IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 23>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:20
ЗАДОЦНЕТА ПЕСНА


Го побарав твоето име
на картата на моите патешествија
- шифрирана кота со кодот на првиот бакнеж,
прв грев без покајание...

Го побарав и твојот мирис
во крошната на моите прецветени липи,
мирис на вознемирени пеперутки во ноќта
кога луната личеше на сребрено око
а ѕвездите се облекоа во кристалната музика
на твоите солзи од седеф, како огледала...

Црвените калинки на твоите насмевки
распукаа веднаш под правта
по сокачињата на мојата младост
како задоцнето ехо
на воздишки на стара мома
што ги испуштила сите возови на среќата,
чекајќи на друг перон,
со поништен билет за патување
во еден правец,
да се разбуди...

Тогаш, се побарав сам себе
во приказната за проколнатиот Нарцис
и си ги видов очите побелени од гордост
во раце на дете
што плаче по изгубените џамлии …
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:18
БОЈАТА НА СЕЌАВАЊЕТО


Се развлекувам со тешки чекори
по тротоарот што не завршува никаде...

Црвени и жолти лисја ми шумолат во очите
со прелив од песна на задоцнето будење...

Мирисаат есенски дождови
со мирисот на последните солзи
од твоите очи со боја на сеќавање...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:18
ПРЕСТРОЈУВАЊЕ


Моите години се престројуваат
на боиште без фортификации
во сосема нов ешалон
од десеткувани амбиции...

Некаде далеку
рикаат црните витези на стравот
оти сите претходни битки
биле генерална проба
и ниедна победа нема да влезе
во историјата
по сценариото
што го пишувавме заедно
кога верувавме дека сме посилни:
и од мечот на времето
и од забите на болката
и од тајфуните на животот...

Можеби последната битка
ќе биде вистинска
- ме плаши исходот...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:15
ПРЕКРШЕНА МИСЛА

Јас не помнам,веќе,
кога ја прекршив мислата за тебе
со препечен стап
од смешна урамнотеженост
на стивнатиот пој
на птиците на чувствата
и заспаната жед за крв
на скриените волци на гордоста,
но ја прекршив,
баш така,
како змија што се прекршува
- притаена осојница во камарката на умот
што сака срцето да го затруе...

Ја прекршив на распаќето
на ноќта и денот
кога мракот и светлината
се препознаваа еден во друг
а жуборот на крвта
се одбои од бојата на соковите
на прецветаните илузии
дека небото може да се допре
со обично поткревање на прсти
а зенјата е привремено свратилиште
на плашливите смртници
што се плашат да летаат...

Ја прекршив,
а сеуште стравот ми рие
дека ќе се исправи
и ќе ме касне...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:14
ЕСЕНСКИ СУШИ

Се распослале жолти
по полињата на моите недореци
есенските суши на зборот,
а нивите - несозреани
та неожнеани останеле
- семе запечено...

Печат прегорените мисли,
мирис на немирен спомен
погледот им го замаглува,
раскроено време
си го бара теркот
да исчезне од него...

Во сенка( на дрвја без плод )
ги мислам румените дождови,
што ме измамија
со песната на животот
да си ја расечам душата
- да те затворам во неа
за да изжртиш...

По полињата на болните недореци
се распослале жолти
есенските суши на зборот
- црни кукавици ...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:12
МЕСЕЧИНА
На Пенелопа..

Тивка и понизна месечино,
црн облак ти ја распорил насмевката
а јас чекам да наполнам со дождот
од твоите свенати радости до врв...

Не, не бил сонот за нас засонет
на мека перница од златни музики
-во црната кула на столчените надежи
чекаме да не убие ножот на немоќта
како двајца танчери во окото на времето
со чекор свикнат на ритамот на болката...

Ќе не пресоздаде дуго време, велам,
времето не е толку големо
тројцата да не пресоздаде, одговараш...

Кафезот е сплетен од мисли што сечат
а јас те имам само тебе.

тивка и понизна месечино моја...





БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:11
ХОЛОГРАМСКА ПЕСНА


Јас сакав да ги обележам патиштата
по прериите на земскиот рај
со имињата и датите на најголемите победи,
во твоите очи што ги извојував без меч,
тебе поинтересно ти беше
да вадиш имиња за птиците на твоите стравови
од некои чудни книги без корици,
колку да ги имаш по азабучен ред...

А знаевме, обајцата,
на крајот, сепак, ќе не победи мислата
дека сите победи и сите стравови
се холограмски одраз од некое време
што други го живееле пред нас...

Актерите нкогаш не се играат самите себе
во сопствената приказна...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:08
ЖИТИЕ



од циклусот „вистинска лага“



Во мојот свет огледалата се огледуваат во лицата
и имаат вљубен поглед кога се будат

Ветрот оптегнува виолинска жица
помеѓу два момента на отсутност на вистната.

Во мојот свет патот секогаш е пократок за една мисла
а мислата има две скриени должини на недорек...

Бессоницата ги буди црните танчерки на стравот
од една до друга воздишка на отечените утра...

Во мојот свет мракот ја бакнува светлината
и се обојува со звуците на задоцнетите чекори на среќата...

Не развлекувај ја границата на мојот свет
за да влезеш во него како ограбувач на оскрнавени лешеви...


И би крај, ден последен ( според светиот Адофон
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:07
ЗАЛУДНО


(од циклусот „Вистинска лага“ )

Бледнееме-
и сенките имаат повеќе боја во себе
кога шумолат ноќе
во огледалото на езерото

Со изморени чекори
одам од една до друга мисла за тебе
- ме управува навиката...

Ништо нема зад вратите на вистината,
вистината никогаш не ја спознавме...

Залудно ги отвораме...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:06
ЦРНИ НАРЦИСИ


крв

моја е
или твоја

не е важно

умираме обајцата
со мирис
на омраза
во крвта

црни нарсциси
во кафезот
на смрдливите хиени...

крв...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:05
НЕВАЖНО ВАЖНО


Што е важно дали е неважно
неважното важно
за важната неважност    

Што е важно дали е важно
кога важното секогаш е неважно
а важни се неважните важности

Што е важно дали е неважно
кога ништо друго не е важно
освен да бидеш важен поет
за неважна публика со кратка важност...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:04
ПРИКАЗНА ЗА НЕДОЈДЕНИТЕ
од циклусот „ПРИКАЗНИ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Са каква дума ќе ве дочекам
Со какви очи ќе ве погледнам
Завештанието ако го продадам...

За дочек, старите наши, кога слатко немале,
најзлатната дума од под јазик ја ваделе...

Им пиеле стрвно очи црните пци на уморот
и пак во нив сонце чувале гостите да си ги добросат...

И можеле – лута пиперка со ракија да мезат
а муабетот, чиниш, медовина од уста ко да им течел...

Од брег до брег смртта ја растргале
и пак ништо не продале, и пак сонот го чувале...

Од каква ли книга се описменивме
та не знаеме завештанието да го прочитаме....


Са каква дума ќе ве дочекам
со какви очи ќе ве погледнам
завештанието ако го продадам...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:03
НА КРАЈОТ


Ги изодив сите патишта на зборот
од ваму до таму
од таму до онаму...

Никаде крајот не го видов

Те сретнав тебе
- занемев...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Декември.2010 во 08:02
НИШАН


Го
кренав
превисоко
ншанот
на
зорот
-те
промашив...
ох
колку
близу
си
била...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1314151617 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.