризба...

Ништо не вечно,
само обидот да ти ја вратам ноќницата,
да не ги распродадеш
последните траги на моето присуство
под крошната на твоите воздишки...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:32
ДОДЕКА ТЕ ЧЕКАВ

Јас поранив,
ти задоцни,
јаз широк направивме
- само зборот може да го премости...
Додека те чекав на распаќето
на првите предизвици на времето
без однапред подготвен план
како да и го сменам ликот на вечноста
потрошив се што имав за трошење
од дедо и прадедо,
и се што можев да оставам
на внуци и правнуци,
мислејќи, какво писмо
во насмевката ќе ми донесеш,
ако те препознаам...
Додека те чекав на острите карпи
на пругорнината на бесмртните
и го одморав одот за твоите нозе:
ниту напред знаејќи како
ниту назад гледајќи пат,
исчезнував какпка по капка од себе
се врежував капка по капка во времето
чувствувајќи го твоето доаѓање
во очите на стравот
дека пак нема да те препознаам...
А можеби и не те чекав тебе:
само капењето на минутите
одѕвонувало така
во глувата пештера на осаменоста
ронејќи ги песочните брегови на јазот
по кој истекував
- без да бидам свесен...
Градењето на мостот е друга приказна...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:30
КАИНАВЕЛСКО ПЛЕМЕ


На Александро
Со каков нож да се отворам:

да се видам, па да кинисам...



Во мене гревовите се пресликани

на дедо ми и прадедо ми

- името што не си го знаеле...



Ц рни векови размотувале

зјајдупки да пополнат

и пак ништо немале...



Кога оној пред дедо ми

гревовите на кантар ги измерил,

планините пропиштеле

сосе птиците - жалосниците...



Си ги мерам стаплките

со трагите на пркосниците

- колку се мали...



Од стомина еден да сочувавме

големи ќе бевме...



О, клета реко од солзи и крв,

ќе има ли благлослов за водите твои

во векот од светлина што го ковевме...



А волци сме, си знаеме,

глад црна за сами себе не стрви...



Уште колку данок ни остана

да платиме, да преплатиме

- долг да не оставиме

кога од племето каинавелско

ќе кинисаме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:29
РЕКА






И тебе ќе те препливам безимена реко
што од невекаде али во ноќта ми носиш
- црни али на алот мој господарки крунисани...


Те распознавам и кога молчиш
и кога водите ги стивнуваш под стреите
на мојот заборав на тебе.



Црна си,
од црнила обата скроени сме,
па друг не те распознава...



И Ахеронт да те крстам,
и Јордан,
- пак таа ќе си...


Во витлите ме витлосуваш
- јас водите твои ги влечам
зад себе...


Клето копиле сум,
од мајка оставено
- на тебе ветено...



Пркос дива од мускулите ми никне
кога ми велиш – удави се,
а врат немаш да те задавам...


На брегот друг гробот ми e
почивалиште светло за победите
- награда...


И тебе ќе те препливам безимена реко
што од невекаде али во ноќта ми носиш
- црни али на алот мој господарки крунисани...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:28
КАКО ДЕЦА


Како деца нижевме тутун во вашата шупа
А јас доаѓав да ги нижам твоите насмевки...


Тоа лето твоите насмевки станаа необични,

понеобични од сите претходни лета,

а јас знаев дека и сите наредни

нема да го имаат нивното тогашно лице.



Лист по лист од кошевите

цела улица тутунот не собираше

јас судбината од насмевките твои си ја читав...



Воздухот во шупата зад вашата куќа

мирисаше на чесна сиромаштија,

но никаде немаше насмевки како твоите

поради која и сонцето порано изгреваше...



Лист по лист го диплевте тутунот

- зелени сни

на конец од мечти разнижувавте...



Лист по лист ти ги диплев насмевките,

на срмен конец од скриени погледи ги нижев:

татко ти зимата ја имаше во надежните очи

а јас размислував каков фустан за невеста би ти личел...



Со скапани домати катранот на крај го миевте

- јас така на прстите го оставав

сонот со твоите насмевки ми мирисаше...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 89101112 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.