|
kejt-d-grejt |
Внеси реплика | страница <1 23456 40> |
Автор | |
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Што знаат тие
никогаш ѕвезди не береле
ни во сламена корпа ги ставале
ни под перница ги ределе
за да биде сонот раѓање
раѓање и летање
Појма немаат како
ноќе меѓу гранките
со прст се црта узреана месечина
како нежно се зема
и на дар се дава
за да биде ноќта посебна
посебна и волшебна.
Само ние знаеме
ама ќе си молчиме
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Едно време мислев,
да сум сама е природно. И сонцето е само, и возот на шините, и летото кога патува на југ... Едно време... едно време помина збогум зеде, си замина... Да сум слободна, не значело да сум сама -туку сигурна! во вечната потрага по целта непостоечка, ти и јас одбраните, riders on the storm! Ти си моја чаша вода, свеж воздух и леб покрив над глава во олуен ден. мојот глас и мојот слух на оваа песна невидлив рефрен. За тоа што си мој, Ти благодарам! п.с. |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Пролетта носи овенати лисјa
во ноздрите го чувам мирисот што опива
помешани полен и самрак
и свежо испрскан двор
who cares?
Земи ме за рака...
лесна сум како пердув, топла и мека
кругчиња се прават на мирната вода од моите прсти
маму му ебем, зошто не е бистра?
И хоризонтот уште го чува твојот одраз
убав и строен, Спартански воин
погледот вперен во врвот на тополите
заминуваш без да чекориш
без желба за назад
како кривец без вина
зошто го правиш тоа што мораш
без да го сакаш и без да си свесен.
Изменето од kejt-d-grejt - 27.Ноември.2008 во 16:18 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
БЉАК
полупразана сала
за подпросечна претстава
патетична публика што купила карти
за дома да не седи
сцена прва, си заљубив едно моме
сцена втора, татко и' не ја даваше
сцена трета, кој ви ебе мајката на сите
претставата заврши
-ајде сите дома!
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ако некогаш ме прашаш, колку те сакам, ќе ти кажам....хммм.... колку електронот што го сака протонот колку водородот што го сака хлорот а хлорофилот сонцето. Изменето од kejt-d-grejt - 27.Ноември.2008 во 22:38 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
anakin
Сениор Unidentified Flying Object Регистриран: 08.Август.2005 Локација: Machku Pichku Статус: Офлајн Поени: 18535 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
mnogu hemiska pesna
da se razbirav vo hemijata kje svatev kolku e toa no kje veruvam deka znaes hemija i deka e toa , toa |
|
SILATA NEKA E SO VAS a ako ne vi treba, neka, i taka ne e nekoj trosok, ja ima nasekade okolu nas.
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
МИ СТУДИ
Tмурно некое утро... така треба - другар ќе ми биде. Да ја напишам оваа песна, ќе се облечам лесно, ќе излезам да шетам... Студот да ми ги гали образите кога неќеш ти. Ќе се тресам премрзната како возбудена љубовница додека ми се пика под кожа под кожа - дури до коски. Таму тебе ќе те сретне... Покажете си ги мускулите, кој е постуден - студот или ти! |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ако некогаш ме прашаш колку те сакам, ќе ти кажам...ххммм... колку огнот што го сака дрвото, колку премрзнатите прсти топлината колку уморна старица тишината... Изменето од kejt-d-grejt - 28.Ноември.2008 во 13:08 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
се сеќавам.... одамна беше... ноќта без допири, кога твојот шепот водеше љубов со мојот, знаеш...знаеш нели? сигурно си видел... кога сонцето надмено се насмевнува од зад облаците, а на тревата се познава граница која полека се повлекува??? знаеш, нели? така...е баш така секоја клетка на мојата кожа бидуваше погалена од него. Се изгуби смисол за земско постоење, само твојот шепот... ах...и погледот...има нешто детско во него, знаеш? нешто детско, скоро инфантилно, некој вектор кој разбуди чудни вибрации, а тие без прашање...без прашање и без одговор направија искра... искрата пламен... пламенот оган... ... ... ... Сега ни судат... му судат на огнот што не е камен... Изменето од kejt-d-grejt - 03.Декември.2008 во 16:18 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
знаеш што, душиче???
е, баш денес сакам да ти кажам колку те сакам
колку струјата што го сака проводникот,
колку Волтот што го сака Амперот,
а јонот електролитот
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ПРЕД ДОЖДОТ
Се спрема да врне...
колку е важно небото,
кога ги прави последните подготовки.
Неќам да носам чадор
сакам дождот да ме изненади
има нешто љубовно во допирот на капките...
А јас мора да сум несалам,
кога и во него те наоѓам тебе...
|
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Зли духови под пенџере ми шепкаа пппссс...пппссс...ела... ела ќе те шетаме заедно ќе летаме ќе видиш невидено, ќе чуеш нечуено. Се измолкнав од креветот на прсти, пппсссттт... и рака им пружив. И шетавме, и летавме високо над облаци, но невидено не видов и нечув нечуено, - одгоре ме турнаа... И додека летав во слободен пад... гушната со стравот, се прашував какво ли е чувството "бум" А долу ти ме пречека на гради ме стисна, лудице моја, секогаш моја, колку мислиш можам да издржам... - ајде дома... Изменето од kejt-d-grejt - 07.Декември.2008 во 00:24 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
ГИНЕКОЛОШКА
Трудното небо чека да се олесни ветрот му е бабица. До рамена се спушта по глава ме удира, "ај заедно да раѓаме јас дождот, ти плачот". - другарски! Изменето од kejt-d-grejt - 08.Декември.2008 во 11:16 |
|
се' што е убаво во животот е поезија. сето друго е проза
|
|
kejt-d-grejt
Сениор Регистриран: 05.Ноември.2007 Статус: Офлајн Поени: 6228 |
Опции за коментарот
Благодарам(0)
|
Имаш очи од кои поигрува дијафрагмата и шири осцилации во концентрични кругови до темето и погоре, до стапала и подолу Па ми доаѓа да ги фрлам сандалите (упс...келнер, извини...) да ја распуштам косата, и да ти рипнам во прегратка: C'mon let's twist again like we did last summer Yea, let's twist again, twistin' time is here А тебе??? |
|
Внеси реплика | страница <1 23456 40> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |