![]() |
|
ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО - 1 |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 9394959697 256> |
Автор | ||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Најголем проблем со името е тоа што на Гејовите им успеа да го вметнат како услов а позади тој услов има три точки на кој не им се знае крајот... Впрочем имаме искуство со знамето и привремената референца кои требаа да бидат некаква гаранција... А денес не представуваат ништо дури никој не ги спомнува како исчекор од нашата страна... Исто е и со името , ако попуштиме ќе се оди на следната етапа кон остварување на крајната Гејска цел , а нашата одстапка ќе биде следниот ден заборавена... И се така додека начисто не се руинира нашиот идентитет и се што стои позади него... Сепак да не се лажеме и да не бегаме од вистината... Македонија ќе си направи најдобра услуга ако целата своја енергија ја насочи кон срадување на Администрацијата и Судството кои ни се всушност суштинските проблеми... Лично знам многу потенцијални инвеститори кои токму поради овие проблеми вклучивајки ја и лошата инфраструктура не инвистираат во државата... Затоа мислам дека се води погрешна политика кога на народот му се влева страв дека без НАТО нема иднина за Македонија.... Што се однесува до попуштање, мислам дека тоа Европа никогаш нема да го направи затоа што Европската политика никогаш моралот не играл улога туку силата и моќтта... |
||
![]() |
||
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Abe ok si e ova sto go imas napisano, ama jas pisev poradi koi pricini Grcija ne ne priznava. I druga rabota site znaeme kako zavrsuvale site dogovori so Grcija. Ne sum siguren deka e vo nasa polza dogovor so Grcija. |
||
![]() |
||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За многумина од членовиве познат е мојот став по однос на „пријателството“ на САД. Јас и понатаму сметам дека таа не ни’ е вистински пријател, туку дека е „тројански коњ“, да не’ навлече нас и ние да „паднеме“ на таквото пријателство и да ги прифатиме нејзините (на Америка) „пријателски“ совети за конструктивност и изнаоѓање компромис (читај: промена на името). Ако се решиме за промена на името нам не ни требаат пријатели или посредници за тоа. Промената ќе ја направиме и без нив. Нам ни’ требаат (силни) пријатели кои ќе бараат од Грција (а не од нас) да го промени или омекне ставот. Како пр. би можеле од неа да побараат таа (Грција) да го смени името на нивната северна област Македонија, а не ние името на државата Македонија. Секако дека тежината на област и држава не е на исто рамниште. Значи, тие со промената на името на областа не би изгубиле многу, за разлика од нас. Е, американците тука треба да ги притиснат грците, а не нас. Дури тогаш ќе поверувам дека навистина тие се наши пријатели. Се дотогаш тие само глумат пријателство колку да не’ натераат на промената.
|
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
![]() |
||
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Беер: Македонија да продолжи со реформите Ангелика Беер ЕУ, согласно и последниот извештај на Европскиот парламент, има одговорност и обврска да го продолжи процесот на проширување со земјите од Западниот Балкан. Спорот за името со Република Грција не би требало да претставува пречка за евроинтеграцијата на Македонија, но и земјата има обврска да ги интензивира реформите, истакна европратеничката Ангелика Беер на денешната средба со македонскиот претседател Бранко Црвенковски. Беер, како што соопшти кабинетот на претседателот, изрази задоволство што изборите во Македонија беа успешни и поминаа во мирна атмосфера, што беше едно од основните барања на ЕУ. Црвенковски потенцира дека сега, по изборите, Република Македонија треба многу интензивно да се посвети на спроведување на реформите кои се услов за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. „На земјава и останува уште едно крупно прашање за решавање, а тоа е спорот со Република Грција што е услов за членство во НАТО Алијансата. Спорот не е праведен, но е реален, а нам, на Република Македонија ни требаат НАТО и ЕУ. Затоа, потребна е волја од двете страни за решавање на спорот“, истакна македонскиот претседател. Izvor A1... Trojanskiot KONJ ti e DOMA... Procitaj ja vnimatelno izjavata na gospogata BEER i posle procitaj ja na B.C. ... Odma ke svatis deka po konji ne treba da odis do Amerika koga gi imas DOMA... Изменето од kultuzin - 09.Април.2009 во 17:24 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
но сепак тука моите сомнежи не се толку големи, бидејќи мислам дека Америка гледа во нас како едно од идните проширувања на нејзините дејности на балканот и како битна инфраструктурна и воена локација, а не верувам дека многу не обожаваат или сакаат нешто од милост да ни помогнат се за разлика од грција што ништо не им ветува и ништо им нема дадено во минатото што ние сме направиле за нив и што може да направиме ме мрзи да пишувам бидејќи еднаш зборев за ова во темата за НАТО |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Тоа би било најлогично и најбезболно решение на проблемот... но каде се есапи логика во политиката, посебно во нашиот случај, каде едната страна настапува од позиција на сила и моќ? Тоа што за нив ова решение е незамисливо и неприфатливо, укажува само на едно: дека нивниот проблем не е единствено Македонското име, туку НИЕ, МАКЕДОНЦИТЕ, нашиот национален идентитет. Затоа и не сакаат да го решат проблемот на тој начин (дома, кај нив), туку проблемот ни го наметнаа нам за решавање. Зошто им е неприфатливо како решение и двојната формула? Ако тие имаат проблем со нашето име, нека не викаат како сакаат, а за сиот останат свет ќе си бидеме она што сме: Република Македонија. Но, грчкото национално его нема да се задоволи со такво (за нив) половично решение, бидејќи со тоа нема да биде остварена нивната цел: заокружување на грчката историска лага во нивна полза. |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
мене пак една работа ми паѓа стално на памет, би прифатил да го сменам името само ако Грција се смени во Македонија
се што треба е еден да излезе и да каже why don't you do the same so we could be even ![]() |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
Zlatnik ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 23.Август.2005 Локација: Macedonia Статус: Офлајн Поени: 2605 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
Да де. Тука некаде сме. Дозволи ми само некако да ја преформулирам оваа твоја забелешка. Имено, тој е еден војник (од неколкумината) кој треба да излегува од коњот (олицетворен во Америка) и да ја отвори портата! Мислам јасен сум! |
||
Неоттуѓиво е правото на секој поединец да живее во својата заблуда!
|
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
абе како Велика Британија не ја тужи Франција за еден ваков ист проблем?
![]() |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ne mi e jasno kako do sega ne sfativte deka nasite " prijateli " pod terminot pregovori i resenie na problemot so imeto ni poracuvaat samo edno ............. da gi prifatime grckite predlozi i da ednas zasekogas zavrsime so toj " problem " okolu imeto ............ ocigledno e deka grcite se podobro zapoznaeni so tie " prijatelski soveti " do nas od nasite " prijateli " pa sekojdnevno nametnuvaat novi i ponizuvacki resenija za imeto ........
Изменето од miroslav_g8 - 11.Април.2009 во 18:23 |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
инаку ја чека да сфати светов дека сме битни ![]() |
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
МАРШАЛ ![]() Сениор ![]() ![]() ГРОБАР ДО ГРОБА Регистриран: 06.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 44396 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
ne da sme bitni tuku bez nas NE MOZAT ........... dodeka ne im e otkrieme TEHNOLOGIJATA ZA AJVAR
![]() |
||
![]() |
||
zabegan ![]() Модератор ![]() ![]() Другарот на Мона Лиза Регистриран: 06.Април.2007 Статус: Офлајн Поени: 9774 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
|
||
размисли пред да напишеш глупост
|
||
![]() |
||
Anarchy ![]() Сениор ![]() ![]() Фатенко Регистриран: 19.Март.2009 Статус: Офлајн Поени: 6676 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
www.kalabalak.com
Бакојани горда Македонка којашто не признава Македонци! Во исто време додека Бакојани од Воден од петни жили се обидуваше да го негира македонското малцинство во северна Грција, Елефтеротипија реобјави 17 години старо интервју на грчкиот новинар и критичар во егзил Илијас Петрополус кој отворено говори за грчкиот шовинизам и расизам врз македонското население по Втората светска војна Во налетот да го негира македонското малцинство во Грција и да ги избегне претставниците на Виножито што ì тропаа на порти додека држеше прес-конференција во Воден, а кои сакаа да ì го подарат Абецедарот (оној од 1925 г. што грчката Влада под притисок на меѓународната заедница го отпечати за Македонците од егејскиот дел, но никогаш не го пушти во употреба), грчката шефица на дипломатијата Дора Бакојани призна дека е горда Македонка. Впрочем, Бакојани е Македонка од страната на нејзината мајка која, доколку цврстата политика на негирање малцинства не беше толку силна, ќе учеше од Абецедарот. “Во однос на историјата, грчкиот народ има секакво право да биде горд на својата историја во сите фази и за сите луѓе кои паднале за Грција и во борбата за оваа земја. Јас сум горда на нив, како што сум горда на историјата на античките Македонци”, рече министерката за надворешни работи на Грција во Воден. НЕСЛУЧАЈНА СРЕДБА ВО ВОДЕН Шармантната Бакојани, која и ветото за влез на Македонија во НАТО на самитот во Бук*решт го презентираше со широка насмевка, минатиот викенд во Воден како да се подзасркна кога неколку членови на Виножито се обидоа да влезат на нејзината прес-конференција. А, прес-конференцијата секако беше нејзина и не така случајна. Впрочем, Бакојани преку дописниците на грчките медиуми во Македонија, им порача на македонските новинари, и покрај проблемите кои ги имаа летоска за да влезат во Грција, дека сега не само што ќе можат да присуствуваат на средбата со локалните новинари, ами ќе можат и да постават две до три прашања. Бакојани сакаше на македонската јавност директно да и’ испрати порака дека Грција не го признава македонското малцинство. Дури ни местото не беше случајно одбрано. Воден (на грчки Едеса) е едно од најголемите упоришта на Македонците кои живеат во егејскиот дел. Воден е еден од најубавите градови во овој дел, познат по најдобрите цреши и праски на Балканот, но и по големите водопади по коишто градот го добил своето име. Брои околу 20.000 жители, повеќе од половината се Македонци. За разлика од другите погранични градови во кои поради грчката репресија Македонците со двоумење проговоруваат на македонски, во Воден одвај се чека некој гостин од Македонија за да ви кажат жителите дека се Македонци, дека го познаваат јазикот, дека пеат исти песни, дека имаат роднини во Скопје и Битола. Градоначалникот на Воден исто така има македонско потекло, но тој тешко дека тоа ќе го признае на начин на кој другите го прават. Во една таква средина, легитимно е човек да заклучи дека нималку не е случајно што Бакојани и Неа демократија решија токму од ова место да ги почнат подготовките за европските избори во јуни преку средба со локалните организации. Не толку за изборите - колку за пораката дека нема македонско малцинство, а на официјално Скопје да му порача дека постојаните иницијативи за проверка на положбата на малцинствата во Грција пред меѓународните инстанци и тоа како ќе влијае на идната грчка стратегија во спорот за името на државава. На прашањето зошто на претставниците на Виножито не им беше дозволен влез во хотелот Ксенија каде што се одржуваше средбата со Бакојани, таа рече: “За да одговорам на прашањето, претходно сакам да расчистам дека во Грција нема македонско малцинство. Во Грција постои право на индивидуално самоопределување и ние никогаш нема да прифатиме друга држава да определува сродно малцинство... Нема да дозволам ниту една трета земја да ги определува нашите граѓани. Тоа сите го разбираме, како што и ние немаме желба да ги определуваме граѓаните на друга земја”. ЕЛЕФТЕРОТИПИЈА ЈА НЕГИРА БАКОЈАНИ Но, во исто време додека Бакојани од Воден од петни жили се обидуваше да ги негира луѓето кои полицијата ги спречи да влезат на прес-конференцијата, но и 10.000 други кои во овој град без трошка двоумење велат дека се Македонци и роднини на луѓето кои живеат на север од другата страна на границата, Елефтеротипија го реобјави 17 години старото интервју на Илијас Петрополус, познат новинар и аналитичар, дадено за македонското списание Епоха. Петрополус е роден во Атина на 26 јуни 1928 г. По правните и политичко-економските студии, тој станува новинар и еден од “најзначајните уметнички критичари по војната во Грција” (како што ќе го нарече професорот Савидис во текот на еден судски процес). Соработник е на познатите светски весници: Франкфуртер рундшау, Монд, Дер шпигел и Њујорк тајмс. Држел предавање на универзитетите во Париз, Берлин и Амстердам. Петрополус во своето интервју јавно говори за грчкиот шовинизам. “Современиот грчки расизам или шовинизам доаѓа во најголема мера од образованието што ги води грчките деца кон параноична конфронтација со балканската реалност. Потребна е тешка и долга борба против расизмот, кој се претставува во различни маски. Верувам дека најдобар лек против неговата појава е длабокото запознавање меѓу народите”, вели грчкиот новинар во француски егзил. Мотивите за реобјавување на интервјуто во Елефтеротипија, грчкиот весник ги врзува со годишнината од големите протести во Солун од 1992 г. за македонското прашање. Во едиторијалот весникот остро ја критикува грчката официјална политика на “национална хистерија” кон северниот сосед. “Го реобјавуваме едно од најинтересните интервјуа дадено за македонски неделник пред 17 години во времето на големиот митинг во Солун за македонското прашање, кој беше одлучувачки за идната политика на Грција, а која Владата, но и опозицијата ги однесе во ќор-сокак на една воинствена политика дека Македонија е една и грчка. Денес, со исклучок на организираната екстремна десница и некои ветерани кои се издржаваат преку тајни фондови, сите се согласуваат дека климата од почетокот на 1992 е таа која ја чинеше Грција создавање на времено и обострано прифатено решеније, во однос на проблемот кој се создаде по независноста на Бившата Југословенска Република Македонија.”, пишува Елефтеротипија. Весникот признава дека никој од грчките медиуми во 1992 г. немал храброст да го објави ваквото интервју. “Штотуку беше издадено списанието, Петропулос ни испрати една копија од издаденото и од неговиот текста на грчки јазик: ексклузивно за 'Е'. Нормално тогаш никако не стануваше збор за издавање на овој текст во некој грчки весник. Телефонски му го објаснивме проблемот и се соочивме со неговото горко помирување...И оние кои во 1992 г. се осмелија да се спротистават на масовната и наметната националистичка хистерија, се соочија со правни гонења, со директи закани за линчување од страна на 'огорчените националисти' од нашата земја.”, објаснуваат во грчкиот весник. ЗА ИМЕТО Бакојани од Воден ги испрати и последните пораки до македонската Влада и во врска со спорот со името. Таа дури покажа и некаква подготвеност за директни преговори со Скопје, барем на некое почетно ниво. “На нашите соседи им испраќаме порака на пријателство и порака дека нашите народи треба да живеат заедно. Ние сме соседи и логиката на минатото треба да ја оставиме зад нас и да се свртиме кон иднината. Ова зависи од Скопје затоа што ние имаме јасен став и подготвени сме за преговори кои ќе доведат до заемно прифатливо решение. Ние досега се изјаснивме за нашиот став кој како услов го поставија и сите сојузници во Бук*решт. Сè зависи од нив и од нивната волја да се најде решение за името. Грција е тука и посакува политичкото раководство на соседната земја да одлучи по кој пат ќе тргне... Тоа го мислам јас, која имам одговорност за една политика која нè однесе до Бук*решт. На крајот сите заедно ќе живееме на овој Балкан, каде ќе бидеме под европски чадор. Исто така, го мислев и тоа што претходно го кажав, дека во Грција никој не го негира правото на самоопределување”, порача Бакојани. Таа повтори дека официјална грчка позиција е непроменета - едно сложено име за севкупна употреба. “Во овој момент оваа земја се вика БЈРМ. Ова е името што го користи во последните 17 години во договор со ОН. Кога велиме сложено име, мислиме на едно име за севкупна употреба кое стриктно ќе назначи дека не се однесува на цела географска Македонија од која Грција има 51%. За историјата не зборуваме затоа што тоа не е предмет на преговорите. Ова е општо познат став уште од почетокот кој го знаат и сите сојузници од кои имаме поддршка. Верувам дека ако постои мудрост и логика кај соседната земја, во иднина ќе можеме да дојдеме до решение”, вели Бакојани Грчката шефица ја коментираше и предизборната реторика на македонските кандидати за претседател на државата. “Јас, лично, искрено посакувам предизборната реторика на соседната земја да заврши и Скопје да сфати дека може да има корист од добрососедските односи. Во спротивно, тие ќе останат изолирани, што нема да биде добро за никого”, посоветува грчката шефица на дипломатијата. |
||
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 9394959697 256> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |