![]() |
|
НОВИТЕТИ |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 18> |
Автор | |
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
BMW серија 5 GTПеток, 22.05.2009 |
BMW денес и официјално ги откри првите фотографии од серијата 5 GT која во концептно издание беше најавена на женевскиот авто салон годинава. Како што се очекуваше, автомобилот ги задржа изгледот и пропорциите на концептот. Граден на прилагодена платформа на серијата 5, моделот 5 GT е со прилично големи димензии од 4.998 милиметри во должина и 1.901 милиметри во ширина, со дури 3.070 милиметри меѓуоскино растојание. Што се однесува до моторите, засега познати се три решенија. Серијата 5 GT по излегувањето ќе ја движи трилитарски битурбо шестоцилиндарец со 306 коњски сили кој автомобилот го заврзува до стотка за 6,5 секунди, потоа 4.4 литарски V8 со 408 КС кој истото го прави за 5,5 секунди и трилитарски турбодизел со 235 коњски сили на кој за спринт до стотка му требаат 6,9 секунди. Официјалната премиера на серијата 5 GT е најавена за есенскиот салон во Франкфурт, додека продажбата би требало да започне до крајот на годината. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
volkswagen ![]() Модератор ![]() ![]() Знам, комшивка ми е! Регистриран: 18.Ноември.2008 Статус: Офлајн Поени: 4820 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
ne e ubavo voopsto!
I fali mojkna prednica, kako sto imaa nejzinite pretci |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Audi R8 Cabio
![]() Иако Audi ги откажа сите планови за производство на моделот R8 со дизел мотор, моделот drop-top Spyder cabrio и понатаму е актуелен. Како што и самото име говори, се работи за кабрио автомобил со платнен кров кој Audi отсекогаш го преферирал првенствено поради малата тежина, за разлика од тврдите кровови. Spyder ќе биде достапен во две верзии, V8 и V10. ![]() Верзијата V8 ќе има 4,2 литарски мотор, додека во V10 моделот ќе биде вграден 5,2 литарски мотор. Од германската компанијата најавуваат дека ќе изработат спортска верзија RS за кој ќе биде резервиран 5,0 twin-turbo мотор. Според првичните најави моторот нема да биде единствената разлика помеѓу обичната и RS верзијата. - Планираме да внесеме нова свежа крв помеѓу луксузните спортски автомобили. Овој модел се’ уште не е во конечна фаза така да сигурно ќе има уште новитети кои ќе бидат претставени на некои од наредните автомобилски саеми, изјавија од Audi. ![]() Според последните најави, Аudi R8 Cabrio во продажба ќе се најде во 2011 година по цена од околу 100.000 евра. |
|
![]() |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Претставена караван изведбата на Golf 6
Volkswagen ја претстави новата каросериска изведба на последната генерација на својот популарен модел. Наскоро, по изведбата со пет и три врати на моделот Plus ќе пристигне и караванската изведба. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Официјално: BMW 5 Gran Turismo
Едно од најконтроверзните BMW-а во историјата на компанијата, а воедно и последното дело на Крис Бенгли, е новото 5 Gran Turismo. Концептот GT претставен уште во март на женевскиот саем за автомобили, конечно е подготвен за производство. Сепак кратенката во називот воопшто не одговара на филозофијата на Gran-turismo автомобили. GT, кој што се движи на модификуваната платформа на петката, во должина брои 4,99 метри, 1,90 метри во ширина и 1,55 метри во висина. Растојанието на осовината е лимузински 3,07 метри, поради што GT е поголем од актуелната петка. За движење се наменети три мотори, два бензинци и еден дизел. Бензинците се опремени со два турбо полначи, послабиот инаку 3-литарски развива 306 KS (модел 535i GT) и забрзува до 100 километри на час за 6,5 секунди. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Volkswagen планира MVP изведба на Polo
Германскиот произведувач Volkswagen во блиска иднина на пазарот ќе понуди нова каросериска изведба на својот мал компакт. Наводно станува збор за попрактичен mini-MPV. Еден од членовите на управниот одбор на VW, Ханс Дитер Потш, изјави дека Volkswagen сериозно ја разгледува можноста за лансирање помал MPV. Овој модел секако би се темелел на новото Polo, од кого покрај платформата ќе го преземе дизајнот, техничките компоненти и моторизацијата. Исто така се дознава дека работата на развојот на новата Буба сè уште трае и согласно претходните најави ќе станува збор за модел со помажествен изглед. |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Најсилното Е-купе досега
![]() Тјунерксата компанија Brabus ги претстави пакет измените на новото E-Coupe, a тоа со најсилниот, 6.1-литарски V8 мотор со сила од 462 КЅ, јури до „стотка“ за 4.7 секунди. Откако AMG го кажа своето во веска со Е-класата купе, односно дека не ја преработува истата, инженерите на Brabus одлучиле на купувачите да им ја понудат својата визија на најсилната изведба ![]() Новиот мотор се темели на 5.5-литарски бензинец познат од моделот Е500, а експертите на Brabus го зголемиле волуменот за 0.6 литри, па си поиграле со радилицата, главата на моторот и вентилите. Резултатот е 6.1-литарски V8 мотор со сила од 462 КЅ и 615 Nm, забрзува до сто за 4.7 секунди и јури полни 315 km/h (AMG има електронска блокада на 250 km/h). ![]() Пакетите за надградба достапни се и за други мотори од понудата на Mercedes, со нагласок на BlueEFFICIENCY линијата. Е250 CDI на 235 КЅ, додека Е350 CDI, за кој е наменет D6 тјунинг китот, после надградбата развива 272 КЅ и дури 590 Nm. Освен погонските единици ревија поминале и федерите на амортизерите и комплетниот систем на амортизација, а кочниците се опремени со алуминиумски клешти напред и четвороклипни назад ![]() Како и обично, тука има многу детали од изгледот на Brabus, како издувниот систем од inox, предни и задни спојлери, светлосни склопови во LED технологија и карбонски елементи кои му даваат посебен шарм. Фелните се со различен дизајн, кој варира од 17 до 20 инчи. Купувачите можат да бираат меѓу Pirelli и Yokahama гуми. За цена не прашувајте. |
|
![]() |
|
![]() |
|
blackeye ![]() Сениор ![]() ![]() The Body Регистриран: 24.Август.2007 Статус: Офлајн Поени: 4058 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Pa se sto Brabus "dorabotil" e da te ostavi bez zbor
![]() |
|
Ne znam kako da pobegnem
od sna, I ne znam dal' te iko voli kao ja, Al' ne bi ova noc tako bolela, Da me nisi volela.... |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Opel GT пристигна и кај нас
Овластениот дилер за возилата на Opel во Македонија, Олимпија Моторс, за прв пат на нашиот пазар го претстави Opel GT, наследникот на популарниот роудстер од 1973 година... На промоцијата, одржана во Хард Рок, посетителите, покрај новото GT, имаа можност да ги видат и олдтајмерите – Olympia од 58’ и 68’ година и оригиналниот GT од 73’ година. Покрај овие модели, специјален гостин беше и моделот Chevrolet Cruze, кој е првиот вистински американски Chevy за европскиот пазар Ѕвездата на вечерта, Opel GT, има мотор од 264 КС, извлечени од работна зафатнина од 2,0 литри со помош на турбо полнач. Резултатот е пеколно забрзување – до 100 km/h се стигнува 5,4 секунди, а максималната брзина изнесува 230 km/h. Цената на овој модел со полна опрема изнесува 36.580 евра. Доплата може да се направи само за металик боја и кожен ентериер ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Opel GT Opel GT 1968 |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Grande Punto со клима за 9.700 евра!
Бестселерот на Fiat сега е достапен по екстремно ниска цена од 9.700 евра и тоа со полна опрема + клима уред! Покрај врвниот италијански дизајн кој го прави овој модел најпосакуван во Европа, кај Grande Punto доаѓа и богата сериска опрема : клима-уред, ABS, електричен пакет, радио CD со mp3 и 2 воздушни перничиња. Со ова, Италијанецот станува еден од најисплатливите конк*ренти во ниската класа. За повеќе информации, обратете се кај овластениот увозник на Fiat, Automobile SK. ![]() ![]() |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Citroen DS3
Citroen уште на саемот за автомобили во Женева го претстави новиот концепт автомобили под ознаката DS Inside и на тој начин го најави оживувањето на легендарниот DS модел, кај нас познат како Ајкула. DS ознаката (кратенка од Different Spirit) во иднина ќе ја носи една цела серија топ модели на Citroen, од кои прв ќе биде DS3 кој ќе се појави во текот на 2010-година. Токму овој концепт го открива изгледот на DS3. Футуристичкиот стил со нагласени штитници од кал и кровот во различна боја, јасно говорат од каде се превземени делови од концептот. Со оглед на тоа дека во Женева немаше можност да се ѕирне внатрешноста, сега ги претставуваме најновите фотографии, кои штотуку се појавија во јавноста. Како што може да се види, ентериерот е модерен и луксузен, а квалитетот на изработката е на врвно ново. DS3 ќе биде базиран на новата генерација на моделот C3, а би требало да им конк*рира на Alfа MiTo i Mini Cooper. За моторизацијата сè уште нема податоци, но се претпоставува дека ќе биде иста како и кај C3 моделот. ![]() ![]() ![]() ![]() Citroen DS Inside Concept - Interior Detailed |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Американците прават автомобил на воздух
Компанијата Magnetic Air Cars направи автомобил кој работи на ладен компресиран воздух не емитува никакви штетни гасови. За се е заслужен Air Cycle Machine – уред кој механички ја пренесува енергијата без триење. ![]() Овој уред ги насочува воздушните млазови кои доаѓаат од резервоарот со компресиран воздух со помош на турбокомпресор и го зголемува воздушниот млаз, ставајќи го под одреден агол. Според тврдењата на инженерите од компанијата, автономијата на движење на возилото со воздушен погон е поголема од онаа која ја имаат автомобилите со електричен погон. Причината за поголемата автономија, експертите ја објаснуваат со фактот што автомобилот при движење вцицува и компресира воздух. Во моментов се бара најдобар извор на енергија за придвижување на компресорот, со што би се обезбедиле подобри перформанси, поголема автономија и помало загадување. Сепак целата е да се постигне нулта емисија на штетни гасови, нешто што може да се добие со користење батерии, соларни плочи или магнетни генератори. Долгорочната мисија на компанијата е својата технологија да ја вгради во актуелните автомобили, а не да направи сопствен автомобил. На овој начин автомобилите и понатаму би ја имале речиси истата цена, но ќе се елиминира загадувањето. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Менуваат Jaguar за Hyundai
Марката Hyundai со бројот на продадени автомобили успеа да се докаже дури и на традиционално студениот британски пазар со кој начесто доминираат европските произведувачи. Најголемиот успех на компанијата е забележан во замената на автомобили старо-за-ново. ![]() Доколку сопственикот донесе автомобил стар најмалку 10 години, добива 2.000 фунти попуст за модел од јужнокорејската фабрика. Така на паркингот на Hyundai се најдоа многу Jaguar-и, Mercedes-и, BMW-а, па дури и олдтајмери. ![]() Конкретно, засега се донесени 34 возила од марката BMW, 32 од Mercedes, 22 Audi, седум MGF, шест Mazda MX5, Nissan 300ZX, неколку Saab и класици како што се Austin 1100 од 1966 година и Morris Minor од 1968 година. ![]() Дури и сопствениците на луксузни модели, од типот на Jaguar XJ-S и XJ6 ги заменија за моделите i10 и i20. Сосема солидни резултати за Hyundai во Британија. Најпопуларниот начин на продажба на автомобили во Европа го подигна Hyundai повисоко на листата од најпродавани возила во Британија. |
|
![]() |
|
![]() |
|
Iron Man ![]() Сениор ![]() ![]() железен раз бираш Регистриран: 11.Јануари.2009 Локација: Antarctica Статус: Офлајн Поени: 8032 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
BAILEY BLADES ОДИ ВО ПРОИЗВОДСТВО
![]() Нил Бејли пред неколку години одлучи врз база на репликата Cobra да осмисли нов спортски модел под називот Blades. Сега пристигна вест дека проектот одлично напреднал и дека наскоро се очекува почеток на производството. ![]() Бејли во 2007 година започна со развој на сопствениот спортски автомобил Blades (blade - острилка), кој ќе се темели на репликата на легендарната Cobra. Бејли сега успеа да пронајде и нови инвеститори за својот проект и наскоро треба да започне со производство. Се очекува на есен да бидат готови првите три прототипа. ![]() Трите модели ќе бидат опремени со V8 моторите на Ford кои даваат сила од 550 KS. Се верува дека изведба ќе забрзува од нула до 100 километри на час за околу 3,5 секунди, а во понудата би можеле да се појават и други мотори, како на пример моторите на BMW. Засега нема други детали за спортското возило на Бејли. |
|
![]() |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 89101112 18> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |