IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Уметност , култура и традиција
  Активни теми Активни теми RSS - СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СТИХОВИ КОИ ВЕ ДОПРЕЛЕ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 67>
Автор
Порака Обратен редослед
kejt-d-grejt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 6228
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај kejt-d-grejt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јули.2010 во 23:22
не сум го читала, само гуглав
ммммммм.... преубаво еда
Енџи мачко, ќе ја купиш или да ја купам
------------------------------------------------------------------------

Калил Џибран
За Пријателството…

 

„Вашиот пријател е задоволување на потребите.
Тој е ваше поле кое го сеете со љубов, а го жнеете со благодарност.
Тој е ваша трпеза и ваше огниште.
Бидејќи, доаѓате кај него гладни, и од него барате спокој.
Кога вашиот пријател го кажува своето мислење, не плашете се да кажете не, ниту да се воздржувате од да.
И кога тој молчи, вашето срце не престанува да го наслушнува неговото срце;
Бидејќи во пријателството без зборови, сите мисли, сите мечтаења, сите исчекувања се раѓаат и се делат со радост што не се искажува.
Кога се збогувате со пријателот, не растажувајте се;
Бидејќи, она што најмногу го сакате во него, може да биде појасно кога е отсутен, како што планината на планинарот му е појасна од долината.
И нека во пријателството нема други цели, освен продлабочување на духот.
Бидејќи, љубовта која бара што било друго освен исполнување на сопствените тајни не е љубов туку фрлена мрежа: го фаќа само тоа што е бескорисно.
И нека вашето најдобро биде за пријателот.
И ако мора да ја запознае вашата осека, нека ја запознае и вашата плима.
Бидејќи, зошто ви е пријател од кого би барале со вас да го убива времето?
Побарајте го секогаш за да го оживеете времето.
Бидејќи, негово е да ви ја исполни потребата, а не празнината;
И нека во убавината на пријателството има смеа, и поделба на радоста.
Бидејќи, во свежината на малите нешта срцето го наоѓа своето утро и се закрепнува.“




Изменето од kejt-d-grejt - 07.Јули.2010 во 23:25
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Јули.2010 во 02:42
        УМИЛКУВАЊЕ

Ќе ги отпретам сите горештини од мојата глава,
ко суво дрво на сува рида ќе ги заковам,
ќе те претплатам на вечна љубов и вечни времиња
и ќе те љубам и губам и во пости и пред гости
-само да ме сакаш

Ќе ги поткупам сите човечки сетила и патила,
сите светлосни преѓи песијазол ќе ги врзам,
сите денови и ноќо на својот почеток ќе ги вратам,
ќе ти дадам се што е солено и молено
-само да ме сакаш

Ќе спијам во движење,
сенката своја ќе ја прескокнам,
ќе ги затнам сите извори,се што гори ќе отворам.
Ќенаправам да не се знае кај е лево и десно
ќе ти наберам ѕвезди,ќе ти влепам шлаканица
-само да ме сакаш

Ќе го шпионирам сите крадци на твоите часови.
Ќе ги исфрлам од употреба страните на светот.
И светот по црна ноќ,одмижанка ќе го истрчам
и ќе те фалам и кудам пред сите небеса
-само да ме сакаш.

Кај ќе стасам ќе разделам топло и студено,
на шеќерот ќе му забранам да се споредува со тебе,
не ќе оставам растојание што ќе биде меѓу нас.
Со ова што го велам и слепо и глуво ќе изцелам
-само да ме сакаш






И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 01.Јули.2010 во 02:23
                        Ти направи нешто
                               што се прави еднаш


Мојот лелек нема лек и заздравување,
како и гласот твој по кој
ти ги познавав зборовите.
Барем да можеш некако да потстанеш
и да ми го дадеш лицето да го поносам
и со твоите очи да видам,се да видам
и со твојата уста малку да позборувам
да ми каже се што има и што имаш.
Дали смртта е потешка од животот
дали таа има и од она тој што нема,
дали и во смртта сонуваш и се будиш
или сон ти беше само овој живот ваму.
Оти јас ти запалив свеќа најголема
за да не се сокопаш во длабоки темници,
за да не појдеш без овдешната светлина.
И ти ја отпетлав сета облека
-кошулата и елекот,палтото и палиската
за да не ти биде запетлана душата
во мртвото тело,во голомтазицата,
за се видливо што стои во невидливото.
И ти ги одбрзав ременот и чевлите,
часовникот,реденикот,ножот и ножницата
за да не ти биде подврзан патот
само в оземјата,за вечната куќа.
Ти направи едно што се прави еднаш
се што фалеше го исфрли од употреба,
а јас сакам да те викам да ми кажеш;
дали таму господ е поблиску или подалеку,
дали таму гледаш се што ние гледаме,
дали ти не слушаш,а ние тебе не можеме
дали и таму е поделена нашата татковина?
Дали таму најде да се смешаш со луѓе
или само смртта по смртта ти остана,
или душата веќе ти се гнаси од телото
што беше нејзино и лице и облека.
И уште да ми кажеш кај да се чекаме,
како и каде да се причекаме?.....
Но ниедна смисла не ми влегува в озборот,
ми се враќа назат,се откажува од него.
О,колку е мачно се да думаш,да паметиш,
а веќе на ништо да неможеш да се сетиш.

Петре М. Андеевски
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
sneska_v Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 05.Јуни.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3455
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sneska_v Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Јуни.2010 во 22:27
Помеѓу деновите

Помеѓу деновите
јас чекам
да престане дождот
овошјето во мојата кујна да созрее
а потоа да згние. Додека облеката
во мојот плакар
чека да ја намалам
тежината. Романот
во мене чека, додека јас
се трудам да го надминам
мојот страв. Матката
чека да биде исполнета.
Мојата инсомнија
го чека сонот да дојде.
Помеѓу деновите
чекање
автобусите пристигнуваат
авионите заминуваат
летото доаѓа и се губи.

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 23:25
секој стих ме враќа на некои спомени...
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 23:24
aaaaaaaaaaaaaaa
mi pravis ti tuka stihozbirka смеење
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 23:22
ти падна снегулка во окото и остана таму засекогаш...
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 14:15


.

кога во болка сакам
времето да ми го врати
тој, во кој и не верувам
и тој место мене да пати
ништо не се случува

.

а што да се случи?

.

а кога со насмевка сакам
времето да ми го остави
тој, во кој и не верувам
да нема што да ми врати
на крај пак исчезнува

.

а што ако остане?
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
Anthony Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 17.Декември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3379
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anthony Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 08:49

Doagas oblecena vo mirisi
Na zumbuli nabrani vo
Tugi gradini
It’s nice to be important....it’s   important to be nice!
Кон врв
mrzla Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
натурална девојка

Регистриран: 14.Мај.2008
Статус: Офлајн
Поени: 13330
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mrzla Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Јуни.2010 во 02:48
              Последната слатка смрт




Не ми припаѓаш.
Исто како стиховите
што никогаш не ми
паднале на ум.
Две коцки чоколада
на твоите горчливи усни.
Го горам пелинот во тебе.
Го креваш ножот кон мене.
Ми ја осмислуваш
последната слатка смрт,
додека јас откривам дека
сум лесно делив на
еден што те љуби,
друг што те мрази.
трет што совршено те познава,
четврт што посакува никогаш
да не те запознал.
Во таа оргија
те убивам со разуздан смев,
те оплакувам, те составувам,
те оживувам и пак те убивам.
Дали така ќе те одучам
од тоа проклето “збогум”?     


ах бре Qventin
И бричот падна на колена пред зборот:

Те преколкувам кажи како да се наострам како тебе,сакам да колам без да пуштам крв
Кон врв
sanja-a Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Only God Can Judge Me!

Регистриран: 12.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 13457
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sanja-a Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 23.Јуни.2010 во 19:37


јас немам ништо

само насмевка

а и таа не е бог знае што

.

јас немам ништо

само своја песна

а и таа звучи помалку фалш

.

јас немам ништо

само една бајка

а и на таа не го знам крајот

.

јас немам ништо

а можеби некогаш имав се‘

а и така не помнам, а требаше, нели? фак
Обожавам луѓе кои ме смеат.
Искрено, мислам дека смеењето е нешто што го сакам најмногу.
Тоа лечи многу болести. Можеби тоа е најважното нешто кај човекот.
Одри Хепберн
Кон врв
anakin Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Unidentified Flying Object

Регистриран: 08.Август.2005
Локација: Machku Pichku
Статус: Офлајн
Поени: 18535
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај anakin Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2010 во 10:08
Originally posted by Tiggy Vicious Tiggy Vicious напиша:

Ме бараш да не ме најдеш,
песна напиша да не разберам,
пееш песни на многу повисока октава,
а јас не можам да ја испеам.



kaj ja iskopa ziv ti seплазење
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.

Кон врв
Tiggy Vicious Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Consume. Be silent. Die.

Регистриран: 27.Октомври.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6238
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Tiggy Vicious Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 22.Јуни.2010 во 01:29
Ме бараш да не ме најдеш,
песна напиша да не разберам,
пееш песни на многу повисока октава,
а јас не можам да ја испеам.

What the hell is going on?
-The cruelest dream, reality
Кон врв
Hedonistka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Shapeshifter

Регистриран: 17.Јуни.2010
Статус: Офлајн
Поени: 282
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Hedonistka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Јуни.2010 во 23:43
Глупоста, грешката и скржавоста се збрани
во нашиот дух; низ нас секоја од нив рове;
ние си ја храниме нашата лоша совест
како гадинките питачот што си ги храни.
toa i ova
Здодевност е тоа! Со солзи порој матен
в око, таа во соништа за бесилка чмае.
Тоа нежно чудовиште ти добро го знаеш,
ти, дволичен читателу, — ближен мој — ти, брате!.
If you are reading this, get a life!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 2728293031 67>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,125 секунди.