IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Стил на живот > Образование
  Активни теми Активни теми RSS - Писмени состави,семинарски...
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Писмени состави,семинарски...

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 108109110111112 113>
Автор
Порака Обратен редослед
 Оцена: Оцена на тема: 3 Гласови, Просечно 3,00  Тема Пребарувај Тема Пребарувај  Опции за темата Опции за темата
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 21.Мај.2009 во 20:13

Споредба на ликивоте Арсо и Глигор во романот Пустина

Надворешен опис:
Арсо - нема надворешен опис
Глигор - добро граден, со јадро тело, горделиво исправена глава, виткана коса, јак врат
 
Пред акцијата:
Арсо:
- добар ученик, чита книги,
- добар син и брат
- ги почитува жените
- идеали за подобар живот
- го мрази ропството и опустошениот дух на неговиот народ кој намерно се држи во незнаење
- не отстапува од сопствените цели
- цврст и во телото и духот
Глигор:
- не се навраќа на минатото
- тој е целиот устремен кон иднината
 
На судењето:
Арсо:
- тивок и мирен, едвај чека да заврши судењето и дадојде смртта која го одминала за време на акцијата
- не слуша и не го следи текот на судењето
Глигор:
- се држи одважно и храбро
- им пркоси на судиите
- ги презира и со сарказам и цинизам одговара на прашањата
- не чувствува вина
- од него зрачи силен дух
- го привлекува вниманието на сите
 
Во затворот во Мала Азија:
Арсо:
- има грижа на совест што останал жив
- својот живот го сфаќа како предавство
- не ја прифаќа реалноста
- не го прифаќа новиот живот
- за него смртта е спас
- живее во минатото кое е најсреќен период од неговиот живот
- не отстапува од ветеното
- се овесува - умира
Глигор:
- се соочува со грижата на совест
- не епредавство туку сплет на околности
- ја прифаќа реалноста
- го прифаќа новиот живот ( за него тоа е нова можност )
- живее во сегашноста
- отстапува од ветеното
- бега, не сака да биде обичен атентатор, туку борец за својот народ и во иднина
 
Како што е напишано погоре, се забележува дека ликовите на Арсо и на Глигор се многу спротивни среќа
 
 
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
G1RL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај G1RL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Мај.2009 во 15:23
EVE NESTO ZA SERDAROT SE NADEVAM KOLKU-TOLKU KE TI POMOGNE ...


Сердарот (на грчки: Ο Αρμάτωλος) е најпознатото дело на македонскиот поет и преродбеник Григор Прличев. Делото е напишано во 1860 година, а на 25 март истата година тоа учествува во натпреварот за најдобра поема на грчки јазик (што секоја година се одржувал во Атина), и ја добива наградата „Ловоров венец“, како и парична награда. Поради силниот впечаток што ја оставила оваа поема, Прличев бил наречен „Втор Хомер“. Наградата не останува долго во негови раце, затоа што одбива да се изјасни како Грк, и да ја прифати стипендијата за студии во Берлин или Оксфорд.

За успехот што го направил со Сердарот, Прличев во својата Автобиографија, ќе каже: "... тогаш усетив во мене неописиво волнение, какво што никогаш не сум осетувал. Тогаш никој не би ме познал: бев надвор од себеси. Очигледно, мој беше венецот".

Поемата е оригинално напишана на грчки јазик, под насловот О Арматолос (Ο Αρματωλος), но при крајот на животот Прличев ќе направи обид да ја преведе на македонски јазик. Единствениот зачуван дел од авторовиот превод се следниве стихови (се гледаат јасни отстатоци од старословенскиот јазик):

    


Карактеристики на делото

Во основа, во Сердарот се раскажува за смртта на македонскиот херој Кузман кој ги заштитувал селаните од бандите на Гегите. Дејството во оваа поема се случува кон средината на 19 век, век во западна Македонија, односот регионот помеѓу Галичник, Река (област), и селото Стан.

Сердарот е средно голема епска творба, составена од 8 песни. Тоа е поема, што значи дека во неа може да се најда и лирски и епски моменти. Всушност, се раскажува во стихови, на еден живописен, својствен на Прличев, поетски стил.

Содржина

Поемата започнува со опишувањето на мајката на Кузман, Неда, која замислено седи на прагот од куќата и го очекува својот син да се врати од планина. Гегите го носат мртвиот Кузман и се слушаат "пискотници од Галичник во Река" (алузија на жалоста на народот):

    Пискотници се слушаат од Галичник во Река.
    Што тешка несреќа ги збра,
    и мажите и жените та гласи тажна ека
    и навева сал коб и зла?



Мајката Неда која нестрпливо го очекува Кузман да се врати и кога ги слуша пискотниците се запрашува што се случило, а веднаш потоа помислува и на најлошото. Четворица Геги го донесуваат мртвото тело во куќата, и тензијата на Неда прераснува во меланхолично оплакување на синот. Таа сака да им се одмазди на оние што го убиле, но сепак вели дека сеуште не е момент. Самите Геги кои заедно со разбојникот Махмуд го убиле Кузман, со восхит и почит раскажуваат за неговото јунаштво. Тие и велат на Неда дека везден и да плаче, тој нема да се врати, но сите ќе се сеќаваат на неговите дела. Поради преголемата љубов на свршеницата Марија кон него, таа се заветува дека нема да заљуби друг маж и станува калуѓерка.
TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
Кон врв
macoulavcoek Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 19.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај macoulavcoek Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 19.Мај.2009 во 14:44
Originally posted by CST CST напиша:


Уште  1 состав  на тема  Каде се гледам после 10 години среќаMany people assume that because of who I am, I have this laid out
plan for the future. “What are your plans 10 years down the road?” is a
very frequent question I would get.

The career path question always bothered me. I’ve always had the
problem of not seeing myself devote my life just one sole thing, but
experincing many different paths. Our society promotes the ‘career
lifestyle’, where it is assumed that you must have some kind of
longterm career path in your later years to be considered successful. I
can tell you that many in college do not know this answer, and it’s
troubling that an answer must be expected, lest someone frowns upon
them.


I’ve struggled to find an acceptable answer for years; I can always
say I plan to do this-or-that, but such plans are never permanent; I
always have felt that I’ve lied in a way when making an answer.


It was only until recently that I was able to find my answer with
the assistance with one of my college professors in a Meaningful Life
course, where I had to write about where I saw myself years down the
road. It was a huge issue for me, that I had to discuss with her about
how to write it because I was so unsure about my future plans.


My professor is aware that I am multitalented, and my potential for
many different career paths is possible. She came up with the most
elegent, and simple solution ever:


“Then just write that in ten years, you continue to keep
flexible; you continue to learn, to experience, to adapt to new
situations, which will allow you to follow any career path that you
would find interesting.”


Yes, I definately see myself keeping flexible; as more time passes,
my interests grow, the jobs I take will differ, and my experiences will
allow me to take on various jobs that will be significant and
meaningful even if they are not related.


So, if someone asks you, where do you see yourself in so many years,
and you lack a proper answer, let them know that it’s undecided, but
only because new opportunities arise constantly, and that you see
yourself adapting to them.


There is absolutely nothing wrong if you never find yourself in some
kind of career path; there are many paths that leads to success and
happiness; the career path is just the common route most people desire
to take.






ABE ostaj ti na angliski daj napisi na makedonski btw i mene mi trebat istite tekstoj kako na onaj krculo :d
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 16.Мај.2009 во 16:11
Уште како ученичка го преименував во Чорбаџи Давадосголема%20насмевка и сега ми е мнгу тешко да го именувам како Теодос.изненадување
Да се отсликува ликот на Теодос значи да се направи серија на лица од грдаската аристократија, богати, пораснати во услови малку поинакви од обичните луѓе. За нивниот лагоден живот се грижеле момоци и слугинки. Чорбаџи Давадос овие вредни работници полни со дух ги третирал како нешто пониско од себе.Неговата џангрлива природа секогаш искажувала незадоволство од сите завршени работ. навикнати на неговата џангрливост членовите на неговиот дом а и негоите слуги навикнале да биде се како под конец, да штедат односно од едно да прават две. Комичноста почнува кога неговиот пријател (Арсо ) мислам дека беше, наумил да го симне од пиедесталот на кој сам Давадос се качил и да го направи цигански кум. знаејки з аусталените навики на овој циничен, скржав џангрлавец чорбаџија му мести средба со разиграната циганска тајфа која бара кум денот кога чорбаџијата оди да види каков род ке му роди лозјето.
Сценариото тече како подмачкано, Давадос паѓа во мрежата и така станува цигански кум.

Ај нешто уште некој. Јас толку се сеќавамнамигнување
изненадување
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 14.Мај.2009 во 16:38
Originally posted by sstip sstip напиша:

Zdravo, mi treba nesto za prosvetitelstvoto vo makedonija, kako sostavce.. ve molam za malce pomos, odnapred fala
 
Македонскиот современ јазик потекнува од т.н старословенски јазик кој за време на периодот кога живееле браќата Кирил и Методија, бил разбирлив за сите Словени. Старословенскиот јазик е најстариот литературен словенски јазик. Старословенскиот јазик е писмено забележан со првите преводи на библиските текстови кои ги направиле браќата Кирил и Методиј за мисионерските цели - ширење на христијанството меѓу Словените. Но на преводите им претходело создавањето на писмото/азбуката како средство со кое се извршил преводот на Библијата од грчки јазик.
Во 9 ти век Кирил ја создал азбуката за овој јазик и заедно со војот брат Методиј ги превел основните текстови за ширење на христијанството меѓу словенскиот свет.
Кирил ја направил старословенската азбука откако ја добил поканата од Моравскиот кнез Ростислав да му помогне во ширењето на хрстијанството на словенски јазик. Кнезот Ростислав ова го презел поради опасноста од германизацијата која ја спроведувале германските христијански свештеници.
Мисионерската работа на браќата Кирил и Методиј меѓу Словените всушност, почнала токму од Моравија, а продолжила во Панонија..
Писменоста на Словените, оформена во 9ти век, се базира врз јужномакедонското наречје. И тоа врз некој од јужномакедонките говори од околината на Солун од каде што потекнувале Кирил и Методиј.
Старословенскиот јазик има две писма/азбуки. Се смета дека глаголицата е постара, дека таа е азбуката што ја измислил Кирил, а дека дури подоцна во Преславската школа е измислена кирилицата. Сведоштво за староста на глаголицата се т.н палимпсести - текстови пишувани на пергамент ( средство врз кое се пишувало ) на кој е изгребан постариот слој за да се обезбеди нова површина за пишување. Постојат докази дека постариот, изгребаниот слој содржи глаголица, а дека кириличниот текст е напишан врз неа.
Граматиката и речникот на старословенскиот јазик се реконструирани од неколку црковни тектови од периодот од 10 до 11 век. Тие текстови се: Киевските ливчиња, Зографското, Асемановото и Маринското евангелие, Синајскиот псалтир, Синајскиот еухологиј и др.
Најстарите зачувани ракописи на старословенски јазик се всушност преводи на црковни книги, неопходни за изведување на христијанскиот црковен ритуал - литургијата. Овие преводи се направени на старословенски јазик во Македонија. Тоа е видливо според јазичните белези преземени од македонските народни говори кои ги внеле препишувачите како белези на сопствениот роден говор.
Во историјата на словенската писменост се определуваат два историски периоди: СТАРОСЛОВЕНСКИ ( од 9ти до 11ти век ) и ЦРКОВНОСЛОВЕНСКИ ( од 12ти до 18ти век ).
Црковнословенскиот јазик кој содржи елементи од македонските говори се нарекува македонска варијанта на црковнословенскиот јазик.
Словенската писменост во Македонија се остварува преку две книжевни школи: Охридската и Лесновската.
Во нив се зацврстува македонската варијанта на црковнословенскиот јазик. Таа има свои карактеристични правосписни и јазични особености особености наспрема другите варијанти и се карактеризира со традиционален однос спрема старословенсата писменост.
 
доста е? среќа
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2009 во 22:12
Одамна ја немам читано ама колку што памтам спаѓа во видот љубовни песни во која поетот ја опева својата љубов спрема момата Бисера.
Бисеро моме Бисеро
што носиш бисер на грло
твоето грло убаво и од дребниот бисер
илјада пати поубавоголема%20насмевка
Во оваа строфа поетот ја прекорува Бисера зошто носи бисери на вратот кога таа е поубава од нив а и нема потреба да ја истакнува својата убавина со украси.
Втората не ј памтам цела ама знам дека нешто беше околу покривањето на грлото со бисери бидејки тој не сака бисери да бацува туку момински грло бело.
И во третата строфа нешто беше за мажачка, спремање дарови.
Го памтам ова
Јас не сакам бисери за дарови туку ја сакам мома Бисера.
Тука ја опева својата искрена љубов кон мома Бисера. И кажува дека материјалните добра (бисерите ) не му значат ништо, дека неговата љубов и чиста и искрена.
Толку памтамголема%20насмевка
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2009 во 15:23
Originally posted by Lithium Lithium напиша:

Ликот на Неда во поемата Сердарот

``Неда е централен лик во поемата Сердарот. Таа е мајка на јунакот но и самата е јунак. Таа е храбра, гордо ја поднесува смртта на својот син, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата - да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
Во ликот на Неда Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.``

и од ова подолу можеш да напишеш нешто ( иако е многу слично со првото ):

``Неда - мајката на Кузман Капидан е силна, јака, јадра, достојна жена. Таа една ноќ сонила еден сон, страшен и многу чуден. Сонила како нејзината куќа, голема, стара, потпрена на скршени греди се срушила. Неда се исплашила и во тој момент се разбудила од сонот. Истата таа вечер, стоела пред прагот на својата куќа и со смуртено чело го чекала својот син да се врати од некое место за кое ни таа самата не знаела од каде.....Чекала само на најлошото.
Во еден момент таа видела како од далеку го носат мртов нејзиниот единствен син. Нејзината болка и тага биле преголеми....но таа се помирила со својата судбина и со судбината на својот син. Пискотници се слушале од нејзиниот дом....
Но сепак, некаде длабоко во душата таа собрала сила и храброст да изговори неколку зборови. Да ги натера луѓето коишто го носат молкум нејзиниот син да се заколнат дека веќе нема никогаш да вршат таков терор и да бидат причина за солзите на македонскиот народ. Ако не го сторат таа, таа изустила само дека повторно ќе се роди јунак којшто ќе продолжи да чекори по делотот на Кузман Капидан.``



Силината на зборовите на Неда се во обраќањата кон убијците на своето дете кога им соопштува дека таа како мајка на јунакот иако е жена би можела да земе кама  во рака и да тргне во одбрана на честа на својот народ.
Исто така и кон оние кои пиштат и плачат за смртта на нејзиниот син. Таа им кажува дека не треба да го плачат нејзиниот син туку треба да си ги плачат своите ќерки и невести бидејки останаа без заштитник. како да им порачува да не ги веднат главите, не да чекаат друг да ги брани туку тие самите да се ок*ражат водени од јуначката смрт на Кузмана и да тргнат против тиранијата и злосторот.
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 13.Мај.2009 во 14:51
Likot na Kuzman Kapidan vo poemata Serdarot
 
Kuzman e zaginat uste na pocetokot na poemata, zatoa za nego doznavme preku raskazuvanjeto na drugite likovi, retrospektivno preku navrakanja. Toj e olicetvorenie na vozviseno junastvo koe e pocituvano duri od neprijatelot. Silen i hrabar vo borbite so nego. Toj e zastitnik na narodot i svojot zivot go zrtvuva za dobroto na site. I kaj nego se gledaat obicnite covecki osobini kako ljubovta i pocitta kon majkata, kako i ljubovta kon devojkata Marija so koja sakal da go mine ostatokot od zivotot i da osnova semejstvo.
 
Znam deka e malku ama ne mozev da najdam poveke samo za likot.
Ako ti treba analiza na celata poema kazi, za toa imam povekeсреќа
You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
Lithium Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 01.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 9407
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Lithium Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 12.Мај.2009 во 17:50
Ликот на Неда во поемата Сердарот

``Неда е централен лик во поемата Сердарот. Таа е мајка на јунакот но и самата е јунак. Таа е храбра, гордо ја поднесува смртта на својот син, бестрашно им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата - да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но освен овие возвишени атрибути, таа е сепак мајка, чувствителна, која безмерно го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.
Во ликот на Неда Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.``

и од ова подолу можеш да напишеш нешто ( иако е многу слично со првото ):

``Неда - мајката на Кузман Капидан е силна, јака, јадра, достојна жена. Таа една ноќ сонила еден сон, страшен и многу чуден. Сонила како нејзината куќа, голема, стара, потпрена на скршени греди се срушила. Неда се исплашила и во тој момент се разбудила од сонот. Истата таа вечер, стоела пред прагот на својата куќа и со смуртено чело го чекала својот син да се врати од некое место за кое ни таа самата не знаела од каде.....Чекала само на најлошото.
Во еден момент таа видела како од далеку го носат мртов нејзиниот единствен син. Нејзината болка и тага биле преголеми....но таа се помирила со својата судбина и со судбината на својот син. Пискотници се слушале од нејзиниот дом....
Но сепак, некаде длабоко во душата таа собрала сила и храброст да изговори неколку зборови. Да ги натера луѓето коишто го носат молкум нејзиниот син да се заколнат дека веќе нема никогаш да вршат таков терор и да бидат причина за солзите на македонскиот народ. Ако не го сторат таа, таа изустила само дека повторно ќе се роди јунак којшто ќе продолжи да чекори по делотот на Кузман Капидан.``


You think you are perfect? Well, try walking on water...
Кон врв
G1RL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај G1RL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2009 во 12:12
EVE NESTO NABRZINA

Neg i poz osobini so koi se odlikuvaat lugeto, sekoj covek sekoj od nas gi karakteriziraat lugeto kako razumni sustestva.Edna od negativnite karakteristiki so koi se karakteriziraat lugeto e i zavista. Zavista kako osobina e najdobro pretstavena vo deloto Slovo zaradi zavist- napisano od J. Kr4ovski. Spored nego zavista e loso, odbivno i pogubno 4uvstvo. 4uvstvo koe e izvor na sekoe zlo, prokletstvo koe na momenti vladee so svetot, i na neboto i na zemjata. Vo ova slovo avtorot ni kazuva kako nastanala taa i koi se posledicite od nea. Spored legendata taa se pojavila na neboto megju angelite.1 angel koj svetel kako sonce mu zavidel na boga na negovata mok no bidejki taa ne mozel da ja ima se pretvoril vo gjavol. Za kazna se nasol vo pekolot. Taka se raga zavista koja ne miruva . Gavolot im zavidel na Adam i Eva se pretvoril vo zmija i ja nagovoril Eva da zeme od zabranetoto ovosje - jabolknicata. Za kazna ja izgubile besmrtnosta. Vo zavrsniot del se kazuva za posledicite od nea. Se kazuva deka taa nosi samo bolka i stradanje. Bolka koja e tesko izleciva i stradanje koe moze da bide vecno. Site se prasuvame zosto se javuva ova cuvstvo. Mozebi odgovorot nikoj ne go znae, ne go znael i nikogas mikoj nema da go doznae no se nadevame vo idnina zavista ke postoi pomalku, tolku malku sto1 den celosno ke iscezne a so toa i svetot ke stane podobro mesto za ziveenje.


PS: ova e spored deloto na J.Krcovski
TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
Кон врв
G1RL Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 09.Мај.2009
Статус: Офлајн
Поени: 103
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај G1RL Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Мај.2009 во 08:34
Еве нешто за ЕГЕНИЈ ОНЕГИН
Главен лик во романот е Евгениј Онегин. Тој е претставник на градската благородничка средина.Тој е и многу самоуверен човек кој умее да го прикрие своето незнаење и површно образование.Неговите стремежи и чувства се нестабилни.Тој се обидува од здодевноста да избега со пишување поезија и читање книги,но не успева.Ништо не го интересира-забавите му стануваат здодевни и животот на село му е здодевен и дружбата со Ленски му е здодевна,а љубовта на Татјана му претставува товар.Навикнат да се однесува кон жените ладнокрвно,тој и кон неа е таков.Нејзиното писмо не го допира премногу,а кога ја одбива за да не ја навреди,се обвинува себеси и своето сфаќање за слободен живот.Сепак,настапува џентлменски бидејќи веројатно чувствуванекаква симпатија и сожалување кон неа штом не ја искористува нејзината љубов,како што тоа го правел многупати претходно.
Најнегативно е неговото однесување на именденот,кога за да го направи Ленски љубоморен,тој цела вечер танцува со Олга.И зошто ? Само затоа што му била здодевна љубовта на Татјана.Уште пострашно е што избрзува и не размислува за последиците .Од истите причини го прифаќа двобојот во кој го убива својот пријател.Тврдоглавоста и глупавоста го прават убиец.Меѓутоа,не е рамнодушен на тоа што го прави.Го гризе совеста и сосема се повлекува одејќи во непознат правец.
Кога повторно ја сретнува Татјана,тој не може да се помири што таа е туѓа и недостижна.Не може да се помири со нејзиното студенило и одбивање и затоа лудачки се вљубува во неа-до разболување.Но,Онегин не би бил свој кога на крајот не би се помирил и вратил на претходните идеали,на распуштениот и безделнички живот,тешејќи се дека времето може да излечи се.
TODAY COULD BE YOUR BEST, WORST OR LAST DAY IN YOUR LIFE...
Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 18:48
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Гоце Делчев е роден 23 Јануари 1872 г. во Кукуш.По завршеното основното училиште  во родното место, тој образованието го продолжил во Солун во егзархиската школа. Во Солун тој добил можност да се запознае со голем број на луѓе кои живеело со духот на револуцијата, Македонското ослободување и патриотизмот. Со неговиот карактер и интерес Делчев брзо станал член на тајните кружоци, а потоа и претседател на еден од нив.
По завршувањето на училиштето во Солун, образованието го продолжил во Софија во военото училиште. Иако животот таму бил построг, неговиот интерес кон Македонија останал силен.Своето слободно време го користелк се подобро да се запознае со тематиката и негови истомисленици, посебно прогресивните мислители. Не му биле непознати идеата за народноослободителна борба . Оваа атмосфера му била позната уште во Солун, но тука имал можност поконкретно да се запознае со неа.
Во Софија се запознал со основачот на македонската социјалистичка група Васил Главинов. Социјалистичките идеи му биле блиски, и во нив го гледал спасот за македонскиот народ. Поради своите убедувања, на 24 Септември 1894 г. Гоце Делчев бил избркан од академијата под обвинение дека е социјалист.
По исклучувањето од академијата, тој заминува за Штип, каде станува учител. Понесен од идеате за ослободување, тој веднаш се приклучил во ВМРО. Во својата втора година, во Организацијата се случило големо нешто, Гоце Делчев влегол во Организацијата.
До влегувањето на Делчев во Организацијата, примањето на нови членови се одвивало само со бирање од побогатите градски класи. Сето тоа одело премногу споро и се одвивало само во неколку града во Македонија. Било потребна промена доколку Организацијата сакала да опстане.
На тие потреби одговорил Делчев.Уште во првите денови на неговиот престој во Штип, Делчев вниманието го свртел кон селската маса. Ја отфрлил практиката  да им приоѓа на луѓето поединечно, и енергично се фрлил во ширењето на идеологијата на ВМРО. На луѓето им приоѓал смело, отворено и
со доверба.Тоа го подигало самочуството и редовите на ВМРО брзо се ширеле. Црковните дворови и неделните вечерни училишта се покажале плодно место за регрутирање на нови луѓе. Летните распусти биле можност да се допатува до подалечните села. За упатување во тајните на движењето се користело примерите на соседните народи, а често се употребувале и како пример големите сили.
Оваа практика веднаш родила со резултати. Организацијата ги прескокнала градските ѕидишта, и ја опфатила целата штипска
околија. Продрела и до соседните поголеми центри Виница и Радовиш. Штип станал центар на револуционерната практика и пропаганда. Овде се сретнале и двете најголеми личности на ВМРО, Гоце Делчев и Даме Груев. Едниот отворен, искрен, дружељубив, простосрдечен, што горел во револуционерен оган, а другиот систематичен, одмерен, трпелив, истраен, логичен. Нивната средба имало големо значење за понатамошниот развој на ВМРО.Тука се градела стратегијата и тактиката за понатамошните револуционерни дејности.Делот од вниманието било насочено кон матрејалните проблем и на револуционерната дејност. Овде  се вовел нов метод на регруитирање кој подоцна се прифатил во сите окрузи на ВМРО.
Истоивремено со растењето на ВМРО, Делчев работел и на создавање на канали за транспорт на луѓе и средства се до Ќустендил во Бугарија.За успешност на пунктовите, одговорноста била предавана на локални луѓе како Никола Зоографски во Ќустендил, Никола Малешевски во Даушница и др. Отворени се канали за Разлог, Џумаја, Царево Село ид р. Каналите станале главни трансмисиони средста на Организацијата.
Гоце Делчев својата сериозност во борбата за слободна Македонија ја покажал со убедувањето дека Организацијата треба да излезе од своите тесни националистички рамки ид а се отфори за сите поробени. Тој со многу револуционеи ( 16 истакнати) го свикале  Солунскиот Конгрес во 1896 год. Заедно со Пере Тошев, Даме Груев, Ѓорче Петров, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Христо Матов и други истакнати дејци извршиле анализа на досегашните активности. Гоце Делчев и Ѓорче Петров биле задолжени да изработат проекти за Устав и Правилник на Организацијата. Посебно место му се дало на принципот на истакнување дека Организацијата се бори за слобода на сите без разлика на вера и националност. Се донела одлука Македонија да биде поделена на 6 револуционерни окрузи а центар да биде Солун.
Голем проблем за развивањето на револуционерното движење било и вооружувањето на Организацијата . Од почетокот овие револуционери се надевале на помош од бугарската војска, но на крај сватиле дека изворите на финансирање  мора да ги бараат меѓу богатите и влијателни православни луѓе ширум Македонија.  Таква  одговорна задача му била доверена токму на Гоце Делчев. Тој со својата чета ја започнал мисијата на собирање средства за оружје. Овој способен револуционерен теоретичар и практичар со својата умешност успеал за кратко време илегално да ја прошета Македонија од Пирин до Битола, од Солун до Скопје . Неговите индивидуални методи во собирање средства за оружје оделе дотаму што не презал и од
организирање отмици на  бегови за кои се барало откуп. Неговата максима била дека само добро организиран и вооружен народ може да се избори за својата слобода. Ова негово убедување не го делеле многу негови соборци. Подбуцнати и потпомогнати од врховистите многу членови на Организацијата биле убедени дека во Македонија треба веднаш да се дигне востание. Гоце Делчев бил против таквото брзање. Со своето остро спротивставување на таквите размислувања и ставови станал камен сопилник на врховистите. Масовно почнале да размислуваат за негова ликвидација. На три месеци пред подигањето на Илинденското востание успеваат во тоа. На 4 мај 1903 година Гоце Делчев бил во село Баница. Предаден на турскиот аскер, загинал во опколеното село во нерамна борба.
Неговите посмртни останки 43 години по неговата смрт, во 1946 година биле пренесени во неговата слободна татковина, во Скопје во црквата Св. Спас.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 18:46
ДАМЕ  ГРУЕВ

Историските заслуги на Даме Груев се од големо значење на Македонскиот народ. Тој и припаѓа на генерацијата на Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Петар  Поп-Арсов, Крсте Мисирков, Васил Главинов и уште многу други борци, визионери кои во своите мечти и во своите акции за прв пат по одредено време ги затемелиле темелите на нашава денешница.Таа млада генерација ја презеде на себе историската одговорност да го поведе народот во решавачка борба против пет вековниот поробувач, да го поведе во непомирлива и организирана борба, во свесна борба за живот и смрт. Идеолог,организатор и непосреден водач на таа прва свесна  борбена организација на Македонскиот народ, покрај другите е и Даме Груев. Неговата безрезервна оддаденост на револуционерното дело е меѓу првите примери на најчист хероизам, на свесна саможртва, на подвиг. Даме Груев е пример на прв генијален организатор на народните маси, пример на голем Македонец. Затоа со својот  апел до Македонците кој излезе во првиот број на “Лоза” Даме Груев напишал ... “ навистина, има ли посреќно, има ли поблагородно, од тоа да служиш и да работиш за татковината, за општонародното добро, од кое зависи и личната наша среќа?”    
 Даме Груев е роден во с. Смилево Демирхисарско 1871 година,
По завршувањето на основното училиште  во родното село оди на учење во Битола, тогаш значаен центар на европскиот дел од Турција.Таму завршл  со голем успех, а потоа заминува во Солун, во тогашна бугарска(егзархиска)гимназија, каде што  ги завршува И и ИИ клас. Во тоа време во бугарската гимназија во Солун се школува идната македонска  интелегенција, која наскоро ќе ја превземе судбината на својата земја во сопствени раце. Даме Груев после две годишно учење 1888 година со поголема група Македонци преминува  во Белград. Истата година во јануари е и бунтот на учениците, во кои учествува и Даме Груев. Исклучени се 19 ученици од ИИИ клас,бидејки излегле со барање дека  не можат да работат на бугарскиот јазик, туку сакаат да работат и да им се предава на нивниот домашен македонски дијалект  .  Така за Даме Груев почнува времето на немири.Тој оди во Солун-Белграт-Софија-Солун и така разочаран пак се враќа во Македонија. Во Софија 1889 година Даме Груев и Петар Поп-Арсов го организираат македонското гласило списанието   “Лоза”  .Револуционерното дело и јавниот настап преку печатот,тогаш како по правило оделе заедно,а Даме се ориентира за

револуционерниот пат. Даме Груев како студент по историја на Универзитетот во Софија донесе цврсто решение да се врати во својата татковина зошто таа има потреба од него. Уште тогаш тој е посебен со мислата  за политички реализам: се да се решава според објективните можности. Во текот на 1893 година додека беше ВИИ клас во Солунската гимназија Даме Груев работеше во кружокот. Тој се трудеше да се подготват добри учителски сили и апостоли на револуцијата и да се задржат за подолг временски период во Македонија. Таквото размислување Даме Груев го пренесуваше на учениците како учител во родното село, а потоа и во Прилеп. На 23 октомври 1893 година во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов, Даме  ги собира сите оние за кои смета дека ќе и се посветат на борбата. Подоцна на Божиќ 1894 година се конституира раководството на Организацијата. Даме Груев станува нејзин прв секретар. Од тогаш па се до неговата херојска смрт тој ќе ја крстосува Македонската земја вдолж и вшир, да се организира, буди и повикува на сеопшта борба за слобода. Во 1894 година доаѓа во Штип како главен учител во третокласното училиште во градот. Тука се среќава со Гоце Делчев, кој се вратил во Македонија да и служи како народен будител. По смртта на Гоце Делчев, Даме Груев ја презема во свои раце судбинската одговорност за востанието. На 17 април во Смилево се одржува Смилевскиот конгрес на Организацијата, а Даме Груев е избран за претседавач на Конгресот. На 2 август 1903 година Македонскиот народ заедно со сите останати народи кои живеат во Македонија се кренаа на востание на отворена борба на живот и смрт. Илинден го затекнува Даме Груев во Смилево како прв предводник на организираниот бунт. Даме останува до крај со народот да го теши во невољите, “ Слобода без крв не се стекнува”. Во октомври 1905 година се одржува општ конгрес на Организацијата познат под името Рилски конгрес, на кој Даме Груев  е избран  за претседател со тајно гласање. Решенијата на Рилскиот конгрес ја враќаат вербата во силата на организацијата. Идеите на Гоце Делчев сеуште се живи, но Даме Груев го води една единствена мисла, да се врати во Македонија. Тоа и го прави. На пат кон Македонија, во село Русиново кое било силно упориште на Организацијата. На 11 декември 1906 година е опколен од турскиот аскер.. Откако загинува Сандо Китанов, кој му е верен придружник, и влечејки го на грб ранетиот комита Корчев, Даме прифаќа нерамноправна борба со аскерот, надевајки се дека ќе побегне кон планината. По самоубиството на Корчев, Даме останува сам. Неговата смрт до ден денес е мистерија-смрт или самоубиство за да не падне жив во рацете на турскиот аскер. Неговиот живот згаснува 1906 во с.Русиново. Селаните го носат мртвото тело во селото и го закопуваат во дворот на селската црква. Подоцна неговите посмртни останки се пренесени во неговото родно село Смилево.

Кон врв
mamamd Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Почесна конзулка

Регистриран: 02.Ноември.2007
Статус: Офлајн
Поени: 25679
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај mamamd Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Мај.2009 во 18:45
ПЕТАР ПОП АРСОВ

    Петар Поп Арсов е основоположник на Македонската Револуционерна Организација, повеќе годишен член на Централниот Комитет на Тајната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ТМОРО), задрграничен претставник на огранокот на Организацијата, како и автор на една забележиелна книга, со цел да ја разоткрие штетната Бугарско-егзархиска политика во Македонија. Тој е исто така истакнат деец на Македонската Револуционерна Организација.
    Роден е во 1868 година во село Богомила, Велешко. Се школувал во родното село, а продолжил во Солун, Белград и Софија, каде што ја организирал познатата “ Млада македонска книжевна дружина” во која освен него учествувале и Даме Груев и Пере Тошев. Ова друштво се залагало за афирмација на македонската самобитност, односно биле против туѓите пропаганди во Македонија. Петар Поп Арсов работел како учител во Скопје, Солун, Прилеп и во  Штип. По Виничката афера во 1891 година бил затворен. По излегувањето од затвор земал активно учество во работата на Рилскиот конгрес.
    На овој конгрес тој најтесно соработува со Јане Сандански. Неговата книга “Стамболштината во Македонија и нејзините  претставници “ е објавена во Виена во 1894 година. Книгата ја објавува под псевдонимот Вардарски. Во својата книга тој јасно ја отсликува и разобличува непријателската улога на Бугарската Егзархија спрема македонскиот народ. Во неа меѓу другото тој пишува:
    “Тој тиранин (мисли на Стамболиев, претседателот на бугарската влада) за задоволувањер на својата жед за власт посака да се послужи и со училишното дело во Македонија. Тој блудник, се поигрува со честа, со животот и имотот на своите сонародници во кнежевството (Бугарија), па посака истото да го стори и со нас Македонците, за во сопствената наша татковина Македонија ...
    Нашите вековни господари никогаш не задирале во нашето општинско самоуправување. Макар и под грчките владици, во општините нашиот народ бил слободен во издржувањето и уредувањето на училиштата, црквите, манастирите и во други народно-општествени прашања. Тука во тоа свето гнездо, народот се воспитувал во општественост, во хуманизам и на својот му давал повозвишен éлан, престанувајки да се грижи само за својот личен опстанок. Тука, во тој наш единствен наш Парламент, се чувал и се зајакнувал стариот словенски демократски дух на нашиот народ- основата на патријархалниот словенски свет. И токму таа наша (македонска) општина- единствената народна установа  ја зачува нашата национална и човечка физономија низ петсто годишниот период. Егзархијата, со секакви средства, сака да ја претвори во нула нашата општина, да ја задуши, да го задуши народот !
    Може лид а има поголемо злосторство од тоа?
-    Кој ти ги извади очите?
-    Брат ми!
-    Затоа толку длабоко ти ги извртел!
Токму таква е нашата положба: ни даваат пари за да не убијат.
Најважните служби владици, директори, учители и т.н.  Егзархијата им ги доверува на Бугари и од егзархиски служби ги остранува совесните Македонци. За да бидат изгонети од родната земја против нив се користат сите дозволени и недозволени средства...”
Петар Поп Арсов е ден од основачите на ВМОРО и блескаво ја завршува поставената задача. Тој како член на Младата македонска книжевна дружина се борел заедно со другите револуционери за слободата на Македонија. Во 1892 година дружината започнала да го издава списанието Лоза. Отами членовите меѓу кои бил и Петар Поп Арсов биле наречени лозари. Во списанието се пишувало со големи отстапувања од бугарскиот јазик односно на македонски јазик.
Лозарите, се стремеле македонскиот јазик да го издигнат на степен на литератутен јазик. Главна цел им била да го засилат националното сознание кај Македонците ид а ја потикнат борбата за ослободување на Македонија. Затоа тоа енергично ги разобличувало тогашните пропаганда на буржоазијата на соседните земји. Движењето на лозарите предизвикувало негодување и гнев во редовите на бугарската буржоазија. Тие биле остро напаѓани. Поради тие причини тие престанале да го печатат списанието.
Петар Поп Арсов како член на ТМОРО е познат по тоа што во 1894 година го напишал и Уставот на ТМОРО. Во него тој истакнува дека Организацијата се бори за Автономна Македонија во рамките на Турската империја, секако во почетокот тоа било преодна фаза, до конечното ослободување од Турција и создавање своја сопствена држава.
Петар Поп Арсов по Балканските војни, особено по Првата светска војна, односно по поделбата на Македонија емигрира во Бугарија. Разочаран по целата своја макотрпна работа се повлекува од јавниот живот.
Умира во 1941 година недочекувајки да ја види слободна својата родна земја.

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 108109110111112 113>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,203 секунди.