Автор |
Тема Пребарувај Опции за темата
|
Schatzii
Сениор
Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Септември.2010 во 20:11 |
1:0 за нашите
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
 |
Marko Polo 1
Сениор
venecijaner
Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Септември.2010 во 19:57 |
Ahaaaa... 3:1 za nas... Ama ne 1 za nas, tuku 3...
|
 |
LiDivio
Модератор
Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Септември.2010 во 19:38 |
Малодушно прогнозирам 0:0 за нас.
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 07.Септември.2010 во 17:17 |
Ерменија ќе го плаќа цехот од Братислава
По несреќната епизода од Братислава македонската фудбалска репрезентација вечерва, на дуелот со Ерменија, ќе се вади, односно, со победа ќе се обиде да фати приклучок со Ирска, Русија и Словачка кој ги запишаа првите три бода во нашата Б-квалификациска група.
Селекторот Мирсад Јонуз сеуште го нема преболено бодот од Братислава, и главен виновник за поразот го смета судијата од Швајцарија Клаудио Чиркета. - Поразот од Словачка дојде како сплет од неколку несреќни моменти, но и денес тврдам дека конечниот резултат го скрои главниот судија кој мораше да ги остави обете селекции да го доиграат резултатот во комплетен состав. Но така е тоа во фудбалот и сега сме свртени кон средбата со Ерменија, која е доста незгодна репрезентација . Од она што го видовме на дуелот со Ирска се работи за репрезентација која игра солидно во контранапад, но и со доста слабости во одбраната кои ние треба да ги искористиме. Носители на нивната игра се играчи од поранешната селекција до 19 години која играше на Европското првенство и која играше против македонската селекција до 21години кога јас ја предводев оваа репрезентација - изјави селекторот Мирсад Јонуз на вчерашната прес конференција, притоа најавувајќи измени во репрезентетивниот состав и враќање на стандардниот систем на игра. - Во однос на составот можам да најавам дека ќе има две до три измени во споредба со оној кој настапи против Словачка. Внесување на свежна во ваков циклус натпревари е неопходна, бидејќи секој натпревар бара максимум од играчите. Против Ерменците ќе настапиме во формација 4-3-3, значи со тројца напаѓачи. О)чекуваме Пандев да го чуваат двајца играчи и тој вишок на фудбалери да го искористиме. И Горан Пандев сеуште жали за поразот против Словачка -Сеуште не можам да поверувам дека го загубивме мечот во Словачка. Но тоа е фудбалот, сега мора да ги консолидираме редовите и да ги освоиме трите бода против Словаците - изјави капитенот Горан Пандев. Дефанзивецот Николче Новески е претпазлив и смета дека Ерменија не е за потценување. - Ерменија е добра и квалитетна селекција, која игра преку контранапади. Се надевам дека уште на стартот од натпреварот ќе поведеме и на крајот ќе оствариме добар и поволен резултат за нас." - посакува Новески. Натпреварот на Националната арена "Филип Втори" се игра со почеток во 20часот. Судиската четворка е од Норвешка на чело со Еспен Бернтсен. Вечетва ќе бидат отворени портите само на северната трибина. Картите се веќе во продажба во салоните Тугедер по цена од 100, 200 и 300 денари. (Т. З.)
***
Влатко Костов на селекторската клупа
На денешниот меч македонската репрезентација ќе ја предводи помошникот на Мирсад Јонуз, Влатко Костов. Ваков развој на настаните е како резултат на суспензијата од еден меч по исклучување на македонскиот селектор во Братислава.
|
 |
Santijago
Сениор
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF
Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 05.Септември.2010 во 03:51 |
Пуста судба наша
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
 |
Marko Polo 1
Сениор
venecijaner
Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2010 во 12:14 |
 Ajde ajde...
Mene sepak mi se dopadna igrata, imase nekoja zrelost i idea, makar sto se igrase na odbrana...
Da ne bese toa sudijata glup, kje izvadea bod...
|
 |
LiDivio
Модератор
Регистриран: 19.Мај.2010
Статус: Офлајн
Поени: 7265
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2010 во 08:46 |
|
 |
Schatzii
Сениор
Регистриран: 04.Мај.2010
Локација: Germany
Статус: Офлајн
Поени: 10600
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2010 во 02:21 |
Да ти одговорам
Кога врбата ќе роди грозје 
|
Dream what you want to dream;
Go where you want to go;
Be what you want to be,
because you have only one life and one chance to do all the things you want to do.
|
 |
gonzo
Сениор
Мачкозил
Регистриран: 04.Декември.2008
Локација: У дневну
Статус: Офлајн
Поени: 3137
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2010 во 02:18 |
Штета што не издржавме уште малку....
Koga ce procitam vakvo nesto, stvarno me ostava bez komentar...Da izdrzime vo sto...Da ne primime gol....ma daj...Sto ne bidat komentarite ' Steta sto ne postignavme gol'...
Do koga ce se samopotcenuvame...Ne go gledav natprevarot no mozam da se kladam deka sme se branele so bunker 80% od vremeto...Epa znaete koga ce imame rezultat so takva igra ... NIKOGAS...Da se nadevas deka protivnikot nema da postigne gol...cccc....Koga nie ce stvorime igra dostojna za edna reprezentacija, koga ce pocneme da igrame fudbal...
|
You have the right to remain silent. Anything you say will be misquoted, then used against you.
|
 |
KINGDAVID
Сениор
Solomon's father
Регистриран: 09.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9425
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 04.Септември.2010 во 01:33 |
Izgubivme...so Slovacka nikako da izlezeme na kraj. Kako se pogodi pak vo nasata grupa
|
 |
Santijago
Сениор
PubLiCenEmY LatInoLoVerBoY YNWA-LF
Регистриран: 17.Јануари.2008
Локација: Tuka be ...
Статус: Офлајн
Поени: 21002
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Септември.2010 во 23:19 |
Македонија поразена од Словачка во последните моментиСо старите желби и надежи, но и со старите навики најдобрата
македонска фудбалска репрезентација влезе во новиот предизвик. Не успеа
да ја оствари целта и со пораз од Словачка во Братислава, нашиот
национален состав вечерва го почна квалификацискиот циклус за пласман на
еврошампионатот во 2012.
Неполни пет минути ја делеа Македонија од реми на „Пасиенски“
стадионот во словачкиот главен град, против ривалот со кој досега имаше
многу непријатни спомени.
Беше на чекор да освои бод, а ако ги искористеше шансите можеше да
рефлектира и на полн погодок против просечниот противник, кој со
квалитетот не потврди дека пред два и пол месеца играше во
осминафиналето на мундијалот.
Се се распадна откако во 85-та минута поради задржување време втор жолт картон доби нашиот дефанзивец Ванче Шиков.
Притоа швајцарскиот судија Киркета на трибините го испрати и
селекторот Јонуз, кој втрча на теренот за да спречи конфликт меѓу
репрезентативците и арбитарот и противничките играчи.
Тоа влијаеше на концентрацијата во нашите редови, од што Словаците профитираа во првата од петте минути судиско продолжение.
Тогаш Холошко вешто ги казни некоординираноста на одбраната и нерешителноста на голманот Нурединовски.
Завршницата секако му припадна на домашниот тим, кој и пред погодокот
изврши силен притисок, при што пропушти неколку добри можности.
Најзрелите не ги искористија Хамшик во 77-та и на Јендришек во 84-та
минута, но сосема поинаков тек натпреварот можеше да добие, ако нашите
фудбалери беа поснаодливи пред голот на Словачка.
Во 71-та минута Ристиќ проигра со Пандев, кој остро биеше, но Муха
одбрани, а пет минути подоцна Тричковски и Георгиевски шутираа, но не
можеа да погодат во целта и покрај збунетоста на домашната одбрана.
Драматичното второ полувреме беше сосема спротивно од неинтересното
прво кое не донесе ниту една вистинска шанса, а единствениот прецизен
шут кон голот го имаше Тричковски.
Со нешто попретпазлива игра, нашиот тим ја одржа Словачка на
дистанца, иако на периоди играше и многу позатворено отколку што беше
потребно, посебно што и противникот воопшто не делуваше импресивно.
Проблемите што во најголем дел од средбата ни ги создаваа Шток и Вајс
не беа нерешливи, иако беше јасно дека будноста, внимателноста и
сигурноста на нашата одбрана нема да траат до бесконечност.
Штета што не издржавме уште малку. Вака, останува само надежта дека
неповолниот и незаслужен расплет на наша штета во Братислава нема да
влијае врз македонските фудбалери на наредниот меч, во вторник на
националната арена „Филип Втори“ во Скопје, кога првите бодови во
циклусот ќе ги очекуваме против селекцијата на Ерменија.
|
I'm out bcz of pathetic around here
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Септември.2010 во 13:36 |
Ќе бидеме задоволни и со реми
Македонските фудбалери со голема доза на оптимизам го стартуваат јубилејниот петти евроквалификациски циклус за шампионатот во Полска и Украина во 2012, и тоа вечерва кај Словачка (20.30) во рамките на групата Б. Словаците го уживаат најуспешниот репрезентативен период во својата историја, што го потврдија со пласманот во 1/8-финалето на Мундијалот во Јужна Африка, а згора на тоа имаат и позитивен скор против Македонија од три победи и само едно реми, без пораз. - Време е да го избегнеме тоа четврто место и да напредуваме, па зошто да не и меѓу најдобрите две селекции во групата. Овој тим предводен од Пандев и многу млади играчи е зрел за поголеми дострели, но имаме тешка група пред нас. Словачка е квалитетна селекција, а тоа го видовме на СП, но ние сме подготвени да дадеме се од себе и верувам дека ќе постигнеме гол што би ни гарантирало и позитивен скор - изјави селекторот Мирсад Јонуз. Нашата прва ѕезда Горан Пандев кој со приватен авион и се придружи на селекцијата од редовите на европскиот првак Интер, го дели мислењето на Јонуз, а додатна мотивација во овие квалификации гледа во честа да биде новиот капитен на тимот. Тој го посочи Марек Хамшик како најголема закана на Словаците, а самиот вети пожртвувана игра, иако не се чувствува во 100-процентна форма, бидејки само што почна Серија А. - Чест ми е што сум капитен и сметам дека е време конечно да направиме нешто повеќе од тоа четврто место. Групата не е атрактивна, но е квалитетна и не очекува тежок меч, на кој и реми би било голем успех. Подготвени сме и можеме да извлечеме поволен резултат - додаде Пандев. Македонија извади реми од 1:1 на последното гостување во Словачка во 2003, но овој состав изобилува со квалификациски дебитанти кои се желни за докажување. Од тој меч од пред седум години што се одигра во Жилина во тимот единствено се Пандев, Илчо Наумоски и Игор Митрески. Во нашата група Б освен Словачка се наоѓаат и Русија, Ирска, Андора и нашиот противник во вторник во Скопје, Ерменија. - Тешко е кога се отвораат квалификациите против квалитетна репрезентација како Словачка. Атмосферата е на високо ниво и деведесет проценти од играчите сме во добра форма. Сите сме активни во своите клубови и важно е да проработи нападот, а одбраната да ги затвори нивните странични позиции. Одлучивме дека е време е да се игра на резултат во квалификациите зошто оваа генерација која подолго време е заедно тоа го заслужува. Барем со бод ќе бидам презадоволен - додаде Митрески. Натпреварот Словачка - Македонија кој ќе започне во 20.30 часот, ќе води судиска тројка од Швајцарија на чело со Клаудио Чиркета. Исто така во групата Б ќе се сретнат Ерменија-Ирска и Андора-Русија.
***
Стојков повреден, Словаците без Витек и Оравец
Ацо Стојков нема да биде во план за настап против Словачка поради повредата на зглобот што веќе подолго време ја влече, а ја обнови во Малта. Најзвучното име што ќе недостасува во состав на Словачка е тоа на Роберт Витек исто така поради повреда, а домаќинот ќе биде и без Томаш Оравец. - Македонија има извонредни играчи и не очекува тврд натпревар . Верувам дека ќе дојдеме до победата. Ние сме хендикепирани со отсуството на Витек и на Оравец, а нивните места ќе ги заземат Филип Холошко и Ерик Јандришек - изјави селекторот на Словачка, Владимир Вајс.
***
Убиствата ја расипаа атмосферата
Натпреварот Словачка-Македонија не предизвика голем инерес меѓу домашните навивачи што резултира со бавната продажба на билетите и без некаква еуфорија низ главниот град. Улиците се попразни од вобичаеното, а за тоа најмногу придонесе инцидентот од минатата недела кога едно лице во вооружен напад усмрти шестмина случајни минувачи и повреди 14 останати
***
Влезниците по цена од 10 до 30 евра
Стадионот Пасијенки на кој ќе се одигра вечерашниот меч е со капацитет од 13.000 гледачи, но домаќините не очекуваат преполни трибини, односно околу 10.000. Цената на билетите се движи од 10 до 30 евра, а атмосферата нема да биде зачинета со популарните вувузели бидејќи УЕФА ги забрани за квалификаците.
|
 |
Marko Polo 1
Сениор
venecijaner
Регистриран: 20.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9693
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 03.Септември.2010 во 00:52 |
Da, ama respektot kje go ostavat u soblekuvalna, a nasite kje izlezat so opravdanje... kao po obicaj...
NIKAD ne bi im zameril i 5:0 da zagubat u dobra igra, ako pokazat srce i borba...
Aj kje vidime I  MAKEDONIJA
|
 |
емил
Сениор
зависник идивидовски
Регистриран: 11.Август.2009
Статус: Офлајн
Поени: 85186
|
Опции за коментарот
Благодарам(0)
Цитирај Одговор
Испратена: 02.Септември.2010 во 23:53 |
Словаците со голем респект кон Пандев
Во пресрет на утрешниот старт на квалификациите за ЕП 2012 против нашата фудбалска репрезентација, Словаците со резервирани изјави во нивните медиуми. Очигледно е дека најмногу внимание посветуваат на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев од кога ја очекуваат најголемата опасност кон нивниот гол. Селекторот Владимир Вајс истакнал дека Македонија не е атрактивен противник, но е многу опасен. - Македонската репрезентација не е атрактивна, но го имаат Горан Пандев од Интер, кој е одличен фудбалер. Убеден сум дека и против нас ќе го потврдат сиот свој квалитет. Ние мора да почнеме силно од првата минута и да дадеме максимум од нас за да победиме - изјавил Вајс. И искусниот напаѓач Холошко изјави дека Македонија е добра селекција, додавајќи: - Знаеме што не чека. Покажавме дека Словачка е добра репрезентација и мора да си го одбраниме угледот. Знаеме дека за Македонија игра Пандев и дека се незгоден ривал, но мора да се подготвиме на се. Што се однесува од нашата репрезентација селекторот Мирсад Јонуз вчера одржа полесен тренинг на кој се воигруваа варијанти, но и се правеа договори околку тактичките задачи на репрезентативците. Од оние репрезентативци од кои многу се очекува на овој натпревар сигурно е Филип Деспотовски кој против Словачка в петок по 12-ти пат ќе го облече репрезентативниот дрес: - Добро е што сите репрезентативци се здрави и во одлична атмосфера го одработивме денешниот тренинг. Што се однесува до мене се чувствувам супер , подготвен иако не сум со доволен број натпревари во украинското првенство. Инаку, Не очекува тежок меч, свесни сме со каков противник играме, традиционално незгоден кој не има совладано три пати. Имаат извонредни фудбалери во Шкртел, Вајс, Витек, Хамшик, но убеден сум дека и ние имаме оружје и квалитет да им се спротиставиме. Мислам дека доколку ја повториме играта како со Романците во Австрија кога прекинавме една незгодна традиција, тогаш вестите од Братислава ќе бидат поволни - изјави новото засилување на Интер од Баку. Денеска, во 13 часот, на стадионот Пасиенски селекторот Мирсад Јонуз и капитенот Горан Пандев ќе одржат прес конференција за македонските и словачките новинари. Веднаш потоа на прес ќе излезе и селекторот на Словачка.
|
 |