Автор |
|
Renatax
Сениор
Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 26.Октомври.2010 во 17:05 |
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 29.Октомври.2010 во 13:28 |
Кривење кај кучињата
Кривењето кај кучињата може да се јави од која било причина што предизвикува болка во нозете. Секое намалување на способноста на животното да ја носи својата тежина, односно да ја оптоварува ногата или, пак, намалување на подвижноста и функцијата на нозете претставува куцање или кривење. Куцањето може да биде исклучително суптилна, тешко забележлива појава или, пак, длабоко, јасно изразено кривење на едната или повеќе нозе. Може да биде повремена или постојана, полоша во утринските часови или прекуноќ, исто така може да се влоши по одморање или по прошетка. Кривењето на кучињата не е поврзано со расата, полот, возраста. Може да се јави како резултат на повреда или да се јавува постепено како резултат на тумор на коските или околното ткиво. Основните причини за кривењето можат да бидат опасни за животот на кучето или, пак, можат да влијаат на квалитетот на животот, кој ќе биде проследен со повремени или постојани болки, како што е случај кај дисплазијата или артритисот. Симптомите се очигледна невозможност да оди или да трча нормално, цвилење при придвижување кое укажува на болка, неволност да изведува нормална активност, движење нагоре-надолу по скали, одбивање да ја оптовари болната нога со сопствената тежина. Историјата на болеста и ортопедскиот преглед овозможуваат лоцирање на болното место и понатамошен правец на дејствување. Доколку се лоцира промената, се врши радиографски преглед. Не секое кривење претставува ортопедски проблем. Доколку ветеринарот се сомнева на 'рбетниот мозок или нервите, се врши невролошко испитување. Во зависност од причините, третманот може да биде обично неколкудневно одморање од активности или ортопедска или невролошка хируршка интервенција, како, на пример, дисплазија на колковите или акутно интервертебрално истиснување на дискот. Кривењето кај кучињата како резултат на механички повреди е честа појава и сопствениците мораат да бидат внимателни при дневните активности на своите миленици.
|
 |
bijonse1
Сениор
bella Madonna
Регистриран: 14.Јануари.2009
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 16521
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Октомври.2010 во 15:35 |
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 31.Октомври.2010 во 16:08 |
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Декември.2010 во 17:41 |
Социјализација на кученцата
Во првите три недели од животот кучињата имаат основни животни потреби: храна, вода, загревање и рефлексна стимулација на уринирање и дефекација. И кучката инстинктивно реагира со лижење на кученцата, лежење настрана за да овозможи подобар пристап за доење, реакција при пискање на кученцата и др. Главен приоритет на сопственикот треба да биде да не ги вознемирува кучката и нејзините малечки. Во првата фаза по породувањето, кучката бара место за кое смета дека е соодветно за неа и нејзиниот пород. Тие најчесто избираат мали, затворени и топли простори, кои треба да бидат затемнети и изолирани. Со навршување на две-три недели старост, состојбата со однесувањето на кученцата се менува. Од моментот кога почнуваат да слушаат и да гледаат тие се истражуваат себеси и околината. Во овој период кучињата интензивно играат и го вежбаат инстинктивниот репертоар од социјални однесувања. Доколку кученцето се оттргне од леглото со шест недели или порано, во подоцнежниот живот може да манифестира неадекватен однос кон останатите кучиња. Ако кучето е многу поголемо или помало од останатите во леглото, може да се предизвика чуство на доминантност или покорност во понатамошниот живот кај другите кучиња, па дури и луѓе. Во периодот на социјализација мајката поминува сè помалку време со своето легло. Кученцата кои од својата трета недела старост имаат контакт со возрасни луѓе и деца, во подоцнежниот живот се многу подоверливи кон нив за разлика од оние што немаат или имаат ограничен контакт. Затоа е и важно во овој период тие да бидат дел од семејството на одгледувачот или сопственикот на кучката. Оние, пак, што се одгледувани во средина каде што не можат да ги запознаат околината и звуците и предметите што ќе ги опкружуваат во животот, обично покажуваат страв во подоцнежниот живот. Често пати ова е причина и за намалена способност за учење и примање команди. Се смета дека тенденцијата за истражување е најизразена во периодот од пет недели, па затоа е и најважно овој период на социјализација на кученцата да се искористи адекватно.
|
 |
sanja-a
Сениор
Only God Can Judge Me!
Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Декември.2010 во 18:02 |
|
Обожавам луѓе кои ме смеат. Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу. Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот. Одри Хепберн
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Декември.2010 во 21:58 |
Тренинг кај кученцата
Постои верување дека кученцата помлади од шеснаесет недели не треба да се вклучуваат во каква било програма за обука и во овој период би требало да се запознаат со околината и со членовите на семејството. Ставот се оправдува со верувањето дека каков било тренинг во овој период ќе има штетно влијание врз процесот на социјализација, особено кога дисциплината се користи за да се наметне кое однесување е прифатливо, а кое не. Меѓутоа, доколку тренингот на кучињата од оваа старосна група се спроведува адекватно, нема да има никакво влијание на социјализацијата. Менувањето на некои природни начини на однесување е неопходно поради потребата од приспособување на условите на живот во домот. Воспитувањето или обуката на кучето треба да започне веднаш по неговото пристигнување дома. Ова подразбира тренинг за создавање добри навики. Многу е полесно да се воспитува куче веднаш по пристигнувањето дома отколку да се остави да создаде лоши навики, па потоа да се менуваат. Кучето со старост од седум недели многу полесно и побрзо ќе се здобие со домашни навики отколку, да речеме, кучето кое има дванаесет недели и е донесено од одгледувачница, каде што веќе формирало навики да уринира и дефецира секаде. Создавањето добри навики кај кученцето со седум недели има голема предност поради фактот дека во овој период е многу лесно влијанието над него и учењето. Местото каде што ќе живее е негов нов дом, а домашните се негово ново семејство. Тоа на својот кучешки начин сака да допре до новиот сопственик барајќи љубов и сигурност. Под претпоставка дека кучето имало нормален процес на социјализација кај претходниот домаќин, потребни се само два-три дена за да побара заштита од новиот сопственик кога се плаши или кога ќе се соочи со нешто ново. Довербата и сигурноста од новиот сопственик се одлична основа за воспитување.
|
|
 |
brza
Сениор
Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 10.Декември.2010 во 22:59 |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein  Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
 |
brza
Сениор
Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Декември.2010 во 00:30 |
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein  Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
 |
Renatax
Сениор
Регистриран: 27.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 11613
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 12.Декември.2010 во 10:31 |
Леле Брза,па каде ги наоѓаш вакви?
|
Мирно движи се низ галамата и хаосот, секогаш имајќи на ум каков мир постои во тишината.
|
 |
brza
Сениор
Регистриран: 06.Февруари.2006
Локација: vidiFOTOupotpis
Статус: Офлајн
Поени: 34534
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 14.Декември.2010 во 20:30 |
aj...eve i edno doterano ....k'o za tebe: 
|
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein  Mokjta od sekogash privlekuvala lugje so nizok moral.-Albert Einstein
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 15.Декември.2010 во 06:38 |
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Декември.2010 во 13:42 |
Празнични совети за кучињата
Сите сакаме претстојните празници да ги минеме во добро расположение, а не со итни посети на ветеринар. Храната и украсите што го подобруваат нашето расположение можат да бидат опасни за здравјето и животот на нашите миленици. Храната богата со маснотии, како соковите од печено месо и маста, може да предизвика различни проблеми, од болка во стомакот до воспаление на панкреасот, што, пак, покрај другото, предизвикува повраќање на храната и дехидрација. Кучињата со сериозна состојба можат да бидат подложени на болнички третман. Алкохолот може да предизвика сериозни интоксикации кај кучињата. Оставените полупразни чаши со алкохолен пијалак се најчестиот начин на контакт. Чоколадите, кафето и чајот содржат ксантин, кој во поголеми количества е токсичен за организмот, предизвикувајќи нервни растројства и стимулација на срцевиот мускул. Особено треба да се обрне внимание на чоколадите за готвење, кои содржат најголема концентрација на ксантин. Коските од риба, месото, исто така, можат да предизвикаат проблеми, особено доколку се несоодветно приготвени и со несразмерна големина. Острите делови честопати можат да ги оштетат цревата или да предизвикаат перфорација. Цигарите и догорчињата, доколку се проголтаат, можат да предизвикаат труење во рок од петнаесет минути до еден час. Ова труење е придружено со возбуда, лигавење, повраќање и пролив. Растенијата што се употребуваат за украсување на домот при претстојните празници, како зелениката или божиковината, исто така, можат да предизвикаат труења, кои понекогаш се фатални. Доколку се проголтаат, игличките од новогодишната елка можат да предизвикаат механички повреди на цревата. Декоративните украси на елката се предизвик за секој миленик, така што е неопходно елката да се изолира од контакт, а на миленикот да му се даде неговата омилена играчка или новиот подарок, кој ќе му го оттргне вниманието од елката.
|
 |
bluebell
Сениор
the craziest
Регистриран: 14.Септември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 8041
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 24.Декември.2010 во 13:52 |
renatax напиша:
Леле Брза,па каде ги наоѓаш вакви?
|
Гледав избор за најгдо куче, секако некаде во Америка се одржува, изгледа ова се едни од шампионите! 
Изменето од bluebell - 24.Декември.2010 во 13:52
|
always look on the bright side of the life!
|
 |