IDIVIDI forum Веб сајт
почетна страница почетна страница > Македонија и Свет > Историја
  Активни теми Активни теми RSS - Третина од гените ни се античкомакедонски
  најчести прашања најчести прашања  Пребарувај форум   Настани   Регистрирајте се Регистрирајте се  Влез Влез

Третина од гените ни се античкомакедонски

 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
Автор
Порака
oon Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 27.Мај.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 397
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај oon Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Тема: Третина од гените ни се античкомакедонски
    Испратена: 11.Март.2009 во 01:40
Истражување на Швајцарскиот институт „Игенеа“
Третина од гените ни се античкомакедонски (Нова Македонија)

Триесет проценти античкомакедонски, 10% илирски, 15% хеленски, 5% феникиски, 20% германски, 5% хунски и 15% словенски гени. Вака изгледа генетичкиот состав на македонското население во анализата што ја направи швајцарската компанија за генетички испитувања „Игенеа“.

За генетичкиот потенцијал на населението на Грција „Игенеа“ дошла до вакви податоци: 10 отсто - германски, 10 отсто - илирски, 20 отсто - словенски, 20 отсто - феникиски, 5 отсто античкомакедонски (со назнака - на север повеќе од 18 отсто) и 35 отсто хеленски.

Соодносот на античкомакедонскиот елемент, како што е видливо во анализите, е драстично поголем во Македонија отколку во Грција. Но, тоа е веројатно битно единствено на Балканот. На раководството на швајцарскиот институт „Игенеа“, една од трите највлијателни во светот што се занимаваат со истражување на генетичкиот материјал на современици и на луѓе од минатото, како да му бил добро познат балканскиот синдром, па на интернет-страницата прецизно назначил дека податоците се исклучиво резултат на научни истражувања, со молба да не бидат користени во политички контексти.

Поради чувствителната атмосфера околу грчко-македонскиот спор за името, секое отворање на прашањето за македонско присуство (актуелно или генетичко) на територијата на Грција е високоексплозивен потенцијал, па веројатно поради тоа и генетичката лабораторија при МАНУ, исклучително референтна во поширокиот регион, одбра да остане на страна од побараниот коментар на овие резултати.

- Не можам да одговарам на вашите прашања - рече професорот Георги Ефремов, директор на генетичката лабораторија, по двонеделно исчекување на неговите одговори.

Но, практиката покажува дека, генерално, генетичарите низ светот, дури и во далеку посмирени општествени околности од нашиве, често одбиваат односи со јавноста стравувајќи од реалната опасност дека нивните изјави ќе бидат погрешно претставени и злоупотребени од неуки ентузијасти.

Можно е утврдување на генетичкото потекло на нациите
Кои сме? Од каде потекнуваме? Кои се нашите предци? Овие прашања, кои делумно се сметаат за базични предизвици на филозофската мисла, наеднаш, на голема врата влегоа во секојдневните муабети на обичните луѓе и речиси целосно ја обзедоа домашната општествена сцена. Со нив се занимаваат политичарите, претседателските кандидати, претендентите за градоначалници, носителите на изборните листи, пријателите седнати на кафе, семејствата на трпезариската маса. Спорот со јужните соседи околу правото за користење на името „Македонија“ дополнително ги вжешти овие и онака врели теми. Колку се различни нашите корени? Имаме ли античкомакедонски, словенски, османлиски или илирски гени?

Потрагата по информации за можноста да бидат утврдени корените на цели популациски групи, па и на македонската, доведе до неколку сознанија.

На светско ниво постојат неколку компании, кои, врз основа на огромни бази на податоци, нудат споредбени испитувања на генетичкиот материјал од современици и од луѓе од минатото. Меѓу најпознатите се проектот „Генографик на Нејшенел џиографик“, американската компанија „Фемили три (Семејно стебло)“ и Швајцарскиот институт за генетички истражувања „Игенеа“.

Но, научната мисла, генерално, е поделена околу можностите прецизно да се утврди генетичкото потекло на цели нации.

Стручњаците од швајцарската лабораторија „Игенеа“ тврдат дека тоа е можно.

- Со ДНК анализа можете да научите за вашите извори во три различни епохи: предисторија, антика и средновековие - се вели на сајтот на „Игенеа“.

Како се одредуваат изворите?
Споредбата на митохондријалната ДНК и на хромозомот ипсилон на луѓе од различни популациски групи им дава на генетичарите претстава од каде и кон каде мигрирале носителите на овој генетички материјал по светот. Швајцарските стручњаци тврдат - мутациите не ги карактеризираат само семејствата посебно, туку и цели популациски групи. Со истражување на честотата и можноста за појавување на одредени мутации (т.н. маркери), може да се изолираат индивидуални гранки од комплексното семејно дрво на човештвото.

Кога популациската група мигрира или живее во географска изолација подолго време, што значи дека не се случила генетичка размена со други групи, тие сè уште развиваат сопствена шема на мутации. Популациската група (о)станува со непогрешливи генетички карактеристики. Бидејќи социјалните и религиозните традиции оставаат зад себе траги во гените, членови на одредени групи претпочитаат да се женат меѓусебно. На пример, Келтите и германските племиња секогаш контактирале исклучиво меѓусебно и тешко склучувале екстрагрупни бракови. Слично е и со Евреите, кои живееле во изолација со векови, па така развиле специфични генетички карактеристики. Дури и кога историографијата ќе запре или особено тогаш, ДНК-генеологијата може да развие истражување и да ја продолжи човечката историја.

„Благодарение на молекуларниот часовник, можеме да идентификуваме место во времето кога две генетички линии дивергираат и епохата во која живееле последните предци. Со него, можеме не само да го фиксираме времето и местото на миграцијата, туку исто така и различните човечки групи, поврзани едни со други“, се вели на сајтот на „Игенеа“.

Неможно е утврдување на генетичкото потекло на нациите
Со испитување посмртни останки на некои групи од минатото и со споредување на определени заеднички карактеристики на современици, во помала или поголема мера, може да се определи степен на сродство. Но, во ниеден случај не може да се открие ген, со кој ќе се определи етничка, па дури и расна припадност, вели другата научна струја. Тврдењето дека постои еврејски ген, тракиски или античкомакедонски ген се третира како целосна фантазија и ретроградна измислица во оваа научна опција.

Денешната технологија овозможува испитување на два вида податоци: оние од ипсилон-хромозомот, кој се добива од таткото, и митохондриската ДНК, која се добива од мајката. Со ваквите испитувања може да се добијат податоци само за директните предци по машка линија (за машки) и за директните предци по женска линија (и за машки и за женски испитаници). Првичната намена на ваквите испитувања е утврдување на татковството во правни спорови. Споредбата со постојните бази на податоци овозможува пронаоѓање на некои роднини низ светот, доколку тие донирале свој генетички материјал за таа намена.

Но, кога се работи за споредување на колективните карактеристики со оние на некој историски народ, мора да се има на ум дека во истиот тој временски период една личност немала само двајца предци, туку многу повеќе, зависно од тоа колку генерации поминале оттогаш и колкав е степенот на меѓусебното спарување меѓу сродници.

На пример, една денешна личност има двајца предци (родители) од пред една генерација, четворица (дедовци и баби) од пред две, осум (прадедовци и прабаби) од пред три и шеснаесет пред четири генерации. Практично е неминовно некои од предците да се роднини, на пример, далечни братучеди, па таквите ќе имаат заеднички предци, со што бројот на предците во претходните генерации расте побавно од дотогашната геометриска прогресија. Но, сепак, секој од нас е потомок на барем неколку илјади различни луѓе што живееле истовремено пред околу стотина генерации. Со генетичко испитување може да дознаеме нешто за културната припадност на само двајца од нив, ако имаме среќа нивни сродници да се нашле во пронајдените и испитувани гробници.

Затоа, генетичкото испитување не може да ни даде одговор на прашањето „дали јас сум потомок само и исклучиво на припадник на тој и тој народ“.

Нема корелација меѓу маркерите (назив за карактеристичен дел од генетичкиот код) што се користат за вакви испитување со другите информации што се пренесуваат преку гените. Затоа, ако некому испитувањето на ипсилон-хромозомот му покаже дека даден прадедо му бил антички Македонец, тоа не значи дека прабабата или некој од останатите илјадници прадедовци од таа генерација не биле Илири, Хуни, Словени, Готи, Римјани, Тракијци, Пајонци, Банту, антички Грци, антички Турци, антички Кинези, Маи или Толтеци или која било тогаш идентификувана група со сопствена култура. Денешниот човек може да поседува наследен материјал што потекнува од повеќето предци, како на пример сини очи од Готот или Норманот, темна коса од Хунот, орловски нос од Римјанинот, вита става и рамна снага од античката Македонка итн.

Исто така, треба да се има на ум дека поради процесите на рекомбинација некои од биолошките особини не се пренесуваат во наредните генерации. А особено, нема дилема дека информациите за културната припадност како јазикот, историското паметење, религиските верувања, фолклорот и други обичаи, никако не се пренесуваат преку гените, туку преку меѓусебна комуникација меѓу луѓето.

ДНК-испитување, како функционира?

Информациите се кодирани во вашите гени (ДНК), кои и денес даваат индикации за нашата историја и нашите предци. Со анализи на некои делови од нашата ДНК и со споредба на резултатите со оние од други личности, можно е да се најдат личности што споделуваат исти предци. Мажите имаат можност со истражување на нивната родителска линија преку нивните ипсилон-хромозоми. Тестот на ипсилон-хромозомите овозможува да најдете машки роднини низ целиот свет во зависност од вашиот личен ДНК-профил. Овој тест, исто така, дава информации за географскиот регион од каде што потекнуваат вашите машки предци. Мажите и жените имаат можност да ја откријат мајчината линија со митохондријалната ДНК. Митохондријалниот тест овозможува да ги најдете машките и женските роднини низ светот во зависност од вашиот личен ДНК-профил. Тестот, исто така, дава информации за географскиот регион од каде што потекнуваат женските предци.

Баби и жаби
За жал, во многу случаи, необјективните политички перцепции на луѓето се покажуваат многу поважни од објективната информација што може да се добие од научно испитување на гените. Токму затоа е важно да се зборува на оваа тема и да се одвојат бабите од жабите. Особено затоа што дури и со жабите имаме заеднички предци, кои живееле пред околу 340 милиони години.
(извор: razvigor.com)

КАКВО ГЕНЕТИЧКО НАСЛЕДСТВО НОСИ БАЛКАНОТ

Грција:
- 10% германски
- 10% илирски
- 20% словенски
- 20% феникиски
- 5 % античкомакедонски (на север повеќе од 18 отсто)
- 35% хеленски

Македонија:
- 30 % македонски
- 10 % илирски
- 15 % хеленски
- 5 % феникиски
- 20 % германски
- 5 % хунски
- 15 % словенски

Бугарија:

- 49 % тракиски
- 11 % македонски
- 15 % словенски
- 15 % хеленски
- 5 % феникиски

Босна:
- 50 % илирски
- 4% тракиски
- 20% германски
- 6 % хунски
- 15 % словенски
- 15 % келтски

Србија:

- 30 % словенски
- 9 % феникиски
- 21 % илирски
- 14 % келтски
- 8 % хеленски
- 2 % викиншки
- 18 % германски

Античкомакедонскиот генетички профил е откриен во споредба со археолошки остатоци и личности со македонски корени. Овие студии овозможуваат да се определат македонските корени кај една личност.

Употреба кај татковства, осомничени и тумори

Постапката за екстрадиција на молекулите од ткива или култури денес се применува во најразновидни области на науката - во агрокултурата, ветерината, медицината, молекуларната биологија и микробиологијата. Таа постапка е сè посовршена, побрза и поекономична. Екстрадираната ДНК може хемиски да се испитува за споредба со некоја друга при утврдување на татковство, споредување ДНК со местото на злосторството со ДНК на осомничениот, кај испитување на разликата меѓу нормалната и абнормалната ДНК, да речеме кај тумори и сл.

Истражувањата на „Игенеа“ се извршуваат на примерок од плунка, што може да се земе едноставно и лесно - и дома! За 5 недели и за почетна цена од 105 евра ги добивате првите резултати што ги определуваат вашите извори во три различни епохи: предисторија, антика и среден век.
Личните резултати ги добивате онлајн, заедно со графики што ве водат врз личната генеологија. Со тоа истовремено добивате и неограничен приод кон најголемата база на генетички податоци, создадена од американската компанија „Фемили три (семејно стебло)“ и од швајцарската „Игенеа“.



Изменето од anastea - 11.Март.2009 во 01:50
Кон врв
Pacifist Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јули.2008
Локација: Switzerland
Статус: Офлајн
Поени: 1618
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Pacifist Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 09:59
Босна:
- 50 % илирски
- 4% тракиски
- 20% германски
- 6 % хунски
- 15 % словенски
- 15 % келтски

-----------
 =110%
 
opsta matematika ne znaat a se smetaat za eksperti koi mozat da otkrijat koj kakvo poteklo ima ... cisti internetski gluposti ...
....INDEPENDENCE IS BETTER THAN SEX...
http://www.youtube.com/watch?v=7c7GdLlVrwo&feature=related
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 10:41
E pa Bosancite se nad prosechni, zatoa imaat golemi glavi. газење%20од%20смеење
 
 
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 11:10
dzaba ko se prazni... a da se istrazuvanjata glupost...se slozuvam...glupost bas taka.
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Тречи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Царевићот

Регистриран: 22.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 414
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Тречи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 11:42
Србија:
- 30 % словенски
- 9 % феникиски - Морнари де
- 21 % илирски
- 14 % келтски
- 8 % хеленски - Беги бе не сме педери
- 2 % ВИКИНГШКИ - Глеаате до Токија сме пловеле
- 18 % германски - А Тито ги истера сите шваби

Крастави баби-жаби
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!

Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 11:45
102%збунетост
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Тречи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Царевићот

Регистриран: 22.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 414
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Тречи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 12:15
Бугарија:
- 49 % тракиски
- 11 % македонски
- 15 % словенски
- 15 % хеленски
- 5 % феникиски
_________________________
   95 % Овија па фалични


Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!

Кон врв
Vlad Tepesh Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 07.Април.2008
Локација: Romania
Статус: Офлајн
Поени: 540
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Vlad Tepesh Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 12:48
~,,~Ovaa Amdi Bajram matematika no nema veze dali ovaa e potvrdeno ili ,tuku samo nekoj si pishuval shto si istrazhuval i nekoj toa si go objavil onaka~,,~
http://protravelguide.com/Images/VladTepesDraculaBranCastle.jpg
Кон врв
Legenda883 Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)

Регистриран: 28.Јануари.2009
Статус: Офлајн
Поени: 701
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Legenda883 Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 13:10
Shto se sekirate NIE sme tochni! A toa e e najvazhno! газење%20од%20смеење
 
 
 
 
Кон врв
Анастеа Кликни и види ги опциите
Администратор
Администратор
Лик (аватар)
ПИПИ долгиот чорап

Регистриран: 07.Април.2008
Статус: Офлајн
Поени: 35441
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Анастеа Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 13:35
Кај се најдовте се експерти да плукате на резултатите на една од трите најдобри светски компании за генетички истражувања?
Или тоа оти не ви се допаѓаат резултатите?
Кон врв
ThePPPTrooper Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
АнтиКомунист..

Регистриран: 12.Декември.2008
Локација: Macedonia
Статус: Офлајн
Поени: 581
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај ThePPPTrooper Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 13:39
Не, тоа дека нема Југословени или комунисти во статистиката
Those who wants to live, let them fight, and those who does not want to fight in this world of eternal struggle, do not deserve to live!
Кон врв
nelson Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
НАИВЕН НА МАЈКА

Регистриран: 11.Октомври.2008
Статус: Офлајн
Поени: 6313
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај nelson Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 15:11
Originally posted by anastea anastea напиша:

Кај се најдовте се експерти да плукате на резултатите на една од трите најдобри светски компании за генетички истражувања?
Или тоа оти не ви се допаѓаат резултатите?
 
 
 
- ako se najdobri zosto procentite im se pod 100 ili nad 100%...
 
Zeleo bih da te, vezanih ociju, prepoznajem u hiljadama.Ala bih se napipao!
Кон врв
Glenn Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Тата-Мата

Регистриран: 14.Јануари.2008
Статус: Офлајн
Поени: 3166
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Glenn Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 16:05
Јас делумно си го познавам своето генетско наследство од блиска историја и задоволна сум
Beauty fades, dumb is forever
Кон врв
Тречи Кликни и види ги опциите
Сениор
Сениор
Лик (аватар)
Царевићот

Регистриран: 22.Декември.2008
Статус: Офлајн
Поени: 414
Опции за коментарот Опции за коментарот   Благодарам (0) Благодарам(0)   Цитирај Тречи Цитирај  Внеси репликаОдговор Директен линк до овој коментар Испратена: 11.Март.2009 во 20:42
Originally posted by anastea anastea напиша:

Кај се најдовте се експерти да плукате на резултатите на една од трите најдобри светски компании за генетички истражувања?Или тоа оти не ви се допаѓаат резултатите?



Незнаат собирање па ќе кажуваат генетика.Џо Бакојани се
Книге децо книге......
Речи свима ко си,не штиди се своје вере,и буди поносни син Православја!

Кон врв
 Внеси реплика Внеси реплика страница  123>
  Сподели тема   

Скок до Овластувања Кликни и види ги опциите

Forum Software by Web Wiz Forums® version 10.03
Copyright ©2001-2011 Web Wiz Ltd.

Страницата е генерирана за 0,156 секунди.