![]() |
|
најдоброто од мајсторче62 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 23> |
Автор | |
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
БАЛАДА ЗА ЖИВОТОТ
(на мојата Пенелопа) Ни една пролет немала толку нежност Во гласот на своето надоѓање Од пределите на замислените почетоци Каде секоја песна е кантата на вљубените А боите се распознаваат по името На сликарот на последното платно на судбинското прашање во кое се прекршуваат смислата и бесмислата... Мислев, сите магии на дланка ќе ти ги донесам Ќе те облечам во свилата на најсветлиот зарек, Мислев, со седефот од душата Ќе ги исполирам сите твои недоиграни игри И ги бакнував во мислите сите сокачиња По кои останале расфрланите парчиња Од твоето детство Како тажни кукли после препирка со најдобрата другарка... Тивко одѕвонува ехото на дамнешната радост Во темните длабочини на твојата болка А јас фатен, изулавен Со две раце во еден ракав протнати Ги бројам капките на времето Од стреата на избезумените мисли... Таго бисерна, Ништо не е повечно од тебе И толку беспомошно одминливо Во миговите кога сите сонови заличуваат На кревки стебленца исушена трева... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СРЕЌНА ПЕСНА
( На задоблачната светлина ) Задоблачна сончевина на моето небо Облакот со срмен вез е порабен А личи на среќа.... Песна сум Од мртва птица оставена Коријата ечи од стравот На изгубеното дете Што ги бара неосмислените игри Во гнилото лисје на вистината Се е толку едноставно недостижно: Игрите, Песната, Светлината Облакот со срмен вез на образот Ми ја открива најголемата тајна.... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДОЛГ
(На најсаканата) Стои времето -вода застоена, Бигор зборот дури мудрува Стои времето Зрак скаменет во мислата, Во лабораторијата на зборот... Лагите пеат сини псалми За гордите ангели на немоќта Вистината има вкус на забрането овошје Што скапува на дрвото Над гладниот опул на лудоста, Во лабораторијата на зборот... Посети ме Кога времето повтор ќе потече, Кога бигорот ќе стане килибар, Кога зракот ќе се усили во мракот, Посети ме во лабораторијата на зборот И потсети ме дека ти должам плод Од забранетото овошје... Не бери гајле и ако последниот е ... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СРЕДБА
Те видов, по два, или три века, пак те видов - Некој ги избришал нотите на утринското адаџо што потскокнуваа како мали лотки по далгите на твоите езерца кога плетевме килим од миризливите акорди на немирот бележани со сончевиот белег од пупката на неотворениот сон во едно време на кое намерно не му дадовме име оти сите имиња ги разименуваше во речникот на нашиот занес... Музико моја, По вторпат согорувам во твојата совршеност... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
НЕМОЌ
Долг е мостот на стравот Над два мига испружен Едниот мрак штосе лула Вториот црна дупка бескрајна Ветро влице ми дува Плунката ми ја враќа… |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ДИВОКОПАЧ
Не копај во шумата на сенките Кај што некој сличен на мене Ги закопал некогаш останките на сонот Не копај скриен, прикриен, Под плаштот на лагата стутулен... Не копај ни кога дозвола ќе добиеш, Ни кога тапијата на болот ќе ја наследиш И кога срцето ќе ти крвари со крвта Што ја оставив заради сличноста Со бојата на цветот Што не стасав да го одгледам... Не копај во шумата на сенките Кај што срцето си го закопав За да ме враќа со музиката На пролетните водопади По растрчаните ледини на тагата Каде штурат штурците на последниот сонет За реката на мојата одминливост... Не копај во шумата на сенките... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ТРАМПА
Како ровја нека ме ослепи светлината на мигот, нека ми го одземе видот:. прашина глочкава во очите, жетва без берикет, отчет на распната надеж сред бури нестивнати... Мигот – мисла прегладнета ден неразденет радост нерсцветана заталкан зрак сред шума од светлини... О, ти, преслатка измамничке, невенчана невесто на сонот, што умот ми го полниш со себеизеднина кога те нема - нахрани ми ја мислата, раздени ми го денот, расцветај ми ја радоста - ослепи ме и на образот на мракот пресликај го мигот зрачен, а потем - и мене однеси ме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЖИГОЛО
Пожолтените ридишта Разнижуваат монистри од воздишки, Ветрот разнесува коледарски огнови Низ мртвиот воздух… Дали времето е погрешно Или потпалувачот е некој заспан Талкач по неговите неизоднини Кој мора да си ја зврши работата Како недоквакан жиголо Што за грст фалби Ги распалува огништата Во сушните постели… Никој не ги сака потпалувачите, А нешто пријатно Се вовлекува под кожата Сепак... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗАДОЦНЕТИ ПАТНИЦИ
Ги стокмуваш ли усните како и тогаш Кога од коприните на сонот Шиеше проѕирни фустанчиња За куклите на твоите бакнежи, Толку немирно растрчани по ливадите На мојата срамежливост Толку топло задишани по нагорниците На моите обиди да излезам од детето Што копнееше да ѕирне во шивалната Во која твоите марифети Личеа на вештини на маѓосничар Моите бакнежи сеуште талкаат Од една до друга адреса, Како задоцнети патници низ времето Што и самото ги заборавило изворот И мигот на своето откровение, И го бараат волшепството Што остана заклучено во шивалната Во која никој повеќе не шие Проѕирни фустанчиња Со марифет на циркуски маѓосничар... А толку многу сакам да ти испратам Шишенце мирис на косено сено Од ливадите на мојата срамежливост... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ГРЕВОВИ
Не најдовме небо - да те покриеме Не најдовме сонце - да те огрееме Дожд не најдовме - раните да ти ги измиеме, а толку си мала... Ќе имаш ли земја Гревовите да ни ги покриеш? |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗА МЕНЕ, ЗА ТЕБЕ, ЗА СИТЕ НАС
Исушен корен - име без значење, Лоза - ластерите, чиниш, на број се сите А никој не ги брои веќе Никој свенот не им го пули... Број нема да ги обележи Во светата книга на родословието: Воздишките, Солзите, Крволеанките... Сите прекинувања И обесчестувања на проодот Им ги запишавме на небото Оти место за темел не најдовме И могила не им изѕидавме Та коските в спокој да им се сплотат А старите, велат, наши Мајстори на глас биле... Сувиот ветер на срамот Сеуште не носи По пустите ниви белосветски - зарем некаде можеме да никнеме... Што ќе си си Што ќе ти е сјајот Ѕвездо неименувана Заре саде со прест да те покажуваат... Ако не можеш Ако не можеме Во самопочитта да те сочуваме Жива во себе закопај се - и јас со тебе, Срам да не теглиме... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ПОТКОЖНО БУБАЛЧЕ
Моето поткожно бубалче има име што се римува со имињата на сите непрегорени пенушки на копнежот, на сите непресушени извори на надежта, на сите неизглодани коски на недосонот, на сите непремостени брегови на болот, на сите мои настојувања да ги разоткријам тајните на формулата по која прецизно се мешаат мирисите на окопнатите времиња со стравот што ме демнее од пештерите на темните планини... Моето поткожно бубалче ги прескокнува времињата со безгрижност на вљубена принцеза, во чија дијадема светат дијамантите на шегите со кои и ја скокоткам насмевката понежна од тулот на летните квечерини - необмислено со никаков концепт од книгите на војувањето на варварските племиња. Моето поткожно бубалче ги знае наизуст и на прсти, како молитва пред спиење, сите утоки во кои ги усовршував дарбите за ловење плашици во матно и ги сортира во класорите на недоиграните прескакулици од најскритите сокачиња на сонот за растење како монети од одамна исчезната цивилизација со истата важност како и тогаш, кога ги ковеле задоцнетите ковачите на среќата место клуч за митниците на големите победи. Моето поткожно бубалче... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
СЕНКА
Сенка сум, се влечкам пред себе и не се погледнувам... Сакам да се згазнам, да се поминам, да се престигнам но секогаш сум побрз од чекорот што сака да ги столчи контурите на новата намисла за отривање на закопаните монети на последните воини на светлината. Сенка сум... Безлична издолженост по плочникот на тврдоглавоста за три должини повеќе и подолго од вредноста што никогаш не ќе ја спознаам... |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
|
majstorce62 ![]() Сениор ![]() ![]() ... Регистриран: 23.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4251 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ЗБОРОТ НАШ, ПРЕУБАВ
Истриј му Ја калта од старечкото лице Со парталчиња од искинат сон истри му Ја, Во него сонце ќе пронајдеш - Сонцето наше низ патила пат што издлабило... Угреј Го на жарот што жари во срцето Со чеканите на љубовта исковај Го И сила на меч во жилите дај му... Потем... Потем, едноставно, источи Го На тивкото точилото на вечноста, Како што се точи секој меч За битки славоносни судбиносан, Да сече, да сотира пред себе се. Каков е таков е, Од мајка страдалничка аманет е. |
|
БИДИ СИ ГОСПОДАР НА СОПСТВЕНИОТ УМ
|
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 23> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |