IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 23>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:14
ПРИКАЗНА ЗА СОНОКРАТЦИТЕ

Бистрини кога заматуваа
матна врз матна натрупаа -
крајот да не се знае...


Преку дедо од прадедо
завештание ми е пратено
сонот да им го протолкувам

Црни птици од три страни довјасале
црни војски со смрт накитени
- црни молскавици во очите стрвни...

Планините волци се наполниле:
во исто дувло искотени
со три млека задоени...

Сал крвта глас имала за да пропишти...

Пишти крвта и во мене
и во тебе
од немоќ сонот да го протолкуваме.

Крајот не му се знае...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:14
ПРИКАЗНА ЗА НЕРОДЕНИТЕ

Гласот ваш во далечините
Ги пребројува вековите...

Сите се наброј:
Толку, колку што наследивме
и толку колку што ќе оставиме -
ни еден побел од другите
ни еден поцрн од другите,
од нож на арнаути распорени
од заб на волци растргнати
- чекори тешки низ времето...

Со каков чекор да се измериме
до вашето доаѓње...

Eден од друг поголеми
еден од друг позаслужни,
а омразата ни е фалба
а фалбата омраза
-еден на друг стрвници настрвени:

Туѓа солза образот ни го бразди
образот наш сеирџиски...

Навикнавте, свикнавте...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:12
ПРИКАЗНА ЗА ПРКОСНИЦИТЕ


Со крв дива – мастило
на пергамент од црни времиња
јарки светлини нанизи
место слатко за добросување
кога векот ќе го отвориме
и ќе се населиме
за да продолжиме

Точило од бури изделкано
пркосот ли им го острел...

А знаеле:
и ал трндафил на градите
пред венчавка китнеж да натокмат
во планините,
по дубравите
за жетварките и жетварите
синџирот што ги јадел…

На штрек карпа прекутрупа
сонот така го засониле
- мек килим за нозете ни …

Од почит калта да си ја избришевме
колку да ги испочитуваме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:12
ОВЕНАТ БУКЕТ


Утро е...

Ги берам првите расцутени мисли
со росата на последниот сон за тебе...

Зошто ли секогаш изумувам
дека вазната одамна е скршена...

Букетот овенува неразмирисан...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:11
PRICA O SVETLOZRACNIMA

Svi su te podjednako voljeli
Mislima im svetlozracnim
Ali u razlicitom snu te sanjali…

Vijeka nije bilo da dotjece
Crne suze reke su nabujale
Rane da ti operu…

Kolko se tvoje djece utopilo.
Na koju stranu kad nisu znali
- stramputicom ih mutna zahvatila

Zrakom od noza kandilo
Svetcima pred slavu sу palilи
Svjetlost su sami postali…

Crnila su opet ostala
Drugi da ih rastezu…

Skamenjeni krici po gorama
Krv se krvlju zakrvila
A jedna ih majka radjala…

I u kriku nam danasnjem
Krvave reke oganj raspaljuju…

Pa ciji smo ako svoji nismo…



препев - Дрински
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:10
брана(албански)

Digë

E kaluam natën bashk,
Qielli veror na dhuroi majet e pemës se qetësise,
Përderisa telat e tendosur të epidermës,
Muzikojnë trubadurët te dhimbjes.

Ti- lum me shtratë të thellë,
Nga vidërat që koha të ka shkelur,
Un- mur më i lartë se vetvetja,
Digë e ndërtuar prej pagjumësisë.

U shëndruam në liqe,
I përmbytem fushat mizore,
Të mbjellur me poezinë e perëndimit të diellit.



препев - Алма
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:10
ПРЕУСМЕРУВАЊЕ НА ВОЗОВИТЕ
На син ми МИКИ

За тебе и во најцрниот заборав ќе се вѕидам
и сите задоцнети возови ќе ги преусмерам
- ако колосек не останал, нов ќе создадам...

Сеуште имам коски што можат да затропаат
и кога ветриштата студени низ нив ќе просвират
со песната на последното зајдисонце на хоризонтот
од каде животот ќе заличи на позната панорама
од разгледница на одамна непостоечки град.

Ги чувствуваш ли полноќните возови на стравот во мене
или друг некој воз во сонот ти татни по шините
низ осланетите овоштарници на насмевките...

И овој ден го испративме со празна кошничка
како тажен Арлекин од сцена со угасени светла.
знаејќи дека утрото ќе ни ја остави преполна
со презреаните праски на ланската надеж
пред портата што од навика пак ќе ја отвориме...

Јас пак ќе ги преусмерувам црните возови на лудилото
да ми те остават бар во сонот да бидеш што не си...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:08
ПРИКАЗНА ЗА НАС


Можеш да ме наречеш Влав,
Србин, Турчин или Шиптар,
можеш и Грк и Татар да ме наречеш
и Македонец дури
но нема да ме навредиш...

Наречи ме и Кинез и Монгол,
наречи ме со кое било име
од слепилото што ќе ти се јави,
наречиме и Македонец, дури,
како сакаш наречи ме,
пак нема да ме навредиш...

Патник сум обичен
истиот пат го патуваме:
зад нас зората
пред нас залезот;
секој ден по една капка истекуваме
во истата земја , што не изрти
со нејзиното име во крвта
како белег...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:06
ДИГА

Прекарахме нощта заедно
- лятното небе ни предложи покров
от безгрижност
а в нас оркестрираха
остарелите трубадури на бала
по опънатите струни на кожите ни...

Ти - река с наглозгано корито
от видрите на времето което в теб газеше.
Аз - зид повисок от самия себе си.
Дига от безсъние иззидана.

Станахме езеро:
наводнихме обилно полето
посято с песента на изгрева.
препев -БОРИС
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:05
ЛИЦЕТО НА ЉУБОВТА

Што велиш
да и направиме лице на вистината:
и во лицето твоите очи
а во очите мојот поглед
па двајцата да гледаме исто...

Што велиш,
да и направиме лице на среќата:
и на лицето твоите усни
а во усните мојот здив
па двајцата исто да чувствуваме...

Што велиш
да и на направиме лице на болката:
и на лицето твоите солзи
а во солзите моите горчини
па еден крај друг да боледуваме...


Или, не вели ништо
сите нешта имаат две лица кога се прават
а едното секогаш не ни се допаѓа
- само љуби ме, ако можеш,
јас никогаш не најдов друго лице за љубовта...

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:02
ИЛУЗИИИ


Птицата секогаш ти ја промашува дланката
и слетува еден чекор зад тебе
на сувата гранка на надежта
дека еден ден ќе ти пее повторно,
кога сонцето ќе го полни воздухот
со мирисите на изгубената младост
во некое ново утро
со застоен вкус на непребол во очите...

Залудно се вртиш да ја фатиш
- нема ниту сува гранка
ниту птица на неа,
сами сме:
јас во тебе
ти во мене
и песната за птицата
што секогаш ја промашува твојата дланка...

Ништо не се повторува како што било,
ќе ти речам само,
како тоа да се најважните зборови
што си чекала да ги слушнеш,
чекајќи да надојде реката од моето срце
и да те удави со нова нежност
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:01
ОДАМНА ЗАБОРАВИВ


Одамна заборавив
како се станува пријател
со сам себе:
да си пружиш рака -
со сопствената насмевка
да се ракуваш,
збор да исковиш
- огледало,
душата во него да ја собереш:
да се препознаеш,
да те препознае...

Со какви музики
радоста да си ја премачкаш:
очите да си ги видиш
а да не се сопниш
од гранките на нечија болка
при секое ново пречекорување
на прагот на сопствената прескакулица,
зрак да фатиш
- огламник
та да се зауздиш
со узди трнливи во себе
додека времето не те прескокнало.

Одамна заборавив
како се станува пријател
со сам себе...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 09:00
РАЗМИНУВАЊЕ


Ти дојде
- Јас бев...

Го испразнив сето добредојде од очите
за да го симнам уморот од твојата душа.

И сакав:

сите твои модринки da ги положам
на дланка од лушпи на миризлива дуња
по рецептот на старите собирачи на јантар
од црните шуми на страданието...

Сигурен дека:

можам да ја препеам на јазикот на радоста
молитвата на испуканата зенја
кога сушата го јаде коренот на лебното жито
а птиците умираат
со слика на капка дожд во окото...

На крај:

ги собрав
сите твои модринки
во врзулче од дождлива ноќ
без обврска да ти ги вратам
и заминав...

Ти остана
- лушпа од миризлива дуња
под перница на која никој не сонува...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:59
СОСЕМА СВЕСНО

Се што најдов во твоите очи
беше старо – нова приказна,
одамна запишана под врбите
крај речното корито
од првите чергари што разгореле искри
во летна ноќ со мечти место желби
- мит што станал препознатлива судбина...

Под кој камен на страданието
го сокрив клучот, сам ти открив
за да ги отклучиш предкоморите на моето срце
оти само од таму можев да влезам во тебе
и да ги украдам сите тајни
од малечкото ковчеже на твојата осаменост


Некои ме судат за убиство со умисла
а јас само глумев сликар
на платното на твоите нестивнати страсти...

Го продаваш ли сеуште мојот автопортрет
осамен во празната галерија на твоите очи...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1011121314 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,188 секунди.