![]() |
|
На столбот на срамот! |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4445464748 49> |
Автор | ||||||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
предавници ..... а може ли да појасниш кои се тоа предавници ? ...... и за какво предавство станува збор ? ........ постојат ли докази за извршено предавство или зборот предавник се користи кога треба да се обвини некој кој не мисли исто ? ........... ќе може ли да објасниш кои се ПРЕДАВНИЦИТЕ ??? ......... Изменето од МАРШАЛ - 22.Август.2009 во 10:35 |
||||||||
![]() |
||||||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Да не ја заборавиме и третата струја која нештата не ги гледа од партиски агол и преку обоени наочари, но изгледа е најмалубројна, иако нивниот суд е највалиден бидејќи тука нема предрасуди кон “сопствените“.
Предавниците се предавници, без разлика дали се обоени во сино или портокалово, дали се од овој или оној етнос. Токму заради тоа и треба да се двојат и покажуваат со прст ваквите единки кои работат на штета на народот и државата, сите без исклучок, за да почнат да отвараат очи и обоените кои пристрасно бранат едни, истовремено фрлајќи со камења по другите. Крајно време е. |
||||||||
![]() |
||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Ако малку ’’погледнеме’’ во историјата така речи кај сите народи постојат две струи, односно две категории зависно од кој агол се гледа и секогаш едните за себе сметаат дека се најголеми патриоти, а за другите дека се предавници. Во зависност чија политичка опција владее таа има ’’привилегија’’ да манипулира со народот затоа што народот верува. Во Македонија за овие 18 години сме се изнагледале ’’предавници и патриоти ’’. Ако наместо себедокажувањето седнеа на маса и направеа договор за доброто на земјата како што тоа го направија Словенците сите овие перипетии ке беа далеку зад нас.
Некој понапред спомна дека треба да ги ставиме на столбот на срамот, во ред ама во некое време пак ке дојдат на власт некои кои не мислат како моменталната опција и ке се случи преврат сегашниве ке се кандидати за столбот на страмот, а оние другине ке се воздигнуваат. Зошто? па затоа што ’’тајните архиви’’ место во државни интереси и прогрес на земјата се ставаат во функција на сатализирање на противникот. |
||||||||
![]() |
||||||||
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Прашањето Диоген за тебе и за Маршалот: доколку нема никакви штетни последици (казни од посилните) дали би си го смениле името на земјата заради грчките барања.
Ајде да ти одговорам директно на прашањето. Не се согласувам со Денко Малевски, а промената на името Македонија не доаѓа во предвид, затоа што ќе предизвика домино ефект од штетни последици по идентитетот, јазикот, историјата, културното наследство, едноставно, ќе не снема...
Но тоа не значи дека го сатанизирам Малевски, туку го маргинализириам. Исто како Георгиевски, и куп актуелни и бивши политичари, како и куп „аналитичари„ и „интелекѕуалци“. За сите нив, јас одлучувам на избори, јас, минорна единка, можам на некого да му го дададам или одземам правото да владее. Ако власта добие мандат од народот , треба да владее во негово име, ако благо работи против, ја губи власта предвреме или не добива нов мандат, ако „забега“, нема столб на срамот, почесто во светската пракса е „ѕидот на Чаушеску“.
Грчките барања се ирационални, тоа во последните аналитички коментари во самата Грција го констатираа, според нив, нема шанси за решение, оти се свесни, дека без насилство, никој нормален нема да си смени име и идентитет.
|
||||||||
![]() |
||||||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Апсолутно се согласувам со Сард.
Секој еден кој се зафатил да се занимава со политика, професионално или не, се нафатил да креира и учествува во државната политика на една земја и како таков, уживајќи во сите права, треба да сноси и одговорност за своите дела/недела. Политичка одговорност кај нас е мислена именка, многу тешко се определува и речиси никој од политичарите не ја сноси на свој грб: или се префрла врз партијата која стои зад нив, или врз организација/институција каде делува или некаде ветрот ја одвејува во заборав... И кога политичарите сето тоа убаво си го знаат, си го користат и без многу грижа на совест и никаков страв си ги остваруваат своите агенди, многу често на штета на државните интереси, а истовремено на сметка на истата таа држава која уште и дебело ги плаќа за тоа! Е сега ако фините и префригани господа успеваат досега дваесетина години да не дриблаат и да ескивираат од политичка а често и од кривична одговорност, дајте барем да не му се забранува на народот да ги стави пред сопствен суд, кога веќе не може пред оној вистинскиот! И да, историјата признава предавници, а народот ги препознава таквите... некогаш со задоцнување, ама сепак ги покажува со прст! П.С. Да ја дополнам листата со уште двајца на кои сега ми текнува: Киро Глигоров - референцата за 2-3 месеци ЉуБчо Георгиевски - блгарскиот војвода Ја оставам отворена за сите од сегашната гарнитура на власт кои со свои одлуки ќе се осмелат да им наштетат на државните интереси на Македонија. |
||||||||
![]() |
||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Нашиот народ е во ужасно жална состојба за која мора да е некој виновен.
Дали историјата признава предавници. ДА. Кој одредува кои се предавниците. Народот. Што значи треба да му се даде можност на народот (македонскиот) да ги осуди луѓето кои работат против единството и веќе долго време ја уништуваат неговата иднина. Ете јас посочив реченици на предавство и го образложив предавството. Како што ќе можам и како што ќе излегуваат таквите дела и постапки, од кој и а е, така и ќе ги разобличувам. Денес видов страшно жална слика на македонската пропаст и време е виновниците да бидат од народот поставени на столбот на срамот. Изменето од sard - 21.Август.2009 во 23:54 |
||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||
![]() |
||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Затоа што нивнитее замисли не се против поединци и групи туку се против мислењето на сите други. Ако мисли дека е во право, нека си го искаже ставот, а не да работи во полза на противниците од својот народ. Таквите се нарекуваат субверзивци и петтоколонаши.
Тие биле критикувани од носителите на моќта, а не бил прашан народот.
Пред да биде поттикнат народот од страна на поединци, група (Синедрионот), само ден пред тоа народот го слави Христос постилајќи цвеќиња, лисја и облека на патот пред Него. Богочовекот им одреди на своите ученици и самиот тоа го спроведувал, никогаш да не влегуваат насила во селата, домовите, местата, каде претставниците на местото не го прифаќале. Што значи го почитувал ставот на луѓето именуван преку нивните претставници. Тоа е и канонско правило на Православната Црква при решавањето на меѓуверските спорови. Се почитува волјата на мнозинството, малцинството или да ја почитува или да си најде свој простор за своето верување.
Коперник не е осуден со одлука на народот. Тоа не било одлука на мнозинството туку на инокосно уредената Римокатоличка Црква која го нарушува принципот на соборно одлучување во Православната Црква. Во случајов во Македонија зборуваме за луѓе кои за разлика од примерите кои ги наведуваш, не се со ставови против индивидуални или групни авторитети, туку се против автентичниот СТАВ НА ЦЕЛИОТ НАРОД. Така што во случајов треба да ги земеш за пример Квислинг Видкун, Маршал Петен, Недиќ и други кои спротивно на интересот на својот народ работат за надворешни интереси.
Народот како маса, нема разумност, но затоа има инстикт кој е непогрешив, како и што се докажа при изборите во изминатите 18 години. Овој пат не може да се зборува за ситуација како пред 50 години. Овој пат секоја страна си има право да си го каже мислењето и народот има можност да ги слушне мислењата на сите и правилно да просуди. И ете си го кажуваат мислењето Малески, Фрчкоски, Чашуле и останатите и народот ГИ ОСУДУВА. Што значи тоа не е партиски став туку став на народот.
Штом има дебата и народот исфилтрира, зошто некој упорно оди против ставот на народот, и наместо со јасни аргументи туку со игра на зборови се обидува да направи обмана на јавното мнение.
Не работите секогаш се чисти и јасни. Тоа е гревот на дводушноста познат во Православната Вера, каде некој стално се мисли и премислува, што ќе биде, како ќе биде, наместо едноставно да размислува. Прашањето Диоген за тебе и за Маршалот: доколку нема никакви штетни последици (казни од посилните) дали би си го смениле името на земјата заради грчките барања. |
||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||
![]() |
||||||||
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Пусто турско. За се турчинот е крив што ни ја зема културата а не научи- ги научил нашите предци се да работат на СИЛА, а ние тоа сме го попримиле во НАСЛЕДСТВО. Срамот си е срам. Ама турчинот зошто не останал- и онака веке одомаќен тука ако не за секогаш барем уште едно петстотини години или пак ако веќе морал да си оди да го ставел стапот за да го крка секој кој ќе се огреши. А, америка и останатите секоја чест за признавање на Уставното име. Но, која корист од тоа кога тие истите не ни го признаваат Уставот. Велат дека охридскиот договор е новиот македонски устав. Тоа не е столб на срамот................авторот погрешил при формулација на насловот.......... на темата требало да ИМЕ : ,,ДИРЕКОТ НА СРАМОТ,,. Изменето од orlov - 22.Август.2009 во 22:49 |
||||||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||||||||
![]() |
||||||||
Diogen ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2009 Статус: Офлајн Поени: 355 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Можеби малку ќе излезам од темата, но ме поттикна на едно размислување. Зошто секогаш, ако некој размислува поинаку од другите , мора да биде на столбот на срамот? Немам ништо против Денко Малевски, може да го каже своето мислење јавно, ако не ми се допаѓа, не го прифаќам, не мора да го прогласам за вештерка, и да барам јавно да биде запален, зашто не мисли како мене...Демократијата го дава тоа право. Не сакам да размислувам Орвеловски - Незнаењето е сила, Слободата е ропство. Уште од антиката имало луѓе кои размислувале поинаку, а биле тогаш критикувани, па нарекувани филозофи..Исус проповедаше љубов во време на анархија и беше распнат на крст... Коперник го запалија жив оти рече дека Земјата е округла- не размислувал како другите...
Во Македонија денес на власт е колективна свест. Сите партии се декларираат како демократски, а нема ни трага од демократија... се сеќавам на една мисла на Тито Петковски на една дебата на телевизија , кога рече: Во сите партии во Македонија во статутите стои демократија, а во реалноста имаме водачи и слепи послушници кои само гласаат како ќе каже водачот, во ниедна партија нема демократија...
Партиските „војници“ одработиваат за својот „фирер“, и бараат „вештерки“, сите кои не размислуваат како нив да бидат на столбот на срамот.
А каде е вистината, кај „фирерите“, или кај некој изолиран човек кој го кренал гласот и кажал нешто. Народот е тој што прифаќа или отфрла идеи. Народот е филтер на секоја идеја. Ако е некој доволно храбар да изнесе јавно своја теза, тој ризикува да биде глорифициран или маргинализиран, а тоа ќе го направи или голем мислител, или „изгубена душа“...
Затоа, нека сите „експерти“ и „интелектуалци“ излезат јавно, и без влакна на јазик нека го кажат својот став за актуелните проблеми, па од 100 досадни говори , ќе блесне една светла идеја, а народот ќе ја „филтрира“. Не сум за осудување на размислувањето...Секој нека размислува и нека дебатира, во критика и расправија секогаш се раѓа генијална идеја....
А кој е предавник денес? тешко е да се каже, играта сеуште трае...
|
||||||||
![]() |
||||||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
времето ......... за жал , времето работи ПРОТИВ НАС ...........
и нема добри или лоши сили ....... тоа ни го кажа
шведскиот амбасадор ...... постојат ИНТЕРЕСИ .........
а ние своите обврски во поглед на нивните интереси ги исполнивме
и ништо освен тапкање по рамо и ултиматум за изнаоѓање решение
како предуслов за она што сакаме да бидеме , НЕ ДОБИВМЕ .........
а нема да биде лошо да погледнеш и на останатите проблеми
а не само на преговорите со името ......... ![]() Изменето од МАРШАЛ - 21.Август.2009 во 20:48 |
||||||||
![]() |
||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
времето...
другите проблеми.... и внатрешните добри сили кај нив (Европа и Грција) кои ќе имаат аргументација да не бранат. Бидејќи вака кога меѓу нас имаме некои кои се спремни да си го сменат името, тогаш кога на маса се зборува, тие мораат да молчат. |
||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||
![]() |
||||||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
а кој врз нив ќе изврши политички притисок ? ... НИЕ ? ........
![]() |
||||||||
![]() |
||||||||
sard ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Сениор ![]() ![]() Регистриран: 28.Октомври.2005 Локација: Прилеп Статус: Офлајн Поени: 1440 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
Нормално дека ќе сугерираат, ама што можат да сторат ако излеземе од преговорите. Освен прво силен после се послаб политички притисок, полека да попуштаат. |
||||||||
„Треба да се биде достоен на љубовта за да се биде љубен“ - Goethe
www.pravoslavna.mk |
||||||||
![]() |
||||||||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||
блеф ........
![]() |
||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 4445464748 49> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |