![]() |
|
Писмени состави,семинарски... |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 105106107108109 113> |
Автор | |
opasna_mala ![]() Нов член ![]() Регистриран: 01.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 9 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ВИДИ ГО ОВА,ПА АКО ТРЕБА НЕШТО ДРУГО КАЖИ
Жан Батист Поклен - Молиер (1622-1673) Молиер е претставник на францускиот класицизам. Потекнува од богато и угледно семејство. Татко му бил кралски декоратер и му овозможил да ја наследи неговата работа. Студирал право кое не го интересирало, ниту пак го привлекувала пеофесијата на татко му. Со својата пријателка Мадлен Бежар и нејзините браќа го основале „Славниот театар“ кога го зел псевдонимот Молиер. Поради финансиски проблеми, театарот пропаднал, а самиот Молиер стасал дури и во затвор. Но страста кон театарот веќе била разгорена кај него, па со неговата трупа ја обиколувал внатрешноста на Франција. Кога се вратил во Париз ја добил поддршката на братот на кралот и оттогаш се здобива со слава и успех. Затоа во своите драми тој вметнува зборови со кои го велича кралот, како знак на благодарност. Напишал 33 комедии во стихови, од кои најпознати се: „Тартиф“, „Дон Жуан“, „Мизантроп“, „Вообразениот болен“, „Скржавец“ и др. Тартиф „Тартиф“ е комедија со елементи на фарса, комедија на карактери и комедија на нарави. Темата е конфликтот во едно богато и угледно семејство поради прифаќањето и величањето на свештеникот Тартиф од страна на Оргон, главата на семејството. Идејата е да се разобличи и искритикува религиозното лицемерство. Комедијата е составена од пет чина и е напишана во стихови. Повод да ја напише оваа комедија било француското свештенство кое било остро против неговиот театар, неговата личност како режисер, писател и артист. Тие биле против ширењето на слободните мисли, се мешале во државните работи и во интимниот живот. Затоа Молиер во „Тартиф“ ја разобличува лицемерноста, измамата, лагата и лажната набожност како главни сопирачки на правилниот развиток на човештвото. Содржина Во комедијата е претставен судирот меѓу вистината и лагата низ лицемерието на Тартиф кого дел од ликовите го идеализираат - госпоѓата Пернел и нејзиниот син Оргон, а останатите го гледаат онаков каков што е - лицемерен лажго. Иако Тартиф не се појавува до третиот чин, тој е во центарот на вниманието и е причина за недоразбирањата во семејството. Во првите два чина од другите ликови дознаваме за особините на Тартиф и за поделеноста на семејството. Се додека тој не се појавува, не сме сигурни кој е во право. Ликови: Госпоѓа Пернел (мајка на Оргон), Оргон (главата на семејството), Елмира (втора жена на Оргон), синот Дамис и ќерката Маријана (од првата жена на Оргон), Дорина (слугинка и придружничка на Маријана), Клеант (брат на Елмира). 1 чин Госпоѓата Пернел се подготвува да ја напушти куќата бидејќи се чувствува навредена во сопствениот дом. Таа не им дозволува на останатите да дојдат до збор и постојано го фали Тартиф, а нив ги осудува и навредува. На сите им забележува по нешто: Елмира - да не се преправа со задоцнета љубезност, дека таа само фрла пари за облеки што за неа е доказ дека не го сака доволно својот маж; Дорина - дека иако е само слугинка многу зборува и без нејзиното мислење ништо не може да помине; внукот Дамис - го нарекува глупак; внуката Маријана - дека личи на јагне, но дека тивкиот вир ја плаши (скришно прави недозволени работи); Клеант го цени и фали, но не го прифаќа неговиот начин на живот. По ова претставување на ликовите од гледиштето на госпоѓата Пернел, следува конфликтот за Тартиф. Таа - против сите останати. Таа го претставува како човек за фалба и пример, човек - вистински побожен кој сака сите да ги поведе по божјиот пат. Мислењето на останатите е дека: дошол бос и гол, бедник кој го крева носот и на сите им заповеда што да прават во нивниот сопствен дом, секаде го пика носот, па дури не ги прима гостите кои до тогаш биле чести и добредојдени. Разговорот продолжува за Оргон кој е претставен како уште позаслепен од неговата мајка. Го примил Тартиф како негов брат, го цени повеќе од мајка си, жена си и децата. На трпезата му го дал почесното место и за него го издвојува најубавото јадење. Се што ќе каже Тартиф, за него е свето и слепо му верува. Во следната сцена е претставена љубовта на Маријана кон Валер, но и љубовта на Дамис кон сестрата на Валер. На крајот од овој чин доаѓа Оргон и настанува комична сцена во која се гледа неговата заслепеност и вљубеност во Тартиф. Му кажуваат дека на Елмира и било лошо, а тој само за Тартиф прашува, и иако бил целосно услужен, со храна, пијалок, мирен сон, Оргон цело време ги повторува зборовите: „Ах, кутриот човек!“. Се разбира, за жена си не ни прашува. А кога на крајот од овој чин станува збор за свадбата на Маријана и Валер, Оргон почнува без причина и објаснување да ја одложува. 2 чин Во вториот чин Молиер ја вметнува приказната за љубовта на двајцата млади, Маријана и Валер, оддалечувајќи се малку од главната тема, но во функција на осветлување на главниот проблем. Прво за таа љубов се спречкуваат Маријана и татко и Оргон, бидејќи тој ја убедува дека треба да се омажи со Тартиф. Но, Дорина се вмешува: ДОРИНА Се фали тој само. Се чудам јас често набожноста како заедничко место со лагата има? Бара божји спас, а бара и живот полн со земна сласт; проповеда скромност, а високо лета и в срце му бујна амбиција цвета. Исто така, Дорина ја убедува Маријана да се бори за својата љубов. Кога се појавува Валер, повторно настанува конфликт, но сега меѓу вљубените. Конфликтот брзо се разрешува, повторно со помош на Дорина. Нивното моментално инаетење и пркосење (Маријана му вели дека ќе се омажи за Тартиф) е надминато поради чистата љубов што ја чувствуваат. 3 чин Во третиот чин се појавува Тартиф кој ги оправдува особините кои му ги припишуваат Оргон и неговата мајка. Тој и замерува на Дорина што носи деколтиран фустан и на тој начин го предизвикува мажите. Но, таа остроумно му одвраќа: ДОРИНА И вие сте склон кон соблазност, значи? И вас грешна мисла за жена Ве мачи? Тартифовата лицемерност уште повеќе се гледа во сцената со Елмира во која тој отворено и се додворува, а таа ја прифаќа неговата љубов, но под услов да не ја спречи венчавката на Маријана и Валер. Дамис бил сведок на оваа сцена и сакајќи да го разобличи и отстрани Тартиф од куќата, на сите им кажува што се случило. Но, Оргон е толку заслепен од Тартиф што воопшто не поверувал, па дури оди до таму што го брка сина си од сопствениот дом и бара Маријана веднаш да се омажи за Тартиф. 4 чин Во овој чин е прикажано целосното разобличување на Тартиф и тоа во сцена која е наместена и е идентична како претходната во која Тартиф и се додворува на Елмира. Сцената е сама по себе комична, затоа што Оргон, за да биде директен сведок, е скриен под масата. Ваквото прислушување е типично за фарсата. Дијалогот што се води ги открива вистинските особини на Тартиф: ТАРТИФ Слушајте го само тоа што го зборам, оставете сам јас да страдам и горам, дозволете сега јас Вас да Ве имам — а за гревот лесно... Сиот јас го примам. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Лесно можам да го излечам тој страв — со целосна тајност што ја гарантирам: невидено зло — не е зло, Елмира! Ни следува суд за она што е знајно, а грев не е она што се врши тајно! Во овие зборови јасно се гледа дека Тартиф не верува во Бога (кој е сеприсутен и пред него не може да се скрие ништо), дека е обичен развратник, лажго, измамник, користољубив и лицемерен. Сознанието на оваа вистина е казната на Оргон, но не само тоа туку и финансиската последица од заслепеноста. Тој целиот имот му го препишал на Тартиф. 5 чин Клеант (братот на Елмира) во овој чин ги искажува класицистичките погледи: дека човекот треба да го следи разумот, да не им потпаѓа на чувствата и страсите. Го осудува Оргон за неговото неразумно и непромислено однесување. Во куќата доаѓа Тартиф со полицајците барајќи го имотот за кој има документи. Но, се случува ненадеен пресврт, полицаецот, наместо Оргон го апси Тартиф, бидејќи се дознало дека тој е познат измамник кој се криел зад разни имиња и законот го прогонувал. Тука Молиер искористува прилика преку зборовите на полицаецот да го пофали кралот и неговата мудрост и праведност. Но, сепак за величањето да не биде пренаметнато, тој ја завршува драмата со среќата на двајцата вљубени, Маријана и Валер, за кои објавува дека ќе стапат во брак. Ликови Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се. Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност. Оргон е богат, лековерен набожник. Неговата заслепеност се граничи со глупост. Тој не е во состојба да го препознае лицемерното пријателство и потпаѓа под влијанието на Тартиф. Тој оди до таму во својата наивност што е подготвен за некој новодојденец да се откаже од сопственото семејство. Го дава имотот, го брка синот, ја дава ќерка си на Тартиф - до каде ли треба да оди неговата глупавост и наивност? Тој мора да слушне со свои уши и да види со свои очи дека е измамен, бидејќи не им верува на своите блиски, туку му верува на лажливиот туѓинец. Госпоѓата Пернел е слична на својот син. Тие двајцата се на истата страна - го заштитуваат лицемерот толку слепо и фанатички и затоа се носители на смешното во драмата. Таа е религиозно заслепена, против земните уживања и смета дека сите што не мислат како неа - грешат. Па, дури е навредена од туѓото поинакво мислење и затоа демонстративно ја напушта куќата. Останатите ликови се спротивни на Оргон и мајка му. Тие се позитивни ликови, кои со здрав разум успеале да се ослободат од религиозното чувство и да ги согледаат вистинските намери на Тартиф. Елмира е добра сопруга, мајка и снаа, која сака да помогне во разобличувањето на Тартиф. Таа сака да ја одбрани својата чест и да го разубеди заслепениот сопруг, па затоа божем го заведува Тартиф. Дамис е чесен и искрен и се обидува отворено да му каже на татка си дека е заведен. Дорина е посебно изграден лик преку кој се претставени широките народни маси и нивните позитивни особини: доброта, умност, трезвеност, здрав разум и критички став. Таа е многу интелигентна и веднаш ги сфаќа намерите на Тартиф. Иако е слугинка, таа јасно, преку лесен хумор ги изнесува своите ставови. Целосно му е предадена на семејството и секогаш е тука за да помогне да се разрешат конфликтите. Особено ја поддржува Маријана, којa е премногу мирна и покорна, и и помага да му се спротистави на татко и и да се избори за својата љубов. Posted by Билјана at 20:02 0 comments Labels: класицизам, литература Тартиф (прв чин) Лица: КЛЕАНТ, шура на Оргон ГОСПОЃА ПЕРНЕЛ, мајка на Оргон ОРГОН, сопруг на Елмира ЕЛМИРА, жена на Оргон ДАМИС, син на Оргон МАРИЈАНА, ќерка на Оргон и љубповница на Валер ВАЛЕР, љубовник на Маријана ТАРТИФ, лицемерен побожник ДОРИНА, придружничка на Маријана ГОСПОДИН ЛОЈАЛ, судски пристав ПОЛИЦАЕЦ ФЛИПОТ, слугинка на г-ѓа Пернел Дејството се одигрува во Париз Чин први Сцена 1. Г. Пернел, Елмира, Маријана, Клеант, Дорина, Дамис и Флипот Г. ПЕРНЕЛ Побрзајте, Флипот! Тука да нè нема! ЕЛМИРА Итате, зар овде лошо ви се спрема? Г. ПЕРНЕЛ Оставете, снао! Веке сè е јасно. Љубезности нејќам - штом е за нив касно! ЕЛМИРА За вас почит имам, не на уста само, не знам зошто нас нè напуштате, мамо? Г. ПЕРНЕЛ Да, не седам овде веќе ниту час; за вас ништо не сум... Што дочекав јас! Навредена домот го напуштам сега, на советот мој ми враќаат со шега. Овде сите з н а а т, зборуваат в хор, на што личи ова? На жабешки збор! ДОРИНА Но... Г. ПЕРНЕЛ Драга, ти си овде сал слугинка, знај, но устава твоја полна е со лај. Без мислење твое - нигде ниту педа! ДАМИС Но... Г. ПЕРНЕЛ Ти си глупак, тоа најлесно се гледа. Го велам ова јас - ваша родна баба. Јас вашиот татко го чував колку може, но патот ви е лош, тој има волја слаба, и сега срам и потсмев ве чека, о боже! МАРИЈАНА Мислам дека... Г. ПЕРНЕЛ Внуко, навидум сте јагне, но тивкиот вир нè плаши сите нас; во потајност мрачна работите нешта што ги мразам јас... ЕЛМИРА Мамо... Г. ПЕРНЕЛ Снао, тоа малку вам ви годи - но вашиот живот во беспаќе води! Место убав пример од вас да се види, ко што беше случај со нивната мајка, вие само пари фрлате без сметка за облеки нови, божем царска тетка! Жена која сака мажот да ја љуби, за контење такво малку време губи! КЛЕАНТ Ве молам... Г. ПЕРНЕЛ Знам. Брат сте. Ве боли. Но вас ве ценам и фалам јас во секој час. Но, ако бев Оргон, нејзиниот маж - ни миг не ќе бевте вие в домот наш. Вие сте со такви животни максими што чесниот човек тешко да ве прими. Простете за ова, знам дека ви тежи, но јазикот збори што в срце ми лежи. ДАМИС Во вашиот Тартиф сета чест е збрана... Г. ПЕРНЕЛ Да, тоа е човек за фалба и пример, но в срцево жива се отвара рана кога вакви глупци го клеветат него... ДАМИС Зар да трпам како непоканет гостин дома ред ни крои, Е, нека ми прости... Да не зуцне никој - ни песна, ни смев - Ако нему тоа не му е по ќеф! ДОРИНА Ако е за почит тоа тој што вели - постапките наши се најстрашни дела. Тој секаде својот остер нос го пика... Г. ПЕРНЕЛ За мене е право само тој што вика. По божјиот пат тој сака да нè води - треба вам на сите тоа да ви годи. ДАМИС Не, бабо! Ни татко, ни божјиот глас нема да не склонат да го ценам јас Погледите мои нема да ги газам сè негово што е - безгранично мразам. Предвидувам: скоро со простакот тпј ќе се фатам остро в решавачки бој! ДОРИНА Навистина, каков ни наметна срам - еден странец тука да ни суди нам! Тој бедник што дојде необлечен, бос, в домот наш си дига сурла место нос, и дотаму стигна - што му лежи в душа - заповеда, крои - за сè да се слуша! Г. ПЕРНЕЛ Не, господи брани! Сè би било лесно ако ние него го слушавме чесно. ДОРИНА За вас тој е светец, но помнете вие: Во ликот на Тартиф безбожник се крие. Г. ПЕРНЕЛ Каков јазик! ДОРИНА Јас за Тартиф, и за Лоран лош, верувајте сите - не би дала грош! Г. ПЕРНЕЛ За Лорана не знам, но Тартиф е човек и од него нигде поправеден нема. Го мразите вие зашто тој ве кори, вистината за вас в очи ви ја збори. Единствено гревот наш срце му пара, и пак за нас прошка од небото бара... ДОРИНА Да, но зошто толку го опфаќа бес ако некој гостин ни дојде со чест? Зар посета чена на Господ му пречи? Мислам дека треба ова да се рече: (Покажува на Елмира) Љубомори тој за госпоѓа Елмира. Г. ПЕРНЕЛ Молчи! Таа уста ќе треба да пости! Зарем само тој ги кори тие гости Та луѓето што ни доаѓаат тука, со колите везден ни креваат бука, лакеите вреват, ко на пазар зборат, и затоа знајте, соседите корат. Не верувам тука страшно да се раѓа, но за сето тоа сомневање паѓа. КЛЕАНТ Зар може на светот да запреме усти! Животите наши би станале пусти од гостите да се откажеме ние - сал заради тоа што клевета врие. И колку да сака човек да се труди кај клукари пак тој клевети ќе буди; затоа сал презир кон таквите дури може да те брани од клевети штури. Ние да сме чесни, најважно е драга, клеветата тогаш нема ништо снага... ДОРИНА Сосетката Дафна, нејзиниот маж - први се што душкаат во животот наш Секој оној што е за потсмевка печен - за другите прв е најлошо да рече. Да, први се тие што дебнат да зграбат и најситен знак за каква врска слаба и новости разни за луѓето сеат, за другите луѓе за ништо се смеат, постапките туѓи што вешто ги бојат - за да би ја скриле нечесноста своја; и спремни се врз друг да истурат гром - само да им свети в сјај нивниот дом. За другите штедро плетат лоши мрежи - да го симнат така срамот што им тежи. Г. ПЕРНЕЛ Сите тие мисли не ви вредат многу. Животот на Оронт беспрекорно строг е. За небото таа ќе загине, знам, но ги мрази тие што ви идат вам. ДОРИНА Да, одличен пример! И пречесна дама, и живее скромно во божјата штама. Но староста така ја тера да прави и строгата нарав во немоќ ја става. Ама кога била млада како дрен - што младичи кршни умирала в плен. Но, времето врви. На сè има крај - па затоа мрази и среќа и сјај, и немоќта бедна на свената страст под мудрост ја крие со притаен глас. На лесните жени патот им е ист - штом бегаат од нив ко од свенат лист, и при тоа бегство - така им се чини - в прикриена итрост животот им мине. И строги се тие жени в таа доба, сал прилика демнат да вовлечат нос, за другите судат со отров и злоба, не зарад милост, - видот им е прост,- но нејќат да трпат друг да биде среќен штом среќата нив ги одминала веќе... Г. ПЕРНЕЛ Знам, прикаски такви ви пристојат вам. Кај нас, снао, зборот ни е земен нам, зашто друг да води - госпоѓата пречи. Но моето сега јас ќе ви го речам: Син ми овде стори едно мудро дело кога Тартиф дома го засолна смело; тој на време иде, од господ е пратен - сите вас од патот грешен да ве врати. Ако ли се слуша неговиот глас - сите вас ве чека разум чист и спас. Тие шумни гозби, забави и смев ѓаволот ги создал за потсмев и грев. Не ќе слушнеш на нив некој мудар збор, само глуми лажни и клевети в хор; итрината плете пајажини рој - од најближен другар до соседот свој. На умниот тука главата му бучи кога слуша како развратник го учи и илјади сплетки се плетат за час, се дрдори шумно со подмамлив глас. Од стариот лекар наскоро бев чула дека сè е тоа вавилонска кула, каде што се плампа без обѕир и крај... (Покажувајќи на Клеант) Господинот, еве, се потсмева, да! За вашиот потсмев најдете си луди! Што без збогум одам - нека не ве чуди. Ќе молкнам. Јас реков само еден дел и наскоро не ќе ве посетам вас! (И удира шлаканица на Флипот) Напред! Сте зинале сите посред денот бел, но наскоро ќе ве попритегнам јас. Ај, врвете напред! СЦЕНА ВТОРА Клеант, Дорина КЛЕАНТ Да тргам, се бојам да не почне повтор со кавгата своја... ДОРИНА Навистина штета што не може она да ве чуе како зборувате вие; нависоко лета, не верува во нас, мисли честа сета во неа се крие. КЛЕАНТ Се нафрла врз нас - без око да трепне, од љубовта силна кон Тартиф е слепа. ДОРИНА Спрема синот нејзин - тоа ништо не е; за него би рекле - ветер сув го вее. Мудар пример тој во бунтовите даде и застана смело покрај својот владар. Ама сега сосем умот му се смати - за Тартиф ко пијан за плотот се фати; го има за брат и повеќе го цени од својата мајка, син и верна жена. Го направи веќе исповедник свој и советник в сешто му постана тој. А колку го чува! - Не знам некој така ни својата драга силно да ја сака... На трпеза челно му остана место и со радост гледа како лаком е често, а Тартиф го дига - „Бог среќа да даде!“ За него е свето Тартиф што ќе рече, со прстот да мрдне - мисли: ден се буди! штом почне да збори - мисли медот тече, од ден на ден Тартиф за носот го влече. Го пијани везден со божјата слава, а во џебот негов почна прст да става. И слугата негов - равен токму врви сè на ум нè учи: в црква да сме први! Лекции ни чита - во очите злоба, секој како момок треба да му служи - и на секој од нас совет да му пружи! Пред извесно време најде крпче бело во „Животот светчев“. Го издрпа цело тврдејќи ни дека злосторство се прави кога в света книга ѓаволско се стави... СЦЕНА ТРЕТА Елмира, Маријана, Дамис, Клеант, Дорина ЕЛМИРА Не го чувте сега, о! - блазе ви вам, оној говор што ни го одржа нам. Мажа си го видов - ама брзо пројде, ќе го чекам горе. Скоро ќе си дојде. КЛЕАНТ И јас ќе го чекам. Нема да се бавам, повеќе од поздрав - нема што да правам. ДАМИС За бракот на Маријана спомнете вешто, зашто гледам Тартиф се противи нешто и затоа татко го одлага само. Јас верувам: Тартиф и тука го мами. Сестра ми и Валер се сакаат силно, а сестра му - мене ме привлече милно и знаете... ДОРИНА Еве го! СЦЕНА ЧЕТВРТА Оргон, Клеант и Дорина ОРГОН О, шура! Добар ден! КЛЕАНТ Среќен сум што така изгледате среќен но полјата нешто како да се слаби? ОРГОН Дорина... о, шура, стрпете се час од грижите срце да омекнам јас. Најнапред да прашам за новости нови: Поминавте добро? Кој што од вас прави? Добри ли сте дома? Сите ли сте здрави? ДОРИНА А, завчера цел ден госпоѓата мила ја тресеше треска со огнена сила. ОРГОН А Тартиф? ДОРИНА Што Тартиф? Се чувствува славно, руменее везден, прошетува бавно. ОРГОН Ах, кутриот човек! ДОРИНА За вечера она не можеше в уста ни залак да стави, толку многу силно ја болеше глава... ОРГОН А Тартиф? ДОРИНА Си вечера слатко: две пилиња в сос и половина бут сам изеде... Верно, вложи доста труд! ОРГОН Ах, кутриот човек! ДОРИНА И вечерта цела ни око да склопи... Гори в треска врела и тонеше в потои - ту врели, ту студени - надвиснати саноќ бевме ние будни! ОРГОН А Тартиф? ДОРИНА Да, Тартиф! Штом вчера слатко - на трпеза уште си подремна кратко, потоа се шмугна во постела право и спиеше саноќ ко детенце здраво... ОРГОН Ах, кутриот човек! ДОРИНА Ние сите бевме на мислење едно: крв да пушти. Таа - се согласи веднаш. ОРГОН А Тартиф? ДОРИНА Да, Тартиф! Тој постапи машки - се наголта вино - десетина чашки за надомест точен крвта што ја даде госпоѓата ваша, па седна да јаде! ОРГОН Ах, кутриот човек! ДОРИНА Сега сè во ред е, ете - веднаш одам нејзе да и јавам дека пресреќен сте таа што е здрава! СЦЕНА ПЕТТА Оргон, Клеант КЛЕАНТ Ве исмева таа пред носот, мој зету, без грев да ви родам, да ви кажам сметам: Те сакал ил нејќел - но вистина сушта и овакво чудо не станало уште! Та може ли? Маж сте, а тој ве мами, дур и домот роден в заборав да чами? и овакво чудо не станало уште! Го спасивте вие од беда и срам и стигнавте дури... ОРГОН Не шура, ви кажувам вам не знаете кого навредивте в час. КЛЕАНТ Да, вистина, не го ни познавам јас, ама да се знае за човекот дали... ОРГОН Оној што го знае - нема што да жали и занесот негов се разлева в шир. Да, човек е Тартиф, каков што го нема, си го следи патот со спокој и мир и го смета светот за времен и тема. Јас повтор се раѓам штом него го слушам, од порок ја чисти тој мојата душа. И жена ми, брат ми да умрат, ил синот - ко ништо да било, скоро ќе ми мине толку што ја спаси тој мојта душа! КЛЕАНТ За чувственост таква нигде не сум слушал! ОРГОН Да го гледа некој со моите очи - и тој би го сакал до умор без почин. По црквата везден тој доаѓа смерно, на колена паѓа и се моли верно и сите кон него свртуваат очи: се моли тој страсно со љубов и почит. Кон земјата ладна ведне бледен лик, ја бакнува страсно неа секој миг, а кога си тргне, ме чека со жар и светена вода разделува дар. Нам слугата негов ни кажа на сите Иако в тешка беда ги живеел дните, го дарував тогаш - тој со чест и жар одбиваше смерно и милост и дар: „О, многу е тоа! Да, тројно е пак, не заслужив од вас ниту поглед благ!“ Кога гледам после - дарот што зеде на просјаци веднаш го раздели редум. На господов знак го прибрав веднаш дома и потече тогаш кај нас живот скромен. Тој бдее над чест, и божја и своја, се грижи ко ангел за жената моја, ми кажува кој маж ја погледнал в страст и ревнува појќе од двајцата нас. А како се суди, да го чуете вие, во прашинка мала - мисли грев се крие и дотаму стигна, пред некое време, му натежна вели, грев ко тешко бреме зашто в црква убил една болва пак. КЛЕАНТ Полудевте, доста! О, мој зету драг! Или вие мене ме сметате луд? Кој прикаски такви би сакал да слуша? ОРГОН Да, вашиот говор ми личи на блуд, во неверства ските и вашата душа. Зар досега еднаш сум ви рекол јас - што маки ве чекаат вас. КЛЕАНТ Така мислат такви со вашиот ум и сакаат човек слеп да е, ко нив. Ако имаш очи - те сметаат крив, и ако не врвиш по нивниот друм - те сметаат веднаш за паганин див. Мислете ме таков, нејќам ни да знам, но што в душа имам - знае господ сам. На вашите лаги не станувам роб, набожните личат, да тоа е важно, на јунакот што се прикажува лажно: Не стануваш јунак со зборови смели - зборот не е ништо, треба храбри дела. Ни верник ти не си - со молитви врели, треба да си искрен и со душа бела. Но дали е можно да различиш лесно лицемер од верник што живее чесно? Можете ли за нив да зборите едно, да не гледаш што е лице, а што маска, што е стварност жива, што вештина бедна? Зар мешате изглед со суштина гола, и човек со сенки да е едно исто? Ил лажно злато се цени ко чисто? Кај луѓето денес искреноста гине: меслат тесни меѓи разумот ни дал - па секој се стреми брзо да ги мине, најсветото нешто го фрламе в кал од преголем размав, преголема страст. Помнете го ова што го реков јас. ОРГОН Благодарност каква да искажам в час? Сомневање нема, филозоф сте вие и целата мудрост, да - во вас се крие! Вам рамен ви нема, Катон в наше време, а во нас пак само простота дреме... КЛЕАНТ Ко научник не сум прочуен во светот, ни во мене зету, науката цвета. Но, со умот скромен и срцето мое разликувам лага и вистина што е. И ко што го ценам човекот со вера повеќе од човек со јуначки дела, поодвратно нема на земјава цела од тие што в подло лицемерство тонат. Од таквите редум побожници лажни со погана душа и прикриен лик - што без закон сето го гнасат и рушат - сето што е чисто в човечките души; тие што се фалат и зборат без срам за она што ни е најсветото. Да, сакаат кај нас доверба да купат за секаков занес и мигови глупи. Сите тие луѓе со невиден жар по пат божји врват за свој сопствен ќар, милост божја просат тие секој ден, а живеат в дворци - на порокот плен. Набожноста нивна со порокот се дружи, и срчни и зли се - лукавство ги служи, штом подгонат човек со јарост на волк - одмаздата своја ја викаат долг! И во гневот злобен го дигаат, ете - оружјето што е најмоќно на светот: со освета ниска, со подмолна реч убиваат жртви со божјиот меч. Безброј такви лажци наддаваат вик, но свесниот човек ги познава в миг. Но, има и луѓе за пример што служат луѓе кои само со доброто дружат. Таков е Аристан, потем Периандер, Оронт, Алсидамас, Полидор, Клитандер! Секој свесен човек денес нив ги цени, кај нема лага ни зборови празни. И скромни се, полни со чувственост трајна и верата им е - и силна и сјајна, над туѓите дела не судат секи час - го сметаат тоа за најлоша страст. За други на други им препуштаат суд - а учат и корат со села и труд, до нивното срце злото нема пат, а нивните души се ко рајски кат. Интригите гнасни - да ним им се туѓи, за доброто мислат на другите луѓе. Врз грешникот не се нафрлаат лудо, само гревот тие го мразат и судат. Кај нив нема жалба да развие цвет посвети да бидат и од господ свет. Само такви луѓе да се ценат вреди и нивниот пример треба да се следи. Љубимецот наш е од инаков ков. Тоа што е светец во очите ваши - измама е само сите што нè плаши. ОРГОН Господине шура, дал рековте сè? КЛЕАНТ Да! ОРГОН (Сака да си замине) Слуга сум ваш. КЛЕАНТ Уште збор ве молам. Пред извесно време беша ваша воља господинот Валер да ви биде зет. ОРГОН Да! КЛЕАНТ Закажавте свадба како што е ред? ОРГОН ДА! КЛЕАНТ Свадбата зошто се одлага сега? ОРГОН Не знам. КЛЕАНТ Може умот на друго ви бега ОРГОН Не знам. КЛЕАНТ Зарем нема да држите збор? ОРГОН Не го реков тоа. КЛЕАНТ Без пречки, сал дете одлуката си ја изменува, зету! ОРГОН Па?... КЛЕАНТ Зошто на целта не кинисам јас, ме испрати Валер да ве прашам вас... ОРГОН Фала богу... КЛЕАНТ Каков одвет да му дам? ОРГОН Што ви е по волја... КЛЕАНТ Но треба да знам за вашата цел ОРГОН Да, мислам да сторам како бог ќе рече. КЛЕАНТ Отворено зборам, ветеното дали го цените вие? ОРГОН Збогум! КЛЕАНТ На Валера овде лошо му се спрема да му кажам веднаш, дури има време. |
|
![]() |
|
emilyy ![]() Нов член ![]() Регистриран: 07.Март.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ej ve molam koj znae da mi napise nekoj nesto za TARTIF - IZMAMNIK za pismena mi e za vtornik..fala odnapred
![]() Еве нечто се надевам ке ти помогне Во ликот на Тартиф Молиер создал типичен лик на лицемер. Тој е измамник скриен зад свештеничката наметка, кој на многу перфиден начин ги искористува слабостите на другите луѓе. Својата подлост многу добро ја маскира. Тој секоја лага и злодело ги прикрива со вишите цели, односно со црквата и Господ. Кога Оргон го брка сина си од дома, тој тоа дело го смета за полезно за црквата, кога му го дава имотот - го прифаќа од страв да не падне во лоши раце. Но, за да го задржи имотот, оди и го шпионира кај власта дека Оргон има тајни документи. Од богомолец тој лесно се престорува во шпион. Сепак, најнегативните особини на Тартиф се гледаат при заведувањето на Елмира - развратен, сладострастен, ненаситен, дволичен, алчен, неверник, омаловажувач на вербата во Бога, па и на самиот Бог. Неговите страсти ги става пред се. Преку ликот на Тартиф, Молиер насликал типичен лик на неговата епоха, кој подоцна станува синоним на лицемерство и лажна набожност. |
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Коле Чашуле е роден на 2ри март 1921 год во Прилеп. Средно училиште завршил во Прилеп и Битола, а потоа студирал медицина на факултетот во Белград ( 1938 - 1941 ). Неговите писателски дела биле објавувани во списанија додека тој бил студент, и тие дела биле дел од движењето помеѓу младите македонски писатели за пишување поезија и проза на македонски јазик. Бил директор на Радио Скопје, уредник на списанијата “Нов ден“ и “Современост“, главен и одговорен уредник на “Разгледи“, директор на драмата при Македонскиот народен театар. Тој е еден од иницијаторите на за форимирање на Друштвото на писателите на Македонија, а едно време бил и негов претседател. Подоцна се зачленил во Независни писатели на Македонија. Во 1946 год. Чашуле бил член на судскиот совет што го осудува Методија Андонов - Ченто на 11 - годишна затворска казна. Чашуле бил конзул во Канада и амбасадор во Боливија, Перу и во Бразил. Почина на 22 септември 2009 година во Скопје на 88 годишна возраст. Добитник е на наградите: За драмски опус „Марин Држиќ“, „11 Октомври“, и „Стале Попов“, „Стериина награда“, Награда за книжевен опус на „Мисла“, „4 Јули“ и други. Во 2007 година добитник е на Рациновото признание. Литературно творештво: Драми:
Романи:
Книги раскази:
Книги есеи:
|
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
tweetytoo ![]() Нов член ![]() Регистриран: 12.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 1 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
....za raskoljnikov od zlostorstvo i kazna .... Во него главниот лик, сиромашен студент, паѓа во искушение понесен од идејата за “големите луѓе” и социјалната правда. Живеејќи во најголема беда изградува поглед на свет кој се заснова на идејата дека општеството е суштински неправедно затоа што им овозможува на бескорисните луѓе да уживаат во богатството додека вистински вредните луѓе пропаѓаат во сиромаштија без можност да ги развијат и остварат своите способности. Правосудството ги осудува ситните криминалци, а историјата ги слави луѓето како Наполеон кои се одговорни за смртта на илјадници луѓе. Одлучува да се доведе во искушение и да направи злосторство кое ќе му овозможи пари за школување и за човечки достоен живот. Меѓутоа, чувствувајќи грижа на совест на крај се предава на полицијата.
.... ve molam nekoj ako ima kratka sodrzina za igra vo r'zta od selindzer odnapred blagodarna ... :) Изменето од tweetytoo - 27.Јануари.2010 во 00:04 |
|
![]() |
|
zika008 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 30.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ви ја откривам смислата на животот
Животот е премиера, нема реприза. Тој е премногу краток, заминува в миг, затоа живеј го својот живот и бори се за своите цели. Животот нè учи на грешките, да не тагуваме по изгубеното, да не жалиме за спомените. Животот е еден и единствен. Понекогаш е суров и тежок, полн со предизвици и искушенија. Непредвидени ситуации во кои сме учесници, неми сведоци или обични смртници. Животот е како прочитан роман, но со голема разлика, во романот можеш да се вратиш на најубавата страница, а во животот не можеш да се вратиш на најубавиот ден.Животот нè учи да го сакаме она што го имаме, а не она по кое мечтаеме. Да живееме реално и вистинито, да ја откриеме смислата на животот низ среќа и радост... таа е целта на секој човек. Животот е убав со убави доживувања, со искрени другарувања со радост и смеа. Треба да се радуваме на животот и на новото изгрејсонце. За некој смислата на животот е вечна борба меѓу доброто и злото, војната и мирот, болеста и здравјето, радоста и несреќата. За мене смислата на животот е да бидеме секогаш гордо исправени пред секоја препрека, насмеани и полни со љубов. Да се живее, значи да се постои. Да се радуваш на успесите, да не тагуваш многу по несреќите и да бидеш оптимист. Живејќи треба да им помагаме на блиските, да делиме љубов и добрина и да очекуваме таа да ни биде возвратена.Да се бориш за своите идеали, да имаш своја цел во животот – таа е смислата на животот. Со сета своја сила треба да се бориме за животот да ни биде убав. Не треба да се препуштаме на судбината и да се помириме со неуспесите.Треба да бидеме трпеливи и упорни. Верувам во судбинското, но сакам да ја изменам судбината кон подобар и посреќен живот. Во ваквата борба е мојата смислата на животот. Животот е премногу краток за да бидеш сит, искористи го секој миг, годините се само бројки. Не сонувај го животот, живеј го својот сон . Изменето од zika008 - 18.Јануари.2010 во 21:27 |
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ова е од википедија, не знам колку ќе ти помогне Како зачетоци на драмски обиди на Македонски јазик се сметаат драмските текстови (драмолекти) на Ј.Х.К — Џинот. На неговите драмолетки се надоврзуваат авторите, основоположници на битово-социјалната драма во Македонија: В.Чернодрински, Васил Иљоски, Антон Панов и Ристо Крле. Чернодрински работел при крајот на XVIII и почетокот на XX век, а останатите тројца автори живееле и работеле во периодот меѓу двете светкси војни. Чернодрински ја положил прекинтата нишка во развојот на Македонската драма и театар што ги започнал Џинот. За Чернодрински е важно и тоа што во 1990 год. во Софија ја формирал Македонската драмска група «Скрб и Утеха». Со таа група тој ја поминал цела Бугарија, Србија и Македонија прикажувајќи многу драми, но пред се` неговата драма «Македонска Крвава Свадба», која насекаде имала топол прием и голем успех. Чернодрински е истотака автор на следниве драми: • Дрварите (1895) • Во меаната (1895) • Македонска емиграција (1897) • Македонска крвава свадба (1900) • Од глаата си патиме (1902) • Робот и агата (1902) • Зло за зло (1903) • Срешта (1903) • Мајстори (1903) • Духот на слободата (1909) • На реката (1921) • На Нова година (1921) • Цар Пир (1921) • Бурите крај Вардар (1925) • Цвета војвотката (1929) • Слав Драгота (1930) Драмите создавани во периодот меѓу двете светски војни, во Македонија, се потпираат на автантични настани, проткаени со богат фолклорен материјал, создавани на народен говор. Тие се надоврзуваат на веќе поставените вредности на основоположникот на Македонската драма, Војдан Чернодрински. Во овој тежок период за Македонскиот народ, Васил Иљоски ги напишал драмите: «Бегалка» и «Чорбаџи Теодос», Антон Панов ја напишал «Печалбари», а Ристо Крле — «Парите се отепувачка», «Милион Маченици» и «Антица». Овие автори исто така ги создале и следниве драми: Васил Иљоски: • «Ленче Кумановче» односно «Бегалка» (пиеса, 1926) • «Чорбаџи Теодос» (комедија, 1937) • «Ученичка авантура» (1939) • «Биро за безработни» • «Пиши, Панче» (пиеска, 1947) • «Два спрема еден» (1952) • «Чест» (драма, 1953) • «Кузман Капидан» (1954) • «Син и татко» (1955) • «Допирни точки» (1959) • «Окрвавен камен» (1968) • «Свадба» (комедија, 1976) • «Смрт за живот» (1988) Охрабрен од успехот на своите едночинки «По Матурата» и «Бура поради електриката», Иљоски ја напишал драмата «Бегалка» во 1928. Истата година тој успеал да ја постави на сцената на тогашниот српски народен театар во Скопје, под името «Ленче Кумановче». Меѓутоа, оваа драма му донесла низа непријатности поради тоа што била напишана на Македонски јазик, односно на кумановски народен говор. Македонскиот говор, како изразито национално обележје, и пречел на тогашната српска власт, поради што драмата веднаш била симната од репертоарот, а нејзинот автор отпушен од служба, односно преместен во Србија. Но Иљоски никогаш не им потклекнувал на неволјите во животот. Веднаш по враќањето во татковината, успеал повторно да ја постави «Бегалка» на сцената на Скопскиот театар. Во сезоната 1936/37 година, Васил Иљоски на скопската сцена ја поставил и својата втора драма, «Чорбаџи Теодос» — во оригинален наслов «Нагазио човек». Меѓу позначајните драмски остварувања на Иљоски е драмата «Чест», изведена во 1953 година.
Успехот што го постигнал Панов со неговата драма «Печалбари», напишана во Белград, додека и самиот бил печалбар, нема да го повтори со ниедна негова друга драма Ристо Крле: • «Парите се отепувачка» (1938) • «Милиони маченици» (1940) • «Антица» (1940) • «Велик ден» (1950) • «Гроф Миливој» (1958) Љубовта кон театрската уметност, кај Ристо Крле се раѓа со неговото членување во литературното друштво «Црни Дрим». Идеата да ја напише драмата «Парите се отепувачка» ја добил додека работел во Поградец — Албанија, каде што слушнал за потресна случка на еден несреќен печалбар, кој по тешкиот печалбарски живот се вратил дома и бил убиен од своите родители, кои не го препознале и се обиделе да му ги земат парите. Драма ја напишал речиси во еден здив, во 1937 година, а за прв пат била изведена во 1938 година на сцената на скопскиот народен театар. Скопскиот театар во 1940 ја прикажал втората драма на Ристо Крле, «Антица». Битово-социјална драма е всушност драмата во која се опишуваат традициите и обичаите на македонскиот народ меѓу двете светски војни, како и разликите помеѓу богатите и сиромашните во тој период. Битово-социјални драми се горенаведените: Бегалка, Парите се отепувачка, Печалбари, Македонска крвава свадба.... Изменето од Lithium - 13.Јануари.2010 во 14:09 |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
elena d ![]() Нов член ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
*ИЛИЈАДА - ЕПОПЕЈА ЗА ХЕРОЈСКИТЕ ГОЛЕМИНИ*
Дали постои човек кој го достигнал својот врв, својата кулминација со својата јуначка сила, со мудроста и добрината? Човек кој е чесен, предан на својата нација, човек кој претставува исклучок во општеството? Размислувам, прашувам, но како одговор го добивам ехото на тишината. А во моите раце стои ТАА - нејзиното височество. Еп над еповите, дело над делата пренесувана од колено на колено, од генерација на генерација, од античко време, па се до денес. Ја гледам и и се восхитувам, но малку сум вчудоневидена како воопшто слепиот Хомер го создал тоа врвно дело на човечкиот мозок. Илијадата е најовршената епопеја за сите народи и сите времиња, а темата се врти околу еден единствен настан - Тројанската војна. Вистинскиот мотив на оваа композиција односно душата на ова дело е гневот на главниот јунак (Ахил), а дејствието кое што е опеано од караницата помеѓу Ахил и Агамемнон, па дури до предавањето на мртвото тело на Хектор на стариот Пријам, се случува 51 ден од последната односно десетта година од Тројанската војна. Ахил, јунак од чиј поглед и глас Тројанците како исплашени срни бегаат и се плашат да не го предизвикаат она кај него што се нарекува ГНЕВ. Тој е млад, со огромна количина горделивост, жестокост кон непријателот, одмаздливост и огорченост. Тој се вознемирувал од неправда, им се восхитувал на пријателските односи и умеел да ги совлада гневот и омразата кон непријателот. Но сепак во неговиот карактер како непровидна нишка се вметнуваат и особините на великодушен. Дрскиот Агамемнон му ја одзел најубавата и најсаканта Ахилова робинка (што Ахил ја добил како дар кога го зазел градот Лирнес) како замена за Хрисеида, а кај Ахил предизвикал силен гнев и омраза. А Ахил гордиот син на музата на морето Тетида и смртникот Пелеј се повлекол од бујното поле. Тој ѓаволствен младич со ангелско срце. Тоа божество потклекнува пред препреките на судбината. Поради неговите одлуки умираат многу луѓе, меѓу кој и неговиот пријател Патрокле прободен од Хекторовото копје. Гневот кај ахил станува се поголем и поголем, а на неговата омраза и нема крај. Хектор е одважен и чесен борец, добар син и мил татко, нежен сопруг и гордоста на Троја, кој без да размисли за последиците се впушта во двобој со Ахил, плашејќи се за својата татковина односно за родната грутка која ќе биде понижена од грчката рака. Победник во двобојот е Ахил, но и така неговата одмазда не се задоволува. Го врзува избоденото тело на Хектор за неговата двоколка и врти околу ѕидините на Троја за тројанците да го видат овој немил настан. Откако му здосадува оваа игра на одмазда, Ахил се повлекува во својот шатор и ветува дека телото на Хектор ќе го фрли како храна на педовите, со што ја покажува својата себичност и алчност. Но тогаш доаѓа стариот Пријам во шаторот и го моли на Ахил да му го предаде мртвото тело на Хектор за да го исплаче и погреба со сите почести. Каменото срце на Ахил непопушта, но кога Пријам ќе го потсети на љубовта кон својот татко, тој ќе се расплачи и ќе му го предаде телото. И до ден денешен Ахил претставува симбол на човечноста. А ако некогаш човештвото сакало да создаде идили на храброста, мудроста и љубовта тогаш сигурно би бил Ахил. |
|
![]() |
|
elena d ![]() Нов член ![]() Регистриран: 03.Јануари.2010 Статус: Офлајн Поени: 2 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Еве неколку состави и од мене
*ДОБРОТО ОДНЕСУВАЊЕ ВРЕДИ ПОВЕЌЕ ОД СЕ* Каде е единствениот човек кој е задоволен од себе? Сите нешто бараат, на сите нешто им недостига, сите за нешто се борат и бараат начин да си ги решат сопствените проблеми. И честопати многу луѓе забораваат на она што човекот го прави човек, по што се разликува од другите живи суштества на земјава, забораваат на тоа како треба да се однесуваат. Доброто однесување е голема доблест за оние што го поседуваат, и тоа на човекот може да му значи во животот повеќе и од што може да замисли. Треба добро да се однесуваме кон се што не опкружува, но прво место со целиот наш живот треба да покажуваме почит кон нашите родители, кон постарите и кон целата фамилија. За еден човек да има добро однесување во себе треба да има хуманост, почит и добро да биде воспитан. Доброто однесување секогаш не води напред кон поубавото и подоброто во животот. Затоа што овој живот може да биде најголема благодет, најубав подарок на оној што знае да размислува, сака да живее и добро да се однесува, а најголема казна за оној што не знае да живее и има лошо однесување. Бидејќи доброто однесување е слика на нашето минато, но клуч на нашата иднина. _________________________________________________________ *ЛИКОТ НА ХАМЛЕТ* ...Најпрво треба да се прашаме - што сакал Шекспир кога го создавал ликот на Хамлет? Тој никогаш и ништо на пишувал без одредена замисла. Тогаш каква замисла имал кога решил да ја напише оваа трагедија? Изгледа, тој секогаш пред да почне да пишува, ја посматра приказната онака како што сликарот го гледа своето платно пред да почне да слика - како средство за изразување на своите мисли. Која е тогаш точката која Шекспир ја насочил во Хамлет? Тој сакал да наслика таква личност за која надворешниот свет, сите случувања би биле релативно невпечатливи и безначајни по себе, а би почнале да го интересираат само кога би постанале слика во огледалото на неговиот ум. Хамлет ги гледа надворешните работи на ист начин како човек со голема фантазија. Кога ќе ги затвори очите, пред себе го гледа она што претходно оставило печат на неговите сетила. Тој е вистински наследник на престолот, татко му умира на сомнителен начин, мајка му му го одзема престолот така што се мажи за неговиот стрико. Ни тоа не е се. Дури и духот на неговиот убиен татко се појавува, убедувајќи го синот дека него го убил сопственио брат. А каква е реакцијата на синот? Молњевита реакција и одмазда? Не. Бескрајно колебање, непрестанато обвинување на самиот себе за невнимателност, се додека цела одлучна енергија не испари во тие обвиненија. И тоа не од нехраброст, не од недостаток на премислување и бавно сфаќање, туку само поради таа аверзија према реакцијата која постои кој оние кои носат свет во самите себе. Па еве го ликот на Хамлет: слаба волја, но единствено поради шокот, а не поради неговата природа. Хамлет е по природа јак човек, неговата иронија, неговиот моментален гнев, неговите страсни избувнувања во разговорот со мајка му, поносен презир и голема омраза кон стрико му - сето тоа ја потврдува енергијата и величината на неговата душа. Предодреденоста, која на Хамлет ќе го донесе до одмазда на татко му е размената на мечовите од кои едниот е отровен, и испивањето на чашата со отров од страна на мајка му, наменети за него. Тој е прободен од отровниот меч, но пред да умре го убива својот чичко. Од сите можни прогнози би изгледало дека најмалку веројатна е таа дека Хамлет баш на тој начин ќе погине и дека на тој начин ќе го одмазди својот татко. _________________________________________________________ *КИРИЛ И МЕТОДИЈ - ОСНОВОПОЛОЖНИЦИ НА СЛОВЕНСКАТА ПИСМЕНОСТ* Аз, буки, веди... Кирил згрбавен над слабата светлина, на белата хартија со петлово перо ги нижи светлозрачните букви. Буква по буква, збор по збор ја создава светлината на слепите, звукот на глувите. Таа глаголицата им ги отвори очите на заслепените Словени од германската и грчка власт. Тие светци Кирил и Методиј им ја даваат храната и водата на гладните и жедни Словени. Константин е роден околу 826/827 година како најмало односно седмо дете на Лав и Марија, а Методиј е најстариот син, сеуште не се знае точно која година е роден. Константинуште како дете покажува голем интерес кон науката и почнува да се школува во високи школи. Се вработува во Магнаурската школа (во која што и самиот се школувал) како професор по филозофија. Поради големата истакнатост и напредност во својата професија го добива прекарот филозоф. Подоцна во Хазарската и Сараценската мисија, Кирил придружен од својот брат Методиј, го ослабнува верското влијание на еврејските и арабските мисионери. За разлика од нив најважна била Моравската мисија. По праќањето на писмото од моравскиот кнез Ростислав да византискиот император Михаил III со молба да им испрати учени луѓе кои ќе ги описменат неуките Словени. Но, Слобениуте немале сопствена азбука. Со голема мака Кирил и Методиј им го даваат тој благодет. Но наскоро почнува неочекуваната војна со тријазичниците. Кирил храбро им се спротивставува укажувајќи дека Бог не рекол дека христијанството не треба да се проповеда на три јазици: еврејски, латински и грчки. Во 869 година се случуваат важни промени во словенската писменост. Римската црква официјално ја признава словенската писменост т.е. делото на Кирил и Методиј. Константин се замонашува и го добива името Кирил, а Методиј добива свештенички чин. По официјалното признавање на словенската писменост, Кирил се разболува. Набргу животниот пат на Кирил престанува, а на смртна постела му остава обврска на брата си Методија да ја доора започнатата нива односно и понатаму да ја шири словенската писменост. Но бидејќи животот е тркало кое непристрасно се врти, Методиј со неговите ученици се наоѓаат во тешка состојба односно зад решетки. Методиј исцрпен од борбата со германското општество умира, додека неговите ученици доживуваат пеколна судбина. Некои од нив после долгите измачувања биле протерувани од Моравија и Панонија, некои од нив повторно биле поробувани и немилосрдно продавани како робови, некои како што бил Горазд, кој што требало да биде Методиев заменик, им исчезнува трагата засекогаш. Делата на Кирил и Методиј ќе останат засекогаш да сведочат за тешката борба за описменување на словенскиот народ и како што кажува Климент во своите дела: „...Кога тие двајца ќе дојдат слепите ќе прогледаат, а глувите ќе слушаат...“ |
|
![]() |
|
zika008 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 30.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Љубовта ја облагородува и оплеменува човековата душа
Љубовта е најсилното, најмоќното и најискреното чувство без кое неможе да се живее. Се раѓаме од љубов, живееме опкружени со љубов, дарувајќи љубов и се бориме за возвратена љубов. Да се сподели љубовта со најблиските е радост и среќа, мелем за човечката душа. Таа не води низ животот, ја обла- городува и оплеменува душата и го збогатува срцето. Возвратената љубов ни дава желба и поттик за живот, додека невозвратената љубов носи разочару- вање и тага. Љубовта не избира сретства и методи да се изкаже. Испишани се илјадници страници песна, испеани милиони стихови за љубовта. За неа не постојат граници, вера, националност. Љубовта кон татковината, природата, живот- ните , блиските не може да са измери, ниту пак да са спореди со било што. Таа е неизмерна, величествена, длабока, и неуништлива. Љубовта е песна на ду- шата испеана, која се слуша на далеку ко од мрамор излеана и води кон мор- ската шир. Без љубовта човек е изгубен во патиштата на животот. Со љубов се живее, радува и ужива во убавините на животот. Со љубов ние постоиме таа не води кон посреќна и поубава иднина. Љубовта е песна на раѓањето, животот и смртта која ја компонира и слуша само срцето. Честопати љубовта е драма во три чина: започнува со поглед, продолжува со бакнеж а завршува со солзи. Човековата душа ке биде оплеменате и облагородена кога љубовта ке биде вечна и искрена. Сакам светлината на денот да биде исполнета со љубов, сонцето да ја топли љубовта, а навечер ѕвездите да сјаат од љубов. Љубовта ја создава добрината во душата и се бори со злото, таа ја прави душата неуморна и безсмрттна. Љубовта не умира и тогаш кога човековата душа заминува во неповрат. Со љубов зборуваме за скаканите и тогаш кога не се мегу нас-живи- те и тогаш кога се далеку и тогаш кога неможат да не чујат. Стотици луѓе ја бараат среќата, илијадници убавината, милиони радоста но сите тие ја бараат љубовта. Таа е ѕвезда водилка низ животот и тогаш кога душата умира љубовта само тагува. Со љубов се бориме за животните цели со љубов се грижиме за блиските,зар постои поголема цена на љубовта? За љубовта се воделе војни ,за љубовта се гинели , за љубовта се живее !!! _________________________________________________________ Музиката одраз на човечката душа Низ стиховите, нотите, песната се искажуваат чувствата на човекот. Музиката е чувар на култорното и духовното богатство на човекот. Честопати човекот бара утеха во музиката, а низ песна ја искажува радоста. Од кога постои човекот оттогаш постои и музиката и поврза- носта на човекот и музиката е нераскинлива и вечна. Низ музиката ги запознаваме обичаите, навиките и традициите на луѓето низ вековите. Музиката се пренесува од генерација на генерација не умирајќи и не застанувајќи пред времето. Стиховите на поетите и нотите на композиторите во кои ги искажале своите чувства и доживување имаат непроценливи вредности. Пеејќи и компонирајќи човекот наоѓа мир и спокој за душата во тага, а блеска од радост и среќа, оставајќи белег од своето постоење. Секој дел од музиката искажува нешто возвишено и човечно кое извира длабоко од срцето и душата на уметникот. За музиката не постоат граици, територии, годишни времиња и маала, таа е насекаде околу нас,била и ќе биде дел од нашето секојдневие. Со првите ноти, со првите стихови кои ке ги чуеме понекогаш ни затреперува срцето и ни се отвора душата. Гордост е да се пее на свој мајчин јазик било каде низ светот и да се искаже своето битие. Слушајќи го звукот на зурлите и тапаните во мене трепери здивот, воздишки тешк ми навираат, а пред очите моите претци. Музиката му буди спомени на мојот народ, ја буди љубовта кон татковината, низ музиката се испишани убавините на природата и испеани чувствата на љубовта. Со песна ја искажуваме својата љубов, своите желби и маки. Со солзи во очите може да се запее, заигра да се заборави тагата, да се утеши душата. Песните, серенадите знаат да бидат помирување помеѓу вљубените, а песните печалбарска утеха за носталгијата кон родното огниште. Музиката е одраз на човечката душа и траен белег на сите веселби и прослави. Таа не умира туку не оживува и ни го разубавува животот. _________________________________________________________ Погледи кон детството Човекот еднаш се раѓа, еднаш умира и само еднаш е дете. Најубавиот, највеселиот, најбезгрижниот живот е животот на детето. Детето е искрено, наивно и среќно. Убаво е да си дете велат сите. Спомените од детството остануваат длабоко врежани во срцата на секој и траат се додека чука срцето. Многу е тешко да си дете. Чудно но вистинито. Возрасните се опседнети со свои проблеми, забораваат дека и тие некогаш биле деца, па и неможат да ги сватат некогаш детските лудории. Секое дете сака да биде сакано, милувано и неговите мали но слатки желби да бидат исполнети. Проблемите на децата честопати честопати возрасните не ги сфакаат сериозно и тоа носи жал и тага во малите,слатки и искрени детски срца. Не сакам да пораснам и да бидам дел од светот на возрасните. Таму нема игри, дружења, смеа и искреност. Возрасните имаат премногу обврски и забораваат на дружењето, забавите, игрите. Родителите го користат сето свое слободно време за дружење со своите деца, но децата бараат повеке љубов. Детскиот свет бргу поминува, така ни се чини нас децата. Детскиот свет е свет на приказни, игри, дружења и безброј дни исполнети со радост. Секој човек кога раскажува со длабоки чувства и без здив се секава на најубавиот дел од животот. Затоа на сите деца во целиот свет им порачувам ,,живејте го среќно и весело детскиот живот не брзајте во светот на возрасните“. ________________________________________________________ Пораките на природата Природата дарува љубов, живот, убавина и задоволства за нашата душа и мил поглед за нашите очи. Сепак за да ја имаме убава природата треба да ја чуваме и негуваме, да ја штитиме и да не ја уништуваме. Таа бара љубов и внимание, а ни возвраќа со чист воздух и здрава животна средина. Природата е повредена ако кон неа се однесуваме несовесно, фрламе отпадоци насекаде, ги уништуваме дрвјата и зеленилото, ги загадуваме реките и езерата. Во современиот свет на брза технологија на многу фабрики и милиони автомобили, природата е загрозена. Но таа се бори со сите зла и ни дарува чист воздух. Непланираното сечење на шумите и многубројни пожари го уништуваат зелениот појас на природата. Затоа треба да ги негуваме младите дрвца, да ги пошумуваме голите ридови. Природата секогаш ни порачува да ја чуваме, да не ја загадуваме, затоа што таа мисли на нас и на идните генерации. Чистите и бистри реки, езера се здрава средина на водениот свет, но и на нас- луѓето. Природата треба да се чува за да не опкружува убавина од шуми,цвеќиња, бистри реки и чиста здрава околина. Убаво е кога ке одиме во прошетка и ќе видеме разеленети дрвја, расцутени цвекиња, бујна зелена трева и животни кои разиграно трчат низ убавините на природата. Птиците пеат низ разгрaнетите дрвја, а милиони пчелки да збираат мед од цвет на цвет, пеперутки ви кралски бои да латаат низ ливадите, таа е убавината на природата. Ние сме дел од неа, таа не опкружува и заедно со нас живee, расте и умира. ______________________________________________________ Dajte sega vie dr. sostavi .. :)) |
|
![]() |
|
zika008 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 30.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Eve nekolku sostavi i od mene.. :)
П Е К О Л О Т Пеколот претставува прв дел од големата поемска творба Божествената комедија. Основната инспирација за создавање на оваа поетска творба му дала Беатриче. Меѓутоа, важно значење за нејзиното создавање имало и неговото лично животно и политичко искуство, како и општествено-политичките прилики во Италија, посебно во неговата родна Фиренца, во која одделните партии воделе жестока борба за власт. Иако Данте започнал да ја пишува во Фиренца, конечно нејзиното реализирање ја завршил со прогонство под многу тешки животни услови. Во своите песни до Пеколот Данте ја дал својата визија на пеколот како мрачна, огромна инка што се спушта во средиштето на земјата, центарот на гравитацијата, каде се наоѓа Луцифер- симбол на злото. И сообразниот пекол го поделил на 9 круга кои постепено се стеснуваат. Најтесен бил последниот, што се наоѓал во центарот на земјата. Секој круг го поделил на помали одделни кругови во кои се сместени грешниците, според степенот на направени грешки во животот. Воден од вистинскиот творечки инстинкт, Данте сакал што пореалистично да ги наслика папите- претставници на католичката црква. Сместувањето на папите во пеколот, а не во рајот треба да послужи како показ дека во времето на Данте во очите на средновековниот човек почнал да опаѓа авторитетот на црквата. Во пеколот се наоѓаат елементи на нови сваќања и идеи, спротивни на идеите на средновековието со кои Данте ја превестил ренесансата. Во вториот круг се мачат сладострасниците, зашто телесната љубов христијанската црква ја сметала за грешна. Тој сакал да укаже дека телесната љубов не треба да се презре и казнува, туку таа треба да се почитува. Во Пеколот Данте насликал цела галерија од човечки карактери. При сликањето на ликовите покажал мајсторство на голем и врвен уметник. Во секој лик претставил црти од психологијата на епохата. Широките слики и многубројните ликови целосно го разоткриваат духовниот и материјалниот живот на луѓето во тогашна Фиренца. Една од големите заслуги на Данте е што пејсажот са јавува како поетска инспирација и како објект. Силното и непосредното чуство за природата што се појавло кај него во младите години подоцна силно се зајакнало и почнало да се добива длабочината и да се нијансира под неговото идејно офирмување во целукупното творештво. Сликата на природата најчесто ги зема од родната земја и ги вклопува во описот на пеколот. ______________________________________________________ Дон Кихот Во ремегделото на Шпанската и светската книжевности и во најпреведуваната книга во светот, после Библијата, ги среќаваме Дон Кихот и Санчо Панса. Слободата и среќата не треба да се продаваат, ниту за сите богатства на светот, и да се ослободи срцето од лошите мисли, се мислите водилки во умот на Дон Кихот, кои со векови се слушаат низ светот. Рицарот со тажно срце, сосема се изгубил и во свеста му се родила необична мисла, да стане рицар – скитник, да тргне во авантури, да донесе правда, да помага на бедните, понижените и повредените. Со своите дела, сакал да им донесе среќа и добро на несреќните. Дон Кихот е идеалист и занесеник кој се судира со стварноста во која владеат нормите. За среќа на светот тој е трагичар, мудрец, хуман, а во истовреме среќен кога ги презира богатите и ја цени слободата во сиромаштијата. Првиот идеал на Дон Кихот му е да донесе преродба во хуманизмот, слободата и правдата. Токму тогаш, се појавува парадоксот на неговите идеали и стварноста. Честопати во своите постапки бил смешен. Наспроти Дон Кихот е Санчо Панса, селанец, коњушкар, необразуван,но многу бистар и нивниот однос бил многу сложен, и од тие карактерни спротивности, денес светот многу учи. Дон Кихот со своите безсмртни подвизи,сакал да си го стави името во храмот на безсмртноста, и затоа често зборувал за златното време од историјата на човештвото. Дон Кихот предизвикува задоволство, а и истовреме служи за поука, за лик на кого му недостига практичен дух. Реалниот свет, го гледа низ призмата на својата фантазија. Тој трпел глад, жед, студ, удари, но не се откажувал од мислата дека треба да се помага на луѓето. Бидејќи не можел да го гледа животот таков каков што е, со своите постапки се доведувал од смешна до жална состојба, која прилега на луд човек, за безумник. Задуен од хуманистичките идеи на ренесансата, тој се залагал за враќање на првобитното општество, кога луѓето биле слободни и рамноправни. Со својата поетска дарба Дон Кихот ја искажувал љубовта кон Дулчинеа. Фантазерството, добрината, саможртвеноста на Дон Кихот за да прави хумани дела, иако не е верен за тоа, го наметнале поимот донкихотство кое постои до ден-денес. Со исмејувањето на благородниците, настанува пародија, која со вековите е проучувана. Празните илузии се во судир со суровата стварност, кои се уште постојат.Ликовите Дон Кихот и Санчо Панса заедно создаваат еден лик, на нов човек исполнет со возвишени идеали, за почитување на човечкот достоинство, за верба и духовна моќ на човекот. ___________________________________________________________ Хамлет Хамлет на Шекспир е римејк на популарна драма базирана на историска фикција.Хамлет е сложен лик кој со векови претставува мистерија и инспирација за милиони луѓе. Гневниот, тажен принц Хамлет и неговото разочарување од животот го возвишува неговиот дух во височините на љубовта и омразата. Размислувајќи за секоја своја постапка и колебајќи се за нејзиното извршување тој доаѓа до разумни мислења. Хамлет се определил за животот бидејќи тој му овозможува на човекот да се надева и да сонува, да љуби и да мрази. Хамлет е пред се многу лабилен, несигурн лик, постојано се наоѓа некаде помеѓу должноста и бегството.Постојано сконцентри-ран и фиксиран врз проблемот за кој не е ни сигурен дека постои, потоа се провлекува и доза на шизофренија низ неговите постап-ки, моменти на луцидност и губење, значи мора да се потенцира неговата природа за да може да се дојде до некој, било каков одговор. Тој мора да биде сигурен пред било што да направи, затоа што не би можел да просто да поднесе да го гризе совеста, тука е и неговата поранешна приврзаност со мајчинската фигура која тој чувствува дека го предала.Верувам дека тој би го пролонгирал убиството да може до бескрајност, затоа што колку и да звучи чуд-но, тој ужива во својата улога на маченик, мислител и философ, а притоа се обидува очајно од неа да избега. Токму затоа доказите му се и толку битни, неговиот слаб и неодговорен лик е толку јасно отцртан со што веднаш се доаѓа до заклучок зошто тој и не е спосо-бен да ја донесе веднаш одлуката. На моменти Хамлет знаел да нав-лече маска на лудак за да може да дојде до некоја вистина и да кажува вистини. Омразата е длабоко во неговата душа и за да ја одбрани својата чест го убил убиецот на татко му. Со својата љубов сакал да се бори против кризата на моралот и олицитворение на лажната љубов. Тој ја почуствувал и лажната мајчинска љубов и лажното пријателство, кои биле трагични за неговиот живот. Жртвата на Хамлет не била залудна, таа била патоказ за идните генерации да размислуваат совесно и да се борат против неправдите и лажниот морал во меѓучовечките односи. _________________________________________________________ Слободата на ренесансата Во средината на ХV век кога капиталистичките односи во Италија и во другите европски земји силно се развиле и зајакнале, почнале да се создаваат многу поповолни услови за општествено-политички, економски, културен напредок. Во тој период почнале да се формираат одделни науки и национални јазици и да се создаваат нови модерни држави со неограничена монархистичка власт, во кои буржоазијата имала решавачки збор. Благодаре- ние на напредните погледи и стремежите, во средината на ХV век буржоазијата му подарила на човештвото уште едно ново движење, познато под името ренесанса или преродба. Со името ренесанса не се означувало само преродба на античката, римско-грчката литература и култура, туку и преродба на целокупниот современ живот. Ренесансата ги прифатила придобивките на хуманизмот и ги развила во нови посовремени форми и содржини. Спотивно на средновековието религиозното сфаќање за човекот кој треба на земјата да се подготвува за некаков задгробен живот, таа уште повеке го зацврстила сваќањето на човекот морал да има ново сфаќање за животот и за сопствените права.Тој морал да биде слободно суштество, кое слободно ке се развива и ќе ги ползува благодетите што му ги пружи овоземскиот живот. За време на ренесансата сликарството,вајарството и архитектурата го доживеале својот сестран расцут. Новите ренесансни творци успеале да ја ослободат уметноста од анонимноста и наивноста и да ја издигнат на степен на наука. Забележителен напредок постигнала и литературата. Писателите своите уметнички творби ги освежиле со мотиви и теми од новиот ренесансен живот.Слично на творците на сликарството,вајарството и архитектурата, и тие почнале да ја проучуваат природата и анатомијата на човечкото тело, душата и живот, како и законот за пространственоста, кои станале основна цел во нивните творби. Тие се стремиле своите творби да ги ослободат од наивноста и да ги создаваат така, што во нив да не се наруши или оштети убавината на целосната слика за животот на човекот. Во секоја творба требало да преовладува издифиренцирана психолошка анализа, одмерност, сразмерност, рамнотежа, хармонија и духовна ведрина за да може творбата да го разубавува и облагодародува животот. Кога се има предвид дека ренесансните писатели, помалку или повеќе, ги создавале своите уметнички творби врз темелите на античката, римско-грчката литература, тогаш сосема било нормално што тие посветувале посебно внимание во создавањето на литературните жанрови лирската песна, епската форма во стихови и прозната и драма во стих и проза и на нивните стилски особености. Со тоа овозможиле да се создадат поволни предуслови за изградување на класицистичката поетика во XVIII век, во која биле строго определени стилските особености на одделните литературни жанрови. ______________________________________________________ Трубадурите на ренесансата – однос на Данте и Петрарка кон идеализираната жена Хуманизмот и ренесансата се периоди кои настануваат по завршувањето на средновековието и почетокот на новиот век. Тогаш настанале многу пресврти, а најмногу во Италија. Тогашните луѓе почнале да сваќаат дека треба поинаку да го живеат животот или како што тогашните писатели рекле: „Животот сега, а не после смртта“. Најпознати ренесансни писатели се: Данте Алигери, Џовани Бокачо и Франческо Петрарка. Овие ренесансни писатели сфатиле дека треба да почнат да свој живот, со свое мислење и изразување. Тие сфатиле дека ако продолжат само за љубовта спрема Бог како што налагала црквата, тогаш литературата никогаш нема да доживее убави литературни дела и содржини. Овој пресврт го започнал Данте Алигери, кој се смета за предренесансен писател. Бидејќи почнал да се изразува слободно, да пишува за љубовта кон Беатриче. Иако црквата не го дозволувала тоа, но тој продолжил да пишува иако бил далеку од родната Фиренца. Во своето дело „Нов живот “ тој ја опишува својата платонска љубов. Тој со голема болка ги пишувал стиховите: „ Плач од болка и воздив од тага го горат срцево кога сум сам, би ме сожалил секој кој ќе ме чуе зошто каков е животот мој? Откако саканата на оној свет појде нема јазик кој таа може да го каже. Данте Алигери многу слободно се изразувал и мислам дека правилно постапил. Ги опишу- вал силните чувства. И Франческо Петрарка како и Данте Алигери, почнал слободно да се изразува. Тој бил лудо вљубен во Лаура. Но и тој страдал, бидејќи и неговата љубов била платонска,а не телесна. Едвај ја контролирал страста која го обземала. Бил уплашен биде- јќи во секој момент можел да направи некој грев. Во својата збирка од песни „Канцонер“ ги опишал чувствата кон Лаура. Цитирам: „ – Не, нема мир, ни војна ниту враг, се плашам в надеш, стинеам и горам, се влечам во прав, со облици се борам за сите туг, ги барам сите пак. “ Според мене тој ја искажува својата болка, а воедно е љубовта што ја чувствувал. Додека пак Џовани Бокачо, бил писател кој најслободно пишувал.Тој пишувал новели во кои употребувал слободно изразување. Го напишал „Декамерон“. Опишал случки од секојдневниот живот. Јас мислам дека овие тројца ренесансни писатели, навистина многу придонеле за денешната литература. Според мене тие добро постапиле што почнале да се изразуваат слободно. Нивните дела за денешната литература се од големо значење. Јас сметам дека без нивно учење, без нивните дела и слободно изразување ние не би имале таква литература каква што имаме денес. ________________________________________________________ Душевната тага на Гилгамеш – вознемиреност и страв Јунакот на Сумерската епика – Гилгамеш бил цар, владетел, бог со човечки белези и јунак со скршено срце. Гилгамеш е историска личност кој ја почувствувал власта и убавината на јуначките подвизи, ама не му било судено да биде бесмртем. Како цар имал голема физичка сила, го угнетувал својот народ сè до оној момент кога се сретнал со дивиот човек Енкиду. Тоа дружење го изменило неговиот див карактер и тој се прочул со многу подвизи и добри дела. Со Енкиду Гилгамеш ја извојувал најголемата победа во својот живот против чудовиштето Кумбабу, кое било чувар на кедровата шума. Кога Енкиду умрел, Гилгамеш се оддал на размислување за смислата на човековото постоење, за бесмртноста, за славата и за тагата, Гилгамеш – човекот силник и похотник ја почувствувал болката и радоста кога најмалку очекувал. Иако две третини бог тој е суден да ја носи судбината на смртните да го одживее проклетството на боговите. Голема е болката за загубниот пријател, од која осознава дека и најхрабрите јунаци не се бесмртни. Затоа во страв и вознемиреност се прашува: „Зар и тој вака ќе замине еден ден, и тој ќе умре, но кој ќе жали за него“. Гилгамеш со неизвес-ност ќе тргне по трнливиот пат на пречки, искушенија и опасноста да ја бара „трефката на вечноста “. Според него бесмртните човекови добри дела кои се симбол на бедемите на градот Урук треба да го надживеат јунакот. Иако е искрен во својата тага, тој е упорен во преголемата желба за „вечениот живот “. Душевната тага на Гилгамеш прераснува во голема вознемиреност и страв. Не може да се препознае храбриот ловец со наведната глава, уплашен, со душа преполна јадови и заскитен поглед. Но тоа не е од страв туку од болка кон изгубениот пријател и брад. Стравот од помислата за сопствената смрт е уште потешка болка во душата на Гилгамеш. Иако поминале илјадници години неговиот глас допира и до нас, искрено и чисто поминувајќи низ дебелите слоеви на земјата, време и заборав. Преку душевната тага на Гилгамеш откриваме едно вечно човечко чувство – тага по изгубениот близок пријател, што секој човек во секое време го чувствува. ________________________________________________ Победата на љубовта во класицизмот Љубовта е лајт мотив на животот. Таа е движечка сила за која низ вековите се живеело, се борело и се умирало.Во одредени периоди љубовта била непресушен извор на идеи, од кои се напишани најубавите класични дела. Во времето на класицизмот, се негувал култот кон убавото и прекрасното. Љубовта била извор за прекрасното во животот и хармонијата во вселената. Љубовта ги обединува хармонијата и убавината , кои се барале во сé, во природата, во животот, во уметничките дела, зошто љубовта била патот до совршенството на човекот. Пишувајќи и опевувајќи ја љубовта во класицизмот, не биле среќни само авторите, туку и молиони читатели низ вековите. Во времето на класицизмот љубовта не секогаш имала среќен крај. Во многу дела, таа е трагедија за среќата и љубовните надежи на двајца млади. Омразата и поделбата на сталежи ја оневозможувала љубовта да се искаже и затоа таа имала трагичен крај. За да се одбрани честа и достоинството, се откажувало од љубовта и надежта да се оствари среќа, и да победи љубовта. И Родриго и Химена се ликови од класичната епопеја на нивните животи. Преку нивните ликови е претставена трагедијата за среќата и љубовта во нивното време. Тие воделе мрачна борба помеѓу љубовта и обврската да се одбрани честа на својата фамилија. Борејќи се за одбрана на честа, неможат да ја задушат својата љубов која станала се посилна. Љубовта победува се и носи радост кон сите. Среќниот крај во тешката издвојувана победа го наговестува раѓањето на новиот граѓански морал, кој е похуман од стариот феудален морал, кој со фанатичен култ на фамилиарната чест, ги дехуманизира човечките односи. Иако била критикувана љубовта во класицизмот сепак делата инспирирани од љубовта добила највисок степен на уметничка вредност. Делата напишани во класицизмот биле непосредно врзани за античкото минато и современото романтичарско тежнеење, во кои главна е улогата на љубовта. Љубовта била полет на имиганицијата и занес на страстите, која претставува извор на творечката енергија, со која се остварувала победа на духот, поттик за уметникот. _______________________________________________________ Тартиф е вечна составка на човештвото Тартиф е лицемерен богомолец, кој со своето сериозно движење , големата побожност и милосрдие ги заслепува луѓето околу себе. Таа лажност ја откриваат другите, но маската на Тартиф е уверлива и целосна, во која неможе секој да поверува. Добриот Оргон е спремен да се откаже од фамилијата, но не и од Тартиф. За да ја докаже својата приврзаност кон Тартиф, му ја ветува својата керќа. Кога Оргон ќе ја почувствува дволичноста на Тартиф, веќе било предо-цна да ја исправи својата грешка. За среќа кралот е мудар и справедлив, кој ги препознава своите измамници и правдата доаѓа на свое место. Тартиф има способност да ги открие слабостите на луѓето и со помош на лицемерството да ги искаже своите цели. Подлоста на Тартиф е многу вешто маскирана зашто секоја лага и злодело, тој ги прикрива со виши цели. Тој е вистински лик на лаком, ненаситен и развратен човек. Во ликот на Тартиф, Молиер го олицитворил лицемерството на христијанската црква. Свештениците кои проповедаат : аскетизам, љубов кон ближниот , милосрдие, некористољубивост, всушност, се лицемери, со ниски користољубиви побуди. Во коме- дијата „Тартиф“ дошле до израз слободољубието и материјализмот, кои ги има низ вековите и кои постојат до ден денес. Сатирата на Тартиф е насочена против религијата и лицемерството, што ги заслепува луѓето и од нив прави марионетки. Нивната побожност, чесност и морал, ги тера да веруваат дека луѓето не носат маски. Тартиф е вечна составка на човештвото. Постоеле, постојат и ќе постојат луѓе, кои не бираат средства за да ги остварат своите цели. Луѓе лицемерни и дволични, кои ја искористуваат добрината и невиноста на праведните. Луѓето со маски, додека да се откријат тие ги остваруваат своите цели, но остануваат облежани со своите не - дела. ______________________________________________________ Лик од мојата фотографија Централно место во стаклениот скаф во собата на баба ми зафака една дрвена рамка во која се наога фотографијата. Фотографијата на прв поглед изгледа многу старо во црно-бела боја,избледеана по краевите но сепак многу зачувана. Изгледот не лаже,со лубопитност и чудење ја прашав баба ми за ликовите од фотографијата и времето кога таа е направена. Баба ми со радост почна да ми го раскажуваза ликовите од фотографијата и времето кога таа е направена. На фотографијата се моите баба и дедо со моите чирковци,тетки и татко ми кога биле мали- рече баба ми.Таа не го памети дедо и, го знае од оваа фотографија која и е единствен спомен. Но, не жали многу за него туку за нејзината тетка која умрела млада пред таа да се роди. Многу е интересна облеката во која се сликани ликовите. Родителите се во средината,а околу нив стојат нивните деца.Баба ми вели дека се облечени свечена облека за Велигден.Тогаш е направена оваа фотографија за време на Велигденските празници,а мене ме потсекаат на децата од играорната секција, облечени во македонска народна носија. Баба ми ова фотогра-фија ја пронашла многу одамна и многу се израдувала што нашла спомен од нејзините предци.За неа оваа фотографија има непроценливо значење. Затоа ја чува, бидејки таа е дел од семејната историја.Со тага во очите ми раскажуваше за секој лик подетално.Сите тие одамна се изумрени,но преку фотографијата сигурноќе јанаследи мајка му, но и јас ке ја чувам и ќе се сеќавам на моите предци. Би сакал да има многу вакви спомени,но баба ми бели дека тоа во онаа време било реткост и затоа има малку вакви фотографии. На задната страна од фотографијата испишана е една порака која ме занемени. ‘‘Човек умира а пепел станува, но сликата за успомен останува‘‘.Долго ги гледав зборовите и мислев колку голема вистина и мудрост има во нив. И кога сме тажни, и кога сме весели фотографијата е секогаш тука до нас, нас нема да ни ги вратат спомените и мислите кон блиските кои не се меѓу нас. ________________________________________________________ |
|
![]() |
|
zika008 ![]() Нов член ![]() Регистриран: 30.Декември.2009 Статус: Офлајн Поени: 4 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
К А Н Ц О Н И Е Р
Франческо Петрарка уште од својата младост пишувал песни на народен јазик, на кои не им придавал големо значење, затоа што бил убеден дека само делата пишувани на латински јазик имаат вистинска уметничка вредност. Песните што ги пишувал на народен јазик имале главно, љубовна содржина и сите биле инспирирани од неговата голема љубов спрема гос- поѓата Лаура. Тој за неа пишувал цели три децении. Песните ги собирал во зборникот ,, Кан- цониер“ кој е поделен на два дела ,,Животот на госпоѓа Лаура“ и „Смртта на госпоѓа Лаура“. Освен љубовните песни и сонети има и творби со филозофска и политичка содржина. Во сонетата од првиот дел „Животот на госпоѓа Лаура “ Петрарка ги изразил своите искрени чувства спрема саканата и ја претставил како образец на добрината. Тој во своето дело се задржува на нејзината убавина, опишувајќи и споредувајќи ја како божица. Убави-ната, постапките и добрите особини на Лаура се опишани во многу варијации. Прекрасната жена е недостижна за Франческо бидејќи таа е омажена и има повеќе деца затоа и неговата љубов била безнадежна, проткаена со многу неспокојство,осаменост и тага. Петрарка, како човек на новото време што доаѓало, не може лесно да се ослободи од моралите и верските норми на средновековието и безрезервно да им се оддаде на својата љубов и занес. Во вториот дел од ,, Канцониер’’ ǔ е посветен на мртвата Лаура. Во спомените на поетот најзиниот лик се јавува во нова светлина. Канцонерот завршува со песната во која Петрарка ја моли Богородица да побара од Господ прошка за него, бидејќи не може да се откаже од својата љубов. Петрарка е поет на сонети, бидејќи тие биле најсоодветни на неговата инспирација. Малата форма на сонетот бара стегнат израз, а неговата метрична правилност мислата ја организира во цврста и едноставна целина. Сето тоа го постигнал Петрарка доведувајќи го сонетот (како лирски вид) до совршенство. |
|
![]() |
|
Lithium ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 01.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 9407 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Јон рано останал без родители и самиот морал да се грижи за себе. Се сеќава на топлината на мајчината љубов, но се сеќава на суровоста и бесчувствителноста на таткото. Детството го живее во манастир, а потоа е присилен да им се придружи на комитите, на еден суров живот ( одиш, колеш и чекаш да те заколат ). По женидбата тој е подготвен многу да работи за да го обезбеди семејството, но тој живот кратко трае. Всушност неговиот живот е војничкиот живот. Војувајќи во српската војна, тој се надева дека и неговата татковина ќе биде ослободена, дека и Македонија ќе добие нешто. Но по завршувањето на војната и преживувањето на најстрашните случувања во неа, тој ги губи илузите дека ќе се живее подобро. Уште пострашно за него е сознанието за смртта на децата. Се наоѓа во безизлез. Добродушниот, ведар, мирен, посветен родител и татко станува ѕвер. Тој е всушност трагична личност. Јон нема сила како Велика да продолжи понатаму. Почнува да пие, да се губи себеси, целосно да се однародува и посакува да умре. Тој не бара излез за живот, тој бара пат кон смртта, кон крајот! |
|
You think you are perfect? Well, try walking on water...
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Да беше темата Вуче од Америка сите ќе се потепаа да напишат колку доларчиња им треба да им прати, а вујко Вања никој не го спомнува ![]() Вујко Вања Авторот на драмата Вујко Вања, рускиот новелист, раскажувач и драматург Антон Павлович Чехов, во книжевноста се појавил со кратки хуморески од обичниот живот и веднаш ја потврдил својата извонредба дарба за забележување, длабоко разбирање на суштината на човештвото и смислата за нејзиното духовно обликување.Во своите новели Чехов ги прикажува обичните луѓе, осудени и отфрлени од својата средина. Низ карактерот на своите јунаци дава фантастична претстава за средината од која потекнуваат. Во неговите драми нема фибула како во класична смисла на зборот , туку тоа најчесто се исповеди за внатрешните борби и конфликти. Такви се и ликовите во неговата драма Вујко Вања. Живеејки во типично руско село од тоа време, на имотот од кој се откажал во интерес на својата покојна сестра, Вујко Вања, човек без свои жена и деца се грижи за доброто на својата внука. Работи неуморно на имотот и се грижи Соња да не го осети недостатокот од родителите. Иако поголемиот дел од приходите од имотот ги троши неговиот себичен зет, Вујко Вања не се грижи за тоа.Работливиот и скромен Ивањицки смета дека мирот и спокојството на секојдневието не се плаќа со никакви пари. Но, секојдневието го нарушува враќањето на Серебрјаков со својата втора жена, 27 годишната Елена. Наспроти Вујко Вања, работлив и морален обичен човек,застанува овој љубител на развратниот живот, самобендисан егоист и внесува огромен немир меѓу нив. Со својот егоизам и честите ноќни пирови кога ги буди сите, а потоа одкако ќе ги задоволи своите ниски страсти, сите да ги фалат неговите критики, неговото пишување, без грижа на совеста легнува и заспива оставајки ги другите будни. Дење, додека Вујко Вања, Соња и пропаднатиот спахија Телегрин работат да му обезбедат лагоден живот, тој спие. Само старата дадилка Марина умее, ненаметливо обраќајки му се со професоре да го потхрани неговиот егоизам, но и да го приземји, да го спаси мирот на другите од оваа жива напаст. Трпението е при крај. Конфликтот на интересите настапува една бурна ноќ. Бурата и невремето како да навлегуваат во салонот на имотот. Селскиот лекар, но и пијаница поради грижа на совеста заради смрта на негов пациент, Астров го започнува хаосот. Елена, младата жена на Серберјаков, во желба да и помогне на младата Соња да ја оствари својата љубов кон овој човек љубезно се труди да му објасни дека Соња не е дете туку млада жена. Но, овој како да не ја слуша. Изјавувајки и љубов нејзе и бакнувајки ја го предизвикува немиот сведок на овој чин Вујко Вања од секојдневен човек кој и самиот е заљубен во Елена и кој радостите од љубовта ги потиснал длабоко, да стане ѕвер. Кулминацијата настапува во мигот кога себичниот Серебрјаков им соопштува дека решил да го продаде имотот. Психичкото растројство како молња го погодува Вујко Вања. Тогаш тој му кажува на својот себичен зет дека неможе да продаде туѓ имот. Имотот од кој тој живее развратен живот во суштина е наследство на неговата ќерка од нејзината покојна мајка. Само случајноста го спасува Вујко Вања да не стане убиец. За негова среќа, но и за среќа на сите тој промашува кога пука . И како што умее само Чехов, расплетот настапува сам по себе. Себичниот Серебрјаков заминува од имотот, носејки го со себе јаболкото на раздорот, младата Елена. Останатите продолжуваат да го живеат секојдневието. Овие обични луѓе напред ги води убедувањето на младата Соња дека во некој друг живот сите тие ќе бидат наградени за својата добрина. Со едноставниот јазик на кој зборуваат јунаците на Чехов се отсликува музиката на секојдневието и со вешто компонираната лирика е испеано тажното умирање на еден свет на крајот на стариот и почетокот на новиот , можеби подобар век. |
|
![]() |
|
bijonse1 ![]() Сениор ![]() ![]() bella Madonna Регистриран: 14.Јануари.2009 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 16521 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Site deca so razlichna boja na kozha beli, crni ,zholti imaat ista boja na zhelba spakuvana so ubava golema crvena mashna koja ke se odvrze bash za nova godina. Taa zhelba e nesto ubavo milo posakuvano tolku dolgo... a ostavarlivo tochno koga ke se spojat strelkite na chasovnikot vo taa snezhna nok........ nekoj posakuva sestrichka , nekoj barbika, nekoj velosiped ,nekoj kompjuter , nekoj dedoto da ozdravi,nekoj da ima sve petki,nekoj da stane glumec,nekoj da dobie roleri ,nekoi golemo chokolado ........ No ne samo decata si imat svoi zhelbi za nova godina....sekoj chovek posakuva vo taa volshebna nok da se sluchi dolgoochekuvanoto chudo ili ispolnuvanje na zhelba vo vid na zdravje , ljubov , pari ..... I jas sum tuka so moite skromni zhelbi da bidam najdobar vo klasot , da bidam fudbaler , da bidam shampion na kompjuterski igri ....... Od koga gi posakuvam?? paaaa mislam deka od sekogash , sekogash se voodushevuvav na pametni lugje koi stanale nauchnici zatoa shto uchele mnogu, na fudbalerite koi znaat da spechalat mnogu pari no i da uporno treniraat discipinirano i otkazhuvajki se od mnogu raboti, i na hakerite koi se glavna shema so kompjuterite i so igrite vo niv..... Ovie zhelbi jas mislam deka brzo ke mi se ostavrat zatoa shto znam shto treba da napravam !! Prvo treba da si go planiram vremeto za da imam dovolno prostor da ucham i da bidam dobar uchenik , drugoto vreme da go posvetam na sportot na mojot omilen - fudbalot , i treto da gi slusham roditelite posebno majka mi i baba mi koi posle mojata poslushnost ke mi kupat kompjuter i ke stanam glaven zver haker ... ovie zhelbi se ushte ne mi se ostvareni no se vo pochetna faza........ Kako najzasluzhni se klasnata i nastavnicite koi uspevaat da ne nauchat za site pogledi kon svetot........zasluzhen za fudbalot e mojot bratuched koj aktivno si trenira i mi ja prenese ljubovta kon toj sport.........a posebno zasluzhni za ljubovta kon kompjuterot se moite prijateli forumdzhi od idividi forumot koi mnogu mi pomognaja vo sekoj smisol na zborot......... NEKA NI BIDE SREKNA NOVATA GODINA I SITE ZHELBI DA NI SE ISPOLNAT A POSEBNO MOITE ZATOA SHTO NAVISTINA SE TRUDEV...... ![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 105106107108109 113> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |