![]() |
|
Димитар Влахов |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 10> |
Автор | |
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
„Борбите на македонскиот народ“ ги знаеме, ама дали ги има некаде „Мемоарите“?
По Балканските војни револуционерната дејност ја продолжува во емиграција. Во своите „Мемоари“ пишува дека имал неповолно мислење за Димитрија Чуповски и неговата дејност во која се вели дека биле „во улога на руската завојувачка политика на Балканот во однос на Македонија и и дека за списанието „Македонски глас“ дека бил издаван со руски пари. Истотака, во своите „Мемоари“ пишува и за напорите кои биле правени уште од 1918 година во Одеса за признавање на Македонците. |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Мемоарите на интернет не можеш да ги најдеш, во книжарница ги има, јас ги имам дома. Критика на Чуповски не видов, од тоа што го прочитав ( не сум ја прочитал книгата до крај ), има мала критика на руската политика, но на онаа во времето на Советска Русија, за политиката на Царска Русија не знам, кога ќе прочитам, ќе кажам. Инаку Мемоарите говорат и за периодот пред Балканските војни, за НФП, за Кукуш и револуционерната дејност по Балканските војни, до 1935 година. |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
До сега мислев дека Влахов ја кажал вистината за потпишувањето на Мајскиот манифест. Сега се сомневам малку. Зошто да не му се верува на Александров?
Извештај од коресподентот на лондонскиот в. „Тајмс“, од 16 септември 1924 година, во врска со нашироко распространетите новини, дека ВМРО водела разговори со болшевиците „Во месец август имав случај да се сретнам ноќно време со Тодор Александров, во планините на Македонија, на извесно растојание од бугарската граница, каде што бевме обиколени од вооружени до заби комити. Сакав да знам дали македонската револуционерна организација е во сојуз со болшевиците, кои преку нивниот орган „Балканска Федерација“, што излегуваше во Виена, соопштија дека македонските лидери потпишале еден манифест кој ја поддржуваше наполни совестската политика, која го имаше за цел растурањето на сите балкански влади. Беше соопштено, дека двајца од членовите на македонскиот триумвират, Александров и Протогеров, дале формално побивање на тој манифест, кој беше објавен како лажен.Но единствениот начин да се имаат точни податоци беше да се обратам до самиот Александров. Како одговор на моето прашање, македонскиот лидер ми кажа: „Изјавувам, дека не сум го потпишал манифестот публикуван од весникот „Балканска Федерација“, кој му го припишува на Централниот Комитет на македонската организација. Никаков акт од тој вид не бил одобрен од мене. Ако таму се наоѓа мојот потпис, тој е фалсификат. Истото е и со потписот на Протогеров, кој исто така тврди, дека не го потпишал. Ние немаме никаква желба да се бориме против европскиот капитализам, кој што не не засега. Организацијата има своја цел, која што е ослободувањето на Македонија. Додека сум јас жив, ќе се спротивставам на секакво скршнување од тој пат и нема да дозволам да се користат нашите сили за цели, кои што ни се туѓи. Организацијата нема ништо заедничко со комунизмот и болшевизмот. Не одрекувам, дека болшевиците се обидоа на неколку пати да ја придобијат организацијата и секој пат иницијативата за преговори беше од нивна страна. По заповед на Москва, печатот на бугарската комунистичка партија престана да не напаѓа во 1922 год., и покрај тоа што ние не правевме постапки во таа смисла пред кого и да било. Во 1923 год. советски агенти ми предложија да стапиме во преговори. Јас тогаш поставив претходни услови: растурање на комунистичката банда на Пандурски, прекинување на органот „Ослободување“ и растурање на друштвата на македонските емигранти, приврзаници на комунистичката партија. Мојот ултиматум беше прифатен во август 1923 год., но во септември избувна бунтот на селаните и на комунистите во Бугарија и јас им објавив на комунистите, дека слични обиди ја комплицираат и без тоа мачната положба на Бугарија и дека тие, следствено, треба да се сметаат како штетни и полни со опасности. Во името на организацијата јас им дадов до знаење на комунистите, дека независноста на Бугарија е за нас многу драгоцена, и дека следствено, ние сме принудени да водиме беспоштедна борба против авторите на таквите обиди, кои што ние ќе ги сметаме како непријатели. Јасно е, дека после таа декларација преговорите не можеа да продолжат. Јас не го одрекувам суштествувањето, внатре во организацијата, на „леви“ елементи, коишто упорно настојуваат, дека после пет години ние ништо не сме добиле од Општеството на народите во Париз, Лондон, и дека, следствено, би требало да се разбереме со Москва. Под влијание на левите, но само по иницијатива на претставниците на Москва и Виена, преговорите се обновија во 1924 год. Претставниците на Советите бараа организацијата да го дозволи советизирањето на Бугарија и Македонија. Ние одговоривме, дека тоа беше неприфатливо за нас и преговорите останаа на тоа. Јас не сум имал разговори со Раковски во Лондон и не бил потпишан никаков споразум од нас. Информациите, публикувани на таа тема, произлегуваат од истиот извор како и манифестот. Повторувам, дека додека сум јас на чело на организацијата, таа нема да престане да се бори против болшевизмот, кој, според мене, е извонредно штетен за македонското движење. Пред неколку дена испратив едно ново предупредување до комунистите, дека организацијата нема намера да толерира комунистички преврати во Бугарија“. |
|
![]() |
|
mungos80 ![]() Модератор ![]() ![]() АНАРХИСТ Регистриран: 21.Октомври.2009 Статус: Офлајн Поени: 4330 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Многу добро размислување ![]() Дали ти воопшто го имаш прочитано манифестот ![]() Ако го имаш ме интересира што има во него што толку трееба да се негира ![]() Содржината на манифестот е македонска а е антибугарска,српска,грчка. Значи со самото одбивање да признае дека го потпишал овој документ тоа си ја отсктива маската ![]() Зошто Петар Шанданов ги прозива Т.А и А.П. во врска со манифестот ![]() Изменето од mungos80 - 29.Декември.2009 во 20:35 |
|
“Додека ние се боревме,мизерувавме и гиневме,некои од народните пари си купуваат куќи и трупаат богатство“ - Ѓорѓи Сугарев
|
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Тоа сакам да се изјасни. Дали навистина ја кажува вистината Влахов, или Александров ги лаже англиските новинари, одрекувајќи со се сили.
Реков дека до пред некое време мислев дека Влахов е во право, ама сега нешто ми е многу сумљив, имајич пред вид како си ја менјал народноста, се едно е нешто што можело да се купи и продаде. Немам јас одговор и барам некој позапознаен да каже кои се сведожтвата за полномошното од Александров и т. н. Ме интересира целата историја околу Мајскиот манифест.. И посебно околу неговото подпишување. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Темата е за Влахов - не забегувајте
|
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Д. Влахов:
„Чаулев беше убиен зашто сакаше чесно да му служи на својот народ. Чаулев беше убиен
зашто сакаше Македонската револуционерна организација да ги продолжи своите стари
традиции...“.
Оваа изјава мислам дека многу кажува за Мајскиот манифест, ако се земе в предвид дека Чаулев беше отстранет во септември 1924 година од ЦК, а набргу потоа и убиен, зар не? |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да каже некој друг, па и да молчиме и да се сомневаме во некои работи, ама да каже некој за друг, а да заборави дека во неговата историја се менувало јазик (од грчки на бугарски), каде преродбениците потекнуваат од грчки фамилии ( таткото и браќата на Априлов, а и не е само тој ), кои за Мајка Црква ја имале грчката Црква, е исто како што вели народната поговорка: му се насмеала куката на кривото дрво. |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ako se procita dokumentot, ke se vidi deka mozebi Aleksandrov ja kazuva vistinata, a Vlahov laze.
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() (Dostapno blagodarenie na Vancevtodor) |
|
![]() |
|
Македон ![]() Сениор ![]() Caesar Constantinus Регистриран: 20.Јули.2008 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 9928 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Напротив! Погледни го ова и кажи ми, какви се тие праа кои треба да им бидат дадени на Македонците? Тие се некакво малцинство? Нели тие во Бугарија не се одделно национално малцинство? П.С. Прочитај што вели Димитар Влахов за убиството на Петар Чаулев. Тоа дополнително говори за тоа кој е во право. Изменето од Македон - 24.Мај.2010 во 18:26 |
|
![]() |
|
Каснакоски ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 4758 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Mladoturskata revolucija vo Osmanskata imperija оd Jusuf Hamza Sega da poistrazhime i da vidime do koga D. Vlahov go vospituval svojot sin kako Bugarin i koga nastapil onoj prevraten moment koga mu kazhal SINE OD DENES NEMA DA SE CHUVSTVUVASH BUGARIN, KE SE POCHUVSTVUVASH MAKEDONEC. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Неможе некој друг да каже за Македонецот што е и каков е - ние знаеме и не одрекнуваме дека имало и многу Бугарофили од Македонија исто како што имаме и Македонци Муслимани(потурчени Македонци) но факт е дека Македонци постоеле и ке постојат без разлика на тоа колку соседите и домашните предавници сакаат да не нема
![]() |
|
![]() |
|
d4 b3 ![]() Сениор ![]() не можам да си дозволам неактуеленпотпис Регистриран: 19.Јуни.2010 Статус: Офлајн Поени: 4384 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
vo pravo si
treba jasno i glasnoi da gi stavite imenata na predavnicite za da ne se zamarame poveke koj kakov e |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 34567 10> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |