![]() |
|
ИЗБОРИ 2009 - генерална дискусија |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 35> |
Автор | |
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
За влакно е избегнат првиот посериозен инцидент во предизборието. Активисти на Нова демократија, партијата што ја основаше Имер Селмани, и на владејачката ДУИ се спречкаа пред споменикот на Скендер Бег во Скопје.
Поводот е банален. Кој прв да положи цвеќе пред коњаникот. Настанот укажува дека се бара причина да се покажат мускулите и да се одмерат силите и не навестува дека Македонија може спокојно да ги чека изборите. Уште сега почнаа да се острат, а мирни избори со такво малцинство тешко , незнам освен Армијата да ја пратат во западна Македонија друг излез не гледам... |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ептен е провиден и лаком за власт... Секоја чест за неговиот патриотизам, мегутаоа ова е дефинитивно барање „ПРЕКУ ЛЕБ ПОГАЧА„... Изменето од moira - 17.Јануари.2009 во 14:22 |
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
... postoi odredena nabiena atmosvera megju glasacite na VMRO...
ВМРО-ДПМНЕ во тесно поради кандидатурата на Љубе Бошкоски Кандидатурата за претседател на ексминистерот за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, ја стави во тесно неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ иако се' поизвесни се навестувањата донеодамнешниот хашки притвореник нема да ја добие потребната поддршка. Ова, наводно, индиректно на Бошкоски му било пренесено и при завчерашната средба со премиерот Никола Груевски, кога на барањето на Бошкоски за поддршка, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му одговорил да се пријави на интерниот партиски конк*рс за претседателска кандидатура. Бошкоски не го криеше разочарувањето од партијата, кога по средбата изјави дека постапката за избор на претседател во партијата „нема да биде фер“. ---------------------------------------------------------------------------------------- Но, тој е убеден дека најголемиот дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад неговата кандидатура. „ Уште еден разговор со претседателот Никола Груевски ќе даде одговор на прашањето дали ВМРО-ДПМНЕ како политички врв ќе застане зад мојата кандидатура“, рече Бошкоски. Тој се' уште очекува дека партиското раководство ќе го промени ставот, особено оние што веќе ја потпишаа кандидатурата на Иванов, со цел на демократски и фер начин партијата да го одреди својот претседателски кандидат. „Сепак, тоа не значи дека јас нема да одам како независен кандидат. Јас одам како независен кандидат со поддршка од граѓаните на Македонија“, рече Бошкоски и додаде дека „останува Груевски да го повлече вистинскиот потег“. --------------------------------------------------------------------------------- Gruevski seushte se nema potpishano za kandidaturata na Ivanov no jasno e deka dosega nikogash ne otishol protiv... |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Сениор ![]() Регистриран: 03.Декември.2007 Статус: Офлајн Поени: 4903 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Голема катастрофа ќе биде ако ВМРО навистина го избаци Бошковски како нивен кандидат, не гледам никаков потенцијал кај тој човек, ниту харизматичен ниту интелектуален...
Освен тоа многу глупо и лакомо од негова страна што веднаш се фати на председателското оро, кога статусот сеуште не му е решен... |
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...Ocigledno stanuva interesno na samiot start...
БОШКОСКИ СО ПОРАКА ДО ГРУЕВСКИ Ѓорге Иванов не може против мене ..megju drugoto vo Vest stoi i ovaa извори блиски на Бошкоски велат дека нема да биде чудо ако тој, сепак, одлучи да се појави на конвенцијата како еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за Претседател на Македонија, бидејќи секојдневно од терен добивал се посилни уверувања од голем дел од партиското членство дека стои зад него. "Според нашите согледувања, ако до завчера половина од членството и од општинските комитети беа зад Бошкоски, по објавувањето на номинацијата на уважениот професор Иванов, тој процент сигурно скокна најмалку уште за 20 насто", пресметуваат во изборниот штаб на Љубе. ... kje se predade li Boshkovski lesno..kje se otkazat li od nego negovite podrzuvaci...Kje mora li da se podelat VMROvcite? |
|
![]() |
|
moira ![]() Сениор ![]() ![]() ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Која фарса...ке собира потписи од граѓаните, а партија го подржува...немам зборови...навистина и овој уште не стана претседател, а веќе почна да не потценува.
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
...дефинитивно почна процедурата,,,
Ѓорге Иванов ќе собира потписи Професорот Ѓорге Иванов од денеска ќе почне со собирање потписи од граѓаните за поддршка на неговата кандидатура за претседател. Иванов, на вчерашната прес-конференција им се заблагодари на членовите на МАНУ и на Друштвото на писателите на Македонија кои му ја дале својата поддршка. Но, додаде дека тие не треба да се квалификуваат како партиски интелектуалци. Според него, номинацијата за претседател не е партиски документ.„Не очекува тежок период и затоа треба да се сплотиме“, нагласи професорот Иванов, говорејќи за неговата кандидатура. верувам дека ќе собере и повеќе од потребните потписи... |
|
![]() |
|
somoteitbe ![]() Група ![]() Регистриран: 23.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 83 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Bi sakal da go slusnam vasiot stav za toa koj kandidat bi bil najdobar za pretsedatel za drzavata(znaci mozebi ne za nas individualno)no najdobar za drzavata .So najvisok rejting vo stranstvo i so dobra reputacija kaj samiot nas narod.
|
|
![]() |
|
DAC23 ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Декември.2008 Статус: Офлајн Поени: 357 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Само Штерјо Наков за претседател има пари човекот не е гладен полничок е така габаритен ке ја исправи мк на вистинскиот пат-што ... ве боли вас за мк
![]() |
|
![]() |
|
moira ![]() Сениор ![]() ![]() ...The Goddess... Administrateur adjoint Регистриран: 06.Јуни.2007 Статус: Офлајн Поени: 26016 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Што се однесува до Иванов не знам дали се сеќавате.до пред три години пееше друга песна...онаа од левата страна, сега смени плоча и откако ја зафати десната страна, стана независен кандидидат...исто како и Керим...се независни кандидати ни пласираат...само чудна појава, независниве кандидати наместо да имаат независна кандидатура, подржана од група граѓани како што е секаде во светот, кај нас независните кандидати се партиски подржани...во државава се некои феномени се појавуваат, симптоматични...
|
|
![]() |
|
Zajcef ![]() Сениор ![]() ![]() TOTENKOPF Регистриран: 16.Јануари.2008 Статус: Офлајн Поени: 1252 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Абе ајде не бил Иванов политички обоен...
Кој кандидира неутрален човек за Претседател бе? Мислите Грујо е глупав да стави претседател кој утре може да се сврти против него!?Уште еден послушен телетабис ништо друго.Ништо ново нема да видиме тоа да бидете сигурни!Рано е уште за промени во Македонија.Ништо добро нема да донесат овие избори како и сите до сега! ,,Ако гласањето некогаш нешто сменило, тогаш тие би го направиле да биде нелегално,, Ема Голдман Изменето од Zajcef - 15.Јануари.2009 во 14:39 |
|
Кога неправдата станува закон,отпорот станува должност....
|
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
pocna i trkata za vadenje na valkaniot vesh na povrshina...za sataniziziranje na kandidatite ushte ne pocnata trkata... Shto li kje donese samata trka...
vo eden del od napisot vo utrinski stoi i ova... Професорот Иванов, кого Милошоски вчера го промовираше како непартиски кандидат, никогаш не бил директно и активно вклучен во политиката, но внимателно го анализирал политичкиот живот. Оние што го познаваат се потсетуваат дека пред десетина години бил во одлични релации со СДСМ. Велат „израснал во СДСМ“ и бил еден од најголемите поборници за развој на социјалдемократската идеја. „Своевремено 1998-1999 година беше еден од основачите на Институтот за демократија на СДСМ, кој правеше истражувања за потребите на социјалдемократите. Во тој период Иванов беше жесток критичар на владата на Љупчо Георгиевски, особено на сојузништвото со Арбен Џафери“, велат нашите извори. Љубовта кон социјалдемократите траела се' до 2005 година кога Иванов, како што се тврди, многу се налутил поради притворањето на неговиот брат, кој работеше во полициската станица во Гевгелија. Тој бил уверен дека се работи за монтиран случај и дека брат му е жртвено јагне. Нашите соговорници велат дека тоа никогаш не им го простил на СДСМ, а гневот кон нив го одвел директно во дворот на ВМРО-ДПМНЕ и оттогаш жестоко ги напаѓа социјалдемократите. Но, кој е линкот со Груевски. Некои велат дека големо влијание на блискоста со премиерот, наводно, одиграла „античката опседнатост“ на Иванов. Дури се тврди дека тој како негов политички советник е главниот инспиратор на антикизмот кај Груевски. Важна улога во нивното зближување имале и идентичните погледи за развојот на македонското општество. Наводно, Иванов тврдо ја застапувал тезата дека „Македонија треба да гради модел на општество по пример на руското под палката на Владимир Путин“. Луѓе од неговото поранешно опкружување велат дека Иванов е „прагматична личност“, и го нарекуваат „интелектуален еквилибрист“. Најмногу поради неговата „метаморфоза од препознатлив левичар до ултрадесничар“. Сепак, нашите соговорници се едногласни дека Иванов е „голем интелектуалец, кој не се плаши од дебата“. На крајот додаваат дека Иванов не покажувал отворено политички амбиции, но „очигледно играл на крупна карта и го капитализира интелектуалниот ангажман од левицата во десницата“. Dali e grev ako nekoj nekogash imal simpatii ili pak bil clen na nekoja druga politicka opcija? Dali e grev ako uvidel deka partijata vo koja clenuval ne odi po platformata zaradi koja gi dobila glasovite i izlegol od nea nesakajki da ucestvuva vo neshto shto e daleku od negovoto ubeduvanje? I vo kraen slucaj dali e grev covek da si go saka svoeto semjstvo? |
|
![]() |
|
mamamd ![]() Сениор ![]() ![]() Почесна конзулка Регистриран: 02.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 25679 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
![]() Неочекуван заплет во трката за претседател Керим бара објаснување од СДСМ за предлогот, ВМРО-ДПМНЕ го фали професорот Иванов Пред стартот на претседателската кампања се случи неочекуван заплет
на македонската политичка сцена. Поранешниот претседавач со Генералното
собрание на ОН д-р Срѓан Керим, за кого се очекуваше да биде
претседателски кандидат на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, ненадејно доби
покана од опозициската СДСМ да биде заеднички кандидат на двата
спротивставени политички блока на Македонија - десницата и левицата. Se postavuva prashanje... kje presece li premierot... |
|
![]() |
|
Анастеа ![]() Администратор ![]() ![]() ПИПИ долгиот чорап Регистриран: 07.Април.2008 Статус: Офлајн Поени: 35441 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
Ако е член на партијата (ВМРО), тогаш е партиски војник, ќе немало демократија, ќе имало диктатура.
Ако не е од партијата, зошто немале свој човек, биле бедни, вакви-онакви, неспособни... Нашиот народ дефинитивно не знае што сака... Освен, се разбира, да критикува и плука по се’... Поарен им е изгледа сегашниот претседател, кој насекаде настапува како претседател на партија, а не на држава. И едно не ми е јасно: зошто Керим побрзал кај Бранко на консултации... прескокнувајќи го Заев (кој и го даде предлогот за негова кандидатура)? Не дека не го знам одговорот... И не дека Заев - греачот на фотеља и заслужил повеќе, ама сепак да прашам де?... |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 1617181920 35> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |