IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование > Наука
  Активни теми Активни теми RSS - Астрономија
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Астрономија

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
Автор
Порака Обратен редослед
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 18.Ноември.2009 во 13:45
кубење%20косаЌе престанеш ли веќе со твоите ,,умни мисли,,? охКолку што знам не си модератор и не се мешај во нивната работа! Престани! И во темата на Дарко и во мојата(што беше)...твоја ли работа е да кажуваш која тема е дупла и твоја ли работа е да кажуваш да не пишуваме километарски постови копи паст?!губитник

Астрономијата е наука која се занимава со проучување на природата и движењата на небесните тела: планети, сателити, комети, астероиди ѕвезди и галаксии.

Некои позначајни настани од историјата на астрономијата се следниве:

335-323 година п.н.е. Аристотел, грчки природонаучник и филозоф ја поставил Земјата во центарот на вселената. Се до 16 век постоело верување дека тоа е навистина така;

137-145 година п.н.е. Птоломеј, грчки астроном во својата книга Алмагест ги забележал позициите на 1080 ѕвезди и ги поделил на 48 соѕвездија. Неговиот систем се задржал 1400 години;

1543 година Никола Коперник, полски астроном во својата книга „За движењето на небеските тела“ го поставува Сонцето во центарот на вселената;

1596 година Тихо Брахе, дански благородник го објавува својот голем каталог на ѕвезди составен помеѓу 1575 и 1595 година со точни позиции на 700 ѕвезди;

1608 година, првиот телескоп (веројатно за воени потреби), го пронаоѓа данскиот научник Ханс Зипершеј;

1609 година, движењето на планетите по елиптична патека го востановил германскиот астроном Јохан Кеплер и со тоа го урнал верувањето дека планетите се движат околу Сонцето по кружна патека;

1610 година, Галилео Галилеј, италијански научник ги открил сателитите на Јупитер, Млечниот Пат, Сончевите пеги и кратерите на Месечината;

1667 година, Исак Њутн, англиски научник го открива законот за гравитација кој управува со небесните тела, со што ги поставува темелите на современата астрономија;

1705 година, Едмунд Халеј, англиски астроном успешно го предвидува во 1758 година враќањето на кометата која по него го добила името;

1781 година Вилијам Хершел, англиски астроном го открил Уран и неговите четири сателити, како и двојните ѕвезди. Тврдел дека Сончевиот систем се движи низ системот на Млечниот Пат;

1846 година Јохан Гале го открил Нептун;

1849 година се снимени првите фотографии за ѕвезди на Хардвардската опсерваторија во САД;

1907 година Алберт Ајнштајн, германски физичар открива дека масата може да се претвори во енергија. Тоа довело теоријата дека Сонцето сјае поради спојувањето на атомите на водородот во хелиумот;

1919 година, хипотезата за ширење на вселената ја изнесел американскиот астроном Весто Слифер;

1929 година, американскиот астроном Едвин Хабл пронаоѓа цврсти докази за ширењето на вселената;

1930 година, откриен е Плутон од страна на американскиот астроном Клајд Томбоу;

1965 година, вселенско заднинско зрачење на ЗК го откриле Американците Арно Пензиас и Роберт Вилсон;

1967 година, првиот пулсар кој го открила Џослин Бел;

1986 година, вселенска сонда Џото ги испратила првите слики на јадро на комета;

1990 година Хабловиот вселенски телескоп е лансиран во орбитата;

2001 година најголемиот телескоп на светот, VLA;


Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 16:27
So tuku gi duplirate temive, ako Vazna bar malce raszgledala na forumov ke videse deka ima takva tema (neli istrazuvala)...
Kako so gledam ne ni komentirala neso mnogu tuki i pokraj nekolku mesecnoto istrazuvanje... голема%20насмевка
Bar nekoja tema za muabet da nacnese, da ne se svedit se na copy-[aste muabet голема%20насмевка
ama ako e samo za da se zgolemi brojot na temite od Vazna togas eve i od mene edno linkce- Astronomija  pa tuka moze da si najdete, ne samo za Jupiter tuku i za site pogolemi i pobliski nebesni objekti голема%20насмевкаплазење da ne pravam prosto copy-paste голема%20насмевка


Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 14:00

Јупитер е петтата планета од Сонцето, и убедливо најголема во Сончевиот систем. Покрај Јупитер има уште три гасни џинови во сончевиот систем - Сатурн, Уран и Нептун. Јупитер е најчесто четвртиот најсветол објект на небото (после Сонцето, Месечината и Венера); со тоа што понекогаш Марс може да биде посветол. Јупитер е 2.5 пати помасивен од сите други планети заедно, до толку што неговиот центар на маса со Сонцето всушност лежи над сончевата површина (1.068 соладни радии од центарот на сонцето). Тој е 318 пати помасивен од Земјата, со дијаметар 11 пати поголем од земјиниот, и со волумен 1300 пати поголем од земјиниот. Природно, Јупитеровото гравитационо влијание доминирало во еволуцијата на сончевиот систем: мнозинството од планетарните орбити лежат поблизу до Јупитеровата орбитална рамнина отколку до сончевата екваторијална рамнина, мнозинството кратко-временски комети припаѓаат на Јупитеровата фамилија (резултат од Јупитеровата маса и релативната брзина), Кирквудовите дупки во астероидниот појас во најголема мера се предизвикани од Јупитер, дури и се смета дека е можно да е одговорен за касното тешко бомбардирање на внатрешноста на сончевиот систем. Некои го опишуваат сончевиот систем како Сонцето, Јупитер и останатите парчиња. Некои го опишуваат Јупитер како правосмукалка на сончевиот систем поради огромната гравитациона сила.Колку и да е импресивна јупитеровата маса, забележани се дури и помасивни планети вон сончевиот систем. Не постои јасно разграничување помеѓу огромните масивни планети како Јупитер, и кафените џуџе - ѕвезди, и покрај тоа што вторите имаат доста специфични спектрални линии. Во поново време, ако супермасивен објект е над 12 јупитерови маси, односно доволно масивен за да може да согорува деутериум, тогаш тој се смета за кафена џуџе ѕвезда; под таа маса - планета. Јупитер има максимален можен дијаметар за планета со таков состав; додатна маса би резултирала со понатамошна гравитациона компресија, што теоретски води кон отпочнување нуклеарна фисија и создавање нова ѕвезда. Ваквото размислување било повод некои астрономи да го наречат Јупитер "пропадната ѕвезда", иако Јупитер треба да биде дури седумдесет пати помасивен да би можел да стане ѕвезда.Јупитер, истотака ротира најбрзо од сите планети во сончевиот систем. Комплетна ротација околу сопствената оска прави за нешто помалку од 10 часови. Како резултат има екваториална дефомација што лесно може да се види дури и низ аматерски телескоп од Земјата. Јупитер е перцептивно покриен со слој облаци, составени од кристали на амониак и можеби амониум-хидросулфиди, и возможно е воопшто да нема никаква цврста површина. Неговото најпознато обележје е Големата Црвена Дамка, олуја поголема од Земјата што за прв пат била набљудувана од Галилео пред четири века. Изненадувачки, математичките модели укажуваат на тоа дека оваа олуја е стабилна и можеби трајна карактеристика на планетата. Во 2000-та, три помали дамки се споија и формираа една поголема , наречена "Oval BA", која подоцна доби црвена боја многу слична на Големата Црвена Дамка. Јупитер околу својата оска се завртува за 10 часа а околу Сонцето за 11,86 години.Најпознати сателити на Јупитер се:IO,EUROPA,GANYMEDE,CALLISTO.



Кон врв
rose13 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член
Лик (аватар)

Регистриран: 14.Ноември.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај rose13 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 11:32
vi preporacuvam eden dokumentarec se vika journey to the edge of the universe.go imat davano na national geographic..obv da go gledate.a za razgovori za astronamijata sekogas sum tuka.
Кон врв
DDarko Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Миротворец

Регистриран: 14.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 4356
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај DDarko Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Ноември.2009 во 06:44
Не сум многу по астрономија, но пред се еве вовед.

Астрономија од грчкиот збор Астрос, што значи ѕвезда и Номос што значи право е наука која ги проучува небесните тела и феномени кој потекнуваат надвор од атмосверата на планетата Земја. Таа се занимава со еволуцијата, движењето и формирањето на елементите од универзумот.
Астрономијата е една од најстарите науки. Уште од минатото луѓето се занимавале со проучување на она што е околу нив, а далеку од нив преку гледање на методско гледање на небото ноќе. Пред да се развие модерната наука како астрономија неопходно било пронаоѓањето на телескопот.

Еве нешто за ВАЖНА.

Астрономи аматери
, придонеле многу важни астрономски откритија, и астрономијата е една од малкуте науки каде што аматерите можат да играат активна улога особено во откривањето и следењето на привремените феномени.среќа

П.С.
ВАЖНА си одбрала прекрасна наука која ќе ја истражуваш и никогаш нема да бидеш заситена од истраженото, бидејќи вселената е бесконечна, така и знаењето не е ограничено за нејзе. Можеш да сметаш на мене како соговорник на оваа тема.среќа




Изменето од DDarko - 16.Ноември.2009 во 06:46
Кон врв
ВАЖНА Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Оптимист

Регистриран: 09.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1664
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ВАЖНА Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Ноември.2009 во 17:38
Многу ме интересира астрономијата и истражувам на оваа тема веќе 3 месеци. Ако може некој да постира нешто за астронијата и сите кои се љубители на астрономијата ќе разменуваме мислења тукасреќанамигнување

Поздрав
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Јули.2009 во 23:04
Vikendov vo Ohrid ke pristigne Astronomskiot karavan , pa ako ste vo mozhnost ne bi bilo losho da go posetite големо%20гушкањеголемо%20гушкањеголемо%20гушкање
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
sasebt Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Октомври.2007
Статус: Офлајн
Поени: 311
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај sasebt Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 17.Јуни.2009 во 02:06
decki, jas najdov eden mnogu dobar softver, bez pari e, + open source (ako na nekoj mu znaci toa nesto)

go simnav, i odvaj cekam da go isprobam nekoja vecer (od obvrski). posto se zanimavam i amaterski so fotografija, mnogu mi e interesna i astrofotografijata, ali za toa treba da si stargazer. se nadevam linkot ke vi pomozi.

http://www.stellarium.org/
Портфолио - Пушењето е штетно по здравјето
Кон врв
BisernA Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор


Регистриран: 27.Јули.2008
Статус: Офлајн
Поени: 4662
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај BisernA Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 07.Јуни.2009 во 10:16
Ако кафената боја не е боја, каква боја се кафените џуџиња?
31.05.2009

Во астрономските кругови се зборува за кафените џуџиња со години. Тие се т.н. „пропаднати“ ѕвезди: објекти со мала маса, недоволна да се покрене нуклеарна фузија во нивното јадро. Наместо да светат со црвена, жолта или бела светлина, тие се загреани од гравитацискиот колапс на материјата од која се составени. И затоа се наречени кафени џуџиња, иако може да се изненадите кога ќе дознаете дека тие и не се така кафени. Всушност, невозможно е да се добие кафена светлина! Па, тогаш каква боја се тие?


Уметнички приказ на кафено џуџе.

Поимот „кафено џуџе“ бил првично воведен од Џил Тартер (Jill Tarter) во 1975 година, со цел да се опишат овие објекти. Имало и други предлози за имиња, како на пример планетар или субѕвезда, но сепак се задржал поимот „кафено џуџе“.

Но, кафената не е боја?

НЕ за астрономите. Кога тие расправаат за бојата на некоја ѕвезда, тие всушност зборуваат за брановата должина на светлината која ја зрачат ѕвездата. Ѕвездите зрачат светлина на различи бранови должини и оние фотони кои најмногу се зрачат се оние кои ги гледаме. Жолтите ѕвезди зрачат претежно жолти фотони, црвените претежно црвени фотони и.т.н. Но, не е можно една ѕвезда да зрачи кафени фотони, бидејќи кафената „боја“ е всушност незаситена жолта боја. Не е можно кафените џуџиња да бидат кафени, бидејќи е невозможно да се емитираат кафени фотони. Па, тогаш која боја се тие?


Вистинската боја на кафените џуџиња.

Др. Кенет Бречер (Dr. Kenneth Brecher) е професор на универзитетот во Бостон и главен истражувач за проектот LITE. Ова е експеримент кој треба да открие како луѓето ги гледаат боите. Сигурно имате сретнато доста од оние оптички илузии на интернет, каде црно-бели тркала кога се вртат брзо всушност создаваат различни бои во нашиот мозок. Бречер направил презентација пред членовите на Американското астрономско друштво на која ја претставил вистинската боја на кафените џуџиња, која е всушност темно-портокалова. Нема шанси да ја забележите оваа боја на кафените џуџиња, освен ако фотоните не ве погодат право во очите. RGB вредностите за оваа боја се R-235, G-75 и B-37.

*** превземено од сајтот на Македонското Астрономско Друштво среќа
Кон врв
Evenstar Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Вечен оптимист

Регистриран: 09.Јули.2007
Статус: Офлајн
Поени: 3388
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Evenstar Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Април.2009 во 12:59
Originally posted by Sunny Sunny напиша:


Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Originally posted by Sunny Sunny напиша:

Originally posted by Evenstar Evenstar напиша:

Не сум знаела за ова
цццц.... како сум можела да пропуштам вакво нешто...
фала ти многу Sunny
ќе пробам да ги контактирам....



Evenstar sto napravi vide za amaterskoto drustvo?




Пишав Сани... ќе видиме дали ќе одговорат....
Evenstar ти вратија нешто овие?збунетост



Не... никаде ги нема
It is our choices who show what we truly are, far more than our abilities.
Кон врв
Zlatnik Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 23.Август.2005
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 2605
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Zlatnik Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 14:16
Е штом е така, идеме и ние! големо%20гушкање
Ако не Врнит, разбира се!плазење големо%20гушкање
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
Кон врв
Sunny Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Fantasy girl

Регистриран: 01.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 19874
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Sunny Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Април.2009 во 11:03
Originally posted by traktorce traktorce напиша:

Sunny i ti ke sedis so kolegite od drustvoto na plostad збунетост(Ti vo ova drustvo bese, neli?)



Samo da ne vrnit i tamu ke mojs da me najs голема%20насмевканамигнување
Пријателите се како ѕвездите. Не ги гледаш секогаш, но знаеш дека се тука некаде!    
Кон врв
traktorce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Brm Brmm

Регистриран: 19.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај traktorce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 03:17
Sunny i ti ke sedis so kolegite od drustvoto na plostad збунетост(Ti vo ova drustvo bese, neli?)

Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!
Кон врв
traktorce Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Brm Brmm

Регистриран: 19.Ноември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 699
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај traktorce Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Април.2009 во 03:13
100 часа астрономија (2-5 април)


Добредојдовте во деновите кога во целиот свет се одвива проектот 100 часа астрономија. Еден глобален настан, кој има за цел да им ја доближи многу повеќе астрономијата на обичните граѓани, да им се покажат убавините на ноќното небо и да се запознаеме како работат професионалните опсерватории низ светот. Во овие 4 дена, било да е со правење на некоја активност само неколку часа или, пак, 100 часа маратонски настан, важно е учеството и желбата да се биде дел од оваа глобална активност која ги поврзува сите астрономи и жители на нашата планета.





Кои се настаните кои покрај илјадниците настани низ целиот свет ќе се оджат на едно глобално ниво:

- Свеченото отворање ќе се одржи во Френклин институтот во Филаделфија и таму ќе биде прикажан еден од првите телескопи што ги користел Галилео.
- Вебкаст во живо од научни центри, каде што ќе има дискусии на одредени теми на 2-ри април. Набљудувања во живо и други најразновидн програми.
- Околу светот со 80 телескопи. 24 часовна програма во живо од најпознатите опсерватории во светот. Професионалните астрономи ќе ве поведат на една прошетка низ нивните опсерватории во текот на 24 часа на 3-ти април.
- 24 часовна глобална астро журка. 24 часа телескопи низ целиот свет ќе им бидат достапни на граѓаните за да ги погледнат низ нив планетите и Месечината. Целта е што повеќе луѓе во еден ден да погледнат низ телескоп.
- Ден на Сонцето. На 5-ти април ќе биде организиран денот на Сонцето од посбната група за сончева физика. Ќе се слави денот на нашиот најблизок ѕвезден придружник со негово набљудување и со најразновидни предавања на тема Сонце.
- 100 часа далечинска астрономија, каде од 2-5 април неколку опсерватории во светот ќе дозволат бесплатно користење на нивните телескопи. Може да се пријавите и да превземете контрола од некој од тие телескопи неколку часа. Астрономско предзнаење не е потребно.
- 100 часа астрономија џуниор - ова е соработка помеѓу двата проетки на МГА, 100 часа астрономија и проектот Познавање на Универзумот. Овој дел ќе биде насочен кон најмладите.

 
Постерот на 100 часа астрономија


Настани на локално ниво ќе се одржуваат низ целиот свет: набљудувања со телескоп, предавања, астрономски изложби, специјални емисии и многу други работи, а доколку сакате можете и да го снимате вашиот настан за време на 100 часа астрономија и да го пратите на следниот линк http://www.youtube.com/group/starparties, каде што ќе бидат објавени сите пријавени настани за време на 100 часа астрономија кои ќе испратат видео од самото случување. Видете што се случувало низ светот. На официјалниот сајт можете да ги пронајдете сите потребни линкови и да ги гледате снимките во живо од целиот свет. А посетете го и форумот, до кој што модерораат членови на нашето друштво, и таму може да се прочитаат многу интересни настани.

 

Со предавањето за телескопите и небесните координати започна 100 часа астрономија кај нас


Скопското астрономско друштво со своите телескопи ќе биде на плоштадот Македонија на 4-ти април (сабота) од 19 часот, па се додека има заинтересирани граѓани со цел да им овозможиме на граѓаните на Скопје и Македонија да земат учество во овој глобален настан. Со телескопите ќе може да ги погледнете планетата Сатурн и најблиското тело до Земјата, нашата Месечина. На сите кои што ќе набљудуваат ќе им бидат поделени и налепници со објектот кои што го погледнале низ телескопите. Ве покануваме да дојдете на плоштатод во Скопје и сите заедно да уживаме и учествуваме во овој прекрасен настан. Телескопите ќе бидат ставени на располагање на сите без никаков надоместок.

100-те часа веќе започнаа, приклучете се и вие. Откријте ја Вселената


Изменето од traktorce - 02.Април.2009 во 03:14
Подобро еден ден Волк, него цел живот Овца !!!
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 23456 7>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.