IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Забава > Музика
  Активни теми Активни теми RSS - МУЗИЧКИ ВЕСТИ
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

МУЗИЧКИ ВЕСТИ

 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 32>
Автор
Порака Обратен редослед
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 03.Мај.2009 во 15:11
Forbes ја прогласи Madonna за највредна маjка


Со заработка од 110 милиони долари во 2008 година поп кралицата Madonna се искачи на врвот на листата највредни мајки, според најновата листа на Forbes. Веднаш по неа следуваат актерките Reese Witherspoon и Gwyneth Paltrow.

Поп пејачката и мајка на три деца, чие барање за посвојување на уште едно дете од Малави беше одбиено неодамна, остварила заработка од 105 милиони долари од својата “Sticky & Sweet” турнеја и продала речиси 1 милион примероци од својот албум “Hard Candy” во САД. Исто така, поп кралицата имала и неколку вредни рекламни договори, според Forbes.com.

“Таа имаше неверојатна година зад себе, ја имаше најдобрата турнеја која беше распродадена насекаде”, објаснува Lauren Streib, која помогна да се компилира листата која беше објавена минатата недела.

Втора на листата на Forbes e актерката Resse Witherspoon, со заработка од 24 милиони долари минатата година. По неа следува нејзината колешка Gwyneth Paltrow, со заработка од 20 милиони долари.

Листата е базирана врз проценетата заработка на холивудските мајки со барем едно дете.

Во меѓувреме е известено дека таткото на Mercy James, девојчето кое Madonna се уште сака да го посвои, побарал целосно старателство над својата ќерка. James Kambewa, кој никогаш не ја видел својата ќерка, тврди дека Madonna е нестабилна мајка.

“Таа е моја ќерка. Madonna можеби има милиони, но тоа не ја прави добра мајка. Како може една 50-годишна жена да танцува речиси гола на сцената? Во Малави жените имаат поголема самопочит, “ вели Kambewa.

Инаку, Madonna планира да вложи жалба на судската одлука со која и беше оневозможено да ја посвои Mercy James. Нејзината жалба ќе биде разгледана на 4 мај.    
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
Eli Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 30.Ноември.2007
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 1968
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Eli Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 02.Мај.2009 во 20:40

EВРОВИЗИСКАТА ДЕЛЕГАЦИЈА ЗАМИНА ЗА руската престолнина
Сакаме да ја усреќиме Македонија од Москва

Нема да дозволиме прогнози на обложувачниците да ни го расипат расположението, знаеме колку можеме и што сакаме да постигнеме на изборот, велат браќата Мартин и Стефан

Македонските евровизиски претставници Стефан и Мартин од дуото „Некст тајм“, придружните вокали и дел од македонската делегација вчера заминаа во Москва, надевајќи се дека ќе остварат добар пласман и достојно ќе ја претстават нашата земја на Евросонг во Русија. На прес-конференција истакнаа дека евровизискиот тим интензивно и напорно се подготвувал, а парите за целокупното претставување во Москва ги обезбедила Македонската радио-телевизија.

- „Некст тајм“ и придружниот бенд се максимално подготвени, а темата „Нешто што ќе остане“ звучи фантастично. Во вокалните способности на дуото ќе се уверат и гостите на македонската вечер закажана за 8 мај, на која ќе отпеат колаж на стари македонски песни - рече Љупчо Мирковски, уметничкиот директор на националниот избор.Стефан и Мартин на бина ќе настапат со придружните вокали Драган Ѓуровски и Дамјан Лазаров, тапанарот Горан Михајловски и басистот Марио Станковиќ. Првата генерална проба нашите претставници ќе ја одржат на 4 мај, а потоа ќе следува и прво соочување со медиумите.

- Не дозволуваме интернет-порталите и обложувачниците да ни го расипат расположението и да ни ја разнишаат самодовербата. Знаеме колку можеме и што сакаме да постигнеме. Целта ни е да ја направиме Македонија среќна со тоа што достоинствено и професионално ќе настапиме - ни изјави Стефан, вокалистот на групата. Изминатиов период дуото посети повеќе земји промовирајќи ја песната. Тие се надеваат дека ќе ги освојат симпатиите на европската публика со едноставноста, професионалноста, но и со нумерата.

- Одлично не' прифатија на настапите. Според реакциите од публиката, очекуваме поени од Србија и Босна и Херцеговина и од Македонците што живеат во Швајцарија. Стефан како вокалист ќе има пооодговорна задача на бината, но сите ќе ја носиме одговорноста за настапот. Соработката со МТВ беше на ниво и благодарни сме што ни овозможија одлични услови за работа - појасни Мартин.Пред поаѓањето за Москва, близнаците, во знак на почит кон својот музички идол, го посетија гробот на Тоше Проески во Крушево. Според шефицата на македонската евровизиска делегација, Гордана Андрашевска, постои голема заинтересираност на странските медиуми за „Некст тајм“. Таа верува дека новиот систем на гласање, чиј дел се телевоутингот и жирито, ќе даде пореална слика на изборот.

- обив над 600 мејла во кои претставниците на различни медиуми бараа прес-материјали за „Некст тајм“. Тие нагласуваат дека песната им се допаѓа многу. Треба да бидеме среќни ако влеземе во финале, но ако не се случи тоа, да не очајуваме. Добриот пласман е сплет на околности, а врз некои од нив немаме влијание - вели Андрашевска.Во организација на македонската вечер ќе помогне нашата амбасада во Русија. Министерството за економија обезбеди промотивни материјали за земјава, а тимот добил помош и од Министерството за надворешни работи, Државната агенција за развој на туризмот и асоцијацијата „Тиквешки вински пат“.

Рок-имиџ со барокни елементи
За сценскиот настап на нашите претставници ќе се погрижи режисерот Иван Поповски, кој живее во Москва, а имиџот е на креаторот Томас. Кога имате идеална комбинација, како Стефан и Мартин, тогаш е лесно да го замислите нивниот имиџ. Нема да откривам многу, освен дека нивната облека ќе биде рок-комбинација, со носталгична нота на барокот, но и фрагменти од облеката на руските генерали бидејќи овој настан се одржува во Русија. Нивните комбинации се во бела, црна и сива боја, која е доминантна - ни откри Томас.

Човекот секогаш треба да остане човек,без разлика со што се бави и каков успех има..
Кон врв
laika123 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 30.Април.2009
Статус: Офлајн
Поени: 1
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај laika123 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 30.Април.2009 во 16:12
odete na ovoj sajt
http://www.myspace.com/pinkspage
i kliknete demand it
bring pink to skopje!
please!   

Кон врв
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Април.2009 во 10:50

Откако дознала дека е HIV позитивна, Nadja Benaiss од No Angels сменила неколку партнери и имала редовни интимни контакти покрај сознанието дека директно им го загрозува здравјето и животите. Пејачката е уапсена во Frankfurt, пред почетокот на долгонајавуваниот соло концерт. Таа е уапсена поради основно сомневање за ширење на хив вирусот. Еден од тројцата партнери на Nadja открил дека е заразен и покренал истрага а сега пејачката ќе се соочи и со сериозни обвинувања.



На напорните турнеи на ѕвездите се чини најтешко им е да запомнат во кој град се наоѓаат. Публиката во San Jose со сигурност не беше воодушевена кога кралицата на лапсузи Britney Spears ги поздравила со зборовите, 'What's Up, Sacramento? Публиката во San Jose, Калифорнија се збунила,а пејачката се оправдала со фактот дека ден порано настапувала баш во Sacramentо.


AMY WINEHOUSE не е срамежлива кога станува збор за освежување со тревки додека пак SNOOP DOGG својата кариера ја изгради на пушење марихуана. Е, сега...замислете ги овие двајца заедно во студио ? Тие соработуваа минатата година на неколку траки во Los Angeles, но и двајцата беа премногу стонирани за да го завршат снимањето. Се собраа повторно, Amy полна со идеи а Snoop со апостолки што предизвика и многу смеа во студиото, но повторно ништо од работата. Amy си игра на плажа со клинците од Кариби и изгледа уште не и е време за снимање.


Ветераните AC/DC во нивните училишни униформи од денес ја стартуваат својата турнеја. BRIAN JOHNSON најави дека сетот ќе ги вклучува и класиците You Shook Me All Night Long и Hell’s Bells. На концертите со нив ќе настапува и хор кој ќе го дополни впечатокот на сцената.


Изгледа дека LILY ALLEN е следниот ANGELINA кошмар за JENNIFER ANISTON. Пејачката на The Smile се вљубила во JOHN MAYER. Lily напишала на својата Twitter страна : "Мислам дека го сакам john mayer, гледав двд од неговиот концерт. Многу е секси. Актерката од Friends ,Jen ноторно е несреќна во љубовта , прво BRAD PITT, па VINCE VAUGHAN а сега и John. На целава приказна уште само и LILY недостасуваше.


Досега невидени фотографии на поп кралицата. Madonnа гола ќе бидат претставени во една уметничка галерија во Brighton. Во далечната 1979, фотографот Martin H. M. Schreiber се јавил во една агенција и им понудил актови на тогаш непознатиот модел кој подоцна станува икона на поп музиката и највлијателна жена во шоу бизнисот. Фотографиите премиерата ја доживуваат дури сега, триесет години подоцна. Madonna позирала за само 30 долари. Фотографиите своевремено биле објавени само за Playboy откако дознале дека тоа е тогашната нова ѕвезда Madona.


Nicole го уверила шампионот на Формула 1 да сними албум. Nicole Scherzinger, пејачката на Pussycat Dolls и девојката на Lewis Hamilton, се доверила на новинарот на порталот contactmusic.com дека Lewis убаво пее и дека таа ќе му помогне да си ја оствари желбата. Најверојатно ќе завршиме заедно во студио, тој ги обожава Pussycat Dolls и ги знае сите текстови од нашите песни.


Во раните 80, Prince ја отпеа песната за која може да се каже дека му ја донесе и светската слава, а станува збор за Purple Rain. Сега одлучи да направи уште еден маркетинг трик повторно на слава на песната, па тој ќе го продава својот пурпурен iPod. На него ќе се наоѓаат и видео спотови снимени на концерт во O2 арена пред две години.


Во новото интервју за MTV, Bob Dylan беше остар кон Rolling Stones, за кои вели дека не се вистинските без Bill Wyman. Музичарот кој за десетина дена го објавува својот албум "Together Through Life" на Stones, без Wyman гледа како на обичен "funk bend". Stones не се завршена приказна тие остануваат најголем рок бенд на светот. –сепак се корегираше на крајот.


2000, Fragma дојдоа на прво место на Британската листа на синглови со 'Toca's Miracle.'

1994, На 37-от објавен сингл, Prince успеа да дојде до врвот на Британската листа на синглови со 'The Most Beautiful Girl In The World.'
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2009 во 06:35
Ac/Dc na 26-ti maj vo Belgrad

Легендарниот австралиски рок-бенд AC/DC на 18. февруари со концерт во Осло ја започна турнејата за промоција на новиот албум Black Ice, а во нејзини рамки на 26 мај ке настапи на стадионот на фудбалскиот клуб "Партизан" во Белград. Славниот бенд на европската турнеја ќе одржи повеќе од 50 концерти што потврдува дека на публиката и се допаѓа новиот материјал. Нивното ново издание влезе во историјата бидејќи за една недела од излегувањето го зазеде првото место на топ-листите во 29 земји. Дискот веќе достигна платинест статус во САД Австралија, Канада, Шведска, Норвешка, Чешка, Германија.

За членовите на бендот, кои ќе стигнат на денот на концертот, ќе бидат потребни 44 камиони и 30 автобуси полни со опрема и членови од тимот за продукција. Огромната бина со „крила“ е со димензии 75x21 метри, а за нејзиното поставување би биле потребни „неколку дена“.

Кога е храната во прашање на менито на АЦ-ДЦ во Белград, на барање на членовите на бендот ќе бидат доминантни домашните специјалитетети, ќе бидат послужувани со сарма, јагнешко, кајмак, ќебапи, пинџур, ајвар, јастог, шкампи, шницли од ајкула...

Листата на пијалаци мора да го содржи вискито "Royal Salute", едно шише чини 150 евра, а ова виски е познато по тоа што на времето го пиел Тито пред легнување. Потоа тука се природните густи сокови, пивото Хајникен, вода, како и вината шардоне и вранец.

Билетите за концертот беа пуштени во продажба кон средината на февруари и беа распродадени за рекордно време, во Србија за три часа , така да кој купи купи кој не...
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 15.Април.2009 во 00:45

НАЈПОПУЛАРНАТА ЏЕЗ-ВОКАЛИСТКА ПРВПАТ ВО МАКЕДОНИЈА

Дајана Крол во Скопје

Канадската џез-пијанистка и пејачка и двојна добитничка на наградата „Греми“, Дајана Крол, на 20 ноември ќе има концерт во Универзалната сала во Скопје, објави вчера организаторот „Авалон продукција“. Една од најпопуларните џез-вокалистки во изминативе десетина години, што комерцијално се проби и на поп-сцената, ќе го комплетира проектот на македонската продукциска куќа, наречен „Културен шок 2009“. Дел од него се и настапите на Дејвид Брн на 10 јули во Скопје и на Џорџ Бенсон на 25 јули во Охрид.

Крол, која е сопруга на Елвис Костело, на 31 март го промовира својот 12 албум, Quet Nights, комплетно исполнет со боса нова-стандарди. Турнејата за промоција на материјалот, што почна вчера во Калгари и во чии рамки до 6 октомври се вклучени 81 концерт, ќе ја доведе Крол и на прва средба со македонската публика. Гостувањето во Скопје се' уште не е потврдено на официјалната интернет-страница на пејачката, но од „Авалон“ уверуваат дека датумот е резервиран.

ЕКСк*рЗИЈА ВО НЕЖНАТА МУЗИЧКА ЕРОТИКА

Последното издание Крол го подготви со аранжерот Клаус Огерман, веројатно најпознат по соработката со влијателниот музичар Антонио Карлош Жобим. Албумот, промовиран преку издавачката куќа „Верв“, досега доби главно позитивни критики. За цедето, Стивен Холден од „Њујорк тајмс“ неодамна напиша: Звукот и стилот се исти како и на The Look of Love, албумот што во 2001 година Крол го сними со Огерман. Неговите оркестрални бранови и дувачки инструменти создаваат романтична атмосфера со призвук на амбиент од филм-ноар. Крол на клавишите меко солира, а тоновите се губат и испливуваат во оркестрациите како шепотење на перница, но со пијано. Нејзиниот глас е подлабок, речиси спуштен до засипнат шепот, како да се насладува во „сјајот“ по страста во заплетканите чаршафи. Предвесници на ваквите испади во нежноеротски мотиви се албумите со балади од Пеги Ли и од Џули Лондон - истакнува Стивен Холден од „Њујорк тајмс“ во рецензијата за новиот диск на изведувачката.

СОРАБОТКИ СО БЕНЕТ, ЧАРЛС И КОСТЕЛО

Дајана Крол е родена на 16 ноември 1964 година Нанаимо, во сојузната држава Британска Колумбија во Канада. Нејзиното семејство страсно ја сакало музиката, особено татко и' Џим, кој со својата голема колекција на плочи ја изложил идната пејачка на делата на џез-легендите. Таа со пијаното почнала да се дружи на четиригодишна возраст, додека била во средно училиште свирела во мала џез-група, а по прославата на 15. роденден почнала редовно да настапува во ресторани во родниот град. На 17-годишна возраст добила стипендија од Интернационалниот џез-фестивал во Ванкувер за да студира на колеџот „Беркли“ во Бостон.

Професионалната кариера на Крол почна во 1993 година, со објавата на деби-албумот Stepping Out. Оттогаш издаде уште 11 плочи што и донесоа шест номинации и две освоени статуетки „Греми“. Кариерата на Крол изобилува и со соработки со големи имиња како Тони Бенет, Реј Чарлс и Елвис Костело, со кого е во брак од декември 2003 година. Двојката три години подоцна ги доби близнаците Декстер Хенри Лоркан и Френк Харлан Џејмс. Крол е меѓу ретките денешни џез-изведувачи со милионска продажба на своите албуми и искачување на топ-листите за поп-музика како што е „Билборд“ во САД.

ИНФО- Џез и поп-ѕвезда

Дајана Крол е родена на 16 ноември 1964 година Нанаимо, во сојузната држава Британска Колумбија во Канада. Во својата кариера објави 12 албуми што и донесоа шест номинации и две статуетки од наградата „Греми“. Соработуваше со големи имиња како Тони Бенет, Реј Чарлс и Елвис Костело, со кого е во брак од 2003 година и има близнаци. Таа е меѓу ретките денешни џез-изведувачи со успех на поп и топ-листите.

Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 10.Април.2009 во 18:35
 
 
Rok Fest 2009 финале   и  наградна игра...!!!

На финалната вечер на Rok Fest 2009, која ќе се случи на 11.04 сабота, ќе се натпреваруваат шест бенда.

Според бројот на гласовите од публиката на петте натпреварувачки вечери, во финалето на Rok Fest 2009 одат бендовите:
Крпен живот
Capital Punishment
Noi53
Red Rose
Scorch
А како избор на жирито во финалето ќе свири и групата:
Beyond the horizon

Гостин на финалната вечер ќе биде групата Storm.

Како и во изминативе години, така и оваа ќе се прогласат два победника, еден од публиката и еден од жирито. Првиот победник ќе биде награден со снимање на спот, а вториот со снимање на сингл. Исто така ќе биде прогласен и најдобриот гитарист на фестивалот, кој ќе добие гитара Yamaha, донација од продавницата за музички инструменти До-Ре-Ми.



секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
Anarchy Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Фатенко

Регистриран: 19.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6676
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Anarchy Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 08.Април.2009 во 13:09
Denesen "Vest" objavuva:

Умет­ни­ци­те со сто­еч­ки ова­ции би­ле по­ви­ка­ни на по­ве­ќе би­са во ма­гич­ни­от ам­би­ент по­ме­ѓу злат­ни­те ста­туи во Са­ла­та на Ви­ен­ски­от кон­церт

Ма­ке­дон­ски­от ги­та­рист Влат­ко Сте­фа­нов­ски, со Те­о­до­сиј Спа­сов од Бу­га­ри­ја на ка­вал и Ми­рос­лав Та­диќ од Ср­би­ја/САД на ги­та­ра, во прид­руж­ба на Ниж­но­авс­трис­ки­от Тон­кунс­тлер ор­кес­тар, под ди­ри­гентс­во на Крис­ти­јан Жер­ви од Ес­то­ни­ја, до­жи­ве­а­ја го­лем ус­пех со нас­та­пот во по­не­дел­ни­кот во ед­на од нај­прес­тиж­ни­те са­ли на све­тот - Злат­на­та са­ла на Му­зик­фе­рајн во Ви­е­на ка­де што се одр­жу­ва Но­во­го­диш­ни­от кон­церт на Ви­ен­ска­та фил­хар­мо­ни­ја.
Ка­ко што ве­ли Влат­ко, во таа са­ла до­се­га не е вле­зе­но ниш­то ос­вен кла­си­ка ни­ту му­зи­чар од Бал­ка­нот, па тој е и пр­ви­от му­зи­чар од Ма­ке­до­ни­ја кој ка­ко со­лист нас­та­пил во нај­прес­тиж­но­то мес­то на свет­ска­та му­зич­ка прес­тол­ни­на.
Ам­ба­са­дор­ка­та на кул­ту­ра во Авс­три­ја пи­ја­нис­тка­та Еле­на Ми­сир­ко­ва, во­о­ду­ше­ве­на од нас­та­пот, на­пи­ша:"Ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка, ко­ја об­зе­ма­ше и по­ко­ру­ва­ше со про­то­кот на сво­ја­та ед­нос­тав­на, но ис­кон­ска внат­реш­на си­ла, пред ко­ја за­не­му­ва се­как­ва бес­мис­ле­на дис­ку­си­ја за пос­то­е­ње­то на неј­зи­ни­от на­ро­ден ду­хо­вен тво­рец, бе­ше уш­те еден до­каз за бла­го­род­на­та и моќ­на рол­ја на ма­ке­дон­ско­то кул­тур­но­то нас­лед­ство и не­го­ви­те глас­ни­ци - умет­ни­ци­те, она­му ка­де што, и пок­рај вло­же­ни­от ог­ро­мен на­пор, по­ли­ти­ка­та ос­та­ну­ва бес­по­мош­на. Све­дош­тво­то овој пат го до­не­се Влат­ко Сте­фа­нов­ски со не­го­ва­та ги­та­ра, пре­ку раз­бра­ну­ва­на­та - со ти­пич­ни­те неп­ра­вил­ни рит­ми, мет­ро-рит­мич­ка струк­ту­ра на сво­ја­та - ма­ке­дон­ска­та му­зи­ка, и сво­ја­та блес­ка­ва вир­ту­оз­ност". Таа пи­шу­ва и за не­го­ви­те мај­стор­ски им­про­ви­за­ции, сe до "па­си­о­ни­ра­но­то фи­на­ле ко­га во са­ла­та ли­ку­ва­ше се­оп­шта ду­хов­на ра­дост на тој сво­е­ви­ден му­зич­ки праз­ник".

Pozdrav za eden od najgolemite makedonski umetnici koi ja prezentiraat makedonskata narodna muzika vo svetot
Кон врв
Wonderful_Life Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Амбициозна Бебушка

Регистриран: 30.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 7264
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Wonderful_Life Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 04.Април.2009 во 17:05
Ќе се реобединат ли Take That заедно со Robbie?





Take That ги слушнаа повиците на Robbie Williams за реобединување и му порачаа дека тоа навистина ќе се случи еден ден – но не во моментов, и дека мора да се стрпи. “Го слушнав Robbie како го изјавува тоа 50 пати досега. И постојано му го велиме истото. Сите би сакале нешто да направиме заедно, но тој е сега во студиото и работи на својот нов албум, а ние сме зафатени со подготовките околу летната турнеја. Тоа ќе се случи, но не знам кога”, изјави Barlow.

Во меѓувреме беше известено дека Robbie Williams и Gary Barlow ги поминуваат деновите под ист покрив – во Sarm Studios во лондонскиот тренди кварт Нотинг Хил. Имено, Robbie работи на својот камбек албум со престижниот продуцент Trevor Horn, додека Gary Barlow му помага на својот нов музички пулен – Gary Go кој го привршува својот албум. Студиото е во сопственост на Horn кој изјави дека момците повеќе пати се сретнале и дека комуницираат одлично меѓусебе.

Британската ѕвезда Robbie Williams неодамна изјави дека е подготвен да му се приклучи на својот некогашен бенд Take That. “Во редовен контакт сум со нив и изгледите да се обединиме стануваат се поголеми. Мислам дека ќе биде забавно,“ изјави ѕвездата за британскиот таблоид The Sun.

Robbie ја напушти групата во 1995 за да лансира соло кариера, предизвикувајќи голема расправија со останатите од групата која траеше повеќе од една деценија. Во 2005 година четворицата преостанати членови решија да се реобединат. Во меѓувреме успеаја да го возобноват големиот успех од минатото и да станат најуспешната камбек приказна во британската музичка историја.

Минатата година Robbie изјави дека веќе почнале заедно да музицираат, но дека треба да заврши неколку свои работи пред да биде објавена веста официјално. “Да видиме што ќе се случи, но јас сум подготвен доколку Gary Barlow се јави. Мислам дека би било сосема разумно тоа да се случи идната година,“ изјави Robbie Williams минатата недела на премиерата на мјузиклот “We Will Rock You” во Манчестер.     
Gospod gi sozdal zenskite,zasto imal smisla za ubavina, a maskite zasto imal smisla za humor
Кон врв
slatkamala188 Кликни и види ги опциите
Нов член
Нов член


Регистриран: 27.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 6
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај slatkamala188 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 27.Март.2009 во 15:59
nova traka
dark man ft toni zen and billy zver
slushnete ja na www.myspace.com/zverotbilly
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 26.Март.2009 во 15:16
Од утре почнува продажбата на влезниците за концертот на Мадона во Белград

Ширум Србија утре почнува редовната продажба на влезниците за концертот на светската музичка ѕвезда Мадона, кој ќе се одржи на 24 август на белградско Ушќе, а кои чинат од 2.990 динари (32 евра) во партер до 9.990 динари (105 евра) на ВИП трибините, најави службата за односи со јавноста на „Егзит“, кој е еден од организаторите на овој музички спектакл.

Во продажба ќе бидат пуштени 50.000 влезници кои можат да се купат во филијалите на „Ерсте банка“ и продавниците на „Гигстикс“ во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Суботица, Зрењанин, Чачак, Смедерево, Шабац, Панчево и Крушевац. Списокот со адресите на сите филијали се наоѓа на сајтот на „Егзит“ - (Exitfest.org.)

Влезниците ќе ги продаваат и првите две продавници на „Гигстикс“  (http://www.gigstix.com), во кои воедно се менуваат и ваучери за влезниците кои се нарачани по пат на Интернет продажба. 

Првиот концерт, кој е продолжение на исклучително бараната турнеја на Мадона „Лепливо и слатко“ (Sticky & Sweet), е закажан за 4 јули во лондонската арена „О2“, а досега се потврдени 28 нови концерти, од кои некои се распродадени за само неколку часа. По концертот во Белград, потврдени се уште во Мадрид, Париз и Санкт Петерсбург.

Менаџерот на мадона, Гај Осиери неодамна најави дека концертите нема многу да се разликуваат во однос на минатогодишните, но ќе имаат дополнителна песна за изненадување.

Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 25.Март.2009 во 01:45

Враќање на „Вудсток“

Еден од иницијаторите на легендарниот концерт „Вудсток“, одржан 1969 година, Мајкл Ланг, ќе го организира и концертот по повод 40-годишнината од одржувањето на овој настан.

Ланг изјавил дека има желба фестивалот да биде бесплатен, доколку навистина би се одржал, еколошки освестен, а локацијата да биде Њујорк. Меѓу бендовите кои би се појавиле има и такви кои учествуваа на тридневната прослава на мирот, музиката и слободата пред 40 години, како „The Who“, „Stills & Nash“, Карлос Сантана и можеби Џо Кокер, а од „помладите“ би настапиле Дејв Метјуз, Бен Харпер, „Red Hot Chili Peppers“ и други.
Пред 10 години, 30-годишнината од фестивалот се претвори во тотален хаос, поради насилството кое се случи за време на настапот на „Limp Bizkit“ и „Red Hot Chili Peppers“, при што мораше да интервенира њујоршката полиција, но Ланг смета дека тој настан, за среќа, не го извалкала угледот на овој мирољубив фестивал. Ланг размислува и за европски пандан на „Вудсток“ кој би се одржувал истовремено на германскиот аеродром „Тепенхолф“.



Кон врв
KAROLIN Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Maкедонско девојче

Регистриран: 28.Март.2008
Статус: Офлајн
Поени: 201
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај KAROLIN Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 24.Март.2009 во 15:32
Во 5 категорија гласај за најдобар етно светски албум за Македонско девојче на Каролина на босанските награди
Да ја подржиме новосоздадената македонска етно песна низ светот, гласајте за КАРОЛИНА

http://www.davorin.ba/muzika/2009.asp
Кон врв
pcelka Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 10.Март.2009
Статус: Офлајн
Поени: 3326
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај pcelka Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 20.Март.2009 во 08:48
 
 
 

Новиот број на електронското месечно списание за популарна култура „Филтер“ го донесува новото издание на Велешанецот Тодор Караколев „Cy EP“, попознат по музичкиот прекар TDR

Само неколку месеци по успешниот „Afraid EP“ ова е негово второ издание за „Филтер“. Станува збор за концептуално издание со висока продукциска вредност. Песните на изданието: „Cytren“, „Cypop“ и „Cybron“ се футуристички, но лесно прифатливи и со доволна доза на електро поп за да бидат прифатени од поширока публика.........
секој нов ден, носи нова надеж...
Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  <1 1920212223 32>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.