|
kejt-d-grejt |
Внеси реплика | страница <1 34567 40> |
Автор | |
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
уоц ап, Ерато?
пак ли никој не те дружи? кој ти е крив систер, кога не си у шема. Лира срцка веќе никој не поштуе, ѕвезди ем месечини, серенади под балкони, хахахаха....чешити, се виткаат од смеење Ела ми ти кај мене, винце да си туриме, да си муабетиме и да си попееме, зш љубовта јас како топла вода ја измислив јел да? Изменето од kejt-d-grejt - 12.Декември.2008 во 20:53 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Дождот држи ритам по олуци,
ми бучи централнава единица, Cartoon network со стишан звук во позадина, - Џанам филхармонија Никој нигде ни мрда ни прета, Со Хектор гушната дреме Анџелина, буљам во монитор и чекам безнадежно - Спас од монотонија Ај, не дрндај - легни си!!! |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Се облече во фустан од пулејки и мониста
на градите длабоко, но вкусно деколте косата ја распушти за да го привлекува но не беше сама, не беше тој ден - ааа, тука си? - (не, не сум) - како сте по дома? - (баш те заболе) - џин? мартини? - (мавни ми се само) - одлично, благодарам и се' така по ред а на шанкот осамен, поглед танатосен гледа толпа весела на другиот крај и брзо сфаќа дека не е тоа смеа, сал глупост до глупост облечени во неа Joni Stulic Bajaga Bjielo dugme, Film, Са друге стране јастука, Селма и....молим за плес ееееееееее...........понатаму не кажувам Изменето од kejt-d-grejt - 14.Декември.2008 во 00:30 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Откако кејт остави,
манџа во релна загорена ем салата незачинета и боса по чорапи се скрсти постови да реди на форуми - три кила фазла се здебели очи ко на кркач и' се ококорија и кичма свија кораво. Не беше кејт родена, за тија пусти постови, постови - сајбер отрови Прва година помина, во град не и се излегува втора година намина пријателите досадни и' станаа трета година форумот и ја стемнува и ја разденува. И ноќе кога месечко пак да си муабетат ја викаше ветерчок тихо над неа жална и тага рееше " Зошто ли, зошто остана манџа во релна загорена манџата беше свекрвина |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
fragola
Сениор Регистриран: 02.Февруари.2008 Статус: Офлајн Поени: 3829 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
epten se soziveav so pesnava
|
|
I get enough exercise...just pushing my luck.
|
|
apce
Сениор Регистриран: 18.Октомври.2007 Локација: Malaysia Статус: Офлајн Поени: 2717 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ova e za na Struski veceri
splendid
|
|
apce
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Погледни ме!
Заковај го погледот за мојот! Истражувај! Не зборувај! И онака нема да кажеш ништо попаметно од тишината. Чувај ги комплиментите за романтична вечера - убаво одат со вино и пастрмка на жар. Не гледај ми ги усните... ни очите...ни косите... Пронајди ја убавината - во длабочината... - под површината... и нежно чувај ја, на дланките земи ја како капка роса испиј ја Ти во мене, јас во тебе... ни цвеќето во пролет не е толку природно. Изменето од kejt-d-grejt - 21.Декември.2008 во 23:21 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Те молам не говори...
не спомнувај последици за нив веќе одамна не сакам да знам. Желбата да ме заштитиш, силно ја почитувам и благоста и грижата длабоко ме трогнува. Но, можеш ли кажи ми ветер во кула да затвориш? можеш - ама лош здив на мувла ќе стане. Не плаши се за мене, смири се, насмевни се моите ангели добија повишица А тие што велиш стратегии развиваат, не се тие опасни, ни ми можат нешто оти... во нивната лутина не постои силина само е облека на немоќен гнев. Изменето од kejt-d-grejt - 22.Декември.2008 во 14:55 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Не им се лутам на твоите зборови.
Се лутам за тоа што те натера да ги изговориш знаеш... всушност... ма...не се лутам воопшто. Никогаш не сум умеела со лутината мене ме бива и добро ми оди со тагата! со тежината! Туку....знаеш што??? -алал да му е на тој што ги измисли буквите... зборовите... стиховите... Бел монитор, инчи 17, лесна тастатура тк-тк-тк-тк-тк, бронхи - лакше се дише. и.... нема потреба да ги пеам, јас моите песни еве...ги живеам. |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
И по цел ден...катаден...
- трк до банка... - потпис, молам... - к*ртоазни поздрави - држ - не дај... - УА СУДИЈА! ... ... Разумот се умори од продавање - купување, од досетки - пресметки - па заспа Срцето се искраде на прсти, по чорапи на калдрми, по сокаци го гушна и го праша, - МИЛИ...ГРЕВ ЛИ Е СОНОТ? Изменето од kejt-d-grejt - 03.Јануари.2009 во 19:16 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ja vaka ja razbrav tvojata pesna
По цел ден, ама ептен трк до нигде и назад брљотина потпис би требало да биде лигавење и кез канџи спрема за оној ма за било кој, зар важно е ? Разумот продава црно како бело дур не се изгуби сеедно му било. Срцето ко лопов низ улици ака дур ја виде за да ја праша дали лошо е сонот повеќе да го сакаш ? |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
"Умнице моја...ангелче мое....
кажи ми, кажи што сакаш за дар снегови да истопам? аждери да истепам? гледај ме, гледај, колку сум јак..." - ахам... "А само ако посилен залет земам на јен-два-три до небо рипам ехеееејјјј....викај посилно да те чујаааам!!! само оваа ѕвезда ја сакаш, или сите по ред?" - ммммм.....таа... "У ствари....ај после....ме мрзи сега" - Изменето од kejt-d-grejt - 10.Јануари.2009 во 20:59 |
|
zbunet
Сениор Претседник Зеленковски Регистриран: 24.Февруари.2007 Статус: Офлајн Поени: 15549 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
...ova e zena vo koja covek moze lesno da se zaljubi...covek kako ja
Изменето од zbunet - 10.Јануари.2009 во 18:50 |
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Џабе ми зборувате
џабе убедувате позадина сте само на сликата негова нацртана, неурамена. Оти... никој од вас нема такво лице праска узреана нити знаете како душата на јоргован му мириса Сте виделе ли очи шепот стихови што зрачат па под кожа влегуваат и без срам, скокотливо, забранета нескротливост будат... Рацете му се монтка од пердуви градите мека перница па, топло ми е и спокојно и ништо веќе не ми фали оти сум си дома... оти тој е мој. |
|
Внеси реплика | страница <1 34567 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |