IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Политика и вести
  Активни теми Активни теми RSS - СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

СКОПЈЕ 2014 или ЛУНА ПАРК '14

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 229>
Автор
Порака
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 12:23
на баналностите никогаш крај ............ мислам оние кои доаѓаат од мене ........ за разлика од оние кои пишуваат исклучиво“ издржани “ текстови ........... елем , работите никако да тргнат по нагорна линија ...... за возљубениот и неговото стадо ......... таман тука ни појаснија од неопходноста на проектот , ете ти нов проблем ......... стечајците .......... истата онаа група луѓе која под воство на шминкерот подоцнежен наш амбасадор во уса , спиеше пред собранието и која наголемо допринесе за паѓање на рејтингот на сега веќе опозициската сдсм ........ најавуваат повторно кампирање пред собранието и тоа во моменти кога возљубениот има намера да потроши “ само “ 200 милиони евра буџетски пари за почеток ( кои ги нема ) ......... па добро бе , овој народ кога ќе свати дека државата не е хуманитарна организација и дека нема пари за фрлање во хуманитарни цели ............. срамота бре и овие што му прават сопки на возљубениот токму сега кога е во период на творење и кога музите на уметноста не му даваат мир голема%20насмевка
 
 

Проблемите на стечајците се селат пред владата?

Сашка Цветковска Коментари (0)   
15.02.2010 18:59



 

Со петте деца и овие две пластични ќеси кои го претставуваат сиот имот на оваа двојка, Сашо и Билјана Трајковски денес излегоа пред владата. Не за да штрајкуваат, туку за да живеат. Немаат куќа, немаат пари за кирија, немаат работа.

Живеат по улици, по пријатели, кога како ќе се снајдат. А за апсурдот да биде поголем, државата не им одобрила ниту социјална помош.

„Социјална помош не земаме три години. Сите документи што требаше да ги однесеме, директорката Гордана ги прими. Се што требаше, не знам зошто, по која вина, по нивна вина, не добиваме социјална помош“, вели Билјана Трајковска.

Петте деца, од кои едното има само седумнаесет месеци, не одат редовно на училиште. Кога имаат сместување ги праќаат, кога немаат талкаат со нив во потрага по добри луѓе кои можат да ги примат. А болна е и ќерката. Болеста ја добила пред извесно време, кога подолг период морале да спијат под ведро небо.

„Девојчето е болно од ова што се случи. Од октомври наваму се е под дејство на лекови“, рече Сашо Трајковски.

Сашо протестира со стечајците од Куманово. Порано работел во градежната компанија Маврово. По нејзината приватизација неколку години е без работа. Повеќе пати барале помош од државата. Одел и кај пратениците од власта избрани во Куманово, но освен еден пакет со храна досега не добил ништо.

„Многу сум лута што пратениците од Куманово не сакаат да не ислушаат. Не повикаа еднаш и ни рекоа пред Нова Година дека се ќе се среди. Му кажавме на пратеникот Поп Арсов, а тој не не ни ислуша“, изјави Билјана Трајковска.

Денес претставници од владата го примија семејството. Им ветиле дека ќе размислат како да им помогнат, а тие за тоа време да се вратат во Куманово. Сашо ги послушал, но вели трпение нема. Сега пак е во зградата каде што се штрајкува во Куманово. Ако не чуе одговор За два дена се враќа за дефинитивно тука да живее. А две недели подоцна, на втори Март ќе му се придружат стечајците од цела република, кои ги загубиле работните места за време на приватизациите на фирмите во кои работеле.



Изменето од Анастеа - 16.Февруари.2010 во 14:19
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 12:41
Ги гледам вчера на Код Фиренчаните, господа, уживаат. Има народ кој плаќа милионски суми за тие да печалат, да плаќаат даноци, да се развиваат.

Кон врв
fichot Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 26.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 783
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај fichot Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 14:10
Originally posted by Анастеа Анастеа напиша:

Митре, Марија не се обрати кон никој од членовите туку коментарот е во контекст на групата протестанти кои се наведени во текстот, не гледам потреба некој од членовите да се пронајде во истата група?Секој има право да пренесе текст од јавно гласило со кој се збогатуваат дискусиите а се во контекст на темите, впрочем некои такви готови тестови и ти сам ги пофали.намигнување


А дали мислиш дека доколку некој од членовите бил дел од протестантите, а себеси не се наоѓа во споменатите етикети има право да го изрази своето незадоволство од неправедниот однос?
Инаку, кога се пренесува текст од друг извор, дали делумно дали целосно, етички е да се наведе изворот т.е. авторот на истиот текст.

А самиот текст (оригинален или пренесен) е толку вообичаен (неколку години владее една пропаганда која цели кон тоа да сите што се против власта се етикетираат како сдс, сорос, геј, атеисти итн.) што не мислам дека нормален, здрав, прав, интелегентен човек би требало да го земе в предвид. Само дали не има уште такви?
ИМО, немасовноста на протестите ја гледам во следниве причини:
1*. недоволна информираност
2. никакви протести, колку и да биле масовни или не, не вродиле со плод у државава и
3. страв од нелегитимен контра-протест (налик оној ланскиот со крстоносците)
_____
* причините не се наредени по важност.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 14:18
Толку ли неможете да напишете лични мислења за проектот? Па ај сега ќе трчаме по кој што кажал и напишал по медиумите??!?!?!
Јас кога пишував постови не копирав од никаде и од никого... Дајте малце свест и сопствено размислување....
Зошто не ми се реплицираше на постовите со ваше лично размислување? Немате контраргументи, ете зошто. Зборам за тие што ги прозвав индиректно да ми дадат контрааргументи на моите претходни постови...

И пак ќе кажам.

Овој проект во овој облик, изглед, и во ова време е комплетно зло за нашиот народ. Аргументите зошто и како сум стигнал до ова мое ЛИЧНО РАЗМИСЛУВАЊЕ ги имате една, две страни поназад.
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 14:36
После постот за петчленото семејство ве повикувам повторно да си продолжите со вашите намери, за шеткање по кејот, покажување на градбите на вашите гости (во стилот коњ за трка), и на раат да си дринкате кафенце на кејот... А луѓево ќе продолжат да бараат корка лепче....

Срамота... Не е само овој случај... Ако само малце ја подадете главата лево десно, од вашата коронка на гламур и сјај, ќе видите огромно црнило низ државата... Жално е што тоа не е мал процент, туку напротив огромен процент во државава....

ПРОДОЛЖЕТЕ СО ВЕСЕЛО ШЕТКАЊЕ ПО СКОПЈЕ 2014....
не
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 14:36
Originally posted by fichot fichot напиша:


А дали мислиш дека доколку некој од членовите бил дел од протестантите, а себеси не се наоѓа во споменатите етикети има право да го изрази своето незадоволство од неправедниот однос?


Секако дека има право!
Сакав само да забележам дека коментарот на Марија е по текстот.

За другото во твојот коментар донекаде се согласувам.
Факт е дека кај нас поимот “граѓански“ сектор скоро воопшто да не функционира онака како што би требал да функционира, токму поради базичната причина дека најголем дел од овие здруженија никнуваат преку ноќ, по потреба (и на власта и на опозицијата), од политички мотиви и финансирани најчесто со капитал од политичко потекло. Затоа и целите им се такви, скоро исклучиво политички (напад или одбрана на власта), додека граѓанските интереси се скоро занемарени и се губат некаде на маргините од таа битка.

Но, тоа е друга тема, да не навлегуваме тука...
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 15:16
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Толку ли неможете да напишете лични мислења за проектот?


Пријателе, читам неколку денови, ти паднаа рацете од пишување и сеуште немаш одговор на прашањата.

Само ќе кажам: човек почина пред очите на целата јавност, зашто ниедна болница не сакала да го прими. Колку бедно звучат сите оние реченици: сите 'бенчмаркови' се исполнети, спремни сме за влез во ЕУ, само треба да го решиме спорот за името..

Мене лично ми се допаѓа проектот. Проблемот не ми е дали ќе бидат пренатрупани спомениците или дали ќе се потрошат многу пари..тие пари секако ќе исчезнат, вака барем ќе има нешто изградено..редно беше и ние малку историјата и корените да си ги покажеме. Проблемот е во тајмингот..и во начинот, можеше Владата полека, полека, без многу помпа да си гради, а паралелно да среди некоја болница, некое училиште..

како и да е, ако Владата греши, ќе биде казнета на следните избори..
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:22
Originally posted by ThePPPTrooper ThePPPTrooper напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

Толку ли неможете да напишете лични мислења за проектот?


Пријателе, читам неколку денови, ти паднаа рацете од пишување и сеуште немаш одговор на прашањата.


Па нормално бе пријателе, кога секој можен аргумент е само од типот ако не си со нив, тогаш си по автоматизам непријател и од типот ќе изгледа убаво...

Originally posted by ThePPPTrooper ThePPPTrooper напиша:

Само ќе кажам: човек почина пред очите на целата јавност, зашто ниедна болница не сакала да го прими. Колку бедно звучат сите оние реченици: сите 'бенчмаркови' се исполнети, спремни сме за влез во ЕУ, само треба да го решиме спорот за името..


крајно трагични изјави при енормни проблеми, пропусти и грешки во нивното работење...Ако се стремиме кон ЕУ, тогаш да функционираме на ЕУ начин... Министерот треба да си даде оставка после ваков пропуст, инцидент или грешка...

Originally posted by ThePPPTrooper ThePPPTrooper напиша:

редно беше и ние малку историјата и корените да си ги покажеме. Проблемот е во тајмингот..и во начинот, можеше Владата полека, полека, без многу помпа да си гради, а паралелно да среди некоја болница, некое училиште..


историја и корени преку триумфална капија и грчко римски стил не се покажува... класичен плагијат.
Срамота е при толкави проблеми, државата да гради се и сешто, а при тоа ставајќи ги во втор план, или целосно занемарувајќи ги главните проблеми. За се што им е по кеиф ќе си најдат пари, а за се останато нема пари...Или толку им се можностите, па на крај ќе влезат во историјата на државава, под името Градители...т.е скулпторска влада..


Originally posted by ThePPPTrooper ThePPPTrooper напиша:

како и да е, ако Владата греши, ќе биде казнета на следните избори..


јас лично прв ќе гласам против, иако не сум воопшто симпатизер или партиски обоен.

The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:35
Доста со лични префрлања, секој има право на мислење, без да се нарекувате -овци, слепци, безумни!...
 
По не знам кој пат - дискутирајте за проектот и задржете се на ставовите на дискутантите, без навредливи квалификации за нивните личности.


Изменето од Анастеа - 16.Февруари.2010 во 16:42
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:49
Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

историја и корени преку триумфална капија и грчко римски стил не се покажува... класичен плагијат.Срамота е при толкави проблеми, државата да гради се и сешто, а при тоа ставајќи ги во втор план, или целосно занемарувајќи ги главните проблеми. За се што им е по кеиф ќе си најдат пари, а за се останато нема пари...Или толку им се можностите, па на крај ќе влезат во историјата на државава, под името Градители...т.е скулпторска влада..


Мислев на спомениците од Александар, Ченто...за некои делови од проектот не можам да кажувам, веројатно тој што го изработувал проектот си знае. Јас сеуште сум поддржувач на владеачката партија, но кредитите се трошат..искрено не знам каков е планот на Владата, потезиве се малку збунувачки..на пример, никако да се купат нови автобуси (не дека заслужува дел од народов, ќе ги испокршат одма). Или уште подобро, мал дел од овие пари можеа да се потрошат за ваучери за апсолевентите, можеа да ја спасат Swed Milk (знам дека не беше нивна обврска, но можеа да соберат доста поени со тој потег, плус ќе го спасеа млекарството..има луѓе на кои им се должи по 20 000 евра за млеко што давале во период од 9 месеци)..

ќе видиме времето што ќе покаже..Владата знае што прави
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
NRGMKD Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
THE EXTERMINATOR

Регистриран: 18.Ноември.2005
Статус: Офлајн
Поени: 7512
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај NRGMKD Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 16:55
Originally posted by ThePPPTrooper ThePPPTrooper напиша:

Originally posted by NRGMKD NRGMKD напиша:

историја и корени преку триумфална капија и грчко римски стил не се покажува... класичен плагијат.Срамота е при толкави проблеми, државата да гради се и сешто, а при тоа ставајќи ги во втор план, или целосно занемарувајќи ги главните проблеми. За се што им е по кеиф ќе си најдат пари, а за се останато нема пари...Или толку им се можностите, па на крај ќе влезат во историјата на државава, под името Градители...т.е скулпторска влада..


Мислев на спомениците од Александар, Ченто...за некои делови од проектот не можам да кажувам, веројатно тој што го изработувал проектот си знае. Јас сеуште сум поддржувач на владеачката партија, но кредитите се трошат..искрено не знам каков е планот на Владата, потезиве се малку збунувачки..на пример, никако да се купат нови автобуси (не дека заслужува дел од народов, ќе ги испокршат одма). Или уште подобро, мал дел од овие пари можеа да се потрошат за ваучери за апсолевентите, можеа да ја спасат Swed Milk (знам дека не беше нивна обврска, но можеа да соберат доста поени со тој потег, плус ќе го спасеа млекарството..има луѓе на кои им се должи по 20 000 евра за млеко што давале во период од 9 месеци)..

ќе видиме времето што ќе покаже..Владата знае што прави


Искрено мило ми е што покрај тоа што си поддржувач на владејачката партија, ама сепак ги согледуваш реално работите... Јас не поддржувам ниедна партија...

И да Владата знае што прави... Перална за пари, и трошење на утепаниот буџет наместо убаво наменско трошење на парите кои ќе имаат позитивен економски фидбек...
The purpose of war is not to die for your country but to make the other bastard die for his !!! - General George S. Patton - Commander of the III US Army Corps.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 18:25
[16.02.2010] Маневски најави нова зграда на кривичниот суд во антички стил, но не знае колку ќе чини проектот
 
 
 
 
значи , некој навистина решил да “ сврти “ добра паричка во бизнисот со градежништво .......... на прашање на новинарите колку ќе чини и кој ќе плати за најновата авантура во градешната  МАНИЈА која го зафати “ малиот - голем диктатор “ , “ министерот за неправда “ изјави дека не знае колку но се пофали дека буџетот ќе учевствува со најмногу 20 % додека другите биле заем од светската банка .......... е браво .......... демек заемот е нешто како поклон работа па не мора да се вратат парите ........... газење%20од%20смеење 
блазе си им на светскиве банкари ............ како тргнал ОНОЈ “ големиот мал диктатор “ , многу брзо ќе излезат од рецесијата и светската економска криза ................. продолжи ли со вакво темпо да зема заеми и кредити голема%20насмевка


Изменето од МАРШАЛ - 16.Февруари.2010 во 18:27
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 19:54
Проектот е под капата на општина центар, значи под Тодоровиќ, а тој под камчевска. Да не го мешаме Груевски во ова. Тој само дава подршка.
Кон врв
МАРШАЛ Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
ГРОБАР ДО ГРОБА

Регистриран: 06.Февруари.2007
Статус: Офлајн
Поени: 44396
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај МАРШАЛ Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Февруари.2010 во 19:57
и пари од буџетот голема%20насмевка 
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 3940414243 229>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,297 секунди.