![]() |
|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 150151152153154 256> |
Автор | ||||||||||||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Стратегија за името: Никој да не си игра со идентитетот
Владата бара од сите политички фактори во земјава преку изгласување на стратегија за името да се обврзат дека никогаш нема да прифатат решение со Грција кое ќе го загрози македонскиот идентитет и со кое ќе се смени Уставот Македонија да не смее да го менува Уставот при решавање на спорот за името со Грција, ниту пак да прифати компромис со кој се проблематизира идентитетот на македонскиот народ. Ниту еден претставник на Македонија нема право да преговара за решение што нема да содржи јасна и недвосмислена потврда за македонскиот јазик и идентитет. Ова го пишува во предлог-државната стратегија за името која за една недела треба да се најде на гласање пред пратениците. По интервенција на владата која не беше задоволна од првичната верзија на стратегијата, пратеникот Стојан Андов напиша речиси нов документ кој треба да биде основа за преговорите со Грција. Ниту една од овие суштински точки не беше содржана во првичната верзија на Андов. Ако пратениците дадат зелено светло за документот, Македонија ќе испрати недвосмислена порака до Грција и до меѓународната заедница дека никој од политичките фактори од земјава во иднина нема да преговара со Грција за промена на јазикот и народот, ниту пак да дозволи измени во Уставот. „Проблематизирањето на македонскиот јазик, на македонскиот народ и на неговиот идентитет би претставувало антиевропски и антицивилизациски чин што излегува далеку надвор од текстот на Резолуцијата 817 од 1993 година на Советот за безбедност на Обединетите нации каде се дефинира предмет на преговорите. Пријателството претставува заемно почитување. Македонскиот јазик е фундамент на идентитетот на македонската нација. Било каков компромис околу името претходно претставува јасна и недвосмислена потврда на македонскиот јазик, на македонскиот народ и идентитет. Во спротивно, зад разликата околу името би се криело негирање на идентитетот на македонската нација“ се вели во предлог-стратегијата за името. Во функција на надминување на спорот за името уште се препорачува Македонија да се заложи да се воспостават дипломатски односи со Грција на ниво на амбасади. Документот предвидува премиерот Никола Груевски и претседателот Ѓорѓе Иванов за ваквите основни насоки од стратегијата да го информираат посредникот Метју Нимиц. Од првичната верзија на предлог-стратегијата се отфрли делот во кој се бараше Македонија да се откаже од „непријателската пропаганда“ кон Грција и да го спречи користењето на картата на целата територија на географска Македонија... Извор : Нова Македонија... Ете зошто е добро што Македонија го избра Иванов за претседател... Конечно ќе можеме да изградиме стратегија во однос на разговорите за името... |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Поразот на Караманлис ги одложува преговорите за името
Дали преговорите би оделе помазно со Јоргос Папандреу, кој пред неколку години индиректно го поддржа уставното име на Македонија, а сега го критикува Караманлис дека не е доволно „тврд“ за името? Турбуленциите на грчката политичка сцена по поразот што го доживеа владејачката партија Нова демократија на изборите за Европскиот парламент ја исклучуваат можноста Македонија и Грција летово да стигнат до решение за името. Откако најголемата опозициска партија ПАСОК победи на европските избори, во Грција се најавуваат предвремени парламентарни избори што би се одржале во септември или октомври годинава. Дотогаш не може да се очекува значаен напредок во преговорите за името. Политичките калкулации покажуваат дека Македонија навива во идната премиерска фотелја во Грција да седне Јоргос Папандреу, лидер на ПАСОК, кој победи на изборите за Европски парламент. Оние што лично го познаваат тврдат дека тој има порационални ставови за името од оние на актуелниот грчки премиер Костас Караманлис. Сепак Македонија не може да се надева дека бившиот министер за надворешни работи Папандреу ќе биде попустлив за прашањето за името, кое е од национален интерес за Грција. - Папандреу е поинаков ков на политичар за разлика од Караманлис. Сепак Груевски греши ако се надева дека Папандреу ќе попушти за името, затоа што тој ќе сака да си ја загарантира победата и ќе ја продолжи веќе познатата грчка политика. Со Папандреу единствено може да се очекува забрзување на преговорите - вели Владо Бучковски, кој е пријател со Папандреу. Бучковски вели дека Папандреу лани сакал да дојде во Скопје за да го навести грчкото вето во Бук*решт. Лидерот на ПАСОК е единствен висок грчки политичар што ја посети Македонија по заладување на односите со Грција поради тоа што САД го признаа нашето уставно име. Токму при последната посета во 2006 година, Папандреу изненади со изјавата дека името треба да нé спојува наместо да нé раздвојува. - Дијалогот е единствениот пат што води кон мир и благосостојба. Треба политичка волја за да ги оставиме зад себе горчините и крајностите и двата народа да се чувствуваат гордо за решението, сфаќајќи ја чувствителноста на другиот. Ние сме тие што ќе живеат еден покрај друг, а следните генерации нема да ни судат според минатото, туку според тоа каква иднина им креираме - изјави тогаш Папандреу како гостин на сестринската партија на ПАСОК, СДСМ. И покрај тврдењата дека токму со Папандреу како шеф на грчката дипломатија Македонија била најблизу до решение на спорот, денес лидерот на ПАСОК има идентични ставови за името со владејачката Нова демократија - име со географска одредница за севкупна употреба. Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле, кој тврди дека со Папандреу во 2002-та биле блиску до решение, објаснува дека тој е поприемчив од премиерот Караманлис. - Папандреу има поразбрана позиција и амбиција да биде лидер на процесите на Балканот. Затоа ќе гледа да го оконча процесот што побрзо - вели Чашуле, кој има пријателска релација со Папандреу. Чашуле оценува дека дури и да не се одржат предвремени избори во Грција, со поразот што го доживеа Нова демократија пропаѓа најавата дека САД во јули ќе донесат нов предлог. Васил Тупурковски, кој исто така важи за пријател на Папандреу, смета дека ќе претстои интересна ситуација ако ПАСОК победи на предвремените избори. - Папандреу нема да води политика што не им одговара на грчките национални интереси. По изборите во Грција ќе порасне притисокот врз двете страни да постигнат решение - смета Тупурковски. Извор: Нова Македонија Ова е многу интересно прашање со оглед на тоа дека Партијата на Папандреу победи на Европарламентарските избори.... Изменето од kultuzin - 09.Јуни.2009 во 20:33 |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
ss_derIvat_ss ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 16.Октомври.2008 Статус: Офлајн Поени: 113 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Gruevski dokolku e pameten bi mu preporacal da ne go menuva imeto bidejki so negovite postapki vo izminative 2, 3 godini mnogu maloletnici gi popali so makedonoidi i slicni stvari. Ke si se zakopa za vek i vekova.
![]() |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
pcelka ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 10.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 3326 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
За спорот со името се огласи и лидерот на најголемата грчка опозициска партија ПАСОК Јоргос Папандреу, и е против двојната формула како решение за спорот. - Грција сака ПЈРМ да и се приклучи на ЕУ, а патот кон тоа би се отворил со заемно прифатливо решение кое во истовремено ќе значи и обновување на билатералните односи, изјави Папандреу. Лидерот на грчките социјалисти смета дека односите меѓу Атина и Скопје треба да се градат по принципот „чисти сметки - добри пријатели“. Медимите во Грција ја пренесуваат и изјавата на македонскиот премиер Никола Груевски дека евентуалниот компромис за името ќе биде ставен на референдум. Весникот „Навтемборики“ го цитира Груевски дека „Република Македонија прави се што е во нејзина моќ да се најде решение што нема да биде на штета на државните и националните интереси, а за кое последниот збор ќе го каже народот на референдум“. Бакојани вели дека Грција го очекува продолжението на преговорите со Скопје кон крајот на месецов „со оптимизам и решеност“...!!! ![]() |
||||||||||||
секој нов ден, носи нова надеж...
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
pa, na svadbi jas i sakam da sum blisku do vrata,..da ne odam mnogu do,..WC-to!
![]() ma, sguren sum deka ovie odugovlachat samo poradi edno,...da ja doopljachkaat drzavata,..ne za drugo,..otkako ke se "nafatiraat" ke batalat i ime i se ,..zashto togash ,..nema da moze da raspolagaat so parite ,..kako sega,..kako da im se ostavina od ,..dedo im,..pa,.gi troshat kako,..pijani milioneri,..mameto nivno ,.. ![]() |
||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Секој предлага, бара солуции од овој безизлез кој на народот делува демотовирачки и дезиориентирачки. Едноставно како никој да не сака да разбере дека ни во таа проклета ЕУ нема веднаш да не стават кумови, туку ке си седиме до вратата. Кој последен дојде на свадба се знае која маса ја добива.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Вратете се на темата.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
a ,..solunski dir...tuu,..atentatori,..seushte nema?!
![]() |
||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
ТМРО е партија која постои во Македонија и е дел од широката коалиција за Македонија.
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
brza ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Февруари.2006 Локација: vidiFOTOupotpis Статус: Офлајн Поени: 34534 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
tmro,..vmro..hahaha
![]() ![]() ![]() |
||||||||||||
Patriotizmot e poslednoto skrivalishte na kriminalcite.-Albert Einstein
![]() |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Popi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
A koi se ovie TMRO, postoi li takva partija vo MK ili od shto se tolku Tajni nikoj ne gi znae?
![]() ![]() |
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
а да најдеме ние некое креативно решение за името на секоја земја која мисли дека сетоа ова е заебанција и ни се смее? до кога ќе дозволуваме за овој спор да се разговара како да е некоја детска игра, а не негирање на еден народ и неговите права како таков?
|
||||||||||||
размисли пред да напишеш глупост
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
orlov ![]() Сениор ![]() ![]() army veteran 2001 Регистриран: 26.Јули.2007 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 11342 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Да. Но зошто не призна и дека ветил ќе го смени- реши (проблемот со) името. Ај да го видам маж тоа да го каже. А, не само референдум па референдум. Референдум колку да сии спадне од гревоите кога ќе добиеме друго име, од причина што тогаш ќе има оправдување дека меѓународниот фактор решил така. Види маже. Мора да игра на таа карта затоа што ќе си го земе и целиот негов имот. |
||||||||||||
,,СЕКОГАШ ВО СЛУЖБА НА ТАТКОВИНАТА,,
|
||||||||||||
![]() |
||||||||||||
Popi ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 06.Април.2009 Статус: Офлајн Поени: 1664 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|||||||||||
Vo sekoj sluchaj novava terminologija e podobra...kako i gorenavedenava konstatacija.
![]() Kreativnosta nosi i kreativni exibicii....vo sluchajov da se izbegne promenata, na kreativen nachin, se razbira.
![]() |
||||||||||||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 150151152153154 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |