![]() |
|
На денешен Ден |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 36> |
Автор | |
da be ![]() Сениор ![]() ![]() Регистриран: 20.Јуни.2008 Статус: Офлајн Поени: 101 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1940 - Роден Брус Ли
![]() |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Меѓународен ден против потрошувачка грозница. 8.п.н.е.- Умре римскиот литерат Хорације, најголем римски лирски поет, кој повеќе од кој било грчки или римски поет се одликува со разноликиот поетски израз. Дела: „Сатири“, „Песни“ или „Оди“, „Писма“. 1570.- Умре италијанскиот архитект и вајар Јакопо Сансовино, мајстор на перцепција и совршени хармонизирани конструкции и декори. Ги изработил статуите „Нептун“ и „Марс“ на скалилата на Дуждевата палата и рељефот во мермер во ложата на црквата „Свети Марко“. 1701. - Во Упсала е роден Андерс Целзиус, шведски физичар и астроном. Тој ја воведе поделбата на 100 степени на термометарската скала - Целзиусова скала. Во 1736 година учествуваше во експедицијата која ги измери лаковите на меридијаните, прв го забележа дејството на поларната светлина врз магнетна игла и со сопствени средства ја изгради опсерваторијата во родниот град Упсала. Умре на 25 април 1744 година. 1874.- Роден е израелскиот државник и хемичар Хаим Азриел Вајцман, пронаоѓач на синтетичкиот ацетон. Беше прв претседател на Израел од 1948 до смртта во 1952 година. Вајцман беше директор на Лабораторија во Британија од 1916 до 1919, претседател на Светската ционистичка организација од 1920 до 1931 и на Еврејската агенција од 1929 до 1931 и од 1935 до 1946 година. 1879.- Француското собрание е преместено од Версај во Париз. 1895.- Умре францускиот писател Александар Дима Син, кој ги удри темелите на театарските драми. Напиша 16 драмски парчиња, вклучувајќи ја и драматизацијата на романот „Дамата со камелии“. Останати дела: „Незаконски син“, „Дениза“, „Господин Алфонс“, „Полусвет“. 1895. - Шведскиот фабрикант Алфред Нобел, пронаоѓач на динамитот, во Париз напиша своерачен тестамент со кој каматите од големиот имот ги остава за развој на науката, литературата и на борците за мир. "Наградите треба да се делат без оглед на националноста", пишуваше во тестаментот, со кој се основа Нобеловата награда за најголеми достигнувања на човековиот ум. 1919. - По Првата светска војна, во која учествуваше на страната на Оската, Бугарија потпиша мир (Нејски мировен договор, потпишан во Неј на Сена) врз основа на кој Добруџа и припадна на Романија, приморјето на Тракија на Грција, а градовите Струмица, Благоевград и Цариброд на Кралството СХС. 1921.- Роден е чехословачкиот државник од словачко потекло Александер Дубчек, водач на реформското движење во Чехословачка кон крајот на шеесетите години на 20. век, познато како „Прашка пролет“. Во Втората светска војна во 1944 година учествуваше во словачкото народно востание. Од 1963 година беше на чело на Комунистичката партија на Словачка, а во јануари 1968 година беше избран за генерален секретар на Централниот комитет КПЦЦ наместо Антоњин Новотни. Во декември 1969 година беше наименуван за амбасадор во Турција, но во 1970 година беше отповикан и потоа две децении помина во потполна политичка изолација. По падот на комунистичкиот режим во 1989 година, Александер Дубчек е избран за претседател на чехолсовачкото собрание. 1926. - Ахмет Бег Зогу во Тирана потпиша пакт со Мусолини за зајакнување на својот реакционен феудален режим во Албанија. 1940.- Нацистичка Германија ги анектираше во Втората светска војна (и формално) француските покраини Лорен (Лотарингија) и Алзас. 1940.- Во Романија профашистичката „Железна гарда“ уби повеќе од 60 соработници на пребеганиот крал Карол II, вклучувајќи го и поранешниот премиер Никол Јорг. 1941.- Сојузниците ја зазедоа покраината Гондар во Етиопија. Така е скршен и последниот отпор на италијанските сили во Источна Африка, Еритреја, Етиопија и Сомалија беа ослободени. 1942.- Роден е американскиот рок пејач, гитарист и пишувач на песни од африканско потекло Џими Хендрикс, еден од најпопуларните музичари во светот во шеесетите години на 20. век. Умре во 1970 година од предозирање со дрога. 1942. - Француската морнарица потопи поголем дел од својата воена флота во Тулонското пристаниште за да не падне во рацете на нацистите. 1944.- Во селото Горобинци, Светиниколско, е осветен и поставен камен-темелникот на новата црква „Свети Спас“. 1946. - Солунскиот партиски весник "Лаки Фони" објави список на околу 100 лица од Леринско и од Воденско (претежно Македонци), кои беа интернирани на егејските острови. 1953.- Умре американскиот писател Јуџин Гледстон О`Нил, творец на модерната американска драма, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1936 година. Дела: „Зад хоризонтот“, „Ана Кристи“, „Сите божји деца имаат крилја“, „Големиот бог Браун“, „Цар Џонс“, „Второ патување во Европа“. 1955. - Во Париз умре Артур Хонегер, француски композитор од швајцарско потекло, еден од најистакнатите полифоничари во современата француска музика. И припаѓаше на композиторската група "Шестмина". Роден е на 11 март 1892 година. 1961.- Советскиот Сојуз предложи неодложна забрана на нуклеарните проби без меѓународна контрола. 1982. - Лидерите на 31 африканска земја, на состанокот во Триполи, ги осудија Соединетите Американски Држави поради нивната "економска, воена и нуклеарна соработка со Јужноафриканската Република". 1983.- При падот на колумбискиот авион „боинг 747“ во близина на мадритскиот аеродром „Барахас“ загинаа 181 патник и еден член на екипажот. 1989.- Во воздушната експлозија на колумбискиот авион „боинг 727“, судејќи по се, предизвикана од подметната бомба, загинаа сите 107 патници и членови на екипажот. 1990.- Министерот за финансии Џон Мејџор е избран за премиер и шеф на Конзервативната партија на Велика Британија, по оставката на Маргарет Тачер. 1993.- Во Крањ, во Словенија, во Основното училиште „Франце Прешерн“ почна наставата на македонски јазик за македонски деца од предучилишна до средношколска возраст, државјани на Република Словенија. 1995.- Во Женева, на Генералното собрание на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Црвениот крст на Македонија е примен за рамноправен член на оваа асоцијација. 1996.- Во Скопје умре проф. д-р Димко Кепески, еден од основачите на Клиниката за ортопедски болести во Скопје. Роден е во Прилеп, на 14 септември 1918 година. 1996.- Во експлозија на гас во рудник за јаглен во кинеската провинција Шанси загинаа најмалку 91 рудар. 1997.- Во Брисел, со одобрение на Министерскиот совет на Унијата, беше одобрена Спогодбата за соработка и транспорт меѓу Европската унија и Република Македонија. 2000.- Во западна Норвешка е пуштен во употреба тунелот Лердал, кој со должина од 16,9 километри го надмина Свети Готхард, дотогаш најдолгиот друмски тунел во светот. 2001.- НАСА соопшти дека вселенскиот телескоп „Хабл“ откри атмосфера на една планета 150 милиони светлосни години од Земјата, што претставува прво директно откритие на атмосфера надвор од нашиот Сончев систем. 2005.- Во експлозија на рудник за јаглен во покраината Хелионџианг, во североисточна Кина, загинаа 183 рудари. 2005.- Доктори во Франција први во светот изведоа делумна трансплантација на лице врз пациентка на која и беше изобличено лицето од напад на куче. 2006.- При пад на ирански воен авион загинаа 36 лица. Две лица ја преживеаја несреќата на авионот „Антонов 74“ кој требаше да лета за Шираз, илјада километри јужно од иранската престолнина. Авионските несреќи се многу чести во Иран. Во јануари истата година во северозападниот дел на Иран се урна воен авион „Фалкон“, усмртувајќи 11 лица, а во декември авион се урна врз зграда во Техеран, при што загинаа 115 лица. 2006.- Собранието на Канада одлучи да ја признае франкофонската покраина Квебек како посебна нација внатре во Канада. Со оваа одлука кончено е признаена јазичната и културна посебност на Квебек. Сепаратизмот во оваа провинција, која е една од четирите кои во 1867 се обединија и ја основаа Канада, предизвикуваше повеќе пати сериозна криза, па дури и воспоставување на вонредна состојба. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1504.- Умре шпанската кралица Исабела I Католичка, кралица на Кастиља од 1474 година. Со стапувањето во брак со Фернанд II Арагонски во 1479 година ги соедини Кастиља и Арагон и ја создаде Шпанија. Во настојувањето да ја засилат римокатоличката црква и монархијата во 1480 година го втемелија судот на инквизиција. Борбите со Маварите победоносно ги завршија во 1492 година, протерувајќи ги од јужната шпанска покраина Гранада. Истата година ја опремија експедицијата на Крисифор Колумбо која ја откри Америка, а во 1503 година од Франција го презедоа Наполското кралство. 1648.- Папата Инохентие X го осуди Вестфалскиот мир со кој еден месец порано заврши Триесетгодишната војна. 1703.- Во дводневната „Голема луња“ во јужна Англија загинаа најмалку 8.000 луѓе. 1812.- Француската војска предводена од Наполеон Бонапарта претрпе тешки загуби при повлекувањето од Москва преку Березин. 1855.- Умре полскиот писател Адам Мицкијевич, најголем полски романтичар, чии дела се одликуваат со исклучително богат и сликовит јазик. Умре во Турција каде дојде за време на Кримската војна со намера да формира полска заедница за борба против Русија. Познати дела: збирка песни „Балади и романси“, „Кримски сонети“, еповите „Гражина“, „Конрад Валенрод“ и други. 1857.- Во Мелбурн, Австралија, е отворено Заседанието на првиот австралиски парламент. 1888.- Во Сен Луис, Мисури, САД, е роден Томас Стерн Елиот, американско-англиски писател, критичар и есеист. Меѓу познатите негови дела се „Пруфрок и други опсервации“, „Пуста земја“, „Шупливи луѓе“, „Четири квартети“, „Убиство во катедралата“, „Семеен собир“ и други. Во 1948 година ја доби Нобеловата награда за литература. Умре во Лондон, на 4 јануари 1965 година. 1907.- Заради постојаното прогонство од страна на полицијата Владимир Илич Ленин беше принуден да ја напушти Русија. 1914.- Во експлозијата на британскиот воен брод „Булворк“ во Првата светска војна, во моментот кога во него се внесуваше муницијата, преживеаја само 12 од 750 членови на екипажот. 1917.- Советската влада во Првата светска војна се обрати до сите завојувани држави предлагајќи им мир без анексија и контрибуција. 1922.- Отворена е гробницата на фараонот Тутанкамон, која ја откри англискиот археолог Хауард Картер. 1924.- На Третиот вонреден конгрес на Социјалистичката партија на Грција учествуваше и македонскиот револуционер Трифун Хаџијанев и тоа како делегат на воденската организација. На овој конгрес грчката партија ги прифати решенијата на Коминтерната за правото на самоопределување, а во таа смисла и за правото на македонскиот народ за создавање сопствена држава. 1939.- Со напад на советската
армија почна Советско-финската војна. Во октомври 1939 година,
Советскиот Сојуз постави силни гарнизони во Литванија, Летонија и во
Естонија, а од Финска побара дел од територијата за воена одбрана на
Ленинград (Санкт Петербург) и заштита на мурманските пруги.
Бидејќи владата во Хелсинки барањето го одби, советската армија продре
во Финска, а со пробивот на фронтот, на 12 март 1940 година потпишан е
мир со кој Советскиот сојуз ги доби бараните области. 1940.- На Хитлерова заповед е создадено варшавското гето во кое есесовците протераа околу половина милион Евреи не само од Варшава, туку и од други градови во Полска, па дури и од Германија. Десетици илјади луѓе умираа од глад и од болести. Повеќе од 310.000 Евреи оттаму беа испратени во логорите на смртта, каде што беа убиени во гасни комори. 1942.- Во Бихаќ, во Втората светска војна, е основано Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија. На Заседанието 54 делегати го избраа Извршниот одбор - АВНОЈ на чело со д-р Иван Лола Рабар. Тоа беше некаков вид на влада на ослободените територии до Второто заседание на АВНОЈ во Јајце 1943 година, кога е избран Националниот комитет. 1949.- Индија го прифати уставот со кој таа се организира како федерална република во рамките на британскиот Комонвелт. 1952.- Умре шведскиот истражувач и патописец Севен Андерс Хедин, кој ја предводеше експедицијата во Таримската котлина, Синканг, на Тибет, во Монголија и во подрачјето на Хималаите. Дела „Низ азиските пустини“, „Во срцето на Азија„, „Јужен Тибет“, „Трансхималаи“, „По копно во Индија“, „На големата пловидба“. 1965.- Франција го лансираше својот прв вештачки сателит. 1966.- Во Рогдаел, Австралија, е формирано Македонското КУД „Илинден“. 1967.- Во поплавите во централна Португалија загинаа најмалку 250 луѓе. 1968. - Умре германскиот писател Арнолд Цвајг, чии дела врз основа на искуството стекнато во Првата светска војна се полни со антимилитаризам, со горка иронија и со критичка анализа на општествените односи. Дела: романи „Случај на наредникот Гриш“, „Младите жени во 1914 година“, „Верденско воспитување“, лирската проза „Новели за Клаудиј“. 1968.- Во Њујорк умре Антон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се "Џунгла", "Џими Хигинс", "Крај на светот" и други. Роден е на 20 септември 1878 година. 1970.- Еден боливиски сликар, облечен како свештеник, се обиде во Манила, главниот град на Филипини, да го убие папата Павле VI, но не успеа. 1978.- Муслиманските верски лидери
и политичари кои настојуваа да го симнат шахот Реза Пахвали прогласија
генерален штрајк со кој Иран беше парализиран. 1983.- Умре Евгени Савов, судија на Врховниот суд на Македонија и долгогодишен соработник на весникот "Нова Македонија". Подолго од две и пол децении ја уредуваше рубриката "Правен советник", преку која весникот "Нова Македонија" директно кореспондираше со илјадници читатели во Македонија, давајќи им потребни советни и упатства. 1985.- Во Загреб умре Јоаким Марушиќ, хрватски телевизиски режисер, автор на голем број ТВ-серии, ТВ-драми и радио-драми. Роден е во Сплит, на 26 август 1937 година. 1986.- Иранската ракета која падна во ирачкиот главен град Багдад уби 48 цивили. 1987.- Тајфун усмрти 270 Филипинци и разруши околу 14.000 куќи. 1986.- Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот "Нова Македонија" - "ЛИК". 1990.- Советот за безбедност на Обединетите нации го одобри мировниот план за Камбоџа. 1991.- Беше пуштен во употреба автопатот Титов Велес - Градско. 1993.- Првиот генеарлен штрајк во Белгија после половина век го парализира стопанството и сообраќајот со што ја принуди владата на преговори со синдикатот. 1998.- Во заедничката декларација во текот на посетата на кинескиот претседател Џанг Цемин стои дека кај Јапонија предизвика „длабоко покајување“, поради акциите што ги презеде во Кина во Втората светска војна. 2000.- Рупубликанецот Џорџ Буш Јуниор по повеќе од 20 дена по претседателските избори во САД е прогласен за победник во Флорида. Ова мачно натегање настана поради пребројување на гласовите во Флорида кое беше прекинато врз основа на судска одлука. Електронските гласови од Флорида (25) пресудно влијаеја за кандидатот на Републиканската партија на Буш да биде прогласен за претседател на САД. 2006.- Швајцарците на референдум одлучија да им дадат економска помош на најновите членки на Европската унија во висина од 620 милини евра со што продолжи блиската соработка на оваа земја со ЕУ. Повеќето граѓани со право на глас го поддржаа предлогот, а истиот најголема поддршка доби во градовите на француското говорно подрачје. Две години порано членки на Унијата станаа Кипар, Чешка, Естонија, Унгарија, Летонија, Литванија, Малта, Полска, Словачка и Словенија. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1632.- Во Амстердам е роден Барух Спиноза, холандски филозоф, материјалист, од еврејско потекло. Во познатото дело „Етика“ строго рационалистички го изложува своето учење според кое бог и природата се идентични, а светот бесконечен. Познати му се и делата „Теолошко-политички трактат“ и „Политички трактат“. Умре во Хаг, на 21 февруари 1677 година. 1642.- Холандскиот морепловец Абел Јансон Тасман го откри островот Ван Дименова Земја, кој се наоѓа јужно од Австралија. Островот подоцна во негова чест е наречен Тасманија. 1713.- Роден е Лоренс Стерн, англиски писател, претставник на хумористично-сентименталниот роман во Англија во 18. век. Умре во 1768 година. 1729.- Роден е рускиот генералисимус Александар Васиљевич Суворов, еден од најголемите војсководци на 18. век, под чија команда руските трупи извојуваа 57 победи. Во Руско-турската војна од 1787 до 1791 година имаше блескави победи над Турците, а потоа во борбите на Русија против Франција особено се прослави со освојувањето на северна Италија и преминот преку Алпите на враќање за Русија, со што ги вчудоневиди воените кругови во Европа. Низ воената наука ги проучува математиката, географијата и историјата. Многу придонесува во издигнувањето и воспитувањето на руските војници. Кон крајот на 1779 година е наименуван за врховен царски заповедник. Во Советскиот Сојуз во 1942 година е воведен орден „Суваров за високи војнички заслуги“. 1833.- Во Нови Сад е роден Јован Јовановиќ - Змај, српски писател, преведувач, новинар, академик и лекар. Главни негови дела се „Пејанија“, „Трендафилчиња“ и „Свенати трендафилчиња“. Умре во Сремска Каменица, на 3 јуни 1904 година. 1859.- Објавена е епохалната книга на англискиот природонаучник Чарлс Дарвин „Потекло на видовите“ во која е изложена теоријата на еволуцијата. 1861.- Роден е германскиот лекар Аугуст Карл Густав Бир, пионер на модерната хирургија. Неговиот пронајдок „лумбална анестезија“ прво го испробал на себе. 1864. - Роден е Анри Тулуз-Лотрек, француски сликар и графичар, голем мајстор на литографијата. Се ограничи речиси исклучително, на сцени од ноќниот живот на Монмартр во Париз. Ликовите се насликани без ни малку сентименталност, сугестивни, но без иронија и со остра карактеризација на ликовите. Неговите дела имаат висока уметничка вредност и претставуваат незаменлив општествен документ. Умре на 9 септември 1901 година. 1906.- Во Горица умре Симон Грегорчич, словенечки свештеник и поет. Неговата патриотска поезија силно влијаеше на будењето на националната свест кај приморските Словенци. Најпозната му е книгата „Поезија“ издадена во 1882 година. Роден е во Врсно, на 15 октомври 1844 година. 1916.- Умре Хајри Стивенс Максим, британски конструктор на оружје, од американско потекло, чиј митралез е конструиран во 1884 година и е наречен „максим“. 1929.- Умре францускиот државник Жорж Бенжамен Клемансо, истакнат француски политичар, премиер од 1906 до 1909 и од 1917 до 1920 година. Беше министер за војна во критичните денови во Првата светска војна. 1936. - Германија и Јапонија го потпишаа таканаречениот Антикоминтерна пакт, кој потоа го потпишаа Италија, Манџуко, Унгарија, Шпанија и Албанија. Со овој пакт фашистичките земји го подготвуваа военополитичкиот сојуз, кој е санкциониран во 1940 година како "Троен пакт". 1944. - Во ослободеното Скопје, само десетина дена откако стивнаа последните улични борби, основан е првиот симфониски оркестар на денешната Македонска филхармонија. Имено во домот на Тодор Скаловски група музички вљубеници, од кои некои се уште беа во партизански униформи, го формираа симфонискиот оркестар. На таа средба присуствуваа Васил Ѓаконов-Шпато, Тодор Календаров, Петар Трајков, Стефан Кралев, Александар Шалев, Фрањо Млчок, Херман Зип, Петар Симоновиќ и Душан Парлиќ. 1961.- Советот за безбедност на Обединетите нации ги повика земјите-членки да ја направат Африка безатомска зона. 1963.- Два дена по атентатот во Далас врз претседателот на САД Џон Кенеди, мафијашот Џек Руби го усмрти пред полициска станица осомничениот атентатор Лиј Харви Освалд. Атентатот во Далас остана мистериозен. 1974.- Претседателите на САД и на Советскиот Сојуз, Џералд Форд и Леонид Брежњев, во Вашингтон постигнаа привремен договор за ограничување на офанзивното стратешко нуклеарно оружје. 1976.- Во земјотресот кој го разруши градот Муради во источна Турција загинаа околу 5.300 луѓе. 1985. - Во Скопје умре Љубен Лапе, редовен член на МАНУ и редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Македонската научна и културна мисла загуби еден од нејзините двигатели и основоположници на македонската историографија и архивистика. Тој е еден од основачите на Филозофскиот факултет во Скопје и пионер на просветата во Македонија. Обемното дело на академикот Љубен Лапе го сочинуваат околу 200 научни трудови. Роден е во Прилеп, на 11 октомври 1910 година. 1986. - Заврши последниот дел на електрификацијата на пругата Скопје - Гевгелија со должина на електричната мрежа од 220 км. Електрификацијата почна на 5 јануари 1981 година. 1989.- По масовните демонстрации во Прага, раководството на Комунистичката партија на Чехословачка поднесе оставка, вклучувајќи го и генералниот секретар Милош Јакеш, со што од власта излегоа сите политичари кои соработуваа во воената интервенција на Варшавскиот пакт против Чехословачка во 1968 година. 1989. - Умре Благоја Нешковски, истакнат македонски режисер и писател. Најголемиот дел од својот живот го помина во Австралија, каде што работеше и на меѓународната афирмација на националната самобитност на македонскиот народ. Роден е во селото Оптичари, Битолско, во 1964 година. 1989.- Во Скопје умре Александар Думов, доајен на Народниот театар „Антон Панов“ во Струмица и еден од основоположниците на театарската култура во Македонија. Како артист и режисер има работено и во театрите во Велес, во Битола и во Штип. Роден е во Струмица, на 25 февруари 1923 година. 1992.- Во најголемата забележана несреќа во историјата на цивилното кинеско воздухопловство, падот на авионот „боинг 737“ на југот на Кина не го преживеа никој од 141 патник и членови на екипажот. 1992.- Во Скопје, во издание на „Интернационал“, излезе првиот број на независниот економски неделен весник во Република Македонија „Бизнис“. Првиот (пилот) број излезе на 5 ноември 1992 година. 1994.- Во Скопје е отворена Амбасадата на Руската Федерација. 1995.- Во Ирска гласачите со тесно мнозинство и покрај жестоката пропаганда на римокатоличката црква, на референдум изгласаа укинување на забраната за развод, која беше на сила 70 години. 1998.- Генералот Емил Лахуд, првиот претседател на Либан по завршувањето на 15-годишната граѓанска војна ја презеде должноста шеф на државата. 2000.- Во Загреб, Република Македонија ја парафира Спогодбата за стабилизација и асоцијација на Република Македонија се земјите од Европската унија. 2000.- Во Скопје, на седницата на Извршната канцеларија на Демократска алтернатива, е донесена одлука оваа партија да ја напушти власта и „Коалицијата за промени“. 2001.- Градот Кундуз, последното талибанско упориште во северен Авганистан, по 12 дена опсада падна во рацете на силите на Северната алијанса. Градот го бранеа околу 5.000 талибанци и околу илјада странски платеници. 2003.- Во пожар во студенски дом на Универзитетот „Патрис Ламумба“ во Москва, на кој студираат главно странци, загинаа 42 лица, повеќето студенти од Кина, Бандгладеш, Виетнам и неколку африкански земји. 2004.- Умре британскиот книжевник
Артур Хејли, чии романи се преведени на 38 јазици и објавени во 40
земји. Дела: „Аеродром“, „Преоптовареност“, „Детектив“. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1221.- Роден е кастилијанскиот крал Алфонсо X Учениот, кој е познат како втемелувач на законодвството, покровител на науката и знаењето, како и верски многу толерантен. Во текот на владеењето со Кастиља и Леон од 1252 година до неговата смрт во 1284 година во Телодо создаде центар за учење и место за прибежиште за многу Евреи. Со негово залагање се преведени Светото писмо, Талмудот и к*ранот и напиша многу значајни дела: „Кралевски закон“, „Астролошки знаења“, Минералогија“, а во 1270 година започна со пишување на делото „Големи и општи истории“. Го зазеде и пристаништето во Кадис на брегот на Атлантскиот Океан, со што ја заврши петвековната маварска окупација на градот. 1531.- Во Капела заврши граѓанската војна во Швајцарија со што римокатоличките области се признати како дел на Швајцарската конфедерација. 1555.- Во Хемниц умре Георг Бауер - Агрикола, германски научник кој ги постави темелите на модерната физичка геологија. Неговото дело „За металните предмети“ претставува систематска работа за рударството и за металургијата и се смета за едно од основите на овие науки. Роден е во 1494 година. 1831. - Штрајкот на лионските ткајачи прерасна во вооружено востание, на кое му се придружија и работниците од другите гранки. Тоа беше право масовно востание на работниците во услови на буржоаската монархија во Франција. 1876. - Роден е Мануел де Фалја, шпански композитор, еден од најзначајните личности на поновата шпанска музика. Неговите дела претставуваат синтеза на андалузискиот музички фолклор на францускиот импресионизам. Автор е на операта "Краток живот" и на балетите "Трогирска шапка" и "Љубовната волшебничка". Напиша и клавирски композиции и соло песни. Умре во Алта Грација, во Аргентина, на 14 ноември 1946 година. 1881.- Роден е мексиканскиот сликар Хосе Клементе Ороско. Познат е по декорирањето на многу згради во Мексико и во САД, инспирирајќи се од индијански и мексикански мотиви. 1887.- Роден е американскиот филмски глумец од англиско потекло Вилијам Нехри Прат, познат како Борис Карлоф, кој играше во првите хорор филмови. Четири децении беше некој вид на заштитен знак на тој жанр. Филмови: „Закон на подземјето“, „Франкештајн“, „Изгубена патрола“, „Мумија“, „Чудотворец“, „Црна мачка“, „Франкенштајновата невеста“, „Терор“. 1890.- Големото војводство Луксембург се отцепи од Холаднија. 1896.- Роден е чехословачкиот лидер Клемент Готвалд кој беше претседател на Чехословачка од 1948 до крајот на животот, во 1953 година. 1933.- Роден е полскиот композитор Кжиштов Пендерецки, претставник на авангардната музика. Дела: оркестарска „Еманација“, „Кралот Иби“ и други. 1940.- Владата на Кралството Романија, на чие чело се наоѓаше диктаторот Антонеску, пристапи кон Тројниот пакт на фашистичките сили Берлин - Рим - Токио. 1944.- Со акт на Президиумот на АСНОМ е формирана Народната библиотека, денес Народна и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје. 1961.- Доминиканска Република го промени името на главниот град Сиудад Трухиљо во Санто Доминго. 1966. - Во Загреб умре Григор Витез, хрватски писател и преведувач, познат по своите поетски дела за младината и за децата. Познати негови дела се "Кога дрвјата би чекореле", "Сон на борецот в зори", "Песни" и "Вооружени рози". Роден е во Косовец, на 15 февруари 1911 година. 1971. - Народна Република Кина го зазеде своето место во Обединетите нации откако САД, по две децении противење, се откажа од натамошното поддржување на режимот на Чанг Кај Шек, како претставник на цела Кина. 1976. - Во Париз умре Андре Марло, француски писател есеист, теоретичар и историчар на уметноста. Учествуваше во Кинеската револуција и во Шпанската граѓанска војна. Кога Хитлер ја нападна Франција веднаш беше мобилизиран, но набрзо беше заробен. Успеа да побегне од заробеништво и стана еден од најпознатите команданти на отпорот . Негови познати дела се романите "Кралски пат", "Освојувачи", "Човековата судбина" и најпознатото негово дело "Антимемоари". Роден е во Париз, на 3 ноември 1901 година. 1978.- На источниот брег на Шри Ланка циклон усмрти најмалку илјада луѓе. 1980.- Во јужниот италијански град Еболи во земјотрес загинаа 2.735 луѓе. 1983.- Советскиот Сојуз во Женева ги напушти разговорите за ограничување на вооружувањето во знак на протест поради разместувањето на американските крстечки ракети во Европа. 1991.- Претседателството на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија зазеде став објектот на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (познат како зграда на ЦК) да го предаде на располагање на македонската држава. 1994.- Големо количество на ураниум за изработка на атомски бомби е пренесено од Казахстан во САД. 1995.- Умре францускиот филмски режисер Луј Мал. Неговото дело има посебно изразена интелектуална нота. Филмови: „Лифт за губилиште“, „Љубовници“, „Приватен живот“, „Вива Марија“, „Калкута“, „Црна месечина“, „Атлантик сити“. 1995.- Целиот свет ја поздрави мировната спогодба за Босна, која ја потпишаа тројцата главни актери во Дејтонските преговори, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ и Слободан Милошевиќ. 1995.- Советот за безбедност на ОН ги укина санкциите према СР Југославија. 1996.- Киднапираниот етиопски авион „боинг 767“, со 163 патници и 12 членови на екипажот, падна во море близу Коморските Острови затоа тоа што остана без бензин. Во несреќата загинаа 125 луѓе. 1998.- Претседателот на Република Македонија Киро Глигоров, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, го определи за мандатар за состав на новата влада на Република Македонија. 2003.- Претседателот на Грузија Едуард Шеварнадѕе поднесе оставка, попуштајќи пред масовните демонстрации започнати на 3 ноември, ден после собраниските избори. 2006.- Во Багдад најмалку 202 луѓе се убиени, а 250 ранети во напад на бомбаш-самоубиец. 2006.- Умре францускиот актер Филип Ноаре. Во својата 55-годишна кариера сними 125 филмови и двапати ја освои француската филмска награда „Цезар“, за најдобар глумец во 1976 и во 1990 година за улогите во филмовите „Старата пушка“, во кој играше со Роми Шнајдер, и „Животот и ништо друго“. 2007.- Умре Владимир Крјучков,
последен челник на КГБ (Комитет за државна безбедност на Советскиот
Сојуз). Крјучков, генерал на Советскиот Сојуз, во педесеттите и
шеесетите години работеше во дипломатијата, а од 1967 година се најде
во КГБ. Во август 1991 година беше член на Државниот комитет за
вонредна состојба - група на партиски, воени и државни функционери, кои
се обидоа да извршат државен удар со кој сакаа да ја зачуваат
Советската држава. Сите беа уапсени, а Елцин ги амнестира во 1994
година. До последниот ден Крјучков тврдеше дека САД ќе настојуваат и
територијално да ја разбијат Русија. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1497.- Португалецот Васко де Гама стана првиот морепловец кој исплови до `Ртот Добра Надеж на крајниот југ од Африка, барајќи морски пат до Индија. 1699.- Данска, Русија, Прусија и Полска по победата над шведската војска потпишаа договор за поделба на тогашниот шведски имот. 1819. - Родена е Мари ан Еванс, позната под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. Автор е на многу познати романи за англиското село, меѓу кои се и "Воденицата на Флоси", "Сајлас Марнер", "Адамс Бид", "Ромола" и други. Умре на 22 декември 1880 година. 1830.- Белгиското собрание (конгрес) ја изгласа одлуката за воспоставување монархија. 1869. - Во Париз е роден Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар. Познат е како највлијателна и најконтраверзна личност на француската литература во 20 век. Меѓу неговите познати дела спаѓаат "Ковачи на лажни пари", "Визбите на Ватикан", "Пасторална симфонија", "Пат за Конго" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1947 година. Умре во Париз, на 19 декември 1951 година. 1877. - Роден е Ади Андре, најпознат унгарски лиричар од Петефи, кој го подигна на повисок степен унгарскиот поетски јазик. Дела: „Нови песни“, „Крв и злато“, „Би сакал да ме сакаат“, „Кој ме виде мене“, „На чело на мртвите“. Умре во 1913 година. 1890. - Во Лил е роден Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата француска република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Како претседател го призна правото на алжирскиот народ на самоопределување и овозможи со спогодбата во Евијан (во 1962 г.), да заврши седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата ја поведе Франција по патот на самостојана надворешна политика и ги повлече француските сили од Атлантскиот пакт. Умре во местото Коломбеј, на 9 ноември 1970 година. 1900. - Умре Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој е автор на англиската опера. Роден е на 13 мај 1840 година. 1906.- Со меѓународна конвенција донесена во Берлин, знакот С.О.С. е усвоен како меѓународен знак за бродовите во опасност. 1913.- Роден е англискиот композитор Едвард Бенџамин Бритн. Беше брилјантен техничар, создаваќи дела под влијание на различни музички традиции. Дела: опера „Питер Грајмс“, „Алберт Херинг“, композиции за оркестар „Едноставна симфонија“, „Пролетна симфонија“, Варијации на тема Бранк Брид“, циклуси соло песни. 1916.- Умре американскиот книжевник Џек Лондон, еден од најчитаните автори во првата половина на 20. век. Неговите дела имаат истовремено и авантуристичка и социјална нота. Работеше како разнесувач на весници, копач на злато, воен дописник за време на Руско-јапинската војна. Тешкиот живот, напорната работа, сиромаштијата, но и наклонетоста кон алкохолот кај него предизвикаа нервно растројство и самоубиство на 40 години. Напиша околу 50 приказни и романи. Дела: „Повик на дивината“, „Железна пета“, „Мартин Идн“, „Злато“, „Крал на алкохолот“ и други. 1941.- Со отворањето на таканаречениот „пат на животот“ преку замрзнатото Ладешко Езеро, опколениот Ленинград ја доби единствената врска со татковината. 1943.- Либан се стекна со независност. До Првата светска војна Либан беше составен дел на Турција. 1954.- Умре советскиот стручњак по право и дипломат Андреј Јануарјевич Вишински, врховен обвинител за време на големите чистки кои во втората половина на триесеттите години од 20. век ги спроведе советскиот лидер Сталин. Тоа беше серија на монтирани политички судења после кои беа ликвидирани потенцијалните конк*ренти на Сталин. За врховен државен обвинител беше поставен во 1935 година, за шеф на советската дипломатија во 1949, а како постојан претставник на Советскиот Сојуз во Обединетите нации остана до крајот на животот. 1963.- Во Далас, во државата Тексас, во САД, е извршен атентат врз претседателот на САД Џон Фиџерланд Кенеди. Во Втората светска војна служеше во морнарицата на Пацификот, а во 1952 година стана сенатор. За претседател на САД е избран во 1960 година, а инаугуриран на 20 јануари 1961 година во Вашингтон. Беше најмлад 35-ти претседател во историјата на САД. Роден е во Бостон, на 29 мај 1917 година. 1963.- Умре англискиот писател Олдос Хаксли. Дела: „Јалови лисја“, „После многу лета“, „Времето мора да застане“, „Малиот Мексиканец“, „Две, или три грации“, „Музика во ноќта“, „Вечна филозофија“, „Наука, слобода и мир“. 1967.- Советот за безбедност на ОН усвои резолуција со која се поставени рамките за мировното решение на блискоисточната криза. 1972.- Претседателот на САД Ричард Никсон ја укина 22 години старата забрана за патување на американските бродови и авиони во Кина. 1974.- Генералното собрание на Обединетите нации изгласа статус набљудувач на Палестинската ослободителна организација. 1975.- На чело на Шпанија дојде кралот Хуан Карлос I (de Burbon-Parma) два дена по смртта на Франциско Франко. Хуан Карлос стана прв шпански монарх по Алфонсо XIII, кој во 1931 година избега од државата. За време на Франко Шпанија официјално беше монархија. 1977.- Суперсоничниот патнички авион „Конкорд“ почна редовно да сообраќа меѓу Европа и Америка. 1980.- Умре американската филмска актерка Ме Вест, која се покажа како исклучителен комичар, но повеќето филмски критичари ја сметаа за вулгарен секс-симбол. Поради улога во претставата „Секс“ во 1926 година во еден бродвејски театар, беше осудена на осум дена затвор. Филмови: „Секс“, „Дијамантската Лили“, „Не сум анѓел“, „Секој ден е празник“, „Оди на запад, млад човеку“. 1989.- Претседателот на Либан Рене Муавад е убиен во бомбашки напад, во кој загинаа уште 16 луѓе. 1990.- Првата жена премиер во историјата на Велика Британија Маргарет Тачар после 11,5 години премиерска функција поднесе оставка. 1991.- Египетскиот политичар, Бутрос Бутрос Гали, е избран за генерален секретар на Обединетите нации, а со тоа стана и прв Африканец и Арап избран на високата должност. 1994.- Во Скопје е формирано Друштвото за македонско-украинско пријателство и соработка. 1998.- Водечкиот ирански опозиционер Даријус Форухар, отворен критичар на исламската власт, и неговата сопруга, пронајдени се избодени до смрт во својот стан во Техеран. 2000.- Умре чешкиот спортист Емил Затопек, единствен атлетичар кој освои три златни медали во трки на долги патеки на едни Олимписки игри. Првото олимписко злато го освои во Лондон во 1948 година, а три златни медали во Хелсинки во 1952 година, на трките на пет и 10 илјади метри и во маратон. 2004.- Во Беверли Хилс умре Тери Мелчер, америкнаски музички продуцент. Роден е во 1942 година. 2005.- Претседателот на Демохристијанската партија (CDU) Ангела Меркел е избрана за канцелар на Германија. Таа е првата жена канцелар во историјата на Германија. 2007.- Умре Морис Бежар, значаен
француски кореограф. Роден е во Марсел, како син на филозофот Гастон
Берже. Кариерата балетски играч ја започна со 14 години во париската
„Опера“. Својот прв балет го постави во 1951 година во Стокхолм, а во
1961 година во Белгија ја креираше кореографијата за „Болеро“ на Морис
Равел, која стана една од најпрочуените балетски креации на 20. век.
Автор е на повеќе од 250 балетски претстави. Бежар даде
значителен придонес за развој на современиот балет и е еден од
симболите на современата кореографија. Меѓу неговите најпрочуени
кореографии се и „Будење на пролетта“, „Ромео и Јулија“, „Нижински,
„Петрушка“. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден на телевизијата. 1658. - Во Лондон е роден Хенри Персел, најзначаен англиски композитор од времето на ренесансата. Компонираше опери, химни, оди, црковна музика, сонати и друго. Негови главни дела се оперите "Дидона и Енеј", "Вилинска кралица" и "Кралот Артур". Умре во 1695 година. 1694. - Во Париз е роден Франсоа Волтер, француски писател, историчар и филозоф. Тој беше претставителен и во вистинска смисла на зборот, еден од најслободоумните луѓе на тогашна Европа, голем противник на мрачниот период на црквата и клерикализмот, иако не беше атеист. Негово најпознато дело е фолозофско-дидактичкиот роман "Кандит". Напиша и неколку епопеи, историски дела, трагедии и комедии. Умре во Париз на 30 мај 1778 година. 1783.- Французите Франсоа Пилатр де Розије и Франсоа Лоран први изведоа успешен лет со балон наполнет со топол воздух, прелетувајќи над Париз осум километри за 25 минути. 1806.- Францускиот цар Наполен I го објави Берлинскиот декрет за блокада на Велика Британија, како и забрана за прикотвување на британските бродови во сите европски пристаништа, со намера економски да ја ослаби. 1818. - Роден е Луис Хенри Морган, американски етнолог и социолог. Неговите студии за животот на американските Индијанци му послужија на Енгелс како основа за книгата "Потеклото на фамилијата, приватната сопственост и државата". Умре на 17 декември 1881 година. 1844.- Умре рускиот писател Иван Андрејевич Крилов. Покрај басни, пишуваше и сатирични „писма“ и комедии. Пишуваше на изворно народен јазик, а многу од неговите изреки станаа народни поговорки. Значитело влијаеше врз европската литература. Дела: збирки басни, комедии „Модна трговија“, „Книжевник во предсобјето“, комичната опера „Хистерично семејство“, „Кафеана“. 1855.- Шведска со Велика Британија, Франција и Турција склучи сојуз против Русија во Кримската војна. 1874.- Во Рим умре Мариано Фортуни, шпански сликар. Роден е во Реус, на 11 јуни 1838 година. 1875.- Во селото Русиново, Беровско, е роден Никола Петров Русински, истакната личност од националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други видни македонски револуционери. Умре во родното село Русиново, на 14 февруари 1943 година. 1877.- Томас Едисон (американски физичар и пронаоѓач) го соопшти пронаоѓањето на фонографот - претходник на грамофонот. 1900.- Во Софија, во салонот „Славјанска беседа“ е одржана праизведбата на пиесата „Македонска крвава свадба“ од основположникот на македонскиот театар и драматургија, македонскиот писател Војдан Чернодрински. 1916.- Умре австрискиот цар Франц Јозеф кој владееше од 1848 до 1916 година. Со помош на Русија ја задуши револуцијата во Унгарија во 1849 година. Воспостави централистички систем со ограничени традиционални покраински слободи. Со проласувањето на Австроунгарија со спогодбата во 1867 година отстапи од строгиот централизам. По Берлинскиот конгрес во 1878 година ја окупира Босна и Херцеговина, која беше анектирана во 1908 година. Го искористи атентатот врз престолонаследникот Франсоа Фердинанд во 1914 година во Сараево како повод да изврши напад врз Србија, што заврши со пропаст на неговата држава во 1918 година. 1933.- По одлуката на претседателот на САД Френклин Рузвелт да се воспостават дипломатски односи со Советскиот Сојуз, првиот американски амбасадор во Москва Кристијан Булит стапи на должноста. 1944.- Претседателството на АВНОЈ во Втората светска војна целиот имот на непријателот го прогласи за државен имот. 1974.- Во експлозијата која во два бара во англискиот град Бирминген ja подметна Ирската републиканска армија загинаа 21 лице. 1977.- Во југоисточна Индија циклон усмрти околу 3.000 луѓе, а огромните морски бранови - цунами уништија до темел неколку села. 1986.- Во Скопје умре Георги Божиков, истакнат македонски оперски уметник, првенец на Операта при Македонскиот народен театар. Роден е во Петрич, во 1931 година. 1992.- Во Скопје е одржан Првиот конгрес на Лигата за демократија. 1994.- Во Солунското пристаниште се блокирани 19.500 тони американска пченка за Македонија. 1995.- Во американскиот град Дејтон е парафирана спогодбата за крај на граѓанската војна во Босна и Херцеговина. 1996.- Формиран е Сојузот на металурзите на Република Македонија. 1999.- Во Тетово е одржано Основачко собрание на политичката партија Единство на Ромите во Македонија. За претседател на партијата е избран Меваил Алити. Регистрирана е на 22 февруари 2000 година, со седиште во Скопје. 2002.- Поранешните членки на Варшавскиот пакт - Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка, како и Словенија добија покана за полноправно членство на Алијансата на Самитот на НАТО во Прага во првата половина на 2004 година. 2002.- Во напад на исламски терористи-самоубијци на автобус во западен Ерусалим загинаа 11 Израелци, вклучувајќи и четири деца. 2006.- Британија забрани рекламирање на нездравите прехранбени производи наменети за децата, со што од телевизиските програми беа отстранети рекламите на солените, пресолените и мрсните јадења. Преземените мерки се однесуваат за сите програми во текот на 24 часа, како и на сите телевизиски канали. 2006.- Во рудникот за јаглен Халембо, на југот од Полска, во местото Руда Шљонска, еден од најстарите рудници за јаглен во Полска, загинаа 23 рудари. Експлозијата на метан се случи на нешто повеќе од илјада метри длабочина. Од 2003 година повеќе од 80 рудари загинаа во рудниците во Полска. 2007.- Пакистанската војска ликвидира 65 проталибански бунтовници. До суридот дојде во планинскиот регион Сват во северозападен Пакистан, со цел војската да ја поврати полициската станица која беше заземена од исламски терористи. Пакистанската војска претходно спроведе конструктивна операција за да ги отстрани побунетите следбеници на проталибанскиот верски водач Маулан Фазлулах. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1602.- Роден е германскиот физичар и пронаоѓач Ото фон Герике. Тој прв го демонстрираше вакуумот и го прикажа прочуениот експеримент за воздушниот притисок. Ото фон Герике ги изуми воздушната пумпа, воздушната вага и барометар. 1616.- Францускиот кардинал Арман Ришел стана шеф на диломатијата и министер за војна. Како семоќен министер на кралот Луј XIII си постави за цел Франција да ја направи првата силна држава во Европа и ја поведе во Триесегтодишната војна за да го ослабне Германското царство. Продолжи со колонијалното ширење на Франција, го ограничи влијанието на папата во државните работи и го задуши востанието на хугенотите. 1759.- Британската флота ја порази француската флота во заливот Киберон во текот на седумгодишната војна. По овој пораз Франција го изгуби преостанатиот дел од Канада и мораше да се повлече од Индија во корист на Британија. 1780.- Велика Британија и објави војна на Холандија бидејќи на американските бунтовници во бродовите им дотураше француско и шпанско оружје. 1818.- Латиноамериканскиот револуционер и државник Симон Боливар ја објави независноста на Венецуела од Шпанија. 1858.- Во Морбака, област Вермланд, е родена Селма Отилија Ловиса Лагерлеф, шведска писателка, прва жена добитник на Нобеловата награда за литература во 1909 година. Умре во Морбака, на 16 март 1940 година. 1865.- Во Рио де Жанеиро умре Франческо Маноел да Силва, бразилски композитор. Роден е во Рио де Жанеиро, на 21 февруари 1795 година. 1870.- Германските сили го опколија Париз за време на Француско-пруската војна, во која Франција претрпе низа порази. 1873.- Се соединија соперничките градови Будим, на десниот брег на реката Дунав и Пешта, на левиот, па така е создаден единствениот град Будимпешта, денес главен град на Република Унгарија и еден од најубавите градови во средна Европа. 1894.- Умре рускиот композитор и пијанист Антон Григоријевиќ Рубинштајн, основач на Конзерваториумот во Петроград, еден од најголемите пијанисти на 19. век. Компонираше опери, клавирски композиции, соло песни. 1903.- Во Честахов, Полска, е родена д-р Елена Етингер Каваева, еден од основположниците на медицинската заштита на охридско-струшкиот крај и во Македонија, активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ. Заедно со својот сопруг д-р Владимир Каваев влезе во енциклопедијата на медицинските науки. Умре во Охрид, на 2 февруари 1983 година. 1906. - Во Велес е роден Живко Фирфов, македонски етномузиколог, композитор, музиколог, диригент и музички деец. Музичка школа заврши во Белград во 1931 година. Во 1939 година ја објави својата прва етномузиколошка студија во списанието "Музика", за интерпретација на македонската народна песна и за мелогравската постапка при нејзиното собирање. Особено беше ангажиран во создавањето на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија "Танец". Умре во Скопје на 21 јули 1984 година. 1910.- Умре рускиот писател Лав Николајевич Толстој, еден од најголемите книжевници во историјата. Првото дело го напиша на Кавказ, каде како доброволец се бореше против Турците. По Кримската војна, во која беше офицер, се повлече на семејниот имот Јасна Пољана. Дела: „Војна и мир“, „Ана Каренина“, „Козаци“, „Кројцерова соната“, „Хаџи Мурат“, „Народни приказни“, „Царството на темницата“, „Мојата исповед“, „Не можам да молчам“ и други. 1916.- Во Дебар е роден Васил Куноски, македонски писател. Неговото поетско дело за деца е мошне обемно. Првата негова објавена книга (во 1950 г.) е поемата „Волшебното ливче“, а последната е публикувана во 1984 година со наслов „Оро весело“ (поезија за предучилишна возраст). Умре во Скопје, на 13 јуни 1993 година. 1919.- Во Берлин илегално почна Првиот меѓународен конгрес на младинските организации на 13 земји на кој е основана Комунистичката младинска интернационала. 1925.- Роден е американскиот политичар Роберт Френсис Кенеди, кој стана министер за прада кога неговиот брат Џон беше избран за претседател на САД. Беше убиен во Лос Анѓелес во 1968 година во текот на претседателската кампања, по неполни пет години од атентатот во кој беше убиен неговиот брат. Од 1951 работеше во криминалистичкиот уред на Министерството за правда, а во 1954 година стана член на Постојаниот сенаторски истражен поткомитет. Од 1961 до 1964 година беше министер за правда, по што во државата Њујорк беше избран за сенатор. 1925.- Родена е руската балерина Маја Михајловна Плисецкаја, која го спои традиционалното руско кореографско школо со модерните текови на рускиот балет. Како долгогодишна примабалерина во театарот „Болшој“ во Москва, креира исклучителни играчки сензибилни партии на класичниот репертоар како што се „Дон Кихот“, „Лебедовата смрт“, „Лебедово езеро“, „Ромео и Јулија“, „Иван Грозни“, а со сопругот композиторот Родион Шчедрин, ја постави балетската верзија на „Ана Каренина“ на Толстој. 1945.- Пред Меѓународниот суд во Нирнберг започна судењето на нацистичките воени злосторници. Одговараа 24 германски воени злосторници, од кои 12 беа осудени на смрт со бесење, тројца беа ослободени, еден изврши самоубиство во затвор, а на другите им беа изречени времени казни. Процесот е значаен како прв во историјата во кој агресијата е осудена како злосторство против човештвото, а виновниците казнети. 1945.- Сојузната контролна комисија дозволи преселување на шест милиони Германци од Полска, Чехословачка и Унгарија во Западна Германија. 1947.- Во Лондон се венчаа принцот Филип Маунтбатен и принцезата Елизабета, која пет години подоцна стапи на биртанскиот престол како кралицата Елизабета Втора. 1952.- Во Неапол умре Бенедето Кроче, италијански филозоф, историчар, литературен критичар и државник. Се обиде да го ревидира марксизмот и отворено истапуваше против него, а беше и противник на фашизмот. Најпознати негови дела се „Филозофијата како наука“; „Филозофијата на практиката, економијата и етиката“ и „Историјата како приказна за слободата“. Роден е во Пескасерол, на 25 февруари 1866 година. 1959. - Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на детето, документ со кој се утврдени не само принципите за заштита на децата во светот, туку е и основан за помош на милиони деца. Со текот на годините со финансиска помош од Детскиот фонд се опремени многу здравствени центри во светот. 1959. - Велика Британија, Норвешка, Шведска, Данска, Австрија, Португалија и Швајцарија во Стокхлом потпишаа Конвенција за формирање Европско здружение за слободна трговија (ЕФТА). 1962.- Претседателот на САД Џон Кенеди ја укина американската воено-поморска блокада врз Куба, со што беше завршена Кубанската ракетна криза. Во текот на Кубанската ракетна криза, светот се најде на работ на атомски судир помеѓу САД и Советскиот Сојуз. 1947.- Во првата несреќа на патничкиот авион „Боинг 747“, кој се урна по полетувањето од аеродромот во главниот град на Кенија, Најроби, во авионот на западногерманската компанија „Луфтханза“ загинаа 59 луѓе. 1970. - Излезе првиот број на "Екран", како неделен колор прилог на весникот "Нова Македонија" за ТВ, филм, радио и естрада. Од бр. 226 од 14 март 1975 година излегува одделно од "Нова Македонија" како ревија за РТВ, филм, сценски уметности и естрада. 1975.- Умре Франциско Франко, долгогодишен диктатор во Шпанија. Роден е во офицерско семејство и успешно ја продолжува семејната традиција. Се покажа како ретко вешт офицер во текот на војната во Мароко. Во 1926 година стана генерал, најмлад во историјата на Шпанија. Беше изразито монархистички и католички ориентиран. Кога беше воведена републиканската влада со прокомунистички склоности тој покрена вооружена буна со цел обнова на монархијата. По тригодишната граѓанска војна во 1939 година го скрши отпорот на демократски избраниот републикански поредок и воспостави режим кој траеше се до неговата смрт во 1975 година. 1979.- Околу 300 вооружени шиитски бунтовници упаднаа во големата џамија во Меки, од каде со големо крвопролевање на 4 декември истата година ги истера саудсиката армија. 1980.- Во Кина почна судењето на „четиричлената банда“ која ја предводеше Дјанг Чинг, водовица на претседателот, обвинета за предавство и злосторство во текот на Културната револуција од 1966 до 1976 година. 1981.- Рускиот велемајстор Анатолиј Карпов ја задржа титулата светски првак во шах, со победа во мечот во Италија со неговиот поранешен сонародник велемајсторот Виктор Корчној. 1991.- Во Скопје, во Собранието на Република Македонија, свечено е прогласен Уставот на Република Македонија, усвоен на 17 ноември 1991 година. 1992.- Во кралскиот дворец во пожар за малку целосно ќе изгореше Виндзорскиот замок. Палатата во Виндзор е една од најголемите знаменитости во Велика Британија. 1993.- Авионот од типот „јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој леташе на релацијата Женева - Скопје и поради магла на скопскиот аеродром беше пренасочен кон Охрид, се урна на околу четири километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник. Во несреќата загинаа 116 патници и членови на екипажот, преживеа само еден патник. 1995.- Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, стана полноправен член на Меѓународната Хелсиншка Федерација, беше речено на Годишното собрание на Меѓународната Хелсиншка Федерација во Истанбул. 1995.- На претседателските избори во Полска кандидатот на левицата Александар Квашњевски го победи долгогодишниот шеф на државата Лех Валенса. 1998.- Во Москва умре Ристо Бајалски, македонски новинар, новинар во весниците „Нова Македонија“, во „Борба“, во „Политика“ и во други весници. Тој е основач и уредник на спортскиот весник „Спортист“ (1955-1958 година) што го издаваше НИП „Нова Македонија“. Роден е во селото Стојаково, Гевгелиско, на 7 април 1926 година. 1998.- Во Санкт Петербург во атенат е убиена Галина Старовојтова, еден од лидерите на либералните депутати во Думата (Долниот дом на руското Собрание). 1999.- Кина го лансираше својот прв вселенски брод без човечки екипаж. 2001.- Умре Борко Темелкоски - Лилјакот, народен херој на Југославија, од Македонија, општествено-политички работник. Роден е во Прилеп, на 20 декември 1919 година. 2003.- Во две експлозии кои исламските терористи ги подметнаа во центарот на Истанбул, пред британскиот конзулат и претставништвото на британската банка HSBC, загинаа 27 луѓе, вклучувајќи го и британскиот конзул. Одговорноста заеднички ја презедоа Ал каеда и турската милитантна група „Исламски фронт на борците на Големиот Исток“. 2006.- Умре американскиот режисер Роберт Алтман, автор на популарните филмови како што се „МASH“, „Нешвил“, „Играч“, „Кратки резови“, „Канзас сити“. Изгради кариера противејќи се на Холивуд и конвенциите на филмската индустрија. Беше жесток критичар на современото општество. Роберт Алтман беше петпати номиниран за Оскар, а го доби во 2006 година кога му е врачен за животно дело. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
9.- Роден е римскиот цар Тит Флави Веспазијан, основач на новата династија Флави. Во текот на владеењето од 69 до смртта во 79 година ги победи и расели Евреите, а во Рим подигна величенствени градби како што се Колосеум, Капитол и Амфитеатар. 1095.- На црковен собир во Клермон папата Урбан II ги повика црковните великодостојници и свештени владари на воен поход против „неверниците“, со цел да се ослободи светата земја (Палестина) и Ерусалим. Тоа е почетокот на Крстоносните војни, кои со прекини, траеа повеќе години. 1626.- Папата Урбан III ја освети црквата „Свети Петар“ во Рим. 1697.- Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен портретист и цртач на физиономии. Слика сцени од сатиричен и морален карактер од животот на аристократијата. Остави релативно мал број дела, но, поради нивната вредност, тој се вбројува меѓу најзначајните англиски сликари. 1786.- Роден е Карл Марија фон Вебер, германски композитор и диригент, творец на германската романтичарска опера. Познати му се оперите „Евријанте“, „Волшебниот стрелец“ и „Оберон“. Умре во Лондон, на 5 јуни 1826 година. 1787.- Роден е францускиот сликар Луј Жак Манде Дагер. Благодарение на неговиот изум, наречен „дагеротипија“, за првпат практично е овозможена изработка на фотографија. 1830.- Белгија стана самостојно кралство. До Наполеоновите војни Белгија беше под Хабзбурговците. Од Виенскиот конгрес од 1815 и 1830 Белгија (како и Луксембург) е составен дел на Холандија. Во Белгија населението повеќето е католичко, додека во Холандија протестантско. Побунувањето во 1830 година е од верска природа. 1860.- Роден е полскиот државник, пијанист и композитор, Игнац Јан Падеревски, професор на Kонзерваториумот во Варшава. Јан Падеревски од 1919 до 1921 година беше премиер и шеф на дипломатијата, а во 1940 година претседател на Полска. Дела: опера „Мандра“, „Полска фантазија“ за клавир и оркестар, една симфонија, клавирски дела, соло песни. 1833.- Во САД е прифатено стандардното сметање на времето и земјата е поделена на четири временски зони. 1874.- Во селото Постол, Егејска Македонија, е роден Крсте Петков Мисирков, истакнат македонски филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата "За македонцките работи", која претставува одраз и израз на неговата борба за самобитноста на македонскиот народ. Во 1905 година, во Одеса го издаваше на македонски јазик, весникот "Вардар". Умре во Софија, во Бугарија, на 26 јули 1926 година. 1903. - Соединетите Американски Држави потпишаа договор со Панама, со што добија неограничено право за користење на Панамскиот Канал. 1905.- Принцот Чарлс од Данска е избран за прв крал на Норвешка по обновувањето на независноста со одвојувањето од Шведска, а го зеде името Хакон II. 1905.- Во Кикинда е роден Јован Поповиќ, српски писател, еден од творците на социјалната книжевност меѓу двете светски војни. Негови познати дела се „Аџија на вечноста“, „Танц над празнината“, „Ластовица во митралеско гнездо“, „Вистински легенти“ и други. Умре во Белград, на 13 февруари 1952 година. 1905.- Јапонија воспостави протекторат над Кореја, откако Русија, по изгубената војна со Јапонија, го призна првенството на јапонските интереси во таа земја. 1910.- Во Мексико изби револуција во која во текот на наредните 10 години загинаа најмалку еден милион луѓе. 1918.- Белгиската армија влезе во Брисел по четиригодишната окупација од страна на Германија, во Првата светска војна. 1919.- Во Скопје е роден Бане Ковач, еден од основоположниците на македонското новинарство и еден од првите стенографи во Македонија. Умре во Скопје, на 15 април 1983 година. 1922.- Во Париз умре Марсел Пруст, француски писател и академик. Со своето дело остави длабока трага не само во Франција туку и во европската литература. Автор е на големиот циклус романи „Во потрага на загубеното време“, на што работеше цели 15 години. 1936.- Германија и Италија ја признаа владата на генералот Франциско Франко како легитимна влада на Шпанија. 1944.- Во штотуку ослободената Битола, во присуство на околу 2.000 борци на Леринско-костурската бригада, од Воденскиот македонски партизански баталјон и од бригадата „Гоце Делчев“, е формирана Првата народноослободителна ударна бригада од Егејска Македонија, која влезе во составот на НОВ и ПО на Македонија. На местото каде што е формирана оваа прославена партизанска бригада, заменик-политички комесар на бригадата Вангел Ајановски - Оче, на 18 ноември 1984 година откри спомен-плоча. 1945.- На првите избори во Бугарија по Втората светска војна, кои опозицијата ги бојкотираше, победи Отечествени фронт, предводен од комунистите. 1962. - Во Копенхаген Нилс Бор, дански теоретски физичар, основач на теоријата за структурата на атомот. Познат е по своите трудови од областа на квантната теорија. Учествуваше во научните истражувања што доведоа до производство на атомска бомба. Добитник е на Нобеловата награда за физика во 1922 година. Роден е во Копенхаген на 7 октомври 1885 година. 1970.- Западна Германија и Полска воспоставија дипломатски односи со што го прекинаа непријателството долго 31 година. 1970.- Кина именува амбасадор во Советскиот Сојуз и по четири години ги обнови дипломатските односи на највисоко ниво. 1976.- Воената влада на Етиопија (комунистичка) изврши смртна казна врз 27 луѓе наводно поради заговор. 1978.- Во Џонстаун во Гвајана со испивање на отров е извршено колективно самоубиство на 914 Американци, припадници на сектата „Храм на народите“, вклучувајќи го и водачот на сектата Џим Џонсон. Членовите на сектата кои одбија да го испијат отровот беа убиени. 1978.- Во пожарот во метро на станицата „Кинг Крос“ во Лондон загинаа 30 луѓе. 1986.- Во Скопје умре Љупчо Арсов, народен херој на Југославија, од Македонија, член на АСНОМ, потпретсeдател на првата влада на ФД Македонија. Роден е во Штип, на 19 мај 1910 година. 1988.- Во Скопје умре Шукри Рамо, поет, раскажувач и литературен критичар од турска националност во Македонија. Автор е на книгите поезија „Татковината е една, не заборавај“, „Венец“, „Добредојдовте“, на збирките раскази „Полско цвеќе“, „Со огнот кон ѕвездите“ и други дела. Роден е во Штип, на 28 ноември 1918 година. 1991.- Собранието на Република Македонија го усвои Уставот. Од 120 пратеници за Уставот гласаa 92. 1991.- Умре чехословачкиот државник по потекло Словак, Густав Хусак, поранешен претседател на Чехословачка. Под притисок на јавноста во 1989 година поднесе оставка на функцијата преседател на Чехословачка. 1993.- Лидерите на Јужна Африка го усвоија Уставот со кој е ставен крај на политката на апартхејдот во земјата. 1993.- Новиот воен управувач на Нигерија генералот Сани Абач ги распушти сите демократски институции. 1993.- Во Белград умре проф. д-р Светозар Бркиќ, редовен професор во пензија на Филолошкиот факултет во Скопје, познат англист. Има објавено поголем број есеи од областа на англиската и светската книжевност, меѓу кои и книгата „Македонски теми и дилеми“. Роден е во Обровац, на Зрмања, во 1916 година. 1997.- Делегација на Армијата на Република Македонија, при посетата на Турција, го пронајде и го фотографира крушевското црешово топче од периодот на Илинденското востание. Црешовото топче е пронајдено во Воениот музеј на Армијата на Турција. 2004.- Во Англија по 700-годишната традиција е забранет ловот на лисици. 2005.- Во три одвоени бомбашки напади во Ирак, на багдатскиот хотел „Хамра“ и две џамии во градот Канагин, загинаа околу 80 луѓе, а беа ранети околу 100. 2006.- Најмалку 120 лица го загубија животот, а околу десетина се водат за исчезнати во поплавата која го зафати западен Авганистан. Најмногу беше погодена провицијата Бадгис. 2007.- Во експлозија на метан во рудникот „Засјадко“, на длабочина од околу 1.000 метри, во Донечката област на исток во Украина загинаа 100 рудари. Во моментот на несреќата во рудникот се наоѓаа 457 луѓе. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Денеска е Меѓународен ден на студентската младина. 1558.- Умре англиската кралица Мери I Тјудор, ќерка на Хенри VIII. На англискиот престол дојде кралицата Елизабета, за време на чие владеење Англија ги консолидира внатрешните состојби, се ослободи од притисокот на Шпанија и излезе со своите бродови на сите светски мориња. Истата година, англиската флота ја порази шпанската "непобедлива армада" и со тоа ја начна моќта на својата соперничка во освојувањето на колониите. 1587.- Роден е холандскиот писател Јост ван ден Вондел, најплодниот и најзначајниот книжевник на холандскиот барок. Пишува патриотски, сатирични и пригодни песни, а во драмите обработува библиски, антички и историски теми со кои значително влијае на европската литература. Дела: драми: „Псха“, „Паламед“, „Хизбрехт ван Амател“, „Луцифер“, „Јефта“. 1755.- Роден е францускиот крал Луј XVIII, кој владее во времето на реставрацијата по падот на царот Наполеон I. Титулата крал ја носи од 1795 година, но вистински владее од 1814 до својата смрт во 1824 година, кога на престолот го наследува братот Шарлс X. Нивниот трет (прв) брат кралот Луј XVI е погубен на гилотина во 1793 година, во време на Француската револуција. 1788.- Роден е рускиот глумец Михаил Семјонович Шчепкин, најзначајниот уметник на рускиот и светски театар во првата половина на 19. век, кој настојуваше да ги објасни тајните на актерството. 1800.- Конгресот на САД првпат се состана во новата престолнина Вашингтон, а американскиот претседател Џон Адамс стана првиот станар на официјалната резиденција на претседателот на САД, подоцна наречена Белата куќа. 1855.- Шкотскиот истражувач Дејвид Ливингстон ги откри водопадите на реката Замбези, наречени по англиската кралица Викториини водопади. Нивната ширина изнесува 1.717 метри, а висината е околу 100 метри. 1858.- Умре велшкиот филантроп Роберт Овен, социјалист-утопист и социјален реформатор, индустријалец кој своето богатство го потроши на остварување на проектите на социјалните реформи. Тој и неговите следбеници се наречени „социјалисти“. Дела: „Нови погледи на општеството“, „Скица на рационалниот систем на општеството“, „Книга за новиот светски морал“. 1869.- Свечено е отворен Суецкиот Канал, најголем поморски канал, што се наоѓа во североисточниот дел на Египет, по должина на западната граница на Синајскиот Полуостров и ги разделува азискиот и африканскиот континент. Каналот е долг 161 км, на површината е широк 190 м, длабок од 12,8 до 16,2 м и ги поврзува Средоземното и Црвеното Море. Под раководство на Французинот Фердинанд Лесепс, а според проектот на австрискиот инженер Алоја Нагрели, каналот е копан цели десет години, почнувајќи од 1859 година. Вкупните трошоци за изградбата изнесуваа над 423 милиони тогашни франци, а исклучително тешките услови за работа однесоа речиси 20.000 човечки животи. 1887.- Роден е британскиот фелдмаршал Бернард Ло Монтгомери, еден од најпознатите сојузнички војсководачи во Втората светска војна. Историчарите го сметаат за најголем британски војсководец по Артур Велзли Велингтон. Победата на неговата Осма армија врз Африканскиот корпус на германскиот генерал Ервин Ромел во битката кај Ел Аламејн кон крајот на 1942 година, го сврте текот на војната во Африка. 1889.- Во Камник е роден Фран Албрехт, словенечки писател, еден од најстарите есеисти и критичари. Умре во Љубљана, на 11 февруари 1963 година. 1913. - Првите бродови минаа низ Панамскиот Канал. По должина од 82 километри, каналот беше отворен во 1914 година. 1917. - Умре Огис Роден, француски склуптор. Се смета за основоположник на модерната европска скулптура. Работеше во истиот период со сликарите импресионисти. Негова најзначајна заслуга е внесувањето на психолошкиот елемент и послободното третирање на скулптурската материја и на фигурата. Најпознати му се делата "Мислител", "Бакнеж", "Граѓаните на Кале", "Балзак" и други. Роден е во 1840 година. 1943.- Американскиот весник „Њујорк тајмс“ првпат објави вест за партизаните и истакна дека „против силите на Оската се борат само југословенските партизани под команда на Јосип Броз Тито“. 1945.- Во месноста Шеова, кај селото Баровица, на Пајак Планина, во нерамна борба против еден одред од 29 грчки монархофашисти загинаа деветмина родољуби на македонската ослободителна организација НОФ и борци против окупаторот. 1947.- Пуштена е во употреба железничката пруга Шамац - Сараево, долга 242 километри, во чија изградба учествуваа младински работни бригади од цела Југославија. 1954.- Египетскиот генерал Гамал Абдел Насер стана шеф на државата по падот на претседателот Мохамед Нагиби, со кој во 1972 година беше тргнат кралот Фарук I и монархијата во Египет. 1958.- Суданската војска ја урна цивилната влада која траеше две години по стекнувањето независност, а за нов претседател на влада беше назначен генералот Ибрахим Абуд. 1969.- Советскиот Сојуз и САД во Хелсинки ги почнаа разговорите за ограничување на стратешкото вооружување. 1971.- Фелдмаршалот Вемид Таном Китикачорн со воен урар, без крвопролевање, ја тргна италијанската влада, го распушти собранието и го суспендира уставот, но суштината на италијанскиот монархистички режим не го доведе во прашање. 1971.- Во Скопје, во Македонскиот народен театар е изведена првата опера на македонскиот композитор Трајко Прокопиев - „Разделба“, напишана според драмата „Печалбари“ од македонскиот писател Антон Панов. По диригенство на авторот, а во режија на Васил Ќортошев, во главните улоги настапија Георги Божиков, Евдокија Доброхотова, Анастасија Димитрова, Ана Липша - Тофовиќ и Никола Гагов. 1972.- Поранешниот претседател на Аргентина Хуан Перон се врати во земјата по 17 години бегство. 1974.- Првите собраниски избори во Грција по повеќе од 10 години и седумгодишната војна против управата завршија со убедлива победа на Нова демократија на Константин Караманлис. 1976.- Кина ја изведе најголемата нуклеарна експлозија во атмосферата. 1977.- Претседателот на Египет Анвар ел Садат ја прифати поканата за посета на Израел, игнорирајќи го незадоволството на арапските земји и на сопствената влада. 1984.- Светски ден на непушењето (прогласен е на Петтата светска конференција за пушењето и за здравјето одржана во Канада во 1984 година). 1989.- Бугарското Собрание го смени Тодор Живков од функцијата шеф на државата. 1991.- Усвоен е Уставот на Република Македонија, прв по прогласувањето на суверена и самостојна Република Македонија. На 16 ноември 2001 година, Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор. 1993.- Нигерискиот генерал Сани Абача ја тргна цивилната влада на Ернест Шонекан. 1995.- Предадена е во употреба делницата на автопатот од Хиподром до Миладиновци, во должина од 10,3 км. 1996.- Во Република Македонија се одржаа првите локални избори по осамостојувањето на земјата - за градоначалници и за совети на 123 општини, односно 124 со градоначалникот и Советот на Град Скопје. 1997.- Најголемата египетска организација на исламските терористи „Ел Гама ел Исламија“ покрај храмовите во Луксор уби 58 странски туристи и четворица Египќани. Тоа беше дотогаш најкрвавиот терористички напад во Египет. 1998.- Израелското Собрание (Кнесет) со мнозинство гласови го ратификува „Вај договорот“ со кој е предвидено отстапување на делови од окупираните територии на палестинската самоуправа. 2002.- Поранешниот италијански премиер Џулио Андреоти е осуден на 24 години затвор како нарачател на убиство на новинарот Мино Пекорели во 1979 година. Една година подоцна, Врховниот суд на Италија донесе ослободителна пресуда во која е наведено дека доживотнот сенатор на никаков начин не е вмешан во убиството. 2005.- Алберт II свечено е устоличен како монарх на Кнежеството Монако. Кнезот Алберт II му припаѓа на семејството Грималди. 2006.- Умре Ференц Пукаш најдобриот унгарски фудбалер во историјата на земјата. 2006.- Холандската Влада донесе
одлука за целосна забрана за носење на бурки и марами во јавност со кои
муслиманките го прекриваат своето лице. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
42.п.н.е.- Роден е римскиот цар Тиберие, посинок на Октавијан Август, кој за време на владеењето од 14 до 37 година во новата ера ги осигура границите на Римското царство без нови освојувања. Претходно се прослави со воените походи во Германија, Панонија и Далмација. 1095. - На црковниот собир Клермон, во Франција, папата Урбан Втори ги повика соборните црковни големодостоинственици и световните владетели да тргнат во воен поход против "неверниците", Селџуци, кои ја зазедоа "светата земја" во Палестина, со Исусовиот гроб во Ерусалим. Со тоа го поттикна верското лудило и Крстоносните војни што траеја цели два века. 1272.- Умре англискиот крал Хенри III, кој стапи на престолот само со девет години кога во 1216 година во текот на Првата баронска војна загина неговиот татко Џон Без Земја, но вистински почна да владее во 1234 година. 1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Пизаро со измама, со само 200 војници, го зазеде градот Кахемарк и го зароби царот Атахуалп. 1797.- Умре прускиот крал Фридрих Вилхелм II кој во текот на 13-годишното владеење спроведе политика на територијално ширење на земјата. 1828.- Франција, Британија и Русија ја признаа независнота на Грција. Иако Османлиското царство одби тоа да го прифати, во 1829 година беше принудено по поразот во војната со Русија, да ја признае независноста на Грција. 1831.- Умре прускиот генерал Карл фон Клаузевиц, еден од најпознатите воени теоретичари на 19. век, кој главните идеи за борбена стратегија и тактика ги изложи во делото „За војната“. Поради несогласувањата со политиката на водечките кругови на Прусија према француското царство на Наполеон I, против кого се бореше во повеќе битки, од 1812 до 1814 година беше во служба на Русија. 1848.- Во Рим со кој автократски владееше папата Пије IX - избувна буна со што беше создадена Римската република во која беа востановени многу институции по урнекот на Француската револуција. 1878.- Во Белград умре Ѓура Јакшиќ, српски писател и сликар, претставник на српскиот романтизам. Познати негови дела се „Татковина“, „Паѓајте, браќа“, „Маченица“, „Први жртви“ и други. Роден е во Српска Црња, на 27 јули 1832 година. 1887.- Во Љубљана умре Фран Левстик, словенечки писател и борец за национални идеи и слобода. Од делата познати му се „Мартин Крнан“, „Патување од Литија до Чатеж“ и други. Роден е во Сподње Ретје, на 28 септември 1831 година. 1895.- Роден е германскиот композитор Паул Хиндемит. Од 1939 година беше професор на неколку универзитети во САД и во Швајцарија. Дела: оперите „Новости на денот“, „Сликарот Матис“, „Хармонија на светот“, шест гудачки квартети, „Камерна музика оп. 36“, концерти и сонати за разни инструменти, теориски дела „Традиционална хармонија“, „Светот на композиторот“ и други. 1898.- Во Солун е роден Симеон Кавракиров, македонски револуционер, следбеник на Гоцевите идеи и секретар на Обласниот комитет на ВМРО за Пиринска Македонија. Во јуни 1932 година е киднапиран во Софија од страна на врховистите во содејство со бугарската полиција и по двегодишно мачење е убиен во близината на селото Драглишта, Разлошко, на 14 јуни 1934 година. 1912.- Почна Битолската битка во Првата балканска војна во која добро утврдената турска Вардарска армија на Зеки паша, која се повлече по поразот од Кумановската битка, по тридневни битки беше поразена од српската Прва армија на Александар Караѓорѓевиќ со што Јужна Србија (денешна Македонија) и Стара Србија (Косово и Метохија) конечно беа ослободени од Турците. 1918.- По падот на австроунгарската монархија во Првата светска војна, Унгарија е прогласена за независна република. 1923. - Во селото Никифорово, Гостиварско, е роден Чеде Филиповски-Даме, народен херој на Македонија. Во Народноослободителната војна на Македонија учествуваше од 1941 година. Загина кај Радовиш во сообраќајна несреќа, како командант на Четириесет и осмата македонска дивизија, на 29 јуни 1945 година. 1933.- Советскиот Сојуз и САД воспоставија дипломатски односи. 1941.- Во Втората светска војна почна втората германска офанзива врз Москва која, исто како и првата, започна во септември 1941 година кога Германците дојдоа на 30 километри до Москва, заврши со неуспех. 1945.- Во Лондон е потпишана Конвенцијата на Меѓународната организација за просвета, наука и култура (УНЕСКО), специјализирана установа на Организацијата на Обединетите нации, основана со цел преку воспитување, наука и култура, заштита на светските природни уметнички богатства, да спроведува соработка меѓу народите врз база на целосна рамноправност. Конвенцијата стапи во сила на 4 ноември 1946 година. Седиштето на УНЕСКО е во Париз. Република Макеоднија е 175 членка на УНЕСКО од 19 јули 1993 година. 1960.- Умре американскиот филмски глумец Клерк Гебл. Играше во повеќе од 70 филмови и со децении беше во врвот на популарноста како симбол на машкоста. Филмови: „Источен пат“, „Слободна душа“, „Се случи една ноќ“ (Оскар), „Буна на бродот `Баунти`“, „Кинеско Море“, „Однесено со виорот“, „Сан Франциско“, „Могамбо“, „Пробен пилот“, „Неприлагодени“, „Луѓе во бело“. 1962. - Скопје, главниот град на Република Македонија, го зафати катастрофална поплава. 1965.- Советскиот Сојуз го лансираше првиот вселенски брод „Венера III“ кој со стигнувањето на Венера во март 1966 година стигна на друга планета. 1965.- Умре ирскиот државник Вилијам Томас Косгрејв. Беше прв претседател на Ирска од 1922 до 1932 година. 1970.- Пакситан соопшти дека бројот на мртвите во циклонот и огромните бранови кои ги зафатија бреговите на Источен Пакистан (сегашен Бангладеш) и островите во Бенгалскиот Залив достина 500 илјади. 1972.- Генералното собрание на Обединетите нации одлучи Португалија да ги напушти своите колонијални имоти во Африка и Азија (Ангола, Мозамбик, Порт, Гвинеја, Сао Томе, Кап Верде, Источен Тимор, Макао). 1973.- Тројца американски космонаути го отпчнаа 84-дневниот лет во вселенското летало „Скајлаб“. 1981.- Умре американскиот филмски глумец Вилијам Холден, кој најчесто толкуваше улоги на „идеални“ современи Американци. Филмови: „Булевар на самракот“, „Вчера родена“, „Силата на оружјето“, „Месечината е сина“, „Над 30 ката“, „Излет“, „Мост на реката Квај“, „Светот на Сузи Вонг“. 1993.- Во Сардинија умре 69-годишниот мафијашки член Лучијано Лиџио, еден од најбараните лица во Италија и инспирација за романот "Кум", на Марио Пузо. 1993.- Обединетите нации официјално се откажаа од потрагата по лидерот на најмоќната фракција во Сомалија, Мохамед Фарах Аидид. 1995.- Поранешниот претседател на Јужна Кореја Ро Те Ву е уапсен поради корупција. 1995. - Во Скопје умре Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Тој е припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци, кој остави неизбришливи траги во македонското актерско творештво. Роден е во Велес, на 13 март 1907 година. 1997.- Умре францускиот политичар и публицист Жорж Марше, генерален секретар на Француската комунистичка партија од 1972 до 1994 година. Дела: „Што е Француска комунистичка партија?“, „Демократски предизвик“, „Политиката на Француската комунистичка партија“, „Зборуваме отворено“, „Одговори“, „Надеж во сегашноста“. 2001.- Собранието на Република Македонија ги прогласи 15-те амандмани за промена на Уставот на Република Македонија, иницирани од Рамковниот охридски договор. 2006.- Унгарски научници успешно клонираа глушец. Глушецот наречен „Клонила“ е производ на тригодишната работа на 20 истражувачи на Земјоделскиот биотехнолошки истражувачки центар во Годол, близу Будимпешта. Според нивните уверувања, клонирањето би требало да биде од голема помош за научниците во лечењето на разни болести. 2006.- Умре Милтон Фридман, економист и добитник на Нобеловата награда. Признат е како „татко на монетарната теорија“. Неговото практично знаење е потврдено во улогата на економски советник во администрацијата на американските претседатели Ричард Никсон, Џералд Форд и Роналд Реган. Фридман се смета за еден од основачите на влијанието на „чикашката школа“, а од 1948 до 1979 година беше и професор на Универзитет во Чикаго. Главни дела: „Капитализам и слобода“, „Теоретски основи на монетарната анализа“, „Слобода на изборот“. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски ден на дијабетесот 565.- Умре византискиот цар Јустинијан I наречен Велики, кој се прослави со кодификација на римското право, голем градител и освојувач. Во 537 година ја изгради црквата Аја Софија, најголема во Константинопол, која по освојувањето на градот во 1453 година Турците ја претворија во џамија. Кемал Ататурк од неа направи музеј. 1263.- Умре Александар Невски, новгородски кнез, руски војсководец и познат руски народен јунак. Ја победи шведската војска на реката Нева во 1240 година, а во 1242 година ги порази германските рицари „Мечоносци“ на замрзнатото Чудско Езеро и така го запре германското средновековно напредување кон исток. Роден е на 30 мај 1220 година. 1533.- Шпанските освојувачи под командата на Франциско Пизар го зазедоа градот Куско, престолнина на царството на Инките. 1716.- Умре Готфрид Вилхелм Лајбниц, германски математичар и филозоф. Покрај овие две науки се занимаваше и со хемија, историја, биологија, психологија, политика и со рударство. Во многу од овие области даде значаен придонес. Тој е конструктор на сметачка машина што можела да собира, одзема, множи, дели, степенува и вади квадратен и кубен корен. Позната е неговата филозофска мисла: „Постојниот свет е најдобар од сите можни светови“. Роден е на 1 јуни 1646 година. 1770.- Шкотскиот истражувач Џејмс Брус откри дека Синиот Нил извира од езерото Тана во северозападна Етипија. 1765.- Роден е Роберт Фултон, северноамерикански инженер и пронаоѓач. Ја конструира првата машина за предење на лен, во 1807 година го изгради првиот употреблив параброд „Клермонт“, кој заплови во реката Хадсон кај Њујорк, а творец е и на првиот воен брод на пареа. Умре на 24 февруари 1815 година. 1831.- Во Берлин умре Валхелм Фридрих Хегел, најистакнат претставник на германската идеалистичка филозофија. Со своите сфаќања за дијалектиката, тој изврши позитивно влијание врз напреднатата европска и шведска мисла. Негови најпознати дела се "Филозофија на духот", "Логика", "Естетика" и други. Роден е во Штутгарт, на 27 август 1770 година. 1840.- Роден е францускиот сликар Клод Моне, еден од основачите на импресионизмот. Според неговата слика „Импресија, излез на сонцето“, изложена во 1874 година во Париз, целиот сликарски правец го доби називот импресионизам, чиј најдостоен и највлијателен претставник е самиот тој. Изврши огромно влијание врз европското сликарство. 1847.- Во Швајацарија изби граѓанска војна меѓу Швајцарската конфедерација и седум римокатолички кантони. Војната заврши истиот месец со пораз на Зондербунд. 1863.- Роден е белгискиот хемичар Лео Бакеланд. Лео Бакеланд го откри бакелитот, кој е совршен изолатор, а тоа овозможи развој на пластичната индустрија. 1884.- Умре Алфред Едмонд Брем, германски природонаучник и зоолог. На патувањата низ Европа, Африка и Мала Азија собра огромен материјал и го објави во своите дела за животните "Животинско царство", "Животот на птиците" и "Шумски животни". 1889. - Роден е Џавархарлал Нехру, индиски државник, еден од основачите на политиката на неврзувањето. Беше близок соработник на Ганди. По завршувањето на Втората светска војна стана премиер и министер за надворешни работи во Индија, тогаш уште британски доминион, а од 1950 година претседател во Владата на независна Република Индија. Го формираше таканаречениот индиски пат во социјализмот и како протагонист на антиблоковската политика остана еден од најсветлите ликови на современата светска историја. Умре на 27 мај 1964 година. 1891.- Роден е канадскиот филозоф Фредерик Грант Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест во 1921 година со инсулинот овозможија лекување на таа дотогаш смртоносната шеќерна болест. Во 1923 година заедно со Џонсон Меклаунд ја доби Нобеловата награда за медицина, но сметајки дека за инсулинот е повеќе заслужен Бест од Меклаунд, својата награда ја подели со Бест. 1897.- Во ноќта меѓу 14 и 15 ноември една разбојничка група од Бугарија, која броеше 26 лица, раководена од Коте Голчев од Берово, изврши напад на куќата на Ќазим бег во Виница. Поради отпорот што го даде Ќазим бег, почна борба во која тој беше убиен. Разбојниците ограбија пари и скапоцености во вредност од околу 600 турски лири. Уште при влегувањето во Виница, разбојниците го убија полјакот Ѓорѓи, кој беше член на ТМРО. Така почна таканаречената „Виничка афера“, што имаше големи последици за ТМРО и за населението од тој крај. 1981.- Томаш Масарик е избран за прв претседател на Чехословачка. 1922.- Роден е египетскиот дипломат Бутрос Бутрос Гали, генерален секретар на Обединетите нации од 1992 до 1996 година. 1935.- Претседателот на САД Френклин Рузвелт објави дека во 1946 година Филипини ќе добијат независност. До 1898 година Филипини беа шпанска, а потоа колонија на САД. 1935.- Роден е јорданскиот крал Хусеин, владетел со „најдолг стаж“ во арапскиот свет. На престолот на Јордан стапи во 1952 година, со неполни 17 години. 1940.- Во напад на германската авијација во Втората светска војна врз британскиот град Ковентри загинаа повеќе од илјада луѓе и е разурната средновековна катедрала (соборна црква). 1941.- Во близина на Гибралтар во Втората светска војна потона британскиот носач на авиони „Арк Ројал“ кој претходниот ден беше торпедуван од германската подморница. 1944.- Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл "Кочо Рацин" во Битола, на македонски јазик ја изведоа едночинката "Ѓоре Магаревски", од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа беше означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија. 1946.- Умре шпанскиот композитор и пијанист Мануел де Фаља, чии дела се синтеза на андалузиската народна музика и францускиот импресионизам. Мануел де Фаља настојуваше шпанската музика да ја ослободи од вековното италијанско влијание. Во Франција ги компонирал популарните дела „Ноќи во шпанските градини“ и „Седум шпански народни песни“, а по враќањето во татковината изведени беа балетите „Љубов на волшебничките“ и „Трирогиот шешир“. Разорачарен од генералот Франциско Франк по граѓанската војна, во 1939 година замина за Аргентина во која остана се до крајот на животот. 1948.- Роден е англискиот принц Чарлс, наследник на британскиот престол. 1951.- Во Милфорд, САД, умре Луј Адамич, американски писател од словенечко потекло. За време на Втората светска војна своите литературни и политички сили ги посвети на НОВ на народите на Југославија. Роден е во Блато, Словенија, на 21 март 1898 година. 1955.- Умре американскиот писател Роберт Емет Шервуд. Тој во драмите пишувани по Првата светска војна се осврнува на пацифичките повоени разочарувања и се залагаше за мир во светот. Подоцна, соочен со навлегувањето на нацизмот, се залагаше за војна со која светот би се ослободел од нацистичката тиранија. Дела: „Идиотова радост“, „Нема да има ноќ“, сценарио за филмовите „Духот патува на Запад“, „Најдобрите години од нашиот живот“. 1960.- Во судир на два патнички воза во Чехословачка загинаа 11 луѓе. 1970.- Од циклонот што зафати делови на Источен Пакистан загинаа околу 175.000, а исчезнаа околу 3.000 луѓе. 1979.- Во провинцијата Корасан, источен Иран, во земјотрес загинаа најмалку 385 луѓе. 1984.- Во Лос Ангелес е уапсен нацистичкиот воен злосторник Андриј Артукович, министер за внатрешни работи на Независна Држава Хрватска во Втората светска војна. Живееше во САД од 1948 година каде стаса со лажно име. Американските власти упорно се оглушуваа на барањето на Југославија за екстрадиција, па дури на 12 февруари 1986 година го испорачаа. На судењето во Загреб беше обвинет за некои поединечни злодела, но не и за геноцидот врз Србите, Евреите и Ромите. На 14 мај 1986 година беше осуден на смрт, но казната не беше извршена. Умре во затвор неполни три години подоцна. 1988.- Палестинското собрание ја прифати резолуцијата 242 на Обединетите нации со што посредно го призна Израел и се одрече од тероризам. 1989.- Црнечкото движење СВАПО убедливо победи на првите избори во Намибија. 1991.- По цели 13 години бегство, Пине Нород Сиханук се врати во Камбоџа. 1994.- Тропската олуја „Гордон“ усмрти најмалку 829 луѓе на Хаити. 1995.- На свечен начин во Индустриско-трговската комора на Руската Федерација, на претставникот на Стопанската комора на Македонија во Москва, му беа предадени акредитивите, со што и официјално е регистрирано нејзиното претставништво. 2001.- Пет репулбики наследнички на СФРЈ се договорија за наследство од 74,5 милиони монетарно злато. Првиот дел од останатиот имот на поранешната заедничка држава е проценет на околу две милијарди долари. 2002.- Првпат во историјата на папството, поглаварот на римокатоличката црква се обрати во италијанското собрание. 2002.- Потпретседателот на Кина Ху Џинтао стана новиот генерален секретар на Комунистичката партија на местото на Џанг Цемин кој со целата стара гарда се повлече по 16. конгрес на владејачката партија. 2006.- Собранието на Јужна Африка ги легализира хомосексуалните бракови. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
1821.- Во Москва е роден Фјодор Михаилович Достоевски, великан на руската и на светската литература. Негови најпознати дела се „Двојник“, „Бели ноќи“, „Неточка Незванова“, Злосторство и казна“, „Браќата Карамазови“, „Идиот“ и други дела. Роден е во Санкт Петербург, на 9 февруари 1881 година. 1855.- Умре данскиот филозоф Серен Кјеркегор, кој беше наречен „Копенхашки Сократ“. Тој наспроти филозовската традиција, посебно према системот на филозофијата на Фридрих Хегел, разви специфичен филозофски став. Дела: „За поимот на иронијата со постојан осврт на Сократ“, „Или - или“, „Дневник“, „Стадиумите на животниот пат“, „Филозовски ронки“. 1855.- Во Сента е роден Стеван Сремац, еден од најистакнатите писатели на српскиот реализам. Најпознати негови дела се расказите „Ивкова слава“ и „Зона Замфирова“, како и романот „Поп Ќиро и поп Спиро“. Умре во Соко Бања, на 13 август 1908 година. 1855.- Од земјотресот што го зафати Токио загинаа околу 106.000 луѓе. 1869.- Роден е италијанскиот крал Виторио Емануеле III, последен италијански монарх, кој беше на престолот од 1900 до 1946 година, и поддржувач на Бенито Мусолини. Во 1936 година по агресијата на Италија врз Етиопија се прогласи за „цар на Етиопија“, а во 1939 година и за „крал на Албанија“. Абдицираше по победата на републиканците на изборите во 1946 година, а на референдум набрзо беше соборена монархијата во Италија. 1885.- Роден е американскиот генерал Џорџ Смит Патон, кој за време на Втората светска војна во северна Африка и во Европа се истакна како енергичен и вешт командант. Го напиша мемоарот „Војната како што јас ја гледав“. 1898.- Роден е францускиот филмски режисер Рене Клер, член на Француската академија. Филмови: „Италијански сламен шешир“, „Под покривите на Париз“, „Милион“, „Дајте ни слобода“, „Четиринаесетти јули“, „Духот оди на Запад“, „Се оженив со вештерка“, „Молчењето е злато“, „Убавината на ѓаволот“, „Големи маневри“, „Улица на соништата“. 1918.- Во Комиенската шума кај Париз, Германија потпиша капитулација, со што заврши Првата светска војна. 1919.- Во Тетово е роден Ѓоце Стојчевски - Амбарче, народен херој на Југославија, од Македонија. Загина во борите против албанските балисти во селото Беличица, Гостиварско, на 19 септември 1944 година. 1942.- Германските трупи во Втората светска војна ги запоседнаа неокупираните делови на Франција. Истиот ден, германските и италијанските трупи го окупираа и францускиот остров Корзика. 1943.- Во селото Сливово, Охридско, формирана е Првата македонско-косовска НОУ бригада. Таа беше формирана од НОП баталјон "Мирче Ацев", Кичевскиот баталјон, Првиот косовски баталјон "Рамиз Садику", Вториот косовски баталјон "Борис Вукмировиќ" и од четата на придружните баталјони на Главниот штаб на Македонија. При формирањето имаше 700 борци и го доби називот ударна. 1944.- Ослободено е Куманово. 1944.- Во Гостивар, во центарот на градот, албанските балисти стрелаа шестмина македонски патриоти: Киро Ристовски - Дрнц од Тетово, Васил Пејчиновски од Горна Бањица, Баренко Георгиевски и Изре Зафировски од Долна Бањица, Сократ Павловски од Гостивар и Павле Петрески од Балин Дол, Гостиварско. 1952.- Пронаоѓачите Џон Мулин и Вејн Џонсон во Лос Анѓелес првпат го демонстрираа нивниот изум видео рикордер за снимање на ТВ-емисии. 1961.- Сталинград беше преименуван во Волгоград. За време на царството градот се викаше Царицин. 1963.- Во Скопје излезе првиот број на дневниот весник "Вечер". 1965.- Водачот на расистичкиот режим на Родезија Јан Смит еднострано ја прогласи независноста на британската колонија, а Велика Британија режимот на белото малцинство го прогласи за илегално. 1971.- Сенатот на САД го рафитикуваше договорот со кој на Јапонија и беше вратен островот Окинава, кој и беше одземен кон крајот на Втората светска војна. 1973.- На 101 километар на патот Каиро - Суец, потпишана е спогодбата за прекин на огнот меѓу Израел и Египет. На тој начин официјално престанаа воените операции во "Октомвриската војна", на Блискиот Исток. 1975.- По цели пет векови како португалска колонија, Ангола прогласи независност. Нејзин прв претседател стана Агостино Нето. 1976.- Умре американскиот вајар Александер Стерлинг Калдер. 1987.- Борис Елцин беше сменет од функцијата шеф на московските комунисти. 1990.- Во Атина умре Јанис Рицос, поет на грчката левица. Освен "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата (1985) има добиено уште 23 други меѓународни признанија. Има издадено 117 книги поезија, преведени на 21 јазик. Поради неговите изразито левичарски убедувања повеќепати е апсен. Роден е во Монамвасија, на Пелопонез, на 1 мај 1909 година. 1990.- Во СР Македонија се одржаа првите слободни повеќепартиски избори. 1992.- Англиската англиканска црква ја напушти својата вековна традиција со што им дозволи на жените да стануваат свештеници. 1995.- Во Брисел, шеснаесетте земји-членки на Алијансата му дадоа "зелено светло" на предлогот на Политичкиот комитет, Република Македонија, да биде 27-ма потписничка на програмата "Партнерство за мир". 1996.- Претседателот на Гватемала Алваро Арс соопшти дека со герилското движење е постигнат договор за крај на 36-годишната војна во земјата. 1998.- Во Скопје, во црквата „Света Петка“ е отворена првата (црковна) народна кујна. 2000.- Во запалена жичарница во еден од тунелите под глечерот Кицштајхорн на Австриските Алпи загинаа 159 луѓе. 2000.- Во париското предградие Њуи умре Франк Пурсел, француски диригент, познат како еден од кралевите на поп-музиката во педесеттите и шеесеттите години години на 20. век. 2004.- Палестинскиот лидер Јасер Арафат почина во воената болница "Перси" кај Париз. Добитник е на Нобеловата награда за мир (заедно со Јицак Рабин и Шимон Перес) во 1994 година за покренувањето на мировниот процес во арапско-израелските односи и за склучување мировна спогодба меѓу Палестинците и Израел... Тој на 29 октомври беше примен на лекување во критична состојба. Од приемот, тој неколку пати ја губеше свеста, а во последните неколку дена беше во кома од која не се разбуди. Лекарите од француската болница не успеаја да дијагностицираат од што боледува палестинскиот лидер. Арафат е роден во Каиро на 24 август 1929 година, како Мохамад Јасер Абдал Рауф Арафат ал Кудва ал Хусеини. 2004.- Собранието на Литванија го ратифиуваше Уставот на Европската унија со што земјата е првата во 25-члената Унија што официјално го прифати тој документ. 2005.- По 15 години граѓанска војна, во Либерија се одржани првите слободни избори на кои победи Елен Џонсон - Селиф, прва жена претседател во Африка. 2006.- Во Монтесито, Калифорнија, САД, умре Џек Паланс, холивудски легендарен актер, сликар и писател. Роден е во 1919 година како Владимир Плањук во семејство на украински емигранти. |
|
![]() |
|
Boogie ![]() Профил од член
Испрати лична порака
Најди пораки од член
Посети го сајтот на членот
Додај во листа на пријатели
Модератор ![]() ![]() Слобода или Смрт Регистриран: 26.Октомври.2005 Статус: Офлајн Поени: 10652 |
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
- Светски младински ден - Светски ден на науката 1444.- Во битката кај Варна, Бугарија, силите на турскиот султан Мурат II ја победија полско-унгарската војска на полскиот крал Владислав Јаѓел III, кој загина во битката. 1483.- Роден е Мартин Лутер, свештеник и професор по теологија, основач на протестантизмот и водач на реформацијата во Германија. По барањето за реформа на црквата во 1517 година, тој е екскомунициран од црквата, неговото движење се прошири низ Германија и прерасна во широко народно движење против папската власт и против феудалното уредување. Кога реформацијата доведе до селанската војна против феудализмот во 1525 година, тој беше на страна на феудалците. Умре на 18 февруари 1546 година. 1493.- Роден е швајцарскиот алхемичар и лекар Теофраст Бомбаст фон Хоенхајм, познат како Филип Ауреол Парацелзус, пишувач на медицински дела, кој многу придонесе за примена на хемијата во медицината. Фон Хоенхамјм ја основа „јатрохемија“, нешто како денешната хемотерапија. Прв почна да користи сумпор како лек, арсеник, опијум, живини соли, олово, железо и бакар и да применува лековити капења со соли. 1668.- Роден е францускиот композитор и оргуљаш Франсоа Купрен, централна личност во музичкиот живот на Париз во почетокот на 18. век. 1697.- Роден е англискиот сликар Вилијам Хогарт, исклучителен цртач на портрети и физиономии. 1759.- Роден е Фридрих Шилер, еден од најпознатите германски поети и драмски писатели. Автор е на драмите „Интрига и љубов“, „Разбојници“, „Дон Карлос“, „Вилием Тел“, „Јованка Орлеанка“ и на други дела. Умре во Вајмар, на 9 мај 1805 година. 1796.- Умре руската царица Катарина II Алексејевна, наречена Катарина Велика. Владееше цврсто од 1762 година. Во духот на просветниот апсолутизам и под влијание на француски филозофи и идејата за просвета, отвори школи. Им помагаше на науката и уметноста, ја модернизираше администрацијата и судството, ги среди финансиите, ја укина тортурата, смртната казна ја замени со прогонство во Сибир. Успешно војуваше против Полска и Турција и кон Русија ги припои Казахстан, Грузија, Ерменија, Камчатка, Крив, дел од Бесарабија (Молдавија) и голем дел од Украина, Белорусија и Полска. 1891.- Во Марсеј умре Артур Рембо, француски поет. Уште како млад стана славен, а на 17 години ја напиша познатата поема „Пијаниот брод“. Во дваесеттите години престана да пишува, минувајќи низ литературата како „метеор“, а оставајќи во наследство дело што го навести симболизмот и надреализмот. Роден е на 20 октомври 1854 година. 1894.- Француските колонијални трупи го започнаа освојувањето на Мадагаскар. Овој остров источно од Африка, во Индискиот Океан, стана француска колонија во 1896 година. По Втората светска војна избувна народно востание против колонијалните власти, а барањето за независност е повторено во 1957 година. Мадагаскар е независна држава од 26 јуни 1960 година. 1919.- Роден е рускиот инженер Михаил Тимофејевич Калашњиков, конструктор на најдобрата автоматска пушка на 20. век АК-47, наречена според неговото презиме „калашњиков“. 1925.- Во Пантрихидифен, во Јужен Велс, е роден Ричард Волтер Џинкинс Бартон, прочуен британски театарски и филмски артист, великан на седмата уметност. Умре во Женева, на 4 август 1984 година. 1928.- Регент Хирохито е крунисан за цар на Јапонија. 1931.- Во Скопје е роден Тома Прошев, македонски композитор, еден од најплодните музички творци. Познати се неговите опери "Пајажина", "Малиот принц" и "Аретеј", како и многу други дела. Умре во Загреб, на 12 септември 1996 година. 1938.- Во Истанбул умре Мустафа Кемал-паша, наречен Ататурк-татко на Турците, турски револуционер, маршал и државник. Изврши значајни реформи во земјата, прокламирајќи еднаквост на сите граѓани, ги забрани фесот, зарот и фереџето, ја воведе латиницата наместо арапското писмо и друго. Роден е во Солун, во 1880 година. 1938.- Фашистичкиот италијански режим на Бенито Муслони ги прифати антисемитските закони. 1942.- Сојузничките сили во Втората светска војна, по победата кај Ел Аламејн во Либија над Африканскиот корпус на германскиот генрал Ервин Ромел, го исчистија Египет од нацистичките трупи и го зазедоа алжирскиот град Оран. 1943.- Германските власти во Втората светска војна, заради полесно управување со окупираната територија, воспоставија квислиншка „народна управа“ во Црна Гора. 1944.- Откриено е дека нацистичка Германија во Втората светска војна против Велика Британија употребувала ново оружје - ракетите „Fau-2“. 1944.- Во Прилеп е основано Здружение на ликовните уметници. За претседател на здружението беше избран Никола Мартиновски. 1964.- Во поплавите во централниот дел на Јужен Виетнам загинаа околу 10.000 лица. 1968.- Кај Ерџелија, Светиниколско, умре Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Најпознати негови дела се "Растрел", "Бегалци", "Блокада", "Луѓе и птици", "Солунските атентатори" и други. Автор е на сценаријата на филмовите "Солунските атентатори", "Под исто небо", а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите "Мементо" и "Републиката во пламен". Роден е во Скопје, на 25 декември 1920 година. 1973.- Државниот секретар на САД Хенри Кисинџер допатува во Пекинг за да им пренесе на кинеските лидери дека САД одлучиле да ги нормализираат односите со Кина. 1975.- Владите на Југославија и на Италија го потпишаа Осмиот договор за дефинитивно решавање на граничните и другите прашања меѓу овие две земји. 1975.- Прогласена е независноста на Ангола, држава во југозападниот дел на Африка, на брегот на Атлантскиот Океан. Беше португалска колонија пет века. 1982.- Умре рускиот државник Леонид Иљич Брежњев, генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија и претседател на Президиумот на Врховниот совет на Советскиот Сојуз, кој на власт дојде во 1964 година на местото на Никита Хручов каде остана се до смртта. Придонесе во воспоставувањето дијалог со САД по долгиот период на ладни односи меѓу двете земји. 1989.- Генералниот секретар на Комунистичката партија на Бугарија Тодор Живков по 35 години на чело на владејачката партија поднесе оставка, а го замени Петар Младенов. По седум дена откако ја поднесе оставката, беше сменет и од функцијата претседател на Државниот совет на Бугарија, кого исто така го наследи Младенов, а набрзо потоа беше исклучен и од партијата. 1990.- Водачот на социјалистите Чандер Шекар стана премиер на Индија. 1994.- Парламентот и владејачкиот Совет на револуционерната команда на Ирак, со кој претседаваше Садам Хусеин го призна суверенитетот и територијалниот интегритет на Кувајт во согласност со резолуцијата 833 на ООН. 1994.- Во Брисел е отворена светската изложба на пронајдоци, истражување и индустриски иновации "Еурека 94", на која Македонија за првпат беше самостојно претставена. На изложбата учествуваа 32 земји со околу 1.200 пронајдоци. Македонија беше претставена преку законот за заштита на индустриската сопственост. 1995.- Нигерискиот воен режим обеси деветмина активисти за човекови права, вклучувајќи го и Кен Саро Вив, водач на племето Огони. Тоа предизвика незадоволство посебно во некои африкански земји, но Запад се задоволи главно со вербалните осуди - поради интересот на компаниите кои во Нигерија ја експлоатираа нафтата и гасот. 1997.- Претседателите на Русија и Кина, Борис Елцин и Џанг Цермин ја потпишаа декларацијата со која заврши долгогодишниот пограничен спор меѓу двете држави. 2000.- СР Југославија стана полноправна членка на ОБСЕ. 2003.- Умре зимбабвскиот државник Кенан Банана, прв претседател на независна Зимбабве. Беше претседател од 1980 до 1987 година, кога функцијата му ја препушти на премиерот Роберт Мугабе кој и дотогаш раководеше со земјата. 2005.- Со самоубиствен напад во еден ресторан во центарот на Багдат беа убиени најмалку 34 луѓе, а ранети најмалку 25 лица. Одговорноста ја презедоа Ал Каида во Ирак. 2007.- Умре Норман Мајлер, американски книжевник. Автор е на бестселерот „Голи и мртви“, роман со кој ја стекна меѓународната слава. Двапати e добитник на Пулицеровата награда. |
|
![]() |
Внеси реплика ![]() |
страница <1 910111213 36> |
Tweet
|
Скок до | Овластувања ![]() Вие не може да внесувате нови теми на форумот Вие не може да одговарате на теми на форумот Вие не може да ги бришете вашите пораки од форумот Вие не може да ги менувате вашите пораки од форумот Вие не може да креирате анкета на форумот Вие не може да гласате на форумот |