![]() |
|
Окупација од Бугарската војска 1941 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2728293031 98> |
Автор | |||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Многу иритира ова болдираното, кога некој се обидува да ти пренесе директни сведоштва од предци, кои како што имам читано и како што се дискутира на темава се потврдуваат насекаде, а ти безмалку му викаш на соговорникот дека лаже! Усул имајте малку. Струмица е опожарена про повлекувањето на Грците, но ситуацијата со ништо не се подобрила ни со доаѓањето на Бугарите. Пожари немало, ама се правеле други зулуми. Народот тоа го памети, негирајте вие тука колку сакате. И Французите биле во Струмица, но за кратко. Струмица била и бомбардирана... тежок е овој наш период од историјата, но не е тука за дискутирање. Точно и за базата на Александров, врховистите исто така не ги паметат по добро во струмичкиот крај, но и тоа е друга тема. Изменето од Анастеа - 11.Септември.2010 во 17:43 |
|||||
![]() |
|||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Митологиризана свест од непосредни сведоци?! ![]() ![]() Ако умрев вчера немаше да знам дека и оние кои живееле во тој период живееле во митови и легенди.
Да, има. Кога пристигнале Бугарите во Охрид, отслужиле молебен на темелите на Црквата Свети Климент. Позитивно нешто е кажано за оние кои се придружиле на македонските партизани, дури и споменик имаат во Македонија. Баба ми сеуште говори позитивно за односот на нејзиниот бугарски учител кон дечињата во училиштето. Дури и името му го помни, Пенчо се викал. Ама затоа говори максимално негативно за бугарските војници. Додуша, сето маало каде што живеела, па и сета Македонија говори така за војниците.
Кај нас има само 3-4 филмови за бугарската окупација. Немаме толку многу филмови, повеќе имаше за лошите Германци, но и покрај тоа, бабите и дедовците никогаш не кажале лош збор за Германците. Напротив, дури имаше случаи, барем во Скопје, каде и се женеа и мажеа за Германци. Никогаш никој не кажал лош збор за Германците.
И кај нас дома влегувале Германците, но со таква почит, што народот не покажал ниту најмал отпор, независно што земале се што може да се употреби во воени цели, никогаш не направиле зло на народот. А Бугарите досадувале на жените, иако една сосетка на баба ми отворено му кажала што мисли, пуштале музика наутро, секое утро од участокот грмела во Скопје "Чакам те да дојдеш", запалиле црква, за крадење и да не говорам, секојдневна практика било тоа во Скопје, посебно во селата. Дури украле и момински чеиз од Чаир. ![]() ![]() Изменето од Македон - 11.Септември.2010 во 17:24 |
|||||
![]() |
|||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Нормално дека ќе говори за замена, ако децата учеле на стандардниот буагрски јазик и истиот бил наметнат во сите краишта. Да те потсетам на весниците кои се издавале во Македонија? На каков јазик, дури ако сакаш и дијалект, биле напишани? Каква историја се учела? Зарем постојано не му се трубело на народот дека е слободен и дека истиот треба што побргу да се ребугаризира, да исфрли се што е "српско", иако тие кои го говореле тоа ниту знаеле што е исконско македонско, што српско, а што бугарско. Да те потсетам дека некои биле тепани за песната Зора на слободата, други пцуени на мајката македонска, а во бугарската администрација донесени кадри од Бугарија? Тебе тоа на што ти наликува? Знам однапред, не ми одговарај, "ослобождение" и ништо друго. Дури и да ја пееле интернационалата, или некои други песни, за кои јас не знам, сепак, организирале протест каде говореле дека Македонија треба да биде на Македонците и бугарската војска ја пречекале како окупаторска. Тоа е факт и не може да го измените. |
|||||
![]() |
|||||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Снимката е од тук: http://www.panoramio.com/photo/24315405 Не знам много за периодот 1913-1919 година, но да го обрисуваш со наj черни краски, сигурно не е точно. Струмица е подпалена од Грците. После влегуването во границите на Бугариjа мирниот период е бил година и половина додека започнала І-вата светска воjна. А КОГА ИМА ВОЕНОТО ПОЛОЖЕНИЕ - НАСЕКАДЕ Е БИЛО ТЕШКО, НЕ САМО ВО СТРУМИЦА. Верно е што Струмица е била винаги близо до фронтот (мислам и Французите за малко са окупирали Струмица). Скептично сум настроен кон кажаното од тебе што "сеќавања кај народот за ѕверското однесување на бугарската власт од тој период". Знам што во овоj период Струмица е била главна база на ВМРО на Тодор Александров, од каде е правил акции во внатрешноста на Бановината. |
|||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||||
![]() |
|||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Или е создадена една митологизирана колективна меморија за лошите Бугари. Дали има некој јавно искажано еден барем позитивен спомен за некој бугарски окупатор. Ако нема, значи нешто не е во ред со сеќавањата. Пример од лично искуство. Целиот наш народ „се сеќаваше“ колку лоши биле Германците, секоја седмица имаше барем еден антифашистички филм кој не му даваше на народот да заборави дека германците се лошите, а Русите се нашите. Арно, ама и во нашето село доаѓале Германци и баба ми се сеќава како се радувале на магарињата и се сликале со нив и како поздравувале сите кои ги среќавале низ патот. Сеќават се и за Русите како грабеле кокошките и ракијата ... |
|||||
![]() |
|||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Toa да не е нешто за пофалба? Го малтретирале додека не умрел. Сепак, правдата била задоволена, Народниот суд им пресудил на џелатите и убијците. Изменето од Македон - 11.Септември.2010 во 17:06 |
|||||
![]() |
|||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Македоне, авторот пишува за искоренување на македонскиот јазик и ЗАМЕНА со бугарскиот. Тука му е грешката и му е проѕирна пропагандната цел. Бугарите тогаш ги сметале македонските дијалекти за бугарски. Нема логика некој да искоренува „бугарски“ дијалект. За администрацијата е друга работа.
Кажи ти за револуционерните песни! |
|||||
![]() |
|||||
чоли ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 15.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 2973 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Од истиот источник (стр. 489): Ни во деновите пред смртта, Сандо Масев не беше оставен на мир од бугарската власт. Тој беше постојано следен од агенти. Само два дена пред неговата смрт, кај него упаднал агентот Славчо Азманов и гледајќи го во каква тешка положба се наоѓа, барал да ги поткаже своите другари со зборовите: „Зошто тие да живеат кога ти ќе умреш? Кажи ги!" Сандо собрал последни сили да го изгони Азманова од својата соба. |
|||||
Мунгос - цензорот на Мисирков
|
|||||
![]() |
|||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
А бре Чоли, па и да ти донесам тука некој од неговите потомци (кои btw ми се соседи) да ти каже како и што било, ти пак нема да веруваш, нели? Сандо Масев починал директно од здравствени последици од ѕверското тепање во затворот, тоа е тоа. |
|||||
![]() |
|||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Интересно е што кажувањето на струмичани за Германците, Бугарите и односот на војската кон населението, како и односот на населението кон Германците и Бугарите, се совпаѓа со она што нашите баби и дедовци го кажуваат во Скопје, истото ми го кажаа и неколкумина Кумановци, а истото се говори и во другите градови, како и во Егејска Македонија особено во однос на крадењето, алчноста на бугарската војска и слично. А сето тоа, секако, е резултат на доживувањата на народот во тој мрачен период. ![]() Изменето од Македон - 11.Септември.2010 во 17:00 |
|||||
![]() |
|||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Тоа не знам и со оглед дека моите баби и дедовци што ми ги раскажувале настаните директно од прва рака, за жал одамна не се меѓу живите, па не ќе можам ни да се распрашам. |
|||||
![]() |
|||||
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
На кој јазик функционирал политичкиот систем, па и сиот општествен систем во сето Царство Бугарија? На стандардниот бугарски јазик, зарем не? Ќе те потсетам на сведоштвото на Трајчо Костов, кој говори дека Македонците не го разбирале бугарскиот јазик. Со самото наметнување на тој јазик во училиштата, се влијаело врз јазикот на децата и усвојување на туѓата, бугарска јазична норма. Изменето од Македон - 11.Септември.2010 во 16:53 |
|||||
![]() |
|||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Не според мене, ами според книгите, документите и според живите сведоци од тој период. Нема никакви измислици во книгата и многу сум ти благодарна што ја постави на темава ![]() Убаво си е објаснето во книгата и за Есперантското друштво, прочитај. Одиграло многу важна улога во активирањето на млади, прогресивни сили на политички план, подоцна и под директно влијание на партијата, и уште повеќе во борбата против германскиот и бугарскиот окупатор, затоа подоцна и застануваат на чело на народноослободителното движење во Струмица. Кај вас ако казват за рибата и ракот, кај нас кажуваат за бабата што лажела и трапот. |
|||||
![]() |
|||||
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
||||
Dobro. А кои биле револуционерните песни кои ги пееле антибугарските демонстранти? Јас претпоставувам Интернационала да пееле и тоа сигурно не било на македонски јазик. Кои би можеле да се другите? |
|||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 2728293031 98> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |