IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - најдоброто од мајсторче62
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

најдоброто од мајсторче62

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 23>
Автор
Порака Обратен редослед
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:20
НЕМОЌ

На тебе, малечка моја...

Ни една разделба,
ни еден крај недокрајчен
Не болеле толку
колку црниот молк
На немите телали на кобта
Кога ги премостуваат бреговите
На раскинатата душа
Со мисла - чекор преѕемнат
По пат незнаен што се влечка....

Глас ти барам – не знам од кого,
Глас ти праќам – немам по кого
Гласот твој – плач стиват во виулица,
Гласот мој – мртво ехо од клисурата
Што никогаш не ја поминавме...

Уште стопати можам да те измислам
И до стопати уште да те создадам,
Но ќе бидеш ли иста, ко првиот пат?
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:19
ЖИВОТ ВО ТРОПИ

Со чук од инает им го сменив ликот
на сите метафори
и измислив емулзија за огледало
од седефени компарации
и огноотпорни параболи.
Во ритамот на твоето дишење
синестезиите станаа танчерки
и татнеж во крвта разбудија,
- Боја и мирис
на подиумот на страста сплотени...
Секое завивање на ветрот
беше ономатопеја
на гладот да се будам во твојот сон
како себична анафора
            а перницата,
            во која уморот ти истекуваше,
градација на една иста мисла
еден ист шепот
иста желба...
Асонанцо моја,
смислувајќи стихови за тебе
се измислив самиот себе
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:18
ПОТРОШЕНО ВРЕМЕ
На син ми


Кој ми те научи , мило, да пишуваш
со немуштиот јазик на болката
Та прашање во погледот си испишал
Што ме тера од немајкаде
кон предели штури сонот да го вртам?

Одговорот,мило, скелет ми е,
сред ветришта прав што ме држи
Го извадам ли, жив – нежив ќе се распаднам...

Кој ми те научи, мило, да ми пееш
со црните звуци на страданието
Та сред кошмар од кошмар да се будам
Кај што и смртта мило не сака
Постела за починка да си постеле...

Одговор, мило, молкот ти е
Сред тишина клета што ме кине
Дур од времето надаванка гнилa плетиме...

Ќе имам ли, мило, одборч
Времето да ти одборчам
Што себично ти го поарчив...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:18
МЕРКА

Сношти, на сон, мајстори тројца ми дојдоа
За гроб мерка да ми земат.
Јас песната последна им ја дадов,
што не стасав да ја напишав за тебе,
- Во неа сонот да ми го продолжат
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:17
ВЕНЕЦ

Дај ми го венецот на вистината
Може со трње, може со рози
Што е важно,
Сакам да го закитам љубопитсвото:
Може да годи
Може да боли;
Зар е тоа важно,
Дај ми го само тој животен венец
Од твоите красни мелодии сплетен
Што ги пееше ноќе
Кога ме маѓепсуваше...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:16
МУЗА

на неа, оти и останав должен

Ме роди жена, жена со сон во очите
и тивка приказна за животот на светулките
што издишувал меѓу капките роса
во ливадите на нејзиното детство...

Ме роди жена, жена со надрочени мисли
во кои само болката останала
да ги мрзне наутро расчаталените крвотоци
на обидите да се дофати мигот на среќата
што премногу блиску била.

Ме роди жена, жена - зрак светлина,
а јас во очите на нијанси ја разложив
како виножито над две црни планини
- црни думи недоречени...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:15
реИНКАРНАЦИИ

...на крајот
ќе ги обојам спомените
со музиката на твоите очи
и ќе заминам
во мојата четврта реинкарнација
да те сретнам повторно
во некое друго време
во некое друго место,
посреќна од овој живот
за сите насмевки што ти ги украдоа,

Со белегот на моите
недоречени зборови,
место бакнеж за добредојде,
ќе те дочекам,
па ќе се сторам вечност
а ти време без крај...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:12
ПОДАРОК
Еве ти ги, пеперутко моја,
Еве ти ги највисоките врвови
На мојата гордост...
За возврат ништо не барам
- само шанаса да ти подарам уште многу...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:12
ЧЕКАЈЌИ ГО ВЕТРОТ

Го дотуркавме каменот до врвот
-песок сме, глочки во срцата...

Наскоро ќе исчезнеме
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:11
ПАГАНИНИ

Твоето детско бубалче на копнежот
сеуште го бара Паганини по испуштените сижеа
на приказната на твојот живот,
јас, беден собирач на старо железо,
одамана го изгубив слухот за музика...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:07
НЕШТО ЌЕ ОСТАНЕ

Нешто ќе остане...
Нешто ќе остане да лебдее
во воздухот на летата што ќе дојдат!
Нешто ќе мириса со мирисот
на неискажаните зборови
во огнената пајажина на летните пладниња
што ќе се нижат како монистри,
една од друга поскожурени
од долгата трка со неизодот!
Нешто ќе ме допира
со здивот на твоја прва насмевка
на моето прво треперење
- на нашетота прво откривање
на румените водопади на зората ...
Нешто ќе остане...
Нешто ќе остане да пече:
нешто што не допрев со срцето,
нешто што не видов со душата,
нешто што не помирисав со очите...
Нешто некажано,
а од кажаното поболно што било...
Нешто сепак ќе остане...
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:05

ДИСИДЕНТНА ПЕСНА

Мојот сосед има една нога
Подолга од другата
И долго му трба да стаса од работа
До дома,
Одејќи преку три долги улици
И долго вдишувајќи ја радоста
Дека на децата и денес
Ќе им однесе топол леб.
Тој долго ќе кибицира,
Одморајќи ја долгата нога,
Ќе кибицира со долги далги
Продолжено задоволство
Во долгите ходници на душата,
Додека децата мачкаат на долгите рибанки леб
Пластови задолжен маргарин
Во маалската продавница.
Мојот сосед има поголем долг
Од мојот во сите маркети
Во кои пазарува
И со долги голтки го празни шишето
Со сливова ракија
Во долгите зимски ноќи
Крај ќумбетот во кој ги гори
Долгите беседи со долгите сенки
На долгите исчекувања
На задоцнетата инвалидска пензија
Долг е мојот сосед на одарот пружен
И никој не забележува дека
Едната нога му е подолга од другта
И никој долго не се задржува крај одарот
И никој не вели дека долго му требаше да го помине
Патот од фабриката до дома
Поскокнувајќи на долгата нога
Додека носеше долга векна топол леб
Кон прегратката на долгоочекуваната светлина
Долго ќе го помнаat мојот сосед
по долговите во супермаркетите
а јас по неговото долго изговарање
на зборот МАКЕДОНЕЦ.

БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:05
ДОБЛЕСТ

Да делиш, боли повеќе
отколку да губиш -
Биди цела,половино моја,
иако не за мене.
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
majstorce62 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
...

Регистриран: 23.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 4251
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај majstorce62 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Декември.2010 во 23:03
ИНАЕТ
( на Пенелопа)

Таго бисерна,
и твојот крст од поцрнет јантар
на грбот свиткан ќе го носам
и со песна во очите
ќе го изодам патот
до нашата Голгота
каде и да е...
ниту троскотот на болката
што се коти:
од семето
од коренот
од ластарите му,
во одот не ќе ме сопне
не ќе ги испие соковите
на мојата тврдоглавост
што ја калев во воздишките твои
како невешт чирак
во зачадената ковачница на судбината…
Насмевко угасена,
Ништо не е посветло од тебе
Во мракот што сака да не голтне…
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1516171819 23>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,234 секунди.